ТОП

zlate-mehmedovikj

Можно е да ги надминеме оние бројки од 2300 заразени, овој бран се уште не е завршен, вели Мехмедовиќ

Дали ќе имаме повисоки бројки зависи од обемот на тестирање кој што се прави на дневно ниво. Доколку тој не е доволен нема да имаме толку високи бројки“, вели д-р мехмедовиќ во изјава за Канал 5.„Периодот кој следи претпоставувам дека ќе имаме исто ваква тешка епидемоиолошка состојба, во која овие бројки на новозаразени ќе бидат високи. Можно е да ги надминеме оние бројки од 2300 заразени, мислам дека се уште овој бран не е завршен.Омикронот е сериозна варијанта и кога зборувавме на почетокот дека иако има генерално полесни симптоми тоа не значи дека ако е многу висока бројката на новозаразени, дека во апсолутна бројка оние кои што ќе завршат во болница нема да бидат во голем број. Оние кои ќе завршат во болница и не се толку лесни случаи“, вели Мехмедовиќ 

Македонија | пред 4 години

272338592_10218138427831935_7585575904206007741_n

По 13 години одблокирана сметката на Зрновци

Со отплатување на дел од заостанатите долгови и вонсудско спогодување за отпис на каматните обврски, по 13 години е одблокирана буџетската сметка на Општина Зрновци.„Донесовме мудри одлуки, превземавме храбри чекори, Општина Зрновци после 13 години е Општина со деблокирана сметка.Изминатиот период постигнавме вон судски договори со дел од доверителите, исплативме средства по основ на долгови, се обврзуваме на динамичен план за исплата на останати побарувања со цел да заштитиме значителни финансиски средства од Буџетот на Општина Зрновци по основ на камати.Благодарност и пофалба за професионалноста и посветеноста на вработената стручна служба во Локалната самоуправа на Општина Зрновци и конструктивноста и одлучноста на сите советници во Советот на Општина Зрновци!Продолжуваме посветено и одговорно за Економско јакнење на Општина Зрновци, за доброто на сите граѓани на Општина Зрновци“, вели градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.

Македонија | пред 4 години

Goran-Milevski-1

Предлогот на Мицковски „рационален парламент“, е копија на предлогот на ЛДП од пред 12 години, вели Милевски

ЛДП во 2010 ја промовира идејата за „рационален парламент“ со 90 пратеници, вели Горан Милевски.„Тоа е запишано и во програмата на ЛДП "Има Излез" - на страна 9.Предлогот на Мицковски даден при вчерашното негово гостување во емисијата 360 степени на Алсат, е копија на предлогот на ЛДП кој е даден уште пред 12 години.Ние знаеме дека идеите на ЛДП во моментот на предлагање се неразбирливи и неприфатливи, но добро е да се знае дека сме пред времето со нашите ставови.Се радуваме што и другите политички чинители конечно разбираат дека на македонската држава и требаат мали и ефикасни институции“, додава Милевски.

Коментари | пред 4 години

velosipdska-pateka-2

Дали Скопје е безбеден град за велосипедисти и пешаци

Дали Скопје е безбеден град за велосипедисти и пешаци? Прашање со едноставен одговор, НЕ Е“, велат од Велосипедски клуб Оксижен и Македонската aсоцијација на планинински велосипедизам МАМБА„Секојдневно сме сведоци на големиот број сообраќајни прекршоци и несреќи во кои многу често трагично завршуваат животите на велосипедистите и пешаците.Апелираме до државните органи, органите на општините, општина Центар и Градот Скопје како и до сите учесници во сообраќајот да го зголемат својот придонес во заштита на животот и здравјето на луѓето. Впрочем тоа е и една од нивните основни обврски како државни органи кој работат во интерес на народот.Министерството за Внатрешни работи континуирано се залага за проактивно спроведување на законските прописи но резултатите се ограничени и без некој видлив резултат напротив се повеќе сообраќајни незгоди и жртви има ширум Скопје и останатите градови во Македонија.Контролата и регулирањето на сообраќајот како огромно значење за безбедноста на сите учесници во сообраќајот потребно е да се доведат до максимум а со тоа и минимизирање на сообраќајните несреќо кој за жал стануваат дел од нашето секојдневние.Подолго време многу здруженија на граѓани апелираат за што поголеми заштити во сообраќајот и воведување на успорувачи на брзината на сите фрекфентни улици како и дополнително стеснување на лентите и поголем простор за велосипедистите и пешаците.Дополнително веќе подолго време Министерството за Внатрешни работи на Македонија најавува систем за автоматско следење на сообраќајот како и казнување на сите прекршители преку автоматизиран систем на камери со што ќе се олесни работата на полицијата но сеуште се е тоа само на ветувања без реализација.Постојат многу иницијативи за зголемување на сообраќајната култура и дисциплина и безбедноста на сите учесници во сообраќајот, дали било автоматски систем на камери за безбедност на сообраќајот или пак некоја друга иницијатива, сите тие досега останале на само ветувања од државните органи.Апелираме до сите државни органи да ги реализираат сите нивни ветувања и да допринесат кон безбедноста во сообраќајот на сите граѓани на Македонија.Секогаш следната жртва може да биде некој твој близок“, се вели во објавата.

Скопје | пред 4 години

final21323.00_00_28_23.Still003

(ВИДЕО) Контроли во угостителски објекти, затекнати 56 малолетници, лица без сертификати и дрога

Денеска (29.01.2022) во периодот од 00.00 до 04.00 часот полициски службеници од сите сектори за внатрешни работи во рамки на Бирото за јавна безбедност, во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на целата територија на државата, во која биле исконтролирани 347 угостителски објекти.При контролата во повеќе угостителски објекти после полноќ констатирано е присуство на 56 малолетници, спротивно на законот, а на подрачјето на СВР Велес утврдено е кривично дело „точење на алкохол на малолетно лице“, казниво по член 204 од Кривичниот законик и сите се соодветно санкционирани.На подрачјето на СВР Скопје откриени се кривични дела по член 215 од Кривичниот законик, кој се однесува на „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори“, при што лишени од слобода се 3 лица, две на подрачјето на Центар и едно на Карпош. При преглед кај нив се пронајдени и одземени ќеси со бела прашкаста материја, грутчеста материја и марихуана.Во угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје, затекнати биле лица без вакцинален сертификат, на кои ќе им бидат поднесени пријави согласно член 206 од Кривичниот законик, а од страна на ДПИ објектот е запечатен и ќе следи соодветна прекршочна санкција.При спроведената акциска контрола покрената е соодветна постапка против две лица кои се однесувале агресивно и спречувале полициски службеници во вршење на службени дејства. Откриени се 3 прекршоци од Законот за заштита од пушење, 3 по член 8 од Законот за прекршоците против за јавниот ред и мир и еден од Законот за странци.Против сите лица кои сториле прекршок или кривично дело ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 4 години

Miteva-29.01.2022

Митева објави документи за државните пари кои се трошеле

СДСМ нема граница во нивните лаги, а нема граница ни во злоупотребата на јавните функции. Денес уште еднаш ќе ја објавиме вистината која Шилегов и Јанчева се обидуваат да ја премолчат пред јавноста, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.„Во предновогодишна забава организирана од Јанчева и Шилегов се потрошиле 91.560 денари.Таа фактура е потпишана од Јанчева, а платена од Град Скопје, од парите на скопјани. И додека СДСМ се обидуваат да ја сокријат вистината преку несоодветни соопштенија, ова се документи, кои ја потврдуваат веродостојноста на тоа што го говорам.Прво, во овој документ, тоа е службена белешка испратена од секторот за финансии на Град Скопје на 03.02.2020 година до тогашниот градоначалник Шилегов и тогашниот секретар на градот,Викторија Аврамовска Мандиќ и јасно е наведено дека доставената фактура со број 76/19 се однесува за извршени услуги за кои нема склучен договор во 2019 година. Притоа, секторот на финансии укажува дека тоа е спротивно на Законот за внатрешна финансиска контрола, да се доставува фактура со архивска дата од претходна година.Ова е начинот на кои работеле СДСМ, без почитување на Законите кое претставува основа за непочитување на владеењето на правото.Второ, во овој документ, тоа е Образец за реализирани средства за репрезентација од 31.01.2020 година и јасно се гледа дека Љубица Јанчева,како претседател на Советот на Град Скопје искористила средства за репрезентација по повод предновогодишна забава во вкупен износ од 91.560 денари.И трето, почитувани граѓани, ова е фискалната сметка од каде се гледа со што се частело друштвото кое било присутно и за да биде уште посрамно, се гледа дека Шилегов тогаш имал посебна сметка на која пишува, цитирам – „специјална нарачка за градоначалник г-дин Шилегов”. Скапи јадења, бифтеци на путер и алкохолни пијалоци барикирани 12 години.Почитувани граѓани,Од ова јасно се гледа на што се трошеле градските пари.Залудно се труди СДСМ преку бледи соопштенија да ја сокрие вистината и да ја одбегне одговорноста.ВМРО-ДПМНЕ транспарентно ги објави документите кои се доказ за ова, па ги повикуваме СДСМ, Шилегов и Јанчева да ѝ објаснат на јавноста дали ова бил нивниот начин на работење, прослави и забави на сметка на скопјани“, додава таа.

Скопје | пред 4 години

mladost

Левица бара граѓаните на Велес преку референдум да се изјаснат за продажба на парцели на езерото Младост

На следната осма седница на советот на општина Велес која е закажана за 31.01.2022, понеделник, и ќе се одржи онлајн, една од точките на дневниот ред ќе биде програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Велес за 2022 година т.е продажба на градежно земјиште, велат од Левица.„Оваа иста точка требаше да биде дел и од претходната седма седница, но по наше барање за повлекување на точката и распишување на јавна анкета за да се испита мислењето на граѓаните на општина Велес, точката беше повлечена од страна на градоначалникот, за да истата точка повторно се најде на дневниот ред на наредната онлајн седница.Бидејќи јавна анкета до овој момент не е распишана, би сакале да ве известиме дека советниците на Левица во општина Велес поднесовме барање до претседателот на совет за итна точка на дневниот ред за следната осма седница во која бараме распишување на РЕФЕРЕНДУМ за граѓаните на општина Велес за располагање на градежните парцели покрај езеро Младост, катастарска општина Башино Село- Вон Град и Новачани, со референдумско прашање:„Дали сте согласни општина Велес по пат на јавно наддавање да ги оттуѓи државните градежни парцели покрај езеро Младост, катастарска општина Башино Село- вон град и Новачани и со нив да стопанисува приватен субјект?“Во предизборната кампања пред само 3 месеци сите политички партии кои учествувавме на локалните избори во своите програми имавме предвидено и ветувавме пошумување на крајбрежјето на езеро младост и разубавување на околината со нови содржини, но не и продажба на градежни парцели на кој би се изградиле хотели и мотели.Поради тоа сметаме дека по ова прашање најбитно е да се прашаат граѓаните и они да одлучат дали сакаат на езеро Младост да има нови зелени површини или сакаат нови хотели.За нас спорно во оваа точка е што ќе се стават на продажба и последните непродадени парцели на крајбрежјето на езеро Младост, кој за жал локалната власт во 2007 година со промена на деталниот урбанистички план одлучила парцелите околу езеро Младост да се пренаменат и да се стават на продажба.Имено во оваа точка предвидено е да се стават на продажба вкупно 38 градежни парцели и 13 градежни парцели за краткотраен закуп, дел во Велес, Новачани, Башино село како и покрај езеро Младост.За нас нај спорни се двете парцели со намена за изградба на хотели и една за мотел со површина од 20 064 метри квадратни.Сметаме дека на крајбрежјето на езеро Младост му фали итно пошумување и подигнување на нови зелени површини, но не и изградба на нови хотели и мотели со кој ќе се узурпира и комерцијализира просторот околу езерото.Апелираме до останатите советници од сите политички партии во советот на општина Велес на разумност, да се стави нашата предлог точка на дневен ред, и истата да биде позитивно изгласана, со што ќе им овозможиме на Велешани да си го искажат своето мислење за ова битно прашање“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

poc

Вработена во ПОЦ избркана од работа оти сакала да наплати паркинг на партиски моќник, тврди советник од Левица

Советникот во општина Центар од партијата Левица, Игор Димески, преку својот твитер профил обвинува дека првата одлука на новиот УО на Паркинзи на Општина Центар бил бркање од работа на вработена која сакала да наплати паркинг на некој партиски моќник.„Првата одлука на новиот управен одбор на ПОЦ е бркање од работа на вработена и тоа со надгласување,3 гласа ЗА од Сдсм2 гласа Против од Левица и ШЗЦИзбркана е поради тоа што сакала да наплати паркинг на лице кое и се обратило со "ќе видиш ти кој сум јас"Па да видиме кој е тој!“, напиша на Твитер советникот Игор Димески од Левица.

Скопје | пред 4 години

collage-4

„На сите им е полна устата со владеење на правото“, Ременски со лекција до Владата и Османи за Македонците во Бугарија

Професорката и експратеничка Фросина Ременски му посочува на владиниот врв и министерот за надворешни работи, Бујар Османи дека немешањето во внатрешните работи на Бугарија не значи Македонија да не се грижи за својот народ кој живее таму. Таа посочува „Премногу лесно се тегне овој наш правен ластик-систем што е опасно по тоа што на сите им е полна устата - владеење на правото и правната држава“.„Со сета почит кон министерот за надворешни д-р Бујар Османи, но како министер во Владата која ја предвиди надворешната политика на мојата земја треба убаво да го прочита и разбере членот 49 од Уставот. Немешањето во внатрешните работи не е исто со грижата за своите надвор - независно кој (Македонци, Албанци, Турци ...). За грижата за свите ..., тоа е нешто од што Македонците можат да учат од Албанците - регионално. Но, тоа не треба да значи релативизација на македонското за ништо и од никого“, напиша Ременски„Ако треба да кажеме дека има Македонци во Бугарија, а притоа да не се мешаме во "бугарските внатрешни работи", тогаш убаво е да кажеме дека, фактот што во РСМ има Бугари исто така не треба да значи право за мешање во "македонските внатрешни работи". Владата и министрите час поскоро треба да разберат, дека не смеат да имаат селективно почитување на Амандманите на Уставот. Ако се вели дека, може не треба да се почитува Амандманот 1 од Уставот, тогаш тас логика упатува дека може да не се почитуваат и Амандманите кои го инкорпорираат Охридскиот и Преспанскиот договор преку Амандмани во Уставот. Тоа не е добро“, додаде таа.

Коментари | пред 4 години

parno-1

Пониски сметки за потрошувачите кои имаат неквалитетна испорака на топлинска енергија

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ја информира јавноста дека согласно Правилникот за утврдување на квалитетот на испорачаната топлинска енергија, потрошувачите кај кои е констатирано со решение од страна на комисијата за проверка на квалитет на испорачаната топлинска енергија дека имаат неквалитетна испорака на топлинска енергија треба да добијат пониски сметки.„Побаравме од снабдувачите со топлинска енергија да донесат решенија кои ќе соодветствуваат со фактичката состојба утврдена на терен при извршената проверка, откако потрошувачите се пожалија дека имаат пониска температура или радијаторите им се ладни. Согласно правилникот, снабдувачот е должен да донесе решение со кое ќе се корегира сметката, во зависност од тоа колку отстапува температурата од онаа што е пропишана . Да заклучам, ако во јануари кај дел од потрошувачите каде што е констатирана неквалитетна испорака на топлинска енергија со решение, по извршена контрола од страна на комисија – снабдувачот треба да им фактурира помала сметка. Регулаторната комисија за енергетика побара од Скопје Север при изработка на фактурите за месец јануари да не се земат во предвид деновите кога немало испорака на топлинска енергија. Дополнително бараме да се прошири надлежноста на државниот инспекторат за техничка инспекција и освен комисија од снабдувачот што го контролира квалитетот на испораката на топлинска енергија, на терен да излегуваат и инспектори кои ќе ја мерат температурата дали отстапува од пропишаната. Снабдувачот не смее да наплати ни еден киловат час што не го испорачал. “ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

пред 4 години

najcevska

Не знаеме дали има Бугари во Македонија, вели Најчевска

Во македонскиот Устав не смеат да влезат Бугарите без во исто време да биде признаено македонското малцинство во Бугарија. Ова го сугерира професорката Мирјана Најчевска, откако вчера бугарскиот премиер Кирил Петков пред парламентот во Софија рече дека е договорено Бугарите да бидат впишани во Уставот на РС Македонија, а дека за рокот кога тоа ќе се случи, се уште се преговара.„Прво, не знаеме дали има Бугари во Македонија. Да видиме колку се изјасниле како Бугари на последниот попис (2, 3, 100, 200?).И, второ, Бугарите не смее да влезат во Уставот на Македонија без во исто време да биде препознаено и признаено македонското малцинство во Бугарија. Со сите права кои припаѓаат на едно малцинство согласно меѓународните договори кои ги има ратификувано Бугарија.Секоја друга постапка е срам и понижување за државата и ќе претставува неверојатен удар врз и онака многу нискиот рејтинг кој го имаме на меѓународно ниво.“, се вели во реакцијата која професорката Најчевска ја објави на својот фејсбук профил.

Коментари | пред 4 години

e6d47667d956a12d62fbe9a45b490ab0_w768

Ако не сте имале млаки, а не топли радијатори, ќе треба да добиете и помали сметки

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ја информира јавноста дека согласно Правилникот за утврдување на квалитетот на испорачаната топлинска енергија, потрошувачите кај кои е констатирано со решение од страна на комисијата за проверка на квалитет на испорачаната топлинска енергија дека имаат неквалитетна испорака на топлинска енергија треба да добијат пониски сметки.„Побаравме од снабдувачите со топлинска енергија да донесат решенија кои ќе соодветствуваат со фактичката состојба утврдена на терен при извршената проверка, откако потрошувачите се пожалија дека имаат пониска температура или радијаторите им се ладни. Согласно правилникот, снабдувачот е должен да донесе решение со кое ќе се корегира сметката, во зависност од тоа колку отстапува температурата од онаа што е пропишана . Да заклучам, ако во јануари кај дел од потрошувачите каде што е констатирана неквалитетна испорака на топлинска енергија со решение, по извршена контрола од страна на комисија – снабдувачот треба да им фактурира помала сметка. Регулаторната комисија за енергетика побара од Скопје Север при изработка на фактурите за месец јануари да не се земат во предвид деновите кога немало испорака на топлинска енергија. Дополнително бараме да се прошири надлежноста на државниот инспекторат за техничка инспекција и освен комисија од снабдувачот што го контролира квалитетот на испораката на топлинска енергија, на терен да излегуваат и инспектори кои ќе ја мерат температурата дали отстапува од пропишаната. Снабдувачот не смее да наплати ни еден киловат час што не го испорачал. “ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Македонија | пред 4 години

danilovski

Д-р Огњанова до Даниловски: Лесно е од фотелја да се мудрува, кога не сте прегледале ниту еден позитивен пациент

Mатичниот доктор Билјана Петковска Огњанова остро реагираше на коментарот од епидемиологот Драган Данилоски кој го нападна примарното здравство. Данилоски на коментар на социјалните мрежи напиша: „Можно ли е по две години верглање со колегите Пановски, Беќаровски, вда не разбраа матичните дека не смее антибиотик за вирус?“„Аман од овие епидемиолози кои не прегледале ниту еден ковид позитивен пациент. Но, многу е лесно од фотелја да се мудрува. Кога е упатена јавна критика од колеги без да се дебатира во фелата, тоа навистина се доживува како професионален атак. На проф.Даниловски уште пред две години се обидов да му ја опишам сликата на терен, но по се изгледа не ја запомнил“, напиша Петковска Огњанова.

Коментари | пред 4 години

269757510_136614892093386_2761568890161125655_n

Исчистени 120 депонии во Скопје

За прв пат во децении во Скопје се спроведува акција за чистење на дивите депонии каде се согоруваше опасен отпад, што претставуваше извор на загадување на воздухот, почвите и подземните води со што директно се влијае на квалитетот на живот на граѓаните.За речиси два месеца со заедничка активност на градот Скопје и дел од скопските општини, исчистени се над 120 мапирани депонии за време на предизборната кампања. Засилени се контролите на инспекторатот и за првпат се изречени големи казни за загадувачите на животната средина и оние кои ги загрозуваат безбедноста и здравјето на граѓаните. Чистењето продолжува и понатаму бидејќи секојдневно граѓаните пријавуваат обиди за создавање нови депонии. Инспекциските служби засилено работат на терен, со цел сите да ги почитуваат законите и нема да има никакви отстапки зазагадувачите.Градот Скопје со стратегија за превенција, започнува до имплементација на системско решение кое опфаќа фото документирање на загадувачите, работа во смени на Инспекторатот со цел санкционирање на сторителите, детекција на депонии и обиди за нивно палење со дрон, но и активен систем за пријави од граѓани со цел превенција на загадувачите и нивно неселективно казнување. Град Скопје упатува апел до граѓаните секоја пријава за новонастаната или веќе постоечка депонија да ја испратат на 24@skopje.gov.mk со цел во најкус можен рок да се испратат екипи од градот за чистење на депониите.

Скопје | пред 4 години

fotor_1643381514977

(ВИДЕО) Објавени шесте песни за Евросонг, гласајте за вашиот фаворит

МРТ вчера ги претстави шесте избрани песни во трка за Евровизија 2022.Публиката ги слушна песните на Виктор Апостоловски, Лара Иванова, Калина Велковска – Кали, Јон Ајдини, Андреа Коевска и Рис Флауер и од вечерва, па во следните седум дена ќе може да гласа за својот фаворит.Оваа година македонскиот претставник ќе го избираат публиката и меѓународно жири, по принципот 50:50. Публиката може да гласа онлајн на официјалната интернет страница на МРТ. Според правилата, секој ќе може да гласа само еднаш за една композиција. Онлајн гласањето ќе трае до 4 февруари, кога ќе бидат објавени резултатите и ќе се дознае кој ќе ја претставува Македонија на Евросонг во Италија.Ris Flower – “Flying to Berlin” Kaly – “Love and Light” Lara – “Flower of Sorrow”Yon Idy – “Dreams”Andrea – “Circles”Viktor Apostolovski – “Superman”

Магазин | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања