ТОП

Sudenje-Divo-Naselje

Косовски министер ќе ги посети осудените за „Диво насеље“

Заменикот министер за правда на Косово, Блерим Салаху најави дека утре ќе ги посети косовските државјани кои се осудени за случајот „Диво насеље“, кои ги служат казните во македонските затвори за настаните од мај 2015 година во Куманово, јави дописникот на МИА од Приштина.Во синоќешното интервју за телевизијата Т7, Салаху рече дека, по воспоставената комуникација со Министерството за правда на Северна Македонија, добил дозвола за во четврток да ги посети затворениците осудени за споменатиот случај.– Како Министерство, имајќи го предвид Законот за државјанство, во кој се нагласува јасно дека државјанинот има тесни врски со државата, ние имаме обврски (кон државјаните на Косово). Имаме потврда од македонскиот заменик министер за правда дека можеме да ги посетиме во четврток. Ќе ги посетиме, ќе ги видиме условите, потоа ќе преземеме мерки, како што е испраќање дописи до тамошната влада за да создадат подобри услови, рече Салаху.Претставникот на Владата во Приштина побара целосно расветлување на случајот и расчистување на дилемите околу тоа што точно се случи во кумановската населба во 2015 година.– Јас целосно се согласувам со потребата овој случај да се расветли, почнувајќи од прашањата како тие луѓе отидоа таму. Значи, зошто се случи тоа што се случи, кој го организираше?, рече Салаху.Осум полицајци – припадници на специјалната единица „Тигар“ и 14 осомничени терористи ги загубија животите во крвавата дводневна битка на 9 и 10 мај 2015 година. Десетици беа приведени од полицијата, а ранети беа уште најмалку 40 лица.Вкупно 33 лица обвинети добија затворски казни во времетраење од 12 години до доживотно, а четворица се ослободени од обвинението. Седуммина се осудени на доживотна затворска казна. Основниот кривичен суд Скопје на уште 13 обвинети им пресуди 40 години затвор, на шестмина по 20 години, на еден обвинет 18 години, на двајца обвинети по 14 години, на двајца по 13 години, и на по 12 години уште двајца од обвинетите.Извор: МИА

Македонија | пред 4 години

33

Караница за кој го блокираше Скопје: Се скараа на „Фејсбук“ МВР и Град Скопје… Можи и ќе се блокираат

Сообраќајот во Скопје вчера попладне беше блокиран со колони возила кои стоеја во место речиси еден час. Семафорите на дел од крстосниците беа исклучени, а сообраќајот го регулираше сообраќајна полиција. Ова се дел од реакциите на социјалните мрежиhttps://twitter.com/MarkoMolos/status/1468508670791139332https://twitter.com/gorankrto/status/1468501092954742784https://twitter.com/Kafedzijata_/status/1468497107422265356https://twitter.com/dolgonogata/status/1468377501638565888https://twitter.com/100deutschemark/status/1468362407538044928https://twitter.com/drndaloto/status/1468355891221221377https://twitter.com/100deutschemark/status/1468351050813956096https://twitter.com/Santimo22052092/status/1468342316645732363https://twitter.com/totoskata/status/1468341681619677189https://twitter.com/chackalitza/status/1468330586263728130https://twitter.com/kashlicaa/status/1468326957582536705https://twitter.com/KirilMKD/status/1468325550167052291https://twitter.com/malerott/status/1468299611194503171https://twitter.com/DingoOdKratovo/status/1468299080657158144 

Коментари | пред 4 години

239999228_351218676548885_1676183981868361389_n

„Вртоглаво“ растат на цените на становите, нема ДУП-ови за нови градби, поскапена изградбата

Цената на становите во Скопје бележи постојан раст од почетокот на годинава. Во третиот квартал годинава, според податоците на Народната банка, недвижностите поскапеле за 5,9 отсто. Во првиот квартал зголемувањето изнесуваше 3,2 отсто, а во вториот 4 отсто. Тоа резултираше квадратен метар станбена површина да достигне 1.500 евра во општини како Центар и Карпош, а според одредени градежници, цената може да стаса и до 2.000 евра. Во услови на голема побарувачка, како што велат, понудата во одредени подрачја е намалена поради мораториумите за градење во изминатите години.„Вртоглавиот“ раст, како што го квалификуваат носителите на бизнисот со недвижности, се должи на повеќе фактори: немањето доволно локации за градење, блокираните детални урбанистички планови и неносењето нови, порастот на цената на градежните материјали, но и на работната сила, која сè почесто заминува во странство.Салим Хасани, претседател Групацијата на градежништво при Стопанската комора на Северозападна Македонија вели дека порастот на цените на становите во Скопје е резултат на повеќе фактори, кои имаат директно и индиректно влијание. Како поважни ги набројува немањето доволни локации за градење во атрактивните зони, блокирањето на неколкуте ДУП-ови во некои општини во претходниот период, како и неносењето нови ДУП-ови за формирање нови локаци по општините.Сето ова, вели, влијае на намалување на новите градби и зголемување на цената на локаците што директно влијае на цената на становите. Како друга директна причина е порастот на цените на градежните материјали и енергентите, каде што порастот е од 20 до 100 проценти, а исто така имаме пораст и на цените за работната сила. Сето ова збирно ги покачи цените на становите за околу 30 проценти, вели Хасани за МИА.Понудата е поголема во зоните каде што во поранешниот период имаше повеќе локаци за градба, како што се општините Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Бутел, Чаир…– Се нудат квалитетни градби со подобар дизајн и современи материјали во однос на претходните градби. Додека побарувачката на нови станови е голема особено во Центар, Карпош и Аеродром. Но, не заостанува и во другите општини, како што се Гази Баба, Кисела Вода, Бутел и Чаир. Претежно се бараат мали станови со добра организација и поглед, посочува Хасани.Градежните компани во периодот на ковид-пандемија, иако со намален интензитет, посочува, работеа со позитивни биланси. Поголемиот развој, порачува тој, зависи од отворањето нови инвестиции за стандардни градби, кои се неопходни да ги има во континуитет.– Сè помалиот број на локации не оди во прилог на развојот на оваа многу важна гранка на економијата. Енормното покачување на цените на речиси сите компоненти од градбата кај инвеститорите создава резерви при планирање на идните градби, прашање е дали куповната моќ ќе може да го следи овој тренд на пораст на цени. И по логика, ако имаме намален број градби, ќе имаме поскапување на цените на становите, а од друга страна, намалување на обемот на работа за градежниците. А со тоа и неможност да ја задржиме работната сила, која секој ден ни бега во странство. Така што наша сугестија е да се отворат што повеќе можности за градба, ќе биде подобро за сите, ќе имаме поголем развој, вбризгување повеќе пари во економијата, поевтини станови и поквалитетно живење, изјави Хасани.Поскапуваат становите и на атрактивните и на локациите со помала трансакциска активностОд Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Северна Македонија посочуваат дека прогнозите на градежните компании се остваруваат, цените на становите од почетокот на годината бележат евидентен раст, особено во подрачјата што се сметаат за атрактивни локации. Растот на цените на становите, како што велат во изјава за МИА, се должи на повеќе фактори, во најголем дел на поскапувањата на градежните материјали, меѓутоа и на генералното поскапување на услугите, репроматеријалите и другите добра.– Побарувачката е голема, со оглед дека недвижностите се покажаа како сигурна инвестиција за време на коронавирус-кризата. Граѓаните го препознаа инвестирањето во недвижностите како креирање додадена вредност во нивните буџети особено во време на тивка инфлација, поради што сметаме дека побарувачката нема да опадне и недвижностите ќе бидат атрактивни и во следниот период. Понудата во одредени подрачја е очекувано намалена поради мораториумите за градење изминатите години, велат од Здружението за градежништво, индустријата на градежни материјали и неметалите.Се залагаме, посочуваат, за подигнување на квалитетот на градбите, па во таа насока сметаме дека и граѓаните треба да се стремат кон купување на квалитетни градби и квалитетот да ја одредува цената, со цел да не настане ситуација во услови на намалена понуда на станови на одредени подрачја, цената да ја одредува исклучиво зголемената побарувачка за градби на атрактивни локации.Анализирано според локации, побарувачката за недвижности за време на пандемијата се одвива како и претходно. Според последните објавени податоци од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности, најголем обем на трансакции, вклучувајќи и најголем број продадени станови има во главниот град, поконкретно во општините Центар, Карпош, Аеродром. Цените се движат во зависност од побарувачката и на поатрактивните локации повисоки се цените за квадратен метар.Цените на становите во подрачјата со помала трансакциска активност исто така растат иако, како што велат од Здружението, тоа не зависи од побарувачката, туку поради порастот на цените на градежните производи, услугите, суровините… едноставно изградбата е поскапа.Ивица Јакимовски, претседател на Градежната комора при Сојузот на стопански комори посочува дека деловната активност во полето на високоградба во последните четири години има тренд на постојан пад што се должи на ограничувачките фактори кои предизвикаа сериозни, материјални и нематеријални штети за компаниите поради мораториумот за градба и суспендирањето на деталните урбанистички планови. За да има подобрување во позитивна насока, укажува, неопходно е да се почитуваат законите, пред се Законот за градење и Законот за урбанистичко и просторно планирање, што ќе придонесе за креирање на позитивна бизнис клима за развој и инвестиции.– Растот на цените на становите достигнува и до 40 отсто, а тој се должи на повеќе фактори, меѓу кои главно учество имаат порастот на цените на градежните материјали, трендот на зголемување на платите во градежниот сектор кој влијае на зголемување на цената на крајниот производи, како и на ограничување на понудата, што се јавува како последица на мораториумите за градење и суспендирањето на деталните урбанистички планови, изјави Јакимовски за МИА.Пазарот на недвижности, дополнува, подолго време има негативен тренд за потрошувачите, заради ограничувачките фактори за кои веќе зборувавме. Градежниот сектор е подготвен да го промени трендот, со цел да се излезе во пресрет на потребните на граѓаните, доколку се создадат услови за да може да почне со засилена деловна активност, потенцира Јакимовски.По драстичниот пад кај закупите, позитивно придвижување по стартот на студентската годинаПандемијата најмногу ги погоди закупите на недвижности каде што беше забележан драстичен пад, особено кај закупите на деловните простори, но и кај закупите на други недвижности. Падот во голема мера се должи на промените во начинот на живот и работа на луѓето, намалување на обемот на миграции на студенти, работници и други лица со место на живеење различно од местото каде што ги вршат секојдневните активности како резултат на сè поголемата употреба на технологијата во процесот на работа и учење, односно замената на физичкото со онлајн присуство.По почетокот на студентската година, според информациите од агенциите на недвижности, не се забележува драстичен пораст на трансакциите што се однесуваат на закупите, меѓутоа споредено со претходните месеци може да се каже дека има одредено придвижување во позитивна насока.На пазарот на недвижности во третиот квартал годинава, според базата на Регистарот на цени и закупнини, се регистрирани 9.231 трансакција, од кои 7.277 продажби на недвижности и 1.954 закупи на недвижен имот.Евидентирани се 7.277 купопродажби во вредност од 284.558.000 евра. Регистрираните 5.833 продажби се во вредност од 209.570.000. Имало и 13 лицитации со вредност од 200.000 евра, 1.265 купопродажби на инвеститор во вредност од 72.96.000 евра, како и 166 откупи од РСМ во вредност од 1.807.000 денари.Споредбено по месеци од овој квартал може да се забележи дека најголем број трансакции има во јули, кога во Регистарот на цени и закупнини се регистрирани 3.463 трансакции. Најмалку трансакции се регистрирани во август, и тоа 2.516, додека во септември се регистрирани 3.252 трансакции.Доколку се разгледа обемот на трансакции по месеци и по тип на трансакција, може да се заклучи дека најголем број купопродажби се регистрирани во јули, 2.754, а најмногу закупи се евидентирани исто така во јули, 709.Во третото тримесечје годинава имало за 2.676 повеќе купопродажби во однос на истиот период лани.Од регистрираните 1.954 закупи на недвижен имот, најмногу, 740, се закупи на деловни простории во вредност од 523.222.000 евра. Потоа следуваат закупите на стан 573 со вредност од 120.720.000 евра, на куќи, 259, од 55.224.000 евра, на дворно земјиште, 238, со вредност од 11.243.000. Регистрирани се и 27 закупи на индустриски објекти во вредност од 134.436.000 евра.Најмногу нови дозволи за градба во Полошко, најмалку во ПелагонискоПоследните официјални податоци за издадени одобренија за градење се за септември годинава кога биле издадени 318 одобренија за градење, што е за 28,2 проценти повеќе во однос на септември лани. Најголем број одобренија се во Полошкиот регион, 66, по што следуваат Скопскиот регион, 62, Југоисточниот, 53, Вардардскиот 46… Најмалку дозволи за градба, 17, се издадени во Пелагонискиот регион.Според податоците на Државниот завод за статистика, во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови, со вкупна корисна површина од 56 849 квадратни метри. Најмногу станови ќе се градат во Скопскиот регион, 216, од кои 196 се во Општина Гази Баба. Меѓу општините со пoголем број планирани нови станови се и Струмица, 87, Гевгелија, 86, Гостивар, 76, Дебар, 40…Предвидената вредност на објектите за кои се издадени одобренија во септември годинава изнесува 3 833.718.000 денари, за 16,7 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од издадените одобренија за градење, 184 (57,9 проценти) се за објекти од високоградба, 35 (11 проценти) од нискоградба, а 99 (31.1 процент) се објекти за реконструкција. На 195 (61,3 проценти) од објектите како инвеститори се јавуваат физички лица, а на останатите 123 (38,7 проценти) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Македонија | пред 4 години

brza-pomos-soobrakajka

16 починати и 375 новозаразени од коронавирус

Почитувани,Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 2.744 тестирања, а регистрирани се 375 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 180, Прилеп – 30, Битола – 28, Кавадарци – 26, Куманово – 13, Велес – 12, Радовиш – 11, Делчево – 9, Кочани и Валандово – по 8, Крива Паланка и Ресен - по 7, Охрид – 5, Тетово и Македонски Брод - по 4, Гостивар, Штип, Кичево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3, Струмица и Гевгелија – по 2, Струга, Неготино, Крушево и Пехчево - по 1.Регистрирани сe 507 оздравени пациенти од: Скопје – 246, Битола - 43, Прилеп – 25, Куманово – 22, Охрид – 18, Кавадарци – 17, Велес – 15, Тетово – 14, Делчево – 13, Кочани и Струмица - по 10, Крива Паланка – 9, Штип и Свети Николе – по 7, Радовиш и Гевгелија - по 6, Ресен – 5, Валандово, Струга, Неготино и Берово – по 4, Виница и Кратово – по 3, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пробиштип – по 2, Македонски Брод, Гостивар, Кичево, Дебар, Богданци и Демир Капија – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 3 починати лица од Скопје (87г, 78г и 62г) и по едно починато лице од Кавадарци (60г), Струга (83г), Струмица (72г), Кочани (59г), Штип (73г) и Свети Николе (86г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од МојТермин, пријавени се 7 починати лица со датум на смрт од 22.11.2021 до 04.12.2021. Регистрираните починати лица се од Велес (2), Скопје (1), Гостивар (1), Охрид (1), Струмица (1) и Кичево (1). Починатите лица се на возраст од 44 до 82 години. Две лица се починати во домашни услови и пет лица се починати во болнички услови.Направени се 2.744 тестови преку: ИЈЗ-298, ЦЈЗ Скопје-65, ЦЈЗ Битола-97, ЦЈЗ Прилеп-35, ЦЈЗ Тетово–7, ЦЈЗ Куманово-70, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-16, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–5, Жан Митрев (Филип Втори)-96, Авицена-114, Биотек-205, Систина-58, лабораторија Лаор-85, Синлаб-26, Ремедика-23, Плодност–32, Генеа-9, Никоб лаб-275, ВФВ Медикал-37, Ели Медика-42, Ројал Медика–41, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–9, Нова Лаб Дијагностика–7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.082.Досега во земјата се направени вкупно 1.488.688 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.775, бројот на оздравени пациенти е 204.474, на починати е 7.674, а бројот на активни случаи изнесува 5.627.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 95291, Активни 2698Куманово 12954, Активни 192Тетово 11348, Активни 93Прилеп 10348, Активни 326Битола 8851, Активни 506Гостивар 8072, Активни 20Велес 7354, Активни 171Кавадарци 7076, Активни 236Штип 6617, Активни 111Охрид 6527, Активни 186Струмица 6138, Активни 108Кичево 4231, Активни 37Кочани 4028, Активни 109Струга 3910, Активни 33Гевгелија 2813, Активни 79Неготино 2575, Активни 42Свети Николе 2126, Активни 40Крива Паланка 1913, Активни 74Ресен 1763, Активни 57Радовиш 1752, Активни 58Берово 1460, Активни 67Дебар 1456, Активни 1Делчево 1424, Активни 101Виница 1161, Активни 18Пробиштип 1126, Активни 24Валандово 956, Активни 45Кратово 776, Активни 31Богданци 645, Активни 21Демир Хисар 620, Активни 50Крушево 594, Активни 33Македонски Брод 503, Активни 14Демир Капија 425, Активни 3Македонска Каменица 421, Активни 28Пехчево 353, Активни 10Дојран 168, Активни 5

пред 4 години

policija-policisko-vozilo

Катастрофална сообраќајка кај Мавровка, четири лица се во болница, пет возила искршени

Во верижниот судир, кој попладнево се случи кај ТЦ „Мавровка“, учествувале пет возила, а четири лица се повредени, велат од МВР„Четирите лица кои се повредени се префрлени во ГОБ „Св. Наум Охридски“. Сè уште не познат степенот на нивните повреди. Во судирот учествувале ‘пежо’, ‘пасат’, ‘бмв’ и ‘форд’, сите со скопски регистарски ознаки“, велат од МВР.Поради судирот, настанат е вистински сообраќаен хаос и сообраќајот сè уште се одвива отежнато.

Скопје | пред 4 години

264204720_1761546274030051_5821560649410243225_n

Пријавете сами ако драстично се зголемат цените на основните прехрамбени производи

Ги повикувам граѓаните на бесплатниот телефонски број 191 да пријават кај Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во случај на драстично зголемени цени на основни прехранбени производи, вели министерот за економија, Крешник Бектеши.На бесплатната телефонска линија, како што појаснува во напишаното на фејсбук-објавата, сите граѓани може да пријават неправилности кај трговците што не ја почитуваат одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи, информира Бектеши.Како што истакнува министерот, во согласност со одлуката за определување највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало, која е објавена во „Службен весник“, почнувајќи од 6.12.2021 година, се замрзнуваат цените што се применувале на 1 декември 2021 година во трговијата на големо и мало, и тоа на: лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и од 3,5 %, свежото месо и сувомесните производи, сирењето и урдата.Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година, напиша министерот Бектеши на својот фејсбук-профил.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-12-07-at-12.00.19

Мицкоски со тешки обвинувања за коалицијата Заев-Гаши

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека коалицијата меѓу СДСМ и Алтернативата е последен чин од обидот за уништување на Македонија. Тој смета дека најавите за нови министерства се дополнителен и непотребен трошок за да му се продолжи векот на траење на премиерот Зоран Заев.„Ова ми личи на последниот чин за обидот на уништување на Македонија во режија на СДСМ и Зоран Заев. Ова што се случува е препелкање на Зоран Заев и обид да го продолжат својот век на траење на неколку недели. Срамно е ова што се случува, а политиката се сведе на трговија како на Зелен пазар, наместо да зборуваме за развој и проекти, дебатата се сведува кој колку министерски и директорски места добил. На крајот од денот, тоа го праќа сиромашниот граѓанин во Македонија. Ова е последен чин за обидот да се уништи Македонија, а тоа да биде во режија на СДСМ и Зоран Заев“, рече Мицкоски.Прашан која е силната страна во оваа коалиција, Мицкоски рече: „Па таму нема силна алка. Таму се сите слаба алка“.„Векот на оваа Влада зависи од тоа колку побргу ќе се вразумат дека тие се нефункционални бидејќи се нефункционални. И фрустрацијата во оваа коалиција е огромна и тоа го гледаме преку позициите што факторите на оваа коалиција ги рефлектираат во јавноста. Брзи избори што побргу се решение“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

gruevski-jankuloska-610x400

Јанкулоска го соголи Груевски пред судот

Денеска на барање на Обвинителството, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, сведочеше на рочиштето „Плацеви на Водно“, односно за тајниот имот на поранешниот премиер Никола Груевски.Јанкулоска беше распрашувана од страна на обвинителката Лиле Стефанова за начинот на кој се финансирала ВМРО-ДПМНЕ, за да се докаже тезата на обвинителството дека Груевски ги обезбедил парите за плацевите на Водно од партиската каса.Поранешната министерка изјави дека таа може да зборува само за периодот кога била генерален секретар на партијата, во периодот од 2004 до 2006 година.„Во овој период ВМРО-ДПМНЕ за цело време имаше блокирана сметка, меѓутоа тековното работење на партијата, и покрај сите тешкотии, некако функционираше и тоа на база на донации кои на доброволна основа ги даваа физички лица. Во делот на овие донации сакам да истакнам дека, поради фактот што ВМРО-ДПМНЕ беше партија во опозиција, донаторите беа прилично воздржани околу нивните релации со партијата бидејќи не секој сака јавно да биде познато дека е близок до партија во опозиција, а во однос на тоа како функционираше процесор, можам да кажам дека во принцип се случувало лицето да разговара со претседателот на партијата. Претседателот на партијата во тоа време, како и сега, е најголем авторитет, секогаш лицата сакаа да се видат со претседателот. Тој ги договараше начинот и условите како тоа да се реализира. Се случуваше претседателот на партијата понекогаш да ме повика, да ме извести ‘тој и тој сака да ѝ помогне на партијата со толкав и толкав износ’. Можело да се случи истиот ден да донира или по неколку дена”, рече Јанкулоска.„Да, имаше два сефа, од кои едниот беше од тие што се големи, масивни, метар-метар и половина високи, и имаше еден мал како каса. Во малиот се чуваа мали износи, тие што се користеа на дневна основа. Другиот, барем додека јас бев на функција, ниту бил отворан ниту сум знаела шифра. Тој малиот беше со шифра и клуч, се отвораше по потреба”, рече Јанкулоска.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Лажен оџа од Кочани и негови соработници осомничени за полов напад врз дете и за измами во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Против истото лице, како и против двајца други осомничени соизвршители, поведена е постапка и за кривично дело – Измама согласно член 247 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Првиот осомничен, 37-годишен жител на Кочани, во два наврати на 23 и 24 ноември во стан во Гостивар, извршил полово дејствие врз дете родено 2012 година. Мајката на детето го повикала осомничениот кој се претставил како оџа, да пее и да го „лекува“ детето од црни магии. Осомничениот побарал да остане сам со детето-жртва во собата и притоа ја принудил на други полови дејствија. Оштетената од страв во прв момент не кажала ништо на мајката. Кога на 5 декември мајката сакала по третпат да го повика осомничениот, девојчето вознемирено раскажало што му се случува, по што настанот бил пријавен во полиција.Истиот осомничен, заедно со уште двајца соизвршители од Гостивар, измамиле друга оштетена. Првопријавеното лице, во договор со другите двајца, на оштетената исто така и се претставило како оџа кој ќе и помогне да ги тргне магиите од нејзината куќа. Во повеќе наврати тројцата ја убедувале дека за да ги отстранат магиите треба да откопуваат различни предмети од гробишта и со тоа ги влечат магиите од неа и од нејзиниот дом. За услугата и наплатиле вкупно 98.000 денари. Кога почнале да се договараат за нова средба, оштетената се посомневала дека е измамена и ги пријавила.За првопријавениот Основното јавно обвинителство Гостивар до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, додека за останатите двајца осомничени се предложени мерки на претпазливост.​​

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

„Ако Скопје ги исполнеше барањата на Софија, тогаш навистина ќе ја фалсификуваше историјата“ пишува германски весник

Бугарија е пред добивање нова влада, а во Брисел се надеваат дека земјата ќе се откаже од ветото за почеток на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, се констатира на почетокот на текстот во весникот Франкфуртер алгемајне цајтунг и се објаснува дека владата на Борисов ги спречила преговорите со образложенија „кои не само Брисел ги смета за апсурдни“, пишува Долче веле.„Скопје би морало да признае дека македонскиот јазик е всушност само бугарски дијалект и дека македонската нација се развила од бугарството, бара меѓу другото Софија. Но,кој верува дека само со промена на владата во Бугарија повторно ќе се врати разумот и дека бизарните академски дебати нема веќе да стојат на патот на ЕУ-политиката на Балканот, тој може да се излаже. 'Спорот за името' помеѓу Атина и Скопје ја спречуваше западната интеграција на балканската држава повеќе од четврт век, пред во 2018 година да биде решен со преименувањето на Македонија во Северна Македонија. Бугарско-македонскиот историски спор би можел да трае исто така многу години. (Идниот премиер, н.з.) Кирил Петков важи за прагматичен човек кој гледа напред и кој не сака да се загуби во честакот на балканските дебати за историјата. Но, и тој мора да има обѕир кон коалициските партнери, меѓу другите и кон делумно националистичката Социјалистичка партија. А, не само за нејзините приврзаници важи: бугарското нерасположение кон Северна Македонија е подлабоко отколку што тоа им се чини на многумина кои гледаат од страна. На националистичка линија по ова прашање е и претседателот на државата Румен Радев (како и неговиот претходник Росен Плевнелиев). Но, тоа порано во странство не паѓаше в очи поради тоа што бугарските позиции беа во сенка на гласниот грчко-македонски 'спор за името'.На крајот на текстот Франкфуртер алгемајне цајтунг потсетува дека премиерот Заев пред извесно време „од избрзана послушност кон Софија“ објавил дека неговата влада ќе наложи да се отстранат повеќе спомен-плочи на кои се потсетува на „бугарската фашистичка окупација“, што наишло на остра критикаод страна на македонските историчари.„Заев беше обвинет за фалсификување на историјата. Ако Скопје сакаше да ги исполни сите барања на Софија, тогаш навистина ќе излезеше така. Фалсификувањето на историјата досега не е критериум за приклучување во ЕУ. Но, се чини дека Бугарите сакаат да го направат да биде критериум. На такво нешто Северна Македонија не може да се согласи веќе поради самото почитување на вредностите во ЕУ“, пишува ФАЦ.

Македонија | пред 4 години

esm

ЕСМ забрани хранење кучиња, Мицковска „распали“ по директорот

Тина Мицковска, портпарол во скопската Зоолошка градина, на социјалните мрежи објави наредба потпишана од в.д. директорот на РЕК Битола, Пеце Митевски, во која тој стого им забранува на вработените да чуваат и да хранат кучиња.„Господин Митевски Пеце, како може прва работа откако станавте директор да биде да забраните хранење на кучиња? Што ви згрешиле невини душички гладни, кои патем и ја чуваат ЕСМ? Се надевам ќе си ја преиспитате оваа одлука, бидејќи не е по ниту еден закон, а патем е и нечовечка. Работете си ја работата најдобро што можете, но оставете ги кучињата и хуманите луѓе што ги хранат раат“, стои во објавата.

Македонија | пред 4 години

d-r-Panovski1

Пановски против смената на Филипче, смета дека е несериозно

Што се однесува до министерската промена во здравството, при ваква состојба во здравството, во време на пандемија, сметам дека е несериозно да се менува актуелниот министер за здравство Венко Филипче, рече микробиологот Никола Пановски во гостување на Телма.Пановски ги критикуваше младите кои според него не се тестираат и користат лажни сертификати„Така се добиваат нереални бројки во однос на позитивните. Во време на пандемија сите треба да се лекуваат во јавното здравство, без оглед на тоа дали се или не осигуреници на фондот“, рече тој.

Македонија | пред 4 години

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Големо намалување на цените на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување намалопродажните цени на нафтените деривати.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 3,50 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 денари/литар.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 3,016 денар/килограм и сега ќе изнесува 38,527 ден/кг.Од 07.11.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 73,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 62,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 38,527 (денари/килограм)

Македонија | пред 4 години

collage-1

Ременски: Најголемите двигатели на заробената држава имаат верба единствено во Вилма Русковска

Експратеничката на СДСМ и кандидат за лидер, Фросина Ременски, смета дека е интересно што бизнисменот Орце Камчев и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, имаат доверба само во Вилма Русковска. Посочи дека тие двајца се двигатели на заробената држава, а сепак, доверба имаат само во шефицата на Обвинителството за гонење организиран кримианл и корупција.„Многу интересно што овие, би кажала двигатели на оваа заробена држава, антисистеми, имаат верба единствено во Вилма Русковска. Знаете, јас го имам записникот од Јордан Орце Камчев што го дал пред... во кој што опишува настани, кажува што и како, мене ме нема во тој записник“, рече Ременски, по што Ефтов дополни дека и самиот Камчев на судењето за „Меѓународен сојуз“ каде беше сведок, кажал дека не ја познава, по што Ременски продолжи:„Благодарна сум што не лажеше, а имаше сериозна кампања да биде наведен да лаже. Таму вели: ‘добил совети од поранешниот директор на УБК, Џони, кираџија на адвокатот на Орце Камчев. Камчев добива совети, повеќе совети, да снима, се да документира што се случува во неговиот дом, па со бугарски пријатели тој го имплементира. Интересно е што ‘рекетот’, што е изнуда во кривичното право, трипати го приајвил кај директорот на УБК, како овластено лице, кое било должно да го извести јавниот обвинител. Очигледно дека не било изнуда, туку друго. Слушнав дека некој треба и за поткуп да одговара, но ништо. Последното е советот што го добива од Горан Николовски, хард дискови и такви работи, единствено да ги предаде на Вилма Русковска. Тоа е едниот случај. Кога избега Сашо Мијалков, изворот на на Вилма, од 1 до 10, 7,5 точност, не кажува, па кажува кој е изворот, не овозможува на МВР да цени веродостојност.. Има процедура, обвинител не може да биде оперативец и да има извори, тоа може полицијата. Таа се попари во еден ден. Кажа дека Сашо Мијалков се јавил преку трето лице и единствено сакал да се пријави кај неа. Ако најголемите двигатели на заробената држава имаат верба единствено во Вилма Русковска, за што правиме муабет денеска?“, праша Ременски.

Македонија | пред 4 години

Italija

Следната пандемија би била посмртоносна од Ковид-19, предупредува креаторката на „Астра зенека“

Идните пандемии би можеле да бидат посмртоносни од сегашната криза со Ковид-19, предупреди Сара Гилберт, професорка на Универзитетот Оксфорд и една од креаторите на вакцината на „Астра зенека“.Гилберт предупредува и дека вакцините би можеле да бидат помалку ефикасни против новиот сој омикрон и дека луѓето треба да бидат повнимателни додека не се добијат дополнителни информации за оваа варијанта, пренесува Би-Би-Си.„Ова нема да биде последен пат вирусот да ни се заканува по нашите животи. Вистина е дека следниот може да биде полош. Може да биде позаразен, посмртоносен или и двете“, рече Гилберт.Таа вели дека се потребни повеќе средства за да се зголеми подготвеноста за следната пандемија, со цел да не се изгубат досегашните постигнати резултати.„Напредокот што го постигнавме и знаењето што го стекнавме не смее да се изгуби“, рече Гилберт.Зборувајќи за сојот омикрон, таа истакна дека неговиот шилест протеин содржи мутации за кои е познато дека го зголемуваат преносот на вирусот.„Но, има дополнителни промени кои би можеле да значат дека антителата создадени од вакцините или инфекција со други соеви може да бидат помалку ефикасни во спречувањето на инфекцијата со омикрон“, додаде Гилберт.Обединетото Кралство вчера забележа 86 случаи на заразени со новиот сој омикрон, со што вкупниот број на заразени со новиот сој досега се искачи на 246 лица.

пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања