ВО ЖИВО

Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР

ТОП

policija-i-inspekcija-3

Ако гости влегуваат по кафеани со лажни сертификати, нема кој да го исконтролира тоа

Анета Симеска Димоска, директорката на Државниот пазарен инспекторат, на денешната прес-конференција изјави дека се извршени 1,280 инспекциски надзори за да се проверат ковид-протоколите кај угостителите, вклучувајќи го и тоа дали поседуваат ковид-сертификати.Казнети се 20 угостителоски објекти каде гостите не поседувале сертификати или не се почитувале протокоплите со поголем број на лица во однос на дозволената бројка. Во ноември контролирани биле 173 субјекти и затворени биле девет, од кои еден во Гостиувар, два во Скопје, четири Кичево и два во Тетово- Ние немаме надлежност да ги контролираме лицата кои влегуваат дали сертификатот им е валиден, туку редарите или вработените. Апелирам до тие кои ја имаат таа надлежност да ја користат апликацијата за валидација на сертификатот на Министерството за здравство. Одговорноста е на угостителот, рече Симеска Димоска.Годинава вкупната глоба за непочитување на протоколите во угостителските објекти е 6.000.000 денари, а над 1,6 милион денари е казната за одговорните лица.

Македонија | пред 4 години

Nikolovski-1

Николоски одговори дали ќе е наследник на Заев

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски на денешната прес-конференција беше запрашан дали се гледа како наследник на Зоран Заев на премиерската функција, тој кратко соопшти:„Утрешните состаноци во СДСМ предизвикуваат внимание и тоа е очекувано. Ќе имаме транспарентна средба, како никоја друга партија во земјава. Не се гледам и нема да бидам еден од кандидатите за премиерската функција“, истакна Николовски.

Македонија | пред 4 години

kriptovaluti

Годинава откриени 4 лица кои копале криптовалути

Во текот на 2021 година откриени се 3 кривични дела и пријавени четири лица за кражба на струја за копање на криптовалути, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Утрински Брифинг .-Крадењето на струја не е нешто што се случува сега, тоа се актуелизира во моментов. Само во СВР Скопје во 2021 година има 41 кривчно дело , поднесени се 40 крвични пријави против 45 сторители. Од извршените проверки утврдени се 3 кривчни дела од 4 сторители за недозволено приклучување на компјутерска опрема за кражба на електрична енергија за копање на криптовалути, вели Спасовски.

Македонија | пред 4 години

244507018_832514724085702_8044022012564587281_n

Осомничени три лица за обидот за убиство во Чегрене, ОЈО со детали

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против три лица – двајца полнолетни и еден малолетник, кои се осомничени за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 8 во врска со член 19 (во обид) и со член 22 (соизвршителство) од Кривичниот законик. Против двајцата полнолетни соизвршители донесена е Наредба за спроведување истражна постапка, а до Основниот суд во Тетово поднесен е предлог за определување мерка притвор. За малолетникот, пак, постапката ќе се води според Законот за правда на децата.Тетовското обвинителство ја презеде постапката за да се обезбеди непристрасност на истрагата, со оглед на тоа што оштетениот е јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Гостивар.Во раните утрински часови на 21 ноември, осомничените соизвршители, заедно со малолетник на возраст од 17 години, се обиделе со умисла да го лишат од живот јавниот обвинител. Оштетениот со својот автомобил и негов роднина се движел по патот низ селото Чегране, а еден од осомничените бил застанат со автомобилот сред пат пред куќата на другиот осомничен. Во тој момент јавниот обвинител им блиндирал со светлата за да го ослободат патот. Откако оштетениот поминал со возилото, осомничените со автомобилот продолжиле да го следат, па кога застанал започнале да го навредуваат и агресивно да се однесуваат затоа што им блиндирал. Оштетениот им се претставил дека е јавен обвинител и дека доколку има потреба ќе повикаат полиција за да го расчисти настанот. Сите тројца осомничени започнале да го удираат, а малолетникот од џебот извадил нож со кој му задал убодна рана во задната десна страна од градниот кош. Потоа се обидел да го прободе уште еднаш. Гледајќи дека осомничените имаат намера да го довршат делото и да го лишат од живот, оштетениот извадил пиштол кој го поседувал со дозвола и испукал предупредувачки куршум во воздух со што ги запрел.Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово го прифати предлогот на јавниот обвинител и на двајцата полнолетни осомничени им определи притвор во траење од по 30 дена.​​

Македонија | пред 4 години

258780743_4866960093314500_1206199919876710009_n

И Дудуш со желба кој да биде премиер и претседател на СДСМ

Градоначалник на Шуто Oризари, Курто Дудуш, на својот профил на Фејсбук објави фотографија со актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.„Иден претседател на СДСМ и мандатар за нова влада, Максим Димитриевски?“, стои во описот на фотографијата.Актуелниот партиски претседател и премиер Зоран Заев минатата недела по средбата со лидерот на Алтернатива Африм Гаши, најави дека во вторник ќе свика состанок на Извршниот и Централниот одбор на партијата. Откако ќе се констатира неговата оставка ќе почне да тече рокот од 15 дена, во кои, според партискиот статут, треба да бидат распишани внатрепартиски избори за лидер, кога треба да се одреди и датумот за нивно одржување.

Македонија | пред 4 години

maksim-dimitrievski-43

Димитриевски: Од преземањето на апсолутната власт дојде до една аздисаност од власта

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, во централниот Дневник на телевизија Сител потенцираше дека победата во Куманово ја издвојувале граѓаните и ќе продолжи да работи уште попосветено во реализација на програмата.На прашањето каде е грешката на СДСМ за резултатот од локалните избори, Димитриевски истакна дека во време на опозиција СДСМ имала јасен концепт, визија и идеа како да се води државата, но, за жал откако е нa власт работите се променија.– Можеби, од преземањето на апсолутната власт, на локално и централно ниво дојде до една аздисаност од власта и поединци се трансформираа во нешто што се боревме во минатото против такво едно неодговорно однесување, нерешавање на проблемите. Малку внимание и посветеност на трудот, социјалата, образованието и другите перспективи, а премногу посветеност на надворешната политика. Еве сега се плати цехот, граѓаните го кажаа своето, а тие никогаш не грешат. Поединци сметаат дека треба да бидат на одредени функции доживотно. Нема непроменлива функција, ниту непроменлив политичар. Едноставно, се подзабораваат и се претвораат во инструмент, лукративно-клиентелистичкиот пристап си го зема своето, и секако лојалистичкиот пристап – она што сака да го чуе полибирото тоа што им одговара, а не тоа што е суштински. Имав низа случаи, не само јас, туку и други членови од партијата јасно укажуваа за пропустите кои се правеа во делот на средствата од Фондот за иновации, па аферите во Министерството за здравство, сите оние пропусти кои се случуваа поврзани со одредени афери, а од друга страна немаше суштински, кадровски промени. Во минатото, во периодот на опозиција излеговме со еден проект чесна понуда кој не го реализиравме во пракса, туку се одеше по принципот „јас тебе војводо, ти мене сердаре“, на само себе позиционирање на поединци коишто мораа да возвратат на тие коишто ги поставиле, граѓаните тоа го гледаат и казнуваат – рече Димитриевски.

Македонија | пред 4 години

Ohrid_Pari_2020

Каде во Македонија се дава најголемата просечна плата од 190.000 денари

Ретко кога градот Охрид можел да се пофали со успешни компаниски приказни, а тоа да не биде поврзано со туризам и угостителство. Меѓутоа, како и кај многу други градови, така и тука, работите се менуваат и во Охрид веќе може да се забелажат, или се во најава, сериозни индустриски капацитети. Новата енергија на градот, надополнета со неговата убавина, го прави Охрид “светилиште” за најелоквентните човечки капацитети во Македонија. Привлекувањето на стручен кадар со себе ја наметнува и потребата од добро платени работни места, а токму во една од компаниите во топ 10 сегментот рангирани според нето просечна плата се наоѓа лидерот во конкуренција на 8 градови.Анализата ќе ја правиме согласно расположливите податоци од Бизнисмрежа.мк, кој е наш стратешки партнер во целокупното работење.Од аспект на финансиските резултати, односно елементот вкупни приходи, може да се изведат следните заклучоци:Неприкосновен лидер е германската компанија Костал која во Охрид делува од 2016 година, а само 4 години подоцна нејзините приходи достигнаа ниво од 57 милиони ЕУР. Оваа компанија го има и најбрзиот раст во топ 10 сегментот со 52% годишен пораст на приходи.Единствено компанијата НО.МА.МЕТАЛ е на некој начин втора компанија која има над 10 милиони ЕУР приходи, иако тука евидентен е ефектот од корона кризата. Имено, оваа компанија загубила 38% од приходите генерирани во 2019 година.60% од компаниите во топ 10 забележале пад на приходи, а со најсилно темпо се одразил врз работењето на П.Н Метал, каде евидентиран е пад од над 48%.Износите се изразени во евра | Извор на податоци: БизнисМрежа.МкКога станува збор за остварените добивки, ситуацијата и не е баш така розева. Дури 7 од 10 компании оствариле послаб резултат во споредба со 2019 година, а притоа нема компанија која го надминува прагот од 450.000 ЕУР нето добивка.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 4 години

maksim

Заев преку порака му честитал на Максим Димитриевски за победата

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, вечерва во централниот Дневник на телевизија Сител истакна дека добил голем број на честитки од страна на сопартијците во СДСМ, од актуелни и поранешни носители на јавни функции.-Мислам дека четири дена по изборите добив порака и од мојот претседател господинот Зоран Заев, му возвратив на таа порака. Добив честитки и од позицијата од СДСМ, добив честитки и од високи функционери од опозицијата и од другите политички партии. Никогаш не сум имал заладување на односите со членството на СДСМ, но имав сериозно заладување на односите со дел од лидершипот на СДСМ. Не чувствувам некое затоплување на тие односи, бидејќи не постои некоја интензивна или сериозна комуникација. Таа е сведена можеби повеќе преку еден, друг или трет, којшто се пренесуваат пораки, што мислам дека е беспотребно. Јас како актуелен градоначалник на Куманово, во моментов имам исклучива обврска кон граѓаните на Куманово. Тргнав со еден концепт „За наше Куманово“ и да го реализирам во целост, граѓаните се приоритет за мене, изјави Димитриевски.

Македонија | пред 4 години

lift-kumanovo-kod

КОД: Пендаровски ја намалил, судот ја „избришал“ единствената затворска казна за смртта на дете во неисправниот лифт-убиец во Куманово

„Лифт-убиец“ на дете – изданието на КОД пред три години ги анализираше судските одлуки за трагедијата од јуни 2016-та за трагедијата во која 6-годишниот Петар загина во неисправен лифт во нова зграда во Куманово.Лифтот немал заштита пред вратата и имало процеп (дупка) во окното. За време на сервис, лифтот бил оставен да се користи наместо да се смени или да се забрани негова употреба. На детето му паднала топка во отвореното окно и кога се обидел да посегне по неа, лифтот тргнал на повик и се случила трагедијата.Од тогаш па се до денес родителите се уште ја бараат правдата за својот Петар. Условна затворска казна уште тогаш имаше за фирмата и управителот кои стопанисувале со зградата и кои одлучиле да признаат вина.Втората фирма и управителот надлежни за одржување на лифтот одлучија да ја докажуваа својата невиност. Но во декември 2018-та кумановскиот суд носи пресуда, Бобан Додевски е виновен и одредува едно годишна затворска казна. Се жалело обвинителството, но апелациониот суд во април 2019 ја потврдува пресудата за Тешки дела против општата сигурност.-Сметаме дека е премалку, а од момент на правосилност до сега нема ниту еден ден издржаноод казната, бидејќи има одлагања со месеци и години, вели адвокат на семејството на загинатото дете.-Од пресудите не бевме задоволни, имаше само една затворска, а 3-4 беа условни со признавање на вина. Од 4 лица обвинети, на крај има пресуда од само една година и таа е одложувана веќе две години, сведочи Никица Петковски, таткото на загинатиот Петар.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 4 години

pavle-bogoevski

Богоевски: Данела е врвот на вмровскиот инает

Поранешниот пратеник од СДСМ и граѓански активист Павле Богоевски, денеска излезе со критика за новата градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска.„Цел свет и вели дека БРТ е решението за растеретување на сообраќајната гужва во Скопје. Таа упорно вели ‚Не, решението за гужвата се 250 нови автобуси и нови линии! Граѓаните гласаа за тоа'. Ако за нешто гласаа граѓаните Данела, тоа е работите да бидат поинакви и подобри. Ова можеби е пониакво, но воопшто не е подобро. Ова е врвот на вмровскиот инает и на тврдоглавото билдање на сопственото его на сметка на сите останати. Промените доаѓаат. Yea, right“, напиша Павле Богоевски на својот фејсбук профил.

Коментари | пред 4 години

policija-rotaciona-svetla

МВР со детали за обидот за убиство во Чегрене

МВР со детали за обидот за убиство на јавен обвинител во гостиварско Чегране.- На 21.11.2021 во 06.10 часот од полициски службеници од Полициското одделение Чегране биле лишени од слобода Н.С.(40), неговиот малолетен син, двајцата од с.Чегране, гостиварско и Б.Ф.(41) од с.Церово, тетовско, поради постоење основи на сомнение дека околу 05.30 часот во с.Чегране, по претходна расправија околу недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнале и со остар предмет го повредиле Х.И.(39) од с.Форино, гостиварско. Х.И. бил пренесен во Општата болница „Ферид Мурат“ за укажување на лекарска помош, соопштуваат од МВР.Тројцата со кривична пријава во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка на Основен суд Гостивар.

Македонија | пред 4 години

noz-ubistvo-napad

Обвинител нападнад со нож во грб

Утринава во 5:30 часот во с. Чегране, гостиварско, извршен е обид за убиство на јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство Гостивар. Јавниот обвинител е надвор од животна опасност и е под медицинска нега на скопските клиники.Јавниот обвинител бил нападнат со нож при што му е зададена убодна рана во грбот.Основното јавно обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот.

Македонија | пред 4 години

1-1-1

Д-р Калчовска: Неопходна е физикална рехабилитација за прележаните од Ковид19

Значителен број од пациентите по прележан Ковид19 имаат потреба од физикална рехабилитација поради намалена физичка кондиција, отежнато дишење, продолжена болка, депресија, вознемиреност и намален квалитет на живот, истакна асс. д-р Билјана Калчовска од Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација во неделната онлајн дискусија која ја организираше Лекарската комора на тема „Рехабилитација на пациенти по прележан Ковид19“. Настанот и оваа недела го модерираше претседателот на Лекарската комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова која истакна дека пост-ковид компликации се јавуваат на различни системи на човечкиот организам и дека тие бараат понатамошен стручен третман и лекување.Асс. д-р Калчовска објасни дека рехабилитацискиот третман на пациентите со Ковид19 е организиран во неколку фази. Во акутната фаза третманот се одвива во одделенијата за интензивна и пост-интензивна нега во ковид болниците. Тука со помош на физикалната терапија се оптимизира дишењето, се ослободува од прекумерниот секрет и се спречуваат и лекуваат компликациите. Во пост-акутната фаза која се одвива во болниците и одделите за рехабилитација се идентификуваат и менаџираат зафатените органи и се олеснува патот кон овозможување на нормално функционирање и извршување на секојдневните активности. Фазата на продолжено лекување се спроведува во домашни услови, каде физикалната рехабилитација помага за намалување на онеспособеноста, оптимизирање на функционирањето и подобрување на независноста и квалитетот на животот.Планот за рехабилитација треба да биде индивидуализиран за секој пациент и треба да се спроведува во текот на целото лекување, започнувајќи од приемот на пациентот во болница, во текот на хоспитализацијата на ковид одделенијата, па се до неговото отпуштање од болница и насочување на пост-ковид рехабилитација. Планот за рехабилитација треба да биде прилагоден на состојбата и тежината на клиничката слика на пациентот, а посебно внимание треба да се обрне на постарите пациенти, пациентите со зголемена телесна тежина и оние со придружни коморбидитети. Интензитетот на вежбите треба да биде во согласност со нивната физичка сила и не треба да доведе до дополнително оптоварување на дишењето, зголемување на можноста за појава на респираторен дистрес, ниту пак да доведе до пад на сатурацијата на кислород во крвта.„Матичните лекари и специјалистите од различни специјалности треба секогаш да имаат предвид дека најголем дел од пациентите после прележана Ковид19 инфекција имаат потреба за рехабилитација. Специјалистите физијатри мораат и треба да преземат активности во насока за спроведување на пост-ковид рехабилитација во местата каде што работат. Најголем број од овие пациенти имаат компликации во текот на рехабилитацијата и мора да бидат под надзор од страна на лекар специјалист физијатар“, истакна асс. д-р Билјана Калчовска.Со третманот се постигнува активирање на мускулатурата и зајакнување на дишните мускули, зголемување на подвижноста на градниот кош, подобрување на проодноста на дишните патишта и продлабочување на дишењето, стимулирање на циркулацијата на крвта, урамнотежување на работата на кардиоваскуларниот и респираторниот систем, како и спречување на хипотрофија на мускулите и слабеење на целиот организам.Во презентацијата асс. д-р Калчовска даде и фотографски приказ на вежбите кои може да ги прават пациентите, а во одговорите на прашањата потенцираше дека специфично е тоа што сите болни имаат различна клиничка слика, поради што и пристапот и третманот мора да биде индивидуален. Досега на клиниката се лекувале околу 150 пост-ковид пациенти, при што најголем дел од нив при прием биле кислородно зависни, додека при испис најголем дел дишеле самостојно и оспособени за враќање на нормалните секојдневни активности. Меѓу овие пациенти нема на детска возраст, бидејќи кај нив обично Ковид19 не прави поголеми компликации, но и во тој случај се препорачува недела до две да се избегнуваат поинтензивни физички активности.

пред 4 години

ljube-boskovski-2

Правда не сака да ги обештети обвинетите за „Ровер“

Министерството за правда одби да се спогоди, односно не им понуди парична сума за обештетување на обвинетите во случајот „Ровер“, кои по девет години судење и три години поминати во притвор, добија правосилна ослободителна пресуда, пишува Фокус.Обвинетите, Љубе Бошковски, Зоран Трајковски, Гоце Митровски, Никола Негриевски, Сашо Јовановски и Ивица Ристиќ, кои се гонеа за вмешаност во двојното убиство на Маријан Тушевски и Киро Јанев од далечната 2001 година, правосилната ослободителна пресуда ја добија на почетокот на годината, но се уште не добија обештетување од државата. Како што е редот, тие најпрвин се обратиле до Министерството за правда, со барање да им се понуди износ на надоместок за претрпената материјална и нематеријална штета, но од таму ги упатиле правото да си го бараат пред надлежен суд.-Министерството за правда по проучување на приложеното барање, односно понуда за спогодбено утврдување на штета, согласно член 551 став 1 од Законот за кривичната постапка, ве известува дека не го усвојува барањето за надомест на материјална и нематеријална штета поради неосновано лишување од слобода.Истовремено, го упатуваме подносителот на барањето на своите права да ги остварува во натамошна постапка со поднесување на тужба за надоместок на штета пред надлежен суд, се наведува во известувањето од Министерството за правда испратено до оштетените.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Џафероски: Не ја прифаќам оставката на Заев, членството да се изјасни преку референдум

Поранешниот пратеник во македонскиот парламент, Алил Џафероски преку социјалните мрежи повика Извршниот и Централниот одбор на СДСМ итно да распише референдумско изјаснување на членството, по повод оставката на претседателот Зоран Заев.„Како еден од основачите на СДСМ од 1991 година и пратеник во првиот уставотворен парламент, барам од Извршниот и централниот одбор на СДСМ да распишат итно референдумско изјаснување на членството, во врска со оставката на претседателот на СДСМ Зоран Заев.Лично не ја прифаќам оставката ниту од претседател на СДСМ, ниту од претседател на Владата на Република Северна Македонија.Причините за двете оставки кои ги наведе Заев, не може и не упатуваат на негова оставка или било каква одговорност, со ова барам широка поддршка од страна на членовите на СДСМ“, вели Џафероски.

Коментари | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања