ТОП

maksim-dimitrievskio

Нема поблиски народи на овие простори од македонскиот и српскиот, вели Димитриевски

Нема поблиски народи на овие простори од македонскиот и српскиот, вели градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, во Занаетчиски дом, на свечената Светосавска академија, како меѓународно афирмирана манифестација по повод одбележување на Денот на Свети Сава, национален празник на Србите во РСМ.– Куманово е Македонија во мало. Ние сме мултикултурно општество во коешто има место за сите, без разлика дали сме Македонци, Срби, Турци, Албанци, Роми, Власи или било која етничка заедница којашто опстојува на овие македонски и балкански простори. Вечерва за мене е голема чест, а уште поголемо задоволство да присуствувам на оваа свечена академија, Светосавска академија, во чест на човек којшто на овие простори го ширел христијанството, се залагал за мир, взаемно почитување, вреднување и секако за соживот. Тоа е нашето Куманово кое низ векови се ткаело, токму низ ваквите мисли и идеи. Затоа, со право можеме да кажеме дека сите ние сме потомци на овие простори, секој ја негува својата традиција, но мора да ја вреднува и туѓата. Нема поблизок народ на овие простори од македонскиот и српскиот. И тоа не го докажуваме ние политичарите, туку тоа всушност го докажуваат самите граѓани на дело, проткаени низ заеднички бракови, измешани традиции, создадена заедничка љубов којашто дополнително создава заеднички вредности – рече Димитриевски во обраќањето.

Македонија | пред 4 години

nesreata-na-avtobusot-vo-bugarija-snimena-od-visoko-750x430-1

Семејствата на загинатите незадоволни од бугарската истрага: Ќе бараме дополнителна истрага, ова ќе оди до Стразбур

Причината за автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, во која загинаа 45 македонски државјани, е тоа што возачот изгубил контрола врз автобусот, како и големата брзина на возење, несоодветна за условите на патот – изјави заменик-главниот обвинител Борислав Сарафов, претставувајќи го финалниот извештај на бугарското јавно обвинителство за несреќата на автобусот на македонската агенција „Беса турс“.Членовите на семејствата и на преживеаните во трагичната несреќа не веруваат на извештајот и велат дека ќе бараат дополнителна истрага.– Ќе бараме вистинска истрага. Ова ќе оди до Стразбур! Нека се истакне вистината, некој нека ја преземе одговорноста. Како може шоферот да ја надминал дозволената брзина? Кој автобус оди 120 на час? Јас цел живот сум шофер и тој пат сум го возел неколкупати. Вистината ќе излезе на виделина. Некој нека каже што имало во автобусот, а не дека возачот ја надминал брзината. Не може автобусот тукутака да изгори целосно за 30 минути! Одново ќе има вештачење. Ќе се оди во Стразбур. Немам доверба ни во нашата ни во бугарската држава веќе. Имаме живи луѓе што ја виделе вистината, не им веруваме, а веруваме дека е виновен шоферот, кој е мртов – изјави Ќамуран Пајазитовски, роднина на патник во автобусот на „Беса транс“ за „Слободен печат“.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 4 години

180120222_PVRSM-_Kovacevski_precek-na-premierot-na-Bugarija_1

Наводните работни групи се обландата со која сакаат да го покријат пазарот со идентитетот, јазикот и историјата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Договорот кој Заев го склучи со Бугарија стана пречка на Македонија во ервоинтегративниот пат. Истата погубна политика на Заев ја продолжува и пиунот Ковачевски. Наводните работни групи и меморандуми за кои сега зборува Ковачевски се обландата со која сакаат да го покријат пазарот со идентитетот, јазикот и историјата, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Впрочем и досега никој и ништо не ги спречувало двете влади да имаат соработки на економски, енергетски или инфраструктурен план. Да потсетиме дека владата на заевизмот потпишуваше меморандуми со бугарската страна за истите области и во 2017-та година, поточно пред 5 години, па резултати од тоа нема никакви. И тогаш говореа за економска, енергетска соработка, изградба на железничка линија, коридор и слично, па видовме дека од тоа ништо не реализираа. Ниту метар железница, ниту нов граничен премин, ниту позначајна енергетска соработка, ниту економски бум. Напротив, токму после договорот за добрососедство на заевизмот, добивме низа вета и најлоши меѓудржавни односи меѓу Македонија и Бугарија.Додека помпезно ги најавуваат ваквите листови хартија, во тајност се договараат идентитетските прашања кои се од клучен национален интерес. Да не беше на штета на Македонија, јавноста до сега ќе ги знаеше одговорите на прашањата од пакетот 5+1 во форма на конкретни материјали. Народот веќе не верува во зборот на заевизмот, чиј поклоник е и самиот пиун Ковачевски. Во зборот и намерите на Ковачевски не веруваат ниту членовите на СДСМ, а ниту довчерашните соработници на Заевизмот“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

posta

Поштарите повторно ќе носат пензии до врата

Од АД Пошта информираат дека повторно ќе почне на пензионерите да им ги доставува своите пензии до дома.Ова услуга ќе биде достапна за сите пензионери кои пензијата ја примаат на сметка во Халк банка или во НЛБ банка.Како што објави Пошта, секој пензионер кој сака пензијата да ја добива дома треба да пополни формулар во банката.Од денеска почнува етапната исплата на јануарски пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на здравствена криза. Јануарските пензии ќе бидат зголемени за 2.9 отсто, согласно законското усогласување кое се врши двапати годишно во јануари и јули.Усогласувањето се врши според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи објавени од Државниот завод за статистика.

Македонија | пред 4 години

2-1

Избрани новите заменици министри од СДСМ

Вечерва се одржа седница на Централниот одбор на СДСМ. Поради заштита на здравјето седницата се одржа онлајн, преку дигитална платформа. Членовите на Централниот одбор дискутираа за повеќе актуелни теми, здравствената криза предизвикана од пандемијата, мерките за заштита на здравјето на граѓаните и здравствениот систем, подготовките за почеток на училишната година, за мерките кои ги презема државата како одговор на глобалната енергетска криза и прашањата за продолжување на европскиот пат на земјава, информира СДСМ.„Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, информираше дека Владата и надлежните институции интензивно ја следат состојбата со пандемијата и врз основа на анализите и препораките на стручните лица и надлежната здравствена Комисија се преземаат мерки за заштита на здравјето на луѓето, за обезбедување на соодветни здравствени капацитети и функционалност на здравствениот систем.Врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, согласно препораките на УНИЦЕФ, наставата ќе продолжи со физичко присиство, со доследно придржување и спроведувањето на протоколите.Во однос на глобалната енергетска криза преземени се сите мерки за обезбедување струја од домашно производство, решен е проблемот со парното во Скопје со преземање на компанијата од страна на државата, моментално фокусот е ставен на ликвидноста на компаниите и заштита на граѓаните и фирмите.Беше оценето дека новата енергија и пристап отвора ново поглавје во односите помеѓу Северна Македонија и Бугарија. Се одржа успешна меѓувладина седница на која беа формирани пет работни групи и се потпишаа важни меѓудржавни договори за проекти кои се од интерес на граѓаните од двете држави.Двете влади и надлежните министерства отворија соработка во областа на инфраструктурата, земјоделството, развој на малите и средни претпријатија, либерализација на превозот на стоки, намалување на цената на роамингот.Посебен фокус се стави на железничкото поврзување на двете држави како и инвестиции во важни патни делници од Коридорот 8 што оваа година ќе биде приоритет за Владата предводена од СДСМ.Преку дијалог и меѓусебна почит може да дојдеме до решенија кои ги почитуваат европските вредности и достоинството на двата народи.Централниот обор на СДСМ го овласти претседателот и премиер Ковачевски, да разговара со партнерите во владата и парламентарното мнозинство за избор на заменици министри.На предлог на претседателот Ковачевски, Централниот одбор на СДСМ донесе одлука за замениците министри од СДСМ:Заменик министер за финансии - Филип Николовски. Николовски е независен финансиски и инвестициски експерт, со долгогодишно искуство во финансиите и инвестициското банкарство.Заменик министер за здравство - Доцент доктор Владимир Рендевски. Тој е доцент по хирургија и неврохирургија на катедрата на Медицинскиот факултет во Скопје, докажан хирург на Универзитетка клника за неврохиругија кој има објавено над 70 стручни трудови.Заменик министер за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски. Дипломиран економист во насоката финансиско сметководствен менаџмент, актуелен заменик министер“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

darko-kaevski

Каевски тврди дека за шест месеци ќе се решат отворените прашања со Бугарија

Пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски вели дека во следните 6 месеци ќе ги решат отворените прашања со Бугарија.„Ова што се случуваше изминатата недела во Скопје и Софија е чекор кон деблокада и верувам дека со ваков искрен чесен, отворен и јавен пристап кон решавањето на сите отворени прашања во делот на спорот со Бугарија, можеме да дојдеме до решение, кое ќе го деблокира процесот на преговори на Македонија со ЕУ“, вели пратеникот Каевски во емисијата „Топ тема“.

Македонија | пред 4 години

bandera-za-struja-960x616

Жители на Скопје редовно плаќаат, а немаат струја

Жители од Шуто Оризари речиси два месеци имаат проблеми со струјата. Сите сметки редовно ги плаќаат, но половина ден седат во темница. Велат недозволиво е во 21 век да седат на свеќи. Принудени се на минусни темепратури да одат по роднини за да се избањаат и исперат. Се обратиле и до ЕВН, но велат се било залудно, пренесува Сител ТВ.За проблемот одговор побарале и од компанијата. Од таму велат дека се се случува поради нелегални приклучоци.Електродистрибуција секојдневно работи на реконструкција на мрежата и санација на дефектите, но на таа улица истите за жал се повторуваат како резултат на нелегално користење на електирчна енергија.Поради преоптовареност на мрежата, горат осигурачи и кабли, а времетраењето на санацијата зависи од комплексноста на дефектот, велат од ЕВН.Граѓаните револтирани велат дека дивоприклучените не се нивни проблем. Компанјата треба да си најде решение затоа што не може поради поединци да страдаат и оние кои редовно си ја плаќаат услугата.Инаку и минатата зима, жителите од овој дел на градот го имаа истиот проблем. Освен тие, до нашата редакција на проблеми со електричната енетија се пожалија и жители од Стајковци, поради што утре во попладенвните часови ќе излезат на протест во селото.Во изминатиот период постојано има и известувања за прекини во снабдувањето со струјата во различни делови од градот.Извор: Сител

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-10-08-084800

Од 1 февруари учениците се враќаат на училиште

На денешната седница Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари.Оваа одлука е донесена врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ, а Владата повикува на доследно придржување и спроведувањето на протоколите за одржување настава со физичко присуство.

Македонија | пред 4 години

koronavirus-korona-kovid-test

Се намалува периодот на изолација на позитивните на ковид

Владата на Република Северна Македонија на денешната 7-ма редовна седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство на КОВИД-19 како и периодот на самоизолација/карантин на лицата кои биле во близок контакт со потврден случај со КОВИД-19.Согласно овие препораки на лицата кои се лабораториски потврдени на КОВИД-19 (со PCR тест или со брз антингенски тест), а кои не развиле симптоми на болест односно се асимптоматски случаи на КОВИД-19 им се одредува домашна изолација од седум дена од денот на тестирањето. По завршување на периодот на изолацијата, потребни се дополнителни три дена строго почитување на мерките за лична заштита (носење заштитна маска N95/FFP2 при престој во затворен простор со други лица или на отворено кога не може да се држи растојание од два метри, честа дезинфекција на раце, избегнување на групирање).За лицата кои се лабораториски потврдени на КОВИД-19 (со PCR тест или со брз антингенски тест), а кои развиле клиничка слика соодветна на вирусот, односно се симптоматски случаи да им се одредува изолација седум дена од денот на тестирањето плус три последователни денови доколку лицето е без покачена телесна температура.Според овие промени, лицата кои имале блиски контакти на потврдени случаи на КОВИД-19 се упатуваат во домашна самоизолација/карантин во траење од седум дена од денот на последниот контакт со потврдениот случај, а по завршување на периодот на самоизолацијата/карантинот потребно е дополнителни три дена строго да ги почитуваат мерките за лична заштита.Исклучок од мерката домашна самоизолација/карантин да има за оние лица кои исполнуваат еден од следните критериуми:- Вакцинирани со COVID-19 вакцина со две или три дози, а од последната доза не поминале повеќе од шест месеци;- Прележани со COVID-19, а позитивниот тест не е постар од шест месеци;- Лицата кои се блиски контакти, а кои заради исполнување на горенаведените критериуми се исклучени од самоизолација/карантин, задолжително треба да ги почитуваат мерките за лична заштита во период од 10 дена од последниот контакт со потврдениот случај.Датумот на последниот контакт со потврдениот случај се смета за нулти ден.

Македонија | пред 4 години

koronavirus-korona-kovid-test

Денес регистрирани 254 реинфекции со ковид

Во изминатите 24 часа направени се 6.119 тестови, а регистрирани се 2.019 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 968, Битола – 150, Кавадарци – 104, Куманово – 75, Тетово – 71, Прилеп – 64, Велес – 62, Струмица – 61, Гевгелија – 48, Кочани – 45, Охрид – 41, Штип – 38, Гостивар и Ресен – по 33, Неготино – 31, Радовиш – 27, Струга – 26, Кичево – 24, Свети Николе и Делчево – по 18, Валандово – 13, Берово – 12, Виница и Богданци – по 10, Крива Паланка – 9, Крушево, Демир Хисар и Македонски Брод – по 5, Кратово – 4, Пробиштип, Пехчево и Дојран – по 2, Дебар, Македонска Каменица и Демир Капија – по 1.Од вкупниот број на позитивни (2.019), регистрирани се 254 реинфекции, од кои две се втора реинфекција.Регистрирани сe 973 оздравени пациенти од: Скопје – 558, Охрид – 87, Битола - 70, Куманово – 38, Струга – 29, Струмица – 26, Прилеп – 25, Кавадарци – 20, Штип – 19, Тетово – 15, Гевгелија – 11, Ресен – 9, Кичево и Крива Паланка – по 8, Гостивар – 7, Велес, Радовиш и Крушево – по 6, Дебар – 5, Свети Николе и Берово – по 4, Кратово – 3, Кочани и Валандово – по 2, Виница, Богданци, Демир Хисар, Пробиштип и Демир Капија – по 1.• Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 15 починати лица: 4 починати лица од Скопје (61г, 70г, 85г и 85г), 3 починати од Прилеп (71г, 72г и 82г), 2 починати лица од Битола (84г и 84г) и по едно починато лице од Гостивар (72г), Охрид (81г), Кочани (70г), Свети Николе (79г), Струмица (78г) и Штип (78г). Од пријавените лица 14 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се четри починати лица, од Скопје (1), Велес (1), Делчево (1) и Радовиш (1) на возраст од 72г до 75г. Пријавените се починати во период од 18.01.2022 до 22.01.2022г. Од пријавените лица три се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.Од вкупниот број на починати лица (n=19), шест лица се целосно вакцинирани, а кај 17 се регистрирани коморбидитети.Направени се 6.119 тестови преку: ИЈЗ-533, ЦЈЗ Скопје-108, ЦЈЗ Битола-99, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово-95, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-5, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–177, Жан Митрев (Филип Втори)-171, Авицена-237, Биотек-298, Систина-117, лабораторија Лаор-181, Синлаб-43, Ремедика-20, Плодност-97, Генеа-17, Никоб Лаб-1.114, ВФВ Медикал-113, Ели Медика-43, Ројал Медика–32, Спектра-ММ-34, Рапид Лаб–48, Жан Митрев Струмица–20, Нова Лаб Дијагностика–22, Рамус-57, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.366.Досега во земјата се направени вкупно 1.762.045 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 261.347, бројот на оздравени пациенти е 231.179, на починати е 8.285, а бројот на активни случаи изнесува 21.883.

пред 4 години

panovski

Омикрон сојот тешко дека некој ќе го избегне, вели Пановски

Микробиологот проф. д-р Никола Пановски во гостувањето на ТВ 24 вели дека заразата со омикрон варијантата тешко дека некој ќе ја избегне, но болеста полесно поминува кај оние кои веќе прележале ковид и кои се вакцинирале против коронавирусот.– Бројот на денови за изолација треба да биде 7 дена, многу малку ќе придонесеме за ширење на болеста, и најважно е тоа што болеста кај прележаните и вакцинираните полесно поминува. Доколку некој праша дали ќе биде заштитен од омикрон тоа е многу тешко бидејќи сите ќе го прележиме. Некој на нога ќе го помине, особено што според податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека 30 проценти од тестираните досега се асимптоматски случаи. Замислете колку луѓе има кои што одат на работа, не се тестираат и се позитивни. И ако го промениме прагот на изолација, тогаш треба да се затворат сите установи – појаснува професорот Пановски.Според докторот заштитени се оние што го прележале делта сој и што се вакцинирани со трета доза.– Делта сојот не замина. Се надевам дека овие 26 починати од вчера се со делта сојот. Сметам дека делта варијантата доминира, а нашата смртност е недалеку од онаа во светот. Смртноста е помала во однос на заразеност. Заради правилно лекување смртноста се намалува. Колку што се заразуваат толку и оздравуваат. Заштитени се оние што прележале делта сој и што се вакцинирани со трета доза. Најбитно е колку од тие реинфицирани и смртни случаи се од тие вакцинирани. Претседателот на Светската здравствена организација не кажува ништо добро, ништо охрабрувачко, а тоа води во депресија – вели Пановски.

Македонија | пред 4 години

palmi

(ФОТО) Следуваат минусни температури, со ќеси се заштитуваат единствените палми во Скопје

Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве превентивно ги заштитија крошните на палмите на кејот на Вардар.„Деновиве нашите екипи превентивно ги заштитуваа крошните на палмите на кејот на Вардар пиради најавата за уште пониски минусни температури“, велат од претпријатието.Инаку палмите беа поставени на градскиот кеј од 2015 година, но голем дел од нив не ги преживеаја условите кои ги наметнува нашето поднебје.

Скопје | пред 4 години

jelena-filipovic-750x430-1

Мајката на Јелена го усмрти пешакот кај „Гоце Делчев“

Нова трагедија во кумановското семејство Филиповиќ. Како што дознава „Слободен печат“, во сообраќајката во која денеска загина пешак на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, зад воланот на возилото марка БМВ била мајката на загинатата Јелена Филиповиќ – девојката чии фотографии на билборди осамнаа пред скопскиот кривичен суд со напис „Возев пијан и дрогиран, ја убив Јелена“.Како што дознава „Слободен печат“, обвинител од ОЈО Скопје извршил увид и презема дејства за утврдување на фактите за настанатата трагедија во близина на мостот Гоце Делчев во центарот на Скопје.Првичните информации се дека до несреќата дошло кога автомобил марка БМВ со кумановски регистерски таблички со кој управувала Г.Ф. (42) удрил во пешак С.А. (76) кој преминувал непосредно во близина на мостот. Телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 4 години

raskovski34

Семејството Рашковски со реакција до УМС: Подлегнувате на ниски страсти и недостоинствена политика

Почитувани претставници и активисти на УМС ВМРО ДПМНЕ, за почеток да Ви се заблагодариме како семејтво за вашата грижа во однос на нашата финансиска состојба, по моето заминување од функцијата во Владата на РСМ. Навистина сте се потрудиле да бидете забавни и со високо ниво на сатиричност со спроведувањето на вашата акција, но додека Вие си играте со мојот и угледот на мојата фамилија и за времетраењето на вашатаакција, на неколку метри од Вашиот перформанс, во тој период својот живот во сообраќајни незгоди го изгубија две лица. Додека Вие правите перформанси за забава, нашата земја за жал сеуште сме на врвот на листата по број на жртви од сообраќајни незгоди се вели во реакцијата на семејството Рашковски во врска со перформансот на УМС на ВМРО ДПМНЕ„Наместо млади и прогресивни луѓе како што се претставувате да се занимавате со нови технологии коишто треба да не направат европска држава и да ни го олеснат секојдневието, Вие подлегнувате на ниски страсти и недостоинствена политика од која никој нема никаква корист. Ве поканувам да присуствувате на секое судење за лично да се уверите дека во моето работење нема ниту едно криминално дејствие, ниту еден денарпари на граѓаните не се злоупотребени, ниту пак е прекршена било каква процедура при јавните набавки.Јас нема да Ви сугерирам од каде потекнува мојот и имотот на моето семејство којшто е плод на 20 години работен ангажман, за кои средства може слободно да проверите дека секоја година уредно се пријавувани како до УЈП, така и до ДКСК, туку доколку ги следите судењата самите сакам да заклучите дека целокупниот имот е стекнат на легален начин. Од Вас како прогресивни сили очекувам да поддржите проекти кои спасуваат животи независно од политичката определеност на учесниците во сообраќајот“, се вели во реакцијата.

Македонија | пред 4 години

bolnica-kovid

Над 2.000 заразени со ковид

Направени се 6.119 тестови, а регистрирани се 2.019 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 968, Битола – 150, Кавадарци – 104, Куманово – 75, Тетово – 71, Прилеп – 64, Велес – 62, Струмица – 61, Гевгелија – 48, Кочани – 45, Охрид – 41, Штип – 38, Гостивар и Ресен – по 33, Неготино – 31, Радовиш – 27, Струга – 26, Кичево – 24, Свети Николе и Делчево – по 18, Валандово – 13, Берово – 12, Виница и Богданци – по 10, Крива Паланка – 9, Крушево, Демир Хисар и Македонски Брод – по 5, Кратово – 4, Пробиштип, Пехчево и Дојран – по 2, Дебар, Македонска Каменица и Демир Капија – по 1.Од вкупниот број на позитивни (2.019), регистрирани се 254 реинфекции, од кои две се втора реинфекција.Регистрирани сe 973 оздравени пациенти од: Скопје – 558, Охрид – 87, Битола - 70, Куманово – 38, Струга – 29, Струмица – 26, Прилеп – 25, Кавадарци – 20, Штип – 19, Тетово – 15, Гевгелија – 11, Ресен – 9, Кичево и Крива Паланка – по 8, Гостивар – 7, Велес, Радовиш и Крушево – по 6, Дебар – 5, Свети Николе и Берово – по 4, Кратово – 3, Кочани и Валандово – по 2, Виница, Богданци, Демир Хисар, Пробиштип и Демир Капија – по 1.• Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 15 починати лица: 4 починати лица од Скопје (61г, 70г, 85г и 85г), 3 починати од Прилеп (71г, 72г и 82г), 2 починати лица од Битола (84г и 84г) и по едно починато лице од Гостивар (72г), Охрид (81г), Кочани (70г), Свети Николе (79г), Струмица (78г) и Штип (78г). Од пријавените лица 14 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се четри починати лица, од Скопје (1), Велес (1), Делчево (1) и Радовиш (1) на возраст од 72г до 75г. Пријавените се починати во период од 18.01.2022 до 22.01.2022г. Од пријавените лица три се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.Од вкупниот број на починати лица (n=19), шест лица се целосно вакцинирани, а кај 17 се регистрирани коморбидитети.Направени се 6.119 тестови преку: ИЈЗ-533, ЦЈЗ Скопје-108, ЦЈЗ Битола-99, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово-95, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-5, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–177, Жан Митрев (Филип Втори)-171, Авицена-237, Биотек-298, Систина-117, лабораторија Лаор-181, Синлаб-43, Ремедика-20, Плодност-97, Генеа-17, Никоб Лаб-1.114, ВФВ Медикал-113, Ели Медика-43, Ројал Медика–32, Спектра-ММ-34, Рапид Лаб–48, Жан Митрев Струмица–20, Нова Лаб Дијагностика–22, Рамус-57, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.366.Досега во земјата се направени вкупно 1.762.045 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 261.347, бројот на оздравени пациенти е 231.179, на починати е 8.285, а бројот на активни случаи изнесува 21.883.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 118549, Активни 11802Куманово 14497, Активни 770Прилеп 12519, Активни 790Битола 12372, Активни 1691Тетово 12160, Активни 548Гостивар 8629, Активни 348Кавадарци 8612, Активни 711Велес 8280, Активни 464Охрид 7794, Активни 635Штип 7400, Активни 328Струмица 7028, Активни 482Кичево 4850, Активни 312Кочани 4545, Активни 259Струга 4303, Активни 264Гевгелија 3635, Активни 441Неготино 3045, Активни 259Свети Николе 2371, Активни 125Ресен 2293, Активни 255Радовиш 2174, Активни 198Крива Паланка 2151, Активни 108Делчево 1722, Активни 176Берово 1626, Активни 103Дебар 1492, Активни 17Валандово 1315, Активни 175Виница 1269, Активни 58Пробиштип 1240, Активни 40Кратово 869, Активни 60Богданци 834, Активни 93Крушево 811, Активни 129Демир Хисар 759, Активни 76Македонски Брод 621, Активни 42Македонска Каменица 487, Активни 46Демир Капија 477, Активни 29Пехчево 412, Активни 33Дојран 206, Активни 16

пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања