ТОП

Screenshot-2021-12-06-at-10.27.34

Беким Сали кој сака да е министер за здравство, не пријавил никаков имот: Нема ниту живеалиште, ниту автомобил

Беким Сали е човекот чие име се споменува како иден министер за здравство. Досега е познат како кандидат за градоначалник на Чаир од Алтернатива и ги изгуби изборите. Тој е и член на управниот одбор на Универзитетска клиника за токсикологија. Поради оваа функција, тој морал да поднесе и анкетен лист. Според истиот, Сали нема никаков имот. Тоа значи дека нема своја куќа, свој стан, свое возило. Не пријавил ниту дека новите деца или сопруга имаат имот.Два деловни простори во Скопје, два стана во Скопје и два постари автомобили се сопственост на неговите родители.Беким Сали е оженет и татко на три девојчиња. Стоматолог по професија, има сопствена ординација и бизнис со текстил.

Македонија | пред 4 години

filipce12412

„Заев не го смени Венко Филипче за 14 изгорени луѓе, го смени за четири пратеника на Алтернатива“, реацкии за смената во здравство

Низа коментари и критики за министерот за здравство, Венко Филипче, откако премиерот Зоран Заев кажа дека Алтернатива ќе раководи со ова обвинителство. Премиерот додаде дека Филипче сеа ќе има повеќе време за да другаруваат и возат мотори. Ваквата изајва, наиде и на шеговити коментари.https://twitter.com/arozgj/status/1467770750744600585https://twitter.com/Makedonija_MKD/status/1467740363028844546https://twitter.com/mudrosergojko/status/1467649408430915585https://twitter.com/ojxsYExTN62hkJ4/status/1467629544240734209https://twitter.com/GLASche____/status/1467624110616453122https://twitter.com/motordzika1/status/1467603605301649417https://twitter.com/maktaktik/status/1467603170490818574https://twitter.com/MatrixOfHell/status/1467567465634975744https://twitter.com/_Mitkov_/status/1467533203594485764https://twitter.com/DLazarevski/status/1467526508591955974https://twitter.com/djamadanceto/status/1467514428006576133https://twitter.com/Bavcov/status/1467507936306122761https://twitter.com/rockythechamp7/status/1467507335342002177https://twitter.com/penkaltron_gala/status/1467504836384071688https://twitter.com/SmetaloLevo/status/1467495605048119300https://twitter.com/Apokalipt0/status/1467485100526944258https://twitter.com/lavot_v/status/1467470834868662276https://twitter.com/LegitMacedonia/status/1467280905219850241https://twitter.com/VStevk/status/1467180192481394691https://twitter.com/DobitenT/status/1467167746408464388 

Коментари | пред 4 години

IMG-626bbb9bfcd524ce62a3dc1ef32bd44f-V-2

Беким Сали е наследниот на Венко Филипче во здравство: Кој е кадарот на Алтернатива

Беким Сали е името на предлогот за нов министер за здравство, кадар на Алијанса како дел од Владата. Ова го потврди и премиерот Зоран Заев. Тоа значи дека министерот Венко Филипче ќе биде сменет од функцијата, иако во неколку наврати, Заев не прифаќаше тоа да се случи посочувајќи дека тој е важен за справување со кризата предизивката од коронавирусот.„Секако, претседателот Африм Гаши сподели нивни размислувања. Треба органи и тела да одлучуваат. Едно од решенијата е Беким Сали. За мене е прифатливо. Ние ќе разговараме и со партнерите. Во следните неколку недели ова треба да се реализира“, кажа Заев.Беким Сали е оженет и татко на три девојчиња. Стоматолог по професија, има сопствена ординација и бизнис со текстил. Во трката за градоначалник на Чаир на локалните избори беше предлог од Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. Тој ги изгуби изборите.„Македонија немала подобар министер од Венко Филипче за здравство“, кажа Заев. 

Македонија | пред 4 години

DSC_0699

10 починати и 276 новозаразени од коронавирус

енес се регистрирани 276 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 217.301Оздравени се 249 пациенти –  пријавени се 10починати лица.Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:• Направени се 2.720 тестирања, а регистрирани се 276 новислучаи на КОВИД-19:Скопје – 130, Битола – 35, Прилеп – 17, Охрид – 14, Куманово – 13, Штип – 10, Кавадарци – 9, Струмица – 7,Крива Паланка – 6, Тетово – 5, Кочани, Свети Николе и Пробиштип – по 4, Велес и Ресен – по 3, Гевгелија, Неготино и Богданци – по 2, Гостивар, Кичево, Струга,Радовиш, Делчево и Македонски Брод – по 1.• Регистрирани сe 249 оздравени пациенти од: Скопје – 111, Битола – 35, Прилеп – 22, Кавадарци – 18, Штип – 9, Велес – 8, Куманово и Делчево – по 7, Кочани и Ресен – по 6, Берово, Виница и Кратово – по 3, Свети Николе – 2, Пробиштип, Неготино, Кичево, Радовиш, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.• Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5починати лица: 2 починати лица од Скопје (82г и 82г), по едно починато лице од Свети Николе (68г), Кратово (88г)и Демир Хисар (55г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од МојТермин, пријавени се 5 починати лица со датум на смрт од 21.11.2021 до 28.11.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (3), Прилеп (1), Кичево (1). Починатите лица се на возраст од 29 до 79 години. Двелица се починати во домашни услови и три лица во болнички услови.• Направени се 2.720 тестови преку: ИЈЗ-213, ЦЈЗ Скопје-35, ЦЈЗ Битола-72, ЦЈЗ Прилеп-50, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-61, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1,ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–175,Жан Митрев (Филип Втори)-60, Авицена-1108, Биотек-107, Систина-46, лабораторија Лаор-255, Синлаб-20, Ремедика-0, Плодност–48, Генеа-7, Никоб лаб-270,ВФВ Медикал-37, Ели Медика-30, Ројал Медика–60,Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–5, Жан Митрев Струмица–3,Нова Лаб Дијагностика–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) –вкупно 1.051.Досега во земјата се направени вкупно 1.484.645 тестирањана Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.301,бројот на оздравени пациенти е 203.574, на починати е 7.641, а бројот на активни случаи изнесува 6.086.

пред 4 години

Screenshot-2021-12-05-at-13.08.47

Заев соопшти што добива Алтернатива: Три министерства, три заменици-министри, директорски позиции

Министер за здравство, Министер за информатичко општество и администрација и министер за дијаспората, добива Алијанса со влегување во Владата, соопшти премиерот Зоран Заев. Тој додаде дека Алтернатива ќе добие и три заменици министри, Министерството за култура, Министерството за образование и наука и третиот ресор треба да се прецизира иако се зборувале за Министерството за земјоделството.„Од поважните се МЕПСО, Фонд за пензиско и здравствено осигурување, Агенција за странски инвестиции, Тетовска болница и други“, рече Заев.Гаши кажа дека неговите кадри поставени на овие функции, ќе направат се за енергетската криза да заврши, Алтернатива би била среќна ако Македонија добие датум за преговори со ЕУ.

Македонија | пред 4 години

1-5

Христијан Мицкоски одново номиниран кандидат за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, поддржан од 50 делегати

„Врз основа на член 34 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ ние како делегати на партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ покренуваме формална иницијатива за номинација на проф. д-р Христијан Мицкоски во изборот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Дадената недвосмислена и безрезервна поддршка е резултат на неговото досегашно одговорно, чесно и квалитетно раководење со партијата, големиот напор кој што го вложи кон стабилизирање на состојбите во најголемата политичка партија во нашата земја, како и на постигнатите позитивни изборни резултати од последните локални избори.Веруваме дека повторниот избор на проф. д-р Христијан Мицкоски ќе биде дополнителен поттик за идното раководство, членовите на партијата и граѓаните на Македонија уште повеќе заеднички да се заложат за целосно спроведување на програмските определби на партијата со силен државотворен карактер и кадровски капацитети кои ветуваат непречен политички и економски развој на нашата татковина.Преку партијата на која најмногу и веруваат граѓаните и под водство на нејзиниот претседател Мицкоски силно го отвораме патот за модернизирање на нашата држава, владеењето на правото, засилување на борбата против корупцијата, побрзо надминување на тешките здравствени и економски предизвици, зголемување на животниот стандард на нашите граѓани, унапредување на односите со соседите, партнерите и сите пријателски држави и зголемување на брзината со која се движиме по патот на европската интеграција.Партијата ВМРО-ДПМНЕ била, е и останува најцврстиот гарант за зацврстување на државноста, независноста, мирот, стабилноста, безбедноста, економскиот развој и историскиот континуитет на Македонија“.Меѓу потпишаните делегати на 17-тиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ за кандидатурата на проф. д-р Христијан Мицкоски се и пратениците Дафина Стојаноска, Антонијо Милошески, Ели Панова, градоначалниците Тимчо Муцунски, Бобан Стефковски, Александар Стојкоски, Орце Ѓорѓиевски, Дарко Костовски, Борче Митевски, Стевче Трпковски, Коста Маневски, Иван Јорданов, Кирил Пецаков, Борче Јовчески.Потписници на кандидатурата се и претседателите на униите, Жаклина Пешевска Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов на Унија на млади сили, претседателот на Патриотскиот институт Александар Пандов, како и директорот на Центарот за комуникации Луке Галески, и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.Меѓу потписниците се Владимир Нелоски, Борко Ристовски, Илија Димовски, Оливер Шамбевски“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 години

zaev-metla

„Што остана од СДСМ во Влада? Портирот?“, реакции откако Алтернатива договори и што ќе добие од мнозинството

Иако се споменуваа две министерски и две вицепремиерски места, неофицијално Алтернатива се испазарила и за повеќе. Иако нема официјална потврда, кадри на Алтернатива ќе седне во Министерството за здравство, Министерството за образование и Министерството за култура, добиваат директорски места, свои членови во одбори, како и раководење со десетици институции. Неофицијално, ќе го добијат и вицепремиерското место за борба против корупција, како и министерското место во Владата задолжено за дијаспората.https://twitter.com/MartianfromMKD/status/1467244980385234947https://twitter.com/Jovanovski_mk/status/1467231210250412037https://twitter.com/Santimo22052092/status/1467283835314388996https://twitter.com/_ferchina_/status/1467262739999559680https://twitter.com/BatmanSaysT/status/1467258684833243142https://twitter.com/BarbarosaXxX/status/1467254364272222215https://twitter.com/ilijadimovski/status/1467265452934062084https://twitter.com/Mario_Oberzin/status/1467223574314471428https://twitter.com/Biktop16/status/1467229390320947201ПОВРЗАНО:  

Коментари | пред 4 години

19112021_PVRSM_Zaev_sredba-so-pratenikot-Gashi_3

Кои министерства и директорски места ќе ги земе Алтернатива од СДСМ и ДУИ

Министерството за здравство, Министерството за образование и Министерството за култура, директорското место во МЕПСО, вицепремиерското место за борба против корупција, како и министерското место во Владата задолжено за дијаспората се ресорите кои неофицијално ќе и припаднат на Алтернатива. Ова веќе се зборуваше дека било на преговарачката маса меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши. Иако потврда нема, а детали се очекуваат да се изнесат во 13 часот, според вчерашната прес-конференција на Орхан Муртезани, портпарол на Алтернатива, беше јасно дека овие ресори ќе и припаднат на оваа партија која се приклучи кон владиното мнозинство.„Обврските кои Алтернатива ќе ги превеземе во Владата. Алтернатива ќе превеземе и важни одговорности кои се однесуваат на стратешките интереси. Ќе преземеме значајни обврски од областа на здравството, борбата против криминалот и корупцијата, енергетиката, организацијата на дијаспората, но и образованието, културата и подигнувањето на квалитетот на животот на граѓаните“, кажа Муртезини.Се зборува дека ова е целата листа на сите институции:1. Министерство за здравство2. Министерство за информатика3. Заменик претседател на Собранието4. Министер за дијаспора5. Заменик министер за култура6. Заменик министер за земјоделство7. Заменик министер за земјоделство или транспорт за финансии8. Мепсо9. Железнички транспорт10. Управа за болница Тетово11. Национален граничен координатор12. Пензиски фонд13. Регистри14. Заменик директор во Испитен центар15. Инспекторат за локална самоуправа16. Социјален центар Скопје17. Заменик директор во Сл. весник18. Директир затвор Идризово19. Агенција за странски инвестиции20. Агенција за претприемништво21. Природно-математички музеј22 Институт за културно наследство23. Инспекторат за стандардизација24. Театар Гостивар25. Тетовска библиотека26. Агенција за млади и спорт27. Зам. дир за индустр.сопственост28. Помошник министер во МВР29. Раководител на сектор МВР30. Раководител на сектор во Царина Охрид32. Началник емјодел во Долнени33. Агенција за вработување Струга34. Кино Струга35. Сектор МВР, Тетово36. Директор на Клиника Скопје37. Управен одбор, членови38. Надзорен одбор, член39. Директор на Испитен центар40. Управен совет на МК Патишта41. Надзорен совет на МК Патишта42. Управен одбор во железничка инфраструктура43. Управен одбор на аеродром44. Управен одбор во Пошта45. Надзорен одбор во Пошта46. ​​Управен совет во агенц. за пасишта47. Директор архив СтругаСѐ поизвесно е дека Алтернатива ќе добие и менаџирање со енергетиката. Според непотврдените информации, тие ќе го добијат и директорското место во компанијата МЕПСО која е целосно државна сопственост. Досега со оваа компанија менаџираше Куштрим Рамадани, кадар на ДУИ.Прашани за тоа кој ќе раководи со овие институции и компанијата, портпаролот на Алтернатива не одговори посочувајќи дека нема дозвола од Централното собрание.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-12-04-at-20.59.16

Алтернатива влезе во Владата, ќе се бара меѓународен мониторинг за „Монструм“

Орхан Муртезани, портпарол на Алтернатива соопшти дека Централниот совет на партијата одлучил„Имаше седница на Централното собрание на Алтернатива. Се дискутираше и за вклучување на Алтернатива во Владата, а Гаши ги информираше сите за преговорите и превземените одбори. Централното собрание одлучи со мнозинство гласови одлучи да се приклучи на актуелната Владата“, рече Муртезини.Тој кажа дека пред сѐ причини се почетокот на преговорите со ЕУ и решавање на спорот со Бугарија. Договор имало и за меѓународен мониторинг за „Монструм“, прегазувањето на Алмир Алиу и така натаму.„Постигнувањето на овие договори е победа за Албанците во Македонија, партијата и Македонија. Алтернатива успеа да докаже дека таа не е декор“, рече тој.Ќе се превземат значајни обврски за здравството, но и поддршка на животот во државата.

Македонија | пред 4 години

najcevska

„Овие гревови немаат појма од демократија“, Најчевска жестоко за Мицкоски откако најави следење на работата на градоналаниците

Работното тело на ВМРО-ДПМНЕ за следење на реализацијата на проектите на градоначалниците предизвика лавина реакции во јавноста. Една од нив е и на професорката Мирјана Најчевска.„Поголем доказ од ова за тоа дека овие гревови немаат појма што е демократија нема Абе шутраци, градоначалниците се бираат од граѓаните, непосредно, и поднесува извештаи до Советот на општината, а не на партијата кон која припаѓаат или која застанала зад нивниот избор“, напиша Јанчевска.

Коментари | пред 4 години

Screenshot-2021-12-04-at-20.06.24

(ВИДЕО) Сведштво: Што се случувало во Турција и по пат во автобусот каде животите ги изгубија 45 патници

„Така е напишано од Бог. Јас да бидам тој кој ќе спаси уште луѓе после мене. Му благодарам на Бог што ми даде втор живот“, рече Сулејмани, еден од преживеаните во автобуската несреќа во Бугарија.Вака Лулзим Сулејмани го започна разговорот со екипата на ТВ21 при нашата посета во Прешево. Тој е херојот кој од пламените јазици на автобусот ги извлекува малкумината спасени патници. Понудата на Беса Транс била примамлива, па така се одлучил да резервира за него и неговата свршеница.„Екскурзијата беше многу добра. Имавме и водич, кој не водеше секаде. Беше прекрасно. И шоферите беа добри, беа два и патот беше многу добар. Во двата правци имавме паузи. Во автобусот беа добри, ни даваа кафе, пијалаци, имавме паузи и така.“, изјави Сулејмани. Автобусот бил добар, но не знаеле дека нема лиценца.„Патот не беше тежок. Не возеше брзо. Нормално, како што вози автобус, 100. И автобусот беше добар, а за лиценцата не знам.“, вели Сулејмани.Лулзим се уште е во шок. Вели дека не може да спие, а сликите од трагедијата постојано се вртат во неговата глава. Еднаш неделно посетува психијатар во болницата во Врање.„Се ми се повторува во главата, 24 часа откако… Бидејќи јас бев буден и видов се од трагедијата и сега се ми се врти во главата. Сега не можам да спијам како претходно… Се будам, не можам да спијам, спиеш само 1-2 часа. Кога ќе се пробудиш, потоа не сакаш да спиеш. Не е како што беше…“, вели Сулејмани.Еден мал детаљ кој го забележал Лулзим при влегувањето во автобусот, спаси неколкумина.„Јас бев буден, но пред тоа, кога шетавме низ Турција, забележав каде стои чеканчето. И потоа кога се случи катастрофата, фала му на Бог што паметот ми беше во глава, стигнав до чеканчето, го скршив стаклото и излегов јас и после мене уште шест.“, рече Сулејмани.Ова е втор живот и за неговиот татко.„Јас како татко го доживеав најтешкото. Првиот пат слушнав дека тој е загинат. Тоа беше објавено по таа трагедија и после тоа дознав од други дека тој е жив и здрав и дека е во болницата и веднаш дојдов во Софија.“, вели Али Сулејмани, таткото на Лулзим. 

Македонија | пред 4 години

partizanska-brza-pomos-912

КОРЕГИРАНО: 15 починати, 355 нови нови случаи на корона

Денес се регистрирани 355 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 217.025Оздравени се 2.308 пациенти – пријавени се 15 починати лица.Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:• Направени се 3.042 тестирања, а регистрирани се 355 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 152, Битола – 38, Кавадарци – 25, Прилеп – 24, Куманово и Охрид – по 17, Велес – 14, Радовиш – 9, Делчево – 6, Штип и Ресен – по 5, Тетово, Струмица, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка – по 4, Неготино, Виница, Пробиштип и Валандово – по 3, Крушево и Македонски Брод – по 2, Кичево, Свети Николе, Кратово, Богданци, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.• Регистрирани сe 2.308 оздравени пациенти од: Скопје – 1.153, Велес – 141, Охрид – 106, Прилеп – 105, Битола – 99, Кавадарци – 79, Куманово – 62, Струмица – 52, Тетово и Штип – по 45, Гевгелија и Крива Паланка – по 39, Кичево и Кочани – по 38, Македонска Каменица – 33, Свети Николе – 30, Ресен – 28, Струга – 25, Делчево – 23, Радовиш – 18, Гостивар, Виница и Демир Хисар – по 16, Неготино и Валандово – по 14, Берово – 12, Богданци – 6, Крушево – 4, Пробиштип, Македонски Брод и Демир Капија – по 3, Кратово – 2, Дојран – 1.Во последните 24 часа регистрирани се 329, додека останатите 1.980 оздравени се административно затворени случаи од периодот 16.09 - 31.10.2021.• Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 3 починати лица од Скопје (72г, 84г и 84г), 2 починати лица од Охрид (51г и 55г) и по едно починато лице од Крива Паланка (79г), Македонска Каменица (56г), Битола (65г) и Куманово (62г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од МојТермин, пријавени се 6 починати лица со датум на смрт од 31.08.2021 до 01.12.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Кочани (1), Македонски Брод (1), Свети Николе (1), Куманово (1). Починатите лица се на возраст од 54 до 88 години. Три лица се починати во домашни услови и три лица во болнички услови.• Направени се 3.042 тестови преку: ИЈЗ-319, ЦЈЗ Скопје-62, ЦЈЗ Битола-74, ЦЈЗ Прилеп-38, ЦЈЗ Тетово–5, ЦЈЗ Куманово-59, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–134, Жан Митрев (Филип Втори)-41, Авицена-138, Биотек-183, Систина-70, лабораторија Лаор-155, Синлаб-15, Ремедика-16, Плодност–32, Генеа-11, Никоб лаб-553, ВФВ Медикал-44, Ели Медика-54, Ројал Медика–21, Спектра-ММ-11, Рапид Лаб–7, Жан Митрев Струмица–6, Нова Лаб Дијагностика–5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 989.Досега во земјата се направени вкупно 1.481.925 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.025, бројот на оздравени пациенти е 203.325, на починати е 7.631, а бројот на активни случаи

пред 4 години

market

Замрзнати десетици цени на производи, маркетите веќе не смеат да ги менуваат

На денешната 124-та редовна седница, Владата донесе Одлука за определување на највисоки цени на основни прехранбени производи во трговијата на големо и трговијата на мало.Со оваа одлука се определуваат највисоки цени во трговијата на големо и трговијата на мало на основните прехранбени производи, и тоа за: леб; шеќер; брашно – тип 400; сончогледово масло за јадење; трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; свежо месо и сувомеснати производи; и сирење и урда.Највисоките цени на производите се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало.Одлуката ќе се применува до 31 јануари 2022 година, со можност за продолжување доколку состојбата на пазарот и понатаму го бара тоа.На оваа своја седница Владата ги утврди дополнувањата на Предлог-буџет на Република Северна Македонија за 2022 година, кои произлегоа од амандманската расправа во комисиите во Собранието.

Македонија | пред 4 години

remenski-kovacevski-despotovski

Колку имот и пари имаат кандидатите за лидери на СДСМ

Четири кандидати влегоа во трката за партиски лидер на СДСМ. Тројца од нив извршуваа и високи државни функции, па беа должни да поднесат анкетни листови до Државната комисија за спречување корупција. Од нив, може да се види дека Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии има најмногу имот кој во најголем дел се банкарски депозити. Најмалку имот пријавила експратеничката Фросина Ременски. Скоро колку и Ковачевски, имот пријавил Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата на технолошко индустриски развојни зони.Според анкетниот лист на Ковачевски од недвижности има три стана со паркинг простор. Поседува удели, акции, чека да му исплатат и дивиденди. Давал и заеми, но има и две кредитни картички.Неговиот противкандидат Јован Деспотовски има повеќе недвижности од парични средства. Поседува деловен простор, згради во останато стопанство, две куќи, три стана. Од средства, поседува акции, чека побарување од наследство, но и по право на градба. Како и Ковачевски, така и Деспотовски има депозити од кои повеќето се на неговите деца. Тој исто така има долгови, кредит и лизинг.Ако се суди според анкетниот лист кој го поднела како пратеничка, Фросина Ременски има намалку имот и пари споредено со претходните двајца кандидати за лидери. Според анкетниот лист, од личен имот, Ременски пријавила земјиште и куќа, но и два кредити кои истекувале во 2018 година.Единствен кој не бил на државна функција, а со тоа не бил задолжен да поднесе анкетен лист е Властимир Алексовски, член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово. Тој е исто така кандидат за претседател на партијата, а што поседува, нема информации.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Маричиќ го пофали системот, бара преговори со ЕУ: Должност е да го решиме проблемот со Бугарија

Министерот за правда Бојан Маричиќ во интервјуто за Радио телевизија Словенија истакна дека во овој момент е потребен силен ангажман од сите за брзо отпочнување на преговорите со Европската Унија.-Важно е час поскоро да се почнат преговорите со ЕУ. Наша должност е да работиме на решавањето на проблемот со Бугарија. Од наша страна има подготвеност, но тоа треба да се базира на меѓусебна почит и европските вредности, рече Маричиќ.Според него во интерес на и на ЕУ и на Бугарија и другите членки е датум за отпочнување на преговорите, затоа што во спротивност кредибилитетот на Унијата и нејзината политика, не само во нашата земја туку и на Западен Балкан, ќе биде ставен под знак прашање.На прашањето за напредокот кој стои од Европската Комисија за Северна Македонија, Маричиќ одговори:-Владата и правосудните органи направија големи исчекори во правосудниот систем, спроведувајќи го прочистувањето на судството, со зајакнување на критериумите за избор и разрешување на судиите и обвинителите“, а ја истакна и важноста на Академијата на судии и јавни обвинители во враќањето на довербата кај граѓаните во судството.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања