ТОП

Screenshot-2021-12-01-at-23.28.10

(ФОТО) Споделете: Се трага по младиот Јосиф од Скопје, доколку го видите алармирајте го семејството!

Два дена го нема младиот Јосиф од Драчево. Семејството, очајно се обидува да стапи во контакт со него, но безуспешно. Тој во изминативе денови, не се појавил ниту во училиште. Не се јавил кај ниту еден другар со кого досега е стапено во контакт, за да каже каде се наоѓа, ниту се најавил дека ќе се оддалечи од домот.Сестрата на Јосиф, сподели и фотографија од него. Доколку го забележите било каде, контактирајте со семејството на следните два телефонски броеви: 071-388-246 и 072-931-594.Според информациите кои се достапни, последно Јосиф е виден во Центар како излегува од зградите означени како „блок 1“ спроти Македонска банка и се упатил кон училиштето Јосип Броз Тито.Тој последно бил облечен во светлозелена маслинеста јакна, темни панталони и црни високи обувки.

Скопје | пред 4 години

struja

Ценовен шок на струјата? Можно ли е зголемување за 20 до 30 проценти?

Владата следната седмица ќе одлучува по која цена ЕСМ ќе ја продава струјата на ЕВН што пак ќе влијае на крајната цена што ќе ја плаѓаат граѓаните. Пресметките на ЕСМ се веќе доставени до Владата и се бара цена поголема од 36 евра по мегават час, цена по која ЕСМ сега ја фактурира цената на ЕВН. За сега никој не открива колкаво зголемување ќе дозволи Владата, но според неофицијални информации се бара производната цена да достигне до 45 евра за мегават час, пишува Телма.Дали ЕСМ ќе успее да обезбеди 100% од потребите на ЕВН или само 60% колку што се обврзани е уште едно прашање од кое зависи крајната цена на струјата.По која цена ќе ја плаќаат граѓаните струјата од Јануари ќе се знае по одлуката на регулаторната комисија за енергетика кога ќе бидат утврдени сите детали што учествуваат во креирањето на цената, но според неофицијални информации на Телма првични паушални пресметки на ЕВН покажале дека потребно е зголемување од 20 до 30% .За сега од ЕВН негираат и велат дека се уште е рано за пресметки.

Македонија | пред 4 години

makedonski-avtobus-bugarija5

„Се чудам, регистарската табличка на автобусот на 'Беса транс' не постои“, вели Хусеини од Инспекторатот за транспорт

Директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини, во вечерашното гостување на ТВ21, одговарајќи на прашањето дали автобусот на „Беса транс“ во кој загинаа 45 луѓе во Бугарија е регистриран, рече дека регистарската табличка на автобусот не постои во евиденцијата на транспортните власти.Јас добив 58 извештаи од Министерството за внатрешни работи од „Деве Баир“ и сите регистарски таблички на возилата се регистрирани. И јас ја имам оваа регистарска табличка. Но, тоа не е тој автобус. Табличката на овој автобус не постои, рече Хусеини.Тој уште еднаш повтори дека не е одговорен за фактот што автобусот ја поминал границата 130 пати и што не е регистриран никаде.-И јас се чудам. Јас не добив никакво известување од Царинската управа дека автобус на „икс“ компанија ја поминал границата без извод од лиценца, и покрај тоа што има законска обврска да ме извести и да не дозволи автобусот да ја помине границата. Едно нешто е јасно – ако нема извод, не смее да ја помине границата“, рече Хусеини во емисијата „Клик плус“.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-12-01-at-14.03.59

Владата за средбата Заев-Гаши: Разменети се идеи и видувања

Претседателот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев и претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, со своите тимови, денеска, имаа нова работна средба во рамки на разговорите за можно формирање заедничка Влада и заедничко парламентарно мнозинство.На средбата е констатиран евидентен напредок во усогласувањето на ставовите околу дополнувањето на содржинскиот дел на програмата на Владата, а разменети се идеи и видувања од двете страни за споделување на одговорностите на највисоко ниво во институциите на централната власт.Разговорите продолжуваат водени од аспирациите за европската агенда на државата и од потребата за испраќање јасни пораки кон граѓаните и кон ЕУ за посветеноста во европеизирањето на Северна Македонија, за унапредувањето на економскиот стандард и квалитетот на живот на граѓаните.Се очекува до крајот на оваа недела да се остварат потребните консултации низ партиите и да се обезбеди потребното усогласување со цел постигнување договор за можна заедничка Влада која ќе се посвети на предизвиците кои доаѓаат од пандемијата и глобалната енергетска криза и која без заддршка ќе ги остварува зацртаните стратешки цели на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-12-01-at-16.11.18

Со протест ќе се бара стопирање на градбата карши „Холидеј ин“

Протест со наслов „Стоп за висококатници во центарот на Скопје“ ќе се одржи пред Јавно обвинителство на Република Македонија, организиран од „Зелен хуман град“. Тие велат дека ако се дозволи оваа изградба на висококатниците карши „Холидеј ин“, уште повеќе ќе се спречи струењето на воздухот што ќе резултира со уште поголемо негово загадување и дополнително ќе се влоши квалитетот на живот во центарот на Скопје. Потсетуваат и дека 3.500 лица годишно умираат од загаден воздух.Протестот ќе се одржи во петок.„Центарот ќе биде парализиран од сообраќаен метеж и луѓето што живеат и работат во близина нема да може да ги извршуваат секојдневните обврски! Барамe:1. Запирање на градежните активности поради сомнеж за корупција и злоупотреби на службената должност ВЕДНАШ!2. Јавното обвинителство најитно да се произнесе по иницијативата од Државната комисија за спречување на корупцијата.3. Владата да одвои средства од централниот буџет доколку О. Центар нема доволно за новомаалци да добијат решение и излез од нехуманите услови во кои живеат.4. Советот на Општина Центар најитно да го изгласа елаборатот за суспензија за натамошно спроведување на овој ДУП.5. Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам најитно да спроведе надзор врз основа на претставката поднесена од ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД.6. За локацијата да се распише меѓународен конкурс со кој ќе се гарантира зелено и хумано решение“, стои во објавата. 

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-12-01-at-14.03.59

Заев ги одмина новинарите, Гаши одговори на две прашања - што ќе се разговара?

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, прв дојде и на лидерската средба со Зоран Заев. Без никакви детали околу тоа што ќе се разговара денеска, тој само искоментира: „Преговорите ќе продолжат. Не зборуваме за кадровски решенија“. На прашањето за што ќе се разговара денеска, Гаши не одговори и влезе во салата каде ќе се одржи средбата.За разлика од Гаши, лидерот на СДСМ, Зоран Заев како и минатиот пат, помина покрај новинарите и рече: „Нема да дадеме изјава. Ќе има соопштение“. И на ова средба, како и на претходната, Заев беше придвижуван од заменик-министерот за финансии и кандидат за нов претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.СДСМ и Алтернатива се договорија за програмскиот концепт, а сега, останува да се договорат за кадровските решенија, информираа и од Владата пред два дена по првата средба. Новата средба на Гаши и Заев доаѓа по партиските консултации кои ги направија.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-12-01-at-12.32.53

Ковачевски се кандидираше за лидер на СДСМ, коментираше дали Заев ќе му влијае во носењето одлуки

Заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, поднесе кандидатура за претседател на СДСМ. Тој кажа дека поднел и програма со која се базира на економските политики, зголемување на стандардот кај граѓани, како и систем во кој само лица со одговорност ќе добијат унапредување. Прашан за кандидатурата на Фросина Ременски, тој не сакаше да коментира и рече дека тоа е потврда за демократските капацитети на СДСМ.„Мојот интегритет и работење ќе го потврдам преку работењето, политиките и одлуките доколку бидам избран за претседател на СДСМ“, рече Ковачевски на прашањето дали Зоран Заев ќе влијае врз носењето на неговите одлуки доколку победи на партиските избори.Тој повика и побара поддршка од членовите, но и граѓаните.„Согласно роковите ја поднесов програмата, согласно визијата и програмата. ‘Заедно, одговорно и посветено’. Програмата се базира на три столба, социјалдемократска визија, социјалдемократски вредности од кои извираат принципите и резултатите, економски раст односно посветеност кон економските политики и зголемување на стандардот кај граѓаните и трето е фер шанса и јасен систем со одговорности каде најдобрите ја добиваат одговорноста за унапредување на системот. Партијата работа и на унапредување на партиската демократија и организација. Ги повикувам членовите на партиите, но и граѓаните да ја прочитаат програмата, за да видат и за активностите кои ќе бидат преземени. Се со цел СДСМ на следните избори за издвои победа на следните парламентарни и претседателски избори“, посочи Ковачевски.Прашан за мислење околу кандидатурата на Фросина Ременски, тој рече: „ Toa го потврдува демократскиот капацитет на СДСМ. Секој што ги исполнува критериумите, може да се кандидира. Јас нема да коментирам за другите кандидати, со кои сме другари и другарки. Ќе се посветам на промоција на мојата програма“

Македонија | пред 4 години

14092021_106-ta_sednica_na_vladata_6

Нема карантини ниту рестрикции со забрана за одење на работа без вакцина - се е во рацете на матичните доктори

„Сметам дека карантеризирање, сега во ситуација кога имаме близу 50 проценти опфат, не треба да е опција, но не знаеме што може да се случи“, вели министерот за здравство Венко Филипче во однос на носењето на нови мерки за заштита од коронавирусот. Засега рестрикциите со забрана за одење на работа без вакцина за државните службеници, нема да се спроведе.„Ќе оставиме време, да видиме дали ќе помогне комуникацијата и апелите на матичните лекари. Сметам дека дополнителна мерка, во смисла на форма оваа вакцина да биде задолжителна, а согласно примерите кои ги даваат и другите земји, не е исклучена. Додека тоа се осмисли и провери каков резултат ќе дадат. Некои земји размислуваат за задолжителна вакцинација. Засега останува вака кај нас“, рече Филипче.Иако матичните доктори ја искритикуваа мерката со која им се дава 30 денари по пациент, ако вакцинираат 70 отсто од нивните пациенти, тој смета дека ќе даде резултат.„Матичните лекари први имаат контакт. Надоместокот ќе се даде почетокот на летото, крај на есента, другата година. Просекот е околу 1000 пациенти, тоа не се пари за занемарување. Ова е битно за државата, има различни степени на опфат кај матичните. Тие можат веднаш да почнат. Оваа мерка е на која матичните треба да стават акцент, и да ја пуштат пораката“, додаде Филипче.Прашан дали ќе се спроведуваат мерките со забрана за одење на работа без вакцина, Филипче рече: „Засега нема да се спроведува. Стигнавме до констатација дека отвора сериозни прашања како ќе се казни тој што нема да прифати вакцинација, а е и голем финансиски терет. Потребна е комуникација со граѓаните. Ова ни е најпрактичен механизам, тоа се матичните лекари“.

пред 4 години

Slika-Frosina-18-12

Фросина Ременски кандидат за претседател на СДСМ, ќе се бори за местото на Заев

Поранешната пратеничка Фросина Ременски, се кандидираше за претседател на СДСМ. Таа кажа дека Димитар Ковачевски има поддршка во кандидатурата од Владата бидејќи е дел од владиниот кабинет, но смета дека ова ќе биде борба во натпревар на умови. Ременски рече и: „Не гледам дека оваа моја кандидатура нема да резултира со сериозен резултат кој ќе значи и сериозен имапкт во понатамошните партиски одлучувања“.„Согласно правилникот, роковите и одлуките на Централниот одбор на СДСМ и Изборната комисија, ги предадов сите документи за самокандирирање за претседател на СДСМ. Очекувам во следниот период согласно роковникот, да се утврдат кандидатите, со што би почнале активностите за претставување на кандидатите пред членовите и симпатизерите. Се одлучив на ова со оглед на мојот активизам, во денови и време кога СДСМ беше во тешка опозициска состојба, кога носеше сериозни државотворни одлуки и кога се трудевме да го одржиме и единството во партијата“, кажа Ременски.Таа кажа, дека ќе понуди програма во која СДСМ ќе е победник во сите процеси.

Македонија | пред 4 години

345

Инспекција уште не влегла во „Беса транс“

Во текот на денот, на 26 ноември, Државниот инспекторат за транспорт соопшти дека пропаднал обидот да се влезе во канцелариите на туристичката компанија „Беса транс“ за да се извршат контроли на автобусот што се запали на 23 ноември во Бугарија.Неколку часа подоцна се виде дека канцелариите на оваа фирма се отворени и се проверуваат документи. Меѓутоа, директорот на Инспекторатот Руфат Хусеини во КликПлус на ТВ21 изјави дека се уште не извршиле проверки на туристичката компанија.„Не сме влегле. Се уште не сме влегле во „Беса транс“. По настанот се уште не сме влегле во канцелариите на „Беса транс“, рече категорично Хусеини, првиот човек на ДИТ.На прашањето дали тоа било финансиската полиција, тој одговори дека не знае, но дека е сигурен дека тоа не биле неговите инспектори.„Не, не знам кој беше тој. Државниот инспекторат за транспорт таа вечер не присуствуваше. Видов дека се споменуваше во медиумите, но не бевме присутни“, тврди Хусеини.Тој дополни дека регистарската табличка на автобусот ја немало во извештаите на МВР. Рече дека добил 58 пријави од Министерството за внатрешни работи за спроведување на мерките против Ковид во автобусот, но дека регистарски таблички не постојат.„Ја помина границата над 130 пати. Добив 58 пријави од МВР од Деве Баир и сите таблички на возилата се регистрирани. Ја имам и оваа табличка за регистрација. Но, но ова не е автобусот. Табличката за регистрација на овој автобус не постои“, открива Хусеини.Тој го изрази и своето изненадување како Царинската управа дозволила автобусот на Беса транс да ја премине границата без дозвола. Рече дека Царината има законска обврска да го извести Инспекторатот дека предметниот автобус нема лиценца и дека не требало да дозволи негов премин.„И јас сум изненаден што 130 пати ја поминал границата и никогаш не бил регистриран. Иако од Царинската управа не добив известување дека автобусот Х ја поминал границата без дозвола, дека има законска обврска да ме извести и дека има законска обврска да не дозволи да ја премине границата. Едно е. јасно - ако нема сертификат, не смее да ја премине границата“, рече Хусеини.

Македонија | пред 4 години

korona-brazil

Eксперти: Новиот сој на коронавирус „омикрон“ може да биде најава за крај на пандемијата

Новиот сој на коронавирус „омикрон“ е откриен во Јужна Африка а потоа следат се повеќе информации од оваа земја во кои се тврди дека овој вид предизвикува поблаги симптоми, како што се главоболки и замор.Лекарите од тие области наведуваат и дека „омикрон“ не доведува до хоспитализација или смрт, па експертите почнуваат да го поставуваат прашањето – дали овој вид, од кој лекарите првично стравуваа поради големиот број на мутации, всушност може да ја спречи пандемијата.Германскиот епидемиолог, професор Карл Лаутербах вели дека „омикрон“ всушност може да се покаже како божиќен подарок – под услов неговите последици да се навистина поблага клиничка слика и дека постои шанса да го забрза крајот на пандемијата која трае речиси две години.Јужноафриканското медицинско здружение тврди дека вирусот предизвикува поблаги симптоми, како што се главоболки и замор, и дека досега не довел до хоспитализација или смрт.„Големиот број на мутации можат да значат дека вирусот ја оптимизирал својата инфективност и може да биде помалку смртоносен. Тоа би било во согласност со начинот на кој се развиваат повеќето респираторни вируси“, вели Лаутербах.Сепак, според него треба да се истакне дека просечната возраст на населението во Јужна Африка е значително пониска отколку во Европа, па тоа би можело да биде објаснување за помалиот број хоспитализирани.„Се согласувам со него, тоа и самиот го кажувам. Ако тоа што ни го кажуваат лекарите од Јужна Африка е точно, тоа е знак дека се воспоставува рамнотежа помеѓу вирусот и човекот. И тоа може да биде крај на пандемијата, под услов, како што наведов, да се инфицираат помлади луѓе со благи симптоми“, вели хрватскиот инфектолог Бруно Баршиќ.Вирологот Тања Јовановиќ, се уште е внимателна кога зборува за нови мутации на вирусот.„Во овој момент никој не може да каже дека новиот сој „омикрон“ полесно се шири, ниту пак може да даде потешка клиничка слика. Видот пристигна од Јужна Африка, каде што се вакцинирани само 24 отсто од граѓаните. Да не заборавиме дека постои и бета варијанта на коронавирусот, која пристигнала од Африка, а се проширила во неколку земји низ светот и никаде не станала доминантна. Без оглед на новата мутација, мора да продолжиме да носиме маски и да се држиме на дистанца. Луѓето во Србија многу се опуштија и тоа е загрижувачко“, вели Јовановиќ во изјава за регионални медиуми.

пред 4 години

gradeznistvo-1024x448

Кои се најмоќните компании за градежништво, колкави им се профитите

Пандемијата на почетокот му нанесе удар и на градежништвото, но тоа бележи нагорни резултати од третиот квартал минатата година. Рестрикциите, заболените работнци, прекинати синџири во снабдувања, поскапен градежен материјал, како и предвремените парламентарни избори минатата година си го направија своето и во вториот квартал имаше значаен пад на градежништвото, но веќе во третиот квартал оваа гранка имаше раст од 3,4 проценти. Потоа, сите официјални статистики бележат продолежвање и забрзан раст на секторот до крајот на годината.  Ноемвриските проекции на Народната банка предвидуваат понатамошна добра иднина за градежниот сектор:„Се предвидува поизразен раст на инвестициската активност, особено во 2022 година, што се темели на очекувањата за забрзан раст на странската побарувачка, продолжување на градежните работи поврзани со јавните инвестиции во патната инфраструктура, нови инвестиции на државата поврзани со членството во НАТО, повисоки инвестиции на приватните субјекти во резиденцијалниот и енергетскиот сектор и повисок раст на странските директни инвестиции“, информира Народната банка.Порталот Пари, во соработка со платформата БизнисMрежа.мк, открива кои компании кои се занимават со високоградба, во текот на минатата година оствариле најголеми приходи, какви се нивните добивки и колку загубиле во однос на 2019 година. Податоците покажуваатдека 10-те ТОП компании по прихоци, од високоградбата направиле вкупне приход од  149 милиони евра, но тоа е  22 милиони евра помалку отколку во 2019 година, кога „собрале“ 127 милиони евра. Овие компании во 2020 година направиле профит од 12.700.000 евра,но претходната година нивниот вкупен профит изнесувал 15.400.000 евра, или пандемијата на најмоќните во секторот „високоградба“ има однела 2.700.000 евра.Еве кои се најмоќните компании во овој сектор:ТОП 10 КОМПАНИИ ПО ПРИХОД ВО СЕКТОРОТ „ВИСОКОГРАДБА“Над 90% од компаниите во градежниот сектор, првите месеци по прогласувањето на пандемијата пријавиле откажани или одложени нарачки и договори.  Освен тоа, поради намалениот интензитет на работа во администрацијата, се чувствувала намалена динамика во однос на повици за јавни набавки за капитални инвестиции и тешкотии за обезбедување документи. Намален интерес имало и кај приватните субјекти, поради што имало намалување во продажбата на станови, активностите за реновирање и продажбата на градежни материјали. Според проценките, првиот квартал од 2020 во споредба со минатата година градежните компании бележат околу 30% намалување во приходите.Градежништвото е сектор од витално значење за македонската економија, особено имајќи предвид дека од градежништвото зависат уште 22 стопански гранки.  Вкупно во градежната индустрија (нискоградба и високоградба)  има околу 30.000 работници. Но, треба да се има предвид дека во текот на градежната сезона бројот на вработени се зголемува и според некои истражувања достигнува и до 58.000 вработени.Целата анализа достапна [ т у к а ]

Македонија | пред 4 години

vakcina-vakcinacija-7

Со третата доза на „Фајзер“ над 80 проценти заштита од коронавирус

Третата доза од вакцината против коронавирус на „Фајзер“ го намалува ризикот од инфекција за дополнителни 80 проценти или многу повеќе од заштитата што ја обезбедуваат првите две дози, велат истражувачите од Факултетот за јавно здравје на Универзитетот Јеил во американската сојузна држава Конектикат.Комисијата на американски здравствени советници со тесно мнозинство го поддржа лекот „молунпиравир“ на компанијата „Мерк“ против коронавирусот, со ова велат тие се отвора патот за регулаторните тела да ја одобрат првата таблета со која Американците ќе можат да се лекуваат дома од коронавирус.Комисијата за храна и лекови гласаше дека придобивките од земањето на лекот ги надминуваат ризиците, вклучително и потенцијалната штета за фетусот ако лекот се зема за време на бременост.Препораката беше објавена по неколкучасовна дискусија за умерените придобивки од лекот и можните проблеми поврзани со неговата безбедност.Експертите кои го поддржаа лекот нагласуваат дека не треба да го земаат бремени жени и ја повикаа ФДА да препорача дополнителни мерки на претпазливост пред да го препише лекот, што вклучува и тестирање за бременост, пренесуваат агенциите.Комисијата особено ја поддржа употребата на лекот кај возрасни со поблаги форми на Ковид-19 кои се изложени на зголемен ризик, вклучително и постари лица и луѓе кои страдаат од состојби како што се дебелина или астма.Повеќето експерти веруваат дека лекот не треба да се користи кај вакцинирани пациенти.Се очекува до крајот на годината комисијата за храна и лекови да донесе независна одлука.Таблетата на „Мерк“ веќе е одобрена во Велика Британија.

пред 4 години

kesi-plasticki

Од денес најевтината кеса е 15 денари

Од денеска стапува на сила обврската за наплата на кесите за носење стоки. Пластичните кеси од од денеска чинат 15 денари за парче.Новините произлегуваат од новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување.Како што неодамна најавија од Владата, целта на овој Закон е да ги одврати корисниците од употреба на кеси за еднократна употреба и да ја стимулира употребата на торби за повеќекратна употреба.Законот како што појаснија надлежните предвидува забрана за употребата на пластични кеси на пазарот во земјава, забрана за пуштање на пластично пакување за еднократна употреба во угостителските објекти на територијата на заштитените подрачја во државата, дозволена употреба на биоразградливи кеси за носење на стоки, кои се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост, надоместокот за употреба на биоразградливите кеси за носење на стоки ќе изнесува 15 денари за парче, стои во соопштението од Владата.Според законот, производителите на пластични кеси и понатаму можат да продолжат со работа, но со почитување на пропишаниот стандард за биоразградливост.Според надлежното Министерство за животна срединацелта на Законот за управување со пакување и отпад од пакување е „да ги одврати корисниците од употреба на кеси за еднократна употреба и да ја стимулира употребата на торби за повеќекратна употреба“. Производителите на пластични кеси и натаму може да продолжат со работа, но со почитување на стандардот за биоразградливост.Производителите на кеси велат дека оваа мерка може да ги затвори нивните капацитети. Министерот за животна средина вели дека две години се работи на овие промени и тие имале доволно време за да се преориентираат кон производство на биоразградливи кеси.Од овие 15 денари, 18 отсто ќе одат како ДДВ, а останатите 12,3 денари ќе влезат во нов фонд во Министерството за животна средина.„Овој фонд ќе инвестира во одредени проекти и во подобрување на животната средина. Во исто време работиме заедно со Владата за да видиме дали можеме да поддржиме иновативни идеи за пакување, за нови видови на кеси, дали се тоа за пакување, дали се тоа од текстил или од хартија. Ќе гледаме да го поддржиме приватниот сектор во иднина за иновативни идеи и да имаме поздрава животна средина за нашите граѓани. Целата идеја е да се синхрозирираме со регулативата на Европската Унија. Знам дека сите граѓани бараат да имаме почиста средина и ова се чекорите кои мора да ги преземеме ако сакаме да имаме почиста средина. Ние индивидуално мора да бидеме дел од процесот“, вели министерот Насер Нуредини.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-12-01-at-09.10.52

„Кој ќе се вакцинира , со секоја примена доза добива 10 кеси од Владата“, лавина реакции и шеги за забраната

Од денеска стапува на сила обврската за наплата на кесите за носење стоки. Пластичните кеси од од денеска чинат 15 денари за парче. Новините произлегуваат од новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување. Ова предизвика десетици реакции од страна на јавноста. Пренесуваме дел од нив:https://twitter.com/LimitiranSvet/status/1465932148494548992https://twitter.com/Act_A__Fool/status/1465809708271423496https://twitter.com/_jo_van/status/1465955179426107392https://twitter.com/tesko_nas/status/1465953322540707843https://twitter.com/sid6x6/status/1465950462910283784https://twitter.com/Mister__No/status/1465949614025150466https://twitter.com/Maverickk03/status/1465788830863212547https://twitter.com/Mister__No/status/1465949614025150466https://twitter.com/GoceOdPrilep/status/1465947979811012611https://twitter.com/MishaTalj/status/1465915891036704772https://twitter.com/profBezovski/status/1465835846104457219https://twitter.com/Act_A__Fool/status/1465809708271423496https://twitter.com/gorge_kocev/status/1465806341390450694https://twitter.com/pivo_ok_pozz/status/1465803524609130500https://twitter.com/694oU/status/1465799278723579917https://twitter.com/goranman2/status/1465798112111439874https://twitter.com/fmwuwu/status/1465788879504560141 

Коментари | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања