ТОП

osmani-redzepi

Бујар си седна со „исчезнатиот“ пратеник, да го информира за интеграциите во ЕУ

Пратеникот Кастриот Реџепи денеска, на негова иницијатива, бил на брифинг кај министерот за надворешни работи, Бујар Османи на кој се информирал за процесот на ЕУ интеграциите на Македонија.На иницијатива на пратеникот Кастриот Реџепи, за подлабоко и пошироко запознавање со процесот на европски интеграции, утрински брифинг во МНР на која информирав за последните состојби во надворешната политика, објави министерот Османи.Покрај актуелните севкупните состојби, информирав и за впечатоците и пораките добиени од последната посета на Брисел, како и за пораките со кои изминатава недела во Скопје пристигнаа премиерот на Холандија, Марк Руте, како и новиот сојузен министер за европски и меѓународни работи на Австрија, Михаел Линхарт.Очигледна е зголемената политичка активност до страна на голем број меѓународни пријатели, кои се насочени во создавање нова иницијатива со која би се одблокирал процесот на проширување на Европската Унија, вели Османи.

Македонија | пред 4 години

koronavirus-korona-kovid-test

„ЕМА“ го испитува новиот лек против Ковид-19

Европската агенција за лекови проценува дали лекот „Xevudy“, кој спречува потешки форми на Ковид-19, може да биде одобрен во Европската Унија.„ЕМА ќе ги процени придобивките и ризиците од лекот на краток рок и може да даде мислење во рок од два месеци“, се вели во соопштението од оваа организација.Лекот развиен од фармацевтските компании „GlaxoSmithKline“ и „Vir Biotechnology“, треба да ги спречи потешките форми на болеста и потребата од хоспитализација кај пациенти со Ковид-19.Лекот е наменет за третман на возрасни и тинејџери кои се изложени на зголемен ризик од тешки форми на Ковид-19, пред вклучувањето на терапија со кислород.Третманот се заснова на терапија со моноклонални антитела со користење на тип на протеин кој се врзува за коронавирусот и ја намалува неговата способност да навлезе во клетката на човечкото тело.

пред 4 години

w_56097563

Што ќе донесат новите ковид-мерки?

Во очекување Владата да се произнесе за предлогот на Комисијата за заразни болести за заострување на мерките против КОВИД-19 и зголемување на опфатот на имунизација, Министерството за здравство информира дека заклучно со вчера, вкупно се вакцинирани 818.689, а ревакцинирани се 787.837 граѓани. Трета доза примиле 59.735 граѓани.Вакцинирано е 39 отсто од целокупното население во земјава, а 38 отсто примилe две дози.Опфатот со вакцинација со една доза на полнолетната популација е 58 отсто, а со две дози 48 проценти.Две дози примиле 57 отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.Инаку, со новите предлог-мерки се предвидува вработените во јавните институции задолжително да прикажат потврда за примена најмалку една вакцина, ПЦР негативен тест, потврда за прележан ковид не постар од 45 дена или потврда од лекар специјалист дека не можат да ја примат вакцината. Се прдлага и задолжителна вакцинација на сите здраствени работници.Од МОН потврдија дека овие мерки препорачани за јавниот сектор ќе важат и за вработените во образованието.-За вработените во образованието ќе важи истата мерка што е предложена од Комисијата за заразни болести за јавниот сектор – да бидат вакцинирани најмалку со една доза, да имаат негативен ПЦР-тест, потврда за прележан ковид или потврда дека не смеат да примат вакцина, изјави советникот во Министерството за образование и наука, ДушанТомшиќ.Комисијата за заразни болести предлага овие мерки да стапат во сила десет дена откако ќе ги усвои Владата.Со цел заштита од коронавирусот, во земјите од регионот се најавува и четврта доза вакцина. Епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ изјави дека во Србија на пролет најверојатно ќе се препорача и четврта доза, а самата имунизација против корона вирусот во иднина може да се прави двапати годишно.-Делта плус сојот почнува да има негативни ефекти во Европа, бројот на заразени се зголемува, а имаме примери на земји кои беа релативно мирни, како Холандија и Данска, да имаат зголемување на бројот на новозаразени. И Германците се во проблем, кажа Тиодоровиќ.Очекува во Србија да продолжи да се намалува бројот на новозаболени, но посочи дека од граѓаните зависи дали тоа ќе се случи и дека медицинскиот дел од Кризниот штаб се уште е за воведување на целодневни ковид пропусници и дека ќе инсистира на тоа.Во меѓувреме, Европа е лидер во светот според бројот на инфицирани и смртни случаи од Ковид-19, соопшти вчера Светската здравствена организација (СЗО).Ова доаѓа откако бројот на смртни случаи од минатата недела се зголеми за пет отсто и со тоа Стариот континент стана единствениот регион во светот со зголемување на смртните случаи од Ковид-19.

Македонија | пред 4 години

nikolovski

(ВИДЕО) Николовски заминува заедно со Заев

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, вечерва во емисијата „21Анализа“ потврди дека кога ќе се ефектуира оставката на Зоран Заев, дека и тој заминува од функцијата во партијата.„Кога претседателот ќе даде оставка, целото раководството е во оставка и тоа не е најважно. Најважно во моментов е демократското мнозинство во парламентот, и да не се вратиме во време на страв и на реваншизам против кое се боревме“, рече Николовски во гостувањето на ТВ21.

Македонија | пред 4 години

vmro-dpmne-sediste1

ВМРО-ДПМНЕ ќе бира претседател во декември

На 12 декември во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ во Скопје ќе одржи редовен паркиски конгрес на кој ќе се трасира патот за идното делување и политиките на партијата, соопшти вечерва членот на Извршниот комитет (ИК), Драган Ковачки.Датумот за конгресот е утврден вечерва на седницата на ИК која се одржува во партиското седиште, а на него ќе се избира и лидер со оглед дека мандатот на Христијан Мицкоски истекува.„Очекуваме претседателот да биде кандидат на претстојниот конгрес согласно резултатите кои ги покажавме на последните локални избори“, рече Ковачки.

Македонија | пред 4 години

vasko-kovacevski-1

Како работеше во овие 20 дена РЕК Битола? На воздух, на вода, прашува Ковачевски

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, во разговор за ТВ21 ги демантираше обвинувањата искажани пред 20 дена дека во РЕК Битола имало јаглен за само два дена и праша како тогаш работи РЕК Битола?„Во државата располагаме со 1450 мегавати инсталирана моќ на сите државни капацитети. Во моментов располагаме некаде со 1200 мегавати, вкупни капацитети. Во изминатите 10-12 години изграден и пуштен само ветерниот парк во Богданци со 36 мегавати. Владата тогаш и тогашните раководства на ЕЛЕМ, сега ЕСМ вложиле во енергетиката само 36 мегавати.Кога го превземавме ЕЛЕМ, сега ЕСМ немаше развојни студии да се изградат капацитети. За само две години пуштена 30 мегавати гасната електрана во Скопје, за скоро ќе се пушти 10 мегавати фотоволтаици во Осломеј, и 100 мегавати по јавно приватно приватноста. За само две години имаме 140 мегавати.Опозицијата може да обвинува колку сака. Обвинуваа пред 20 дена дека има јаглен во РЕК Битола само за два дена. Треба да ги прашате зошто шират лаги и ја заплашуваат јавноста. Како работеше во овие 20 дена РЕК Битола? На воздух, на вода? – вели Ковачевски.

Македонија | пред 4 години

maksim-dimitrievski-43

СДСМ ќе се обиде да го врати Максим Димитриевски во партијата

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во вечерашното гостување во емисијата „21 Анализа“ на ТВ21 најави дека партијата ќе се обиде да го врати Максим Димитриевски во своите редови.„СДСМ ќе влезе во постапка во која верувам на база на сите дискусии кои сме ги имале после изборите ќе извлече поуки, ќе донесе многу одлуки.  СДСМ ќе направи се преку сите процеси и промени што ги прави, и верувам дека и овој предизвик пред кој се наоѓаме ќе го решаваме сите заедно и дека обединети, со многу промени и детектирани слабости и отстранување на истите, ќе биде партија која ќе биде целосно подготвена за следните предизвици“, рече Николовски.На дополнително прашање од водителот, „да резимирам, ќе се обидете да го вратите Максим?“, Николовски одговори:„Ќе се обидеме да направиме сè, да“.

Македонија | пред 4 години

zaev

Заев утре на средба со Гаши, ќе го придружуваат новиот мандатар и новиот лидер на СДСМ

Премиерот Зоран Заев утре на средбата со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, нема да дојде сам, туку ќе се појави со новиот мандатар и веројатно новиот лидер на СДСМ, објави ТВ21 повикувајќи се на високи партиски извори.Средбата ќе се одржи во 15:30 часот во Клубот на пратеници, а се очекува Заев и Гаши да разговараат за тоа дали четирите пратеници од Алтернатива ќе станат дел од парламентарното мнозинство.

Македонија | пред 4 години

mile-janakieski

Русковска ќе бара нов притвор за Јанакиески, оти постои опасност од бегство

Ќе бараме притвор за Миле Јанакиески, бидејќи постои опасност од бегство, изјавила за Телма обвинителката Вилма Русковска откако денеска Апелација му го укина куќниот притвор на поранешниот министер за транспорт и врски и му изрече нова мерка на претпазливост.Од Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција потврдиле дека по укинувањето на домашниот притвор за предметот „ТНТ“, ќе бараат нов притвор за случајот „Организатори на крвавиот четврток“.Русковска во изјава за Телма рекла дека сè уште не е информирана за одлуката на Апелација, но дека сега ќе мора да интервенира со ново барање за притвор поради опасност од бегство.

Македонија | пред 4 години

mecka-2

Мечка влечела гостиварец за нога

Повреден е човек на возраст од 55 години во гостиварското село Бродец, пишува локалниот портал Гостивар Прес. Мечката се нафрлила врз човекот, го фатила за нога и го влечела, а се спасил благодарение на овчарски кучиња.На нападнатиот му била укажана лекарска помош, пишува Гостивар Прес.

Македонија | пред 4 години

PRSM-Pendarovski-DiePresse

Пендаровски со реакција за изјавата на Мицкоски кој за него рече дека е „исчезнат“

Откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го обвини шефот на државата Стево Пендаровски дека е „исчезнат“, и дека само по нарачка него го критикува, тој ја искоментира оваа изјава.Вели дека Македонија е парламентарна демократија, а не претседателски систем.„Интересна е неговата изјава дека сум исчезнат, за него не бев исчезнат додека се обидуваше да направи парламентарно мнозинство од 61 пратеник. Одеднаш, според него исчезнувам откога му пропадна обидот да направи мнозинство од 61 пратеник”, рече Пендаровски.

Македонија | пред 4 години

15102021_PVRSM_Zaev_poseta_TEC_Oslomej-3

Заев: Нема да има предвремени парламентарни избори

Според она што денес го кажа премиерот Зоран Заев, скоро нема да имаме избори.„Имаме стабилно парламентарно мнозинство, очекуваме и зголемување на мнозинството, не очекуваме предвремени парламентарни избори, напротив – до редовните избори во јуни 2024 година Владата ќе се посвети на силен развој на економијата“, рече Заев.

Македонија | пред 4 години

zena-noz

Малолетник ранет со нож од соученичка

Ученичка вчера во Куманово со нож ранила свој соученик.Во СВР Куманово вчера во 16.30 часот е пријавено дека во болницата во Куманово со повреди од остар предмет е однесен малолетник од Куманово. По преземени мерки е утврдено дека тој е повреден во средно училиште од малолетна ученичка во училиштето. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

w_56674000

17 починати лица од Ковид-19

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени 2.911 тестирања, а регистрирани се 493 нови случаи на Ковид-19:Скопје – 200, Битола – 53, Куманово, Велес и Прилеп – по 23, Кавадарци – 20, Кочани – 19, Штип – 17, Тетово – 13, Делчево – 12, Гевгелија и Неготино – по 10, Демир Хисар – 8, Струмица – 7, Берово и Богданци – по 6, Гостивар, Охрид и Крива Паланка – по 5, Радовиш и Ресен – по 4, Пробиштип, Валандово и Кратово – по 3, Кичево, Струга, Виница и Македонска Каменица – по 2, Свети Николе, Македонски Брод и Пехчево – по 1 лице.Регистрирани сe 532 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 232, Битола – 44, Кавадарци -29, Кочани – 23, Велес – 22, Прилеп – 20, Тетово – 16, Куманово – 15, Крива Паланка – 14, Ресен – 12, Штип и Делчево – по 10, Охрид, Гевгелија и Берово – по 8, Гостивар и Радовиш – по 7, Кичево, Неготино и Пробиштип – по 6, Свети Николе и Демир Хисар – по 5, Валандово – 4, Струга и Дебар – по 3, Виница, Кратово, Богданци и Пехчево – по 2, Дојран – 1 лице.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 17 починати лица: 4 од Куманово (62, 64, 78 и 93), 3 од Прилеп (73, 76 и 79), по 2 од Скопје (72 и 91), Велес (76 и 80) и Кавадарци (57 и 71) и по едно починато лице од Битола (78), Делчево (41), Крива Паланка (79) и Ресен (71). Од пријавените лица, шеснаесет се починати во болнички услови, а едно во домашни услови.Дополнително, во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се 6 починати лица со датум на смрт од 28.10.2021 до 5.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (4), Велес (1) и Прилеп (1). Починатите лица се на возраст од 43 до 97 години, од кои 4 лица се починати во домашни услови, а 2 во болнички услови.Направени се 2.911 теста преку: ИЈЗ – 302, ЦЈЗ Скопје – 59, ЦЈЗ Битола – 71, ЦЈЗ Прилеп – 39, ЦЈЗ Тетово – 61, ЦЈЗ Куманово – 50, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 11, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 159, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 56, „Авицена“ – 106, „Биотек“ – 132, „Систина“ – 46, лабораторија „Лаор“ – 80, „Синлаб“ – 14, „Ремедика“ – 16, „Плодност“ – 53, „Генеа“ – 7, „Никоб лаб“ – 204, „ВФВ медикал“ – 26, „Ели медика“ – 25, „Ројал медика“ – 8, „Спектра-ММ“ – 10, „Рапид Лаб“ – 1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.375.Досега во земјата се направени вкупно 1.439.606 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 210.938, бројот на оздравени пациенти е 195.157, на починати е 7.390, а бројот на активни случаи изнесува 8.391.Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:Скопје 92.144, активни 3.804Куманово 12.709, активни 321Тетово 11.251, активни 193Прилеп 9.940, активни 423Битола 8.236, активни 667Гостивар 8.054, активни 46Велес 7.163, активни 368Кавадарци 6.724, активни 324Штип 6.460, активни 230Охрид 6.315, активни 243Струмица 5.994, активни 122Кичево 4.195, активни 93Струга 3.877, активни 55Кочани 3.870, активни 232Гевгелија 2.714, активни 152Неготино 2.517, активни 95Свети Николе 2.077, активни 71Крива Паланка 1.827, активни 157Радовиш 1.685, активни 81Ресен 1.667, активни 83Дебар 1.453, активни 0Берово 1.342, активни 62Делчево 1.307, активни 125Виница 1.134, активни 48Пробиштип 1.097, активни 51Валандово 888, активни 28Кратово 734, активни 77Богданци 623, активни 33Демир Хисар 575, активни 89Крушево 574, активни 27Македонски Брод 484, активни 5Демир Капија 419, активни 10Македонска Каменица 390, активни 57Пехчево 340, активни 14Дојран 159, активни 5

Македонија | пред 4 години

filipce-4

Неточна е изјавата на Филипче дека сме барале задолжителна вакцинација за приватниот сектор, реагира Сојузот на стопански комори

Вчерашната изјава на министерот за здравство Венко Филипче дека Сојузот барал да се воведе задолжителна вакцинација и за вработените во приватниот сектор е целосно неточна и ја демантираме во целост, се наведува во денешната реакција од Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).„Ниту од наша страна е испратено писмо на кое тој се повикува, ниту такво нешто сме барале од Министерството, бидејќи нашиот став е дека правото на вакцинација која не е задолжителна, е лично право на избор и истото не треба да се ограничува. Сметаме дека многу подобар ефект наместо со репресивни, ќе се постигне со стимулирачки мерки и навремено обезбедување на повеќе видови на вакцини и релевантни информации за нивната безбедност“, стои во соопштението.Во него се додава дека Сојузот на стопански комори уште од почетокот на пандемијата дава активен придонес преку постојано следење на мерките и доставување на свои конструктивни предлози и мислења во насока на нивно унапредување, со цел заштита на здравјето и намалување на штетните последици врз економијата.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања