ТОП

0-02-0a-1668320e1c8adf6ed1eaba628f0d5c177947d6df053d9c2d70034e37b35126eb_2696a8fe73d

(ФОТО) Еве како се празнат контејнерите во Ѓорче Петров

„Ќе испразнат еден-два контејнери од шест и ќе заминат, а ние ќе се труеме“, вака жител на Ѓорче Петров го коментира работењето на градското јавно претпријатие „Комунална хигиена“. Тој посочува дека комуналните работници не водат грижа за да ги испразнат сите контејнери, туку како што вели „ради реда“ празнат само дел од нив. Според него, не се исфрла ниту отпадот што е оставен околу контејнерите.И ова не е прва поплака. Ѓорчепетровци испратија и фотографии на кои се гледа дека комуналните работници по празнењето на контејнерите, заминуваат. Но, дел од нив остануваат полни. Дури и оставениот отпад околу него, не е собран.„Ѓорче Петров нема свое комунално претпријатие, зависиме од градското. Ова не е вака само сега, туку со години. Сме реагирале милион пати, ама залудно. Ќе се среди еднаш или двапати, потоа иста слика. Среќа па е зима, за да не смрди како што вообичано се случува поради високите температури. А плаќаме по 400-500 денари месечно за оваа услуга“, вели револтиран жител.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-12-03-at-17.09.10

„Имате пари за дресирање на магариње, а фрлате трошки за докторите“, Чибишев лут на владината мерка

Докторот Андон Чибишев е уште еден од медицинарите кои се револтирани од мерката на Владата со која се наградува секој матичен лекар со 30 денари од вакциниран пациент, доколку убеди 70 отсто од нив. Тој смета дека се потценува достоинството.„Повторно мерка од Владата со која на најбезобразен начин се потценува достоинството на матичните и докторите од примарна здравствена заштита. Ќе добивале 30 денари , со букви (триесет денари) за секој пациент кој ќе го убедат да се имунизира. Како не ви срам и жал, бре непрокопсани, вака да си играте со чувствата и професионалниот интегритет на докторите. Им фрлате трошки и очекувате да се радуваат. Ама, затоа имате илјадници евра за вашите послушници во пропаднатото СЈО, имате пари за дресирање магариња, купување бифтеци, ф,стаци, бадеми и најново како прочитав за популаризација за некаква пица која правела од пред новата ера. Поддршка и респект за моите колеги“, вели Чибишев.

Коментари | пред 4 години

244497752_222960099809695_4013329667676755550_n

Ќе се замрзуваат цените на брашно, шеќер, ориз, а можеби и на маслото и месото

Владата наскоро ќе ги замрзне продажните цени на основните прехранбени производи, пред сѐ  – брашно, шеќер, ориз, маслото за готвење, а можеби и на месото.Ова го навестува министерот за економија Крешник Бектеши во интервју за емисијата „Трилинг“ на ТВ 24, која ќе се емитува вечерва.Ваква одлука на 30 ноември веќе донесе соседна Србија.Одлуката, која ќе се применува за период од 60 дена, предвидува и производителите да не смеат да ги испорачуваат овие производи во количини помали од просекот во последните 12 месеци.За непочитување на наведените одредби предвидени се парични казни во износ од 100 000 до два милиони динари, како и забрана за вршење дејност во период од шест месеци до една година.

Македонија | пред 4 години

ukrasi-skopje

Скопје на 10 декември ќе започне да се украсува за Нова Година

На 10 декември започнува да се украсува градот Скопје за Нова година. На повикот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, до компаниите да покажат општествена одговорност за време на здравствено-економска и енергетска криза, се јавија компании заинтересирани да помогнат.„Ова е време кога треба да се менуваат работите, кога треба да покажеме дека заедно можеме повеќе за нашиот град. На мојот повик се јавија компании кои ја покажаа својата општествена одговорност, а една од нив најави дека ќе го украси градот Скопје за Нова Година без финансиски импликации по градот„ изјави градоначалничката Арсовска по средбата со компанијата Линк Медиа.Компанијата најави дека со украсување ќе започне на 10 декември. Град Скопје и Линк Медиа спогодбено го раскинаа договорот за новогодишно украсување на Скопје, што беше склучен во месец октомври оваа година.

Скопје | пред 4 години

DSC_0699

342 нови случаи и 7 починати од коронавирус

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 2.349 тестирања, а регистрирани се 342 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 135, Битола – 35, Велес – 17, Прилеп, Кавадарци и Берово – 16, Охрид – 15, Куманово – 13, Струмица – 10, Штип – 9, Кочани и Гевгелија – по 8, Свети Николе и Ресен – по 6, Радовиш и Валандово – по 5, Делчево – 4, Гостивар, Кичево, Неготино, Крива Паланка, Пробиштип и Кратово – по 2, Тетово, Струга, Виница, Демир Хисар, Демир Капија и Дојран – по 1.Регистрирани сe 348 оздравени пациенти од: Скопје – 141, Битола – 33, Прилеп – 25, Кавадарци – 21, Велес – 18, Кочани – 14, Ресен и Валандово – по 10, Гевгелија и Делчево – по 8, Штип – 7, Берово, Крива Паланка и Демир Хисар – по 6, Струмица и Свети Николе – по 5, Радовиш, Неготино и Тетово – по 4, Пехчево – 3, Охрид и Пробиштип – по 2, Гостивар, Кичево, Кратово, Виница, Богданци и Македонска Каменица – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 3 починати лица од Скопје (67г, 74г и 79г) и по 2 починати лица од Битола (65г и 87г) и Охрид (65г и 77г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Направени се 2.349 тестови преку: ИЈЗ-266, ЦЈЗ Скопје-58, ЦЈЗ Битола-64, ЦЈЗ Прилеп-42, ЦЈЗ Тетово–8, ЦЈЗ Куманово-63, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-17, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–159, Жан Митрев (Филип Втори)-37, Авицена-81, Биотек-116, Систина-64, лабораторија Лаор-49, Синлаб-9, Ремедика-8, Плодност–38, Генеа-12, Никоб лаб-214, ВФВ Медикал-26, Ели Медика-35, Ројал Медика–16, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–10, Нова Лаб Дијагностика–4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 940.Досега во земјата се направени вкупно 1.478.883 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 216.670, бројот на оздравени пациенти е 201.017, на починати е 7.616, а бројот на активни случаи изнесува 8.037.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 94762, Активни 3826Куманово 12912, Активни 257Тетово 11336, Активни 152Прилеп 10271, Активни 417Битола 8743, Активни 615Гостивар 8064, Активни 30Велес 7324, Активни 326Кавадарци 7007, Активни 302Штип 6596, Активни 161Охрид 6490, Активни 313Струмица 6124, Активни 161Кичево 4225, Активни 74Кочани 4010, Активни 159Струга 3908, Активни 70Гевгелија 2805, Активни 119Неготино 2565, Активни 56Свети Николе 2122, Активни 81Крива Паланка 1896, Активни 125Ресен 1748, Активни 88Радовиш 1732, Активни 68Дебар 1456, Активни 2Берово 1462, Активни 95Делчево 1408, Активни 134Виница 1158, Активни 40Пробиштип 1120, Активни 26Валандово 945, Активни 57Кратово 775, Активни 46Богданци 646, Активни 31Демир Хисар 617, Активни 73Крушево 590, Активни 35Македонски Брод 495, Активни 12Демир Капија 425, Активни 8Македонска Каменица 417, Активни 64Пехчево 351, Активни 9Дојран 165, Активни 5

пред 4 години

Voislav-Dimitrovski

„Лајка“ доби нов директор

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го постави Воислав Димитровски за ВД директор на јавното претпријатие „Лајка“. Димитровски е предлог на здруженијата за заштита на животните, како најдобро решение за претпријатието што извршува дејност од посебен јавен интерес за хуман третман на бездомни кучиња и воспоставување на систем за контрола на популацијата на кучиња.Димитровски по професија е ветеринар, магистер во областа на ветеринарното јавно здравство, национален консултант на ФАО за благосостојба на животните, проект лидер на УНДП за решавање на проблемот со бездомните кучиња на територијата на Југозападниот реон на Македонија. Од Ветеринарната комора на Македонија е назначен како координатор за решавање на проблемот со бездомни кучиња на територијата на Македонија.Досегашната ВД директорка Тина Петрушевска е разрешена од функцијата.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-12-03-at-11.30.21

(ВИДЕО) Молк и тага: Со највисоки почести, се оддава последна почит на 45 загинати македонски државјани

Со високи државни почести, на аеродромот во Скопје се преземаа телата на 45 загинати македонски државјани во трагичната несреќа која се случи во Бугарија. Посмртните останки од бугарските воени авиони од страна на војници на АРМ беа пренесени во 45 погребални возила, организирани од Министерството за надворешни работи, кои ги пренесоа кај семејствата.На аеродромот беше и делегација од Владата која оддаде последна почит на патниците кои ги загубија животите. Присутни беа и од Исламската верска заедница.

Македонија | пред 4 години

remenski

Имам капацитет, знаење, храброст и волја да го вратам СДСМ на победничките шини, вели Ременски

Фросина Ременски во интервју за ТВ21 изјави дека најмалку била очекувана нејзината кандидатура за лидер на СДСМ.„Не сум зборувала отворено за некакви лидерски позиции во СДСМ, но со оглед на предизвикот пред кој се наоѓа партијата сметам дека имам капацитет, знаење, храброст и волја како и тим кој ќе може да го озбезбеди она што е најдобро за граѓаните и државата. Воедно и да го вратам СДСМ на победничките шини. Тоа значи дека ќе го подготвам СДСМ за победа, а не да искреира состојба на летаргија и на некаков транзит на власта, во смисла на предавање на власта на тацна, вели Ременски.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-23-at-15.48.15

За бугарските истражители познато е зошто се запалил автобусот, заштитната ограда навлегла во автобусот

Познати се причините за пожарот во автобусот со македонски туристи кој се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија. Ова го соопштија обвинителот Бисер Михајлов и истражителот Мариан Маринов кои работат на расветлување на трагедијата, за време на нивното гостување во емисијата „Лице в лице“ на бугарската телевизија БТВ. Тој додава дека големо парче од заштитната ограда навлегло во автобусот во пределот на предната гума до предната врата, а резервоарот кој бил пластичен е целосно уништен.– Можете да замислите какво триење и искри имало, коментира Михаилов.Истражителот додаде дека автобусот бил стар и бил на „ремонт“ во Турција и дека целата опрема му е заменета и дека допрва треба да се разјасни дали новата опрема е „нефабричка“.– Теориите на заговор кои кружат во јавноста се неточни, рече обвинителот Михаилов.Во автобусот немало експлозив, категоричен е Михаилов, а се осврнува на примероците и брисевите направени на остатоците од автобусот.Гостувањето во емисијата „Лице в лице“ погледнете го тука.

Македонија | пред 4 години

brza-pomos-541

16 починати и 333 нови случаи на коронавирус

Почитувани,Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 2.440 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 154, Битола и Прилеп – по 23, Кавадарци – 22, Куманово – 16, Охрид – 15, Штип – 9, Струмица – 8, Велес – 7, Тетово – 6, Делчево и Валандово – по 5, Крива Паланка, Ресен и Кратово – по 4, Кочани, Струга , Гевгелија и Неготино – по 3, Радовиш, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Крушево – по 2, Гостивар, Кичево, Свети Николе, Виница, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.• Регистрирани сe 376 оздравени пациенти од: Скопје – 135, Битола – 34, Прилеп – 31, Кавадарци – 22, Кочани – 18, Велес – 16, Крива Паланка – 14, Куманово, Штип и Берово – по 12, Гевгелија – 9, Ресен – 8, Тетово и Струмица – по 7, Делчево – 6, Кичево, Кратово и Богданци – по 5, Виница и Пробиштип – по 4, Охрид, Валандово и Македонска Каменица – по 2, Свети Николе, Радовиш, Демир Хисар и Крушево – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 16 починати лица: 4 починати лица од Скопје (42г, 54г, 64г и 80г), по 2 починати лица од Битола (33г и 86г), Штип (62г и 78г) и Кочани (55г и 82г) по едно починато лице од Прилеп (74г), Охрид (86г), Велес (80г),Крива Паланка (77г), Богданци (58г) и Демир Хисар (83г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 30.11.2021. Починатото лице е од Кавадарци, на возраст од 63г, невакцинирано и починато во болнички услови.Направени се 2.440 тестови преку: ИЈЗ-267, ЦЈЗ Скопје-69, ЦЈЗ Битола-81, ЦЈЗ Прилеп-35, ЦЈЗ Тетово–6, ЦЈЗ Куманово-53, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–178, Жан Митрев (Филип Втори)-43, Авицена-109, Биотек-91, Систина-64, лабораторија Лаор-69, Синлаб-19, Ремедика-19, Плодност–23, Генеа-7, Никоб лаб-204, ВФВ Медикал-9, Ели Медика-21, Ројал Медика–8, Спектра-ММ-41, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–6, Нова Лаб Дијагностика–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.000.Досега во земјата се направени вкупно 1.476.534 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 216.328, бројот на оздравени пациенти е 200.669, на починати е 7.609, а бројот на активни случаи изнесува 8.050.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 94627, Активни 3835Куманово 12899, Активни 244Тетово 11335, Активни 155Прилеп 10255, Активни 426Битола 8708, Активни 615Гостивар 8062, Активни 29Велес 7307, Активни 327Кавадарци 6991, Активни 307Штип 6587, Активни 159Охрид 6475, Активни 302Струмица 6114, Активни 156Кичево 4223, Активни 73Кочани 4002, Активни 165Струга 3907, Активни 69Гевгелија 2797, Активни 119Неготино 2563, Активни 58Свети Николе 2116, Активни 80Крива Паланка 1894, Активни 129Ресен 1742, Активни 92Радовиш 1727, Активни 67Дебар 1456, Активни 2Берово 1446, Активни 85Делчево 1404, Активни 138Виница 1157, Активни 40Пробиштип 1118, Активни 26Валандово 940, Активни 62Кратово 773, Активни 45Богданци 646, Активни 32Демир Хисар 616, Активни 78Крушево 590, Активни 35Македонски Брод 495, Активни 12Демир Капија 424, Активни 7Македонска Каменица 417, Активни 65Пехчево 351, Активни 12Дојран 164, Активни 4

пред 4 години

DSC07343

Арсовска си постави директор во „Дрисла“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска за вршител на должноста директор на ЈП Депонија „Дрисла” го назначи Јане Мицевски, кој е дипломиран економист, со повеќегодишно работно искуство на раководни позиции.Ова промена на раководната позиција на ЈП „Дрисла“ доаѓа по разрешување на Коста Начевски од вршител на должноста директор на ова претпријатие.

Скопје | пред 4 години

262084613_4826150824085307_402174264571530556_n

Славиша Кајевски трагично го загуби својот живот

Македонскиот народен театар соопшти дека актерот Славиша Кајевски трагично го загуби својот живот.Кајевски е роден на 01 февруари 1982 г, во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Владимир Милчин, во 2005 г. Од 2010 г. е актер во Македонски народен театар – Скопје.Не остави збунети, во болка и во неверување! Не остави во длабока тага! Остана да замислуваме што уште можеше да направиш во животот, на театарската сцена и пред камерите! Ти секогаш ќе бидеш дел од срцето на театарот и никогаш нема да бидеш дел од некое минато време, туку дел од нас, овде и сега. За оние кои те познаваат, остана празнина во душата и на сцената на МНТ поради твојата сеприсутност на сцената и како верен колега, пријател и човек. Останавме без твојата безрезервна љубов и поддршка, твојата емотивност и грижливост за сите колеги зад сцената.Ти на оваа сцена беше Клег во „Бесачи“, Ленокс во „Макбет“, Семјон Семјеевич Медведенко во „Галеб“, Миле Прлиќ од „Ничија земја“, Императорот во „Авантурите на Аладин“, Еснафот во „Силјан штркот шанца“, Таткото во „Соларис“, Сергеј Александрович во „Животот е прекрасен“, „Тероризам“, Агамемнон и Еврипид во „Електра“, Таткото Тил во „Сината птица“, Озрик и Цар Едип во „Аферата Елсинор“, Готфрид Најцзекер во „Вечната куќа“, Грен во „Подемот и падот на кабарето“, „Декамерон“, „Животот е сон“, Јован и Анѓеле во „Парите се отепувачка“, Корубин во „Свадбата на Фигаро“, Тибалт во „Ромео и Џулиета“, „Бесови“, „Немој ти мене Фауст“, „Троил и Кресида“, „Суд“, „Лет во три глави“, Рака во „Госпоѓа Министерка“, Џими во „Вејка на ветрот“, Гласникот во „Мара/САД“, Маро Мароев во „Дундо Марое“, Морис во „Дракула“...Остана да те гледаме како Фантом во филмот „Хомо “, Енди Гомез во „Baaghi“, Сурла во филмот „Еј“, Пики во „Црвената соба“, Павел Киров во „Последните Македонци“, Гласот во „Скопје Ремиксд“, Малиот во „Ова не е американски филм“, Јане во „Некои поинакви приказни“, Павел во „Превртено“, Војникот во „Караула“, Момчето со маска во „Бал-кан-кан“ и друго.Комеморацијата е утре, петок, 03.12.2021 година во 10:00 часот, а погребот е во 12:00 часот, во капелата Ѓорче Петров.

Македонија | пред 4 години

220266535_326628422538799_8584184039154879133_n

Доктор Михајлова се откажа од парите за вакцинирани пациенти: Не ни треба стимулација, туку вреднување на трудот!

Специјалистот по семејна медицина, Марија Мијхајлова, која е матичен доктор од Скопје, се откажа од парите кои требаше да ги добие за вакцинираните пациенти. Таа посочи дека 30 денари за стимулација се погазување на достоинството и девалвирање на трудот. Таа посочи дека парите сака да се префрлат на сметката од Фондот за здравство, за лекување на сограѓани кои имаат потрба.Нејзиното излагање во целост:„Наместо поддршка, најавените 30 денари по пациент за докторите се понижување и девалвирање на трудот. Како тим, немаме намера да ги принудуваме пациентите на вакцинација, а не ни требаат пари за да посочиме дека имунизацијата е важна и неопходна за секој кој сака да се заштити од коронавирусот. Патем, тоа сме го правеле и досега, бидејќи е наша одговорност. И затоа, бараме средствата наменети за ПЗУ СЕМЕД Д-р Марија Михајлова да бидат трансферирани во Фондот за здравствено осигурување, на сметката наменета за помош при лекувања во странство на наши сограѓани. За тоа, бараме да ни се достави доказ, дека завршиле на вистинско место.Со оваа мерка, се погази достоинството на докторите. Со денови слушаме од пациенти кои велат: „Ајде докторке ние сме вакцинирани ќе земете 30 денари“. Можеби некој од нив и на шега, но е голем удар за нас како медицинари. Никој не нѐ праша дали се сложуваме со ваква мерка, а ако нѐ прашал одговорот ќе бил – не. Затоа што не ни треба стимулација за да си ја работиме работата, туку вреднување на нашиот труд. Ако веќе некој помислил на нас и кажува дека матичните доктори го носат најголемиот товар, да потсетиме дека пет години поминаа откако беше најавено дека капитациониот бод ќе биде високо вреднуван, заедно со услугите кои ги даваме. Ова не се оствари, а ние уште чекаме. И во пандемијата имавме тешкотии, а не добивме ниту една маска или ракавица кога цените нагло пораснаа, а на пазарот беа речиси недостапни за купување.Ги повикуваме и останатите колеги да размислат и да ги донираат средствата во Фондот за здравствено осигурување. Нас нема ништо да ни сменат, но ние можеме да смениме нечиј живот. Бидејќи нашиот труд, професионалност и одговорност не треба никој да ја стимулира, туку да ја вреднува“, напиша Мијалова.

Коментари | пред 4 години

collage123123

Јосиф е полнолетен, го нашла полицијата - мајката сподели детали

И полицијата потврди дека е пронајден младиот Јосиф Попов од Драчево.Денеска (02.12.2021), полициски службеници од СВР Скопје го пронашле Ј.П.(18) од Скопје за кого на 01.12.2021 во Полициската станица Центар неговиот татко Ј.П.(56) од Скопје пријавил дека се оддалечил од домот.Неговата мајка, Маја Попова за „А1он“ која и натаму е потресена од тоа што и се случи, сподели дека полицијата успеала да го лоцира. Според нејзе, тој бил заведен во секта од страна на лице кое се претставувало како бездомник.„Него го најде полицијата. Ангажиравме многу луѓе, го пријавивме во полиција, ангажиравме едно чудо луѓе. Го најдовме. Дури и од неговата гимназија замоливме деца кои ни помогнаа. Тие се веќе полнолетни, со 18 години, моравме се тоа да земеме во предвид. Треба да одиме во полициска станица, каде треба да се даде извештај“, вели Маја Попова, мајка на Јосиф за „А1он“.„Имаме информација кој го завел. Човекот се вика Ангел, некој бездомник. Бил во Канада. Тој момент, дали се поклопиле многу работи бидејќи тој (Јосиф) луташе од една во друга страна, може сакал да се пронајде себеси, па нашол, така кажано, верба во Бога. Меѓутоа, едно е тоа што ние сакаме да се подигнеме, а друго она што луѓето ќе ни го пласираат. Кога замина, тој не бил во училиште, се нашол со човекот, тој Ангел. Тие проповедувале за т.н. Божјо слово, што кога ќе се каже вака, од една страна не делува лошо и така натаму, но од друга страна, тие проповедуваат според некои работи кои велат дека се од Библијата, дека ќе дојде крајот на светот по колку време, не знам што ќе се случи, па пишувало дека кои работи ќе се случувале и така натаму. Работата е што на тој момент го наседнале и поверувал на сето тоа. Тука е направена грешката“, раскажа Попова, вознемирена од случувањата.ПОВЕЌЕ

Македонија | пред 4 години

collagemasdasd

Докторите ги враќаат парите за вакцинирани пацинети: Депласирани и понижени се докторите, доверени до црвена линија на толеранција!

Доктори се приклучуваат кон иницјативата на специјалистот по семејна медицина, Марија Михајлова и се откажуваат од парите кои им се доделија за да ги убедуваат пациентите да се вакцинираат против коронавирусот. Меѓу останатите, кон истата се приклучија докторот Ненад Лазаров и Билјана Петковска Огњанова.„Непристоен предлог кој денес се преточи во владина мерка не заслужува да се коментира туку игнорира. Депласирани и понижени се матичните доктори, доведени се до црвената линија на толеранција, а во целата пандемија се се третирани од министерот Венко Филипче како доктори „надвор од системо“. Но секојпат кога е во густо му текнува дека постојат натичните доктори зад кои ќе се скрие, ке се наметне уште некој товар на нивните плеќи. Министре Венко Филипче, ироничната насмевка кога не споменувате покажува колку не почитувате не само како даватели на услуги, туку и како колеги, но зборува многи за вас како личност. Повелете само еден час посетете една матична ординација и засукајте ги ракавите, сработете нешто полезно за пациентите, па ние ќе ве наградиме со искрена насмевка, а вашите 30 денари ќе ги намениме за добробит на пациентите, наместо тоа да го сторевте вие во овие две години од пандемијата“, напиша доктор Петковска Огњанова и се приклучи кон иницијативата на нејзината колешка Михајлова.Докторот Ненад Лазаров, без коментар, само го сподели апелот од иницијативата која ја поддржа и се приклучи.Инаку, ова доаѓа откако министерот Венко Филипче предложи, а Владата усови мерка со која на матичните доктори им се исплаќаат 30 денари од вакциниран пациент доколку имаат 70 отсто вакцинирани.Докторката Марија Маихајлова напиша дека тие немаат потреба од стимулација, туку вреднување на трудот.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања