ТОП

224kmh

Казнети 407 возачи, се возело и со 224 километри на час

Во текот на вчерашниот ден (06.01.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 407 возачи. Од нив 86 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 26 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 119 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 288 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 4 години

w_56097563

4.297 нови случаи на коронавирус за три дена

Бројот на активни случаи со ковид-19 во земјава изнесува 8.209. Во последните 24 часа беа направени 7.472 тестирања, при што се регистрираа 1.725 нови позитивни резултати, починаа две лица, а оздравеа 332.Како што информира Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), од новорегистрираните случаи најмногу има во Скопје – 1028, следат Битола – 148, Прилеп – 112, Охрид – 61, итн.Во изминатите три дена бројот на новозаразени со коронавирус нагло се зголеми, при што регистрирани се 4297 нови случаи.Досега во земјата се направени вкупно 1.633.936 милиони тестирања на ковид-19, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 230.265, бројот на оздравени пациенти е 214.054, а на починати е 8.002.

пред 4 години

w_56102301

Омикрон кај нас се ширел најмалку 2-3 недели, вели Трајковски

Најнова анализа на професорот Дејан Трајковски, кој редовно на Фејсбук ја анализира состојбата со Ковид-19 во Македонија.„Ефективниот репродукциски број Rt одново, но многу побргу отколку во претходните бранови, се најде во зоната на екстремно високи вредности, над 2,0. Многу рано, но што е уште позагрижувачки, овие високи вредности се случуваат при висок број на нови случаи, а тие допрва ќе искачуваат нагоре.Стапката на позитивни тестови денеска исстрела над 20%, а нејзината подвижна средина започна необично стрмо да искачува (сината и црвената линија на дијаграмот на втората слика). Сето тоа се случува за многу кратко време од сé на сé неколку дена, поточно откако омикрон сојот започна да доминира. Слично како кај репродукцискиот број Rt, ова е само почеток и можно е да видиме стапки околу 40%, т.е. сеопшто заразување на популацијата откако омикрон сојот достигне стопроцентна застапеност. Да не заборавиме, ова е само почеток, а големите бројки и проценти допрва доаѓаат.Но, за разлика од овие застрашувачки, нагорни трендови за новозаразувањето, кај смртноста сликата е многу пооптимистичка, односно практично дијаметрално спротивна. Поради празниците изгледа како да нема никој во МЗ од системот „Мој термин“ да ги прочита броевите на „заборавените“ починати, но дури и без нив забележуваме неверојатен пад во дневниот број на починати, т.е. дневниот морталитет (портокаловата линија на дијаграмот на третата слика), како и во стапката на леталитет (сината линија на дијаграмот н четвртата слика).Ова рано намалување на бројот на умрени кажува дека омикрон сојот кај нас се ширел најмалку 2-3 недели. Поради големиот наплив на нови случаи деновиве, по една недела ќе видиме пораст на бројот на починатите, но стапката на леталитет (процентот на починати од новозаразените) ќе продолжи да се намалува, веројатно до помалку од 1%.Да ги почекаме броевите на „заборавени“ починати од „Мој термин“, но ако по утрото денот се познава, поради високата прележаност на населението со секој нареден бран леталитетот станува сé помал и помал. Доколку имавме поголем опфат со вакцинација, како на пример во Велика Британија или Данска, немаше да има потреба нискиот леталитет да го плаќаме со досегашната прележаност и највисокиот одвишен морталитет на светот. Разликата е што таму 90% луѓето самите оделе да се вакцинираат, а тука дури ни разните условувања не помогнале за да победи разумот. Впрочем, бројот на умрени кажува сé, ама памет со инка не се турива“, вели тој.

Коментари | пред 4 години

hljeb-bozic-reuters_original

Кај кого се падна паричката кај познатите личности

Бадник во домот на познатите и кршењето лепче со паричка и годинава ги преплави социјалните мрежи, па да видиме во кој се падна паричката во домовите на познатите Македонци:Градоначалникот на Струмица, Коста КостадиновКај синот на Борко Ристовски и Нина, ДушанИгор ЏамбазовКај ќерката на Тамара Тодевска, ХанаКај синот на Миа КостоваМартија Станојковиќ

Магазин | пред 4 години

IMG_2960

Облачно и постудено, температура до 10 степени

Времето денеска ќе биде претежно облачно и постудено. Кон крајот на денот и во текот на ноќта со локален дожд, на планините снег. Ќе дува слаб до умерен, а претпладне долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.Во Скопје претежно облачно со умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 6 степени.До понеделник ќе преовладува облачно време. Повеќе врнежи се очекуваат во понеделник. Дневната температура значително ќе се намали.

Македонија | пред 4 години

47571426_199260230980716_278705671992508416_n

Црни статистики: 1.725 нови случаи, 2 починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 7.472 тестирања, а регистрирани се 1.725 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 1028, Битола – 148, Прилеп – 112, Охрид – 61, Куманово – 52, Кавадарци – 43, Гевгелија – 32, Штип – 31, Струмица – 24, Тетово – 22, Гостивар – 21, Кичево – 20, Велес – 16, Кочани – 14, Делчево – 13, Крушево – 12, Струга – 10, Радовиш и Валандово – по 8, Ресен – 7, Неготино – 6, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Пробиштип и Македонски Брод – по 4, Кратово и Богданци – по 3, Виница, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Дебар, Демир Капија и Дојран – по 1.Регистрирани сe 332 оздравени пациенти од: Скопје – 185, Битола – 27, Прилеп – 26, Кавадарци – 15, Велес и Ресен – по 11, Куманово – 9, Македонски Брод – 7, Охрид, Тетово и Кичево – по 5, Богданци – 4, Гевгелија, Штип, Струмица и Кочани – по 3, Делчево, Струга и Пробиштип – по 2, Гостивар, Радовиш, Валандово и Кратово – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 2 починати лица: по едно починато лице од Скопје (66г) и Неготино (76г). Пријавените лица се починати во болнички услови.Направени се 7.472 тестови преку: ИЈЗ-432, ЦЈЗ Скопје-109, ЦЈЗ Битола-125, ЦЈЗ Прилеп-73, ЦЈЗ Тетово–22, ЦЈЗ Куманово-137, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-4, УК Пулмологија со алергологија –4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–196, Жан Митрев (Филип Втори)-279, Авицена-506, Биотек-600, Систина-112, лабораторија Лаор-356, Синлаб-154, Ремедика-20, Плодност-117, Генеа-42, Никоб лаб-788, ВФВ Медикал-108, Ели Медика-75, Ројал Медика–66, Спектра-ММ-47, Рапид Лаб–51, Жан Митрев Струмица–18, Нова Лаб Дијагностика–20, Рамус-48, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.961.Досега во земјата се направени вкупно 1.633.936 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 230.265, бројот на оздравени пациенти е 214.054, на починати е 8.002, а бројот на активни случаи изнесува 8.209.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 102196, Активни 4711Куманово 13277, Активни 181Тетово 11490, Активни 93Прилеп 11126, Активни 490Битола 9767, Активни 665Гостивар 8129, Активни 54Кавадарци 7615, Активни 269Велес 7595, Активни 142Охрид 6996, Активни 324Штип 6852, Активни 133Струмица 6405, Активни 183Кичево 4381, Активни 92Кочани 4152, Активни 63Струга 3972, Активни 48Гевгелија 3048, Активни 155Неготино 2682, Активни 65Свети Николе 2168, Активни 26Крива Паланка 1988, Активни 43Ресен 1941, Активни 109Радовиш 1852, Активни 59Делчево 1500, Активни 48Берово 1488, Активни 12Дебар 1462, Активни 4Виница 1185, Активни 7Пробиштип 1157, Активни 15Валандово 1078, Активни 70Кратово 794, Активни 5Богданци 708, Активни 36Демир Хисар 661, Активни 25Крушево 630, Активни 30Македонски Брод 556, Активни 29Демир Капија 440, Активни 7Македонска Каменица 432, Активни 8Пехчево 363, Активни 4Дојран 179, Активни 4

пред 4 години

skopje-zagaden-vozduh-magla-5

Нови гранични вредности за PM2.5, PM10, озон, NO2, SO2, јаглерод моноксид

О2 иницијатива на социјалните мрежи објави дека СЗО има нови гранични вредности за PM2.5, PM10, озон, NO2, SO2, јаглерод моноксид.„Нови гранични вредности на СЗО за PM2.5, PM10, озон, NO2, SO2, јаглерод моноксид од есенва.Годишниот просек за PM2.5 е спуштен од 10 на 5 µg/m3, а за PM10 од 20 на 15 µg/m3.Дневниот просек за PM2.5 од 25 на 15 µg/m3, а за PM10 од 50 на 45 µg/m3.Годишниот просек за азотен диоксид е спуштен од 40 на 10 µg/m3 и воведен е 24ч просек од 25 µg/m3.Воведени се нови мерења за озон и 24ч просек за јаглерод моноксид.Годишни надминувања на дневните вредности се од 3-4 пати годишно“, стои во објавата

Македонија | пред 4 години

kostadinoski

Сопственик на фирма му се заканувал на градоначалник, па го пријавил во полиција

Наместо празнична честитка за Бадник, денес сум принуден како Градоначалник да Ве известам за заканите и уцените со кои се соочувам секој ден, вели Димитар Костадиноски, градоначалник на Општина Јегуновце.„Имено, вчера на ден 05.01.2022 година, во 11:30 часот, во просториите на Oпштина Јегуновце, поточно пред архивата, додека поминував слушнав арогантен однос спрема архиварката од лице кое инсистира да направи фалсификување на документи односно да повлече фактури од 17.09.2021 и да внесе нови изменети фактури со ист датум.Лицето кое се закануваше на архиваркате е управител на фирма за електро материјали кој два месеци се обидува преку архивата да антидатира 4 договори и 4 фактури односно да ги внесе во деловодникот.Најучтиво му укажав дека обидите за фалсификување нема да ги дозволам и доколку се чувствува оштетен слободно да востанови судски спор.Управителот на фирмата се нафрли и на мене и со најпогрдни зборови пред архиварката и уште една вработена, ме омаловажуваше и ми се закануваше.Се воздржав од било каква конфронтација и го замолив да ја напушти општинската зграда и дека пет пат му укажав дека за неговото побарување е избегнато тендерска постапка за набавка на сијалици за улично осветлување, дека и покрај избрана на тендер друга фирма за електро материјали, неговата фирма без заведен договор за набавка и без заведени фактури во архивата, бара исплата на 4 000 евра, односно 4 фактури по илјада евра плус ДДВ, за заменети 6 сијалици за улично осветлување во центарот на с.Јегуновце и 19 сијалици во приватен имот.Управителот на фирмата револтиран ме пријавил во полиција. Полицијата направи увид во 13 часот, зеде изјави од мене и од вработените присутни на настанот и констатираше дека се работи за лажна пријава и дека пријавителот бил тој што навредувал и омаловажувал.Веднаш после увидот на полицијата започнаа притисоци врз вработени да даваат лажни изјави, во полиција Записникот наместо лажно пријавување и омаловажување кон мене, хибридниот режим предводен од СДСМ прави преквалификација и пишуваат пријава за вербален напад од моја страна спрема управителот на фирмата со незаконски побарувања од општина Јегуновце.Почитувани,Јас ќе ја заштитам Општина Јегуновце и Буџетот на општината од сите незаконски побарувања и фиктивни трошоци и ќе одолеам на сите притисоци и закани кон мене.Во понеделник ќе поднесам соодветни поднесоци до Јавното обвинителство за до крај да се обелодени како се работело и како се обидуваат да продолжат да испумпуваат пари од Буџетот на општината, и да не дозволам со измислени и сценирани настани да ми вршат притисок да плаќам незаконски фактури.За многу години да ни е Бадник и денешниов ден“, додаде тој.

Македонија | пред 4 години

46065724_2242678189077887_401652701433167872_n

О2 иницијатива: Општините имаат обврска да ги информират граѓаните и да преземат мерки за загадениот воздух

Празничниов период надминати се многукратно праговите на информирање и алармирање за PM10 во многу општини. Обврска на секоја општина /град Скопје е да ги информира граѓаните преку своите веб страни, социјални мрежи и медиумите за овие надминувања и даде препораки / преземе мерки со цел да се избегнат можните негативни ефекти предизвикани од PM10, велат од О2 иницијатива.„Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија има обврска да ги информира јавните здравствени центри и здравствените институции, но и да даде препораки заедно со Министерство за здравство за ограничување на движењето и активностите на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот. Треба да се одложат сите активности на отворено, доколку не се итни.Потребно е да се информираат граѓаните за здравствените ефекти од вдишување суспендирани честички кои се јасно документирани и истите се однесуваат на краткорочно (часови, денови) и долгорочно (месеци, години) изложување. Главните здравствени ефекти се:• респираторни и кардиоваскуларни заболувања, влошување на астма и респираторни симптоми;• зголемена смртност.Особено ранливи се чувствителните групи со претходни белодробни и срцеви заболувања, како и повозрасни лица и деца.Да се очекува зголемен број на посети и приеми во болница поради изложеноста на високи концентрации на PM. Вакво инфомирање изостанува.Во однос на мерките кои можат да ги преземат при надминување на прагот за алармирање, градоначалникот на општината / градоначалникот на градот Скопје /Владата може да донесат одлука со која на одредено или неодредено време на подрачје на општината / град Скопје / одреден дел од територијата или цела територија на државата се:1. забранува, ограничува или реорганизира сообраќајот на определени подрачја / места во урбани и/или рурални подрачја;2. задолжува работодавецот да ги реорганизира работното време, работните смени или работните денови во насока на минимизирање на ризиците кај одредени категории на граѓани, како и на вршители на одделни дејности и/или активности кои придонесуваат во загадувањето на воздухот;3. намалува капацитетот на производство или се забранува на определено време работата на инсталациите кои придонесуваат во квалитетот на воздухот;4. забранува /ограчничува организирање на културни, спортски и други манифестации на отворено;5. врши реорганизирање на работата на инспекциските служби;6. ограничува/намалува/забранува употребата на возниот парк во јавниот и приватниот сектор;7. забранува/ограничува употребата на производи за затоплување на домаќинствата, приватниот и јавниот сектор кои придонесуваат за загадување на воздухот и8. други активности кои ќе се утврди дека се неопходни заради подобрување на квалитетот на воздухот, а кои се предвидени во планските документи.Повик до сите општини, ИЈЗ, Министерството за здравство, да ја информираат јавноста за надминатите прагови на информирање за PM10, здравствените ефекти и препораките, како и до градоначалниците и Владата, да ги преземат сите можни мерки при надминување на прагот на алармирање и известат граѓаните преку прес конференција, медиумите, веб страните, социјалните мрежи“, додаваат оттаму.

Македонија | пред 4 години

sertifikati-2

МВР изврши претреси во Дојран по наводите за фалсификување на сертификати во казино

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Струмица- ОВР Гевгелија во текот на вчерашниот ден (05.01.2022) по претходно добиена судска наредба од Основен суд Гевгелија, извршија претреси на три локации поради основано сомнение за сторено кривично дело, а во врска со наводите за фалсификување сертификати во казино во Дојран.Извршени се претреси кај три правни лица, при што е одземена службена медицинска документација која се однесува на извршени тестирања за присуство на Ковид 19, извршени претежно на лица од странство, одземен е електронски дневни (книга) на издадени сертификати за периодот од 19.12.2021 до денот на претресот, а исто така извршени се службени разговори со две лица.При претресот извршен е увид и преглед во компјутерската евиденција (списоци на грчки државјани кои се пријавиле за тестирање) на правното лице, како и во просториите на „импровизираниот“ медицински пункт во казино во Стар Дојран.По насоки на јавен обвинител целокупната одземена документација ќе биде доставена до ОЈО Гевгелија за нивно постапување, а МВР ќе ги преземе сите мерки и активности за кои ќе добие насоки од надлежното обвинителство со цел расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

bujar-osmani

Османи со поддршка за САД за воведувањето санкции против Додик

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, се огласи на Твитер, по повод санкциите за Милорад Додик, нагласувајќи дека ги поздравува активностите на САД.„Ја поздравуваме одлуката на Министерството за финансии на САД во врска со континуираните закани за стабилноста и територијалниот интегритет на БиХ. Северна Македонија го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина и го осудува секој чин што ја поткопува нејзината стабилност и евроатлантската иднина“, напиша Османи.Вчера Канцеларијата за контрола на странски средства на САД (OFAC), во согласност со Извршната уредба 14033, воведе економски санкции за Милорад Додик, член на Претседателството на БиХ и ја стави на листа медиумската куќа под негова контрола Алтернативна телевизија (ATV). Санкции беа изречени и за поранешниот претседател на „VSTS“, Милан Тегелтија и неговата сопруга Тијана, како и за претседателот на „PDA“, Мирсад Кукиќ.

Македонија | пред 4 години

koronavirus-test

Кунгуловски: Со омикронот се сменија правилата на игра

Доктор Горан Кунгуловски во статус на Фејсбук објаснува за ефикасноста на вакцините во борбата против различните соеви на Ковид-19 и најновиот – омикрон, кој е веќе присутен во Македонија.“После 2 години повторување, пак на некои луѓе не им влегуваат во глава основни работи.Вакцините се дизајнирани против оригиналниот Вухански сој и кон него штитат (не 100%) во првите неколку месеци и од трасмисија и од сериозен тек на болеста. Заштитата од сериозен тек на болеста останува подолго време, веројатно најмалку 1 година или повеќе.Секој нов сој е нова приказна, нов вирус базиран на претходниот со нови својства коишто може да имаат импликации врз луѓето и тие без имунитет и тие со имунитет (вакцинирани и/или прележани).Најважното својство на вакцината (или природен имунитет) е да штити од сериозен тек на болеста, другото е секундарно.Пример кај алфа сојот се утврди дека вакцините се уште штитат од сериозен тек на болеста во процент над 95%, ама дека имаат намален ефект во споредба со оригиналниот сој во однос на трансмисија. Ама си бркаа работа и за едното и другото.Дојде делта и додатно се сменија правилата на игра. Со неа се покажа дека вакцините се уште штитат значајно од сериозен тек на болеста, но дека заштитата од зараза е значајно намалена.Според една студија од ВБ, кога во еден дом би имало заразен со делта, веројатноста да зарази некој вакциниран од истиот дом е 25%, а невакциниран 36%.Сега со омикронот, којшто е силно мутиран во најзначајниот дел на вирусот (spike протеинот) повторно се сменија правилата на игра. Знаеме дека двојната вакцинираност скоро и ништо да не прави во однос на зараза, а тројната вакцинираност подига ефективност во однос на зараза на околу 70% (барем првите 2-3 месеци).И кај двојно вакцинираните и тројно вакцинираните, во епидемиолошкиот контекст на омикрон, заштитата кон сериозен тек на болеста е висок. Веројатно со ефикасност над 90-95% за мРНК вакцини.Многу важно да се знае е дека кога се гледа ефикасност на вакцина, не се гледа на ниво на индивидуа, туку на ниво на популација. Анегдотски примери како “комшијата Ставре се зарази со две примени вакцини, ене го на болница, а комшијата Јоне, невакциниран лесно помина” немаат никакво значење и се погубни.Кога се прават споредби треба да се прават и во релевантни категории на луѓе. Двојно вакциниран 75 годишник има поголем апсолутен ризик за смрт од Ковид-19 отколку невакциниран 25 годишник. Но, кога би имале вакциниран 25 годишник vs невакциниран 25 годишник, вториот ќе има поголем ризик за смрт (иако апсолутниот ризик е мал и за двајцата).Од студиите јасно се гледа дека двојната вакцинираност во просек го намалува ризикот за фатален исход од 5-15 пати. Пример ако имаме 1.000 заразени 75 годишници со имунитет (пр. двојна вакцина) и 1.000 заразени 75 годишници без имунитет, од првиве ќе има 5-10 смртни случаи, а од вториве 50-100.Е драги луѓе и антиваксери, тоа е разликата меѓу луѓе со имунитет (вакцинирани, прележани или комбинации) vs луѓе без имунитет. На ниво на популација вторите умираат многу повеќе. Вторите многу повеќе се хоспитализираат и го оптоваруваат здравствениот систем со што им оневозможуваат на хронично болните да се лечат. Затоа вакцини и за Вас и за другите.Според мене крајниот епилог на пандемијата треба да стигне кога оптовареноста на здравствениот систем ќе стане прифатлива. Можеби грешам, ама веројатно бројката кон којашто треба да целиме е просечната смртност од околу 0.1%. За да се достигне тоа сите треба да имаме некаков имунитет.Тој некаков имунитет за најмладите може да значи 0 вакцини, за младите две дози на вакцини, а за најстарите 3-4-5 дози на вакцини“, напиша тој.

Коментари | пред 4 години

badnik-i-bozhikj-praznici-na-semejstvoto-214496

Православните христијани денеска го слават Бадник

Православните христијански верници во Македонија денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово - Божик.Одбележувањето на Бадник ќе се одржи пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“.Од Одборот најавија дека традицијата, сепак, продолжува и покрај ситуацијата со коронавирусот, водејќи сметка за сите заштитни мерки и протоколи.Семејството на Бадник се собира на заедничка посна трпеза и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Во сите храмови утрото по Бадник се служи празнична Божикна литургија.Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.

Македонија | пред 4 години

pat-magla

Магла на дел од патиштата во државата

Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100м. има на патните правци Скопје – Катланово, Катланово – Скопје и клучка Хиподром – Обиколница Скопје – Кондово, до 50м. на патните правци Штип – Св.Николе и Св.Николе – Куманово и од 80 – 100м. на патниот правец Струмица – Г.П. Ново Село.Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2022-01-04-194332

Јована Јеремиќ не и остана должна на Савиќ: Во емисијата беше за да пополни простор

Пејачката Тања Савиќ го напуштила снимањето на мисијата „Ami G Show“ поради Јована Јеремиќ, а потоа за „Блиц“ изјави дека не се кае за својата постапка и дека се спасила со заминувањето.По нејзината изјава се огласи и Јована Јеремиќ, која не и остана должна на Савиќ.- Па, таа се спаси и себеси и нас од нејзините глупости. Тоа е најгледаната емисија оваа сезона на „Амиџи шоу“. Тања не е личност што влече шерови. Шеровите се поради Нестор, Ивица и јас. Тања беше таму чисто за да го пополни просторот. Таа самоиницијативно си замина и видовте како реагираше Огњен, како некој сосема небитен да го напушти студиото. Значи, тоа не е пресудно за шоуто, затоа продолживме како ништо да не се случило - истакна Јеремиќ.

Магазин | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања