ТОП

portret

(ФОТО) Во Влада поставен портрет од Заев

Портрет од Зоран Заев е поставен во Владата по неколку дена од неговото заминување од премиерската функција.ТВ21 известува дека владините служби направиле реконструкција на распоредот на премиерскиот ѕид, а последното место е резервирано за поранешниот претседател на Владата.Портретот на Заев е ставен лево од прозорецот на вториот кат и е последниот во низата.Во неделата пред полноќ Собранието ја изгласа новата Влада во која Димитар Ковачевски го менува Заев како премиер.

Македонија | пред 4 години

idiot-3

Димитров ја искритикува Владата по посетата на Петков: „Салама“ тактика

Никола Димитров, поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, денеска објави статус на Фејсбук со кој ја искритикува Владата по посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков во Скопје дека го спинува решавањето на спорот со „добрата волја Бугарија да го прифати краткото име“. Ова поранешниот министер за надворешни работи го нарекува „салама“ тактика.„Вчера сами јавно признаа дека го смениле пристапот и стратегијата кон Бугарија, што прво ги урива хистеричните напади за мене и тврдењата дека сме немале внатре разлики, а второ го разобличува и обидот за евтин спин дека нешто Софија отстапила (спин што добро го препознаа и некои наши медиуми).Додека бев внатре го држев другиот пристап - ништо не е договорено додека не се договорат сите прашања - како што јавно кажа мојот наследник вчера.Вториот ден без мене пристапот и суштината се смени во “салама” тактика“, пишува Димитров.Според него, Владата го претставува како успех прифаќањето на „краткото име“ од страна на Бугарија во преговорите за деблокадата, но според Димитров реално тоа не е така.„Велат дека сега со новиот пристап сме имале резултати веднаш - Софија "прифатила" да го користи краткото име, нешто што само по себе не е наш проблем, туку нивен и нивно барање.За ова неосновано барање да биде прифатено ние пративме нота до ОН што Софија ја бараше две години и не ја добиваше, без притоа да направи било каква отстапка.Сега ова биле резултатите со новиот пристап...Да се разбереме, никој никогаш не спорел дека ваков пристап би дал резултати - АМА во корист на другата страна.Ако овој нов пристап се развива и кулминира, никој не спори и дека решение е можно, претпоставувате какво.Повеќе за суштинската штета со нотата до ОН, каде атрибутите на државата се затворени, во следниот јавен настап“ дополнува Димитров.

Коментари | пред 4 години

Arsovski-Dimce

Немаме покана да учествуваме во работните групи со Бугарија, а и да добиеме, нема да бидеме дел, вели Арсовски

ВМРО-ДПМНЕ нема покана за да биде дел од работните групи со Бугарија. Портпаролот на партијата, Димче Арсовски, посочува дека и да бидат поканети, нема да учествуваат.„Еве на јавноста, на медиумите, на сите да им соопштам дека таква покана ВМРО-ДПМНЕ нема. А, доколку стигне, нема да учествуваме само за да би биле декоративен елемент на власта и да дадеме легитимитет на нивното погрешно функционирање. Онаму каде што власта треба да земе учество и каде што опозицијата односно ние упорно ги каниме да дојдат и да одговараат на прашања и ги бараме одговорите на тие прашања, тоа е Комисијата за надворешни работи каде што министерот Бујар Османи упорно бега да даде одговори и не учествува во истата. Претходно истото беше случај со Никола Димитров, а сега е со Бујар Османи. Така да еве повик јавно Бујар Османи да земе учество во таа Комисија за надворешни работи во Собранието на иницијатива на нашиот сопартиец Антонијо Милошоски и да одговори на сите прашања кои што ги бара јавноста, граѓаните, опозицијата и сите останати чинители во Република Македонија“, вели Арсовски.

Македонија | пред 4 години

IMG_0038

Итно е потребно да се скрати периодот на изолација, смета доктор Лазаров

Објективна е итната потреба да се скрати периодот на изолација на позитивни пациенти, смета докторот Ненад Лазаров.„Но во тој случај е неопходен барем брз антигенски тест пред излегување од изолација, во спротивно ќе имаме големи проблеми и таквата одлука ќе биде дел од низата погрешни. Тоа очигледно нема да го направат со оглед на фактот дека цела пандемија народот сам си ги плаќа тестовите, така да хаосот ќе си продолжи и понатаму. Размислете зошто до сега не е дозволено матичен лекар да може да евидентира позитивен случај врз база на брз антигенски тест направен во ординација, кој има корист од ваква ситуација“, вели Лазаров.

пред 4 години

180120222_PVRSM-_Kovacevski_precek-na-premierot-na-Bugarija_1

Македонија ќе прати амбасадор во Бугарија, откако Петков се понадева дека ќе биде именуван

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во изјава за БТВ најави дека за неколку дена ќе има предлог за амбасадор во Бугарија.Mинистерот Османи оценил дека е грешка што во текот на овие години Северна Македонија немала амбасадор во Бугарија, но изразил надеж дека во следните денови тоа ќе се случи.Последниот амбасадор на Северна Македонија во Бугарија беше Марјан Ѓорчев чиј мандат заврши на крајот на март 2020 година.

Македонија | пред 4 години

sdsm-funkcioneri

Не престануваат преписките меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

„Додека ВМРО-ДПМНЕ напразно критикува а градоначалниците од нејзините редови ги игнорираат проблемите на граѓаните, Владата предводена од СДСМ ги решава предизвиците со енергетската криза и го штити стандардот на граѓаните. Со навремени и ефикасни мерки ангажирани се сите домашни капацитети за производство на електрична енергија, АД ЕСМ од утре го презема управувањето со БЕГ и топланата Скопје Север со што се надминува кризата со топлинска енергија. Околу 7.500 семејства ќе добијат субвенции за сметките за електрична енергија, а ќе следуваат дополнителни мерки за заштита на стандардот на граѓаните и помош за стопанството. Огромна е разликата помеѓу одговорното управување на СДСМ со институциите и деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници“, велат од СДСМ.„Пиунот Ковачевски предизвика инфлација како заменик министер, а потоа ја поскапи струјата и парното. Пиунот Ковачевски е директно виновен за сите негативни ефекти во економијата. Тој е заменик министер за финансии додека долгот надмина 60% од БДП, додека имаме најмал број на странски директни инвестиции во регионот и додека стопанството и граѓаните се соочени со инфлација. Истиот Ковачевски и СДСМ со нивната неспособност придонесоа за раст на цената на струјата и парното од 15%. Од овој месец граѓаните ќе плаќаат по најмалку 1.500 денари повеќе како резултат на неспособноста на СДСМ и Ковачевски навреме да ископаат јаглен и да обезбедат евтин гас. Со СДСМ и пиунот Ковачевски не може да биде подобро. Секој месец поминат со нив е се полош. На Македонија и се потребни брзи предвремени парламентарни избори и нова влада која ќе знае да се справи со предизвиците“, обвинија претходно од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 години

235146453_220028166623348_2437089087698187375_n

Над 200 возачи се казнети, познати прекршоците

Во текот на вчерашниот ден (19.01.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 257 возачи.Од нив 25 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 89 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 168 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 4 години

Screenshot_1-8

Хит видео од Миравци: Додека верниците го чекаа крстот, попот падна во вода

На големиот христијански празник Богојавление речиси низ целата земја се фрла светиот крст во реките, езерата, но и базените.Во струмичко Миравци, додека верниците чекаа во водата да се фрли крстот, попот лизгајќи се по тревата падна во вода.

Македонија | пред 4 години

IMG_0038

2.051 заразени со коронавирус, 14 починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа:Направени се 6.353 тестови, а регистриран е 2.051 нов случај на КОВИД-19:Скопје – 1.027, Битола – 170, Прилеп – 107, Куманово – 86, Струмица – 55, Тетово – 49, Охрид – 48, Штип – 47, Кавадарци – 45, Гостивар и Кочани – по 43, Гевгелија – 39, Кичево – 34, Велес – 32, Радовиш – 30, Струга – 24, Делчево – 22, Свети Николе – 21, Ресен – 19, Неготино – 15, Кратово – 14, Валандово – 12, Берово, Богданци и Демир Хисар – по 10, Крива Паланка и Крушево – по 8, Демир Капија – 6, Пехчево – 5, Пробиштип – 4, Македонска Каменица – 3, Македонски Брод – 2, Дебар, Виница и Дојран – по 1.Од вкупниот број на позитивни (2.051), регистрирани се 276 реинфекции.Регистрирани сe 747 оздравени пациенти од: Скопје – 473, Битола – 47, Куманово – 39, Охрид – 30, Кавадарци – 29, Прилеп – 27, Гостивар – 18, Велес – 13, Струга – 9, Гевгелија – 8, Штип – 7, Струмица, Делчево и Ресен – по 6, Кочани – 5, Радовиш и Виница – по 4, Крушево и Пробиштип – по 3, Неготино, Македонски Брод и Дебар – по 2, Кичево, Валандово, Богданци и Дојран – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (82г и 86г) и Битола (48г и 65г) и по едно починато лице од Крива Паланка (76г), Прилеп (77г) и Охрид (70г). Пријавените лица се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 7 починати лица од Скопје (2), Гостивар (2), Гевгелија (1), Струмица (1) и Тетово (1) починати во период од 08-14.01.2022. Починатите се на возраст од 47г до 89г. Од пријавените случаи 3 се починати во болнички услови и 4 се во домашни услови.Од вкупниот број на починати лица (n=14), четири лица се целосно вакцинирани.Направени се 6.353 тестови преку: ИЈЗ-566, ЦЈЗ Скопје-88, ЦЈЗ Битола-89, ЦЈЗ Прилеп-66, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово-96, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–151, Жан Митрев (Филип Втори)-165, Авицена-293, Биотек-368, Систина-97, лабораторија Лаор-216, Синлаб-55, Ремедика-24, Плодност-98, Генеа-27, Никоб Лаб-716, ВФВ Медикал-77, Ели Медика-47, Ројал Медика–51, Спектра-ММ-31, Рапид Лаб–36, Жан Митрев Струмица–31, Нова Лаб Дијагностика–6, Рамус-37, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.905.Досега во земјата се направени вкупно 1.723.835 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 249.704, бројот на оздравени пациенти е 223.053, на починати е 8.153, а бројот на активни случаи изнесува 18.498.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 112551, Активни 9714Куманово 14033, Активни 709Прилеп 12201, Активни 1040Тетово 11819, Активни 331Битола 11483, Активни 1638Гостивар 8413, Активни 258Кавадарци 8098, Активни 445Велес 7955, Активни 343Охрид 7537, Активни 564Штип 7185, Активни 298Струмица 6782, Активни 393Кичево 4666, Активни 276Кочани 4385, Активни 216Струга 4179, Активни 204Гевгелија 3353, Активни 293Неготино 2872, Активни 183Свети Николе 2290, Активни 113Ресен 2136, Активни 202Крива Паланка 2105, Активни 119Радовиш 2070, Активни 221Делчево 1627, Активни 121Берово 1571, Активни 83Дебар 1480, Активни 15Виница 1230, Активни 35Пробиштип 1217, Активни 54Валандово 1225, Активни 148Кратово 845, Активни 55Крушево 780, Активни 150Богданци 776, Активни 71Демир Хисар 723, Активни 67Македонски Брод 602, Активни 44Македонска Каменица 465, Активни 33Демир Капија 462, Активни 24Пехчево 392, Активни 27Дојран 196, Активни 11

пред 4 години

271691050_441918884312418_4295388014026345254_n

ФОТО: Осветен Вардар, ама со ѓубре

Пластични шишиња, кеси, сува трева, дрвја па дури мебел стојат заглавени на кејот на Вардар во Скопје.Во коритото на реката, покрај кејот во неколку делови се израснати и цели дрвја, па гранките служат како брана и го собираат ѓубрето кое само се таложи оти никој не го чисти.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2022-01-19-120736

Во Скопје светиот крст го фатија сите верници

По повод празникот Богојавление – Водици на мостот „Слобода“ кај х. Холидеј ин во Скопје денеска се одржа традиционално осветување на водите на Вардар и положување на Чесниот крст.Светиот крст во Скопје го фатија сите верници. Тие држејќи се за рака застанаа во водите на реката Вардар и заедно го фатија крстот.„Да покажеме љубов, затоа се фативме сите за рака. Јас пет пати сум го осетил ова чувство, така што сега крстот е сега со сите нас“, рече еден од верницитеПоколоните ќе се подарат во хуманитарни цели.Согласно мерките и препораките, во Вардар влегоа околу 10 лица кои претходно имале учествувано, односно лица кои се физички подготвени.Mинатата година по одржаната литургија, двајца свештеници ги осветија водите на реката Вардар, а церемонијата помина без традиционалното скокање по крстот поради мерките против Ковид-19.

Скопје | пред 4 години

vodici1

Согласно мерките, по крстот во Вардар ќе скокаат околу десет лица

Во разговор за МИА, отец Бобан Митевски вели дека согласно мерките и препораките, денес во реката Вардар ќе влезат околу 10 лица кои претходно учествувале, односно лица кои се физички подготвени.– Годинава поради полабави мерки настанот ќе се организира, но со придржување до препораките коишто важат од здравствените власти, зборувам за Скопје. Годинава сепак ќе го има, но во согласност со мерките и препораките при што не е организациски објавено. Ние тоа го направивме брифирајќи, оние коишто би сакале да влезат во осветените води на реката Вардар и биравме од оние кои досега веќе го правеле тоа или луѓе коишто знаеме дека се подготвени физички и кои се сериозни во пристапувањето кон овој чин. Годинава тоа се случува со еден таков избор само за да се задржи форматот и да се изврши обичајот. Ако имаше пријавувања тоа ќе значеше дека може да се пријават 50, 60 луѓе кои сепак ќе дојдат со придружници, а тоа е голем број, заради тоа се одлучивме на овој начин, да го задржиме обичајот, никого да не фаворизираме, но да одбереме луѓе кои се физички подготвени со спортски дух – вели отецот.Извор: МИА

Скопје | пред 4 години

vodici-Ohrid

Крстот во Охрид го фати Мартин Гоџо

Мартин Гоџо го фати Светиот крст во Охрид.Осветувањето на водите на Охридското Езеро го спроведе Дебарско – кичевскиот митрополит Тимотеј.

Македонија | пред 4 години

pendarovski-1-1

Пендаровски: Македонци во Бугарија постојат, не се мешаме во внатрешните работи на државата

Барањето на Бугарија, Северна Македонија да ги запише Бугарите во Уставот, е мешање во внатрешните работи, вели претседателот Стево Пендаровски.„Македонци во Бугарија постојат. А дали ние од тука, како држава ќе се мешаме да ги помагаме нивните права, не. Зошто не? Правило број еден во меѓународно право, меѓународна политика, член два од Повелбата на ОН – важи за сите држави во светот: нема мешање во внатрешните работи на државата. Тие се бугарски државјани, граѓани на Република Бугарија. Ве уверувам дека македонската држава никогаш на ниво на држава не се обидувала таму да ги буцка, да ги провоцира, да им вели – излегувајте, да им дава помош. Тоа се решава на индивидуално ниво. Се чувствуваш како Македонец, ќе го кажеш тоа. Ако не ти даваат, одиш во Стразбур. Тоа е патот. Нема друг начин“, истакна Пендаровски во 24 анализа.

Македонија | пред 4 години

Gorgi-Spasov

Спасов: Сила сме ние на Балканот и затоа сите треба да се заштитат со гаранции дека нема да се шириме

Ѓорги Спасов, универзитетски професор и политички аналитичар, на својот фејсбук профил напиша дека Бугарија сега може мирно да спие.„Денес со нота до ОН ги информиравме дека името Северна Македонија се однесува само на Република Северна Македонија.Со тоа ја смиривме Бугарија која е членка на НАТО и на ЕУ и пет пати поголема од Северна Македонија дека со нашето име не имплицираме територијални претензии кон соседната држава.Ова е голем успех на бугарската дипломатија која со оваа гаранција од нашата земја ги отстрани сите сомневања дека еден ден ќе ја нападнеме и ќе ја освоиме цела Северна Македонија на Балканот.Сила сме ние на Балканот и затоа сите треба да се заштитат со гаранции дека нема да се шириме, да напаѓаме и да освојуваме туѓи територии.Затоа од денес Бугарите треба мирно да спијат. Решија еден многу голем проблем. А ние останавме без шанса да ги развиваме нашите освојувачки стратегии“, пишува Спасов на својот фејсбук профил.

Коментари | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања