ТОП

ssssss

Возачот кој ја усмрти младата радовишанка кај „Сити мол“ чека во полиција дали ќе биде побаран притвор

Министерството за внатрешни работи известува дека по насока на јавен обвинител кој ја води истрагата за сообраќајката кај Сити мол, возачот на возраст од 22-години е приведен во полициска станица, земени се крв и урина за утврдување на тоа дали има присуство на алкохол и опојни дроги. Се чека одлука на обвинителот, дали ќе побара притвор за возачот.Момчето кое вчера беше прегазено со младата девојка која загина во вчерашната трагедија на булеварот Партизански одреди е во добра состојба и е пуштено на домашно лекување. Тој има лесни повреди.Повеќе детали за како се случила несреќата се чекаат денеска.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Бидејќи Водно е критично, таму посебно се внимава на снегот

Зимската служба и службите за одржување на хигиената на Општина Центар од рано утринава се на терен и го расчистуваат наврнатиот снег на улиците, тротоарите и јавните површини во општината. Особено внимание се посветува на критичните места, во подножјето на планината Водно.Со 5 специјални возила за расчистување на снег се чистат коловозите, јавните површини, тротоарите, велосипедските и пешачките патеки, а на улиците фрлени се и 44 тони сол за превенција од замрзнување на коловозот.Се расчистуваат сите улици на територија на општината, а општината е во постојана комуникација со граѓаните, со цел навремено и ефикасно делување на терен.Расчистувањето на снегот ќе продолжи и во текот на денот, а жителите можат да пријавуваат снежни наноси на телефонскиот број 076 381 673.

Скопје | пред 4 години

271651996_268706928664561_6099452980248303309_n

„Слушнав крици кои нема да ги заборавам за цел живот“, сведоштва и реакции по трагедијата во која загина 24 годишно девојче

Не стивнуваат реакциите по страшната сообраќајна трагедија која заврши со смртен исход за 24 годишна радовишанка. Се реагира на ниските казни за вакви случаи, начинот на гонење на сторителите (возачите), неказнивоста од страна на МВР. Дел од минувачите, кои се затекнале на местата, посочуваат и детали од моментот на несреќата. Други, бараат строги казни. Досега е познато само дека семафорот кај „Сити мол“ не работел во моментот на несреќата, кога радовишанката поминувала улица заедно со уште едно лице, кое е во болница.

Коментари | пред 4 години

269706028_454117462914450_7290188147481130345_n

Дуковски: Како може Камчев да го тужи СЈО кога не постои

Поранешата специјална јавна обвинителка, Катица Јанева има желба самата да присуствува на судењата против неа, Бојан Јовановски-Боки 13, Зоран Милески-Кичеец, СЈО, Републичкото обвинителство и Владата, вели нејзиниот адвокат и син, Лазар Јанев, на што судијата одговорид дека тоа може да ја одолговлече постапката.Адвокатот Дуковски, веку деја не му е јасно како бизнисменот Камчев го тужи СЈО, институција која не постои.„Денешното рочиште се одложи за 14 февруари. Видовте дека имаат некаква си изјава од страна на тужителот (Камчев) дека го повлекува тужбеното барање кон четвртотужениот и третотужениот (Милески-Кичеец) кој ја призна вината во кривичната постапка со кој факт ние првпат денеска се запознавме. Инаку денешното рочиштето не се одржа. Немаше процесни услови. Се одложи. За тоа во кое својство Камчев ги тужи непостоечкото Специјално јавно обвинителство, Републичкото обвинителство, Владата, Дукоски вели: Тоа е опасно и за мене. Мислам дека сум долго време адвокат, но тоа е опасна непознаница за мене, а исто така, не ми е јасно како може да тужи институција, орган кој во моментот на поднесување на тужбата не постои. Секако, мислам за СЈО. Не знам, тоа ќе треба да го прашате него или неговиот полномошник, имаат нивна теорија, ние имаме своја теорија за тоа дали може или не може да има тужба“, вели Дуковски.

Македонија | пред 4 години

ssssss

МВР со детали за страшната сообраќајка кај Сити мол, повредено уште едно лице

Вечерва во близина на Сити мол во Скопје се случи страшна сообраќајна несреќа во која животот го загуби 24 годишна девојка од Радовиш. Во несреќата повредено беше и момче, исто така од Радовиш кој веднаш беше пренесен во ГОБ 8-ми Септември.„На 20.01.2022 год. во 19.44 час. пријавено е дека на ул.Московска со бул.Партизански одреди се случила сообраќајна незгода во која ПМВ Цитроен управувано од Ј. Ѓ. (1999) од Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш кој е повреден и пренесен во ГОБ 8-ми Септември и В.Н.1997 од Радовиш, која починала на лице место“, велат од МВР.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2022-01-20-190547

(ВИДЕО) Тепан, тужен и нелегално следен, Петровски три години чека правда

Правдата веќе три години никако да пристигне кај семејството Петровски. На 18.05.2019 скопски бизнисмен физички го нападнал Бранислав Петровски.„Пред да се случи целиот настан тој дојде, лично да го побара нашиот семеен бизнис да му го отстапиме. Откако одбивме почнаа ситни притисоци и целата ситуација ескалираше со физички напад, од кои татко ми доби тешки телесни повреди, скршеница на череп, неколку скршеници а вилицата, скршеница на нос, крвен подлив на окото и така натаму“, вели синот Стефан Петровски, за Види вака.Бизнисменот врз основа на признание на вина од страна на Кривичниот суд Скопје е осуден на три години условна казна.„Случајот не заврши тука, откако ја призна вината, тој поднесе приватна кривична тужба кон моето семејство дека ние први сме го започнале физичкиот конфликт и ден-денеска се уште се влечеме низ судските лавиринти“, додава Стефан.Тој вели дека тортурата продолжува, а напаѓачот поставил и камери за да снимаат. Се обратиле до Агенцијата за заштита на лични податоци и не добиле никаков одговор. 

Скопје | пред 4 години

ssssss

(ФОТО) Ужас: Прегазена 24-годишна девојка кај Сити мол

24-годишна девојка вечерва беше прегазена на пешачки премин во близина на Сити мол во Скопје. Девојката починала на местото на несреќата.Според информациите таа преминувала на пешачки премин, автомобил марка „Тојота“ удрил во неа.Во моментов полиција врши увид на местото на несреќата.

Скопје | пред 4 години

Capture-2

Пруга до Бугарија најрано во 2027, вели Бочварски

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски вечерва информираше дека железничкото поврзување со соседна Бугарија, најрано може да се очекува во 2027 година, откако ќе биде завршена изградбата на третата делница.„Тунелот на железничката пруга со Бугарија ќе биде 5 километри, 2,5 на нашата страна и 2,5 км на бугарска. Само тој тунел чини 70 милиони евра. Бугарите работат на проект брза пруга и сакаат да се поврзат на овој Коридор 8 со нас. Третата делница, што чини преку 400 милиони евра од Крива Паланка до Деве Баир, според динамиката, треба да се гради 4 години. Нашите очекувања се дека ќе започне наредната година и до 2027 година да ја изградиме оваа трета делница“, рече Бочварски.

Македонија | пред 4 години

17012022_VRSM_1vaSednica-1

Формирани работните групи за продлабочување на соработката со Бугарија

Владата на оваа своја четврта седница го донесе Решението за назначување на ко-претседавачи и членови во Заедничките меѓувладини работни групи за продлабочување на билатералната соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, што како заклучок беше произлезен од состаноците за време на официјалната посета на делегацијата на Владата на Република Бугарија на нашата земја.За ко-претседавачи во Заедничката меѓувладина работна група за економија, трговија и иновации се назначени Фатмир Битиќи, заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските политики и инвестиции, а за членови се определени Фатмир Бесими, министер за финансии, Крешник Бектеши, министер за економија, а членови на комисијата треба да назначат и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за надворешни работи, Фонд за иновации и развој, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Агенција за промоција на туризмот, како и Министерството за економија за делот на енергетиката.За ко-претседавачи во Заедничката меѓувладина работна група за инфраструктура, транспорт и поврзување се назначени Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, Горан Милевски, министер за локална самоуправа, Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација, а за членови треба да бидат назначени уште претставници на Кабинетот на заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските политики и инвестиции, на Министерството за финансии, на Министерството за економија, и на Министерството за надворешни работи.Со заедничката меѓувладина работна група за европска интеграција и зелени политики за копретседавачи се назначуваат Бојан Маричиќ, заменик на претседателот на Владата за европски прашања, Славица Грковска, заменик на претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, и Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање – ко-претседавач, а членови во оваа работна група треба да назначат и Министерството за надворешни работи, Министерството за финансии и Министерството за правда.За ко-претседавачи на заедничката меѓувладина работна група за култура, наука и образование се назначува Артан Груби, прв потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Бисера Костадиновска-Стојчевска, министер за култура, и Јетон Шаќири, министер за образование и наука – ко-претседавач. За членови во групата треба да бидат назначени и претставници на Министерството за економија, Министерството за надворешни работи, Агенција за промоција и поддршка на туризмот, од Агенцијата за млади и спорт – член.Дополнително ќе се назначат и ко-претседавачи и членови за работната група којашто треба да се состои од претставници на Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика.

пред 4 години

infektivna-kovid-ambulanta

Почина 30-годишна бремена жена од ковид

30 –годишна бремена жена е меѓу жртвите кои во изминатото деноноќие не се изборија со ковидот.Од Министерството за здравство за Телма информираат дека жената била во петиот месец од бременоста, била позитивна на ковид и примена на Инфективната клиника.Но, по девет дена од лекувањето состојбата и се влошила.Целиот текст можете да го прочитате тука

пред 4 години

korona-sertifikat-patuvanja

Беќаровски бара да се укинат ковид сертификатите: Ајде барем во нешто да бидеме лидери

Ковид сертификатите се комплетно смешни во ерата на омикрон сојот од Sars-Cov-2 и ајде да бидеме меѓу првите кои времено ќе ги суспендираме, барем на територијата на Македонија, предлага д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија.„Ајде барем во нешто да бидеме ЛИДЕРИ во ЕвропаКовид сертификатите се комплетно смешни во ерата на Омикрон сојот од Sars-Cov-2 и ајде да бидеме меѓу првите кои времено ќе ги суспендираме, барем на територијата на Македонија !!!Ако сите се сложуваме дека ниту вакцината, ниту претходното прележување не заштитува од можноста да се заразиме и да го пренесеме омикронот, тогаш која е целта на КОВИД СЕРТИФИКАТОТ во дадениов момент ???Некој ќе каже, вакцинираните и прележаните многу полесно ја поминуваат болеста и потешко се заразуваат.Да 100% точно и затоа е паметно да сте вакцинирани, ама тоа е личен ризик на непрележаните и невакцинираните, а не ризик по колективното здравје, поради кои и се воведоа овие сертификати.Место тражење на сертификат на влезовите, денес многу поцелисходно е термокамера т е. мерење на телесната температура.Почитувани колеги од Комисијата за заразни болести, ќе Ве замолам размислете и ставете ја на дневен ред оваа идеја. Покажете малку оригиналност“, вели тој.

Коментари | пред 4 години

pop-830x0-1

(ВИДЕО) Српски поп за Водици со џип влезе во реката, па ги „мотивираше“ учесниците

Свештеник од Србија стана хит на социјалните мрежи откако се појави видео од традиционалното фаќање на крстот за Водици, каде со џип влегува до пола река и почнува да ги охрабрува учесниците на манифестацијата. Додека возилото со свештеникот влегува во реката, од страна се слушаат коментари на присутните.„Немој, ќе се преврти“, се слуша во моментот додека џипот се симнува во плиткиот дел на реката, позиционирајќи се на права позиција за фрлање на крстот во водите на реката.Кога свештеникот се намести на вистинското место, во моментот додека момците се доближуваат до реката, се слуша прашање кое го дофрла некој од публиката кон оние кои учествуваат во фаќањето на крстот.„Имате ли м*да?“, е прашањето по кое настапи смеа од присутните.

Магазин | пред 4 години

image-155845

Почина Бранко Цветковски чија куќа изгоре во пожар, синот со посебни потреби остана без родители

Почина Бранко Цветковски, самохран родител на дете со посебни потреби.Минатата година во септември лани куќата на ова семејство од Волково целосно изгоре, па таткото неколку месеци спиеше во својот стар автомобил, а 17-годишниот Бојан, кој не може да живее самостојно, на минусни температури спиеше во подрумот, каде нема никакво греење.

Скопје | пред 4 години

w_56097563

Неделава две лица заболени со грип и КОВИД-19 истовремено

Во текот на 2-ра недела од 2022 година, во Република Македонија пријавени се 470 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, идентично како минатата недела.Во текот на 2-ра извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ кај 2 лица е потврдена инфекција со грип и КОВИД-19 истовремено.Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 2-ра недела од минатата сезона е зголемен 13 пати, а во споредба со бројот за 2-ра недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 10 сезони) се регистрира намалување од 58,6%. Во однос на возрасната дистрибуција, 273 лица се на возраст од 15-64 години, 96 кај деца на возраст од 5-14 години, 65 се регистрирани кај деца на возраст од 0-4 години и 36 лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.Во сезоната 2021/2022 вкупниот број на случаи на грип/ заболувања слични на грип изнесува 2.653. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 6,1 пати, а во однос на моделот од последните 10 сезони се регистрира намалување од 16,3%.Најголем број на заболени лица се регистрирани на територијата на Дебар.

Македонија | пред 4 години

DSC_0699

1.172 нови случаи на КОВИД-19, 13 починаа

Почитувани,Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 4.021 тестови, а регистрирани се 1.172 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 629, Битола – 109, Куманово – 64, Охрид – 53, Штип – 36, Тетово – 35, Кавадарци – 30, Велес и Кичево – по 27, Прилеп – 25, Струмица – 24, Гостивар – 23, Ресен – 20, Гевгелија – 19, Струга – 11, Неготино – 9, Свети Николе – 7, Крива Паланка и Богданци – по 5, Кочани – 3, Радовиш и Виница – по 2, Берово, Дебар, Валандово, Кратово, Крушево, Демир Хисар и Дојран – по 1.Од вкупниот број на позитивни (1.172), регистрирани се 145 реинфекции.Регистрирани сe 553 оздравени пациенти од: Битола – 144, Прилеп – 65, Скопје – 53, Куманово – 40, Кавадарци – 24, Штип – 22, Велес – 20, Гевгелија и Кочани – по 19, Радовиш – 18, Тетово – 14, Кичево и Неготино – по 13, Крива Паланка и Богданци – по 10, Гостивар и Свети Николе – по 9, Делчево – 8, Демир Хисар – 7, Ресен и Валандово – по 5, Крушево, Македонски Брод и Пхечево – по 4, Струмица, Берово, Кратово и Пробиштип – по 3, Виница и Македонска Каменица – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 6 починати лица од Скопје (65г, 69г, 70г, 78г, 83г и 84г), 3 од Битола (32г, 72г и 79г) и по едно починато лице од Велес (30г), Охрид (63г) и Прилеп (62г). Пријавените лица се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице од Струмица (59г) починат на 15.01.2022, во болнички услови.Од вкупниот број на починати лица (n=13), пет лица се целосно вакцинирани.Направени се 4.021 тестови преку: ИЈЗ-358, ЦЈЗ Скопје-72, ЦЈЗ Битола-65, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–15, ЦЈЗ Куманово-46, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–163, Жан Митрев (Филип Втори)-155, Авицена-112, Биотек-207, Систина-104, лабораторија Лаор-204, Синлаб-0, Ремедика-17, Плодност-106, Генеа-11, Никоб Лаб-484, ВФВ Медикал-69, Ели Медика-29, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–21, Жан Митрев Струмица–18, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.762.Досега во земјата се направени вкупно 1.727.856 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 250.876, бројот на оздравени пациенти е 223.606, на починати е 8.166, а бројот на активни случаи изнесува 19.104.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 113182, Активни 10286Куманово 14095, Активни 731Прилеп 12226, Активни 999Тетово 11854, Активни 352Битола 11591, Активни 1599Гостивар 8436, Активни 272Кавадарци 8128, Активни 451Велес 7983, Активни 350Охрид 7590, Активни 616Штип 7222, Активни 313Струмица 6806, Активни 413Кичево 4693, Активни 290Кочани 4388, Активни 200Струга 4190, Активни 215Гевгелија 3372, Активни 293Неготино 2881, Активни 179Свети Николе 2297, Активни 111Ресен 2156, Активни 217Крива Паланка 2110, Активни 114Радовиш 2072, Активни 205Делчево 1627, Активни 113Берово 1572, Активни 81Дебар 1481, Активни 16Виница 1232, Активни 36Валандово 1226, Активни 144Пробиштип 1217, Активни 51Кратово 846, Активни 53Крушево 781, Активни 147Богданци 781, Активни 66Демир Хисар 724, Активни 61Македонски Брод 601, Активни 39Македонска Каменица 465, Активни 32Демир Капија 462, Активни 24Пехчево 392, Активни 23Дојран 197, Активни 12

пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања