ТОП

divogradba2

Шест лица противзаконски доцртале кат на зграда во Свети Николе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Ј.A.(73) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поттикнување во врска со фалсификување исправа“, потоа Т.Г.(68) и И.П.(63) од Кавадарци, овластени инженери-архитекти во две правни лица, како и против З.С.(59), Б.С.(64) и Д.Ј.(52), тројцата вработени во Секторот за урбанизам, заштита на животна средина, комунални работи и оттуѓување на градежно земјиште во локалната самоуправа на oпштина Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.Имено Ј.А., во својство на физичко лице, во текот на 2019 година поднела барање за изготвување на основен и идеен проект за изградба на деловен објект на ул.„Плоштад Илинден“ во Свети Николе, спротивно на изводот од ДУП-от, каде за градежната парцела била предвидена градба П+2 ката, додека барањето било за градба П+2+поткровје. Т.Г. ја злоупотребил својата службена положба и ги пречекорил границите на своите овластувања изготвувајќи Идеен и Основен проект за изградба на објект со површина П+2 ката и дополнително ставил уште еден кат (поткровје) со висина 2,70 метри.И.П., пак, ја злоупотребил својата службена положба и ги пречекорил границите на своите овластувања изготвувајќи позитивен Извештај за ревизија, со кој го потврдил изготвениот основен проект, фаза архитектура, како проект изготвен согласно деталниот урбанистички план. Така изготвената фалсификувана проектна документација, заедно со Барањето за издавање на одобрение за градење, Ј.А. ја употребила во општина Свети Николе, за издавање на одобрение за градење, при што З.С., Б.С. и Д.Ј. ја злоупотребиле службената положба и ги пречекориле границите на своите овластувања, издавајќи Одобрение за градење спротивно на Законот за градење и Деталниот урбанистички план.Со наведените дејствија второ, трето, четврто, петто и шестопријавениот, во име и за сметка на првопријавената, овозможиле истата да се стекне со уште една спратна висина-поткровје, со површина од 85 метри квадратни во износ од околу 3.600.000 денари според пазарната вредност.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2022-01-27-181612

(ВИДЕО) Најблиските се збогуваа со Аки

Денеска во Алејата на великаните на загрепските гробишта Мирогој, членовите на семејството, најблиските пријатели и колеги се простија од Аки РахимовскиОсвен семејството, сопругата, синот Кристијан и ќерката Едина, први пристигнаа членовите на бендот со Хусеин Хасанефендиќ Хус, потоа Џибони, Никша Братош, Дино Јелушиќ, Нено Белан, Нина Бадриќ, Маријан Бркиќ, Јурица Паѓен и други.Пред ковчегот на Аки имаше посвета со стиховите „Нашата улица е тажна од кога не си овде… Зошто тажната песна ја пеат оние што остануваат“, од песната на „Моја је пјесма лагана“ од „Парни ваљак“. Венецот во форма на срце исто така беше поставен пред ковчегот на последното збогување, кој ја носеше пораката на неговата двегодишна ќерка Антонија: „Тато, те сакам. Антонија“.

Магазин | пред 4 години

w_56097563

1.861 заразен со ковид

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 5.446 тестови, а регистриран е 1.861 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 908, Битола – 115, Кавадарци – 100, Куманово – 88, Тетово – 75, Прилеп – 69, Велес – 54, Струмица – 50, Гостивар – 45, Охрид – 41, Штип – 37, Гевгелија – 34, Неготино – 32, Свети Николе – 23, Кичево – 22, Струга и Ресен – по 20, Радовиш – 18, Кочани и Крива Паланка – по 16, Валандово – 15, Делчево – 11, Богданци – 9, Виница, Македонска Каменица, Демир Капија и Пехчево – по 5, Берово, Дебар и Македонски Брод – по 4, Пробиштип и Демир Хисар – по 3, Кратово и Крушево – по 2, Дојран – 1.Од вкупниот број на позитивни (1.861), регистрирани се 242 реинфекции, од кои една е втора реинфекција.Регистрирани сe 7.273 оздравени пациенти од: Скопје – 4.208, Битола - 582, Прилеп – 317, Охрид – 302, Струмица – 176, Куманово – 170, Тетово – 143, Кавадарци – 136, Струга – 107, Гевгелија – 105, Велес - 92, Крушево – 84, Гостивар – 82, Кичево – 72, Валандово – 71, Штип – 67, Ресен – 66, Неготино – 59, Делчево – 58, Кочани – 57, Радовиш – 54, Крива Паланка – 41, Берово – 34, Кратово – 31, Свети Николе – 25, Демир Хисар – 24, Богданци – 23, Македонски Брод – 17, Виница – 16, Македонска Каменица – 15, Пробиштип – 12, Пехчево – 9, Демир Капија – 8, Дојран – 7, Дебар – 3.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 22 починати лица: 9 починати лица од Скопје (68г, 73г, 77г, 81г, 82г, 84г, 84г, 86г и 87), по 3 починати од Кавадарци (69г, 78г и 88г) и Битола (66г, 67г и 73г) и по едно починато лице од Демир Капија (73г), Куманово (86г), Неготино (87г), Прилеп (22г), Струга (76г), Струмица (73г) и Тетово (58г). Од пријавените лица, 21 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 5 починати лица од: Охрид (2), Скопје (1), Прилеп (1) и Гевгелија (1) на возраст од 39г до 90г. Пријавените се починати во период од 17.01.2022 до 25.01.2022г. Од пријавените лица три се починати во болнички услови, а две лица во домашни услови.Од вкупниот број на починати лица (n=27), шест лица се целосно вакцинирани, а кај 24 се регистрирани коморбидитети.Направени се 5.446 тестови преку: ИЈЗ-451, ЦЈЗ Скопје-84, ЦЈЗ Битола-89, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово-100, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-16, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–176, Жан Митрев (Филип Втори)-169, Авицена-196, Биотек-273, Систина-109, лабораторија Лаор-109, Синлаб-42, Ремедика-20, Плодност-83, Генеа-25, Никоб Лаб-690, ВФВ Медикал-73, Ели Медика-74, Ројал Медика–18, Спектра-ММ-24, Рапид Лаб–38, Жан Митрев Струмица–12, Нова Лаб Дијагностика–25, Рамус-46, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.433.Досега во земјата се направени вкупно 1.767.491 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 263.206, бројот на оздравени пациенти е 238.452, на починати е 8.312, а бројот на активни случаи изнесува 16.442.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 119472, Активни 8507Куманово 14578, Активни 680Прилеп 12586, Активни 538Битола 12490, Активни 1224Тетово 12232, Активни 476Кавадарци 8711, Активни 671Гостивар 8675, Активни 312Велес 8329, Активни 421Охрид 7833, Активни 370Штип 7438, Активни 299Струмица 7078, Активни 355Кичево 4869, Активни 259Кочани 4561, Активни 218Струга 4324, Активни 177Гевгелија 3668, Активни 368Неготино 3077, Активни 231Свети Николе 2395, Активни 124Ресен 2312, Активни 208Радовиш 2190, Активни 160Крива Паланка 2168, Активни 84Делчево 1734, Активни 130Берово 1630, Активни 73Дебар 1496, Активни 18Валандово 1329, Активни 118Виница 1274, Активни 47Пробиштип 1243, Активни 31Кратово 870, Активни 30Богданци 843, Активни 79Крушево 814, Активни 48Демир Хисар 761, Активни 54Македонски Брод 625, Активни 29Македонска Каменица 492, Активни 36Демир Капија 483, Активни 26Пехчево 418, Активни 30Дојран 208, Активни 11

пред 4 години

hrana1-770x475

Кој јадел бифтеци, пршути, лососи со градски пари

Додека СДСМ блефира и манипулира со јавноста дека Македонија е најдобро рангирана според извештајот на „Транспаренси интернешнал“, денес имаме нов доказ кој покажува зошто Македонија е повторно во групата земји со највисока перцепција за корупција во Европа, рече портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.Како што кажа таа, на сметка на Град Скопје за време на локалните избори советниците и припадници на противпожарната бригада се гоштевале по ресторани. Таа посочи дека се нарачувале бифтек таљати, пршути, лососи, медаљони, специјална нарачка фрути ди маре во вредност од 8.600 денари.-Според наведеното во барањето за одобрување средства за репрезентација, лицето Владимир Симоновски, командант на противпожарната бригада, навел дека репрезентациите се искористени за гости од странство при промоција на скалата возило – наведе Митева.Партиската портпаролка ја спомена и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, која, како што рече, за време на кампањата за локални избори, од сметка на градот потрошила 39.700 денари за репрезентација во еден ексклузивен угостителски објект на кејот на Вардар.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-12-15-at-22.39.12

Какви закани добивала Русковска

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, пред еден месец добила две писма со закани по живот, објави Дојче веле.Случајот го пријавила веднаш во Министерството за внатрешни работи, по што добила дополнително обезбедување, согласно законот.  Таа сѐ уште чека информации од полицијата дали е откриено кој стои зад заканите.„Писмата пристигнаа околу 23-24 декември минатата година. Заканите беа во смисла дека невини и угледни граѓани се во затвор, а ‘криминалците Зоран и Вице Заеви’ биле на слобода. Ако веднаш не ги осудам ќе бидам убиена. Двете писма беа во таа смисла“, вели Русковска за Дојче веле.

Македонија | пред 4 години

maksim-dimitrievski0123

Димитриевски го повредил интегритетот на БиХ, Рамчиловиќ бара извинување

Општина Куманово и нејзиниот градоначалник Максим Димитриевски направиле „грубо кршење и непочитување на територијалниот интегритет и суверенитет“ на Босна и Херцеговина, на средба по повод празникот Свети Сава, помеѓу претседателката на Република Српска и градоначалникот Димитриевски.Ова го тврди Зеќир Рамчиловиќ, пратеник и претседател на групата за пријателство помеѓу парламентите на Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина, во отворено писмо до јавноста.„На средба од меѓународен карактер задолжителна е употреба на знамето на државата од која доаѓа високиот гостин, во случајот задолжителна е употреба на државното знаме на Босна и Херцеговина. Што во овој случај не беше направено, туку се користеше знаме на еден нераскинлив дел од Босна и Херцеговина. Знамето на Босна и Херцеговина е симбол со кој се претставува државноста на меѓународни средби и ваквите пропусти и грешки, намерни или ненамерни, не смеат да се случуваат. Особено во ова време во кое сѐ позачестени се сецесионистичките намери на дел од власта и политичарите на Србите од Босна и Херцеговина, кои можат да доведат до катастрофлни последици“, пишува Рамчиловиќ.На средбата, освен споменатите, присуствувале и амбасадорот на Босна и Херцеговина во Република Северна Македонија, Драган Јаќимовиќ, како и пратениците од српската заедница во Собранието на РСМ, Иван Стоиљковиќ и Мирослав Јовановиќ и други јавни личности. Рамчиловиќ ја поздравува средбата, но предупредува:„Со ваквиот чин од страна на Општина Куманово се нанесува штета врз добрите и пријателските односи помеѓу Босна и Херцеговина и Северна Македонија, иако нашата држава во секој поглед го подржува и го смета за неприкосновен територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина. На средбата кај претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, не се случија вакви пропусти, при што согласно протоколите се користеше државното знаме на Босна и Херцеговина согласно државата од која доаѓа високата делегација“.Рамчиловиќ бара градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, јавно да се им се извини на сите граѓани на нашата држава, особено до сите граѓани чија матична држава е Босна и Херцеговина. Пратеникот очекува амбасадорот на Босна и Херцеговина да се огради од вакво грубо непочитување на Босна и Херцеговина на средбата.

Македонија | пред 4 години

2

Граѓаните се организираат на протест против сообраќајното насилство

Во недела на 30 ти јануари на булеварот „Партизански одреди“ ќе се одржи мирен протест во знак на револт кон сообраќајното насилство и начинот на кој се третирани пешаците и сите учесници во сообраќајот, кои се придржуваат до правилата.Во поканата до граѓаните стои дека токму поради последните случувања на улиците и пешаците како жртви, со почеток од 12 до 13 часот ќе се оддржи мирен протест на раскрсницата на бул.”Партизански одреди” кај Сити Мол.„Достоен и јавен собир каде што ќе оддадеме почит кон Викторија Николова како последна жртва во ваквото сообраќајно насилство, а воедно и ќе оддадеме почит кон сите жртви во вакви и слични сообраќајни несреќи. Нашата цел е единствена, а тоа е да се стави КРАЈ на бeзобзирното возење ни улиците во државата и да ја подигнеме свеста на учесниците во сообраќајот дека нашите деца, а и самите ние треба да се движиме слободно на пешачките зони и по тротоарите, зато што тоа е единственото место каде што пешаците треба да се чувствуваат слободно“, стои во поканата на Фејсбук.

Скопје | пред 4 години

DSC_0661

Обвинителство бара притвор за осомничениот за сообраќајката во Ново Лисиче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.На 26 јануари околу полноќ, осомничениот управувал автомобил „Рено меган“ со скопски регистарски ознаки на булеарот „Видое Смилевски Бато“ во Скопје, во насока од запад кон исток. Притоа не се придржувал кон сообраќајните прописи – со автомобилот управувал со брзина поголема од 50 километри на час што е максимално дозволена во населено место и под дејство на алкохол со концентрација од 0,57 промили алкохол во крвта. Кога се приближил до крстосницата со сервисна улица која води кон трговскиот центар „Лиса“, тој навлегол во крстосницата на вклучено црвено светло кое означувало забрана за минување во неговиот правец на движење.Со предниот дел на возилото осомничениот удрил во страничниот лев дел на автомобил „Фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, кој се движел од сервисната улица кон булеварот. При несреќата, возачот на автомобилот „Фолксваген“ се здобил со тешки телесни повреди и починал на лице место, а неговата 15-годишна ќерка, сопатничка во автомобилот, се здобила со тешки телесни повреди.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, ценејќи дека има можност тој да се даде во бегство, да се обиде да влијае врз сведоците во постапката или да го повтори делото.​​

Македонија | пред 4 години

272621714_315103773961502_8916361373894686816_n

Во Струмица годинава ќе има карневал

ековната струмичка традиција – Карневалот продолжува оваа година. Тоа е моја и желба на Организациониот одбор, а и на струмичани. Оваа традиција не смее да има долга пауза затоа што ќе ги демотивира карневалските групи за изработка на маски и учество во карневалското дефиле, вели градоначалникот на Струмица, Костадинов.„Но заради пандемијата во којашто се наоѓаме, карневалот ќе биде од локален карактер, а како гости ќе бидат поканети по еден претставник од карневалските групи од странство кои најчесто доаѓаа на струмичкиот карневал и со кои имаме долгогодишна соработка.Карневалските празнувања ќе започнат на 2 март со предавање на клучот од градот на карневалџиите, а ќе завршат на 9 март на празникот Тримери со тримерски ручек и враќање на истиот со почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид 19.Во овие 8 денови ќе ги има традиционалните карневалски содржини, концерт под маски на музичкото училиште „Боро Џони“, маскенбал, детски карневал, бел грав на градскиот плоштад, доделување на награди на најдобрите карневалски маски, афоризми, карикатури и литературни творби на тема карневал, карневалско село – забава на плоштадот, а ќе биде промовирана и Монографија по повод 30 – годишниот јубилеј.Од срце за нашата вековна карневалска традиција“, додаде тој.

Македонија | пред 4 години

mladost

Ќе се приватизира дел од Езерото Младост?

Во понеделник ( 31 јануари) ја закажавте 8-мата седница на Совет. Од многуте важни точки на дневен ред, за мене лично, суштинска е онаа со која вашето мнозинство предвидува оттуѓување( продажба или приватизација) на дел на Езерото Младост кој се наоѓа над самиот асфалтен пат. Се работи за супер атрактивен општински имот кој ќе го купат луѓе кои имаат многу пари. Класика. Приказна која ја читаме и ја живееме како реалност во последните 30 години, вели Советникот од Левица во Општина Велес, Игор Смилев.„И тука не гледам проблем. Идеологијата на светото тројство ДПМНЕ/ДУИ/СДС е таа. Поданици на Парите, бизнисот и , профитот. Ќе си го продадете општинскиот имот за грст златници.Ок е тоа. Не се менува карактер и начин на владеење. Капа долу за истрајноста на вашиот карактер и опстојот на вашата идеологија.Знам, од продадените плацеви на езеро, Општината ќе прибира данок и од него ќе бидеме побогати , попросперитетни, почисти, помалку загадени, попошумени, посигурни, еколошки напредни и.т.н..Знам, јас сум тој лошиот кој не сака нов данок да се слева во општинската каса. Јас сум тој проклет реакционер кој не препознава авангарда , туку залутал во ретровизорот на својот живот и во оковите на утопизмот. Јас сум урбанистички лаик кој не разбира носење редовна програма за урбанистичко планирање на која ете и дошол денот да се реализира со ненадејна заинтересираност за продажба.А да, јас сум од Левица, а тие ОД ЛЕВИЦА нели знаат само да мрчат, да критикуваат, да навредуваат. Некултурни, непрокопсани, невоспитани едни.И да, веројатно сте во право. Такви сме. Ама, карактер јбг. Како вашиот, така и нашиот карактер не се менува.И да, не грижете се, ќе си го изгласате во понеделник сето ова. Заедно со тврдокорните вмровци од ДУИ.Седницата секако нема да оди во живо, ќе биде on line, оти нели корона владее, па на раат ќе си го одработите она кое се бара од вас со совршено алиби.А после репризирајте си ја седницата колку сакате. И онака резилот и глупоста заслужуваат да се видат повеќепати.И онака сме навикнати на репризи - Бабуна, Водно, Езеро Младост, Шар Планина, Бреза, Огражден, Беласица, Кожуф........Башка, не заборавајте, огромен број луѓе и еден куп фирми после големиот пожар даваа пари за пошумување на езерото, а не за градење. Е, ама нивните пари не носат данок за градот.Ах да, за малку ќе заборавев зошто ВИ се обратив вам.Сетете се драги мои кога за време на предизборната кампања ( октомври 2021) вие двајца стоевте на брегот на езерото Младост. Гледавте кон другата( поурбана страна) на езерото. Со гнев и жал констатиравте пред четворица сведоци( ако ни дозволите и ќе ги повикаме на седница) дека никогаш повеќе нема да дозволите понатамошно урбано уништување на езерото. Едноставно, се згрозивте од глетката наспроти вас.Три месеци после тоа( 31 јануари) ве згрозува,или ве зачудува ставот на Левица за референдум по ова прашање.Нашите универзуми се сурово различни. Со различни очи гледаме на светот. Се ќе помине, другари мои.И убавото и грдото. И она што го сакаме, и она што не го сакаме.На крајот Ве поздравувам со еден прекрасен стих од Руми :„Нека вашата добрина биде како дождот,на кому е сеедно врз кого ќе падне„Ако веќе грешите, барем останете добри“, додава тој.

Коментари | пред 4 години

20220127110608

Правдата за случајот „Алфа“ треба да биде спроведена за да се остават на мир невините души, вели БЕСА

Движење БЕСА, партијата на Билал Касами која премина во опозиција, денеска излезе со реакција дека „смртта на невиниот Реџаил Ќерими е смрт на правдата во Северна Македонија“.- Одвлекувањето на политички монтирани случаи и недостигот на правда ја вратија Северна Македонија многу чекори назад. Смртта во затвор на еден од обвинетите во случајот „Алфа“ уште еднаш го покажува непрофункционирањето на правната држава и непоставувањето на правдата на вистинското место.Смртта на Реџаил Ќерими е смрт за правдата во државата и смрт за оние кои долги години не успеаја да го решат овој случај. Движењето БЕСА цени дека правдата за случајот „Алфа“ треба да биде спроведена за да се остават на мир невините души, реагираше Беса.Од партијата изразија и сочувство до семејството и пријателите на Реџаил.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Почина Ќерими осуден на доживотен затвор за нападот на Алфите кај ПМФ

Синоќа почина Реџаил Ќерими кој беше осуден на доживотна затворска казна за случајот со нападот на полициските Алфи кај ПМФ.Од МВР за Курир потврдиле дека кај нив е пријавена смрт на затвореник од КПУ Идризово, Ќ.Р. (52) од Куманово.Алсат неофицијално објавува дека Ќерими починал како последица на мозочен удар. Бил пронајден без свест во затворската бања, а починал при транспортот во болница.На 26 ноември 2008 година, на паркингот на Математичко -природниот факултет во Скопје, во вооружен напад на полициските Алфи еден припадник загина, а двајца негови колеги со кои бил на патрола беа повредени. Во април 2010 година, Реџаил Ќерими и Агим Ислами беа осудени на доживотен затвор.

Македонија | пред 4 години

bujar-osmani

Македонија се уште нема одлучено, дали би испратила свои војници во Украина

Северна Македонија со внимание ја следи актуелната состојба во Украина, велат од Министерството за надворешни работи. На прашањето на Гласот на Америка дали ќе упатат предупредување до македонските граѓани да не патуваат во Украина или пак повик до оние кои веќе се наоѓаат таму да ја напуштат државата, од МНР велат дека формирале работна група што го следела развојот на настаните и безбедносната ситуација во Украина.Некои држави веќе ги повикаа своите граѓани да не патуваат во Украина, како на пример Канада. Американската амбасада во Киев ги повика своите граѓани веднаш да размислат за напуштање на земјата, потсетува Гласот на Америка.Северна Македонија се’ уште нема одлучено, дали евентуално би испратила и свои војници во Украина, како дел од НАТО сојузничките сили. Од Армијата на Северна Македонија велат дека секоја одлука се носи на повисоко ниво и оти во моментот работат според годишен план за работа.Министерот за надворешни работи Бујар Османи во телефонски разговор вчера со Дерек Чолет советник на Стејт департментот на САД, разменил мислења за актуелната безбедносна состојба во Европа и актуелните случувања во и околу Украина.„Беше изразена взаемна поддршка за суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите на Украина, повлекувајќи ја важноста од заштита на човековите права. Воедно, ја истакнаа значајноста од заеднички пристап кон актуелните безбедносни предизвици и упатија повик за деескалација на состојбите во интерес на европската сигурност. Во тој контекст, ги поздравија напорите на меѓународните партнери и заложбите во рамки на НАТО и ОБСЕ за смирување на состојбите и зачувување на мирот“, се вели во соопштението на МНР.

Македонија | пред 4 години

remenski

Ременски: Пријавителот на докажан и очигледен криминал станува подвижна мета за бандитите кои креираат и рекетираат

Експратеничката Фросина Ременски која е обвинета и во случајот „Меѓународен сојуз“, посочува дека ја разобличува Вилма Русковска, но и вештаците кои според Ременски не се вештаци, а изготвуваат извештаи поврзани со одземени персонални уреди преку чии податоци се докажува вина во судски предмети.Ременски, ви ја пренесуваме во целост:ТАЗИ ДУПКА, НЕ Е ДУПКА❗Таман кога ќе помислиш дека си ги напишал последните епизоди од крими-серијата за "најорганизираното прикривање на организиран криминал" и можеш да ги емитуваш, ОП еве ти уште 4-5 епизоди плус.Вчерашниот (26.01.2021) испит по информатика и форензика што се одржа мојот технички советник (професор по компјутерски науки) на рочиштето за случајот Меѓународен сојуз и декемвриското рочиште (2020) на кое Катерина Јовановска се бранеше себе си и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, БЕА КРАЈ НА ПРОГРАМАТА или во превод голем срам за нив, за МВР и за ОЈО ГОККМојот технички советник вчера директно го испрашуваше помладиот инспектор Ивица Мицковски за неговата стручност срочена во четири извештаи за "вештачење" (!?) на предмети одземени од мојот дом во НЕЗАКОНСКИ ПРЕТРЕСЗа да ја сфатите целта, упорност и моето инсистирањето овие лица да се појават во Суд, го пренесувам последното изјавено вчера од ЈО Ивана Трајчева пред Суд и мојата неколку пати кажана изјаваЈО Ивана Трајчева која едвај дочека да заврши продолжението на "испитот" од декември до вчера, пред Судот изјави:"ОЈО за ГОКК од бр. 60 од листата на докази - извештаи од "вештачење" на 4 одземени предмети од Фросина Ременски, НА СУДОТ НЕ МУ ПРЕДЛАГА ДА СЕ ИЗВЕДАТ ДОКАЗИ, туку да се изведат само "извештаите"Во неколку мои јавни изјави, а во контекст на ПОТВРДАТА што вчера ја даде ЈО кажав дека:"Јас - Фросина Ременски, со мојата упорност околу докажувањето на НЕЗАКОНИТОСТИТЕ во т.н, "вештачење" на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и докажувањето на 👉НЕЗАКОНСКИОТ ПРЕТРЕС, немам цел ДА РУШАМ НИКАКВИ ДОКАЗИ, ЗОШТО ДОКАЗИ НЕМА И НЕ СЕ ПРЕДЛАГААТЦелта ми е да докажам и да покажам на пошироката јавност, на Судот, на ОЈО, на сите одговорни во МВР, дека, потполно неисплатливо е во изрекетиран случај, преку ПР да ме обвинат тие што 100:0 ги фатив во криминал и сеуште го документирам прикривањето на тој криминал со опремата која сакаат да ја "легализираат", преку вакви т.н., постапки и наредби, небулизни и незаконски извештаи кои ОЈО си ги користи да го лаже Судот не само во овој, туку и во многу други случаи.📢 Логиката "Да го убиеме кучето што ги чува овците, наместо да го ловиме волкот што ги јаде овците" Ви е потполно погрешна и САМОУБИСТВЕНА❗Но, за испитот ...Покрај стручната терминологија и знаење со кој професорот го одржа испитот вчера, на кој "вештакот" Ивица Мицковски падна, тој меѓу другото си кажа:👉"Не сум вешто лице",👉"Немам лиценца од Министерство за правда",👉"Не сум запишан во Регистер на вештаци",👉"Лабараторијата на дигитална форензика не е акредитирана и лиценцирана" (предмет од пријавено кривично дело 2013) 👉"Постапувам по наредби на ЈО за вештачење, ама не сум вештак и не изготвувам вешти наод и мислењае",👉"Не знае дали работи на стандардизирани форензички хардвери". 👉"Си гледал материјал без лозинка, ама напишал дека за да се гледа материјал потребна била лозинка" итн.‼ Останува нејсно за овој правен систем, како тогаш ЈО Вилма Русковска издава наредба за вештачење, иако знае (а, знае и Судот) дека, таму кај што ја дава (Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика) НЕМА НИТУ ЕДЕН ВЕШТАК, дека, ТАМУ НЕ СЕ ВРШИ ВЕШТАЧЕЊЕ, дека таму се работи на дива опрема која НЕ Е АКРЕДИТИРАНА, СТАНДАРДИЗИРАНА И ЛИЦЕНЦИРАНА, затоа што е таа дива опрема е предмет на кривична пријава поднесена во НЕЈЗИНОТО ОЈО уште во 2013 година, што прават обиди да го ПРИКРИЈАТ‼За време на неговото испитување неговата шефица Катерина Јовановска го слушаше, а немаше право да присуствува на рочиштето, зошто беше испитана во декември 2020. Се си мислам дека, Ивица и покрај ова што го кажа, ќе кажеше повеќе, ако не беше присутна таа.👉Заклучокот од сето ова е следен:‼Во нормална земја и нормален некорумпиран правосуден систем, по вакви сведочења кои се потврда на кривичната пријава за оваа опрема/лабараторија од 2013 година, веднаш, под итно ЌЕ СЕ ПОСТАПЕШЕ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ, ќе се превенираа хаварии во судски постапки и ќе се земеа на одговорност СИТЕ што учествувале во овој криминал и во неговото прикривање од 2012 до денес❗✅ Судот мора да го почитува законот и да не прифаќа вакви "вештачења" и "вештаци" од ОЈО и МВР кои немаат врска со тоа.‼Во нашиот fucking систем, пријавителот на докажан и очигледен криминал станува подвижна мета за бандитите кои креираат и рекетираат ПР-обвинение од тие што треба да ги гонат токму нив.Тој што го открил и пријавил криминалот станува повиновен што го открил, отколку тие што го сториле.Случајот со Катерина Јовановска во овој циркуз од систем е доказ за тоа - таа што сторила и го прикрива својот криминал се јавуваа како "вештак" во измислен случај за таа што токму неа и другите ги открила и пријавила‼📢 Штета што на овие рочишта немаше заинтересирани новинари ДА ГО ПРЕНЕСАТ СРАМОТ И АПСУРДОТ❗За тој срам организирано се молчи.✅🚩Во епизодата "Тражили сте - гледајте" оваа втората логика на fucking системот за борба против организиран криминал и корупција, ќе се потрудам да им се удри од глава НА СИТЕ "ГЛУМЦИ" кои влегоа во оваа режија против оние кои никогаш не глумеле борба, туку се бореле и ќе се борат за ОДГОВОРНОСТ и НОРМАЛНОСТ, а не за ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА КРИМИНАЛОТ❗Доволно тешко оди легализацијата на криминалот до сега ..., и тоа е криминал - со прикривање што значи ПОМАГАЊЕ со непостапување

Коментари | пред 4 години

Ljubomir-Joveski-696x464

Терористичка организација со закани по живот за јавниот обвинител Јовески

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година во 10:26 часот, доби закана по неговиот живот.„Препорачаната пратка со заканата е напишана на македонски и на англиски јазик. Заканата се однесува на конкретен кривичен предмет по кој постапката е завршена во декември 2021 година, со тоа што во предметот е донесена Резолуција со која постапката е запрена бидејќи е утврдено дека нема место за јавнообвинителско постапување. Заканата, како што се наведува во писмата, е од терористичка организација која се бори и убива за неправда и нејзините членови се подготвени да гинат за целите на организацијата.Јавниот обвинител на Северна Македонија истакнува дека се залудни ваквите закани и во оваа прилика нагласува дека заканите, па дури и да се по живот нема да го поколебаат во примената на законите и во професионалното и одговорно постапување на Јавното обвинителство.Пратката ќе биде доставена до Министерството за внатрешни работи заради испитување на содржината на наводите и лицето кое ја експедирало пратката.Јавниот обвинител ја става на увид на јавноста содржината на писмената пратка која ја доби на 26.1.2022“, информираа од ЈО.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања