ВО ЖИВО

Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР

ТОП

9047097.840x500-pim2-daab5166

(ВИДЕО) Потресни снимки од местото каде се запали македонскиот автобус и загинаа 45 лица

Четириесет и пет лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во која се запали македонски автобус на автопатот Струма. На социјалните мрежи се појавија видео од местото каде се запали автобусотВо автобусот патувале 52 лица. Меѓу загинатите има 12 малолетници, меѓу кои и двајца близнаци. Во несреќата загинал и возачот. Преживеале 5 лица – 2 жени и 5 мажи кои се сместени во болницата „Пирогов“.Премиерот Зоран Заев, пак, изрази жалење за стравотната несреќа. Тој рече дека патниците во автобусот биле од различни градови од Македонија.„Од повеќе места се и од различни националности. Има еден граѓанин од Прешево кој бил со вереницата од Куманово и едно лице со белгиско државјанство“, рече Заев. 

Македонија | пред 4 години

2144339404619c8cce955c5707380531_v4_big

Беса транзит Скопје е фирмата превозник чиј автобус се запали

Ги посетивме сите пациенти сите се во стабилна состојба. Станува збор за полесни повреди, изјави Министерот Филипче за бугарските медиуми.Тој додаде дека ќе ја следат состојбата на пациентите и истите ќе бидат префрлени во Скопје на понатамошно лекување.Исто така и премиерот заев беше во посета на преживеаните. Тој изјави дека ќе остави бугарските експерти да го истражат случајот.„Јас ќе оставам на бугарските експерти да ги дадат на стручен начин анализите за несреќата. Кога настанува пламенот во автобусот, на задните седишта успеале да го скршат прозорецот и да се спасат овие седум луѓе. Веќе членови на семејствата од Скопје се дојдени овде, имаа можност да ги видат своите роднини и да поразговараат. Сите се граѓани на република Македонија, еден граѓанин е од Прешево во Србија, а во листата и еден со белгиско државјанство. Министерот за внатрешни ме информираше дека Беса транзит Скопје е фирмата превозник“, вели Заев

Македонија | пред 4 години

1637648545-256088255-1797080943817101-8388743157302029762-n

Постојат три можни причини за несреќата во Бугарија, вели Јонко Иванов

Eкспертот за патишта Јонко Иванов, за бугарската Нова ТВ изјави дека постојат три можни причини за несреќата со македонскиот автобус на автопатот Струма.„Може да се работи за технички дефект. Тоа може да биде здравствен проблем или возачот да заспие. Третото е дека ако врнело можело да придонесе за трагедијата. Ваквите автобуси најчесто се со двајца возачи. На граница треба да им се пресретнат одморите“, објасни Јонко Иванов.Автобусот се натоварил час и половина порано, што значи дека возачот бил во добра форма. Автобусот излегол од лентата најмалку 50 метри, а возачот се обидел да го задржи автобусот на коловозната лента, ме натера да помислам дека можеби станува збор за некаков здравствен проблем.Пожарот во автобусот, во кој загинаа 46 лица, избувнал откако удрил во заштитната ограда, вели главниот комесар Николај Николов, директор на Националната служба „Безбедност од пожари и заштита на населението“.Тој рече и дека местото на инцидентот било отсечено со часови. Тој исто така повика да не се лансираат беспилотни летала во областа, за да не се попречува работата на истражителите.нулаАвтопатот беше влажен, а на овој простор често се случуваат катастрофи, рече Владимиров.Не е јасно дали автобусот прво се запалил или паднал, па удрил во заштитната ограда.

Македонија | пред 4 години

1637648545-259833037-1797080953817100-5716141392939961626-n

Први фотографии од запалениот автобус со десетици загинати и податоци за неговата брзина

45 лица загинаа откако на автопатот Струма во Бугарија се запали македонски патнички автобус.„Вообичаено сообраќајните несреќи не се последица само на самата патна инфраструктура“, вели поранешниот директор на АПИ Олег Асенов за Нова ТВ.Според него, треба да се провери во колку часот влегол автобусот во Бугарија и да се пресмета колку брзо се движел.„Ова е автобус кој помина 350 километри за помалку од 4 часа. Дури и да не сме големи математичари, можеме да ја прецениме просечната брзина на автобусот ноќе, особено во ситуација кога има врнежи од дожд “, рече Олег Асенов.7 лица ја преживеале несреќата и моментално се во болница во Пирогов. Шестмина имаат изгореници на лицето и горниот респираторен тракт. Седмата жртва се здобила со скршеница на бутот и била примена на Трауматологија.Во раните утрински часови на 23.11.2021 година (вторник) во УМБАЛСМ „НУ Пирогов“ се примени 7 граѓани кои беа повредени во инцидент со лет на автопатот Струма. Лицата не се бугарски државјани. Во моментов сите се во контакт, во стабилна состојба и без животна опасност. Шест од нив се со изгореници, а еден пациент со повреда на ногата. По преглед и проценка на нивната состојба, тие се примени во болница“, наведуваат од здравствената установа.На социјалните мрежи се појавија и слики од запалениот автобус.

Македонија | пред 4 години

2144339404619c8cce955c5707380531_v4_big

(ВИДЕО) Се преврте и запали автобус со македонски туристи, загинаа 46 луѓе

Најмалку 45 патници и возачот загинеле во македонски автобус во Бугарија, јавуваат бугарските медиуми. Автобусот сообраќал од Истанбул кон Скопје. Несреќата ја преживеале седум луѓе.Според првичните информации, тој се запалил и се превртел. Меѓу патниците имало 12 деца од кои двајца близнаци. Преживеале две жени и двајца мажи кои се пренесени во болницата „Пирогов“ во Софија.Премиерот Заев и министрите Османи и Филипче заминаа за Бугарија пред половина час.Foto: EPA/ VASSIL DONEV

Македонија | пред 4 години

244523411_359266169267354_5335682850940299611_n

Невакциниран доктор ќе седи дома, a институциите да ги плаќаат тестовите за невакцираните административци

Работодавецот, а не вработениот да го плаќа ПЦР тестот ако тој не сака да се вакцинира против ковид-19, а вработениот во јавните и приватни установи да добие два слободни платени денови ако се вакцинира, договорија вечерва министерот за здравство Венко Филипче со претседателите на Сојузот на синдикатите на Македонија Дарко Димовски и на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски.За овој предлог, како и предлогот за задолжителна вакцинација против ковид-19 за здравствените работници ќе се одлучува на утрешната седница на Влада.-Разговаравме за некои нивни предлози, тоа што го побараа претставниците од синдикатот, ќе биде разгледано утре на седницата на Владата, мерката од моментот на донесување важи после 15 денови за едукација на членството во синдикатите, да бидат дадени два слободни платени денови на денот на вакцинација и следниот ден, и последното барање е оние кои што не сакаат да се вакцинираат и ПЦР тестот кој треба да се прави да не биде на сопствен трошок, туку на сметка на работодавачите. За сите овие предлози ќе дискутираме на утрешната седница на Владата, рече министерот Филипче.

пред 4 години

mile-janakieski

Русковска одбиена, Јанакиески останува на слобода!

Кривичниот совет при Основниот Кривичен суд Скопје постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор за обвинетиот М.Ј. донесе решение со кое предлогот се одбива како неоснован.„Имено, Апелациониот суд Скопје со решение КЖ 605/21 од 18.11.2021 година на обвинетиот М.Ј., му ја укина мерката куќен притвор, определена за предметот КОК 53/17 во јавноста познат како „ТНТ“ и му определи мерки за претпазливост. Обвинителството денеска поднесе предлогот за определување мерка притвор за предметот со КОК 2/20 поврзан со настаните од 27 – ми април, а Кривичниот совет, при одлучувањето, ја имаше во предвид одлуката на второстепниот а воедно смета и дека во новиот предлог не беа понудени доволно аргументи кои ќе го поткрепат определувањето на построги мерки од они кои веќе опстојуваат против обвинетиот. Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апеалциониот суд во рок од 3 дена по приемот на решението“, се вели во соопштението.Одлуката за Миле Јанакиески доаѓа по барањето на Вилма Русковска да му биде определен ефективен притвор, пет дена откако Апелација го ослободи од куќен притвор. Без многу детали, таа смета дека постои страв тој да избега и затоа бара определување на мерката.„Повеќето кривични постапки што се водат против обвинетиот, околностите што укажуваат на неговите познанства како поранешен министер, реалната можност за изрекување на други пресуди во кои би бил огласен за виновен, како и фактот што за останатите обвинети во предметот е определена мерка куќен притвор го оправдува предлогот на обвинителството“, кажаа од Обвинителство.Инаку, до укинувањето на мерката во четвртокот, Јанакиески помина три години во домашен притвор. Последниот му беше определен за случајот „ТНТ“, а тогаш обвинителот Бурим Рустеми кажа дека го бара без сознанија за бегство.

Македонија | пред 4 години

zaev-maksim-dimitrievski

Ќе се кандидира ли Максим да биде на местото од Заев

Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, кој доби втор мандат како независен кандидат на последните локални избори без поддршка од СДСМ, не исклучува кандидатура за лидер на матичната партија.На прашање на Фокус дали ќе се кандидира на внатрепартиските избори, Димитриевски вели „Членството треба да си го каже своето“, што може да се толкува дека тој би прифатил кандидатура ако добие поддршка од базата.Градоначалникот на Шуто Oризари, Курто Дудуш, вчера на својот профил на Фејсбук објави фотографија со Максим Димитриевски.„Иден претседател на СДСМ и мандатар за нова влада, Максим Димитриевски?“, стои во описот на фотографијата.

Македонија | пред 4 години

pruga

Две деца завршија во болница при судир на локомотива и автомобил

Деца од 2 и 5 години утрово се тешко повредени при судир на локомотива со автомобил на железнички премин во Битола. Несреќата се случила во непосредна близина на ОУ „Коле Канински".Децата завршија во болница, а нивната мајка која управувала со автомобилот има лесни повреди, но не е хоспиталзирана. Од полицијата велат дека несреќата кај нив е пријавена во 8 часот. Се истражуваат причините за несреќата.

Македонија | пред 4 години

2-1

Жители на Ново Маало: 50 години живееме како во 19 век, ако се стопира проектот ќе поднесеме тужба

Ние, жителите од Ново Маало, го поздравуваме отпочнувањето на градба на станбено-деловниот комплекс „Гранд Скопје“, на градежната парцела 1.1 спроти „Холидеј Ин“. Среќни сме што се гледа почетокот на крајот на нашиот повеќедецениски проблем и што конечно и ние ќе добиеме достојни услови за живот, како што доликува на едно централно градско подрачје, велат група граѓани, жители на Ново Маало.„Повеќе од 50 години живеевме во услови како од 19-тиот век, без фекална и атмосферска канализација, со септички јами, нерешено греење и без основни услови за движење низ улиците, притоа и без никаква можност самите да го решиме овој проблем и самостојно да пристапиме кон легална реконструкција на нашите домови.На овој простор нема никакво зеленило, ниту инфраструктура, единствено кал, распукан бетон и депонија за отпад.Воедно, потсетуваме дека доколку дојде до какви било обиди за повторни опструкции од кои било поединци, институции или организации за стопирање на проектот, најостро ќе реагираме и подготвени сме да ги преземеме сите правни механизми и ќе поднесеме тужби до институциите за претрпена штета.Веруваме дека инвеститорот ќе го заврши овој објект во предвидениот рок и согласно претходно презентираниот проект, кој ветува урбано домување со многу зеленило, уреден јавен простор, и што е најважно, достојни домови за живот“, велат тие.

пред 4 години

parking-holidej-in

Ги изневеривте граѓаните уште во првиот месец по изборите, реагира „Шанса за Центар“ поради градбата кај „Холидеј Ин“

Деталниот урбанистички план по кој е издадена дозволата за градење кај „Холидеј Ин“ не е законски и ниту една дозвола издадена во согласност со овој план не може да биде легална, вели за „А1он“ Јана Белчева од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ која освои три советнички места во Општина Центар. Белчева вели дека борбата за ова земјиште во Советот на Центар ќе продолжи и покрај тоа што денес компанијата МГ „Фешн“ почна да го оградува просторот и преку соопштение извести дека официјално почнува со градење.Шанса за Центар изразува огромен револт и критика кон соучесништвото на Јавното обвинителство, Владата и градоначалникот на Општина Центар во уништувањето на достоинственото живеење на граѓаните на Oпштината. Сите заедно учествуваат во создавење на хаотичен, валкан и нехуман простор - општина и град без иднина каде здравјето на сите е парола зад која крие инвестиција за профитот на малкумина.„Справувањето со урбаниот хаос не е само изборен слоган, ниту садење цвеќиња, туку е вистинска борба! Ги изневеривте граѓаните уште во првиот месец по изборите и очигледно немате намера за бескомпромисна заштита на нашиот простор за живеење - ниту пак, за пркос и санкционирање кон сите што ја загрозуваат и деградираат нашата општина.Сметаме дека итно мора да се преземат следните чекори: Го повикуваме OJO конечно да постапи по преставката од ДКСК во врска со нелегалното носење на ДУПот. ОЈО седум месеци не постапува по предметот - исто како што премолчено го одобрува и дивото градење кај „Беко“ на очиглед на полициската станица Центар. Јавното обвинителство треба да се бори против криминалот , а не да е негов нем поддржувач. Градоначалникот на општина Центар мора да издаде привремена забрана за градење, се додека ОЈО не го расчисти случајот. Воедно тој може да ги врати уплатените комуналии за овој објект на инвеститорот, а кои се уште стојат резервирани на сметка на Општината токму со намена да бидат вратени доколку тоа е потребно. Сето ова е можно, но вистинското прашање е дали се сака!Градоначалникот да се зафати серозиозно со обврската за суспензија, како законска можност за ревизија на останатите две парцели од Холидеј ин, кои секако ќе се изградат ако не се реагира. Одговорноста за затнувањето на Градот ќе биде само негова! ШЦ во Советот на Општината ќе иницира запирање на реализацијата на незаконските урбанистички планови донесени во 2012, во време кога градоначалник беше Владимир Тодоровиќ, и кога не се почитуваа основните начела за јавен интерес и хумано планирање.Жално е што речиси десет години институциите дозволуваат Скопје да се менува до непрепознатливост, да се уништува јавното зеленило и да се продава државното земјиште за бетонски чудовишта кои изникнуваат од законските дупки, адимистративните лавиринти и немањето волја за одбрана на јавниот интерес од страна на системот! Централната и локалната власт се менуваат, но вистински промени во политиките за уредување на градот и заштита на јавиот интерес не постојат. Министерството за транспорт и врски, поддржано од Правобранителот, евтино го продаде државното земјиштето на паркингот кај Холидеј ин, не размислувајќи ниту за законитоста на плановите, ниту за последиците во просторот, а најмалку од се размислуваше за видливите социјални неправди кои ќе ги истакне со сјајот и бедата во ист простор.❗Жителите на Ново Маало сега ќе бидат принудени да ги напуштат своите домови и да ги продадат своите домови за било која понудена цена. Соседните жители на Градски ѕид кои реагираа за можните прелевања на проблемите од планот врз нивните животи, ќе останат изиграни и изманипулирани. Нас, на граѓаните на општина Центар ни останува да иницираме референдумско изјаснување за враќање на парите од комуналиите на инвеститорот, запирање на градбата и носење нов план за вистински развој на оваа централна градска локација“, велат од Шанса за Центар.

Скопје | пред 4 години

matka-3

(ФОТО) Водата на Матка под дозволеното ниво, Езерото во загрижувачка состојба

Кандидатката за градоначалник на Аеродром од Левица, Весна Кираџиева на фејсбук сподели фотографии од браната Матка на кои се гледа загрижувачката состојба на езерото. Таа вели дека фотографиите се направени утринава.– Само да истакнам дека нивната неспособност која нè доведе до енергетска криза го загрозува и екосистемот и мирот на бројни невини ендемски видови, не само сметките, буџетот на државата и долговите до гуша. Ако има пекол, за ова сите ќе одиме во пеколот. Ние го толерираме криминалното, неспособно злото кое нè доведе до тука, ние не преземаме ништо, сите ние вртиме поглед на другата страна кога глетката не е убава, за да не се замериме со некој, зашто некој може да ни се налути ако укориме, покажеме со прст или побараме одговорност, напиша на фејсбук Кираџиева.

Скопје | пред 4 години

koronavirus-kovid-skopje

13 починати и 155 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 1.179 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 113, Кавадарци – 8, Куманово и Битола – по 6, Прилеп и Кочани – по 4, Ресен – 3, Охрид, Гевгелија и Неготино – по 2, Струга, Крива Паланка, Берово, Делчево и Македонски Брод – по 1.Регистрирани сe 387 оздравени пациенти од: Скопје – 161, Битола – 32, Прилеп – 30, Кавадарци – 29, Кочани – 20, Куманово – 17, Тетово и Велес – по 14, Штип и Крива Паланка – по 12, Кратово – 6, Пробиштип и Демир Хисар – по 5, Охрид, Неготино и Делчево – по 4, Гостивар, Ресен и Македонска Каменица – по 3, Свети Николе и Берово – по 2, Струга, Гевгелија, Богданци, Пехчево и Дојран – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 4 од Велес (84, 83, 72 и 69), 3 од Скопје (68, 63 и 50), 2 од Куманово (67 и 64) и по едно починато лице од Прилеп (50), Битола (68), Штип (69) и Крива Паланка (82). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.Направени се 1.179 теста преку: ИЈЗ – 49, ЦЈЗ Скопје – 29, ЦЈЗ Битола – 0, ЦЈЗ Прилеп – 0, ЦЈЗ Тетово – 0, ЦЈЗ Куманово – 0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 0, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 48, „Авицена“ – 48, „Биотек“ – 77, „Систина“ – 65, лабораторија „Лаор“ – 0, „Синлаб“ – 0, „Ремедика“ – 0, „Плодност“ – 0, „Генеа“ – 0, „Никоб лаб“ – 176, „ВФВ медикал“ – 15, „Ели медика“ – 16, „Ројал медика“ – 0, „Спектра-ММ“ – 0, „Рапид лаб“ – 0, „Жан Митрев Струмица“ – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 656.Досега во земјата се направени вкупно 1.450.215 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 212.375, бројот на оздравени пациенти е 196.636, на починати е 7.449, а бројот на активни случаи изнесува 8.290.Според епидемиолошки анализи, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 92.822, Активни 3.857Куманово 12.761, Активни 281Тетово 11.268, Активни 156Прилеп 10.007, Активни 392Битола 8.364, Активни 666Гостивар 8.055, Активни 36Велес 7.197, Активни 355Кавадарци 6.783, Активни 284Штип 6.508, Активни 210Охрид 6.355, Активни 267Струмица 6.031, Активни 146Кичево 4.207, Активни 97Струга 3.888, Активни 61Кочани 3.916, Активни 223Гевгелија 2.745, Активни 164Неготино 2.533, Активни 89Свети Николе 2.085, Активни 70Крива Паланка 1.839, Активни 143Радовиш 1.694, Активни 75Ресен 1.689, Активни 88Дебар 1.454, Активен 1Берово 1.373, Активни 83Делчево 1.328, Активни 120Виница 1.137, Активни 42Пробиштип 1.102, Активни 45Валандово 898, Активни 36Кратово 745, Активни 71Богданци 629, Активни 37Демир Хисар 586, Активни 85Крушево 574, Активни 23Македонски Брод 485, Активни 6Демир Капија 421, Активни 9Македонска Каменица 395, Активни 57Пехчево 342, Активни 12Дојран 159, Активни 3

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-12-at-12.59.48

Мицкоски: Како што тргнала власта ќе ни требаат 250 милиони евра за излез од енергетската криза

- Со многу пари и тоа пари од граѓаните. Ние сега и да сакаме да се справиме со кризата не можеме поинаку. Зошто? Затоа што кога цените на нафтата беа ниски, ние не создадовме залихи. Не ги антиципиравме правилно ризиците и не ги зголемивме залихите. Тогаш можевме да купиме доволно мазут, нафта и нафтени деривати по многу ниски цени. Кога цената на струјата беше ниска ние не купивме фјучерси и кога требаше да направиме ремонти во енергетските капацитети и да ги отвориме рударските окна за да може денес да копаме јаглен, ние тоа тогаш не го направивме. Наместо тоа да биде сторено, властодршците се организираа во картелски здруженија, со цел да остваруваат лични профити, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто дадено за порталот Плус инфо, одговарајќи на прашањето како би се решила енергетската криза која се случува во Република Македонија.Мицкоски рече дека четврта аномалија на овој процес е и лошото менаџирање со водниот потенцијал, бидејќи резервите за вода кои се користат за производство на електрична енергија, се нула.- Оваа ситуација ќе се исправи со трошење на буџетски средства. Ако ја следиме стапката на средствата кои до сега се потрошени за купување на струја и сервисирање на загубите од задоцнетите ремонти, тогаш до крајот на зимата сумата за санирање на кризата што ќе треба да се издвои од државниот буџет би можела да достигне и 250 милиони евра, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

levica

Левица поднесе кривична пријава против Дардишта: Очекуваме ОЈО да покрене обвинение

Ја известуваме јавноста дека Правниот сектор на Политичката партија Левица, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против актуелната владина членка на Одборот на директори на АД „Телеком“ и поранешна директорка предложена од ДУИ на заедничките служби на Клиничкиот центар во Скопје – Шкодране Дардишта, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ – казниво по чл. 319, ст. 1 од Кривичниот законик на РМ, со запретена затворска казна од една до пет години, велат од Левица.„Пријавената се терети дека по пат на информациски систем, на социјалната мрежа Фејсбук, објавила заканувачки статус во кој се повикува на Војната од 2001 година, во која животот го загубија стотици македонски граѓани. Кривичното дело е сторено против државата и нејзините државјани, со цел да се повредат националните чувства на Македонците, а инспирирано од длабока национална омраза и меѓуетничка нетрпеливост. Побудите од кои се водела обвинетата при вршење на ова кривично дело се понижување на безбедносниот систем, т.е. упатување отворена закана по јавната безбедност на државата, преку повикот за напад врз државните институци и преку сеење страв и загрозување на сигурноста на сите граѓани кои живеат во Републиката и кои истата ја чувстуваат и сакаат како своја татковина.Очекуваме надлежното ОЈО – Скопје, сериозно и експедитивно да ја земе во работа оваа наша издржана кривична пријава и по неопходниот распит на пријавената, како и по комплетирање на целокупната релевантна документација за овој кривичноправен настан, да покрене обвинение против дотичната“, се велу во соопштението.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања