ТОП

IMG_0038

Се влошува состојбата со короната во Македонија, се отвораат нови оддели

Во продолжение соопштение за медиуми од МЗ:На состанокот на Комисијата за заразни болести на кој присуствуваше министерот за здравство, д-р Беким Сали беше разгледана актуелната епидемиолошка состојба со Ковид–19 во земјава. Заради континуираниот пораст на бројот на новозаболени и со цел проширување на болничките капацитети, Комисијата препорача од клиниките кои претходно работеа како ковид-центри во рамки на првата фаза, Клиниката за кожни болести и Клиниката за неврологија во Скопје во наредните денови да продолжат со работа како ковид центри и да се отвори дополнителен ковид оддел во ГОБ „8 Септември”. За ова сите три јавни здравствени установи веднаш се известени за преземање на сите неопходни активности.Согласно дневните извештаи од инфективните одделенија и ковид центрите, во моментот се хоспитализирани вкупно 573 лица, од кои 180 во Скопје и 393 лица на инфективни одделенија во државата.Воедно, Министерството за здравство ги задолжи универзитетските клиники, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза кај децата Козле-Скопје и Специјалната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“, при зголемување на бројот на новозаболени, а на кои им е потребна хоспитализација да бидат организациски подготвени за спроведување на здравствениот третман на пациентите болни од Ковид-19. Во однос на медицинскиот персонал, јавните здравствени установи се известени и задолжени да назначат лица – среден медицински кадар за вклучување во работата на КИБФС (медицински сестри и болничари).Исто така, Комисијата за заразни болести, следејќи ја епидемиолошката состојба, препорача почнувањето на второто полугодие од учебната 2021–2022 год, наставата да се одвива со физичко присуство за сите ученици во основно и средно образование со доследно почитување на превентивните мерки и протоколи.

пред 4 години

271867189_247821490837101_8340141351745439293_n

ФОТО: Страшна несреќа после Стража кон Охрид

Страшна несреќа после Стража накај Охрид. Автомлбил се преврте на кров. Нема информации за повредени, сообраќајот е забавен.На ова место претходно, се случи сообраќајна несреќа со смртен исход.Повеќе информации се очекуваат од полицијата.

Македонија | пред 4 години

272718280_10224335181240151_1323032615599972143_n

Обвинителство тешката за сообраќајка кај МНТ

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа во близина на мостот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје.„Првичните сознанија упатуваат дека до несреќата дошло кога автомобил марка БМВ со кумановски регистарски ознаки удрил во пешак кој ја преминувал улицата во непосредна близина на мостот.По наредба на јавен обвинител ќе се врши обдукција на телото на починатиот, а од лицето кое управувало со автомобилот земени се примероци од крв и урина за да се утврди евентуално присуство на алкохол или други недозволени средства. Со наредба на јавниот обвинител ќе бидат обезбедени и снимките од видео надзорот на околните објекти со цел да се утврдат причините за несреќата. Дежурниот јавен обвинител издаде наредба и за технички преглед на автомобилот“, велат од обвинителството.Фото: Инфомакс

Скопје | пред 4 години

272718280_10224335181240151_1323032615599972143_n

ФОТО: Детали за страшната сообраќајка кај МНТ каде почина пешак

Тешка сообраќајка пред малку се случи во близина на Македонски народен театар на раскрсницата на булеварот Гоце Делчев.Денес во 11,25 часот било пријавено дека на бул.“Гоце Делчев“ патничко моторно возило “бмв“ со кумановски регистарски ознаки удрило во пешак. Во несреќата пешакот починал на местото на настанот. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Во моментов се врши увид од увидна екипа од СВР Скопје.“, се вели во соопштението од МВР.Според информациите на Скопје1, лицето е родено 1946 година, односно имало 76 години.Фото: Инфомакс

Скопје | пред 4 години

lugje-karpos-esen-korona-1

Ризикот од „омикрон“ сојот е сѐ уште висок

Ризикот од сојот „омикрон“ на коронавирусот останува висок. Ова доцна синоќа го соопшти Светската здравствена организација, откако се регистрираше нов рекордн раст на новозаразените со Ковид-19, пренесе АФП.„Пријавени се над 21 милион нови случаи, што е најголем број неделни случаи од почетокот на пандемијата“, соопшти СЗО во својот неделен епидемиолошки преглед.Во текот на неделата беа пријавени речиси 50.000 смртни случаи.

пред 4 години

rasko

„Да имаше Рашковски 7-8 деца сега ќе можеше ЕВН да ја купи“, сите ги коментираат мекиците на Драги

Драги Рашковски вели дека тие се традиционално семејство кое сака да подарува и оти неговите деца често добилале подароци за родендени, крштевки, мекици и сл.„Децата имаат заштеда која е од нивните родендени, а се друго децата што поседуваат е мој имот што јас сум го имал и претходно“, изјави Рашковски.Ова се дел од реакциите на социјалните мрежиhttps://twitter.com/ojxsYExTN62hkJ4/status/1486083188812361728?s=20https://twitter.com/fanurij/status/1485989122674155525?s=20https://twitter.com/vanemanevski/status/1485971995112230913?s=20https://twitter.com/Di_taan/status/1486044517425987585?s=20https://twitter.com/arthurgordonpy3/status/1486048304475615236?s=20https://twitter.com/PravednaTavita/status/1485933621701758979?s=20https://twitter.com/utrekjevrne/status/1486020436030902282?s=20https://twitter.com/totoskata/status/1486006109387304960?s=20https://twitter.com/ftp_ftg/status/1485987353843965957https://twitter.com/ap4e_tigri/status/1485986186338484226https://twitter.com/GLASche____/status/1485946433622716420https://twitter.com/Strumfuvalo/status/1486002111053766663?s=20https://twitter.com/b_habba/status/1486005178478301191https://twitter.com/GLASche____/status/1486061642802737169https://twitter.com/seznajko3/status/1486044879700598789https://twitter.com/Jovanovski_mk/status/1486026962321743880https://twitter.com/d_dedalus/status/1485979135029698560 

Коментари | пред 4 години

makedonski-avtobus-bugarija5

Бугарите ја открија причината за автобуската несреќа

Шефот на истражната служба на бугарското обвинителство Борислав Сарафов во емисијата „Лице в Лице“ на бугарската БТВ изјави дека истрагата за несреќата со македонскиот автобус на 23-ти ноември лани е завршена.Причината за несреќата, според зборовите на Сарафов е тоа што возачот изгубил контрола врз автобусот кој се движел не над дозволената брзина туку со несоодветна брзина на патот.-Тоа е една човечка трагедија без преседан по бројот на жртви, но и без преседан, како интензитет на работа што ја завршивме. Всушност, истрагата е завршена и останува само по судски пат да бидат известени властите во Македонија. Со оглед на тоа дека и семејствата на настрадните имаат право да се запознаат со материјалите од истрагата, изјави Борислав Сарафов заменик на главниот обвинител во Бугарија.БТВ: Може ли да кажете на крај која е причината за трагедијата?Сарафов: Причината е губење контрола врз автобусот од страна на возачот. И високата, да кажам несоодветна, но не над дозволената брзина.Во несреќата загинаа 45 луѓе од кои 12 деца. На кајронот на БТВ и натаму стои дека има 46 загинати, иако бројката застана на 45 жртви и 7-мина преживеани.Бугарските обвинители пак на првата прес-конференција направија грешка и соопштија дека има 44 тела на загинати патници,но потоа ја довршија проверката на изгорениот автобус и најдоа уште едно тело.Не беа споделени ниту информации како автобусот изгорел за многу кратко време и од него успеале да се спасат со кршење на стаклата и скокање, патници од задниот дел на автобусот.Обвинителот Сарафов не спомна ништо за условите и сигнализацијата на патот кои претходно беа спомнувани како можна причина за несреќата, покрај човечка грешка.

Македонија | пред 4 години

267751866_137356661998744_1730377212378213618_n

Ексградоначалникот на Гази Баба направил штета на буџетот, тврди Стефковски

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски на социјалните мрежи го објави извештајот на комисијата за теренска проверка на договорите за улично осветлување.„Комисијата за теренска проверка на договорите за улично осветлување го достави извештајот за спроведената проверка со следниот заклучок:Комисијата утврди дека постојат разлики помеѓу изведените работи и прикажаните работи во фактурите од страна на економскиот оператор, односно истите не се совпаѓаат.Извештајот е поткрепен со фотографии.По ваквиот извештај од комисијата, евидентно е дека е направена штета врз буџетот на општина Гази Баба.Поради тоа за утре 26.01.2022 година во 11:30 часот закажав прес конференција на која на јавноста ќе и ги преставиме утврдените разлики.Парите во буџетот на општината се пари на граѓаните и никој нема право да ги злоупотребува. Од мене граѓаните ќе имаат транспарентно и отчетно работење, бидејќи граѓаните имаат право да ја знаат вистината" - напиша Стефковски

Скопје | пред 4 години

rus-mak

Русија ѝ врати на Славјанка преку амбасадата во Скопје

Со изненадување се запознавме со изјавите дадени последниве денови од министерката за одбрана на РСМ г-ѓа Петровска во врска со „поставувањето на вооружените сили од страна на Руската Федерација што е провокативно и има дестабилизирачко дејствување“ (интервју за ТВ24 од 23 јануари) и „изготвување на анализи за можностите за потенцијално учество“ на Армијата на РСМ во случај на „руската инвазија на Украина“ (интервју за ТВ Телма од 24 јануари), велат од амбасадата на Русија во Македонија.„Го обрнуваме вниманието на апсолутно јасните изјави на руското раководство – Русија никогаш никаде не му се заканувала на украинскиот народ и нема намера да презема никакви агресивни дејствија. Со други зборови, нема да извршиме напад, инвазија или да ја погодиме Украина. Во однос на руските трупи – тие се движат низ сопствената територија и имаат целосно право на тоа.Што се однесува до Украина, Киев продолжува тврдоглаво да ги избегнува своите обврски од Договорите од Минск, кои вклучуваат, особено, воспоставување директен дијалог со Донецк и Луганск и внесување во Уставот посебен статус на Донбас. Доследно и целосно спроведување на „Пакетот мерки“ од Минск од 2015 година како безалтернативна основа за разрешување е неопходен услов за решавање на внатреукраинската криза.Го гледаме ризикот дека Украина ќе стане поинтегрирана во НАТО, дури и без да добие формален статус на членка на алијансата. Тоа е она што директно влијае на безбедносните интереси на Русија. Постигнувањето на пресврт во оваа ситуација е во фокусот на нашето внимание. Ова е основата на нашите предлози за обезбедување цврсти, правно обврзувачки гаранции за безбедност од страна на САД и НАТО.Се надеваме дека раководителката на Министерството за одбрана на РСМ ќе ја земе предвид реалната состојба при поставувањето на приоритетите за работата на министерството на чело со неа“, додаваат од амбасадата.

Македонија | пред 4 години

collage-2

ДУИ слави роденден без маски, Ковачевски прави прес без протоколи, ама само Пецаков доби кривична оти се самоизолирал

Кога петнаесет функционери на ДУИ ги прекршија протоколите за заштита од коронавирусот полицијата ги казни со парични казни од по 20 евра и 500 евра за домаќинот. Но, кога охридскиот градоначалник Кирил Пецаков не се самоизолирал бидејќи не знаел за одредбата и никој не го предупредил, ниту потпишал изјава – полицијата поднесе кривична пријава. Ова предизвика лавина реакции во јавноста, особено поради тоа што, Пецаков е првиот во земјава кој е вака гонет поради мерката за самоизолација. Протоколите за спречување на коронавирусот, десетици пати биле прекршувани дури и од државните институции.„Скопје1“ побара објаснување од МВР зошто кривично го гонат Пецаков, бидејќи, ако не се самоизолирал, уредбата на Владата предвидува да плати само казна од 50 евра. Оттаму, не испратија одговор. Оттаму молк и на прашањето, зошто не ги гонеа петнаесетте функционери на ДУИ, кои спротивно на протоколите, му го славеа роденденот на Али Ахмети среде Министерството за политички систем без маски. Ако се оди според истите правила, тогаш и тие требаше да добијат кривична пријава за ’непостапување според здравствените прописи за време на епидемија’. За потсетување, сите функционери беа казнети со глоба од 20 евра, а Артан Груби како организатор плати дополнително 500 евра. Против никого немаше кривична од МВР.Дури и во Владата, пред една недела, беше прекршен протоколот за заштита од вирусот и не беше обезбедена безбедна дистанца меѓу медиумските работници, додека премиерот Димитар Ковачевски даваше изјава. За ова, нема постапка, а најмалку кривична пријава од полицијата до Обвинителството. На дел од странските новинари, им беше дури и дозволено да седат без маски во салата на Владата, што исто така е кршење на протоколот.  Околу 30 сниматели беа стуткани едни во други, иако протоколите велат дека треба да има дистанца од најмалку 20 метри. Реагираше и ЗНМ.[caption id="attachment_160751" align="alignnone" width="800"] Прекршување на протоколите во Владата, за време на прес на премиерот[/caption]Во деновите кога броевме четирицифрени бројки на нови случаи и двоцифрени бројки на жртви, високи владини преставници од претходната Влада и поранешни градоначалници, исто така не ги почитуваат протоколите како да се работи и постапува во ек на пандемија. „Телма“ во август објави и снимки на кои се гледа дека вицепрмиерот Фатмир Битиќи и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски даваат изјава без да обезбедат услови. Тие не добија кривична, ниту пак, парична глоба. На прес-конференција кај поранешната министерка за култура, Ирена Стефоска, немаше место за дистанца – што исто така не смее да се дозволи и е спротивно на протоколите. Одговорност - немаше.Протоколите ги имаше прекршено и министерот за здравство, Венко Филипче, кој учествуваше во нивното донесување. Тој како организатор на настанот не обезбеди услови за поставување на микрофони или шахти за звук за да се избегне групирање, а новинарите беа стуткани едни во други. За ова, ниту една институција исто така не покрена постапка за казнување.Според ова, само градоначалникот Пецаков одговара кривично поради непочитување самоизолација, што е различно од изолација, која ја испочитувал веднаш откако добил позитивен тест. Но, истовремено, единствен функционер гонет кривично поради корона протоколите.

Македонија | пред 4 години

w_56674000

Нов црн рекорд во Македонија, над 2000 заразени со ковид

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 6.193 тестови, а регистрирани се 2.341 нов случај на КОВИД-19:Скопје – 1.146, Битола – 185, Кавадарци – 115, Куманово – 101, Велес – 92, Тетово – 74, Прилеп – 72, Гевгелија – 65, Гостивар – 49, Кичево – 45, Охрид и Неготино – по 43, Валандово – 31, Радовиш – 29, Ресен – 28, Кочани – 27, Струмица и Струга - по 25, Штип – 20, Делчево – 17, Свети Николе – 16, Богданци – 15, Виница – 10, Крива Паланка, Берово и Демир Капија - по 9, Демир Хисар – 8, Кратово и Пехчево – по 6, Македонски Брод и Македонска Камница – по 5, Крушево – 4, Пробиштип – 3, Дебар и Дојран – по 2.Од вкупниот број на позитивни (2.341), регистрирани се 308 реинфекции, од кои една втора реинфекција.Регистрирани сe 1.470 оздравени пациенти од: Скопје – 768, Битола - 115, Прилеп – 98, Куманово – 82, Струмица – 55, Велес – 40, Тетово – 34, Кавадарци – 33, Гостивар – 27, Штип и Крива Паланка – по 26, Кичево – 22, Кочани – 20, Свети Николе – 18, Неготино – 15, Гевгелија и Ресен – по 14, Радовиш – 13, Делчево и Крушево – по 10, Пробиштип -6, Виница и Демир Хисар – по 5, Валандово и Богданци – по 4, Кратово и Македонски Брод – по 2, Охрид и Демир Капија – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 21 починато лице: 10 починати лица од Скопје (51г, 68г, 73г, 76г, 78г, 78г, 78г, 86г, 91г и 95г), по 2 починати од Тетово (66г и 79г), Велес (74г и 83г) и по едно починато лице од Гевгелија (82г), Кавадарци (52г), Крива Паланка (74г), Куманово (81г), Македоснка Каменица (88г), Охрид (74г) и Струмица (57г). Пријавените лица се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице, од Штип (83г), со датум на смрт на 19.01.2022г. во болнички услови.Дополнително од страна на ОБ Гевгелија пријавени се 4 лица (по две лица од Дојран и Гевгелија). Починатите лица се на возраст од 74 – 91г. Починати во претходните две недели. Сите се починати во болнички услови.Од вкупниот број на починати лица (n=26), осум лица се целосно вакцинирани, а кај 23 се регистрирани коморбидитети.Направени се 6.193 тестови преку: ИЈЗ-583, ЦЈЗ Скопје-90, ЦЈЗ Битола-108, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово-87, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-15, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–7, Жан Митрев (Филип Втори)-187, Авицена-245, Биотек-368, Систина-149, лабораторија Лаор-160, Синлаб-59, Ремедика-25, Плодност-102, Генеа-28, Никоб Лаб-314, ВФВ Медикал-92, Ели Медика-81, Ројал Медика–35, Спектра-ММ-41, Рапид Лаб–24, Жан Митрев Струмица–20, Нова Лаб Дијагностика–10, Рамус-52, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.236.Досега во земјата се направени вкупно 1.755.926 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 259.328, бројот на оздравени пациенти е 230.206, на починати е 8.266, а бројот на активни случаи изнесува 20.856.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 117574, Активни 11390Куманово 14425, Активни 736Прилеп 12455, Активни 754Битола 12222, Активни 1613Тетово 12089, Активни 492Гостивар 8596, Активни 323Кавадарци 8508, Активни 627Велес 8218, Активни 409Охрид 7753, Активни 682Штип 7363, Активни 311Струмица 6967, Активни 448Кичево 4827, Активни 297Кочани 4500, Активни 217Струга 4278, Активни 268Гевгелија 3587, Активни 404Неготино 3014, Активни 228Свети Николе 2353, Активни 112Ресен 2260, Активни 231Радовиш 2148, Активни 179Крива Паланка 2142, Активни 107Делчево 1704, Активни 159Берово 1614, Активни 95Дебар 1492, Активни 22Валандово 1302, Активни 164Виница 1259, Активни 49Пробиштип 1238, Активни 39Кратово 865, Активни 59Богданци 823, Активни 83Крушево 806, Активни 130Демир Хисар 754, Активни 72Македонски Брод 616, Активни 37Македонска Каменица 486, Активни 45Демир Капија 476, Активни 29Пехчево 410, Активни 31Дојран 204, Активни 14

пред 4 години

nikoloski25012022

Сите политички партии се согласуваат дека времето на Пржинската влада заврши, вели Николоски

Денес имаме средба со претставници на т.н. Млади европски амбасадори, тоа е една исклучително талентирана група на млади луѓе од Македонија, вкупно 120 се избрани во Европа од кои што 10 се Македонија што имајќи во предвид големината на државата се работи за една исклучително голема бројка. И ќе поразговараме во однос со состојбите во државата и европските интеграции, вели Александар Николоски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ„Иначе ми е особена чест што вчера во рамки на сесијата на парламентарното Собрание на Советот на Европа бев избран за потпретседател на Европската Народна партија во рамките на Советот на Европа. Тоа значи дека во рамки на најголемата политичка партија во Европа ќе имам можност да ги координирам активностите заедно со претседателот на групата во Советот на Европа. Тоа се пред се активности поврзани со делот на заштита на човековите малцински, јазични права, понатака фер и демократски избори, мониторинг на избори, борба со организиран криминал и корупција, и економска еднаквост. Покрај мене беа избрани и исто така за заменици претседатели и господинот Улрих Вокер од Германија, госпоѓата Дора Бакојани од Грција, понатака Бернард Фурние од Франција, колегата Луис од Португалија, и колешката Шо од Норвешка. Така што тоа е еден убав настан кој што се случи вчера“, вели НиколоскиНа прашањето дали сите партии се согласни со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на Пржинска влада, тој одговори дека сите политички партии се согласни.„Од она што јавно го слушнав сите политички партии се согласни со нашиот предлог односно мислат дека времето на т.н. техничка или Пржинска влада заврши. И јас очекувам во текот на утрешната седница нашиот предлог да биде ставен на Дневен ред и да биде разгледан и да биде усвоен. Ова е уште едно подавање рака од наша страна затоа што ние ова го нудиме од опозиција, а не од власт. Што мислам дека доволно кажува, затоа што механизмот техничка или Пржинска влада е во корист на опозицијата, а ние доброволно се откажуваме од овој механизам со цел да го скратиме рокот потребен за организирање на избори и од 100 дена колку што се предвидени во оваа техничка влада да одиме на уставните 45 дена за организација на избори, што ќе скрати многу рокови. И што е уште еден аргумент да одиме на брзи и предвремени избори затоа што Македонија непотребно троши време од локалните избори до формирањето на Влада Македонија изгуби повеќе од два ипол месеци, тоа е празен од. Извесно е дека ќе се случат парламентарни избори, само е прашање кога, да не го губиме времето да го направиме тоа веднаш за не заостанува државата“, додаде тој.

Македонија | пред 4 години

271979957_4724903314224434_4672155127737640123_n

„Чичко Ацо баци ми ја Анче“, сите се простуваат од Џамбазов со сеќавања од заеднички моменти

Речиси целата македонска естрада, актери, музичари, челниците на средното музичко “Илија Николовски-Луј”, пријатели и познаници, се простуваат од истакнат македонски композитор, диригент и долгогодишен член на СОКОМ, Александар Џамбазов. Голем дел од нив, споделија сеќавања, во негова чест.„Единствениот маестро за мене во мојот живот,кроток,мил, зборлест,духовит,вечно вљубен во својата Анче,постојано загрижен за своите Тања и Игор...што седења сме си имале пред Војна болница кога Игор имаше проблеми со здравјето,колку тајни ми има кажано за македонските пејачи затоа шро бев многу љубопитна.Секогаш имаше по некој виц да ти раскаже и по некоја приказна од својот арсенал. Те сакам мој мој маестро и треба да си во алејата на великаните без збор!!!! Моето најдлабоко сочуство. Чичко Ацо баци ми ја Анче“, напиша актерката, Весна Петрушевска.Се простија и до средното музичко училиште.„Втемелувач на македонската детска и популарна музика со голем број на изведени, снимени и печатени и наградени дела во земјата и странство, истакнат општествен деец во целокупната музичка култура, за што е добитник над 40 стручни и општествени награди и признанија во Македонија и во поранешна СФР Југославија, добитник е и на Државната награда „11 Октомври“, Наградата на град Скопје „13 Ноември” и др. Маестро Александар Џамбазов е еден од основоположниците на Танцовиот и Ревискиот оркестар на Македонската Радио Телевизија, на фестивалот на забавни мелодии „Скопје“ и на најпознатиот, најафирмиран и еден од најстарите музичко-детски фестивали во Европа „Златно славејче“. Неговиот исклучителен придонес е и во музичкото исполнителство како диригент со над 40-годишен непрекинат и континуиран работен стаж, и како несебичен пропагатор на опусот на македонските композитори од овој жанр. Во неговиот богат творечки и интерпретавен опус се обединети сите негови животни и креативни настојувања на взаемно преточување на „сериозниот” и „популарниот” жанр врз кои базира целото негово творештво што опфаќа оркестарски, хорски, камерни дела, забавни мелодии, песни за деца, музика за филм и за театарски претстави“, напишаа тие.И македонската пејачка Каролина Гочева, сподели спомен со него.Се простија и неговирте пријатели.

Магазин | пред 4 години

CaptureFEREQYT4QETY

Почина Александар Џамбазов

Денеска во Скопје почина маестро Александар Џамбазов, македонски диригент и композитор. Веста за смртта на маестро Џамбазов ја објави неговиот син, актерот Игор Џамбазов.„Си замина нашиот маестро, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години. Од денес, конечно со својата Анче. Вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој“, напиша Игор на Инстаграм.

Магазин | пред 4 години

Screenshot-2022-01-25-at-10.06.28

Рашковски го побарал Наќе за сведок: Холивуд да го режира ова, нема да го направи

Ексгереналниот секретар, Драги Рашковски смета дека не е виновен, а за Обвинителството вели дека со предметот прават филм како што Холивуд да неможе да го режира.„Не може Обвинителството да кажува и импутира дека тоа се пораки, за кои што, и од самиот производител стои дека не може да утврди за каков тип на податок станува збор. Од тоа што јас можам да ви го кажам е дека ќе имаме едно навистина интересно судење кое што би требало, во македонското правосудство, особено во делот на компјутерската форензика, која што и те како слабо е применувана, а правосудството запознаено, да имплицира многу поквалитетен начин за прибирање на дигиталните докази. Бидејќи срамота е лица кои немаат познавања, лиценци, ниту се вештаци, да им се дава да буричкаат, чепкаат по приватни податоци на лица кои им се одземени телефоните“, кажа Рашковски.Прашан кого ќе бара да сведочи во негова полза, за да докаже дека не е виновен, Рашковски рече дека го предложил поранешниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.„Ние доставивме дополнителни докази, меѓу кои и дополнителни сведоци. Побаравме поранешен министер за МВР, Наќе Чулев и други лица. Не може да докажувате дека мои средства уплатени во 2015 година, да тврдите дека се од тендер во 2019 година. Холивуд да го режира ова, нема да го направи“, додаде тој.Објасни и како се стекнал со имотот кој го има.„Станува збор за купен плац, кредит земен за таа работа. Кредитот потекнува од моментот кога не сум бил функционер. Јас кога влегов како ген.сек. не влегов без средства. Децата имаат заштеда која е од нивните родендени, а се друго што поседуваат е мој имот, кој сум го имал и пред тоа. Се вулгаризира целата работа. Станот, имотот во Струмица сум ги имал и пред да станам функционер. Новиот имот кој што е купен во Побожје, е имот на кредит“, кажа Рашковски.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања