ТОП

30112021_VRSM_122_sednica-5

Матичните еднократно ќе земат 30 денари по пациент ако убедат 70 осто да се вакцинираат

Во насока на стимулација на интересот за вакцинација за заштита од КОВИД-19 и за спречување на ширењето на пандемијата, Владата денеска донесе одлука за еднократна финансиска награда во висина од 30 денари по пациент за матичните лекари доколку достигнат и надминат опфат од 70% со вакцинација на своите пациенти од вкупниот број запишани кај нив.На предлог на Комисијата за именување, на денешната седница проф. д-р Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на Владата на Република Северна Македонија за Република Бугарија, со што практично му е продолжен мандатот кој истекува на 1 декември 2021 година.На предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата денеска донесе Одлука за распределба на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година за поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите.Со 14,9 милиони денари предвидени со оваа програма ќе се финансираат повеќе инфраструктурни проекти во ромските заедници во Крива Паланка, Кавадарци, Прилеп, Кочани, Ранковце, Делчево и Шуто Оризари.На денешната седница е донесена Одлука за намалување на увозните давачки - царинските стапки на одделни производи (компоненти) потребни за производство на технолошко напредни производи до 30.06.2022 година.Намалувањето на увозните давачки е на нивото на царинските стапки на Европската унија со цел да се зголеми извозната конкурентност на домашната индустрија која произведува технолошки напредни производи.

пред 4 години

policija-policisko-vozilo

МВР за акцијата во Скопје: Постапуваме по пријава за напад, откако лице се јавило во билетарата на МНТ

Министерството за внатрешни работи не кажува дали има дојава за бомба во Македонскиот народен театар, но потврдуваат дека полицајци се на терен по пријава за напад. Оттаму нема други информации, а истите ги најавуваат по завршување на акцијата.Ја известуваме јавноста дека МВР постапува по пријава за напад, откако едно лице се јавило во 16.45 во билетарата на МНТ. Станува збор за стандардни мерки на МВР после ваква добиена пријава и веднаш штом ги завршиме проверките и веродостојноста на информацијата ќе ја известиме јавноста соодветно. Апелираме граѓаните да останат смирени, а медиумите да ги пренесуваат официјалните и точни информации.Засега е познато дека се евакуирани десетина згради, од кои дел се во државна сопственост каде се сместени повеќе институции.

Скопје | пред 4 години

policiski-cas-policaec-skopje-7

Дојава за бомба во МНТ? Полицијата го блокираше центарот на Скопје

Поради пријава за поставена експлозивна направа, блокиран е центарот на Скопје. Дел од медиумите објавија дека полицијата со десетици возила е поставена на сите локации односно улици, кои водат до Македонскиот народен театар, јави ТВ21.Засега нема детални инфорамции од МВР кој пријавил и дали станува збор за лажна дојава. Се очекува подоцна повеќе информации од почицијата.

Скопје | пред 4 години

vodnjanska-brza-pomos

460 нови случаи на Кoвид-19 и вкупно 12 починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.424 тестирања, а регистрирани се 460 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 185, Прилеп – 54, Битола – 45,Кавадарци -28, Берово – 20, Куманово – 15,Гевгелија – 11, Велес – 10, Тетово, Охрид, Радовиш и Делчево – по 9, Кочани и Крива Паланка – по 7, Кратово – 5, Неготино и Валандово – по 4, Струга, Виница и Македонски Брод – по 3, Струмица , Ресен, Крушево, Македонска Каменица , Пехчево и Дојран – по 2, Гостивар, Штип, Кичево, Свети Николе, Дебар, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.Регистрирани сe 543 оздравени пациенти од: Скопје – 234, Битола – 54, Прилеп – 31, Куманово – 25, Кавадарци – 23, Штип и Охрид – по 20, Кочани – 15, Велес – 14, Струмица – 13, Гевгелија и Ресен – по 12, Тетово – 9, Радовиш, Берово и Делчево – по 7, Неготино и Демир Хисар – по 6, Крива Паланка и Кратово – по 5, Кичево и Богданци – по 4, Струга – 3, Виница – 2, Свети Николе, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод и Дојран – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 3 починати лица од Скопје (63г, 67г и 83г), 2 починати лица од Битола ( 66г и 83г), и по едно починато лице од Куманово (79г), и Берово (69г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 5 починати лица со датум на смрт од 02.10.2021 до 27.11.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Битола (1), Велес(1) и Прилеп (1). Починатите лица се на возраст од 70г до 88г. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.Направени се 2.424 тестови преку: ИЈЗ-332, ЦЈЗ Скопје-77, ЦЈЗ Битола-65, ЦЈЗ Прилеп-39, ЦЈЗ Тетово–11, ЦЈЗ Куманово-62, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-19, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–3, Жан Митрев (Филип Втори)-69, Авицена-151, Биотек-164, Систина-81, лабораторија Лаор-69, Синлаб-28, Ремедика-30, Плодност–40, Генеа-13, Никоб лаб-217, ВФВ Медикал-25, Ели Медика-22, Ројал Медика–9, Спектра-ММ-12, Рапид Лаб–1,Жан Митрев Струмица–9,Нова Лаб Дијагностика–5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 869.Досега во земјата се направени вкупно 1.471.420 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.585, бројот на оздравени пациенти е 200.003, на починати е 7.581, а бројот на активни случаи изнесува 8.001.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Скопје 94288, Активни 3797Куманово 12870, Активни 241Тетово 11319, Активни 150Прилеп 10210, Активни 423Битола 8654, Активни 623Гостивар 8060, Активни 30Велес 7286, Активни 326Кавадарци 6956, Активни 305Штип 6564, Активни 158Охрид 6444, Активни 284Струмица 6091, Активни 148Кичево 4222, Активни 78Кочани 3989, Активни 173Струга 3903, Активни 65Гевгелија 2792, Активни 128Неготино 2557, Активни 58Свети Николе 2113, Активни 81Крива Паланка 1884, Активни 135Ресен 1736, Активни 97Радовиш 1720, Активни 63Дебар 1456, Активни 2Берово 1442, Активни 94Делчево 1391, Активни 135Виница 1154, Активни 43Пробиштип 1110, Активни 23Валандово 930, Активни 54Кратово 765, Активни 45Богданци 643, Активни 37Демир Хисар 609, Активни 73Крушево 584, Активни 30Македонски Брод 493, Активни 12Демир Капија 424, Активни 7Македонска Каменица 414, Активни 69Пехчево 349, Активни 11Дојран 163, Активни 3

пред 4 години

siluvanje

Татко си ја силувал малолетната ќерка, мајката ја продавала за пари - уште еден ужас ја стресе Македонија

По претходно донесената Наредба за спроведување на истражна постапка, обезбедени Наредби за приведување на осомничени лица од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција даде насоки на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Министерството за внатрешни работи за преземање на дејствија. Во акцијата се приведени тројцата осомничени за кои постои основано сомнение дека првоосомничениот сторил две продолжени кривични дела и тоа кривично дело – Родосквернавење и кривично дело Трговија со дете, додека останатите двајца осомничени сториле продолжено кривично дело Трговија со дете.Првоосомничениот, татко на шест деца, од кои на три малолетни девојчиња, искористувајќи исти прилики во подолг временски период извршувал обљуба со една од своите малолетни ќерка. Во исто време второосомничената злоупотребувајќи ја својата положба, како мајка на детето кое не наполнило 14 години, го подведувала девојчето да врши полови дејствија за паричен надомест со третоосомничениот. Таа му го носела девојчето на третоосомничениот, во неговата куќа и за паричен надомест од по 2.000,00 денари, а понекогаш од по 500,00 денари, ја принудувала да се соблекува и да има сексуални односи со него. Доколку детето – одбиело, мајката употребувала физичка сила.Исто така, првоосомничениот злоупотребувајќи ја својата положба како татко, ја продал својата ќерка, на маж од Косово кој го пронашол преку интернет. Откако бил исплатен паричен надомест од 3.000,00 евра, девојчето било однесено во Косово заради склучување на присилен брак. По два месеци тоа дошло на гости кај нејзините родители, а првоосомничениот со оправдување дека било многу далеку не ја вратил во Косово и продолжил да врши обљуба врз својата малолетна ќерка.Во текот на денот осомничените се изведени пред судија на претходна постапка кој го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и на сите осомничени со решение им определи мерка – притвор во траење од 30 дена.По насока на јавниот обвинител малолетничките се згрижени од страна на ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Скопје. За кривичните дела за кои се товарат осомничените е предвидена казна затвор во траење од најмалку 10 години, односно 12 години за дејствијата за кои се товари третоосомничениот.​

Македонија | пред 4 години

jakimovski-1-960x600-1

Од јануари, Јакимовски ќе ги брка сите деца од други општини запишани во градинките во Карпош

Стевчо Јакимовски, старо-новиот градоначалник на Карпош, во утринската емисија на ТВ Алфа објави дека од 1 јуни 2022 се враќа реонизацијата. Тоа значи дека децата што не се од оваа општина нема да може да бидат згрижени во градинките на територијата на Карпош.- Најверојатно јас ќе предложам на Советот овие деца што се од други општини да останат кај нас до 1 јуни 2022. После 1 јуни, ги известуваме граѓаните да си најдат каде нивните деца ќе продолжат да бидат сместени, затоа што мора да обезбедиме простор за децата од Општина Карпош, реле Јакимовски.Четирикратниот градоначалник на Карпош рече дека буџетот на општината е намален од 11,5 на 5,5 милиони евра и дека следната година ќе биде година на, како што рече, финансиска стабилизација. Тој додаде дека 2,5 милиони евра општината годишно дава за плати на 380 вработени.- Ако останеме без прихопди, ние не можеме да им служиуме на граѓаните Подготвен сум да извршам одредена редукција, нема логика да немаме инвестиции, а парите да ги трошиме за плати. Подобро да земеме аутсорсинг компанија од Америка, подобро ќе ги услужи граѓанитеИма луѓе кои што ништо не работат, најдов луѓе кои се тројца, живеат во странство, а се на платен список. Има и луѓе кои се уште ги користат мобилните линии, а не се веќе вработени, наведе Јакимовски.

Скопје | пред 4 години

IMG_8150

Русковска врз основа на „впечатоци“, а не докази, бара притвори за обвинети

Зборувајќи за случајот „Империја“ во кој еден од обвинетите е бизнисменот Јордан Камчев како и за случајот „Плацеви на Водно“ поради кој тој остана во притвор и покрај понудената гаранција во готвина и во недвижен имот, обвинителката Вилма Русковска е децидна дека тој ќе остане во притвор и понатаму.-Одбраната го исполитизира случајот со тоа што викаше меѓународни набљудувачи. Јас лично сум немала притисок од било кого. Зборував во обвинителката за случајот и таа е апсолутно сигурно дека ако се пушти Камчев од притвор би избегал, рече шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во гостувањето во Утрински брифинг.Во однос на случаите во кои е обвинет поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, обвинителската рече дека и за него има индиции за бегство.-Имаме првостепена пресуда од 6 години и 3 месеци. Има предмети во кои е обвинет и се во завршна фаза. Замислите ако биде прогласен за виновен по половина од тие предмети. Мој впечаток кога би добил уште некој пресуда, би побегнал, нагласи Русковска.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Каде падна најмногу снег во текот на ноќта

Најниска температура во земјава изутринава е измерена во Лазарополе -4 и во Маврово -3. На останатите места насекаде е над нулата, а максимални шест степени се измерени во Гевгелија, соопшти УХМР.Во Лазарополе наврна и најмногу снег 28 сантиметри, на Попова Шапка снежната покривка е 21, а во Маврово 11 сантиметри.Најмногу дожд, пак, во изминатите 24 часа наврна во Охрид 34 литри на метар вадратен, потоа во Дебар 32, Маврово 29, Тетово 24, Крушево 21, Скопје 15, а најмалку во Гевгелија пет литри.Околу полноќ во северните делови на земјава започна да дува засилен ветер од северен правец. Умерен до силен северен ветер, претежно долж Повардарието, се задржа преку ноќта, а утринава ветерот е најсилен во Штип каде што дува со брзина и од над 55 км/час. Утрово  преовладува променлива зголемена облачност понекаде со слаб до умерен дожд кој на крајот од ноќта во Крива Паланка премина во снег. Појава на снег во 7 часот има во Берово и Прилеп.

Македонија | пред 4 години

struja-4

Карпузовска: Oчекувме ЕСМ да ги исполни обврските за испорака на електрична енергија како и досега

,,ЕВН Хоме во рамките на своите законски надлежности во наредниот период се до започнување на испораката за 2022 година, ќе ги искористи сите можности за да ги обезбеди целосно потребните количини за своите потрошувачи. ЕВН Хоме очекува (како што беше и досега) АД ЕСМ и понатаму да ги исполнува своите обврски согласно склучените купопродажни Договори за испорака на електрична енергија за потребите на Универзалниот снабдувач", посочува во разговорот за порталот ,,Пари", Ленче Карпузовска, менаџер за комуникации во ЕВН Македонија.Карпузовска вели дека секојдневно расте бројот на компании кои тие почнуваат да ги снабдуваат со електрична енергија бидејќи трговци им ги откажуваат договорите. Во однос на копачите на криптовалути и дивите приклучоци, потенцира дека сериозно го нарушуваат снабдувањето со електрична енергија.ЕВН Хоме распиша повторно тендер за набавка на електрична енергија за домаќинствата. Аукцијата ќе се одржи на 2-ри декември, првата беше неуспешна бидејќи домашниот производител ЕСМ која секогаш нуди далеку пониска цена од онаа на берза, не излезе со понуда.Пари: Како универзален снaбдувач на домаќинствата, по која цена на граѓаните им се наплаќа во моментов потрошената електрична енергија и од каде ја обезбедувате ?Карпузовска: Цената ја одредува Регулаторната Комисија за Енергетика (РКЕ) согласно тарифни ставови и истата е објавена на страната на РКЕ.Во моментот скоро сите потреби на ЕВН Хоме како Универзален снабдувач за домаќинствата се обезбедуваат од АД ЕСМ освен мал дел (просечно околу 5%) кој согласно законските обврски за нивно задолжително процентуално учество кај сите Снабдувачи со електрична енергија, мораме да го обезбедиме од Производителите од обновливи извори со повластена (феед-ин) тарифа. Електрична енергија се набавува на отворен/слободен пазар по пазарни цени за потребите на Електродистрибуција и ЕВН Електроснабдување согласно законските прописи и важечки регулативи.Пари: Цената на енергијата во континуитет расте на глобално ниво, што најмногу го предизвика растот на цените?Карпузовска: Начинот на производство на електричната енергија е дел од долгорочниот план на европските земји кои целат кон нула емисии до 2050г. како дел од „Зелениот договор“. Овие земји се свртени кон производство на електрична енергија од обновливи извори, а со тоа ќе придонесат на светската климатска акција за да се избегне иднина на опасни климатски промени.На што се должи овој скок во цената за електрична енергија во Европа? Според The еconomist, се работи за клучните фактори за производство на електрична енергија.Бр.1 – Недостиг во снабдувањето со природен гас.Околу една петтина од производството на електрична енергија во Европа зависи од природниот гас кој се набавува од Русија (една третина) и Норвешка (една петтина). Овие земји во изминатиот период се соочија со проблеми при обезбедување на вообичаените количини. Недостатокот на природниот гас автоматски придонесе на зголемување на нејзината цена.Бр. 2 – Недостиг во производство на електрична енергија од ветерна енергија.Околу една десетина од европската енергија се генерира од ветрот, а во некои земји уделот е двојно поголем. Во првите две недели на септември овој вид производството е на 50% под просекот на производство во последните пет години.Во вакви случаи претпријатијата се потпираат на алтернативни решенија за производство на поголемиот дел од количините на електрична енергија, со што би успеале да го покријат недостигот. За жал, годинава и овие решенија претставуваат проблем за набавка поради високите пазарни цени.Пари: На тендерот за набавка на електрична енергија за домаќинствата за идната година не се јави никој особено изненади што ниту домашниот ЕСМ не даде понуда. Што значи тоа и треба ли да не плаши оваа ситуација?Карпузовска: ЕВН Хоме во рамките на своите законски надлежности во наредниот период се до започнување на испораката за 2022 година, ќе ги искористи сите можности за да ги обезбеди целосно потребните количини за своите потрошувачи.Пари: Дали сте во комуникација со ЕСМ со оглед на тоа што токму домашното производство е најевтино и најзаслужно за пониските цени на енергијата?Карпузовска: Нов тендер за набавка на електрична енергија за 2022 година е распишан на 18.11.2021 и истиот ќе се одржи на 02.12.2021 преку користење на електронска Аукција согласно Правилата за набавка на електрична енергија одобрени од страна на Регулаторната Комисија за Енергетика (РКЕ).ЕВН Хоме е во редовна и постојана комуникација со претставниците на АД ЕСМ со оглед на тоа што токму домашното производство е најевтино и најзаслужно за пониските цени на енергијата. Апсолутно го делиме вашето размислување и вашата констатација, бидејќи истото се покажа како целосно исправно во изминатиот период.Пари: Што ке се случи доколку повторно немате ниту една понуда и на следниот тендер?ЕВН Хоме во рамките на своите законски надлежности во наредниот период се до започнување на испораката за 2022 година, ќе ги искористи сите можности за да ги обезбеди целосно потребните количини за своите потрошувачи.Пари: Едно сепак е јасно цената на електричната енергија секако ке биде многу повисока после Нова Година. Што велат вашите пресметки и не очекуваат ли рестрикции на струја?Карпузовска: Одлуката за цената ќе ја донесат надлежните државни институции и РКЕ.Прелиминарни пресметки за цената на електричната енергија во наредниот период не можат да се направат без да се знаат влезните параметри/цени како што се: цената по која ќе се набави електрична енергија од АД ЕСМ, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО,цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција, односно дали сите тие цени ќе претрпат измени.ЕВН Хоме до 31.12.2021 година ги има целосно обезбедено потребните количини за домаќинствата преку склучување на Договори за купопродажба на електрична енергија со АД ЕСМ за периодот 01.07.2021 - 31.12.2021. ЕВН Хоме очекува (како што беше и досега) АД ЕСМ и понатаму да ги исполнува своите обврски согласно склучените купопродажни Договори за испорака на електрична енергија за потребите на Универзалниот снабдувач.Одлуката за рестрикции во снабдувањето со електрична енергија не е во надлежност на ЕВН Хоме, туку е во надлежност на државните институции и на Операторот на преносниот систем, АД МЕПСО, доколку тие констатираат дека функционирањето на електроенергетскиот систем во Македонија е загрозен.Пари: Поради скапата струја трговците на слободен пазар ги раскинаа договорите со компаниите, колку од нив побараа ЕВН да ги снабдува со струја?ЕВН Електроснабдување е фирма ќерка на ЕВН Македонија, која поседува лиценца за снабдување со електрична енергија на отворен пазар и која што има најголем удел во истиот.Компании што се снабдувале од други снабдувачи кои им го раскинале договорот за снабдување пред истек на договорот во зависност од периодот, а воедно согласно статусот на компанијата опишан и дефиниран во Законот за енергетика како голем и мал потрошувач ги имаат следните опции:- Големите компании се снабдуваат од снабдувач во краен случај ( не подолго од 3 месеци )- Малите компании се снабдуваат од Унверзалниот снабдувач- Мали и големи корисници може да одберат друг снабдувач за снабдување со електрична енергија на отворен пазар што во овој случај, ЕВН Снабдување секојдневно презема компании на кои им ги раскинале договорите други снабдувачи во рокот пропишан во Правилата за снабдување за промена на снабдувач и таа бројка на компании е многу голема.Пари: Дефектите на домашните капацитети се се почести, особено зиме, кои се вашите препораки во која насока треба да се развива енергетскиот сектор?Карпузовска: Енергетиката е комплексна гранка, а електроенергетиката е еден дел од неа. Домашните производни капацитети се стари и нивното одржување ќе биде се потешко и поскапо. Но, постои и друг проблем кој е се поизразен е тоа е намањето на ресурси. Овде пред се се мисли на јагленот како основен ресурс за термоелектраните Битола и Кичево, но секако мора да ги споменеме и водните ресурси за кои има индикации дека со климатските промени ќе се намалуваат.Единствено решение за оваа ситуација е имањето на стратегија за развој каде сите параметри ќе бидат правилно третирани. Таа треба да биде флексибилна за да може да одговори на промените кои се случуваат.Ние како држава и како корисници мора да се прилагодиме на тие промени, а тоа значи да се промениме и ние. Обновливите извори се типичен доказ за тоа. Тие нудат многу поволности и предности, но носат и сериозни предизвици. Зеленото сценарио е посакувано од сите, но неговата реализација мора да оди плански и чекор по чекор. На пример еден блок во Битола со моќност од 225 МW, не може да се замени просто со фотонапонска централа од 225 МW. Не може да се замени ниту со две од по 225 МW, ниту пак со комбинација на повеќе извори на обновлива енергија. Затоа велиме дека стратегијата е најважна. Инвестиции се потребни во сите делови од енергетскиот систем почнувајки од Производните капацитети – ЕСМ, преносните капацитети – МЕПСО и дистрибутивната мрежа – Електродистрибуција, но тие инвестиции мора да бидат координирани за да дадат ефект. За на крај останува Регулаторната комисија за енергетика која има суштествена улога и треба правилно да ги препознае потребите за да се одобрат и признаат инвестициите кои треба да превенираат вакви непожелни состојби.Конкретно за дистрибутивната мрежа на ЕВН веќе е објавен 5 годишен план за развој кој во нареден период редовно ќе се обновува. Главна цел е зајакнување на мрежата со изградба на кабелски водови со поголем капацитет кои ќе влијаат и на редовното снабдување и намалување на бројот на дефекти.Пари: Како австриска компанија може да споделите како во Австрија функционира енергетскиот систем и колку чини електричната енергија таму?Карпузовска: Енергетските системи функционира на ист начин секаде. Законите по кои тече енергијата се исти, а разликите се во организацијата и планирањето на потребите.Западните системи се нешто поразвиени од нашиот систем и понапредни во однос на технологијата и имплементацијата на новите технологии кои ги користат. Согласно тоа имаат и поголемо искуство, а веќе се соочиле со некои предизвици кои се уште ги нема кај нас. Поради тоа ние го користиме нивното искуство и реализираме решенија кои се издржани и проверени. Доколку зборуваме за цената на електричната енергија, таа е секако поголема од цената на ЕЕ кај нас по апсолутна вредност. Но клучниот момент е што таа треба да биде во рамнотежа со потребите.Во иднина ќе се соочиме со уште поголеми предизвици. Интегрирањето на обновливите извори во дистрибутивната мрежа ќе биде поголемо. Доаѓањето на електричните возила и нивното интегрирање бара многу големи капацитети кои секако ќе предизвикаат трошоци. Интеграцијата на системите за складирање на електрична енергија или батерии исто така ќе предизвикаат трошоци. Секако ќе има и големи продобивки, но мора да се има план за да ги покриеме трошоците и да имаме потоа придобивки.Пазарот на електрична енергија во Австрија е либерализиран. Потрошувачите ја добиваат сметката за електрична енергија од снабдувач со електрична енергија кој ја набавува енергијата за своите потрошувачи од домашно производство, ја увезува или самиот ја произведува. Енергијата ја пренесува и дистрибуира преку мрежата и за тоа наплаќа тарифа за користење на мрежата. Снабдувачите се меѓусебно во конкуренција и корисниците имаат слободен избор на снабдувач со електрична енергија. Мрежниот оператор е одговорен за развој, одржување на мрежата како и услугите поврзани со поставување, одржување и отчитување на мерните уреди. Мрежниот оператор зависи исклучиво од локацијата на корисникот односно не може да се избере.Сите корисници во Австрија, вклучувајќи ги и домаќинствата се на отворен пазар.Пари: Кога можеме да очекуваме стабилизирање на енергетскиот пазар, што покажуваат поранешните искуства кога имало вакви ситуации?Карпузовска: Стабилизирање на енергетскиот пазар во Македонија во наредниот период може да се случи единствено со стабилизирање и зголемување на производството од АД ЕСМ и обезбедување на потребните системски резерви од страна на АД МЕПСО. Што се однесува до цените на берзите на електрична енергија, истите не може точно да се прогнозираат бидејќи зависат од многу глобални економски и геополитички фактори, но сепак според некои странски експертски анализи се очекува одредено евентуално намалување на цените на електрична енергија да се случи некаде помеѓу вториот и третиот квартал од 2022 година.Пари: Рудниците за криптовалути се се поактуелни. Еднаш веќе посочивте дека има зголемена и нелегална потрошувачка на струја на одредени локации. Што се случува сега и што значи тоа во овие услови на енергетска криза?Карпузовска: Кражбата на електрична енергија е феномен кој е присутен низ целата земја, карактеристичен за објекти, но истовремено и за копање криптовалути. Надлежните државни институции и ЕВН секојдневно се соочуваат и борат против овој феномен кој предизвикува огромни штети и последици, особено во ваков сензитивен период. Секако, најголемиот дел од кражбите се во големите урбани средини каде што и концентрацијата на потрошувачи е најголема. Факт е дека во скопскиот регион е зголемено копањето на криптовалути.Најчесто, мрежата не е дизајнирана за новосоздадената потрошувачка на струја при копање криптовалути, а поединци се приклучуваат на диво за да ги избегнат големите трошоци за нивниот нов бизнис. Последиците од нелегално користење на струја за копање криптовалути се огромни и штетни како за компанијата, така и за корисниците на кои им се нарушува нормалното снабдувањеСпоред енергетските согласности домаќинствата се ограничени на потрошувачка од 11 КW. Нелегалното користење на електрична енергија може да доведе до преголема оптовареност на трафостаниците која резултира со сериозни оштетувања, па и горење на самите трансформатори. Санацијата на овој вид штети од финансиски аспект чини десетици илјада евра, што понатаму негативно се рефлектира во реализација на идни планови за развој и ширење на мрежата за корисниците.Овој бизнис сепак треба да се регулира од страна на финансиските институции во државата. Кога тоа би било регулирано, тогаш и тарифата би се регулира од страна на Регулаторната комисија за енергетика, бидејќи не станува збор за домаќинство.Немаме сознанија како е тоа решено во други држави. Но, искрено не веруваме дека копање биткоини е со нелегално користење струја.

Македонија | пред 4 години

petar-grasok

„На толку мака некој грашок да ти даде да јадеш, треба на глава да му го истуриш“, хаос од коментари по легендарната изјава на Петар

Извидникот Петар Ачковски e убедливо најголем хит на интернет и за нецели 24 часа го освои интернет просторот. Иако се појавија информации дека неговите родители барале да се повлече видеото на кое се гледа тој, сепак, тоа до овој момент не е направено. Сите го коментираат него и неговата искреност. Ова се дел од реакциите на твитерhttps://twitter.com/Regina_Falandzi/status/1465082777813016579https://twitter.com/Buchk0/status/1465083542149414926https://twitter.com/cozy_lego/status/1465073070004178956https://twitter.com/Nemukaet/status/1465084739606523920https://twitter.com/Gas_maska/status/1465085003965112325https://twitter.com/Tvrdokoren1/status/1465086778851966978https://twitter.com/palash_sword/status/1465086803531251715https://twitter.com/23Chento/status/1465087264208392197https://twitter.com/bogorojca/status/1465088842604683264https://twitter.com/fantazijata/status/1465089206573748231https://twitter.com/fromhereonV/status/1465068794259427330https://twitter.com/____Angie/status/1465079250093064203https://twitter.com/kashlicaa/status/1465081395659911176https://twitter.com/Greneks/status/1465062403679436811https://twitter.com/SapuniSamovila/status/1465073767407882247https://twitter.com/palash_sword/status/1465076736484335622https://twitter.com/Hedera_Genus/status/1465078065978126339https://twitter.com/glupcho/status/1465077379286634508

Коментари | пред 4 години

avtobus-1

Полицијата за пожарот во автобусот на ЈСП: Се запалил прво делот кај моторот

Првичните информации од Министерството за внатрешни работи е дека пожарот во автобусот на Јавното сообраќајно претпријатие настанал во задниот дел кај моторот. Пожарот го гаснела Противпожарната бригада на Скопје. Повредени лица нема, се вели во првичната информација.На 29.11.2021 год. во 18.50 час. примена е пријава дека на бул.3та Мак. бригада кај „Раде Кончар“ настанал пожар во автобус.Од страна на УПС од ПС Аеродром излезено на место на настанот при што е констатирано дека е опожарен автобус. Од страна на БППЗ пожарот е изгаснат , повредени нема“, велат од МВР. 

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-11-29-190046

(ВИДЕО) Поплавени објекти, дворови и улици, се излеаа реки поради обилните врнежи

Согласно октомвриската координација и насоки (работен состанок на 7 октомври) на ниво на држава за превенција против годишните сезонски полави), во Центарот за управување со кризи (ЦУК) субјектите од Системот за управување со кризи - одговорните институции на национално, регионално и локално ниво, имаат добиено насоки по коишто постапуваат при обилни врнежи што нагло ги зголемуваат вододотеците, при порои, излевање и поплавување.„Според добиените информации во Ситуациониот центар во ЦУК, обилните врнежи што се случија во текот на вчерашниот ден и ноќта, допринесоа до нагло зголемување на водостоите во реките, каналите и суводолиците, како и излевање на истите во села, населени места како и локални и регионални патни правци што ги поврзуваат истите во Западниот дел на Република Северна Македонија, поточно во Јужниот и Југозападниот плански регион.Состојба по обилните врнежи од дожд на подрачјето на РЦУК Кичево и евакуација на семејстваВо текот на вчерашниот ден подрачјето на Општина Кичево беше зафатено од обилни врнежи од дожд, што предизвикаа излевање на каналот „Иванидол“ што доведе до поплавување на повеќе објекти, дворови и улици. Конкретно, тоа се:-Куќи на ул. Борис Кидрич кај ветеринарна амбуланта „Зебра“ и поранешен „Атва Маркет“, поради затрупан канал од градежен шут и трева.-Поплавени куќи, дворови и железара од кружниот тек на Магистрален пат Кичево-Охрид до кружен тек во близина на Општина Кичево на ул. „Борис Кидрич“.-Поплавени подруми од стамбени згради на ул. „Борис Ќидрич“-Дворното место на о.у. „Кузман Ј. Питу“, подрачно одделение на Државен просветен инспекторат и дел од ул. 4ти Јули во близина на споменатите објекти.Градежна механизација ангажирана од Општина Кичево започна со чистење на каналот „Иванидол“ и отворање на изпуст за насочување на водите од коловозот во каналот. Подоцна се приклучи и механизација на Ј.П. Комуналец и од Ј.П. Студенчица.-Поради излевање на „Зајашка река“ дојде до поплавување на објектите што се изградени во близина на реката на ул. „Прилепска“. Како резултат на поплавниот бран биле загрозени жителите што живеат во тие објекти.-Денес увид ќе изврши Комисијата за процена на штети од Општина Кичево и во случај на потреба ќе се изврши евакуација на населението од тоа подрачје. Во таа насока, добиени се информации дека веќе има такви случаи и се евакуирани 30 семејства коишто се сместени во спортска сала „Христо Узунов“ во Кичево.Како последица на заситување на почвата со вода, на повеќе земјоделски површини појавено е заезерување.Излевање на реките Кушна и Црна во Општина Демир ХисарСообраќајот на патниот правец „Р 1305 - Мало Илино“ е во прекин поради поплавување. Поплавувањето е настанато од излевање на река Кушна во близина на мини хидроцентралата „Кушна“. На терен се излезени раководителот на РЦУК Демир Хисар заедно со градоначалникот на Општина Демир Хисар и лица од ЈКП „Комуналец“ за да извршат увид со цел да се интервенира со градежни машини за да се стави патот во повторна употреба.Излевање има и на река Црна во делот на рибник „Граше“ при што е поплавено обработливо земјоделско земјиште во атар на с. Жван.Инаку, како и што е познато во јавноста, навремената координација со субјектите во Системот за управување со кризи, Процените на Центарот за управување со кризи во однос на промените на хидролошката состојба со времето, како и јасните укажувања до надлежните институции, локалната самоуправа, водостопанските организации и слично во однос на воспоставување на нивната подготвеност и операбилност за навремено дејствување (превземање на мерки и активности) во делот на превенцијата , како првична фаза во однос на елиминирање на можноста од поплави се од елементарно значење во однос на поставување на цели и приоритети за превземање на нивна навремена активност за надминување на евентуални можни проблеми и штети. Како што веќе е познато во јавноста, во таа насока таа насока уште на 7 октомври во ЦУК со одржаниот состанок за координација, превенција, рано предупредување и справување со поплави со одговорните институции на национално, регионално и локално ниво, дадени се јасни насоки за постапување во состојба на јаки порои, обилни врнежи од дожд и зголемени количини на проток на вода во речните корита“, велат од Центарот за управување со кризи.

Македонија | пред 4 години

Capture-18

Алтернатива бара министерски, но и вицепремиерски места, но никој не ги потврдува ниту негира условите

Две министерски и две вицепремиерски бара од Алтернатива од СДСМ, брифираат извори од партиите. Неофицијално, едно од местата за кое се преговара и министерското место во Министерството за здравство. Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, не ја потврди, ниту негираше оваа информација. Тој пред средбата, кажа дека најважно засега е да се совпаднат концептите кои ги има неговата партија со оние на СДСМ и ДУИ.Сепак, на средбата заедно со него беше Беким Сали, стоматолог по професија и сопственик на ординација. Токму со ова се подгреа атмосферата дека брифинзите за медиумите, се можеби и точни информации. На средбата беше постигната начелна согласност за програмскиот дел од можната идна соработка изразена преку политичко и извршно учество на Алтернатива во Владата.Премиерот Зоран Заев не сакаше да коментира за средбата. Африм Гаши до моментот на објавување на овој текст, нема дадено изјава.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-29-184619

„Зошто не бев во тој автобус, да умрам и јас“, прво интервју на сопственикот на „Беса транс“

Сопственикот на туристичката агенција „Беса транс“, Беким Хаџиу, за првпат откако се случи страотната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, проговори за деталите околу патувањето и автобусот кој изгоре, при што загинаа 45 луѓе.Хаџиу вели дека автобусот бил на технички преглед пред патувањето во Турција и дека бил целосно исправен. Тој ја исклучува можноста некои од патниците да внеле лесно запаливи материи. Потврдува дека тој и неговото семејство биле дел од патувањето и дека патувале со другите автобуси.Сопственикот на агенцијата вели дека досега не зборувал за медиумите поради тоа што бил во шок, но и дека во меѓувреме соработува со истражните органи за да се откријат причините за несреќата.„Си реков: зошто и јас не бев во тој автобус, да умрам и јас во автобусот. Многупати го помислив тоа“, вели Хаџиу за БНТ.Тој вели дека со семејството често патувале на турите кои ги организирале, а така било и овој пат. Тој и сопругата патувале во првиот автобус, а неговите деца биле во еден од другите автобуси. За страшната несреќа разбрал на границата, на излегување од Бугарија.„Им реков да ме однесат до местото, да видам со свои очи што се случило таму“, вели Хаџиу.Со такси, тој се вратил до местото на несреќата, каде останал неколку часа. Автобусот бил на технички преглед три недели пред несреќата, а пред секое патување, секое возило одело на сервис, вели Хаџиу.„Пред да тргнеме за Турција им правиме сервис, контролираме, а дури и кога ќе стигнеме во Истанбул, и таму одиме на сервис, превезуваме патници, да видиме каква е ситуацијата. Сѐ беше во ред и на патот натаму и кога бевме на сервис таму. Кога има нешто, ни велат веднаш да го поправиме“, вели Хаџиу.Тој негира дека туби со нелегално внесено гориво биле ставени во автобусот. Поради строгите проверки на бугарските граници, ја исклучува и можноста некој од патниците да внесол запаливи средства.„Туби има во секој автобус, тие се со вода, секој автобус треба да ги има, за секој случај. Тоа е резервна вода. Има строги контроли при влез во Бугарија, багаж, возач, сето тоа што се пренесува“, вели тој.Хаџиу ги опиша шоферите на автобусот како добри, искусни професионалци, кои многупати го поминале тој пат, а секогаш ги запазувале термините за одмор. Автобусот имал фабричко ограничување и не можел да оди побрзо од 100 километри на час. На прашањето дали автобусот ги имал сите неопходни документи, Хаџиу и неговиот адвокат велат дека сега нема да коментираат, затоа што истрагата трае.„Можеме категорично да кажеме дека фирмата „Беса транс“ поседува лиценца за изршување на транспортна дејност на територијата на Европа и за извршување туристичка дејност во и надвор од Република Северна Македонија“, вели адвокатот на Хаџиу, Љубомир Таков.Од моментот на несреќата Хаџиу е во Бугарија, каде нашол место за престој, за да им биде на располагање на истражителите и да помогне. Вели дека им стои на располагање и на семејствата на настраданите, со кои неговото семејство било во контакт.„Никој не сакаше ова да се случи, тоа сите го знаат. Таква трагедија на никој да не му се случи, тажна, многу тажна трагедија. Не знам што повеќе да кажам“, вели сопственикот на „Беса транс“ за БНТ.

Македонија | пред 4 години

skopje-sneg-4

Кога ќе го имаме првиот снег во Скопје

Идната недела ќе се создадат првите услови за снежни врнежи во главниот град. Според последните радарски снимки, услови за послаби снежни врнежи ќе има кон средината на идната недела околу 8 декември но имајќи предвид дека во периодот пред тоа ќе врне дожд, речи си и да нема шанси да се формира било каква снежна покривка.Инаку со почетокот на идната недела доаѓа студен бран над земјава кој ќе услови значително намалување на температурите. Ќе има утрински температури од 5 степени под нулата и дневни кои ретко ќе поминуваат 5 степени.Поинтензивни снежни врнежи во Скопје се очекуваат кон крајот на месецот но имајќи предвид дека тоа е премногу далеку од сега, долгорочните прогнози не даваат многу прецизни податоци.Инаку на планините во Македонија веќе има снежни врнежи.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања