ТОП

Liberali-08-02-2020-Goran-Milevski-pretsedatel-na-LDP

Милевски: Оние кои ги изгубиле чашите вина испиени на Санторини, шират лаги за мене

Горан Милевски, лидерот на ЛДП, преку својот фејсбул профил ги искритикува партиските членови кои изјавија дека тој се самопредложил за министер за локална самоуправа во новата Влада.„За нештата да станат појасни, дадов изјава за порталот Локално.мк за последните лаги кои се пласираат во јавноста со цел нарушување на мојот и угледот на ЛДП.Се одлучив да реагирам јавно, бидејќи се продолжува со лечењето на личните фрустрации на поединци во партијата кои изгубиле функции и секаква доверба во ЛДП, го изгубиле лагодниот живот и неброените чаши вина испиени на Санторини, и кои сега сакаат преку грбот на мојата чест, достоинство и чесност да го манипулираат членството и граѓаните, сакајќи како паразити да се префлат од една на друга позиција, продолжувајќи си ги угодностите за кои жителите на Скопје не казнија на локалните избори а заборавајќи ги граѓаните и партијата.За остварување на овие цели највулгарно ја вмешаа и мојата фамилија, неводејќи сметка за пристојно политичко однесување и немешање на луѓе кои дел од нив немаат никаква допирна точка со политика. Нивен единствен грев е што судбината им била да се мои роднини. Не се важни нивната стручност, компетентност, квалитети и време кога се вработувале што нема никаква поврзаност со времето во кое сум јас министер, важно е да се виновни.Врв на манипулациите се денешните лаги со кои ме обвинија дека сум се самопредложил за министер без никаква доверба во партијата. Уште едни груби лаги и невистини од кои неможам да се изначудам до каде може да се спушти човековото достоинство за остварување на личните цели.Но да не се грижат. Мојот демократски капацитет ќе им овозможи уште деновиве да одржиме седница на Централниот одбор а во најбрз можен рок и Конгрес на партијата на кој членството ќе пресуди кој треба и на каков начин да ја води партијата.Дали на терен, со присуство во секое село, во секое населено место, во секој град, со разговори со секој граѓанин, со часови отсуство од својата фамилија или под удобното сонце на Санторини“, вели тој.

Коментари | пред 4 години

grujo-1

Како Петков тврди нема македонско малцинство во Бугарија, каде отидоа овие луѓе, прашува Груевски

Поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски се огласи на Фејсбук.„- Како тоа новиот премиер на Бугарија Кирил Петков тврди нема македонско малцинство во Бугарија?Каде отидоа овие луѓе и нивните наследници од овој краток 30 минутен документарен филм снимен пред само 30тина години?Од кого беше тужена и петнаесетина пати загуби на суд Република Бугарија во судот во Стразбург од каде и беше наложено да ја регистрира ОМО Илинден?Пописите од педесетите години на 20 век, кој ги правеше во Бугарија, на кои беа декларирани 180 илјади Македонци кои живеат во Бугарија?Училишта на македонски јазик во Бугарија немаше ли во тоа време?Како тоа Бугарија има право да бара да се менува уставот на Македонија за да се вметнат македонските граѓани со бугарска самосвест во истиот, а темата за Македонците во Бугарија не требало ни да се дискутира? Тоа ли е големината на посилниот како што кажува во неговото интервју?Не прилично е премиер со такво образование во очи доаѓање кај соседот јавно да кажува невистини и со тоа да ги навредува Македонците во Македонија и во Бугарија кои се негови граѓани.Каква е таа стратегија за решавање на проблемите која се заснова на невистини?Тоа сигурно не го научил од Michael Porter.Јас разбирам дека не му е лесно и дека Кирил Петков има проблем во својата земја и стравува уште на почеток на мандатот да се спротистави на општо прифатените ставови во Бугарија, а поврзани со Македонија, Македонците, македонскиот јазик и историја, но нели тој доби мандат за да направи промени? Нели се проевропска партија? Стразбург чив суд за човекови права е? Нели е европски? Нели нема друг случај во ЕУ од нејзиното создавање каде се блокира процес на приклучување заради изнудување признавање на дејствија од минатото, од историјата, од пред 70-80, или 100 години. Нели партијата која ја води и неодамна основа се декларира дека покрај е со проевропска идеологија?Ако “промените продолжуваат”, дел од промените треба да биде вистинита за Македонците и за македонското малцинство во Бугарија, а таа вистина ја кажуваат самите граѓани на Бугарија со македонска самосвест кои Кирил Петков може да ги слушне во овој краток документарен филм, каде меѓу другото говорат и под каква тортура на бугарските власти биле затоа што се чуствувале и изјаснувале како Македонци.Ако неверува во виденото, може лично и дискретно, без да ги изложува на непријатности, дел од нив да ги посети во нивните домови и без предрасуди и етикетирања да разговара со нив. Негови граѓани се, потенцијални негови гласачи се, во неговата држава живеат, издаваат и свој весник на македонски и бугарски јазик.Ако во овој документарен филм снимен во Бугарија Кирил Петков не препознае дискриминација и потреба да промени нешто, тогаш за какви промени може да се говориме?Добро е, и разбирливо е што се обидува да внесе позитивна енергија во процесот, но оваа почетна фаза набрзо ќе заврши и набрзо ќе треба да се соочи со суштината на проблемот кој го наследи, во која суштина отворање авионска линија, или комисии за образование со повеќе стипендии за студенти нема да е доволна за решение, а нема да помогнат ни прес конференции со контролирани прашања како денешната.Македонците и Бугарите биле и треба да бидат блиски и најблиски народи. И ќе бидат кога политичарите кај нашиот сосед ќе престанат македонското прашање да го третираат само низ призмата на гласови на следните избори и проблемот да го оставаат на решавање на некој друг после нив. Кирил Петков ја имаа таа шанса за промени.Конечно, потсетувајќи се на тезите на легендарниот германски социјален психолог, психоаналитичар, социолог и хуманистички филозоф Ерих Фром искажани во “Уметноста на љубовта” а повикувајки се на често употребуваниот јазик на бугарските политичари во духот дека “Македонија е детето на на Бугарија”, не навлегувајќи во исправноста на тој пристап, би рекол дека Бугарија ако толку многу се чуствува како мајка на Македонија, треба да покаже мајчинска љубов (безусловна), а не татковска (условена-направи така ако сакаш да го добиеш тоа), пишува на Фејсбук поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски.

Коментари | пред 4 години

271415485_229929355993409_197648857042608086_n

Ништо лошо нема да се случи ако го прифатиме бугарското малцинство во Уставот, вели Ахмети

Нема лошо да ѝ стане на државата ако ние го прифатиме бугарското малцинство како уставна категорија, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети на прес-конференција по средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков попладнево во Собранието.-Ние сме целосно ангажирани да се почитува и да не му се оспорува правото на никој да се декларира, без притисок, така како што чувствува, тоа да се рефлектира во Уставот. Мислам дека ништо лошо нема да ѝ се случи на државата ако ние го прифатиме бугарското малцинство како уставна категорија. Рамковниот договор ги има опфатено сите малцинства кои живеат овде и со сигурност со прифаќање и со значајните измени кои ќе се направат само ќе ја зајакнеме нашата држава и европските стандарди и диверзитетите. Ќе имаме претставување и на Хрватите и Црногорците, кои исто така имаат покренато прашање да се претставени во Уставот на РСМ, рече Ахмети, нагласувајќи дека тоа е стратегија значајна за почеток на преговорите за ЕУ.

Македонија | пред 4 години

IMG_0076

Нов рекорд: 2.269 нови случаи на КОВИД-19, 13 починаа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 7.038 тестови, а регистрирани се 2.269 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 1.169, Битола – 183, Прилеп – 165, Куманово – 88, Кавадарци – 56, Гевгелија – 48, Охрид – 44, Тетово – 43, Струмица – 35, Кочани – 34, Гостивар, Велес и Кичево – по 33, Ресен – 32, Струга – 31, Неготино – 26, Крива Планка, Радовиш и Берово – по 24, Делчево – 19, Валандово – 15, Демир Хисар – 14, Свети Николе и Кратово – по 13, Штип и Крушево – по 11, Македонски Брод – 9, Виница и Македонска Каменица – по 8, Пехчево – 7, Пробиштип, Богданци и Дојран – по 5, Демир Капија – 1.Од вкупниот број на позитивни (2.269), регистрирани се 310 реинфекции.Регистрирани сe 1.420 оздравени пациенти од: Скопје – 790, Битола – 124, Прилеп – 86, Охрид – 76, Кавадарци – 40, Куманово – 27, Штип – 26, Струмица – 23, Гевгелија, Велес и Кичево – по 22, Ресен и Неготино – по 15, Валандово – 14, Тетово – 13, Кочани – 12, Делчево – 11, Струга – 10, Гостивар – 9, Радовиш – 8, Крива Паланка, Свети Николе, Крушево и Македонски Брод – по 7, Пробиштип – 5, Демир Хисар и Виница – по 4, Македонска Каменица и Пехчево – по 3, Берово, Богданци и Демир Капија – по 2, Дојран и Дебар – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица:  5 починати лица од Скопје (64г, 66г, 68г, 79г и 82г), 3 од Струмица (58г, 61г и 66г), 2 од Кавадарци (52г и 87г) и по едно починато лице од Куманово (73г), Струга (77г) и Охрид (54г). Пријавените лица се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 11 починати лица од Гевгелија (4), Струмица (2), Струга (2), Кичево (2) и Богданци (1) починати во период од 03-16.01.2022. Починатите се на возраст од 47г до 87г. Од пријавените случаи 3 се починати во домашни услови и 8 се во болнички услови.Направени се 7.038 тестови преку: ИЈЗ-511, ЦЈЗ Скопје-102, ЦЈЗ Битола-94, ЦЈЗ Прилеп-45, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово-93, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-25, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–11, Жан Митрев (Филип Втори)-179, Авицена-344, Биотек-472, Систина-127, лабораторија Лаор-158, Синлаб-63, Ремедика-26, Плодност-139, Генеа-27, Никоб Лаб-846, ВФВ Медикал-83, Ели Медика-46, Ројал Медика–25, Спектра-ММ-57, Рапид Лаб–40, Жан Митрев Струмица–28, Нова Лаб Дијагностика–13, Рамус-63, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.404.Досега во земјата се направени вкупно 1.717.482 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 247.663, бројот на оздравени пациенти е 222.306, на починати е 8.139, а бројот на активни случаи изнесува 17.218.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 111527, Активни 9167Куманово 13947, Активни 662Прилеп 12093, Активни 960Тетово 11770, Активни 283Битола 11312, Активни 1516Гостивар 8372, Активни 237Кавадарци 8050, Активни 426Велес 7926, Активни 327Охрид 7490, Активни 548Штип 7139, Активни 259Струмица 6727, Активни 345Кичево 4634, Активни 245Кочани 4342, Активни 178Струга 4156, Активни 190Гевгелија 3317, Активни 266Неготино 2858, Активни 171Свети Николе 2269, Активни 92Ресен 2118, Активни 189Крива Паланка 2097, Активни 112Радовиш 2040, Активни 195Делчево 1604, Активни 104Берово 1562, Активни 74Дебар 1479, Активни 16Виница 1229, Активни 38Пробиштип 1213, Активни 53Валандово 1212, Активни 136Кратово 831, Активни 41Крушево 772, Активни 145Богданци 763, Активни 59Демир Хисар 715, Активни 60Македонски Брод 599, Активни 43Македонска Каменица 462, Активни 30Демир Капија 456, Активни 18Пехчево 387, Активни 22Дојран 195, Активни 11

пред 4 години

koronavirus-kovid-skopje

За една недела регистрирани 1.247 реинфеции со ковид

Тестирани се вкупно 45.401 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, a регистрирани сe 11.123 нови позитивни случаи.Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (50,6%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Крушево и во Битола.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст 30-39г (n=2.643, 23,8%) и 20-29г (n=2.153, 19,4%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9г (n=205; 1,8%).Со статус „оздравени“ се стекнале 5.403 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.247 реинфекции, со зголемување од 31,8% во однос на претходната недела.Пријавени се 55 смртни случаи во 15 градови во текот на изминатата недела, за 34,1% повеќе во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (22). Во однос на возраста, најголем број (87,3%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години.Според извештаите од болниците моментално се хоспитализирани 439 лица, а од нив 251 се на кислородна поддршка и 26 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.Во однос на симптоми пријавени кај заболените, најчесто се регистрирани температура (59,3%), кашлица (44,8%) и малаксаност (43,5%).

пред 4 години

51826228506_db015eee40_c

Наставата ќе заврши на 10 јуни, иако започнува во февруари

Владата на Република Северна Македонија на денешната трета седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе Одлука за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во основните училишта во услови на вонредни околности.Со оваа одлука бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во основните училишта во услови на вонредни околности се утврдува на 172 наставни денови, што значи дека зимскиот распуст на учениците ќе трае до 1 февруари 2022 година, а учебната година ќе заврши на 10 јуни 2022 година.Одлука со истата содржина е донесена и за средните училишта, што значи дека и во овие образовни институции бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во средните училишта во услови на вонредни околности се утврдува на 172 наставни денови односно 158 наставни денови за завршната година на средното образование, зимскиот распуст на учениците ќе трае до 1 февруари 2022 година, а учебната година ќе заврши на 10 јуни.Одлуката за почетокот на второто полугодие во основните и средните училишта за први февруари годинава е донесена на претходната седница на Владата и по препораката на Главниот координативен кризен штаб согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата.Со денешната одлука се овозможува соодветна адаптација на наставните програми со цел запазување на датумот 10 јуни како краен рок за завршување на учебната година.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2022-01-18-at-12.06.15

ВИДЕО: Петков избегна да го именува народот кој живее во Македонија

Без да го спомене македонскиот јазик, бугарскиот премиер Кирил Петков посочи само дека неговата држава ги почитува сите уставни јазици на Македонија. Тој го одбегна и одговорот на прашањето да ги именува јазикот и народот во која моментално е гостин.?t=965„Сакам да кажам многу јасно дека во Договор за добрососедство има јасна дефиниција за јазикот. Бугарија го почитува и сме горди што ја признавме независноста на Северна Македонија и истовремено со тоа го почитуваме самоопределувањето на сите граѓани во Северна Македонија и користењето на сите ваши јазици како што се во Уставот“, рече Петков.Ковачевски пак, му даде до знаење дека е признаен македонскиот јазик од страна на. Бугарија.„Сите прашања кои се однесуваат на историските делови ќе бидат во втор план, а во прв план е градењето е зближување на граѓаните, кој ќе ни даде стимул и аргументи за постигнување на договор со Бугарија и отпочнување на преговорите со ЕУ“, рече Ковачевски.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2022-01-18-at-12.07.24

Бугарија го прифати скратеното име Северна Македонија кое го спореше

Бугарија прифатила да го користи името Северна Македонија. Ова го соопшти премиерот Димитар Ковачевски. За него, ова е голем чекор во новото поглавје и водат кон поголема соработка меѓу двете држави.„Македонците и Бугарите се многу блиски братски народи. Затоа влегуваме во решавање на отворените прашања, за нова иднина. Договоривме Бугарија дека прифаќа да го користи името Северна Македонија, тоа значи дека Бугарија нема да го кочи билатералното име“, рече Ковачевски.Ќе се финализира и Договорот за прекугранична соработка, со што ќе се отвори границата „Клепало“.

Македонија | пред 4 години

najcevska

Најчевска го учи Маричиќ: Срамота, човековите права постојат независно од билатералните договори

Професорката Мирјана Најчевска реагира на денешната изјава за новиот министер за евроинтеграции, (до вчера мминистер за правда) Бојан Маричиќ, дека македонската држава не треба „да кажува каде и какво малцинство има во некоја држава во регионот. Тоа е внатрешно прашање на сите држави вклучувајќи ја и Бугарија“.„Срамота бре. Европскиот суд за човекови права донесе 16 пресуди во корист на македонското малцинство во Бугарија, а овој вели дека ние како држава не смееме да зборуваме за него. Основните човекови права постојат независно од билатералните договори. Тие се универзални“ го подучува Најчевска министерот во објава на Фејсбук.Новиот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, изјави дека не е на Северна Македонија да кажува каде какво малцинство има во регионот. Според него, тоа е внатрешно прашање на државите во регионот вклучувајќи ја и Бугарија.За време на прес-конференцијата со германската министерка за Европа, Ана Лирман, Маричиќ рече дека секоја група луѓе или етничка заедница, политичка партија или здружение има право да си ги бара своите права преку европските институции. Маричиќ е дециден дека дефинирањето на тоа каква етничка заедница егзистира во која било држава во регионот во овој момент не би било продуктивно.

Коментари | пред 4 години

272091723_387466123179608_8285552089073752359_n

ФОТО: Левица со герила акција го пречека буарскиот премиер, а Апасиев со погрдни зборови за добредојде

Левица со герила акција ги пречека бугарскиот премиер Кирил Петков и бугарската делегација. На патот кон скопскиот аеродром, вчеравечер бил поставен транспарент со порака до денешните бугарски гости.„Добредојдовте администратори на Цар Борис“, стои на транспарентот.За него, објави претседателот на Левица, Димитар Апасиев, кој им порача „Маме ви е**м врховистичко“.„Соодветен герила-пречек на новиот бугарски премиер, од страна на специјалните единици на Црвената младина на Левица“, напиша Апасиев.Непознато е дали пред доаѓањето на Петков и делегацијата, транспарентот бил отстранет.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2022-01-18-at-09.18.02

ВИДЕО: Петков се поклони пред македонското знаме, па отиде на средба со Ковачевски

Бугарскиот премиер Кирил Петков со највисоки почести е пречекан во Македонија. Тој се поклони пред македонското знаме и Армијата во Владата. Петков се поздрави со сите министри кои ќе имаат средба со делегацијата на Владата од Бугарија. Бугарскиот премиер, ќе има средба со Димитар Ковачевски кој го пречека пред Владата, откако претходно, Бујар Османи го пречека на аеродром.Програмата за посетата потоа предвидува пленарен состанок на двете делегации со кој ќе претседаваат премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков после што ќе следува и нивна заедничка прес-конференција.Претседателите на владите на Република Северна Македонија и на Република Бугарија Димитар Ковачевски и Кирил Петков, потоа, во Клубот на пратениците, официјално ќе го промовираат проектот за помош во развојот “Електронски дневник за лица со дијабетес”, кој премиерот Петков ќе му го врачи на премиерот Ковачевски како донација на Република Бугарија.Во преостанатиот дел од агендата за посетата на делегацијата на Република Бугарија, премиерот Кирил Петков ќе има одделни средби со претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски и со претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери.Официјалната посета е предвидено да заврши во вечерните часови после што владината делегација на Република Бугарија ќе замине за меѓународниот аеродром Скопје на лет за Софија.

Македонија | пред 4 години

17012022_VRSM_1vaSednica-2

Кризна состојба за снабдување со топлинска енергија и второто полугодие да започне во февруари се новите одлуки на Владата

Владата на Република Северна Македонија на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебната година за основните и средните училишта да се одложи, односно наставата со физичко присуство да продолжи на 1 февруари, согласно заклучокот од Главниот координативен кризен ковид-19 штаб и согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата.Одлуката второто полугодие да продолжи на 1 февруари нема да влијае на крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни како што е предвидено во календарот за настаната програма за основно и средно образование, со соодветна адаптација на наставните планови.Како дел од одлуката за одложување на стартот на второто полугодие на учебната година се и задолженијата и укажувањата за Министерството за здравство, Министерството за образование и наука, Секторот за односи со јавност во Владата на Република Северна Македонија, Јавното претпријатие МРТ да упатуваат апели до учениците и родителите максимално да се придржуваат до мерките и препораките за заштита од ковид-19, во домашни услови и на отворено.На оваа втора седница е донесена и Одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.Со оваа одлука, донесена на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, се утврдува постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука, на предлог на Комисијата за следење на состојбите со снабдување со топлинска енергија која што ја формираше Министерството за економија, ќе се преземат мерки и активности во врска со обезбедување дополнителни количини на топлинска енергија согласно утврдената кризна состојба, согласно Законот за енергетика и Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на топлинска енергија.

Македонија | пред 4 години

271723071_407136067873560_151895927334459514_n

„Маричиќ се меша само во кафанска софра и судство“, хаос по изјавата дека Македонците во Бугарија не се наша работа

Новиот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, изјави дека не е на Северна Македонија да кажува каде какво малцинство има во регионот. Според него, тоа е внатрешно прашање на државите во регионот вклучувајќи ја и Бугарија.Изјавата предизвика голем број реакции во јавноста, а ова се дел од нив:

Коментари | пред 4 години

17012022_prv_GKKS-3

Главниот кризен КОВИД-19 штаб и препорача на Владата учебната година да продолжи со настава од 1 февруари

Денеска, 17.01.2022 година со почеток во 20:00 часот се одржа првата седница на Главниот координативен кризен штаб за справување со пандемијата предизвикана од коронавирусот.Седницата ја водеше премиерот Ковачевски, а на истата присуствуваше и претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски и претседателката на ЗЕЛС Данела Арсовска.Претседателот на Комисијата за заразни болести Караџовски ја презентираше актуелната епидемиолошка состојба со КОВИД-19, додека главна точка на дискусија беа опциите за продолжување со настава во тековната учебна година.Главниот кризен координативен штаб врз основа на дискусијата донесе заклучок дека во моментот, епидемиолошки земјата се наоѓа во пик, поради кој препорачува да се одложи учебната година до 01 февруари 2022, со предуслов да се упатат силни апели до родителите за строго придржување на мерките за заштита од коронавирусот.Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе известуваат на почест интервал околу следењето на состојбата за да може да се прилагодат препораките доколку се јави потреба.Заклучокот е предложен до Владата и за него Владата ќе дискутира веќе на следната седница која се одржува вечерва во 21:30 часот.

Македонија | пред 4 години

MickoskiSkopjeinfo

Мицкоски: Очекувам Маричиќ да го советува Петков да не се меша во македонските внатрешни работи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во Телевизија 24, во врска со доаѓањето на претседателот на Бугарија Кирил Петков и изјавите на новиот вицепремиер Бојан Маричиќ, истакна дека очекува Маричиќ да го советува Петков по истиот принцип да не се меша во внатрешните права на малцинствата во Македонија.-Сигурно ќе го советува, очекувам Маричиќ да го советува Петков и тој да не се меша во македонските внатрешни работи да бара уставни измени коишто би ги опфатиле малубројните македонски Бугари, рече Мицкоски.Мицкоски посочи дека од официјална Софија е пристигнат предлог за формирање на пет комисии коишто ќе разговараат за различни теми кои се во суштина пресликување и разложување на Резолуцијата која што е донесена во бугарскиот парламент само во пет дела.-Суштината е дека Резолуцијата на Бугарскиот парламент од ноември 2019 година е разложена во овие пет комисии, од кои суштинска е петтата комисија за историски прашања и претпоставувам дека текот на разговорите, со првата ќе бидеме блиску до решение, за втората веќе ќе се договориме не гледам пречка да не е така кога станува збор за научна соработка, за инфраструктурата ќе се договориме никој не е против , за четвртата ќе бидеме блиску, а за петтата ќе бидеме на почеток, но целиот тој пакет да биде дел од преговарачката рамка, и тогаш ќе заврши целокупниот процес на преговарање за историските факти бидејќи ако сето тоа влезе во преговарачката рамка тоа веќе не е билатерален проблем тогаш веќе ќе стане наш проблем со Европската унија, објасни Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања