ТОП

Нема фотографија

Се намалуваат цените на паркингот во Скопје

Управниот одбор на јавното претпријатие „Градски Паркинг“ – Скопје денес донесе одлука за намалување на цената за паркирање во Скопје од 01.03.2022. Со ова се исполнува едно од главните ветувања на новото раководство за граѓаните на Скопје.Со оваа одлука се предвидува намалување на цените на услугите на ЈП „Градски паркинг“, со што цената за паркирање се намалува во зонското паркирање, во зона А0 од 100 се намалува на 75 денари, во зона А од 50 се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 на 30 денари, а во зоните Ц и Д паркирањето ќе се намали од 30 на 25 денари за 1 час.Со усвојување на оваа одлука на УО на ЈП „Градски паркинг“, се потврдува и реализира ветувањето за поевтин паркинг за скопјани.

Скопје | пред 4 години

Untitled

Маж повреден во пожарот во Тетово, итно префрлен во болница

Пожар изби нешто по 19 часот во Тетово, а поголем дел од стариот дел на градот остана без електрична енергија.-Вечерва околу 19 часот и 20 минути, во СВР Тетово пријавен е пожар во куќа на улица “Вукашин Симовски” во тетовската населба Колтук, сопственост на 50-годишниот тетовец И.С, кој при тоа задобил повреди и веднаш е пренесен во тетовката Клиничка болница за укажување на лекарска помош. Пожарот се проширил и на соседната куќа во која подолго време не живеел никој. Екипи на тетовскста Територијална противпожарна единица со неколку возила ангажирани се на локализирање на пожарот, велат од тетовската полиција за Фокус.Фото: Тетово инфо

Македонија | пред 4 години

pozar-pristina

(ВИДЕО) Пожар во Тетово, дел од градот без струја

Доцна вечерва изби пожар во куќа во стариот дел од Тетово, јавува ТВ21. Подоцна пожарот се проширил на уште две куќи.„Пожарникарите дојдоа на време. Немаше никој од сопствениците на трите куќи кои горат. Малку да задоцнеа пожарникарите ќе беше голема катастрофа“, вели пред ТВ21 еден од очевидците.Поради пожарот поголем дел од градот е без електрична енергија.

Македонија | пред 4 години

Capture-1

Генијален дизајн на новиот белгиски пасош, од Штрумфови до Тин Тин

Од 7 февруари официјалните пасоши на Белгија ќе бидат илустрирани со цртежи на најпознатите белгиски стрип херои, почнувајќи од Штрумфовите, преку Талик Том до Тин Тин и Марсупилами.Новите белгиски пасоши со тоа ќе станат едни од најуникатните во светот, а тоа ќе биде можност за понатамошна промоција на стрипот како национална уметност со која Белгијците се многу горди.- Белгискиот пасош е еден од најдобрите во светот, тој е извор на гордост за нас, но и предмет на желбата на фалсификаторот. Затоа постојано работиме на подобрување на неговата безбедност - изјави шефицата на дипломатијата на Белгија, Софи Вилмс.Новите пасоши ќе вклучуваат 48 различни безбедносни техники и треба да бидат двојно побезбедни од сегашните кога станува збор за злоупотреба.Белгискиот пасош моментално е седми најценет по слободата на движење што му ја обезбедува на имателот на глобално ниво од 199 национални пасоши.Старите белгиски пасоши ќе важат до крајниот рок, а нови ќе бидат достапни во локалните општини по цена од 65 евра за возрасни и 35 евра за деца.

Магазин | пред 4 години

testovi-korona-germanija

Министерот за здравство бара лабараториите да ги намалат цените

Новиот министер за здравство Беким Сали побарал лабараториите да ги намалат цените на услугите и вели дека очекува тие позитивно да одговорат.„Ние инициравме состаноци со сите чинители кои влијаат врз формирање на финалната цена на една услуга и очекуваме позитивно рефлектирање од нивна страна, да имаат разбирање и спремност цените да бидат симнати. Повеќе чинители има во формирање на цената, тоа се увозници, веледрогерии, лаборатории и Фондот за здравство. Во контакт сме со Фондот за здравство и преку нив комуницираме и со лаборатории и со увозници, јас се надевам на позитивно рефлектирање од нивна страна. Секој ден имаме ублажување, односно намалување на бројот на новоинфицирани и на бројот на хоспитализирани пациенти. Ние чисто ги замолуваме нив, бараме од нив да преземат мерки колку што е можно повеќе да ја намалат цената која што е финална кон граѓанинот“, рече министерот Сали.

Македонија | пред 4 години

makedonski-bugarin-1-750x430-1

Ние ќе го наследиме минатото, а на етничките Македонци ќе им остане периодот по 1944 година, вели Бугарин од Македонија

Извесен Игор Билбиловски, кој е роден во Тетово и живее и работи во Скопје, а се декларира како Бугарин, ја објаснува бугарската кауза во интервју за бугарската телевизија СКАТ.Билбливоски се самоосознал како Бугарин во 2011 година, бидејќи бил, како што вели, вистинољубив. Во негово самоосознавање му помогнал неговиот духовник, отец Партениј од манастирот Бигорски, кој му раскажувал за нашето бугарско минато и му давал соодветна литература.Во 17. минута од интервјуто Билбиловски објаснува зошто е неопходно Бугарите да бидат запишани во македонскиот Устав.– Бугарите во Македонија мора задолжително да бидат впишани во Уставот. Секако, треба да го прифатиме фактот дека постојат мнозинство на луѓе коишто се декларирани како етнички Македонци, но ако имаме институционализирани Бугари, тие ќе бидат наследници на културното и револуционерно минато на Бугарите во Македонија, а на етничките Македонци ќе им остане само периодот после Илинден 1944 година – објаснува Билбиловски.На ова реагираше и водителот на емисијата, очигледно не очекувајќи да слушне ваква искрена експликација на каузата на македонските Бугари.

Македонија | пред 4 години

bekim-sali-5-e1633429806452-1200x630-1

Сали вели дека пандемијата стивнува, оти бројките два дена се во опаѓање

Според податоците што ги добиваме на дневна база пандемијата кај нас, зборувам за нашата држава дека дава знаци на стивнување, вели новиот министер за здравство Беким Сали.„Секој ден имаме намалување на бројот на новоинфицирани и на хоспитализирани пациенти. Ја следиме епидемиолошката состојба кај децата. Според нашите сознанија нема да има потреба од онлајн учење во моментов, во овој период, затоа што епидемиолошката состојба се менува секоја недела. Ние врз основа на тие податоци носиме и нови одлуки и нови политики, Тоа значи дека од 1 февруари ќе се почне со физичко присуство во училиштата и ние како министерство ќе преземеме превентивни мерки со скриниг кој што ќе биде по случајност направен кај децата и во зависност од регионот, градот, општината, доколку се појави некој можна нова епидемија кај деца, ќе преземеме мерки “, рече Сали.

Македонија | пред 4 години

244497752_222960099809695_4013329667676755550_n

Цените остануваат замрзнати до крајот на февруари

Владата на Република Северна Македонија на денешната 8 седница донесе одлука да продолжи важноста на мерката за определување највисоки цени на основните прехранбени производи, како што се: леб, шеќер, брашно-тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда, ориз, јајца и тестенини.Со оваа одлука највисоките цени на овие производи остануваат на нивото на редовните цени кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало, при што се исклучуваат цените на попуст (акциски попуст/снижување/распродажба) кои важеле на 1 декември 2021 година.Оваа интервентна мерка на пазарот, која започна да се применува од 6 декември 2021 година ќе продолжи да се применува до 28 февруари 2022 година.

Македонија | пред 4 години

market

Ќе останат ли замрзнати цените до крајот на февруари

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук-профил информираше дека е доставен предлог до Владата, мерката за замрзнување цените на основните прехранбени производи да биде продолжена до крајот на февруари 2022 година.– Министерството за економија достави одлука до Владата со која се предлага мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи да се продолжи до крајот на февруари 2022 година – напиша министерот на Фејсбук.Владата на 4 декември 2021 година донесе одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи на како леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда, а потоа листата на производи беше проширена и со јајца, ориз и тестенини.Исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година.

Македонија | пред 4 години

vodnjanska-brza-pomos

Енормен број на починати и 1908 граѓани се заболеа од коронавирусот

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 5.834 тестови, а регистрирани се 1.908 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 972, Кавадарци – 112, Куманово – 111, Битола – 105, Велес – 62, Тетово – 58, Прилеп – 54, Неготино – 46, Струмица – 45, Охрид – 43, Гостивар – 34, Гевгелија – 30, Штип – 27, Кичево и Кочани – по 24, Радовиш – 22, Ресен – 21, Валандово – 17, Крива Паланка – 16, Струга – 15, Свети Николе – 12, Берово и Богданци – по 10, Делчево – 9, Виница – 5, Демир Капија и Пехчево – по 4, Дебар, Пробиштип и Македонски Брод – по 3, Кратово, Крушево и Македонска Каменица – по 2, Дојран – 1 .Од вкупниот број на позитивни (1.908), регистрирани се 254 реинфекции.Регистрирани сe 1.129 оздравени пациенти од: Скопје – 77, Битола – 61, Прилеп – 52, Куманово – 30, Охрид – 26, Кочани – 23, Тетово – 18, Неготино и Гостивар – по 17, Струмица – 16, Кавадарци и Гевгелија – по 14, Кичево, Ресен и Крива Паланка – по 12, Струга и Делчево – по 10, Велес и Штип – по 9, Виница ,Кратово и Крушево – по 8, Радовиш и Македонска Каменица – по 7, Берово – 4, Богданци , Македонски Брод и Демир Хисар – по 3, Демир Капија и Пехчево – по 2, Валандово, Свети Николе , Дебар , Пробиштип и Дојран – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 22 починати лица: 5 починати лица од Скопје (53г, 69г, 69г, 75г и 75г), по 2 починати од Битола (74г и 85г), Велес (68г и 93г), Куманово ( 78г и 82г ) и Свети Николе ( 52г и 78г) и по едно починато лице од Кавадарци (57г), Кичево (65г), Македонски Брод (60г), Неготино (73г), Охрид (65г), Прилеп (82г), Радовиш (81г), Ресен (63г) и Струга (83г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови..Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавенисе 4 починати лица од: Делчево (2), Скопје (1) и Пробиштип (1) на возраст од 56г до 79г. Пријавените се починати во период од 04.01.2022 до 26.01.2022г. Од пријавените лица две се починати во болнички услови, а две лица во домашни услови.Од вкупниот број на починати лица (n=26), седум лица се целосно вакцинирани, а кај 19 се регистрирани коморбидитети.Направени се 5.834 тестови преку: ИЈЗ-636, ЦЈЗ Скопје-85, ЦЈЗ Битола-92, ЦЈЗ Прилеп-48, ЦЈЗ Тетово–15, ЦЈЗ Куманово-105, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-15, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–157, Жан Митрев (Филип Втори)-160, Авицена-214, Биотек-263, Систина-117, лабораторија Лаор-137, Синлаб-45, Ремедика-13, Плодност-72, Генеа-27, Никоб Лаб-683, ВФВ Медикал-100, Ели Медика-43, Ројал Медика–27, Спектра-ММ-45, Рапид Лаб–38, Жан Митрев Струмица–24, Нова Лаб Дијагностика–16, Рамус-46, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.609.Досега во земјата се направени вкупно 1.773.325 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 265.101, бројот на оздравени пациенти е 239.581, на починати е 8.338, а бројот на активни случаи изнесува 17.182.

пред 4 години

147CE0EF-87F1-43C0-94E1-775193530301

22 автобуси со неисправни кочници возеле патници

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27 јануари) од 8 до 12 часот, спроведе акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, пред се автобуси и комбиња.При контролата, откриени и санкционирани се 42 технички неисправни возила, од кои 22 имале неисправен уред за запирање, 6 неисправен уред за управување итн. Од овие 42 прекршоци, 11 биле констатирани на територија на СВР Тетово, 10 на територија на Скопје... Возилата се исклучени од сообраќај и ќе следуваат соодветни поднесоци.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 4 години

petkov-76

Петков нема да му ја исполни желбата на Ковачевски, ама е среќен што долго седел во Бугарија - еве што ќе добијат

Димитар Ковачевски е една недела премиер на РС Македонија и 4 од тие 8 дена поминал со бугарската влада. Ова укажува на желба да се заврши работата. Ова го изјави премиерот Кирил Петков одговарајќи на прашања од пратеници за последиците од двете средби со македонскиот премиер, јави репортерот на БГНЕС.„Со министрите кои дојдоа во Бугарија постигнавме голем напредок во повеќето области. Потпишавме 3 меморандуми, кои беа во многу клучни области, вклучувајќи го и Коридорот 8“, рече Петков.Тој рече дека додека траеле разговорите за економијата и инфраструктурата, двете страни разговарале и за теми кои се важни за Бугарија - правата на Бугарите во РСМ и рамковната позиција.„Ковачевски рече дека не гледа проблем со вклучување на Бугарите во РСМ во нивниот Устав. Не се обврза на времето. Веќе не зборуваме за пет плус еден, туку за четири плус еден. Тоа само по себе е напредок“, рече тој.„Ковачевски рече дека Бугарите ќе влезат во Уставот како Албанците. Во моментов разговараме за рокот и ова е дел од дискусиите. Тоа ќе биде факт и Бугарите во РСМ ќе имаат еднакви права“, додаде тој.Според него, многу декларации се дадени од двете страни, но вистинската работа не е завршена.„Организиравме календар на состаноци на секои 7 дена. Ме радува што дури и историската комисија потврди дека ќе имаат три средби во наредните месеци. Немам намера да менувам ниту еден член на Историската комисија. Мислам дека направивме добра работа овие две недели“, рече Петков, откако Ковачевски побара промена во Комисијата.„Историската комисија веќе има подготвени текстови. Решивме да видиме кои се точките и аргументите кои историската комисија веќе ги договори. Навистина ве уверувам дека таму нема да ги менуваме луѓето, бидејќи мислам дека добро си ја вршат работата. „Има напредок во Историската комисија, ќе го искористиме и ќе го официјализираме“, рече тој.За 4 февруари подготвуваме заедничка прослава со РС Македонија за Гоце Делчев по повод 150-годишнината од неговото раѓање, додаде премиерот.

Македонија | пред 4 години

prva-transplantacija-na-ligament-2

Здравството се понапредно: Изведена уште една трансплатација од починат донор, овојпат на лигамент

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ Скопје, вчера за прв пат беше изведена трансплантација на лигамент од починат донор.Млад 34-годишен пациент со сериозна повреда на десното колено, доби мекоткивен графт експлантиран од починат донор.Операцијата која траеше неколку часа на Клиниката за ортопедија ја изведе ортопедскиот хирург д-р Алан Андоновски заедно со неговиот тим од клиниката.„Се работи за ревизија на скинат преден вкрстен лигамент на десното колено, што е прилично честа повреда кај физички и спортски активната популација. Пациентот постоперативно се чувствува одлично и пред него е период на рехабилитација“, вели д-р Андоновски, хирург од Клиниката за ортопедија кој долги години работи во делот на мекоткивната ортопедска хирургија.Ова е деветта трансплантација од починат донор во последните десет месеци на Клиниката за ортопедија. Од почетокот на 2021 година на Клиниката е обновена и банката за коскени ткива каде се чуваат експлантираните графтови.„По првата експлантација што ја направи тимот од Клиниката на 17 април минатата година, до денес се направени пет експлантации и девет трансплантаци на коскено и меко ткиво. На пет пациенти со малигна болест им беше трансплантирано здраво коскено ткиво, со што значтелно им се подобри нивниот квалитет на живот, а денес за прв пат трансплантиравме и мекоткивен графт односно лигамент кај млад пациент со сериозна повреда. Благодарност до сите колеги од клиниката кои го препознаа значењето на трансплантацијата во третманот на ортопедските болести“, вели д-р Александар Трајановски, директор на Клинината за ТОАРИЛУЦ Скопје, во чиј состав е Клиниката за ортопедија.Инаку, повредата на меките ткива, лигаментите и тетивите е многу честа кај младите лица, особено кај активните спортисти. Само успешен оперативен третман може да гарантира враќање кон редовните сопртски активности. Со отварање на можноста на трансплантација со графт од починат донор, се исклучува праксата да се земе тетива од здравата нога и со тоа значително се подобрува квалитетот на живот на пациентот.„Со првата употреба на мекоткивен графт на нашата клиника започнуваме со ново поглавје во реконструктивната ортопедска хирургија. Се надевам дека по оваа процедура ќе се отворат повеќе опции за употреба на мекоткивните графтови во нашата секојдневна пракса“, вели др Милена Богојевска Доксевска, болнички координатор на Клиниката за Ортопедија.Во 2021 година во земјава се направени девет експлантации од починат донор и притоа 16 пациенти добија бубрези, петмина срце и кај осум пациенти беа трансплантирани коскени ткива.Минатата недела беше направена и првата трансплантација од починат донор годинава. Двајца пациенти добија бубрези, а кај млад пацинет беше трансплантирано срце.

Македонија | пред 4 години

Capture-2

Пржинската влада треба биде укината, видовме како оваа власт ја злоупотреби, вели Силјановска

Пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева, во емисијата „Вин Вин“ на телевизија Телма истакна дека ставот на СДСМ во врска со Пржинската влада е конзистентен и дека треба да постои консензус помеѓу сите политички чинители, особено оние застапени во парламентот.Она што се случуваше 2016 година е преседан, но да видиме зошто мораше да биде потребна пржинската влада, еднаш треба да сфатиме дека партијата не смее да биде институција, ние имавме партизирани институции, заробени институции и заробена држава, по дефиниција од меѓународните институции, затоа дојдовме во ситуација да воведеме нешто што е надвор од нашиот устав и требаше да биде еднократно, истакна Калеска Ванчева.Таа нагласи дека СДСМ апсолутно го поддржува предлогот да дојде на дневен ред и да се отвори прашањето, по што сите треба да се согласат.Аргументите се за укинување на Пржинската влада и со тоа покажуваме дека времето е созреано, институциите функционираат, веќе немаме не се заробени институции, немаме квалификација на заробена држава и време е да го тргнеме она што значи на Пржински договор и да имаме таканаречена техничка влада, избори во рок од минимум 60 до максимум 90 дена, кои ги спроведува владата што е актуелна и така е во сиот нормален демократски свет, истакна Калеска Ванчева.Таа додаде дека сите останати политички партии ќе го сфатат ова и на крајот ќе има консензус со вистински аргументи, зошто треба да се поддржи таквото законско решение.Атмосферата е зрела за отворање на вистинска дебата да видиме, што на ова општество му е најфункционално во смисла на парламентарна демократија, мора да се отвори широка и експертска дебата, и тоа во собранието, како највисок законодавен дом, каде сите прашања поврзани со изборите, со политиките, законите мора да бидат отворани и затворани, порача Пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева, во емисијата „Вин Вин“ на телевизија Телма.

Македонија | пред 4 години

Borislav-Krmov-DHaferi-Blograne-sobranie

Левица го поднесе предлог-законот за изменување на Законот за минимална плата до Собранието

На денешната прес-конференција, пратеникот Борислав Крмов објави дека политичката партија Левица го поднесе до Собрание предлог-законот за изменување на Законот за минимална плата, кој е доставен од Сојузот насиндикати од месец декември.„Се работи за предлог-закон за изменување на Законот за минимална плата, кој што е предложен од Сојузот на синдикати. Иако им било ветено дека овој предлог ќе биде донесен во јануари, тој сѐ уште не е усвоен. Целта на овој закон е минималната плата, која е 15.000 денари, да се донесе до 18.000 денари, што би било околу 60% од моменталната просечна плата. Со овој предлог се интервенира минималната плата цело време да не биде пониска за 60% од просечната плата.Потрошувачката кошница за декември била дури 35.000 денари, што значи денеска едно просечно четиричлено семејство со две минимални плати не може ни да се издржува.” - потенцира пратеникот Крмов.”

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања