ТОП

IMG-85e8aeeeec235447a8b1cc44facc74e2-V

Починат донор спаси три животи!

„Вчера во претпладневните часови едно храбро семејството одлучи да ги донира органите од својот близок кај кој беше потврдена мозочна смрт. По направените подготовки и координацијата помеѓу тимовите од интерните и хируршки клиники, доцна во ноќта започа експлантацијата, а веднаш потоа и трансплантацијата, најпрво на срцето, а утрово и на двата бубрега“, информираа од МЗ.Тие додадоа:„Еден млад пациент доби срце, а кај двајца пациенти на дијализа веќе се трансплантираат бубрезите. Уште неколку пациенти во наредните денови ќе можат да добијат коскени ткива.Со нивната хумност и одлуката да ги донираат органите, ова семејство подари живот на најмалку тројца пациенти, а на сите нас да ни донесе утро полно надеж.И за тоа сме им бескрајно благодарни.Благодарност и до медицинските тимови од сите клиники вклучени во експлантацијата и трансплантацијата, кои изминатото деноноќие неуморно работеа и се уште работат“.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2022-01-22-105734

(ВИДЕО) Загинатата и дечкото претрчале на пешачкиот, а не се гледало од колона возила, вели адвокатот на возачот

Судија на претходна постапка вечерва донесе решение за изрекување мерка 30 дена притвор за 22- годишниот скопјанец, кој со возило Цитроен ја прегази 24- годишната радовишанка на прешачки премин кај Сити Мол.Aдвокатот во изјава за „А1он“ вели дека ќе има посебно вештачење со кое ќе се утврди брзината на движење.„Ќе има вештачење посебно, кое ќе утврди брзина. Меѓутоа со оглед на околностите и движењата на другите коли, не верувам дека е повеќе од 50 на час. Проблемот е што покојната нели и дечкото од Радовиш, претрчувајќи преку пешачкиот премин, нему му бил блокиран погледот од другата колона на автомобили, во тој момент се нашле пред него. Неговата реакција била во моментот исправна и брза, но прекратко за да може да застане“, рече Јанковиќ за „А1он“.

Скопје | пред 4 години

zvicer-696x464-1

Звицер планирал атентат врз претседателот Вучиќ, а Спасовски и МВР му дадоа македонски пасош, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Нов скандал го тресе МВР на Спасовски. Радоје Звицер според информации на Европол, потврдени од МВР на Србија потврдија дека е откриен заговор за атентат врз претседателот на Србија Вучиќ, вели ВМРО-ДПМНЕ.„ВМРО ДПМНЕ во рамките на обелоденувањето на аферата "мафија" пред помалку од една година откри дека на списокот мафијаши и криминалци кому Спасовски им издал легален македонски пасош но под друго име е токму атентаторот на Вучиќ Радоје Звицер.Поминува една година, и виновни за оваа афера каде со македонски пасош се стекнале регионални и светски мафијаши, нема.Освен симболична казна за неколку службеници во МВР кои треба да бидат колатерална штета нема одговорност за вистинските организатори на ваквата мрежа за издавање на македонски пасоши. Нема криминалец кој не оперира со пасошите на Спасовски со македонско знаме.Ова покажува дека покрај срамот за Македонија кој го приредува Спасовски, тој е отворен заштитник на криминалот“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

ssssss

Возачот оди во 30-дневен притвор

Судија на претходна постапка вечерва донесе решение за изрекување мерка 30 дена притвор за 22- годишниот скопјанец, кој со возило Цитроен ја прегази 24- годишната радовишанка на прешачки премин кај Сити Мол.Основното јавно обвинителство Скопје претходно информираше дека е донесена Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода согласно член 301 став 1 од Кривичниот законик.Според ОЈО, осомничениот, на 20 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал со патничко моторно возило Цитроен Ц4 по булеварот „Партизански одреди“. Кога дошол до крстосницата со улиците „Московска“ и „Љубљанска“, каде светлосните сообраќајни знаци – семафори биле исклучени од програм и работеле со трепкаво жолто светло, тој постапил спротивно на член 19 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, односно иако бил должен не обрнал внимание на пешаците на коловозот. Спротивно и на членот 35, приоѓајќи кон обележан пешачки премин, осомниченио управувал со автомобилот со брзина поголема од 50 километри на час, со што бил оневозможен навремено да го запре возилото во случај на потреба. Со предниот дел од возилото удрил во двајца пешаци кои поминувале по обележаниот пешачки премин. Оштетената девојка притоа се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место, додека другиот пешак бил повреден и пренесен во болница.Осомничениот возач ги оставил без помош повредените лица и останал во своето возило до доаѓањето на увидната екипа.Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоците или вештаците и со тоа да ја попречува кривичната постапка, како и оправдан страв дека би можел да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Скопје | пред 4 години

ilija-dimovski

Екологијата на апарати, Морачанин во зимски сон, вели Димовски

Владата ќе купува мазут за парното во Скопје, вели Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.„Владата ќе купува мазут за парното во Скопје... Сега ќе видите што е загадување... Екологијата на апарати... Маја Морачанин во зимски сон...“, напиша Димовски.https://twitter.com/ilijadimovski/status/1484554808082288646?s=20 

Коментари | пред 4 години

doktor-niko

Младите се по кафулиња, а 20% од нив се вакцинирани, вели Беќаровски

Д-р Нико Беќаровски во денешното гостување на емисијата „Топ тема“ изјави дека ковид-сертификатите треба да се укинат, затоа што, „секој има пропусница, а ретко кој е контролиран“.– Младите сите ни се по кафулиња, а ретко кој е контролиран, а само 20% од нив се вакцинирани. Сертификатот ја изгуби секоја смисла, барем за домашна употреба треба да се тргне – вели Беќаровски.

Македонија | пред 4 години

272168537_10222727906485487_5072388007489295014_n

Koлa ce зaби вo пиљapa, вoзaчoт два пати избeгa oд мecтoтo нa нecpeќaтa, сведочи Лазаров

Цела јавност е потресена по вчерашната трагедија во која девојка од Радовиш го загуби животот, откако беше прегазена на пешачки премин.За една слична ситуација објаснува и доктор Ненад Лазаров, на која самиот тој бил сведок.„Пред некои години сведочев на сообраќајка на Водњанска по која удрениот автомобил заврши буквално во пилјарата внатре низ излог.Возачот кој ја предизвика несреќата, околу 20год. избега ама му падна табличката, среќа немаше никој повреден посериозно.По 5 минути се враќа ликот со колата, како подзастанува ние помисливме дека се свестил што направи, а он со упалена кола на сред улица застана да си ја бара табличката (која ја имавме ние земено), не ја најде и без да погледне дали има повредени или било што, пак си избега.После еден саат го донесе полиција на лице место, ја додека давам изјава на полиција ко сведок, таткото ми вика што се мешаш ти...На суд не ме викна никој, со задоволство ќе одев, не сум ни помислил дека е можно да се избега два пати од лице место на иста несреќа“, стои во објавата.

Коментари | пред 4 години

korona-1

2.071 новозаразени со ковид, починаа девет лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 6.010 тестови, а регистрирани се 2.071 нов случај на КОВИД-19:Скопје – 1.047, Битола – 178, Кавадарци – 89, Куманово – 73, Тетово - 66, Гевгелија – 63, Прилеп – 47, Кочани – 42, Велес – 41, Гостивар – 39, Неготино – 37, Струмица – 33, Кичево и Ресен – по 28, Охрид, Берово и Валандово – по 25, Делчево – 24, Штип – 22, Струга и Радовиш - по 21, Свети Николе – 14, Крушево и Демир Хисар – по 11, Богданци – 10, Крива Паланка – 9, Македонска Каменица – 8, Дебар, Пробиштип, Кратово и Пехчево – по 6, Виница и Македонски Брод – по 3, Демир Капија и Дојран – по 2.Од вкупниот број на позитивни (2.071), регистрирани се 275 реинфекции.Регистрирани сe 1.450 оздравени пациенти од: Скопје – 702, Битола- 158, Прилеп – 116, Куманово – 55, Кавадарци – 48, Охрид – 33, Штип – 30, Велес – 28, Струмица – 27, Радовиш – 26, Валандово – 24, Гевгелија – 23, Тетово – 21, Гостивар и Кичево – по 19, Ресен – 16, Кочани, Неготино и Крушево – по 14, Свети Николе - 12, Берово и Пробиштип – по 8, Струга и Крива Паланка – по 7, Богданци – 4, Пехчево и Демир Капија – по 3, Демир Хисар, Кратово, Виница и Македонски Брод – по 2, Делчево, Дебар и Дојран - по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 4 починати лица од Скопје (66г, 70г, 85г и 91г), 2 од Велес (54г, и 89г) и по едно починато лице од Гевгелија (59г), Струга (86г) и Делчево (61г). Пријавените лица се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се две починати лица од Скопје (84г и 88г). Едното починато лице е пријавено со дата на смрт на 5.01.2022г, додека второто лице е на 20.01.2022г. Пријавените лица се починати во домашни услови.Од вкупниот број на починати лица (n=11), четири лица се целосно вакцинирани.Направени се 6.010 тестови преку: ИЈЗ-520, ЦЈЗ Скопје-118, ЦЈЗ Битола-67, ЦЈЗ Прилеп-47, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово-76, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-5, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-23, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–79, Жан Митрев (Филип Втори)-180, Авицена-270, Биотек-325, Систина-108, лабораторија Лаор-122, Синлаб-61, Ремедика-16, Плодност-111, Генеа-37, Никоб Лаб-658, ВФВ Медикал-73, Ели Медика-68, Ројал Медика–32, Спектра-ММ-51, Рапид Лаб–49, Жан Митрев Струмица–28, Нова Лаб Дијагностика–9, Рамус-55, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.803.Досега во земјата се направени вкупно 1.733.866 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 252.947, бројот на оздравени пациенти е 225.056, на починати е 8.177, а бројот на активни случаи изнесува 19.714.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 114231, Активни 10627Куманово 14168, Активни 749Прилеп 12273, Активни 930Тетово 11920, Активни 397Битола 11769, Активни 1619Гостивар 8475, Активни 292Кавадарци 8217, Активни 492Велес 8024, Активни 361Охрид 7614, Активни 607Штип 7244, Активни 305Струмица 6839, Активни 419Кичево 4721, Активни 299Кочани 4430, Активни 228Струга 4211, Активни 228Гевгелија 3435, Активни 332Неготино 2918, Активни 202Свети Николе 2310, Активни 112Ресен 2184, Активни 229Крива Паланка 2119, Активни 116Радовиш 2093, Активни 200Делчево 1651, Активни 135Берово 1597, Активни 98Дебар 1487, Активни 21Виница 1235, Активни 37Валандово 1251, Активни 145Пробиштип 1223, Активни 49Кратово 852, Активни 57Крушево 792, Активни 144Богданци 791, Активни 72Демир Хисар 735, Активни 70Македонски Брод 604, Активни 40Македонска Каменица 473, Активни 40Демир Капија 464, Активни 23Пехчево 398, Активни 26Дојран 199, Активни 13

пред 4 години

parno

ЕСМ ќе управува и со топланата Скопје Север

Владата на Република Северна Македонија на денешната 5-та седница, врз основа на овластувањата од прогласената кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија, го одобри Договорот за деловно техничка соработка со кој се регулираат меѓусебните права и обврски на Прокуристот како застапник на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), со што ЕСМ ќе се стекне со право да управува со сите деловни активности на топланата Скопје Север АД - Скопје, со сите трансакциски сметки на Скопје Север АД - Скопје како и со наменската сметка која што топланата ќе ја отвори исклучиво за потребите на овој Договор за деловно техничка соработка.Договорот за реализација на деловно техничка соработка има за цел да се обезбеди топлинска енергија за снабдување на жителите на Град Скопје.Владата денеска донесе и Одлука со која се одобруваат текстовите на договорите со БЕГ и со топланата Скопје Север АД - Скопје и со која се одобрува работењето на Управниот одбор и на Надзорниот одбор на АД Електрани на Северна Македонија во државна сопственост, со БЕГ и со Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД - Скопје.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2022-01-21-at-15.37.07

Возел над дозволената брзина и не застанал на пешачки, ОЈО со детали за сообраќајката

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода согласно член 301 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 20 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал со патничко моторно возило Цитроен Ц4 по булеварот „Партизански одреди“. Кога дошол до крстосницата со улиците „Московска“ и „Љубљанска“, каде светлосните сообраќајни знаци – семафори биле исклучени од програм и работеле со трепкаво жолто светло, тој постапил спротивно на член 19 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, односно иако бил должен не обрнал внимание на пешаците на коловозот. Спротивно и на членот 35, приоѓајќи кон обележан пешачки премин, осомниченио управувал со автомобилот со брзина поголема од 50 километри на час, со што бил оневозможен навремено да го запре возилото во случај на потреба. Со предниот дел од возилото удрил во двајца пешаци кои поминувале по обележаниот пешачки премин. Оштетената девојка притоа се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место, додека другиот пешак бил повреден и пренесен во болница.Осомничениот возач ги оставил без помош повредените лица и останал во своето возило до доаѓањето на увидната екипа.Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоците или вештаците и со тоа да ја попречува кривичната постапка, како и оправдан страв дека би можел да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Скопје | пред 4 години

bekim-sali-5-e1633429806452-1200x630-1

Болниците се исполнети околу 60 отсто, вели министерот Сали

Министерот за здравство Беким Сали попладнево за Сител изјави дека болничките капацитети во земјава за ковид пациенти се исполнети околу 60 отсто. Тој исто така испрати апел до граѓаните вакцинацијата да продолжи.– Во постоечките болници исполнетоста е од 55 до 60 отсто, од аспект на кревети, што значи болниците се уште имаат капацитет за исполнување. Тоа се општите болници по градовите, Инфективната клиника и „8 Септември“. Сепак, преземаме мерки за подготвеност и за во текот на идната недела – изјави Сали.Тој напомена дека навремено преземаат мерки за анализа на состојбата и за исполнетост на болниците. Додаде дека се уште сме далеку од потребата за именување на одредена клиника во ковид центар.Посочи дека сѐ уште е рано да се зборува за укинување на ковид-сертификатите зашто нивото на вакцинација на населението во земјава е многу помала во однос на другите земји.– Многу е важно да продолжи имунизацијата зашто досегашните резултати не ни покажуваат дека нашата популација е доволно имунизирана – изјави Сали .

Македонија | пред 4 години

w_56097563

Комисијата за заразни болести препорача намалување на периодот на изолација

Намалување на периодот од 10 на 7 дена изолација за ковид-позитивните пациенти е ставот што произлезе од денешната вонредна, седница на Комисијата за заразни болести. Одлуката ја носи Владата на предлог на Министерството за здравство, а врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести и одобрување од Главниот кризен штаб.„На состанокот на Комисијата, денеска, не стана збор за укинување на сертификатите и за носењето заштитни маски од учениците со започнувањето на второто полугодие од учебната година. За овие прашања ќе се разговара дополнително на некои од наредните состаноци на Комисијата.Состојбата будно ја следиме, а анализите во моментот укажуваат на тоа дека сè уште има капацитет за сместување во болниците. Сепак, со оглед на околностите, на денешната седница дискутиравме и за потребата од брза реакција доколку сликата се смени и болниците се преполнат. Во такви околности Министерството за здравство веднаш би ги ставило во функција останатите капацитети на јавноздравствените установи. Ги преземаме сите соодветни мерки за да обезбедиме сигурност за секој граѓанин поединечно“, велат од Министерство за здравство.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2022-01-21-at-15.37.12

Обвинителство бара притвор за возачот

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа во близина на трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје, во која животот го загуби едно лице, а уште едно беше повредено.Оттаму велат дека ќе побараат притвор за 22-годишниот возач кој патнички автомобил „Цитроен Ц4“, удрил во двајца пешаци, девојка и момче на возраст од по 24 години, кои поминувале преку улицата. Од здобиените повреди, оштетената починала на лице место, додека другиот пешак е повреден и пренесен во болница.Возачот е спроведен во судот, каде треба да се донесе одлуката.

Македонија | пред 4 години

DSC_0420

Шанса за Центар бара итно да се активира автоматски систем за следење и казнување во сообраќајот

Почитувани премиер и министри на Владата на Република Северна Македонија, избраници на народот и градоначалничка на Град Скопје,Бараме неодложно да се преземе одговорност и да се покаже политичка волја за што побрзо воспоставување на сообраќајна безбедност на патиштата низ државата, а особено на градските улици во Скопје. Очекуваме одговорност, зрелост и конструктивност, поради безбедноста на сите граѓани. Бараме најитно да се активира автоматскиот систем за следење и казнување во сообраќајот во Скопје. Истовремено, бараме решенијата за зголемување на безбедноста во сообраќајот да ги третираат најранливите и нивните потреби, а проектите за нови сообраќајници да ја имаат безбедноста како носечка компонента вклучувајќи инфраструктурни бариери и успорувачи на брзини, велат од граѓанската иницијатива Шанса за Центар.„Активирањето на автоматскиот систем со камери ќе ја олесни работата на полицијата, ќе ја зголеми сообраќајната дисциплина и култура, а со тоа ќе се зголеми и безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Со ова ќе се растеретии судскиот систем од администрирање на сообраќајни прекршоци кои во голем дел остануваат без епилог или казни кои не се спроведени.Во духот на борбата против корупција и транспарентното управување кое очекуваме да биде врвен приоритет во државата, го бараме активирањето на автоматскиот систем за следење и казнување, со кој граѓаните ќе се чувствуваат правично дури и кога ќе бидат казнети, бидејќи ќе знаат дека системот не распознава моќ, врски и познанства.Секако, очекуваме соработка со надлежните служби независно во чија надлежност се и нема да имаме разбирање за префрлање на надлежностите и одговорностите. Имено, фактот што има жртви во сообраќајот е последица токму на неодговорното префрлање на надлежностите“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 4 години

271651996_268706928664561_6099452980248303309_n

Се земаат снимки од видео надзор, детали за сообраќајката во која загина младата радовишанка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа во близина на трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје, во која животот го загуби едно лице, а уште едно беше повредено.„Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога патнички автомобил „Цитроен Ц4“, управуван од лице на возраст од 22 години, удрил во двајца пешаци, девојка и момче на возраст од по 24 години, кои поминувале преку улицата. Од здобиените повреди, оштетената починала на лице место, додека другиот пешак е повреден и пренесен во болница.По наредба на јавен обвинител, возачот на автомобилот веднаш по несреќата е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата, а нареди и вештачење на примероци од крв и урина од возачот на автомобилот со цел да се утврди дали тој управувал со возилото под дејство на алкохол или други недозволени супстанции. Издадена е наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот на местото каде се случи несреќата. Се преземаат и други дејствија за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде донесена одлука за натамошното постапување“, велат од Обвинителство.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања