ТОП

narodna-banka-na-rm

ММФ: Инфлацијата во втората половина на 2022 година се очекува да се намалува

Меѓународниот монетарен фонд во најновиот извештај за Македонија оцени дека антикризните мерки во земјава го ублажиле влијанието на пандемијата врз економијата и спречиле да дојде до поголеми отпуштања од работните места. Оттука предупредуваат дека сѐ уште постои неизвесност поради пандемијата поради што препорачуваат политиките и понатаму да бидат флексибилни.ММФ посочи дека вработеноста најверојатно постепено ќе закрепнува, а се очекува и пораст кај извозот.Согласно извештајот, економското закрепнување се очекува да продолжи во 2022 година, а ММФ предвидува растот да се зголеми од 4 отсто во 2021 година на 4,2 отсто во 2022 година.Инфлацијата, според тимот на ММФ, веројатно ќе биде повисока подолго од првично очекуваното, но во втората половина на 2022 година се очекува да почне да се намалува. Очекувањата на ММФ се дека таа во 2022 година ќе биде 3,9 проценти во просек и ќе се стабилизира на околу два проценти во 2023 година.

Македонија | пред 4 години

sead-kocan

Казната на Сеад Кочан да му се скрати за шест месеци се бара од „Идризово“

Групните помилувања се прават секоја година по повод Нова година. Списокот со лица кои ги исполнуваат условите за делумно скратување на казната доаѓа на предлог на установата во која осудениот ја издржува казната. Затворските установи ширум државата предлагаат список на лица кои ги исполнуваат критериумите за каков било вид на помилување.Во случајов затворот Идризово, меѓу другото, предлага и намалување на затворската казна за Сеад Кочан за шест месеци, што во ниту еден случај не значи целосно ослободување од казна.Во овие, како и во сите други групни помилувања Министерството за правда е само една од неколкуте институции кои се дел од процесот. Во конкретниот случај, списокот доставен од затворите е во фаза на преразгледување и консултации пред да биде доставен во финална верзија до Комисијата за помилување при Кабинетот на претседателот на државата.Конечниот список на лицата за кои се предлага да бидат помилувани или да им се намалат казните се уште не е официјално испратен во Кабинетот на претседателот на државата. Конечната одлука за помилување согласно закон ја носи лично претседателот на државата.

Македонија | пред 4 години

makoil-960x537-1

(ВИДЕО) Украден сеф на бензинска во Скопје, награда ако некој ги препознае крадците

На ден 13 декември украден е сеф со 30.000 евра на б.п МАКОИЛ во Аеродром со автомобил „фолксваген бора“ сива боја. Кој ќе го препознае следува парична награда, објавија од Макоил на Фејсбук.На видеото се гледаат тројца маскирани арамии кои излегуваат од автомобилот и се упатуваат во бензинската, а еден од нив ги крѓи камерите.

Скопје | пред 4 години

267387595_321684279616601_7548492445803607418_n

Данела му врати на Стевчо откако не му креваше телефон: Врши медиумски притисок!

Градот Скопје не учествувал во постапката за поништување на претходниот урбанистички план во општина Карпош, за да преземе било каква одговорност за било каква штета настаната поради суспензија на претходен урбанистички план, ниту учествувал во постапката за продажба на земјиштето.Градоначалникот на Карпош наместо вината да ја бара во неговиот претходник, се обидува да изврши медиумски и институционален притисок врз градот, за позитивно мислење на одреден урбанистички план.Градот Скопје е исклучиво надлежен за носење на Генерален урбанистички план, а во постапките за Детален урбанистички план единствено дава мислење по однос на истиот, покрај останатите институции како што се Министерството за транспорт и врски, Агенцијата за катастар на недвижности и други, а најважно, конечен носител на било кој ДУП е Советот на општина Карпош.Како Град Скопје, ги имаме предвид барањата и потребите на жителите на Скопје и во ниту еден случај нема да дозволиме да се постапи спротивно на интересите на скопјани.

Скопје | пред 4 години

dimitar-apasiev-5

Влада без Рада, како вештерка без клада, вели Апасиев

Пратеникот во Собранието на Република Македонија и лидер на партијата Левица, Димитар Апасиев, ноќва во наплив на поетска инспирација на Фејсбук понуди песничка од два стиха:– Влада без Рада, како вештерка без клада, објави Апасиев.Вчера министерката за одбрана Радмила Шекеринска објави дека нема да биде дел од новата влада.

Коментари | пред 4 години

IMG_4715

Oблачно и студено со засилен северен ветер

Времето ќе биде променливо облачно, студено и ветровито, на места со провејување снег. Ќе дува засилен северен ветер, повремено со брзина над 60 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 0 до 8 степени.Во Скопје претежно облачно и студено со засилен северен ветер. Повремено во делови од котлината ќе провејува снег. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 4 степени.Од недела ќе преовладува стабилно и суво време со подолги сончеви периоди и со пониски утрински температури.

Македонија | пред 4 години

vmro-1

ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори во мај

Техничка влада во февруари, избори во мај, СДСМ нема кредибилитет да ја води државата, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Земјата е во економска, здравствена и енергетска криза. СДСМ е главниот виновник за лошата ситуација во која се наоѓа државата и тие не можат да бидат решението.За државата да излезе од кризата потребни се промени.Бидејќи и СДСМ и ДУИ се декларираа дека сакаат премиер Албанец, а доколку нивните заложби се реални, а не водени од други побуди. ВМРО-ДПМНЕ го предлага Африм Гаши да ја води владата која ќе ги организира изборите, и тој ќе добие поддршка од опозицијата. Веднаш потоа да се формира техничка влада, а изборите да се закажат за мај месец.Доколку СДСМ, и ДУИ одбијат тоа ќе покаже дека се што прават е само чист фолклор за да крадат и лажат. За под превезот на национализми да го ограбуваат сиромашниот народ и во Тетово и во Берово, и во Гостивар и во Штип.Време е на корупцијата и криминалот да им се застане на патот, а тоа е една од најголемите причини зошто се потребни предвремени парламентарни избори во мај“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

AEK купува коли со греење на седишта и волан

Државната Агенција за електронски комуникации распиша оглас за набавка на 7 автомобили, со вкупна вредност од околу 200 илјади евра, пишува СДК.мкСпоред спецификациите еден од нив мора да поседува камера со приказ од 360 степени, ЛЦД екран од најмалку 10 инчи, загревање на предни и задни седишта и на волан, безжичен полнач за телефон од најмалку 15 вати, како и затемнети задни стакла со УВ заштита. Бојата треба да биде црна металик.Останатите шест возила треба да бидат на хибриден погон, со 8-инчен ЛЦД екран и греење на седиштата не е задолжително.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 4 години

sead-kocan

Маричиќ бара помилување на Сеад Кочан

Министерот за правда Бојан Маричиќ му предложил на претседателот на државата Стево Пендаровски делумно помилување за осудениот бинисмен Сеат Кочан, односно да му бидат укинати последните шест месеци од затворската казна, објави Алсат повикувајќи се на официјален документ од Министерството за правда.Кочан беше осуден за кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик“.„Да биде делумно ослободен од натамошно издржување затворска казна, односно шест месеци, пишува во документот до кој дојде телевизијата.„Затворската казна почнал да ја издржува на 01.08.2019 година, а казната му завршува на 01.04.2024 година. Осудениот од изречената казна одлежал две години и пет месеци. Од 01.01.2022 година треба да одлежи уште две години и три месеци затвор“, стои во документот.Кочан во септември официјално бараше помилување од Министерството за правда.На прашањето врз што се заснова барањето на министерот Маричиќ за помилување на осудено лице, неофицијално осомничено и за други кривични дела, засега нема конкретен одговор.Алсат дознава и дека за Кочан се бара да се гони кривично и за злоупотреба на службената положба, поточно за манипулирање со банкарска гаранција од 17 милиони евра кога СЈО бараше гаранција дека Кочан нема да побегне поради кривично гонење. Државниот правобранител побара негово кривично гонење бидејќи и замрзнатиот имот е земен како гаранција, но Граѓанскиот суд го одби барањето со образложение дека доцнењето и грешката на обвинителот на предметот му овозможиле на Кочан да преземе такво дејство и во оваа фаза доцна е да се покрене таква постапка.Не се знае дали барањето на министерот Маричиќ стигнало до Претседателот и кога тој ќе ја свика Комисијата за помилување, составена од 11 членови.Доколку биде одобрено барањето за делумно помилување од шест месеци, Кочан ќе остане во затвор уште 20 месеци, мерка која ги исполнува законските критериуми за условно ослободување според член 36 од Кривичниот законик. Сеат Кочан беше осуден откако формираше лажен конзорциум за да конкурира и да го добие тендер за ископ на јаловина во „РЕК Битола“ во висина од 17 милиони евра. Во текот на 2021 година, тој неколкупати користел слободни викенди, пишува Алсат.

Македонија | пред 4 години

267387595_321684279616601_7548492445803607418_n

Јакимовски има проблем, Данела не му крева слушалка

Веќе 45 дена го молам Градот Скопје да назначи Комисија за урбанизам, бидејќи старата комисија е суспендирана, а нема назначено нова за да го одобри деталниот урбанистички план за којшто како Општина Карпош сме тужени и тужителот бара 15 милиони евра оштета, истакна градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, преку видео-обраќање на Фејсбук.Тој вели дека неколкупати се обидел да стапи во контакт со градоначалниката Данела Арсовска, но сите обиди му биле неуспешни.Според Јакимовски, кај градските власти како да не постои чувство на одговорност дека општината Карпош ќе треба да исплати 15 милиони евра, а не 15 крушки.– Досега имав средба со јавниот правобранител и со правобранителот кој го води предметот, а тие инсистираат планот под итно да се донесе и на инвеститорот да му се понуди парцелата којашто е суспендирана со поништување на планот. Во спротивно, имаме голема опасност да бидеме пресудени со 15 милиони евра. Вчера ми стигна писмо и ни се заканува кривична пријава доколку не го донесеме урбанистичкиот план. Меѓутоа, јас не наидувам на никакво разбирање од страна на Град Скопје, ниту, пак, гледам чувство на одговорност дека не се работи за 15 крушки, туку за 15 милиони евра. Се обидував во директна комуникација со градоначалничката Данела Арсовска, а се обидував и по разни други канали да стапиме во контакт, но за жал, до денеска нема никаков резултат. Ова е последниот начин со кој што можам евентуално да влијаам за позитивно решение на проблемот за Општината Карпош не биде доведена во тешка материјална состојба – вели Јакимовски.

Скопје | пред 4 години

12102021_PVRSM_Zaev_pres-konferencija_2

Познато кога заминува Заев

Премиерот Зоран Заев во среда ќе ја поднесе оставката од премиерската функција во Собрание. Во оставка ќе биде и цела Влада, а пратениците нема да имаат можност да му поставуваат прашања.Актот ќе следува на истиот ден по предновогодишното обраќање на претседателот Стево Пендаровски.– Овие денови завршуваме со консултациите со коалициските партнери. Тоа што можам да го кажам е дека се заокружуваат важни процеси и програмски и владини и кадровски, така да ќе ја донесам одлуката некаде на почетокот на следната седмица и штом ја донесам веднаш ќе соопштам и кога точно ќе биде формализирана пред Собранието, изјави Заев.

Македонија | пред 4 години

mobilen-telefon

Компании шпионирале новинари и политичари од Македонија

Фејсбук откри компании кои шпионирале новинари и политичари, а меѓу нив и компании од Србија и Северна Македонија и им ги блокираше профилите на својата платформа, пишува Радио слободна Европа.Македонската ИТ фирма Сајтрокс, која развива малициозен софтвер за Ајфон и Андроид паметните телефони е блокирана од Фејсбук поради злоупотребата на социјалната платформа за шпионажа на корисниците. Станува збор една од седумте фирми кои ја искористиле нејзината платформа за да шпионираат 50.000 луѓе во 100 земји, тврди Фејсбук.Мета, која покрај Фејсбук, е сопственик и на социјалните мрежи Инстаграм и Ватсап, им забрани на седум компании пристап до нејзината платформа. Отстранети се околу 1.500 профили, кои биле користени за собирање информации за корисници во повеќе од 100 земји. Седумте компании кои Мета ги идентификуваше во својот извештај се „Cobwebs Technologies“, „Cognyte“ „Black Cube“, „Bluehawk CI“, „BellTroX“, и македонската „Cytrox“.Целиот текст можете да го прочитате тука.

Македонија | пред 4 години

maricic-dimovski

(ВИДЕО) Маричиќ не се разбира во право, советувам примиерот во најава да го смени, посочи Димовски коментирајќи ги излагањата за „Диво насеље“

Долгогодишниот судски новинар, Саше Димовски, како и критичар на состојбите во државата, смета дека не може да се смени судската одлука за „Диво насеље“ со посета на претставници од албанската амбасада. Тој смета дека не смеело да се дозволи странци да преиспитуваат судска одлука која поминала три судови. За министерот за правда, Бојан Маричиќ, потенцираше дека не треба да остане на позицијата бидејќи не разбира право.„Маричиќ не разбира право, прво не е ни правник. Маричиќ е политиколог. Меѓутоа, тоа што Маричиќ го кажува, му рекле да го дообјасни Заев, бидејќи ни Заев не знае што договорил. Се знае, повторување на постапка има само ако има нови докази. Тоа е основа во правото. Не може да повтори постапка бидејќи некој од надвор ќе дојде, нека е и Прибе. Прибе констатираше, ама не им рече ова и ова да го направите, самата држава треба да го направи. Исто и овде, што и да направи, не може да преиначи судска одлука“, рече Саше Димовски.За тоа зошто е дозволено меѓународен мониторинг на случајот, доколку нема промена на судската одлука, Димовски вели: „Маричиќ ја даде таа изјава, затоа велам дека министерот нема поима од тоа што го зборува, за наредниот ден портпаролот на партијата да каже ‘ако нема ефект врз одлуките, ние не влегуваме во Влада’. Министерот, еве да се повторам, сериозно не разбира право и му советувам на новиот премиер во најава, Димитар Ковачевски, ако треба некого да смени, прво да го смени Маричиќ. Ако остане, двајцата ќе се усреќат на позициите. Прво што треба да го смени него и да донесе човек кој малку разбира. Бидејќи и Димитар Ковачевски е економист, верувам малку повеќе од Заев го разбира правото. Ова со Маричиќ на чело, никаде нема да не доведе, со вакви објаснувања. А со Косово ќе си направиме сериозен проблем, апропо денешната реакција, нели, да не му дозволат на заменик-министерот да ги посети во затворот, со образложение дека не е конзуларен претставник. И сега очекувам косовските власти да го преправат барањето и да отиде амбасадорот и повторно да пренесе некаква порака, апропо барањето на косовските власти, осудените за ‘Диво насеље’ да лежат во затворите во Косово“, кажа Димовски.

Македонија | пред 4 години

20200122092016

Никола Наумоски да даде отчет за сите пари кои ги потрошил, бара Арсовска

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на дешениот брифинг со новинарите истакна дека шефот на кабинет на Шилегов, Никола Наумоски треба да се појави и да даде отчет за потрошените пари, за сметките од кафани и бројните злоупотреби кои се направени во негово време.– Го гледам човекот кој беше шеф на кабинет на претходниот градоначалник кој се дрзнува да зборува против местото од каде што ја добива платата, а ја добива од парите на граѓаните на Градот Скопје и притоа си зема одмор, зеде боледување и не доаѓа на работа да даде отчет и да ја примопредаде функцијата. Треба да даде отчет и да каже каде се сите пари кои ги потрошил, рече Арсовска.Таа нагласи дека Наумоски треба да објасни за парите за кафаните кои ги правеле во износи од илјадници евра, да каже што е она што го направи вклучувајќи ги неколку злоупотреби кои се детектирани и кои мисли дека со дрско однесување ќе може да му биде простено или заборавено.

Скопје | пред 4 години

Radmila-Sekerinska

Повлекувањето на Шеќеринска е сигнал дека во СДСМ се случуваат многу големи потреси, вели Србов

Политичкиот аналитичар Никола Србов на Фејсбук објави статус во кој вели дека повлекувањето на Шеќеринска е сигнал дека во СДСМ се случуваат поголеми потреси од она што јавноста го мисли.„Повлекувањето на Шеќеринска од сите позиции е најсилен сигнал до сега дека во СДСМ се случуваат многу поголеми потреси од она што јавноста го мисли. До сега се покажа дека Шеќеринска има исклучителен инстинкт за "преживување" во политиката. Не сака да биде дел од дебаклот кој ќе и' се случи на таа партија па си остава можност утре повторно да биде дел од некое идно раководство во СДСМ, или во најмала рака да не биде дел од пропаста.Најмалку е мое да зборувам за приликите во СДСМ, но од она што со години ги следам случувањата во таа партија мислам дека им следат десет години опозиција и крупни внатрешни прераспределби и поделби“, стои во објавата.

Коментари | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања