ТОП

DSC_0683

Трагедија: Почина млада девојка од Велешко последица на корона

23-годишна девојка почина ноќеска од последиците на ковид-19 во болницата во Велес. Таа е велешкото село Иванковци, во модуларната болница била донесена на 23 октомври, а на 28 октомври е регистрирано дека е позитивна на коронавирусот.„Пациентката која беше хоспитализирана седум дена, имаше коморбидитети, церебрална парализа, неподвижна со параплегија и епилепсија. Пациентката не е вакцинирана“, соопшти Велешката болница за СДК.мк.

пред 4 години

guguceska-1

Објавено како тече гласањето ден пред изборите: 5.588 гласаат дома, 376 во карантин, 1.409 во затвор

376 лица кои се во карантин ќе гласаат во вториот круг на локалните избори, соопшти Државната изборна комисија. 1598 набљудувачи од кои 368 странски ќе го набљудуваат процесот на гласање во текот на утрешниот ден.„Право на глас на локалните избори се 1.353.990 гласачи. Своето право на глас ден пред изборите можат да го остварат 7.645 гласачи. На местата во 14 казнено-поправни установи своето право на глас можат да го остварат 1.409 гласачи“, кажа ДИК.До сега, гласањето во застворите тече без проблеми. Во своите домови гласачкото право ќе го остварат 5.588 граѓани кои се пријавиле.

Македонија | пред 4 години

DSC_0718

Дрога, сообраќајки, лица со тешки повреди, мигранти - полицијата постапувала во десетина случаи

На 29.10.2021 во 19,00 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода А.Н.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 30.10.2021 во 00,40 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Кисела Вода го лишиле од слобода Ј.П.(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 30.10.2021 во 00,30 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода Д.Д.(25) од Неготино затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 28.10.2021 во 22,35 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, од полициски службеници од ОВР-Кичево бил лишен од слобода Д.П.(23) од Кичево кој бил со патничко моторно возило „киа пиканто“ со охридски регистарски ознаки, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 29.10.2021 во 09,25 часот било пријавено дека во Кочани, на крстосница со кружен тек од ул.„Т.Паунов“ и ул.„Македонска“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „тојота“ со кочански регистарски ознаки управувано од Ј.М.(53) од Кочани и мопед „хонда“ со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во ЈЗУ-Кочани. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на Полициската станица Кочани.На 29.10.2021 во 19,30 часот било пријавено дека на ул.„6“ во с.Стајковци–скопско, патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од Џ.И.(47) од с.Батинци удрило во велосипед управуван од Д.К.(71) од с.Стајковци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.На 29.10.2021 во 13,30 часот било пријавено дека во Струмица на ул.“24-ти Октомври“ патничко моторно возило “џип“ со струмички регистарски ознаки, управуванo од Б.М.(29) од Струмица удрило во пешакот Л.М.(70) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.М. констатирани во Медицинскиот центар во Струмица. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.На 29.10.2021 во 14,00 часот во Полициската станица Бит Пазар Е.К.(30) од Скопје пријавил дека на ул.“Ферид Мурати“ бил каснат од куче скитник.На 29.10.2021 во 22,00 часот на наплатна рампа Смоквица од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица бил лишен од слобода Б.Б.(50) од Куманово, затоа што при контрола на патничко моторно возило “пежо 206“ со кумановски регистарски ознаки биле пронајдени четири лица-мигранти од Куба. Тие биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против Б.Б. ќе биде поднесена соодветен поднесок.

Македонија | пред 4 години

238167627_851936242113140_368375607405622827_n

Ковид удира по младите: 16-годишна пациентка во тешка состојба се лекува на Инфективна

На Клиниката има хоспитализирано 16 годишна пациентка од тетовско која има развиено тешка клиничка слика, изјави директорката на Инфективната клиника во Скопје, Милена Стевановиќ за ТВ Сител.Таа има 16 години и развива една тешка ковид-презентација. Во моментов немаме сознанија дека има хронички болести, рече Стевановиќ.Државниот санитарен и здравствен инспекторат почна постапка за да се утврди начинот на кој била лекувана 17-годишната девојка од демирхисарското село Сопотница, која вчера почина на Инфективната клиника од ковид-19. Малолетничката лекувањето го почнала со матичниот лекар во Демир Хисар, по што била хоспитализирана во Битола, а починала на Инфективната клиника во Скопје каде девојката ја изгубила битката со вирусот.

пред 4 години

0-02-0a-5c75080e729b805fdb1d3baf9ac24320ebb4ec403afc023d8dcb28faba74b88f_26a88e9ffff

Елеонора треба да има втор третман: Бараме помош за да и ја вратиме насмевката, а болничките ходници да се минато!

„По неколку третмани во Франција и еден со матични клетки во Турција, состојбата на петгодишната Елеонора Тодоровска е подобрена. Ова е и причината поради која се бара втор третман за справување со леукодистрофијата, а тој можеме да го овозможиме само со ваша помош. Докторите од „Лив хоспитал“-Турција сметаат дека шансите за Елеонора да има подобро утре се големи“, посочија од семејството.„Затоа ја бараме вашата помош, крајната цел се собирање на 21.000 евра за петгодишната Елеонора ги надмине секојдневните болки, да ја врати насмевката, а болничките ходници да бидат минато. Борбата е секојдневна и тешка, бидејќи Елеонора не говори, не може да оди, не може самостојно да се храни“, велат од семејството.Инаку, заболувањето на Елеонора е ретка генетска болест, што се јавува кај едно од 100.000 деца. Од дете со совршен развој, претходниве две години Елеонора ги минува низ болнички ходници. Со третманите, не само што се стопира прогресијата на болеста, туку и има одредени подобрувања, особено во делот на болките кои секојдневно ги имаше петгодишната Елеонора.143-127 – Телеком143-484 – А1Трансанкциска сметка во Тутунска, на име Елеонора Тодоровска, сметка за донација: 210700000662646Девизна сметка на име Елеонора Тодоровска, со IBAN: МК07210501730191280 SWIFT: TUTUNMK22

Македонија | пред 4 години

Snowy-Clock_760

Од вечерва се менува сметањето на времето

Зимското сметање на времето почнува ноќва на 31 октомври во 3 часот по полноќ со поместување на времето за еден час наназад. Со тоа времето во 3 ќе се смета како 2 часот.Интересно е што промената на времето годинава се поклопува со денот на вториот круг на локалните избори во Македонија.Промената на часовниците со години подлежи на дебата поради тврдењата дека предизвикува низа здравствени и психолошки нарушувања кај човекот. Според некои научници, поместувањето на часовникот може да доведе до низа тегоби, како што се мигрени, нервоза и депресија, губење на енергијата.Европскиот парламент на 4 март 2019 изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Сепак, Советот на ЕУ не ја донесе конечната одлука.Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Исклучок се Русија, Белорусија и Исланд.

Магазин | пред 4 години

izbori-makedonija-Copy

Денеска се „молчи“, утре се гласа

Од ноќеска на полноќ започна изборниот молк за локалните избори, кој ќе трае до 19 часот на 31 октомври (недела).Во текот на овие две недели за вториот круг од локалните избори, партиите и коалициите имаа можност повторно да ја претстават својата изборна понуда пред граѓаните.Денеска во Македонија гласаат болните и немоќните, лицата кои се инфицирани со Ковид-19 или се во изолација, затворениците, лицата во притвор, во старски домови и внатрешнораселени лица.Вториот круг од локалните избори во земјата ќе се одржи утре.Ќе се гласа во вкупно 44 општини, а право на глас имаат 1 353 990 избирачи на 2481 избирачко место. Повторување на гласањето за градоначалник и за совет ќе има на едно избирачко место (0543) во Дебар, а ќе се прегласува и на избирачко место 2957/1 во Шуто Оризари за членови на совет. Управниот суд го поништи гласањето на овие две избирачки места за гласањето од првиот круг на изборите на 17 октомври.Нема да има гласање за градоначалник во Маврово-Ростуше и Центар Жупа бидејќи не беше исполнет законскиот цензус на гласање во првиот круг од изборите да излезат најмалку една третина од запишаните гласачи во Избирачкиот список. За овие две општини ДИК ќе ја извести Владата, а потоа во Маврово-Ростуше и Центар Жупа ќе се организира повторување на гласањето за градоначалник согласно Законот за локална самоуправа. Членови на советот се избрани бидејќи за нив не е потребен цензус.Во првиот круг беа избрани 32 градоначалници, како и членовите во општинските совети.На изборите за првпат се применуваат уреди за биометриска идентификација на гласачите со отпечатоци од прсти.

Македонија | пред 4 години

koronavirus

Објавен одговор од американска разузнавачка служба дали короната е биолошко оружје

Канцеларијата на американскиот директор на Националната разузнавачка служба (ODNI) објави нова проценка од која е отстранета тајната ознака за потеклото на Ковид-19, а во извештајот се проценува дека коронавирусот не е развиен како биолошко оружје.Во извештајот, се отфрлаат индициите дека коронавирусот настанал како биолошко оружје и се наведува дека поборниците на оваа теорија немаат директен пристап до Институтот за вирологија во Вухан“и се обвинети за ширење дезинформации.Извештајот е производ на 90-дневниот преглед објавен од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден во август, во услови на интензивна политичка контроверзија околу тоа дали и до кој степен Кина треба да се обвини за глобалната пандемија, или владите кои можеби не реагирале доволно брзо на ги штитат своите граѓани.Во извештајот на ОДНИ се наведува дека четири американски разузнавачки агенции и тело што обединува неколку агенции имаат ниско ниво на доверба дека Ковид-19 потекнува од заразено животно или поврзан вирус.Но, една агенција има умерена доверба дека првата човечка инфекција со Ковид-19 најверојатно била резултат на лабораториска несреќа, која најверојатно вклучувала експериментирање со животни во Институтот за вирологија во Вухан.Американските разузнавачки агенции веруваат дека нема да можат да дадат попрецизно објаснување за потеклото на Ковид-19 без нови информации кои укажуваат дека вирусот поминал специфичен пат од животните до луѓето или дека лабораторија во Вухан работела на вирусот или сродниот вирус пред Ковид 19.Во извештајот се наведува дека на американските агенции и на глобалната научна заедница им недостасуваат клинички примероци или целосно разбирање на епидемиолошките податоци од најраните случаи на Ковид-19, така што овој контроверзен извештај би можел да се преиспита доколку се појават повеќе докази.Кина се соочи со меѓународни критики дека не соработува поактивно во истрагите за потеклото на актуелниот коронавирус.

пред 4 години

maksim-dimitrievski912

Димитиревски до Спасовски: Која е причината за толкава раздвиженост на полициски возила кон Куманово?

Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски јавно го прашува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, која е причината за толкава раздвиженост на полициски возила кон Куманово на неколку часа пред изборниот молк?„ Дали повторно ќе инволвирате дел од непрофесионалните од МВР во изборниот процес?- Дали повторно следниве два дена како и предходно луѓе вработени од ваша страна во 6та управа и ваше лично обезбедување ќе бидат главните организатори и агитатори во изборниот процес за Илиевски и најгрубо ќе го кршат законот.Ги охрабрувам кумановци и им ветувам дека после понеделник ќе отпочнам со процесот на демонтажа на узурпираното МВРО2, притисоците кај кумановци не поминуваат“, вели Димитриевски.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-28-at-08.23.33

1.000.000 евра Шилегов потрошил за Нова година, обвинува Георгиевски

Петар Георгиевски Камиказа преку статус на Фејсбук ја поздравува ВМРО-ДПМНЕ која го откри скандалот поврзан со дочекот на новата 2020 година, но открива и други работи поврзани со таа Нова година.-Eеее,јас ова го верглав цела една година,но сепак браво за објавеното. Ако го додадете Винтерленд и осветлувањето на Скопје за таа нова 2020, сумата ближи скоро 1.000.000 евра, кој Шилегов ги потроши,ко да се негови,а не пари на граѓаните. Меѓу главните е Здравко Кочишки od “Dvd pet”кој ги има добиено сите 41 тендер во вредност од преку 1.500.000 евра, а сите други фирми: (O), По објавеното,истиот ја растура фирмата на две нови, Двд Плус и Двд рентал,за да ја затшка целата работа, па со нив во време на ковид,кога пола од компаниите од нашата дејност се затворија,овие две добија нови милионски суми,и се разбира повторно сите тендери со : МКЦ,УНИВЕРЗАЛНА САЛА,МОБ,ФИЛХАРМОНИЈА,СКОПСКО ЛЕТО,ОХРИДСКО ЛЕТО,МАК ФЕСТ,ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА,како и многу други поситни тендерчиња.Значи ,едноставно ,овие две се,а сите други О !!!По овие локални избори многу работи ќе станат појасни!!!!!Македонија вечна, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Скопје | пред 4 години

stefan-janev

Бугарскиот премиер Јанев: Со Македонија имаме заедничко минато и иднина

Со Македонија имаме заедничко минато и заедничка иднина, изјави привремениот бугарски премиер Стефан Јанев во дискусија на Фејсбук, при тоа апелирајќи земјава да ги признае правата на оние граѓани кои себе си се идентификуваат како Бугари.– Бугарија постојано ја поддржува земјата, но во исто време мора да биде способна да ги брани сопствените национални интереси. За жал, раководството на Република Северна Македонија не брза да ги исполни обврските предвидени во Договорот за добрососедство, додаде Јанев, апелирајќи да „престане поттикнувањето омраза кон Бугарија”.Тој нагласи дека Бугарија е заинтересирани да се грижи за македонските граѓани кои имаат бугарско чувство и кои се идентификуваат како лица со бугарско потекло, со цел да имаат еднакви права со сите други и да не бидат „прогонувани и регресирани”.

Македонија | пред 4 години

mickoski-8

Големо ќе биде поскапувањето на струјата, можеби и двојно, вели Мицкоски

„Сериозна е опасноста од паѓање на системот и од рестрикциите, цените на берзите повторувам колку стотини евра од мегават на саат се, ќе ве потсетам. Она што го произведува ЕЛЕМ поранешно, сегашно ЕСМ и го продава не е за 37 евра и на тој начин се чува социјален мир во Македонија во овој момент, за да се спаси политичката кариера на Зоран Заев уште некој ден, и малкумината кои што се околу него. Додека цените на електричната енергија, на струјата на берзите се качени“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски при гостување во вестите на Сител телевизија.„Големо ќе биде поскапувањето, не можам да предвидам со бројки, но не би се зачудил да биде двојна“, укажа Мицкоски.Мицкоски посочи дека поради неодговорното однесување на власта, цената на електричната енергија ќе се качи.„Неодговорно се однесуваа кон енергетскиот сектор, не правеа на време ремонти, тендерите за ископ и уредување на рудниците во РЕК Битола ги користеа за да ангажираат свои фирми“, појасни Мицкоски.Мицкоски рече дека не би го зачудило сметка од 2.000 да стане околу 3 или 4.000 денари. Можно е и од први декември веќе да има покачување на сметките за електрична енергија, бидејќи состојбата е доста сериозна. Рудникот во РЕК Битола од ден за ден работи, евентуално час за час се копа јаглен, а пропадна тендерот за јаглен.

Македонија | пред 4 години

koronavirus-kovid-skopje

Од август до октомври од коронавирус починале 282 вакцинирани лица

Во период од 6 до 28 октомври на територијата на државата 45.621 граѓанин биле позитивни на Ковид-19, од нив, како што соопшти Министерството за здравство, 27 % биле целосно вакцинирани, односно 12.375 лица.Според последниот извештај од здравствените власти, голем е бројот на невакцинирани граѓани што се заразиле од коронавирус.Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани од позитивни случаи на Ковид-19 во периодот од 6 август заклучно со 28 октомври. За вакцинирани се сметаат лицата што се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примањето на втората доза вакцина.„Според статистиката за изминативе два месеца, 33.246 граѓани, односно 73 % од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица што се невакцинирани изнесува 75 %, а само 25 % од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.8 до 28.10.2021 на територијата на државата починале 1.592 пациенти од Ковид-19, 1.310 од починатите, односно 82 %, не биле вакцинирани, а само 18 %, односно O, известуваат од Министерството.Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини што ги има на располагање кај нас.Министерството за здравство укажува на важноста од вакцинација, секоја вакцина што ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на Сарс-Ков2, велат од таму.

Македонија | пред 4 години

gtc

Ќе се постават фотоволтаици на покривот на ГТЦ

АД ЕСМ и АД ГТЦ ќе градат систем за производство на електрична енергија од сонце на покривот на Градскиот трговски центар.Фотоволтаиците ќе бидат поставени на покривниот простор, кој во моментот е неискористен и кој во иднина ќе се употребува за производство на зелена енергија во срцето на градот.„Со изградба на фотоволтаиците на покривот на Градскиот трговски центар ќе се овозможи инвестирање во нови обновливи извори на енергија, со што се постигнува одржлив развој и се намалува негативното влијание врз животната средина преку искористување покрив на деловен објект“, велат од ЕСМ.Меморандумот за соработка го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, и извршниот директор на АД ГТЦ, Ѓоко Трајчевски.Зафатот е со цел реализација на Стратегијата за развој на енергетиката 2021-2025 година и еден од врвните приоритети на енергетската политика на АД ЕСМ, а тоа е енергетска трансформација со проширување на производствени капацитети од обновливи извори на енергија, особено на сончевата енергија.

Скопје | пред 4 години

kovid-ambulanta-klinika-infektivna

МЗ:73% од новите случаи и 75% од хоспитализираните, со Ковид 19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август заклучно со 28 октомври. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.Во период од 06.08 до 28.10.2021 на територија на државата 45.621 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 27% биле целосно вакцинирани, односно 12.375 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе два месеци, 33.246, граѓани, односно 73% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 75%, додека само 25% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 28.10.2021 на територија на државата починале 1592 пациенти со Ковид 19, 1310 пациенти од починатите, односно 82% не биле вакцинирани, а само 18%, односно 282 примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања