ТОП

IMG_0076

Поразителни статистики: Починаа 21 од коронавирус, а 1.254 се заразија

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 5.082 тестови, а регистрирани се 1.254 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 655, Битола – 87, Куманово – 55, Тетово и Кавадарци – по 46, Прилеп – 40, Велес – 33, Штип – 31, Струмица – 30, Гевгелија – 29, Гостивар – 25, Неготино – 23, Кичево и Свети Николе – по 19, Охрид и Кочани – по 17, Ресен и Крива Паланка – по 12, Богданци – 9, Виница – 8, Струга – 6, Радовиш и Дебар – по 5, Делчево – 4, Крушево, Македонски Брод и Пехчево – по 3, Берово, Валандово, Кратово и Демир Хисар – по 2, Пробиштип, Македонска Каменица, Демир Капија и Дојран – по 1.Од вкупниот број на позитивни (1.254), регистрирани се 169 реинфекции.Регистрирани сe 28 оздравени пациенти од: Скопје – 14, Кочани – 5, Богданци – 3, Кичево, Гевгелија, Радовиш, Пробиштип, Кратово и Крушево – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 21 починато лице: 7 починати лица од Скопје (65г, 79г, 82г, 83г, 84г, 85г и 90г), по 3 починати лица од Кавадарци (64г, 72г и 87г), и Струмица (54г, 62г и 75г), 2 починати лица од Прилеп (72г и 82г) и по едно починато лице од Куманово (87г), Битола (78г), Тетово (73г), Кичево (80г), Струга (66г) и Неготино (63г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Од вкупниот број на починати лица (n=21), девет лица се целосно вакцинирани, а кај 20 се регистрирани коморбидитети.Направени се 5.082 тестови преку: ИЈЗ-308, ЦЈЗ Скопје-54, ЦЈЗ Битола-103, ЦЈЗ Прилеп-39, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-70, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–158, Жан Митрев (Филип Втори)-114, Авицена-161, Биотек-201, Систина-70, лабораторија Лаор-183, Синлаб-27, Ремедика-5, Плодност-65, Генеа-7, Никоб Лаб-488, ВФВ Медикал-82, Ели Медика-20, Ројал Медика–27, Спектра-ММ-30, Рапид Лаб–55, Жан Митрев Струмица–18, Нова Лаб Дијагностика–9, Рамус-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.776.Досега во земјата се направени вкупно 1.785.054 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 268.191, бројот на оздравени пациенти е 239.694, на починати е 8.383, а бројот на активни случаи изнесува 20.114.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 121976, Активни 10248Куманово 14825, Активни 890Прилеп 12740, Активни 636Битола 12786, Активни 1454Тетово 12403, Активни 622Кавадарци 8964, Активни 906Гостивар 8781, Активни 401Велес 8464, Активни 544Охрид 7922, Активни 430Штип 7527, Активни 378Струмица 7213, Активни 467Кичево 4942, Активни 316Кочани 4630, Активни 244Струга 4366, Активни 207Гевгелија 3759, Активни 443Неготино 3188, Активни 323Свети Николе 2442, Активни 167Ресен 2367, Активни 250Радовиш 2253, Активни 214Крива Паланка 2213, Активни 117Делчево 1767, Активни 151Берово 1646, Активни 59Дебар 1504, Активни 25Валандово 1361, Активни 149Виница 1292, Активни 57Пробиштип 1253, Активни 37Кратово 880, Активни 30Богданци 877, Активни 107Крушево 822, Активни 46Демир Хисар 764, Активни 54Македонски Брод 638, Активни 38Македонска Каменица 498, Активни 35Демир Капија 490, Активни 31Пехчево 427, Активни 25Дојран 211, Активни 13

Македонија | пред 4 години

twitter_FKWUj61XwAMRo37

(ФОТО) „Мајка лелека за чедо падната на колена, срце ми се кине“, сведоштво од собирот за загинатата Викторија

Со транспаренти „Сакаме слободно движење“, а откако равишанката Викторија загина преминувајќи на пешачки премин, на раскрсницата кај „Сити мол“ беше побарано да се стопира сообраќајното насилство. „Викторија можам да бидам јас, ти или твојата ќерка“ беше уште еден од транспарентите преку кои се побара внимателност во сообраќајот. Собирот го организираше повредениот Леонид Даов, кој беше момче на Викторија, со која настрадаа од младиот Јордан кој управуваше со возило „Цитроен“.„Дојдов на протестот за Стоп на сообраќајното насилство, по убиството на Викторија Николов на пешачки премин од возач кој возел со огромна брзина. Срце ми се кине. Мајка лелека за чедо падната на колена, фамилија и пријатели со конвој се дојдени“, пишува Дарко Арсовски, кој бил присутен на протестите и сподели фотографии.Присутните, носеа маици со натпис „Почивај во мир, ангелу наш“, во чест на Викторија. Ги имаше од сите возрасти, но и од повеќе градови.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2022-01-21-at-15.37.12

Кој ги исклучи семафорите кобната вечер кога загина Викторија кај „Сити мол“

Во вечерашната емисија КОД, една од темите е реконструкција на сообраќајнат несреќа во која загина Викторија Николова од Радовиш на пешачки премин на Партизанска кај Сити мол. Обвинителството веднаш објави дека семафорите биле исклучени и работеле само жолтите светла.До сега никој не соопшти кој и поради што ги исклучил семафорите. КОД испрати прашања и до МВР и до град Скопје, а упати и прашање до скопскиот обвинител Гаврил Бубевски во интервјуто кое ќе се емитува во КОД вечерва (недела 30.01.2022.) во 19:15. Никој од нив не одговори кој ги исклучил семафорите.Првични сознанија се дека немало ниту поминување на делегација или ВИП функционерски конвој, а немало ниту сообраќајни редици како причина за исклучување.На лице место, кога екипата на КОД отиде да провери, сандачето во кое се наоѓа прекинувачот за семафорите на оваа голема раскрсница, беше отворено. Секој минувач може да го исклучи.

Македонија | пред 4 години

debrecen-rendorok-ekszertolvajok_image_8122f79eeabc50d08308f6ed814c_16-9

(ВИДЕО) Филмска бркотница на Срби и полицајци, по хаосот кој го направиле

Филмска брканица на улиците во унгарскиот град Дебрецин. Полицијата бркаше автомобил во кој се наоѓаа двајца Срби, кои претходно се обиделе да ограбат златарница. Полицијата веднаш по пријава за напад и обид за грабеж тргна во потрага по сторителите, кои бегале со жолт автомобил. На социјалните мрежи се појави видео од брканицата.На видеото може да се види како полициските возила се обидуваат да го блокираат жолтиот автомобил од речиси сите страни. Возачот испаничи и набргу удри во паркирани возила, по што двајцата почнаа да бегаат, но беа фатени од полицијата.Како што соопшти полицијата двајца Срби влегле во златарницата и веднаш го нападнале продавачот, а еден од нив вперил и пиштол кон него. Потоа и двајцата почнале да го удираат и тепаат. Разбојниците потоа се обиделе да го спакуваат накитот во црна торба, но на крајот морале да побегнат, па го оставиле и пиштолот и чантата. 46-годишен Србин и неговиот 37-годишен брат, осомничени за вооружен грабеж, на рочиштето признале се. Браќата се приведени, а поднесен е и предлог за нивно апсење.

Магазин | пред 4 години

puter-1

Кај и да е ќе почнат да се правдаат дека бифтекот на путер е со оној со поминат рок на Љупче, вели Затарковски

Иљче Затарковски на социјалните мрежи ги искоментира најновите информации за гоштевањата на државна сметка.„Тие што врескаа на бифтеците и гоштевањата на Грујовци, сега откако излегоа нивните гоштевања, бараат да се слушнела и втората страна, па да се имало предвид колку луѓе биле на гозбите... Кај и да е ќе почнат да се правдаат дека бифтекот на путер е со оној со поминат рок, шо го фати Љупче.А бе колку сте исти, неизживеани и ситни души, ко близначиња. Само се надевам ќе ѝ текнит еден ден на оваа стокава шо ве гласат дека 30 години се плукате по медиуми со нарачани текстови, па ќе си се смените на фотељите и не преземате ништо за тие пред вас, дури и им ги штитите криминалите, пошо од истите шеми и вие ќе си лапате пари.Одвратни опортунисти“, стои во објавата.

Коментари | пред 4 години

bekim-hadziu-960x527-1

Јовески: Сопственикот на „Беса транс“ соработува со надлежните органи

Јавниот обвинител во интервју за Радио Слободна Европа објаснува дека семејствата на загинатите патници можат да поднесат жалба до бугарското обвинителство и да побараат да ги разгледаат списите во случајот „Беса транс“.„Обвинителството неколку пати истакнуваше дека паралелно со овој предмет во Република Бугарија, отвори паралелна постапка и тука во Република Македонија. Во оваа постапка издадени се повеќе наредби од страна на јавниот обвинител кој постапува по предметот и тоа до Министерството за внатрешни работи, до Царинската управа, потоа до Управата за јавни приходи, до Централниот регистер, Бирото за вработување, со намера целосно да го согледа работењето на фирмата којашто го организирала оваа патување и го вршела превозот, а особено во делот како автобусот ги поминувал границите на Република Македонија и границите на соседните земји во делот на техничката исправност на овој автобус и неговата регистрација и лиценци и други околности кои се од значење за донесување на јавно-обвинителска одлука.Од сознанијата што јас ги имам сопственикот на Беса транс, Беким Хаџиу е достапен на Обвинителството и од страна на неговиот адвокат и од страна на обвинетиот изјавена е согласност дека тој сака да соработува со надлежните органи во делот на утврдување на причините и околностите кои доведоа до оваа сообраќајна несреќа“, вели Јовески

Македонија | пред 4 години

2-2

Ќе успее ли нова жичара да ја спаси Попова Шапка

На jавна трибината, како што извести СДК, се расправа за иднината на Попова Шапка, во кој правец треба да се развива и што треба да биде приоритет. Јавната расправа била иницирана од градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами, кој вели дека иако мастерпланот за Попова Шапка е направен уште пред десетина години, сè уште не е донесен Детален урбанистички план (ДУП) за овој туристички центар, што е и една од главните причини за негова стагнација изминативе години.„Сметаме дека најпримарна точка е изградбата на жичарата Тетово-Попова Шапка. Ако успееме неа да ја изградиме, тогаш сите проблеми на Попова Шапка како домино ефект ќе се решат, еден по друг. Исто така, ние бараме Деталниот урбанистички план паралелно да се изработи и за викенд-населбата, делот на хотелите заедно со скијачките патеки. Не можеме да имаме скијачки патеки за 30.000 посетители, а да немаме доволно легла и паркинг-места. Ќе бараме во Деталниот урбанистички план да се предвиди добивање маркици за изградба на хотели, со цел да се зголеми сместувачкиот капацитет“, изјави Хамди Сулејмани од движењето „Да ја спасиме Попова Шапка“.

Македонија | пред 4 години

bolnica-bolnicki-krevet-doktor-620x350

Недостаток на доктори и сестри во Штип, не може да се отвори модуларната болница

15 доктори и сестри во Штип се позитивни на ковид-19, па поради тоа не може да се реактивира на модуларната болница, па Клиничката болница бара други алтернативи и поголемо активирање на болниците во регионот.„Поради немање доволен кадар кој исто така е заболен, во овој период не можеме да сметаме на модуларната болница. Затоа, бараме Кочанската болница со која добро соработуваме повторно да излезе во пресрет и да ги вклучи своите кадровски и просторни капацитети за прием на заболени од ковид-19. Ние пермаментно примаме пациенти од повеќе градови во Источна Македонија, најмногу од Кочани и Радовиш“, вели директорот на Клиничката болница во Штип, Ален Георгиев, во изјава за СДК.МКЦелиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 4 години

danela-arsovska-1170x897-1

Отчетот на Данела се состои од тоалет и една нивелација на шахта, вели СДСМ

Измина и 82-от ден од мандатот на најнеспособната градоначалничка на Скопје Данела Арсовска чиј отчет се состои од тоалет како нејзин проект и една нивелација на шахта, вели СДСМ„Едно нешто е јасно, Данела Арсовска е најнеуспешниот градоначалник којшто го имал Скопје.Арсовска нема реализирано ништо од дадените ветувања пред граѓаните.Бесплатен превоз нема, напротив, воведе билет од 120 денари, а потоа бараше финансиска помош од Владата за ЈСП.Нема ниту пет нови мега паркови, депониите си стојат, не се чисти, нема никаква помош за скопјани во услови на енергетска криза, нема сопствени проекти од нејзината програма.Градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ вети и професионализација на администрацијата, но спроведе груба партизација, полнење на установи и претпријатија со кадри на ВМРО-ДПМНЕ и ќе потроши 670.000 евра за вдомување на 109 партиски кадри во Град Скопје.Граѓаните сведочеа само прекинување на готови проекти како оној за Бас рапид транзит, поништување огласи за пожарникари.Арсовска работи исклучиво на штета на граѓаните и свесно го кочи напредокот на Град Скопје.Граѓаните и Скопје не заслужуваат ваков неспособен и неуспешен градоначалник“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 4 години

20220130080338

Повторно прегазен пешак во Скопје, автомобилот заврши во бандера

Синоќа околу 23 часот во близина на постојката пред општина Кисела Вода автомобил удри човек. Повредениот падна на асфалтот на Булеварот Борис Трајковски, на коловозната лента која води кон центарот на Скопје, објави телевизија Телма.Неколку минути по ударот, пристигна тим на Итната помош, а по првична укажаната медицинска грижа, повредениот е префрлен во една од скопските болници.Автомобилот кој го повреди по ударот заврши во бандера во близина на местото на сударот.

Скопје | пред 4 години

272867911_4731839720217136_1950106189539461073_n

Сведоштва за сообраќајката во која беше повредена велосипедистка

Граѓанската иницијатива „На точак“ објави детали за сообраќајката во петокот, кога автомобил удри во велосипедистка.„Ни пишаа приватна порака сведоци на сообраќајниот удар од петокот, на Илинденска, во кој автомобил удри велосипедистка.Според очевидци возачот со автомобилот излегувал од паркингот, возел во забранета насока на ул. Наум Наумовски Борче и кога сакал да се приклучи на Илинденска удрил во велосипедистката, која возела по велосипедско-пешачката патека на Илинденска.Од ударот велосипедистката паднала и се жалела на повреда на ногата, по што дошло амбулантно возило да ја провери нејзината здравствена состојба. Бидејќи немала посериозни повреди не била однесена со амбулантното возило до клиника. Полиција дошла за да направи записник и да земе изјави од очевидци. Се надеваме дека велосипедистката е добро и ги охрабруваме сите кои учествуваат во сообраќајни судири да пријавуваат во полиција.Само така ќе знаеме колку од нас сме жртви во сообраќајот и ќе може полицијата и општинските власти да ги подобруваат условите за нашето движење.Бараме Министерство за внатрешни работи да истражи повеќе за причините кои довеле до судирот, да води детална евиденција за настанот. Бараме Општина Центар да види како може да ги подобри условите за да не можат возачите на автомобили да се приклучат од паркингот на Илинденска, притоа возејќи во забранета насока. Бараме Град Скопје да види дали има можност да се зголеми видливоста на велосипедистите кои се движат по Илинденска, да ги тргне слободните зелени светла за вртење десно, да ги намали растојанијата потребни да се преминат пешачките премини, да го намали радиусот на вртење на колите и да го зголеми времетраењето на зеленото светло за пешаци.Пред се се надеваме дека сите овие институции ќе согледаат дека поради нивна неажурност луѓе ги губат животите или остануваат со трајни последици предизвикани од небезбедност во сообраќајот.А сите ве повикуваме на протест за да се крене вниманието за сите жртви во сообраќајот и да се стави крај на сообраќајното насилство“, велат од иницијативата „На точак“.

Скопје | пред 4 години

biftek-1-800x445.jpeg

Шилегов си имал и свое посебно мени, а главно јадење било бифтек на путер, вели ВМРО-ДПМНЕ

Забавите и гоштевањата на Шилегов и Јанчева граѓаните ги чинат над илјадници евра. Наместо пари за проекти за скопјани, Шилегов се расфрлал пари за гоштевање и скапи пијалоци, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Стари пијалоци, скапи вискија биле на менито на забавата на Шилегов и Јанчева. Целосна злоупотреба на парите на граѓаните, пари прибрани во градската каса од даноци.На оваа прослава, како и што „личи“ Шилегов си имал свое посебно мени, како главно јадење било бифтек на путер.Луксузирања и трошење на пари на граѓаните за гоштевање се заштитен знак за СДСМ и нивните функционери.Од документите јасно се гледа дека и покрај луксузирањето Шилегов и Јанчева не ги почитуваат и законите и владеењето на правото во државата.И покрај забелешките од секторот за финансии на Град Скопје до поранешниот градоначалник Шилегов и тогашниот секретар на Град Скопје Викторија Аврамовска Мандиќ дека фактурата за скапата прослава се однесувала за услуги за кои нема склучено договор во 2019 година, при што јасно се укажува дека сето тоа е спротивно на Законот за внатрешна финансиска контрола, да се доставува фактура со архивска дата од претходна година.И покрај забелешките, тогашната претседателка на Совет на Град Скопје ја потпишала фактурата од 91.560 денари.Ниедно бледо соопштение на СДСМ нема да ја сокрие вистината за тоа како се трошеле парите на скопјани. За секој потрошен денар на граѓаните на скапи пијалоци, гоштевања, забави и криминал ќе има одговорност“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 4 години

ssssss

Собир пред “Сити мол” организира повредениот дечко на Викторија која загина кај “Сити мол”

Денес во 12 часот ќе се одржи мирен јавен собир на раскрсницата на бул. Партизански Одреди, кај Сити мол, каде загина 24-годишната Викторија. Собирот го организира дечкото на Викторија кој беше лесно повреден во истата сообраќајна несреќа.„Ве повикуваме во недела, сите кои ја знаете или не ја знаете лично Викторија, кои имате близок настрадан во сообраќаен судир или удар, кои самите сте настрадале или кои сте свесни за нехуманоста на скопските улици, да се придружите на мирниот собир во чест на Викторија чиј живот беше одземен на градска улица, во населено место, и тоа на пешачки премин.Почит за блиските на Викторија кои самоиницијативно не само што оддаваат почит кон одземениот живот, туку и апелираат за спречување на сообраќајното насилство. Таа нека биде последниот одземен живот од сообраќајни насилници!Се придружуваме на нивниот апел „да се стави КРАЈ на бeзобзирното возење ни улиците во државата и да ја подигнеме свеста на учесниците во сообраќајот дека нашите деца, а и самите ние треба да се движиме слободно на пешачките зони и по тротоарите“....Да го препознаеме слонот во собата и да престанеме да релативизираме!Одговорноста кај луѓето со тело во облека и луѓето со тело во 2 тонски-метален оклоп кој развива големи брзини и има голема ударна енергија која убива, не е и не може да биде иста!Соодветното планирање на улиците и казните од полицијата мора да ги скротат неодговорните управувачи на моторно возило, оние кои насилно возат по улиците.Овие последни случаи на насилно одземени животи нека бидат аларм за локалните и централните власти!"Да разјасниме: ако сте во позиција да ги намалите брзините во градовите и не го направите тоа, и вие сте исто така одговорни за личните трагедии“Да ги направиме нашите улици место каде ќе се живее безбедно и пријатно, а не каде што ќе се убива“, стои во објавата на социјалните мрежи.

Скопје | пред 4 години

w_56097563

1837 новозаразени со ковид, починаа 24 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 6.647 тестови, а регистрирани се 1.837 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 890, Битола – 104, Кавадарци – 95, Куманово – 81, Тетово – 68, Прилеп и Струмица – по 60, Гостивар – 45, Неготино – 42, Велес – 40, Радовиш – 36, Штип и Гевгелија – по 32, Охрид – 31, Кичево и Кочани – по 29, Ресен – 22, Струга и Делчево – по 21, Крива Паланка – 17, Свети Николе – 16, Богданци – 15, Валандово – 13, Македоснки Брод – 7, Пробиштип и Кратово – по 6, Виница – 4, Берово, Крушево и Македонска Каменица  - по 3, Демир Капија и Пехчево – по 2, Демир Хисар и Дојран – по 1.Од вкупниот број на позитивни (1.837), регистрирани се 246 реинфекции.Регистрирани сe 85 оздравени пациенти од: Берово – 26, Скопје – 22, Кочани – 13, Пехчево – 12, Тетово – 6, Битола, Струмица, Кичево, Гевгелија, Кратово и Крушево – по1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 24 починати лица: 7 починати лица од Скопје (61г, 67г, 67г, 72г, 82г, 83г и 83г), 4 починати од Куманово (69г, 75г, 80г и 90г), 3 починати лица од Струмица (66г, 71г и 78г), по 2 починати лица од Охрид ( 48г и 69г ) и Кочани (78г и 82г) и по едно починато лице од  Прилеп (66г), Битола (81г), Велес (73г), Штип (69г), Свети Николе (72г) и Пробиштип (80г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема пријавени починати лица.Од вкупниот број на починати лица (n=24),  девет лица се целосно вакцинирани, а кај 23 се регистрирани коморбидитети.Направени се 6.647 тестови преку: ИЈЗ-454, ЦЈЗ Скопје-93, ЦЈЗ Битола-116, ЦЈЗ Прилеп-53, ЦЈЗ Тетово–12, ЦЈЗ Куманово-98, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–158, Жан Митрев (Филип Втори)-148, Авицена-280, Биотек-327, Систина-106, лабораторија Лаор-272, Синлаб-55, Ремедика-17, Плодност-77, Генеа-28, Никоб Лаб-723, ВФВ Медикал-158, Ели Медика-75, Ројал Медика–48, Спектра-ММ-27, Рапид Лаб–38, Жан Митрев Струмица–28, Нова Лаб Дијагностика–35, Рамус-41, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.180.Досега во земјата се направени вкупно 1.779.972 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 266.937, бројот на оздравени пациенти е 239.666, на починати е 8.362, а бројот на активни случаи изнесува 18.909.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 121321, Активни 9614Куманово 14770, Активни 836Прилеп 12700, Активни 598Битола 12699, Активни 1368Тетово 12357, Активни 577Кавадарци 8918, Активни 863Гостивар 8756, Активни 376Велес 8431, Активни 511Охрид 7905, Активни 413Штип 7496, Активни 347Струмица 7183, Активни 440Кичево 4923, Активни 299Кочани 4613, Активни 232Струга 4360, Активни 202Гевгелија 3730, Активни 415Неготино 3165, Активни 301Свети Николе 2423, Активни 148Ресен 2355, Активни 238Радовиш 2248, Активни 210Крива Паланка 2201, Активни 105Делчево 1763, Активни 147Берово 1644, Активни 57Дебар 1499, Активни 20Валандово 1359, Активни 147Виница 1284, Активни 49Пробиштип 1252, Активни 37Кратово 878, Активни 29Богданци 868, Активни 101Крушево 819, Активни 44Демир Хисар 762, Активни 52Македонски Брод 635, Активни 35Македонска Каменица 497, Активни 34Демир Капија 489, Активни 30Пехчево 424, Активни 22Дојран 210, Активни 12

пред 4 години

Screenshot-2022-01-29-174731

Ангелов доби поддршка од Мицкоски и Ковачевски за праведно обесштетување на четворицата бранители од 2001 година

Стојанче Ангелов заедно со воени инвалиди, бранители од 2001 година одржа прес конференција, на која изјави дека ја продолжува битката за иницијативата за праведно обесштетување на четворицата ранети бранители од 2001-та година.„Во текот на 2001 година одредени припадници на безбедносните сили беа ранети, а некои ги загубија животите. Ччленови на семејствата на загинатите бранители, но и воени инвалиди поднесоа тужби против МВР и министерството за одбрана. Првостепените судови без исклучок пресудуваа во корист на воените инвалиди и во корист на семејствата на загинатите, со што доделуваа одреден паричен надомест, како нематеријална штета за претрпена загуба на блиско лице или за намалена животна активност, претрпен страв.Апелационите судови ги потврдија сите пресуди, по што започна исплатата. За жал неколку години подоцна врховниот суд го поништи основот по кој што воените инвалиди и семејствата на загинатите беа обештетени, после што МВР и министерството за одбрана започнаа со контра тужби а во одредени случаеви и директно со контра извршување кон овие уѓе кои земале паричен надомест. Под силен пиритисок владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2009 година донесе одлука со која ги повлече тужбите, но за жал против четири припадници на безбедносните сили тужбите не беа повлечени“, вели АнгеловАнгелов доби поддршка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за нивната Иницијатива.„Во текот на оваа недела делегација на Достоинство оствари работна средба со Мицкоски кај кој наидовме на разбирање и недвосмислена директна поддршка за решавање на овој проблем. Свесни дека ова иницијатива повторно може да заглави во владините лавиринти и покрај неспорно позитивната волја на клучните фактори во Владата, ние најавивме и изработка на Предлог-закон за надминување на овој проблем. Законот е во завршна фаза. Од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски добивме уверување и гаранција дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка на овој закон“, рече АнгеловТој нагласи дека вчера имал и телефонски разговор со премиерот Димитар Ковачевски, кој, како што рече, исто така дал неспорна поддршка за оваа иницијатива, која треба да ги помине владините процедури.„Останува нашето барање за средба со премиерот Ковачевски во следниот период на која што ќе ја разгледаме оваа иницијатива и можност да помине во владина процедура. Но, доколку повторно не успееме да ја поминеме во владина процедура оваа иницијатива за четирите воени инвалиди коишто со законска камата ја враќаат назад на државата земената оштета, ќе ја предложиме во Собранието како Предлог-закон. Се поставува прашање дали да ја внесеме како граѓанска иницијатива со десет илјади потписи или со поддршка на одреден број пратеници“, посочи Ангелов.Тој додаде дека Достоинство изработи уште една иницијатива за праведно обесштетување на 17 семејства на загинати бранители и на 30 воени инвалиди, коишто за жал до ден денес се уште се необесштетени.Тој посочи дека со сума од 500 до 600 илјади евра државата, како што рече, конечно ќе може да ги затвори прашањата поврзани со воените инвалиди и семејствата на загинатите од 2001 година.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања