ТОП

raskovski-99

Фирма блиска до Рашковски земала тендери од 850 илјади евра од Дрисла, обвинува СДСМ

СДСМ молчат за скандалот со фирмата блиска до Рашковски која што земала тендери од 850 илјади евра од Дрисла. Фирмата Алпима Градба од Струмица во 2019-та и 2020-та изнајмувала машини во Дрисла во износ од скоро еден милион евра. Оваа фирма е во сопственост на Пипервалиев, човек близок до Драги Рашковски, омилениот лик и десна рака на Зоран Заев, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Овој договор е склучен во четири очи веднаш штом Дрисла стана јавно претпријатие, без јасни критериуми. Како да нема друга компанија во Скопје и во Македонија која има механизација која може да биде ангажирана на Дрисла, па морала да биде ангажирана компанија од Струмица, во сопственост на човек близок до Рашковски.Ете како власт на заевизмот во екот на здравствената криза делела матни тендери во износи од речиси милион евра на фирмa блискa до функционери на власта. Ова е уште еден показател дека Зоран Заев го преслика на централно ниво системот на испумпување на народни пари кој што го применуваше во Струмица. Тандемот Заев и Рашковски одлично функционирал, штом фирми блиски до нив добивале тендери од софтвер, па се до депонии. За ваквите зделки мора да има одговорност од сите чинители, затоа што недомаќински се трошеле парите на народот“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 4 години

ucenici

Почнува второто полугодие

Со двенеделно одложување поради епидемиолошката состојба во Македонија, денеска стартува второто полугодие за учениците во основните и средните училишта, а како што одлучија здравствените власти, наставата продолжува со физичко присуство.И покрај пролонгираниот почеток, учебната 2021/2022 ќе заврши во редовниот термин – 10 јуни 2022 и за таа цел Владата на седница веќе го утврди бројот на наставни денови во вонредни околности. Во сите училишта (основни и средни) се утврдени 172 наставни денови, освен за средношколците во завршна година за кои се утврдени 158 поради нивните обврски за државната матура и полагањето на двата екстерни испита закажани за 4 и 13 јуни.Првата детска амбасада „Меѓаши“, Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и опозициската ВМРО-ДПМНЕ деновиве бараа Владата да ја преиспита одлуката и наставата да продолжи онлајн затоа што се високи бројките на новозаразени со КОВИД-19, чести се и реинфекциите што се должи на брзото ширење на сојот омикрон.Според министерот за здравство Беким Сали, одлуката е донесена откако е проценето дека епидемиолошката состојба дозволува настава со физичко присуство.

Македонија | пред 4 години

Zemjotres34

Земјотреси во охридско

Два послаби земјотреси вечерва се регистрирани на 11 километри североисточно од Охрид. Земјотресите беа почувствувани од населението во Охрид, Струга, Ресен и околината.Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва регистрираше земјотреси кои потекнуваат од епицентрално подрачје Пештани-Охрид-Струга.Првиот земјотрес е почувствуван во 21.07 часот со локална Рихтерова магнитуда ML2.5 и со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала и вториот во 21.26 часот со локална Рихтерова магнитуда ML2.6. и со интензитет од III-IV степени според истата скала.

Македонија | пред 4 години

doktor-niko

Беќаровски со предлог секој понеделник да има тестирање на сите наставници и ученици со симптоми

Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за Токсикологија на Фејсбук сподели неколку предлози околу тоа како од утре треба да се одвива второто полугодие од учебната година.„Овие денови најактуелна тема е почетокот на второто полугодие во училиштата.Ставовите варираат од комплетна либерализација со не носење на маска, до комплетна on line настава до создавање на поволни услови.Аргументите на сите инволвирани и спротиставени страни звучат разумно и издржано.Каде е тогаш излезот ???Дали е можен разумен компромис и како би изгледал ???Еве еден мој скромен обид за решение со кое делумно ќе бидат сите задоволени.Утре сите ученици кои сакаат да посетуваат настава во живо да се вратат во училишните клупи, а останатите (позитивните и тие кои се плашат од зараза) истата да ја следат on line, а да присуствуваат физички при тестирање и оценување.За сите наставници и ученици со симптоми да биде обезбедено тестирање секој понеделник, а сите позитивни наставници кои ќе бидат со општа добра здравствена состојба, да им се дозволи држење на наставата од домовите, без да им се одзема процентот за боледување, кој и не е така мал.Училниците да се проветруваат 5 минути по секој завршен час, а никако во текот на самиот час.Пред почеток на наставата, за време на големиот одмор и по часовите задолжителна дезинфекција на сите простории.Одлуката за носење маски на секое дете до 5 одделение да ја донесат неговите родители, со писмена изјава“, вели тој.

Коментари | пред 4 години

image-939

Не е точно дека ќе се узурпира и урбанизира шумското подрачје околу езерото Младост, тврди градоначалникот Колев

Изминатиот период во јавноста се пласираа бројни неточни информации од страна на советниците од Левица, поддржани од СДСМ, во врска со програмата за располагање на градежното земјиште на Езеро Младост. Имено, оваа точка беше првично поставена на дневен ред за седница на Совет, но по реакцијата на советниците истата ја повлеков со цел детална проверка на информациите, за што по консултација со службите денес беше повторно ставена на гласање, вели градоначалникот на Велес, Марко Колев.„Транспарентноста и отчетноста кон граѓаните ќе бидат она по кое што ќе биде препознатлива мојата работа, па оттука чувствувам одговорност да се произнесам јавно за сите невистинити обвинувања. Имено, парцелите се предвидени за продажба согласно УП одобрен со одлука на Совет уште во 2007 година, врз основа на добиена согласност од Министерството за транспорт и врски, и се последните две парцели за хотели, една за мотел и три за камп, од вкупно 17 градежни парцели кои се објавуваат секоја година неуспешно.Оваа програма за располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Велес која сега советниците од СДСМ ја спорат, е истата програма која и самите ја гласале во периодот од 2018 до 2021 година, а за што сведочи и Службениот Гласник, достапен на јавноста на веб страната на Општината (линкови во продолжение на објавата). Евидентна е намерата на советниците од СДСМ за дефокус на јавноста со цел прибирање на политички поени и избегнување на сопствената одговорност за неуспешното водење на градот во изминатите години.Во врска со реакциите на советниците од Левица за узурпација на зелениот појас околу Езерото Младост, неопходно е да се потенцира дека едната од парцелите се наоѓа на карпест предел, а другите две во делови каде што веќе има изградени или објекти во изградба, што може да се види и на скиците за ова градежно земјиште. Оттука, целосно е неточно тврдењето на советниците од Левица дека ќе се узурпира и урбанизира шумското подрачје околу езерото, напротив, зелениот појас останува целосно заштитен а купувачите на парцелите ќе имаат законска обврска за озеленување на минимум 20% од површината на истите.Како градоначалник од исклучителна важност ми е соработка со сите засегнати страни поради што на оваа тема одржав средба со советниците од Левица, на која иако дојдовме до заеднички заклучок за обврската на Општината за поставување на оваа точка на дневен ред, продолжуваат да се служат со политичка манипулација. Напоменувам дека гласањето на оваа точка се однесува само на гласање на Програма за располагање со градежно земјиште.Градот Велес и јас како Градоначалник се грижиме за целокупната добросостојба на граѓаните, економскиот развој на градот, вклучително и за зачувување и одржување на животната средина“, додава тој.

Македонија | пред 4 години

unnamed

Стојкоски: Сметките од 800 илјади денари, зголемени на 4.8 милиони денари

Ѓорче Петров добива се поголеми сметки за струја, посочи градоначалникот Александар Стојкоски во емисијата „Топ тема“. Тој објасни дека е побарано од Владата спроведување на мерки со кои би можело да се помогне на сите општини, но досега, нема одговор. Високите сметки за електрична енергија ќе преставуваат проблем, бидејќи ќе треба да се плаќаат од средства наменети за спроведување на проекти.„Плаќаме струја по енормно високи цени, договорот со фирмата добавувач е завршен на 31.08 минатата година. Од тогаш навака, имало една јавна набавка која што била неуспешна. Во новиот буџетот предвидовме 37 милиони денари за набавка на електрична енергија. Во постапка сме за распишување на тендер за набавка на добавувач, иако на последниот тендер, се јавиле се многу повисоки цени и се откажале. Во делот со кризата, најпластично, ситуацијата е следна: Ако сме плаќале 800 илјади денари до октомври, сега, последната сметка беше околу 4.8 милиони денари. Не знам каква ќе биде сметката за јануари, ги немаме пресметките. Но верувам дека ќе оди во нагорна линија. Со оглед на приливите кои имаме како Ѓорче Петров, претставувам огромен издаток, кој ќе се одрази во спроведувањето на проектите“, рече Стојкоски.Тој додаде дека преку ЗЕЛС е побарано помош од Владата за надминување на енергетската криза, но, нема предлог решенија ниту насоки како да се постапи во постоечката енергетска криза.„Сега за сега немаме поддршка од централната власт и сакам тоа да се промени, бидејќи е во интерес на сите, иако сме ние од различни политички страни како локална власт и централна“, додаде Стојкоски.Тој наброја дел од мерките, како што се да се субвенционира разликата помеѓу тоа што се плаќало претходно споредено со сметките кои стигнуваат сега, тоа што се собира како такса за јавно осветлување по таа цена и да се наплаќа уличното осветлување, училиштата како и градинките да бидат на регулиран пазар бидејќи се непрофитабилни организации кои работат со деца, но и општините да се вратат на регулираниот пазар што би било од најголема помош.„Како општини ние од наша страна, единствено можеме да спроведеме е максимално да бидеме штедливи и да приминеме кон рестрикции на јавното осветлување. Не сакаме да се доведеме до таа ситуација, бидејќи би ја загрозиле безбедноста на жителите. Таа работа би повлекла многу други елементи. Ние бидејќи имаме смарт систем за јавно осветлување, имаме и план за рестрикции. Сега за сега нема да настапи. Ако бидеме приморани, тоа е последно што сакаме да го направиме“, додаде Стојкоски.

Скопје | пред 4 години

mickoski-123r75

Доктори, економисти, експерти дел од новиот ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Живееме во време кога Македонија ја има се помалку, а сиромаштијата се повеќе. Живееме во време кога за само дваесетина дена секое македонското семејство се задолжува за нови 200 евра од оваа иста влада која ги покачува цените на струјата и парното кое го има се помалку. Живееме во време кога корупцијата е широко распространета, кога криминалот се простува, кога судот и обвинителството испорачуваат хајки, а криминалците и се смеат на правдата во лице, вели Христијан Мицкоски.„Пазарџискиот менталитет е сеприсутен. Во односите со Бугарија, во проблемот со застојот на евро интеграциите. На домашната политичка сцена го гледаме овој пазарџиски менталитет.На реалниот човек сето ова му предизвикува чувство на гадење, а илјадници семејства се будат и легнуваат со чувството на несигурност за својата иднина. Цените по маркетите вртоглаво растат, но не и платите. Владата не само што нема план, туку само купува време со истите смешни флоскули. И сето ова преставува навреда на колективната интелигенција на народот. И секогаш, како по учебник кога државата ја туркаат пред нов пораз, прстот го вперуваат кон сите други, освен кон самите себе. И не е прашање дали, туку колку Македонија ќе губи.Нивната политика не е само деструктивна во поглед на уништување на се до сега што е сработено од сите минати влади, туку тие го уништуваат и духот на народот, неговата самодоверба и уривање на вредностите во кои нашата нација непоколебливо верува.И нема поголема обврска во мојот живот од таа да се спротивставувам на она што се нарекува разградување на нашата колективна свест, уништување на иднината на цели генерации македонски граѓани и систематското обезличување на нашата Македонија.И во име на тој долг кон сите мои сонародници, пријатели и граѓани, и во име сериозноста на времињата во кои живееме и на иднината која мора да ја обезбедиме денес заседаваше Централниот Комитет на најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ која го избра новиот победнички Извршниот комитет на партијата со кои очекуваме да издвојуваме убедлива победа на следните предвремени парламентарни избори кои што мора да се случат.Ова е Извршен комитет кој е засилен и проширен со луѓе со интегритет и докажани професионалци во својата област, како и нови луѓе на кои им се дава шанса, продолжувајќи го трендот на давање шанса на нови генерации во политиката кои ќе имаат за задача да се борат за принципите на ВМРО, и да ја оправдаат довербата од народот која е наша најголема обврска.Во составот на Извршниот комитет се дава шанса и се мобилизира интелектуалната сила во општеството која има за задача да ја прошири нашата заложба за промени, кои се чувствуваат и кои започнаа по локалните избори и мора да бидат комплетни по промена на централната власт, избори и нова влада за нова иднина за Македонија.Ова е и Извршен Комитет кој мора да ја преземе улогата на оформување на сериозен и широк народен отпор против власта која ја уназадува земјава и шансите за напредок на секој поединец,При предлагањето на овој состав на Извршниот комитет се водев според потребите на државата, отпорот кој мора да се организира, и промените кои мора да се случат за да државата излезе на прав пат и со иднина каква заслужува.ВМРО-ДПМНЕ добива двајца нови потпретседатели. Тоа е Тимчо Муцунски, кој е универзитетски професор на Правниот факултет Јустинијан Први, и градоначалник на Општина Аеродром кој издвојуваше убедлива победа уште во првиот круг. Муцунски дел од своето образование го има стекнато во САД и Канада, и беше Заменик министер за информатичко општество и администрација. Муцунски беше и пратеник во Собранието на Македонија, како и секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ.Нов потпретседател е и Гордана Димитриевска Кочовска која е магистер по економски науки на УКИМ. Претходно работела во Стопанска Банка, во Македонски Телеком во секторот на даноци, во Министерство за финансии во Секторот за јавен долг, а воедно во одреден период беше член на Управниот одбори и директор за финансии во АД Електрани на Македонија.Потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да бидат досегашните Владо Мисајловски и Александар Николоски. Борци против оваа неправедна власт и сметам дека ова е добар тим кој опфаќа повеќе области, релативно млади луѓе со богато искуство зад себе.Генерален секретар продолжува да биде Ѓорѓија Сајкоски, доктор на историски науки. Сајкоски е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, пратеник во сегашниот состав на Собранието. Неговата задача е организација на партијата и подготовка за предвремените парламентарни избори.Нов член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е аналитичарот и долгогодишен граѓански активист Сашо Клековски. Неговото искуство е дваесетгодишна работа на раководни позиции во граѓанскиот сектор. Тој е прв извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка. Од 1998 до 2008 година е застапник на Македонската развојна фондација за претпријатија. Тој е прв ко-претседател на Заедничкиот консултативен комитет на граѓанското општество меѓу Европската Унија и Република Македонија за периодот 2009-2010 година.Нова членка на Извршниот комитет е и Маја Кадиевска-Војновиќ поранешна вице гувернерка на Народна Банка на Македонија, таа е магистер по економски науки и предавач на Американ Колеџ. Била дел и од Дирекцијата за монетарна политика и истражувања. Беше претседател на Комисијата за решавање по жалби од областа на пазарот на хартии од вредност како и експерт за анализи за макроекономските текови на државата.Во овој состав на Извршниот комитет влегува и угледниот доцент доктор Ристо Симеонов. Специјалист по детска хирургија, доктор кој ја изврши првата трансплантација на бубрег кај дете во Македонија. Тој е и Претседател на Здружение на детски хирурзи на Македонија и член на европско и светско Здружение на детски хирурзи.Нов член на Извршниот комитет е и доктор Мевмет Џафери од Маврово Ростуше. Инаку наш кандидат и победник на претходните локални избори, но поради условот за цензус се уште не е градоначалник на Маврово Ростуше. Тој е угледен доктор од оваа општина и активист на ВМРО-ДПМНЕ. Хуманист и професионалец во својата област.Воедно во проширувањето на Извршниот комитет се водеше сметка да се даде шанса и на кадри од партијата кои ќе бидат новата сила која донесе свежина и надоградба на нашата битка за промени.Нови членови на Извршниот комитет се и пратениците Ели Панова која доаѓа од Струмица и Миле Лефков од Кочани. Двајцата се со завршен правен факултет, доста активни пратеници во овој парламентарен состав и со долгогодишен минат труд во ВМРО-ДПМНЕ.Нов член на Извршниот комитет е и Луке Галески, актуелен директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ од септември минатата година. Тој има завршено Правен факултет „Јустинијан Први“, спцецијализирал и е со повеќе годишно искуство од мас медиуми и корпоративни комуникации, а претходно работел и како советник во владата и беше дел од мојот кабинет како претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е актуелен советник на ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје.Од вечерва нов член на извршниот комитет е и актерот Зоран Љутков, кој е од Велес каде е и претседател на советот на општината. Работи како актер во Драмскиот театар и има зад себе повеќе препознатливи и успешни телевизиски и театарски улоги и признанија.Нов член на Извршниот комитет е и Марија Митева, актуелна портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ. Таа е и секретар за меѓународна соработка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, инаку магистер по деловно право.Воедно членови на Извршниот комитет остануваат да бидат и досегашните, пратениците со сериозно политичко искуство Антонио Милошоски, Дафина Стојановска, како и пратеникот Драган Ковачки кој е и полковник во Армијата на Македонија. Членка на Извршниот комитет продолжува да биде пратеничката Рашела Мизрахи, докторката и пратеник Олга Лозановска од Битола.Во Извршниот комитет останува и професор Трајко Славески кој е и претседател на советот на град Скопје, како и човекот со богато искуство зад себе Влатко Ѓорчев, градоначалникот на Охрид доктор Кирил Пецаков како и докторот Марија Андоновска, која е и координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје.По функција членови на највисокото извршно тело се и претседателот на УМС Сергеј Попов, претседателката на Унија на жени, Жаклина Пешевска, и првиот човек на Унијата на ветерани Мане Јаковлевски како и координаторот на пратеничката група Никола Мицески.Нов секретар за меѓнародна соработка е Стефан Андоновски, кој е и актуелен советник во градот Скопје, а нов шеф на мојот кабинет ќе биде Владимир Нелоски.Почитувани,Сакам да се заблагодарам на членовите на минатиот состав на Извршниот комитет, а на чиј труд и ангажман се надевам на други важни позиции на партијата.Воедно во периодот што следи ќе посветам внимание и на зајакнување и проширување на тимот на моите лични стратешки соработници.Поминавме многу заедно, а не чекаат и многу значајни битки за промени и во времето кое претстои.Овој состав на Извршниот комитет е сериозна додадена вредност на нашата задача да ја промениме реалноста за која говорев во првиот дел од говорот. И неспоредливо покомпетитивен од нај компомитиран и истрошен состав на актуелната влада. Заедно со новите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ покажавме дека можеме да се менуваме, имаме сила да ги движиме работите и дека заедно ќе победуваме со сериозен потенцијал кој го имаме и кој допрва ќе го мобилизираме.Но, и покрај таквите првенствени задачи имаме и други актуелни предизвици и теми за кои како општество мораме да зборуваме, потребата од намалување на бројот на пратеници од 120 на 90, заштедување на парите на граѓаните, пофункционален парламент и функционална демократија за една изборна единица, со праг кој заеднички ќе го договориме.Содржината на разговорите за спорот со Бугарија, заштита на државните интереси, како и пред се да му помогнеме на народот кој тоне во сиромаштија.Повеќе од кога било порано верувам дека ќе успееме да се избориме за промени кои за сите нас ќе обезбедат иднина каква нашиот народ и нашата татковина заслужуваат“; додава тој.

Македонија | пред 4 години

Saso-Klekovski-696x583-1

Клековски ќе влезе во ИК на ВМРО

Политичкиот аналитичар Сашо Клековски, ќе влезе во новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.Тој за Фокус потврди дека ќе стане дел од раководството на опозициската партија и најави дека изјава ќе даде по завршувањето на седницата на Централниот комитет, пред кој партискиот лидер ќе предложи нови членови на ИК, како и потпретседатели.

Македонија | пред 4 години

mickoski-956

Познати имињата на новите двајца заменици на Мицкоски

Тимчо Муцунски, градоначалник на Аеродром со сигурност ќе биде новиот потпреседател на ВМРО-ДПМНЕ. Иако информацијата е непотврдена, членови на највисоките тела за „Скопје1“. И тој не е изненадување што влегува во највисокиот ешалон со оглед на неговото искуство во политиката, тоа што е честа придружба на претседателот Христијан Мицкоски во странство, а има и политички багаж.Се шпекулира, но не се знае, дека поранешната дополнителна заменик-министерка за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска ќе биде вториот човек кој сега ќе биде челник во ВМРО-ДПМНЕ. Со ова, таа ќе биде единствената жена потпретседал во овој состав. И таа беше доста присутна во медиумите во време на техничката Влада и бурно реагираше кога во прашање беа финансиите на државата.Муцунски и Димитриеска-Кочоска ќе го зголемат бројот на потпретсеадтели на партијата од двајца на четворица. Александар Николоски и Владо Мисајловски ќе ги задржат позициите кои ги имаат.Седницата на партиските органи е закажана за од 19 часот.

Македонија | пред 4 години

Otcet-82-dena

Арсовска: Напаѓаат луѓето кои за 4 години не реализираа ни 5% од тоа што ветија

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсoвска, на денешната прес-конференција посочи дека изминатите 82 дена беа доволен период да се покаже и докаже дека со искрен пристап и напорна работа, администрацијата во служба на граѓаните ќе овозможи враќање на довербата, со спроведување проекти за поубав град, град во кој видливи ќе бидат позитивните промени за добро на сите граѓани.„Покрај нападите кон мене во изминатиов период од луѓето кои потрошија милиони од средствата на скопјани, за свои лични хирови за прослави по кафеани, а при тоа не исполнија ни 5% од она кое го ветуваа 4 години, јас можам пред скопјани да потврдам дека таквите денови се веќе минато. Повеќе нема трошење пари на граѓаните за лични цели, градот се води домаќински, а проектите кои ги реализиравме и ќе ги реализираме во периодот кој следува ќе бидат доказ за тоа”, истакна градоначалничката Арсовска.Арсовска додаде дека сево ова е доказ дека сепак може да се работи и да се реализираат ветувањата, наспроти претходното градско раководство кое за 4 години реализираше само 5% од својата програма. Таа додаде дека заедно и со поддршка на граѓаните, Скопје ќе се раководи одговорно, транспарентно, во служба на сите граѓани.„Парите на граѓаните нема да се трошат на прослави и кафеани, и луксузирање од поединци, нема да се злоупотребуваат привилегиите, поради кое однесување Градот е оставен со милионски долгови”, потенцираше Арсовска.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2022-01-31-at-16.51.26

Беким Сали нема да ги моли Пановски, Даниловски и Марковски - нови мерки нема да има

Беким Сали, новиот министер за здравство, посочи дека нема да ги моли докторите да бидат дел од Комисијата за заразни болести.„Не е период за дискусии и молење, други начини на покани. Сега е време за засукување на ракави. Имаме благо покачување на хоспитализација. Ја контролираме ситуацијата. Од аспект на кадар сосема добро сме организирани. Ни останува да почекаме да се намалува бројот“, посочи министерот.Во однос на мерките, тој кажа: „Нема нови мерки, нема ниту потреба. Вака како што сме, продолжуваме“.Вчера попладне новиот министер за здравство Беким Сали преку Фејсбук ги повика универзитетските професори Пановски, Даниловски и Марковски да бидат дел од Комисијата за заразни болести, кој тој како нов министер има право да го формира новиот состав.Сепак, тројцата му порачаа на министерот дека не прифаќаат покани преку Фејсбук.

пред 4 години

Screenshot-2022-01-31-at-16.19.41

Не работи светлото на семафорот за пешаци, на раскрсницата каде загина младата Викторија

Подолго време не работи црвеното светло на семафорот за пешаци на раскрсницата кај „Сити мол“, на пешачкиот премин каде загина младата Викторија Николова од Радовиш. Жителите на Карпош го нотираат тоа и реагираат јавно преку социјалните мрежи. Ваквата нефункционалност на уредите за регулирање сообраќај, особено по страшната трагедија во која се изгуби човечки живот, за карпошани е покажување неодговорност кон пешаците.„Големо "браво" за одговорните/надлежните за одржување на светлосната сигнализација. За пофалба. Да не чекаат нова несреќа да се случи“, е еден од коментарите.Нотирањето на расипаното светло на семафорот тоаѓа еден ден откако на истото место се одржаа протести за поголема внимателност во сообраќајот, под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“.

Скопје | пред 4 години

panovski

Пановски: Не сум на толку ниско ниво да прифатам покана преку фејсбук

Новиот министер за здравство Беким Сали јавно преку социјалните мрежи ги покани докторите Никола Пановски, Драган Даниловски и Вело Марковски да бидат членови на Комисијата за заразни болести или пак советници во неговиот тим.Веднаш после поканата, „Фокус“ го контактираше микробиологот Пановски, кој истакна дека нема никаков проблем да го советува првиот човек во здравството, но сепак начинот на кој е поканет не заслужува да се коментира.„Не ме контактирале, а за поканава слушнав од ваши колеги!!! Совети давам секому, секако би го советувал и министерот, во комисија на овој начин секако не влегувам. Јавната покана за мене е беспредметна да се коментира. Тоа лидерите на СДСМ и ДПМНЕ може да се канат преку медиуми. Јас не сум на толку ниско ниво за да прифатам таков вид комуникација“, вели доктор Пановски за „Фокус“.

Македонија | пред 4 години

IMG_4387

„Книгите не лечат ковид“, се бара онлајн настава или пак ќе следува бојкот ако се отворат училиштата

Учениците за два дена треба да стартуваат на училиште, а се повеќе родители бараат да се одложи почетокот на полугодието или да се почне со онлајн настава. Најголем дел од нив сметаат дека короната може да направи хаос низ училниците, бидејќи омикрон сојот брзо се шири. Владата, до сега остана на истиот став, почеток од февруари со физичко присуство.„Децата за два дена стартуват на училиште,но бројките не се сјајни секој ден се над 1800 и над 20 починати има,мое мислење е да преземеме нешто да не седиме така само да се буниме во групава. Државата треба да го слушни гласот на народот мора да штрајкуваме/бојкотираме“, пишува родителка во групата „Поддршка за онлајн настава“.Коментари и барања има и од ученици, кои сметаат дека нема да бидат безбедни ако утре влезат во училишните простории.„Вака сеа јас сум 16 години а некој од мој клас се заразени, а ние дома ја прележавме корона и незнам зошто ќе одиме на училиште, за пак пак ли да се заболам од корона? Ама овој пат многу полошо ке завршам. Јас мислам најдобро е две недели да одиме онлајн, а ако продолжи да расте бројот на заразени деца (малолетници) да одиме и понатаму со онлајн настава. Стварно незнам што ке одлучи Владата ама ние како луѓе можеме да превземеме нешто“, пишува ученикот.Реакции има и од други членови.„Книгите не лечат ковид, министрите не одат по болници со децата, УНИЦЕФ не е доктор за да дели совети, а времето не ни се враќа! Е па кои се тие да кажуваат на ТВ што е најдобро и да гарантираат? Нема повратен мејл од Владата за барањето онлајн настава, што значи дека не го ни отвориле, а камо ли прочитале. Така ли се заштитуваат или почитуваат граѓаните?“, пишува во уште една реакција.Владата кажа училиштата да се отворат од утре. Оваа одлука е донесена врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ, а Владата повикува на доследно придржување и спроведувањето на протоколите за одржување настава со физичко присуство. Претходно министерот за образование и наука Јетон Шаќири изјави дека градинките се постојано отворени, функционираат и други сектори, а за него како министер најважно е што децата одвај чекаат да почне учебната година.

Коментари | пред 4 години

bekim-sali-5-e1633429806452-1200x630-1

Даниловски, Пановски и Марковски добија покана да бидат членови на Комисија за заразни болести

Министерот за здравство Беким Сали преку објава на Фејсбук најави дека наскоро ќе формира нова Комисија за заразни болести и ги повика универзитетските професори Драган Даниловски, Никола Пановски и Вело Марковски да се приклучат како нејзини членови.„Според најавите, а во согласност со законските надлежности, како министер за здравство на Република Северна Македонија наскоро ќе ја формирам Комисијата за заразни болести. Таа е советодавен орган во чиј состав се истакнати експерти кои преку научни толкувања ќе ни овозможат ефикасно, навремено и ажурно да предлагаме мерки во согласност со епидемиолошката состојба. Непобитен факт е дека сегашните околности бараат засилено и координирано дејствување, врз основа на стручни и реалистични проценки.Оттука, како министер најавував дека промените во ова тело ќе бидат во насока на проширување и дополнување на неговиот состав, со нови, професионални, кадри од повеќе области. Заради ефективност и успешност на овој процес, би сакал јавно да ги поканам и угледните професори д-р Драган Даниловски, д-р. Никола Пановски и д-р Вело Марковски да се приклучат како членови на Комисија за заразни болести и со тоа да придонесат во нејзината работа.Чест и задоволство ми е јавно да го упатам повикот до овие експерти врз основа на внимателното следење на јавната дебата околу нивното можно вклучување во Комисијата за заразни болести. Гласот на науката е клучен во борбата против Ковид-19. Да го искористиме на најдобриот начин!Доколку од какви било причини не се во можност да бидат дел од Комисијата за заразни болести, им упатувам отворена покана да бидат дел од мојот тим на советници“, вели министерот.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања