ВО ЖИВО

Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР

ТОП

koronavirus

ССМ бара бесплатни ПЦР: Работниците побргу ќе умрат од глад отколку од корона

Синдикатите бараат ПЦР тестирањето да не падне на товар на работниците бидејќи нивните пресметки покажуваат дека се потребни минимум 20.000 денари месечно за 10 ПЦР тестирања.„Ако државата нема обезбедено финансиски средства во Буџетот за 2022 година за бесплатни ПЦР тестови за сите работници, а работодавачите укажуваат дека товарот треба да падне на работниците за тестирањето за да можат да им дојдат на работа и да им работат за минимална плата од 15.200 денари и да им ствараат милиони во добивка, работниците побргу ќе умрат од глад отколку од корона“, велат од Сојузот на синдикати на Македонија во изјава за МИА.Според нив, тие не се против вакцинација, но сметаат дека таа треба да биде личен избор.„Укажувавме дека пристапот за поттикнување и стимулирање треба да биде на начин на кој за имунизацијата, работниците ќе добијат повеќе информации, но и одредени бенифиции кои ќе беа дополнителен мотив, но за жал, Комисијата на барањата на работниците како на пример најмалку денот кога се вакцинираат да биде препорачано да биде платен неработен ден (поради зачестените пријави дека газдите ги тераат по вакцинацијата да се вратат веднаш на работа, а не ги ни ослободуваа доколку имаа реакција по примањето на вакцината во наредните денови) тие се огласија за ненадлежни, а од друга страна денеска сме сведоци како истата Комисија предлага и ги изложува работниците на сопствен трошок да прават ПЦР тестови доколку одлучат да не се вакцинираат“, наведува ССМ во одговорот.

Македонија | пред 4 години

zekir-ramcilovic-1

Рамчиловиќ до директорот на МРТВ: Повлечете го срамниот Оглас за вработување на новинар во Бошњачката редакција

Пратеникот Зекир Рамчиловиќ на социјалните мрежи објави отворено писмо до Директорот на МРТВ, Марјан Цветковски, во кое вели да се повлече огласот за вработување на позицијата новинар.„Директоре на МРТВ повлечете го срамниот Оглас за вработување на новинар во Бошњачката редакција и не ги навредувајте Бошњаците.Прво сменете ја веќе погрешната номинација на називот на босанскиот јазик како што тоа го направија сите институции по барање на Владата на Република Северна Македонија!– Нашиот јазик е БОСАНСКИ!Второ уште поважно:– Срамно е и навредливо за вработување на новинар во бошњачка редакција за програма на босански јазик да барате вработување според годишниот план за 2021 на Македонец/ка без никаде во огласот да барате познавање на босанскиот јазик.Како некој кој не го знае босанскиот јазик може да работи како Новинар во редкација на босански јазик!?Ова вака не може, доколку не го поништите огласот ќе поднесам барање за преиспитување на истиот и претставка до повеќе институции: ДКСК, Наредниот правобранител, Комисијата за спречување на дискриминација, Хелсиншкиот комитет за човекови права и др.ПРЕМНОГУ Е!!!Жално е што поради Блокадите од опозицијата во Собранието ја злоупотребувате вашата позиција на штета на бошњачката заедница.За јавноста:Марјан Цветковски е директор на Македонската радио и телевизија од 2012, и останува на таа функција поради Актуелниот состав на Советот на АВМУ, изгласан од Парламентот во 2014 година, со мандат од пет години.Како во претходниот собраниски состав така и сега пред новиот обид за избор на нов Програмски совет се испречува двотретинското мнозинство, кое 12-члената комисија го нема без поддршка на барем еден од петте пратеника од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Но, двотретинско мнозинство е неопходно и во комисијата и на пленарната седница што ние како парламентарно мнозинство го немаме и оваа ваква ситуација продолжува и понатаму“, стои во објавата.

Коментари | пред 4 години

stevce-jakimovski-750x430-1

Жителка на Крпош контра Стевчо: Функционалност, зеленило, хуман живот, не се приоритети во ниеден ДУП

Вчера се одржа работен состанок за презентација на дел од ДУПовите кои се работат на територија на општина Карпош. Татјана Стојановска на социјалните мрежи објави детали од истиот.„Јас сакам детали и два ми останаа како слика од сѐ што се одвиваше на работниот состанок:1. Коментар на еден од планерите: се водиме од начело да секоја парцела добие можност за градба. Некако , како лаик, многу повеќе ќе ми се допаднеше да се водеа од начело да секоја парцела добие намена која ќе овозможи подобар живот за граѓаните во општината.2. Ни се преставува еден блок од ДУП на кој што повеќето се збунивме: звучеше одлично, со огромни зелени површини, мали парцели за домување, и секако, бидејќи како нарачател се јавуваат правни субјекти, неколку ниски згради, деловни , мислам П + 2 или 3 беа. Но сѐ умерено, добро осмислено и страшно функционално и пријатно како начин на развој на тој дел. Планерката се пофали дека добила и награда за тој план, во што не се сомневам, звучеше одлично.И тогаш рипа општината, вели, знаете колку пари треба да вложи општината за инфраструктурата што таму се предвидува?!Тоа е невозможно, нема општината пари за тоа.И повторно, развојот на било кој дел зависи од парите што општината ги собира од комуналиите за градби.Функционалност, зеленило, хуман живот, тоа не се приоритети во ниеден ДУП, и со овој начин на развој на општините, тешко дека било кога ќе бидат“, стои во објавата.

Коментари | пред 4 години

soobracajka-na-bul-8-septemvri-696x494-1

(ФОТО) Автомобил „скокна“ во жардинера во Тафталиџе

Сообраќајка утрово се случи на булеварот 8 Септември во Скопје, во непосредна близина на Педагошкиот факултет.Од фотографиите, се гледа дека станува збор за возило „Цитроен“, кое засега од непознати причини се искачило на поткачениот дел, односно жардинерата што ги разделува коловозните ленти на булеварот.Засега, нема информации дали во сообраќајката има жртви или повредени.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-11-21-101135

Ралповски: Антиковид мерките се радикални, ако Владата ги усвои ќе се спротиставиме

Претседателот на Конфедерација на слободни синдикати (ККС), Благоја Ралповски во интервју за Радио Слободна Европа вели дека новите антиковид мерки се неуставни и со истите се кршат сите човекови права. Тој додава дека ќе ја спречат оваа драконска мерка и ќе ги заштитат работниците.„Пред се мора да кажеме дека ова што го најави Министерството за здравство, односно министерот Венко Филипче е сосема неуставно и дискриминирачки. Не може вработените во јавниот сектор или кој било работник, со уцени да се тераат да се вакцинираат за да може да влезат на работно место. Тоа е забрането со Устав, забрането со закони, впрочем и во Европскиот совет, која е најстара европска институција донесоа резолуција во која кажаа дека вакцинирањето треба да биде доброволно. И сега наеднаш како гром од ведро небо доаѓа уцена до работниците коишто не се вакцинирани дека не може да одат на работа доколку не се вакцинирани.Работниците во јавниот сектор се најсиромашните работници, кажавме дека 70 - 80 илјади од тие работници земаат минимална плата и да ги оптоваруваме со ПЦР тестови за да можат да одат на работа, мислам дека не е ниту хумано, ниту човечки да се кршат основните човечки права и затоа ние велиме дека оваа мерка е радикална и доколку Владата ги усвои, ние ќе ги употребиме сите синдикални легитимни средства за да се спротивставиме на овие мерки, затоа што многу работници во јавниот сектор, нашите сознанија и претпоставка дека некаде околу 30 проценти не се вакцинирани, тие ќе останат без работа, но ние сме тука за да ги заштитиме и да ја спречиме оваа драконска мерка, оваа радикална мерка која ги крши сите човекови права“, вели РалповскиТој додава дека можно е да почнат со протести и штрајкови.„Можно е да отпочнат протести, можно е да отпочнат и штрајкови. Синдикатот е една организација која се заснова на солидарност. Тука верувајте дека и колегите коишто се вакцинирани се спротивставуваат на овие мерки, затоа што мислам дека е нехумано некого да тераме со сила да прави нешто што со закон не е одредено“, вели тој.

Македонија | пред 4 години

bekarovski

Д-р Беќаровски: Вистински прележаните од Ковид-19 се обесправени со новите антиковид мерки

Проф. д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, со објава на социјалната мрежа Фејсбук, го сподели своето мислење за најновите предлог мерки за заштита од ковид-19.„Голем дел од Вас драги пријатели и почитувани новинари, изминативе два дена ме замоливте за мое лично мислење по најновите предлог мерки за заштита од Ковид-19.Ви благодарам за укажаната доверба и ќе се обидам во рамките на моето скромно знаење, најискрено и најодговорно да Ви го пренесам своето мислење:■ Природно стекнатиот имунитет по секоја инфективна болест е најдобриот имунитет.(за жал некогаш цената е прескапа)■ Вистински прележаните болни од Ковид-19 се #ДРАСТИЧНО обесправени со новите антиковид мерки.■ Ставањето на вистински прележаните болни во иста група со невакцинираните непрележани граѓани е медицински неоправдано !!!!■ Во лифт се осеќам побезбедно кога се возам со вистински прележан болен од Ковид-19 во последните 6 месеци, отколку со комплетно вакциниран од пред шест месеци.■ Сите прележани од Ковид-19 со релевантен тест за антитела би требало да добиваат ковид пасош, кој би се обновувал на секои три месеци, ако нивото на антитела е задоволително (вредноста би ја одредиле нашите имунолози).■ Кај сите постари лица од 50 години, кои во меѓувреме не заболеле од Ковид-19, како и кај сите заболени од имунокомпромитирачки болести давањето на бустер доза е медицински оправдано.■ Вакцинацијата на комплетно здрави малолетни лица нема реална медицинска индикација, а кај лица од 18-30 години е пожелна, но не и неопходна.■ Масовната вакцинација се уште е најдобар и единствен начин за сузбивање на пандемијата, иако не ги исполни сите очекувања.■ Вакцините се најголемото достигнување во современата медицина во последните 150 години.Почитувани мои, можеби грешам, можеби не сум 100% во право, но ова е моето моментално мислење врз основа на достапните релевантни студии кои ги читам во изминативе 20 месеци и врз основа на моето 32 годишно искуство како лекар“, стои во објавата.

Коментари | пред 4 години

vaccino-antinfluenzale-il-piemonte-punta-ad-aumentare-la-cop-12018.660x368

Филипче не се откажува од мерките, а Владата на чекор да ги усвои иако низ цел свет е хаос од протести за вакви рестрикции

Минатата недела министерот за здравство Венко Филипче по состанокот на Комисијата за заразни болести информираше дека се донесени нови предлог-мерки и истите се очекува утре да бидат разгледани на Главниот координативен штаб, по што за нив ќе треба да расправа и Владата.Новите предлог мерки предвидуваат сите вработени во јавниот сектор, во локалната самоуправа, во сите институции, за одење на работно место да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат негативен ПЦР тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок, или ќе имаат потврда за прележан коронавирус не постар од 45 дена, или потврда од лекар специјалист дека вакцината не можат да ја примат.Според синдикатите на работниците не им е оставен избор, односно дека таквата мерка ќе значи задолжителна вакцинација имајќи предвид дека никој нема да може финансиски да издржи постојано плаќање за ПЦР тест. Според нивната пресметка, на едно лице кое одбива да се вакцинира ќе му бидат потребни околу 20 илјади денари во текот на месецот за ПЦР-тестирања, што е повеќе од минималната плата во земјава.Филипче контра нив, во едно интервју во текот на минатата недела изјави дека не станува збор за принудна вакцинација.„Не станува збор за никаква принудна вакцинација како што се обидуваат да ја прикажат. Граѓаните имаат избор да се вакцинираат бесплатно или да приложуваат доказ односно негативен тест, што ќе го платат сами. Јавните институции мора да бидат пример за почитување на препораките на здравствените власти, исто како и здравствените работници кои мора да бидат целосно вакцинирани. Граѓаните кои од медицински причини не смеат да бидат вакцинирани секако нема да бидат присилени на тоа. Така што апсолутно нема присила, напротив има одговорно постапување од страна на Владата Ќе има доволно ПЦР тестови за да се тестираат вработените во јавната администрација кои нема да сакаат да се вакцинираат“, вели тој.Овие мерки треба да стапат на сила 10 дена по нивното усвојување, а Министерството за здравство препорачува да ги применуваат и приватните компании.Исти или слични вакви мерки беа донесени и во неколку земји низ светот што предизвика бројни простести.Протестите пред два дена во Холандија екскалираа, кога демонстрантите се судрија со полицијата, а десетици беа уапсени. Доцна синоќа во неколку холандски градови избија нови судири во кои петмина полицајци се повредени, а седум лица се уапсени.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-20-205413

(ВИДЕО) Антиваксерка до пратениците: Дали имате психијатри? Во мозок треба да се вакцинирате

Вечерва пред Собранието се одржа протест поради најавата на министерот за здравство Венко Филипче дека Комисијата за заразни болести ќе препорача на Владата да ја усвои мерката задолжителна вакцинација за здравствени работници, а вработените во јавниот сектор да мора да имаат сертификат за најмалку една примена доза, негативен ПЦР тест или документ за прележан Ковид 19 – за да дојдат на работа.Присутните порачаа дека никој не може да ги натера на присилна вакцинација и имаат право на слободен избор.„Вчера на полна месечина повторно правеа ритуали, во Охрид во светитот град. Така е запишано дека блудство ќе донесат во светата земја. Глејадте ги сите работи што се случуваат и ве предупредувам да се освестите. Нивниот план е до 2030 година се да уништат, а најмногу им сметаат Македонците“, изјави една од присутните на протестотПотоа се обрати и до пратениците и ги праша дали имаат психијатри.„Вие дали имате психијатри? Вие треба во мозок да се вакцинирате. Срам да ви е“, додаде таа.   

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-08-15-at-14.40.25

Д-р Кунгуловски: Непрележаните и невакцинираните имаат најголем ризик за сериозен тек на болеста и смрт

Доктор Горан Кунгуловски, на својот фејсбук профил, анализира што укажуваат последните ковид-бројки за прележаните, вакцинираните и непрележаните што не се вакцинирани?„Оние што ја прележале болеста имаат мала шанса да се заразат. Ефективноста на прележаноста кон нова инфекција (ре-инфекција) е некаде меѓу 80-95% зависно од старосната граница. Позитивниот аспект е што оваа ефективност не се намалува дијаметрално дури и после повеќе од 6 месеци; има студии каде што после 9-10 месеци останува таква. Прележаните со барем една доза на мРНК вакцина имаат 2-3 пати подобри исходи од невакцинираните прележани. Покрај тоа нивниот имун одговор созрева (барем 4-12 месеци) и може да неутрализира и идни соеви на вирусот коишто моментално не постојат. Не се знае колку време ќе трае оваа заштита.Вакцинираните со две дози на мРНК вакцина имаат мала шанса да се заразат првите 1-2 месеци од примање на вакцината (ефективност околу 85-95% зависно од старосна граница). Како изминува времето оваа ефективност паѓа на 40-50% после 6 месеци и веројатно на 20-30% после 9 месеци (во зависност од старосната граница). После 9 месеци, вакцината сеуште добро се држи во однос на намалување на ризикот за смрт со просечна ефективност >80%, но за несреќа кај повисоки старосни групи се намалува на 50%, посебно кај тие над 80 години. Тоа е добар аргумент за примање на booster доза после 6 месеци кај старите, имунокомпромитирани и изнемоштени лица. Не се знае колку ќе трае оваа заштита кон сериозен тек на болеста [многу малку литература има за кинеските и руските вакцини, затоа не коментирам за нив].Знаејќи го ова, прележаните треба во најмала рака да се третираат како вакцинираните: 1️⃣прво за да бидеме интелектуално и научно искрени и да не ги дискриминираме, 2️⃣второ за да ги мотивираме оние што се тестираат дома да се пријават за да влезат во официјална статистика и последователно да имаме подобар увид во епидемиолошката состојба.Непрележаните и невакцинираните имаат најголем ризик за сериозен тек на болеста и смрт и треба да се вакцинираат. Посебно тие во повисоките старосни групи. Тие се луѓето коишто ги полнат и ќе продолжат да ги полнат болниците, се додека не стекнат некаков имун одговор.. Полните болници имаат два главни ефекти: помалку соодветна нега на болните од КОВИД и намалена медицинска нега на болните со други хронични болести.Секој со својот ум и за себе и за другите“, стои во објавата.

Коментари | пред 4 години

vodnjanska-brza-pomos

11 починати, 449 нови случаи на корона во Македонија

ИНФО - 20.11.2021 (податоците се заклучно со 19.11.2021)Денес се регистрирани 449 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 211.831Оздравени се 317 пациенти – пријавени се 12починати лица.Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:• Направени се 3.859 тестирања, а регистрирани се 449 новислучаи на КОВИД-19:Скопје – 195, Битола – 47, Прилеп – 19, Кавадарци – 18,Берово – 17, Куманово – 16, Кочани – 15, Велес и Штип – по 13, Гевгелија – 12, Делчево – 11, Охрид – 10, Струмица – 8, Неготино – 7, Валандово – 6, Тетово, Радовиш и Ресен – по 5, Крива Паланка, Кратово и Демир Хисар – по 4, Кичево и Богданци – по 3, Струга, Свети Николе и Македонска Каменица – по 2, Пробиштип, Демир Капија и Пехчево – по 1.• Регистрирани сe 317 оздравени пациенти од: Скопје – 125,Берово – 26, Кавадарци – 24, Велес – 19, Битола – 15, Прилеп – 13, Штип и Гевгелија – по 10, Неготино и Кратово – по 9, Кочани – 8, Валандово и Тетово – по 6, Крива Паланка, Куманово и Струга – по 5, Струмица, Богданци и Пехчево – по 4, Делчево и Охрид – по 3, Крушево – 2, Пробиштип и Виница – по 1.• Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11починати лица: 4 починати лица од Скопје (69г, 76г, 81г и 89г), Прилеп - 2 (65г и 82г), и по едно починато лице од Тетово (74г), Битола (72г), Охрид (33г), Виница (66г), и Демир Хисар (81г). Од пријавените сите лица се починати во болнички условиВо однос на 33 годишното починато лице, било со дијагноза дијабет тип 2, и истото не земало соодветна терапија. Примено е во болница во тешка состојба.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од МојТермин, е пријавено 1 починато лице со датум на смрт од 16.11.2021. Лицето е од Кавадарци и е починато во домашни услови.• Направени се 3.859 тестови преку: ИЈЗ-267, ЦЈЗ Скопје-64, ЦЈЗ Битола-88, ЦЈЗ Прилеп-33, ЦЈЗ Тетово–43, ЦЈЗ Куманово-53, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1,ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–154,Жан Митрев (Филип Втори)-71, Авицена-165, Биотек-262, Систина-68, лабораторија Лаор-181, Синлаб-23, Ремедика-12, Плодност–80, Генеа-9, Никоб лаб-274, ВФВ Медикал-63, Ели Медика-61, Ројал Медика–31, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб – 5, Жан Митрев Струмица – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.842.Досега во земјата се направени вкупно 1.446.403 тестирањана Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 211.831,бројот на оздравени пациенти е 195.941, на починати е 7.418, а бројот на активни случаи изнесува 8.472.

пред 4 години

107508601-105676

И во „Железници-Транспорт“ се копале криптовалути

На 19.11.2021 инспектори од Единицата за економски криминал при СВР Скопје и полициски службеници од ОВР Аеродром ги лишиле од слобода М.У.(63) и Д.П.(38), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Постапувајќи по пријава примена во 18.30 часот од страна на раководно лице во Железници на РСМ – Транспорт, според која во канцеларија опремена со компјутери, во која биле сместени неколку вработени, забележал поголема потрошувачка на струја, поради што се посомневал во копање на криптовалути, полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки и активности ги привеле двете лица вработени во Сектор информатика во Железници на РСМ, кои ја користеле канцеларијата, при што било извршено и запечатување на просторијата. За случајот е известен и Јавен обвинител, а по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 4 години

romski-protest

(ВИДЕО) Ромски здруженија протестираа против полициската бруталност

Неколку граѓански здруженија се сообраа на протестот во организација на невладината организација „Аваја“, кој е поврзан со случајот во Битола од минатиот септември кога полицаец физички нападна Ром во центарот на градот откако возачот под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа.Со протестот се бара пресудата да стане правосилна, па истиот почна пред Кривичниот суд.Полицискиот службеник е прогласен за виновен и определена му е затворска казна од една година.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Судот во Стразбур бара одговори од Владата за состојбата на Камчев

Европскиот Суд за човекови права во Стразбур одговарил на барањето на одбраната на Орце Камчев и побарал одговори од Владата за нејзиното непостапување, велат од правниот тим на бизнисменот, а во врска со необезбедување на соодветен третман за неговата здравствена состојба.„Најдоцна до 24 ноември, Владата треба да даде информација на Судот во Стразбур за барањето од 29 октомври 2021 за издавање дозвола за влез во КПУ Затвор Скопје на доктор интернист/кардиолог, вешто лице од областа на интерната медицина, за да изврши преглед на г-динот Камчев, испратено до Основниот Суд Скопје. Доколку е применливо, Судот во Стразбур ја бара на увид одлуката, доколку не е одлучено по барањето, Судот ја повикува Владата да го извести за причините зошто истата ја нема“, се наведува во соопштението.Од правниот тим на Камчев, информираат дека медицински белешки потврдени од кардиолози од Македонија како и од кардиолози од Австрија и Словенија укажуваат на тоа дека тој спаѓа во групата на „пациенти со висок ризик од смрт поради кардиоваскуларни проблеми’’ и постои висок ризик со животозагрозувачки последици доколку неговата состојба не е соодветно третирана и следена.Од таму додаваат дека Европскиот суд за човекови права реагира за настанот од 29 октомври годинава, кога одбраната на Камчев се обратила до Кривичниот суд во Скопје со барање за издавање дозвола за влез на кардиолог со цел да изврши детален преглед на Камчев и да даде соодветно мислење за здравствената состојба како и препорака за натамошно лекување.Тие се пожалиле до судот во Стразбур, откако на ваквото барање не добиле никаков одговор ниту одлука.„Судот бара образложение од Владата и за последниот медицински третман на жалителот во врска со неговата срцева состојба. Конкретно, на кој начин и до кој степен националните власти му обезбедиле на Камчев редовен медицински третман од кардиолог и/или медицински прегледи со помош на ехокардиографија и/или коронарографија?Европскиот суд за човекови права согласно со правилото 39 од Правилата на Судот во случајот на г-дин Камчев, а поради причина на флагрантно и континуирано кршење на неговите основни човекови права, е во постапка за изрекување на времена мерка со која на македонските власти треба да им се наложи под итно да извршат медицински преглед од кардиолог и итно ослободување и сместување во домашен притвор поради неговата влошена здравствена состојба“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 4 години

DCMpkxCXoAAdsqi

Новинарка удри по СДСМ Прилеп: Се вивнаа високо во облаци, не креваа телефон на граѓани

Новинарката Моника Талеска од Прилеп, која е поддржувач на СДСМ, на фејсбук напиша дека партијата треба целосно да се дефрагментира!„На површина да дојдат кадри со знаење и вредносен систем, но реален, не декларативен! Неопходни се промени на сите нивоа! Стоп за вработувањата по партиски клуч со роднински и пријателски префикс!Некои од нас борејќи се за вредности во системот, скапо ја платија битката низ годините, (уште кога вие бевте деца) поради идеалите и вербата дека во општеството сепак има вредности! Факт е дека има САМО лукративни интереси!Не смееме да дозволиме како граѓани да бидеме нечија гласачка машина, додека една самонаречена елита си ги остварува своите лични или интереси на гилда!Доволно правевме рејтинзи на други, губејќи го својот интегритет и идентитет!Конкретно Прилеп, има толку квалитетни кадри и млади и возрасни кои никогаш поради културата, поради скрупулите, нивото, поради се што е човечка доблест, не се наметнале туку им биле инструмент на оние кои се покажаа целосно неспособни да се дадат за заедницата, па се даваа само за себе!Време е прилепските реално квалитетни кадри, да дојдат на површина!И доста се критики за опозицијата!Прилеп изгуби! Но, не од опозицијата! Од фактот што лукративната „елита“ си ги остваруваше исклучиво своите интереси и цели, не водејќи сметка за другите!Никој не смее и натму до дозволи да биде толку наивен и натаму да им прави пат на истите, кои обземени од егоизам, еготизам и самобендисаност, заборавија на обичните граѓани! Го апстрахираа целосно она што е реален интерес на заедницата, обземени од мислата дека додека имаат политичка моќ се врв на градот! Никогаш не биле! Оти врв се станува со знаење, со општествен влог, со култура и почит за сите членови, за ветераните кои ја создале партијата, кои многу направиле низ децениите за градот и државата, со почит за сите граѓани на Прилеп, без оглед од која провиниенција доаѓаат!Не смее да се дозволи, поумниот, почесниот да молчи пред оној што е неспоредливо интелектуално послаб, пред оној што само себе си се велича, пред оној што само својот личен интерес си го гледа! Не смее да се дозволи да се биде политички инструменти на поединци кои ама баш ништо не направиле за заедницата, кои немаат никаков личен печат за градот!Не може и не смее никој да ни забрани да ги почитуваме отворено делата на нашите предци! Нашата историја, нашето минато! Не смее никој во Прилеп, да ни каже дека нашите предци не се бореле против фашистите од Бугарија!Први требаше гласот да го кренат таканаречените репрезенти на партијата која некогаш ги негуваше традициите на партизаните од НОБ! Но, што се случи? Сите главата долу! Зошто?И сега, кога по неколку изборни кругови Прилеп бележи пропаст, а граѓаните покажуваат дека СДСМ не е нивен избор, што треба?! СМЕНА!!! Не да продолжат кулоарските местенки, гласишта! Туку отворено да им се испорача сметката на оние, кои си ги штитеа своите интереси! На оние кои не креваа телефон, кога се бараа решенија за обичните граѓани! На оние кои се вивнаа високо во облаци, во илузијата дека се некаква невидена елита, па си обезбедија свои членства во вакви и такви УО и високи надоместоци, додека обичните луге се бореа да преживеат! Неопходна е реална политичка смена! Оставка на раководството! Зашто тоа е доблест на еден политичар! Да си заминеш по поразот! Да имаш достоинство да се соочиш со поразот! Но и да се присетиш, како си се однесувал кога на болните, бедните им требаше помош, а ти се однесуваше како да си недопирлив! Никој не е недопирлив! Овде нема потомци на кралицата Елизабета! Силата и моќта ја црпите од народот! И затоа е време да се вратите таму кај што ви е местото!На градот му требаат квалитетни, чесни и НОВИ кадри!Прилеп е град на херои, на борци, на револуционери!Прилеп не смее да биде град на покорници на една мала група, која со години ја држи партијата заробена, а народот во илузија дека нешто се прави во интерес на граѓаните!Од хипокризија ни е преку глава! Некогаш мислев дека мојата перцепција е нереална! Но, народот ми потврди, а вам ви покажа дека не ви е местото, таму каде што сте се уште!Господа, повелете со оставките! Зачувајте го достоинството барем, ако ја изгубивте за на век вербата кај граѓаните!“, пишува Моника Талеска во својата фејсбук објава.

Коментари | пред 4 години

20122018_filipce_2

Мерките се апел да се подигне вакцинацијата, вели Филипче

Мерките кои ги предлага Комисијата за заразни болести, како советодавно тело на министерот за здравство, се целосно издржани. Целта е да се одржи релативно стабилната епидемиолошка состојба и да се зголеми интересот за вакцинацијата, истакна министерот д-р Венко Филипче во синоќешното гостување во емисијата 360 степени.-Во моментов на некој начин ние сме еден изолиран остров, бидејќи се случува голема „експлозија“ на нови случаи насекаде во регионот. Илјадници новодијагностицирани, стотици случаи на кои им е потребна хоспитализација, стотици смртни слуачи. Овие мерки не ги измисливме ние туку се логичен след на сите превентивни мерки, укажувања, апелот да се подигне опфатот со вакцинацијата, а мерки кои се воведуваат насекаде во Европа - изјави министерот Филипче.Тој појасни дека мерките кои ги предлага Комисијата, комбинирано се користат скоро секаде во Европа. Некои земји имаат слични дури и поригорозни мерки.-Вакви мерки има и во Германија, Австрија, Хрватска, во Грција каде се размислува да се воведе целосна забрана за влез во затворено, без разлика дали е на работно место или не, за невакцинирани. Нема друг начин да го заштитиме здравјето на граѓаните, но и здравствените капацитети. Во моментов и целиот изминат период болниците се полнат со невакцинирани пациенти 70%-80% од хоспитализираните се невакцинирани. Огромен број од колегите веќе имаат „burn-out“ синдром, знаете две години да се работи во ковид центри со таков интензитет не е едноставно. Има луѓе кои заболуваат и од други болести, не може нив да ги оставиме по страна. Не може да издржиме уште долго вака, да затвораме други одделенија, други пациенти да трпат, да им се одложуваат третманите, а ние да се занимаваме само со Ковид - рече Филипче.Министерот објасни дека не станува збор за принудна вакцинација, туку на граѓаните им е оставен избор - или да приложат негативен ПЦР тест кој треба да го платат сами, или да се вакцинираат бесплатно.-Не станува збор за никаква принудна вакцинација како што се обидуваат да ја прикажат. Граѓаните имаат избор да се вакцинираат бесплатно или да приложуваат доказ односно негативен тест, што ќе го платат сами. Јавните институции мора да бидат пример за почитување на препораките на здравствените власти, исто како и здравствените работници кои мора да бидат целосно вакцинирани. Граѓаните кои од медицински причини не смеат да бидат вакцинирани секако нема да бидат присилени на тоа. Така што апсолутно нема присила, напротив има одговорно постапување од страна на Владата - истакна министерот Филипче.Дека вакцините се докажано безбедни, ефикасни и штитат од тешка форма на болеста, Филипче го посочи примерот со Велика Британија и Украина. Во Британија, процентот на вакцинирани е над 70%, а пред два дена имаше 39.000 нови случаи и само 47 починати, Украина истиот ден имаше 12.000 нови случаи и преку 500 починати. Украина има само 20% вакцинирано население, смртноста во оваа земја е 10 пати поголема.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања