ТОП

840px-DECATHLON

Ќе се отвара Декатлон во Македонија

Познатиот трговски ланец, францускиот Декатлон влегува на пазарот во Македонија, објавува порталот SkiMacedonia.Според овој портал, влезот на Декатлон во земјава ќе се реализира преку три фази. Првата фаза вклучува скенирање на пазарот и избор на локации за продавници и таа е веќе започната. Втората фаза ќе биде изградба на објекти. И третата фаза ќе биде отворање на објектот и скенирање на пазарот за проширување на мрежата.Првично планирано е најдоцна за три години компанијата да биде присутна на пазарот во Македонија.

Македонија | пред 4 години

filipce-venko

Што ќе донесат новите мерки, дали тоа е присилна вакцинација

Граѓаните имаат право да не се вакцинираат, но ќе треба еднаш неделно да прават тест на сопствен трошок и на тој начин да докажат дека се негативни на ковид-19, рече министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на Алсат.– Не е точно дека ова е присилна вакцинација. Граѓаните имаат апсолутно право да не се вакцинираат, но ќе мораат еднаш неделно да прават ПЦР тест на сопствен трошок и на тој начин да докажат дека се негативни на коронавирусот. На тој начин знаеме дека здравјето на сите околу не е загрозено. Во понеделник е закажан состанок на главниот координативен кризен штаб, каде што првично се разгледуваат предлозите од Министерството за здравство, а кои доаѓаат преку Комисијата за заразни болести. Во вторник ќе се најде предлог-мерката на владината седница – истакна министерот.

Македонија | пред 4 години

244411575_1145527179305593_5851313207239487698_n

Ѓорче Петров има најголем долг, по неа и Кисела Вода - која скопска општина има најмногу пари на сметка

Општината Ѓорче Петров има најголем долг наследен од претходниот градоначалник, а Кисела Вода е на второто место, споредено со останатите пет најголеми скопски општини, пишува „А1он“.  Аеродром е единствена општина која се пофали дека новиот градоначалник Тимчо Муцунски затекнал полна општинска каса. Градоначалникот Стевчо Јакимовски, одбива да каже колку должи Општина Карпош, а од Бутел не одговорија на прашањата од „А1он“. Дека никаде не должат, посочија од Општина Гази Баба. Заедничко за сите нови градоначалници е што ќе бараат или веќе чекаат резултати од спроведена ревизија, за едни да утврдат како е настанат долгот, а други да проверат дали имало злоупотреби на општинскиот буџет.Над 4 милиони евра за фактури и кредити ќе треба да врати Општина Ѓорче Петров. Споредено со податоците доставени од другите скопски општини, ова е најзадолжената. Над 177 илјади евра од долгот се за фактури по договори за набавка, а останатиот дел е за кредити кои се исплаќаат или нивната исплата треба да започне од идната година.Претходниот градоначалник на општината, Александар Наумоски, не одговори на повиците од „А1он“ за тоа, каква била состојбата со сметката пред четири години, како и, за што се трошени парите кои сега се должат.Повеќе на „А1он“.

Скопје | пред 4 години

257921227_401343111643935_8416736335377228259_n

Млад актер од Скопје почина од срцев удар, фелата во тага се простува од него

Од мозочен удар почина актерот Хајрула Рамизи од Скопје. Тој почина вчера на 37 години, а трагичната вест ја објавија од Албанскиот театар од Скопје и од Тетово.Рамизи има студирано на Факултетот за драмски уметности, а своите почетоци ги почнал во индустријата за филм на „Разно екипа“ во The War Is Over како асистент на режисерот.Имал работено и во Албанскиот народен театар во Скопје како актер, каде што играл во голем број претстави. Во 2010 година свирел во „4 часа“, а во 2011 година се појавил во „Панкот не е мртов“, филм на Владимир Блажевски, играјќи го Бесим како млад талентиран музичар.

Магазин | пред 4 години

258852994_4931585283519501_4008443116976437005_n

Новогодишното украсување на Струга ќе е „скромно“

На седница на Советот се изгласа дека Општина Струга нема да употреби финансиски средства од сопствениот буџет околу предновогодишното украсување на градот како и за дочекот на новогодишната ноќ.„Декорација на градот ќе се изврши во централното градско подрачје, скромно и ќе биде изведено од ЈП Комунално, Струга. Ваквата одлука е донесена со оглед на кризната состојба во енергетскиот сектор. Тие средства ќе бидат пренаменети за потребите на јавните претпријатија кои се во интерес на граѓаните.Забавата за деца како и секоја година ќе продолжи со прошетка на Дедо Мраз низ градот. Oваа година ќе се поделат награди и подароци, доделување на штедна книшка во износ од 15.000 денари за три прво роденчиња во Општина Струга“, велат од општината.

Македонија | пред 4 години

vakcina-kovid-fajzer

Полска ни донираше 200.070 вакцини Фaјзер

Министерот за здравство преку социјалните мрежи се заблагодари на Република Полска за донацијата на вакцини.„Голема благодарност до полскиот народ, Република Полска за оваа значајна донација од 200.070 вакцини од производителот Фајзер. Пријателска помош и меѓународната соработка се клучни во борбата со Ковид 19. Денеска на средбата со првата дама на Република Полска г-ѓа Агата Корнхаузер-Дуда, првата дама на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, упативме порака до сите за важноста и ефикасноста на вакцините. Ги охрабруваме граѓаните да се вакцинираат и да спречат повторно да се соочиме со голем број заболени“, стои во објавата

Македонија | пред 4 години

258774066_935956863688598_7039561281214444648_n

60 луѓе останаа без работа во Општина Бутел

Градоначалник на Бутел, Дарко Костовски, на Фејсбук објави дека ја одобрил одлуката за отпуштање на 60 луѓе, бидејќи 30 од нив со години не оделе на работа, некои одат од време на време, а некои други биле редовни, но немаат обврски за работа.Додава дека сите овие луѓе се вработени на одредено време, и во сабота им истекува договорот.„Почитувани граѓани на Општина Бутел,Од понеделник шеесет вработени лица во Општина Бутел повеќе нема да бидат во работен однос, голем дел од овие вработени, поточно триесетина лица воопшто се немаат појавено на своето работно место со години, дел се појавувале повремено, додека пак дел биле редовни но немале буквално никакви работни задачи. Секако за ова доказ е системот за евиденција на работно време.Без никаква етничка, верска или политичка разлика, по моја добра анализа еден мал дел имале конкретни работни задачи при што увидов дека истите лица имаат желба за работа и токму затоа договорите за работен однос ќе им бидат продолжени.За да појаснам станува збор за вработени лица со договор за работа на определено време, договорот на овие лица официјално завршува утре на 20.11.2021 година.Општина Бутел не смее да биде заложник на вакви нити пак слични ситуации во иднина, потрошени се премногу средства сосема непотребно, средства со кои можело да се направат голем број проекти за добро на граѓаните.Општинската администрација мора да биде високо професионална, и ниту еден вработен не смее да остане без работни обврски“, стои во објавата.

Скопје | пред 4 години

zaev

Заев фрапиран од карпошани

На денешната прес конференција, првиот човек на СДСМ, Зоран Заев изрази чудење за изборот на граѓаните за градоначалник на Карпош.„Почит кон секој човек, но не можам да сфатам што се случи во Карпош, таму живее интелигенцијата“, истакна Заев по средбата со Гаши.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-08-19-at-11.04.38

Познато кога СДСМ ќе пресече кој ќе биде нов претседател на партијата

По завршувањето на средбата со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, премиерот Зоран Заев најави дека во вторник ќе го свика Централниот одбор на СДСМ за да му биде ефектуирана оставката и со тоа да почне постапката за избор на нов претседател на партијата и мандатар на владата.– Димитар Ковачевски е актуелен заменик-министер за финансии. Тој е член на Извршниот одбор, член на раководството на СДСМ. И денеска е во тоа својство овде. Секако тој е и претседател на Комисијата за финансии, член и на штабовите на СДСМ и еден од моите први соработници. А СДСМ ќе си одлучи преку членството по пат на непосредни избори кој ќе биде следниот претседател на СДСМ – рече Заев.

Македонија | пред 4 години

Boki-13-1

Дуковски: Се плашат од пораките во телефонот на Боки 13, некој дебело ќе одговара

Боки 13 денеска во Кривичниот суд рече дека дел од информациите кои ги имало во неговиот телефон, ги нема во дискот што го добил од МВР. Адвокатот Сашко Дуковски рече дека поединци се плашат од пораките кои ги имал Боки 13 во неговиот телефон.„Доколку се докажат нашите тврдења, некој дебело ќе одговара од таму. Судот тука воопшто можеби не е виновен затоа што судот изиграва еден вид трансмисија и тоа е обезбедено од страна на МВР. Но, внимавајте, цел фолдер, се работи за илјадници, некаде околу 200.000 пораки на „Whatsapp“. Тие се избришани од хард дискот. Ги нема. Каде се тие?“, вели Дуковски.

Македонија | пред 4 години

gtc-dukandzii-750x430-1

(ВИДЕО) Директорот на ГТЦ се обиде да ги спречи новинарите да ги снимаат незадоволните дуќанџии

Директорот на Градскиот трговски центар (ГТЦ), Ѓоко Трајчевски, денеска им забранил на новинарите да ги снимаат незадоволните дуќанџии кои бараат одговори за скандалот со лабораторијата за копање криптовалути во подрумските простории на објектот, објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.Тој на Фејсбук објави видео на кое се гледа како групата дуќанџии влегува во расправија со обезбедувањето на ГТЦ.„Ѓоко Трајчевски, директор на ГТЦ, веројатно соучесник во копањето на милионски суми биткоини на државна струја, забранил новинарите да ги снимаат незадоволните дуќанџии кои бараат одговори за скандалот со риг-фармата на советникот од листата на СДСМ, Габриел Бајрам. Истовремено, директорот на ГТЦ лаже. ЕВН носи струја до главната трафостаница, а самиот ГТЦ ја носи струјата до магацинот на Габриел Бајрам и до дуќанџиите“, напиша Милошоски на Фејсбук.

пред 4 години

20211119155432

Дуда лично ќе се заложи за решавање на прашањето со Бугарија

Полскиот претседател Анджеј Дуда вели дека ако Софија не дозволи почеток на преговорите, тој лично ќе се заложи за решавање на прашањето.Дуда се надева дека новата бугарска власт ќе биде конструктивна во однос на нашата земја.„Во овој момент би сакал да кажам дека Полска ја дава безрезервната поддршка на Република Северна Македонија за влез во ЕУ и овде би сакал јавно да изјавам дека доколку Република Бугарија и понатаму реагира неконструктивно односно каже НЕ за влезот на Северна Македонија, јас лично ќе истапам и ќе се залагам за изготвување на некој патоказ односно документ којшто ќе послужи на РСМ полесно да се справи со ова прашање во влез во ЕУ“, рече Дуда.Тој имаше заедничката прес конференција во Скопје со неговиот домаќин, претседателот Стево Пендаровски.

Македонија | пред 4 години

levica

Левица бара Владата да не ги изгласа најавените мерки

Како политичка партија која сериозно го сфаќа прашањето на јавното здравство и пандемијата предизвикана од коронавирусот, која на бројни наши сограѓани им го одзеде животот, сметаме дека е исклучително важно во оваа криза да се постапува внимателно и, пред сè, хумано. Земајќи ги во предвид новонастанатите околности во кои Владата целосно го има изгубено кредибилитетот и е ставена под заложништво на „зелениот“ коалиционен партнер ДУИ, Левица е повикана да делува не само во насока на опозициона критика на власта, туку и како коректор на истата, вели Левица.Како партија чии што двајца пратеници избраа да се вакцинираат, Левица посочува дека вакцинацијата против коронавирусот е безбедна и ги намалува шансите за тешка клиничка слика, хоспитализација и смрт, па поаѓајќи од таму, ние ги повикуваме сите оние кои го немаат прележано вирусот, да се вакцинираат. Не поради рестриктивните мерки, туку поради заштита на сопственото здравје.Од друга страна, во однос на најавените мерки од страна на Комисијата за заразни болести, Левица не може да остане нема на низата нелогичности, противречности и празни обвинувања насочени кон народот. Во таа насока, ја приложуваме следнава аргументација за утврдување на вината и на тоа кој треба да биде казнет, уредена во неколку точки:1. Вината за ниската заинтересираност за вакцинација против коронавирусот лежи единствено во Владата, а не во народот. Неморално е народот да биде казнет за грешките на една Влада, која во претходните 20 месеци најде за сходно да организира парламентарни и локални избори, организираше попис во кој испрати попишувач до сечиј дом, а во ниту еден момент не се заинтересира да разговара со граѓаните и да ги информира за предностите на вакцините и нивната безбедност.2. Вината за високата смртност и големиот број на хоспитализирани случаи повторно лежи единствено во Владата, а не во невакцинираните. Тргнувајќи од аерозагадувањето, кое како нација нè прави посклони на болести, преку лошото управување со самата криза, пред и за време на вакцините, до доцната набавка на вакцини проследена со бројни скандали, вперувањето на прстот во невакцинираните делува на обид да се апсолвира власта од сопствената вина.3. Незаинтересираноста и послушноста на нашата Влада, која робува на империјалните интереси надвор, и бизнис интересите во државата, ја влоши до таму ситуацијата, да денес единствениот спас го гледаме во што помасовна вакцинација. Одбивајќи да ја согледа засебноста на околностите на секоја една држава, Владата безидејно спроведуваше мерки одевропски држави, кои самите не се справија добро со кризата, туку се потпреа на своите поразвиени здравствени системи. Притоа, како примери во ниту еден случај не беа земени НР Кина, Австралија и Нов Зеланд, кои со таргетирани карантини спасија безброј животи.4. Вината за ниската доверба во здравствениот систем повторно лежи единствено во Владата и во министерот Венко Филипче, чие име и пред пандемијата се поврзуваше со низа скандали поврзани со вакцини, а денес е и познат како човекот што не превзема одговорност за 14 смртни случаи во изгорената модуларна болница во Тетово. Додека Венко Филипче е на чело на Министерството за здравство, довербата во здравствениот систем само ќе тоне.По согледувањето дека вината лежи единствено во Владата, а не во народот и не во невакцинираното население, ја приложуваме следната аргументација за противречноста на мерките сами по себе, во неколку точки:1. Условот да се приложува ПЦР тест на свој трошок на секои 72 часа воведува класна дискриминација, со тоа што на посиромашните, кои работат за минималец или за 300 евра плата, комплетно им ја одзема слободата да изберат да не бидат вакцинирани, додека на оние кои земаат повисоки плати слободата да изберат да не бидат вакцинирани не им е одземена.2. Статистиката покажува, а и експертите се сложуваат, дека прележаните од коронавирусот имаат повисока заштита и од лицата со примена трета доза вакцина. Барањето овие лица да се вакцинираат после 45 ден од прележувањето е несовесно и непланско трошење на вакцините.3. Различниот третман за вакцинираните т.е. дозволата со сертификат за вакцинација да можеш да се однесуваш речиси исто како пред пандемијата, сериозно го загрозува животот на постарите и на лицата кои патат од хронични болести. Јасно е дека вакцината ги намалува шансите вакцинираниот да заврши со тешка слика, но до кој степен и дали доволно ги намалува шансите да вакцинираниот го пренесе вирусот на друг е уште непознато. Со тоа станува јасно дека претходните мерки, иако го зголемија интересот за вакцинација, допринесоа и до посериозно ширење на пандемијата.4. Мерки, кои само формално се носат, а во пракса не се спроведуваат, уште повеќе ја влошуваат ситуацијата со пандемијата во Македонија. Сведочејќи го високиот процент на употреба на лажни сертификати, повторни ни станува јасно дека претходните мерки, кои иако го зголемија интересот за вакцинација, допринесоа и до посериозно ширење на пандемијата.Бараме од Владата да ги повлече досегашните рестриктивни мерки и да не ги изгласа најавените мерки од Комисијата за заразни болести, туку по терк на спроведување на пописот, да спроведе масовна едукација и кампања за информирање и подигање на свеста на народот за вакцинацијата. Истовремено, бараме од Владата да ја прифати оставката на Венко Филипче, како соодветна казна за некомпетентното управување со кризата од негова страна.Дополнително, нашите пратеници наредна недела ќе побараат, итно и неодложно, да биде ставена точка на дневен ред предлог – Резолуцијата за правните и моралните аспекти на ковид-вакцинацијата, поднесена од Левица во септември, а која претседателот Талат Џафери самоволно ја чува во фиока.

Македонија | пред 4 години

klinika-brza-pomos

11 лица го загубија животот, 444 новозаразени од корона

Направени се 2.938 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 190, Битола – 43, Прилеп – 27, Кавадарци – 19, Кочани – 16, Велес и Струмица – по 15, Охрид и Берово – по 13, Ресен – 11, Куманово и Штип – по 10, Тетово, Кичево, Гевгелија и Делчево – по 6, Крива Паланка и Кратово – по 5, Валандово – 4, Неготино, Свети Николе, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3, Радовиш и Пробиштип – по 2, Гостивар, Струга, Дебар, Виница и Пехчево – по 1.· Регистрирани сe 467 оздравени пациенти од: Скопје – 193, Куманово – 34, Битола – 26, Тетово – 24, Штип – 23, Кавадарци – 21, Прилеп – 19, Кочани – 18, Велес – 13, Делчево, Крива Паланка и Неготино – по 11, Гевгелија – 9, Струмица – 8, Свети Николе и Радовиш – по 6, Берово и Пробиштип – по 5, Ресен, Кичево и Кратово – по 4, Демир Хисар и Виница – по 3, Демир Капија – 2, Охрид, Богданци, Крушево и Дојран – по 1.· Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: 3 починати лица од Скопје (67г, 75г и 79г) и по едно починато лице од Битола (53г), Велес (59г), Кавадарци (81г), Крушево (84г), Прилеп (66г), Пробиштип (73г), Радовиш (72г) и Штип (78г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 5 починати лица со датум на смрт од 09.11.2021 до 16.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Тетово(1), Струмица(1) и Битола (1). Починатите лица се на возраст од 65-80г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.· Направени се 2.938 тестови преку: ИЈЗ-239, ЦЈЗ Скопје-58, ЦЈЗ Битола-67, ЦЈЗ Прилеп-28, ЦЈЗ Тетово–50, ЦЈЗ Куманово-49, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-4, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-17, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–187, Жан Митрев (Филип Втори)-56, Авицена-96, Биотек-149, Систина-68, лабораторија Лаор-97, Синлаб-7, Ремедика-17, Плодност–41, Генеа-2, Никоб лаб-252, ВФВ Медикал-33, Ели Медика-42, Ројал Медика–15, Спектра-ММ-10, Рапид Лаб – 2, Жан Митрев Струмица – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.352.Досега во земјата се направени вкупно 1.442.544 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 211.382, бројот на оздравени пациенти е 195.624, на починати е 7.406, а бројот на активни случаи изнесува 8.352.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 92334, активни 3796Куманово 12719, активни 297Тетово 11257, активни 174Прилеп 9967, активни 430Битола 8279, активни 682Гостивар 8055, активни 47Велес 7178, активни 369Кавадарци 6743, активни 321Штип 6470, активни 216Охрид 6328, активни 255Струмица 6009, активни 128Кичево 4201, активни 95Струга 3878, активни 56Кочани 3886, активни 230Гевгелија 2720, активни 149Неготино 2520, активни 87Свети Николе 2080, активни 68Крива Паланка 1832, активни 151Радовиш 1687, активни 76Ресен 1678, активни 90Дебар 1454, активни 1Берово 1355, активни 70Делчево 1313, активни 120Виница 1135, активни 46Пробиштип 1099, активни 47Валандово 892, активни 32Кратово 739, активни 78Богданци 626, активни 35Демир Хисар 578, активни 89Крушево 574, активни 25Македонски Брод 484, активни 5Демир Капија 419, активни 8Македонска Каменица 393, активни 60Пехчево 341, активни 15Дојран 159, активни 4

пред 4 години

maksim-dimitrievskio

Максим му даде „корпа“ на СДСМ

Никој не може да ме враќа во партија од која никогаш немам излезено и согласно статутот на мојата СДСМ сѐ уште сум член и воедно со нетрпение ја очекувам седницата на ЦО на која ќе разговараме и за мојот статус, но и за погубните политики на дел од раководството кои не доведоа во оваа состојба, напиша на Фејсбук градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, како реакција на изјавата на генералниот секретар Љупчо Николовски дека СДСМ ќе се обиде да го врати Димитриевски во партијата.– На СДСМ му се неопходни радикални промени и трансформации по вертикала и хоризонтала и начинот на практикување на власта, елиминација на лукративно – клиентелистичкиот пристап кои треба да бидат заменети со вистински државотворни политики базирани на идеологија во кои граѓанскиот ќе биде пред партиско – личниот интерес.Ние власта од граѓаните ја добивме за да бидеме различни, а не исти или слични со претходните. Очекувам реализација на најавените оставки и кадровски смени во владата, но и во партијата бидејќи едно од нашите начела беше и дека „зборот е збор“.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања