ТОП

244439241_601954437614002_8313558720993133532_n

Рапиден раст на бројот на гласачи во вториот круг во Скопје

Рапиден раст на бројот на гласачи во вториот круг од локалните избори се бележи во Скопје. Во апсолутни бројки, во главниот град на државата, до 13 часот гласале 110 543 избирачи, за разлика од првиот изборен круг кога на гласачките места во истиот период излегле 88 240 гласачи.Според податоците, најмотивирани се гласачите во Карпош. Бројката таму е поголема за 4 788, односно во одлучувачката трка за оваа градоначалник на оваа скопска општина и за градоначалник на Скопје, до 13 часот гласале 16 116 избирачи, за разлика од првиот круг во кој на избори во овој период излегле 11 328 гласачи.Повеќе од 4 000 гласа во кутиите во однос на првиот круг има и во Аеродром а над 3 000 е разликата во овој круг во споредба со првиот и во Центар и во Кисела Вода. Во Аеродром и во Кисела Вода се гласа само за избор на градоначалник на Скопје.Ист е случајот и со Ѓорче Петров и Бутел, каде изборите за градоначалници на општината се завршени, но 17 298 се решиле да учествуваат со својот глас да решат кој ќе го предводи Град Скопје. Во првиот круг, до 13 часот гласале 15 152 избирачи.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

42,85 проценти излегоа до 17 часот, од скопските општини најмногу гласачи има во Аеродром

До 17 часот 42,85 проценти од гласачите излегле на гласање. Најмногу има во Вевчани, Конче, Ранковце, Пробиштип, Печхево, Дебар и други. Срај и Шуто Оризари имаат најмала излезност.Аеродром 42,37 проценти, во Бутел 26,65 проценти, во Гази Баба 38,18 проценти, во Ѓорче Петров 40,75 проценти, во Карпош 47,05 проценти.Сите избирачки места се отворени од избирачките одбори и процесот на гласање е во тек и во најголем дел се одвива непречено. Рано утринава во 7 часот беа отворени гласачките места во 44 општини од вториот круг на локалните избори. Се бираат градоначалници, а право на глас имаат 1.353.990 избирачи.Членовите на избирачките одбори добија инструкции читањето на прстите да се одвива според следниот редослед: Прво се чита показалецот од едната рака, доколку уредот не го препознава, тогаш следи обид со показалецот од другата рака. Доколку и во тој случај уредот не може да го исчита гласачот, се вметнува личната карта. Како последен обид, се оди со рачно вметнување на единствениот матичен број на граѓанинот.RELATED ITEMS:ТОПВО ЖИВО: ИЗБОРНИ РЕЗУЛТАТИ И ИЗЛЕЗНОСТ

Македонија | пред 4 години

Untitled-.3

34,22 отсто од гласачите излегле на гласање до 15 часот, најмногу во Вевчани најмалку во Сарај

До 15 часот одѕивот на изборите е 34,22 отсто. Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски извести дека и попладнево продолжува трендот на поголема одѕив во споредба со првиот круг. Одѕивот во првиот круг при пресекот во 15 часот бил 31,47 отсто.До 15 часот најголем е одѕивот во Вевчани 66,54 отсто, а најмал повторно во Сарај, каде на гласање излегле 16,38 отсто од запишаните гласачи.„Немаме пријави за неправилности на ниту едно избирачко место и засега гласањето тече мирно. Се надевам дека така ќе продолжи и ги повикувам сите граѓани и кои досега не го направиле тоа да излезат и да го остварат своето гласачко право“, рече претседателот Даштевски.Во Државната изборна комисија пристигнале 311 приговори од кои 268 се прифатени, 25 се одбиени, а 18 од гласачите било утврдено дека ги има во Избирачкиот список.Гласањето во цела држава се гласа со користење на уредите за биометриска идентификација, без проблеми.

Македонија | пред 4 години

DSC_0683

12 починаа, 349 нови со корона

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 2.754 тестирања, а регистрирани се 349 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 166, Куманово – 23, Штип – 22, Прилеп – 18, Битола – 17, Кочани – 16, Кавадарци – 13, Тетово – 11, Велес и Охрид – по 10, Свети Николе – 9, Неготино – 8, Берово и Пробиштип – по 4, Гевгелија и Демир Хисар – по 3, Струмица, Кичево, Крива Паланка и Делчево – по 2, Гостивар, Струга, Ресен и Виница – по 1.Регистрирани сe 208 оздравени пациент од: Скопје – 90, Охрид – 37, Куманово – 17, Штип – 13, Велес – 10, Битола – 9, Кавадарци – 7, Крива Паланка – 5, Неготино – 4, Кочани, Свети Николе, Струга и Радовиш – по 3, Пробиштип и Кичево – по 2.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 3 починати лица од Скопје (51г, 64г и 85г), по 2 починати лица од Штип (64г и 75г) и Свети Николе (66г и 82г) и по едно починато лице од Куманово (43г), Битола (60г), Радовиш (75г), Струмица (68г) и Дојран (62г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Направени се 2.754 тестови преку: ИЈЗ-186, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-67, ЦЈЗ Прилеп-35,ЦЈЗ Тетово–45, ЦЈЗ Куманово-39, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–203, Жан Митрев (Филип Втори)-57, Авицена-134, Биотек-116, Систина-32, лабораторија Лаор-161, Синлаб-8, Ремедика-19, Плодност–54, Генеа-2, Никоб лаб-203, ВФВ Медикал-33, Ели Медика-17, Ројал Медика –26, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.280.Досега во земјата се направени вкупно 1.385.429 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 202.552, бројот на оздравени пациенти е 188.540, на починати е 7.132, а бројот на активни случаи изнесува 6.880.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 88659, Активни 3413Куманово 12283, Активни 427Тетово 11025, Активни 153Прилеп 9496, Активни 297Гостивар 8005, Активни 27Битола 7460, Активни 252Велес 6823, Активни 348Кавадарци 6316, Активни 254Охрид 6176, Активни 187Штип 6183, Активни 223Струмица 5912, Активни 121Кичево 4104, Активни 73Струга 3843, Активни 43Кочани 3586, Активни 192Гевгелија 2564, Активни 91Неготино 2395, Активни 52Свети Николе 2022, Активни 88Крива Паланка 1650, Активни 143Радовиш 1601, Активни 49Ресен 1595, Активни 51Дебар 1453, Активни 3Берово 1256, Активни 39Делчево 1169, Активни 46Виница 1092, Активни 38Пробиштип 1026, Активни 69Валандово 858, Активни 27Кратово 650, Активни 33Богданци 586, Активни 24Крушево 549, Активни 14Демир Хисар 494, Активни 43Македонски Брод 477, Активни 2Демир Капија 410, Активни 1Македонска Каменица 361, Активни 45Пехчево 323, Активни 5Дојран 150, Активни 7

пред 4 години

izbori-glasanje-fingerprint010101

24,87 отсто е излезноста до 13 часот, поголема од првиот круг

До 13 часот, според пристигнатите податоци во Државната изборна комисија на гласање излегле 269.684 гласачи, односно одѕивот е 24,87 отсто. Излезноста е поголема од минатиот прв круг, во ова време. Во Вевчани, Ранковце, Деми Капија има најголема излезност. Од скопските општини, Карпош има најголема излезност. Доста мала излезност има во Сарај со 9,84 отсто излезност, па Теарце со 15,85 и Шуто Оризари со 15,8 отсто излезност.„Имаме многу мирен избирачки ден. Прилично солидна, добра излезност. Немаме пријавено дека има редици. Јас и лично гласав сега. Минатиот пат чекав 1 час, а сега ни пет минути“, рече ДаштевскиСите избирачки места се отворени од избирачките одбори и процесот на гласање е во тек и во најголем дел се одвива непречено. Рано утринава во 7 часот беа отворени гласачките места во 44 општини од вториот круг на локалните избори. Се бираат градоначалници, а право на глас имаат 1.353.990 избирачи.Членовите на избирачките одбори добија инструкции читањето на прстите да се одвива според следниот редослед: Прво се чита показалецот од едната рака, доколку уредот не го препознава, тогаш следи обид со показалецот од другата рака. Доколку и во тој случај уредот не може да го исчита гласачот, се вметнува личната карта. Како последен обид, се оди со рачно вметнување на единствениот матичен број на граѓанинот.

Македонија | пред 4 години

244507018_832514724085702_8044022012564587281_n

Поднесена кривична за спречување на избори и гласање во Кочани, за случајот во Ѓорче нема информации

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори, ја известува јавноста дека во континуитет ги следи случувањата поврзани со изборниот процес.Дежурен јавен обвинител од скопското обвинитeлство е присутен во седиштето на СВР Скопје каде заедно со Штабот во рамките на оперативна акција Избори 2021 година се следат сите настани поврзани со неправилности за локалните избори.Основното јавно обвинителство Кочани синоќа прими кривична пријава против две лица за кривично дело – Спречување на избори и гласање од член 158 став 1 и кривично дело – Поткуп при избори и гласање од член 162 став 1 од Кривичниот законик. Јавен обвинител веднаш издаде наредба до МВР-ОВР Кочани за да се извршат проверки по наводите во пријавата.До Комисијата, преку електронската адреса во текот на вчерашниот ден пристигна една пријава од невладина организација, која се однесува на притисоци и закани упатени кон набљудувачи на изборите искажани преку коментари на социјална мрежа. Комисијата ги проверува наводите.Во претходните денови, Комисијата постапуваше по сознанија за евентуално сторени кривични дела поврзани со организирањето и спроведување на локалните избори. Дадени се задолженија до основните јавни обвинителства за итно постапување, односно за формирање предмети и преземање на сите дејствија за утврдување на релевантни факти од кои зависи правилната примена на Кривичниот законик.Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности преку воспоставените дежурства на јавни обвинители во основните јавни обвинителства продолжува да го следи спроведувањето на локалните избори.​

Македонија | пред 4 години

izbori-glasanje-fingerprint

МВР за изборниот процес

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, соопшти на денешната прес конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.„ По отворањето на гласачките места до 11.00 часот регистрираме два настани во Кичево и еден во Тетово.Полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Б.К.(64) од Кичево затоа што во 07.45 часот го искинал гласачкото ливче откако гласал на избирачко место бр.0745 во Кичево. По насоки на Јавен обвинител на Б.К. ќе му биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „уништување на изборен материјал“. Во 08.25 часот во Полициската станица Кичево, од избирачкиот одбор во с.Премка било пријавено дека на избирачко место бр.0796 во с.Премка, А.У. од село Премка го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во 09.15 часот во СВР Тетово, заменик претседателка на гласачко место бр.1972 во основно училиште „Братство Миѓени“ во Тетово пријавила дека С.Д. сакала да го оствари своето право на глас без приложување на соодветен документ за идентификација, односно се обидела да гласа прикажувајќи фотографија од нејзината патна исправа на мобилниот телефон, а откако и било кажано дека тоа е противзаконски започнала агресивно да се однесува кон неа. Се работи на расчистување на случајот“, соопшти Ангеловски.Регистрирани се и пријави за агитација во Кочани и Кратово, но за сега овие пријави не се докажани.„Апелирам до граѓаните и до учесниците во изборите и во останатиот дел од гласањето да се воздржат од инциденти, а доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните веднаш да ја известат полицијата или на бројот 192 или да пријават во најблиската полициска станица“, рече Ангеловски.

Македонија | пред 4 години

izbori-glasanje-fingerprinti3112

ВО ЖИВО: Следете излезност по градови и општини

Проверете сами каква е излезноста низ градовите и општините.

Македонија | пред 4 години

dastevski-9182

Апаратите се отпечаток прават проблеми и во вториот круг

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски кажа дека има прекини во десетина избирачки места, поради проблем со апаратите за идентификација со отпечаток од прст. Тој кажа дека причините се банални, а тоа е проблемот со мемориската картица на уредите. Таму каде имало прекини, додека да стигнат картиците, се гласало на класичен начин.„Имаме прифатени 109 приговори, 65 се одбиени. До 24 часот ние одлучуваме, а потоа ги одлучуваат општинските изборни комисии. Имаме уште 84 кои се испратени таму. 72 се прифатени, 8 одбиени. Прекини повеќе од 1 час имало на три места во Скопје и три места во Сарај, едно место во Карпош, едно во Чешиново-Облешево, едно во Зелениково каде е повеќе од еден час. Причините за подолгите прекини и неизвесност дали ќе продолжи гласањето, се немање на мемориска картичка, односно немање сигнал во апаратите за фингерпринт. Тие проблеми се во главно во Скопје. Банални се причините“, рече Даштевски.

Македонија | пред 4 години

Untitled-.3

Излезноста до 11 часот е зголемена споредено со првиот круг

До 11 часот, според пристигнатите податоци во Државната изборна комисија на гласање излегле 160.035 гласачи, односно одѕивот е 14.11 отсто. Највисок одѕив има во Ранковце, Вевчани.. Најмала излезност има во Сарај со пет осто и Боговиње. Во првиот изборен круг, излезноста до 11 часот беше 10,22%, односно тогаш излегоа 135.906 гласачи да го остварат своето право.Излезноста до 9 часот според Државната изборна комисија беше 5,25 отсто, односно на гласање излегле 63.006 гласачи.Сите избирачки места се отворени од избирачките одбори и процесот на гласање е во тек и во најголем дел се одвива непречено. Рано утринава во 7 часот беа отворени гласачките места во 44 општини од вториот круг на локалните избори. Се бираат градоначалници, а право на глас имаат 1.353.990 избирачи.Членовите на избирачките одбори добија инструкции читањето на прстите да се одвива според следниот редослед: Прво се чита показалецот од едната рака, доколку уредот не го препознава, тогаш следи обид со показалецот од другата рака. Доколку и во тој случај уредот не може да го исчита гласачот, се вметнува личната карта. Како последен обид, се оди со рачно вметнување на единствениот матичен број на граѓанинот.

Македонија | пред 4 години

2146

Два изборни инциденти: Се кинат и фотографираат гласачки ливчиња

Два инциденти се регистрирани од полицијата, по отворањето на гласачките места. И двата се во Кичево. Како што информира МВР, првата нерегуларност е фотографирање на гласачко ливче, а вториот е уништување на гласачки материјал.Според првичните информации, гласач го искинал гласачкото ливче бидејќи како што кажал, заокружил погрешен број.За двата настани се постапува и се преземаат мерки.

Македонија | пред 4 години

Untitled-.3

Скоро дупло поголем одѕив до 09 часот од првиот круг на изборите

Излезноста до 9 часот според Државната изборна комисија е 5,25 отсто, односно на гласање излегле 63.006 гласачи. Во првиот круг на изборите, излезноста беше 3,30 отсто од запишаните избирачи. Ова значи дека скоро е дупло повеќе избирачи изглегле сега да го остварат своето право на глас.„Излезноста е 5,25 односно гласале 56.700 гласачи. Имаше технички проблеми на неколку избирачки места во Скопје и низ државата. Сите се решени. Гласањето продолжува. Таму каде беше прекинато гласањето повеќе од саат време, ќе биде продолжено за толку-колку што било прекинато“, рече Александар Даштески, претседател на Државната изборна комисија.Во Ранковце, Пехчево, Лозово, Зелениково има најголема излезност.Сите избирачки места се отворени од избирачките одбори и процесот на гласање е во тек и во најголем дел се одвива непречено. Рано утринава во 7 часот беа отворени гласачките места во 44 општини од вториот круг на локалните избори. Се бираат градоначалници, а право на глас имаат 1.353.990 избирачи.Членовите на избирачките одбори добија инструкции читањето на прстите да се одвива според следниот редослед: Прво се чита показалецот од едната рака, доколку уредот не го препознава, тогаш следи обид со показалецот од другата рака. Доколку и во тој случај уредот не може да го исчита гласачот, се вметнува личната карта. Како последен обид, се оди со рачно вметнување на единствениот матичен број на граѓанинот.

Македонија | пред 4 години

w_57237192

Вкупно 1598 домашни и странски набљудувачи, новинари и преведувачи го следат вториот изборен круг

Вкупно 1598 домашни и странски набљудувачи, новинари и преведувачи се акредитирани за следење на вториот круг од Локалните избори 2021.Овој број е поголем за 347 споредено со првиот круг кога беа акредитирани 1251.Од домашните најбројни се од Граѓанската асоцијација „АКСИОС 2017“ и од Здружението „ЦИВИЛ“, а останатите се од „Центар за слобода Скопје“, Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција „Мак-Сонце“, од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид-Скопје, од Национален ромски центар, од Граѓанска превенција „Превенција за време на избори“ и од Здружението „Млади европски федералисти – ЏЕФ“.Од странските набљудувачи најбројни се од Специјалната мисија за проценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР и од американската Амбасада, а изборите ќе ги следат и набљудувачи од ИФЕС, британската Амбасада, амбасадите на Франција, на Унгарија, на Албанија, на Русија, Холандија, Италија, Чешка, Хрватска, Косово, Грција, Бугарија, Шпанија, Летонија и Австрија, како и од Централната изборна комисија на БиХ.Акредитирани се и 10 странски новинари.

Македонија | пред 4 години

collagea1ijnmikamsda

Гласаа ли Мијалков, Камчев, Јанева, Јанкулоска

Денеска, за вториот круг на локалните избори, се гласа во сите затвори низ земјава. Излезноста е голема, односно затворениците и притворениците го користат своето право да учествуваат во изборот на идните градоначалници.Како што неофицијално дознавa „Фокус“ на гласање излегле и „вип” станарите на затворите, односно поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, екс специјалната обвинителка Катица Јанева, како и поранешната министерка Гордана Јанкулоска.Право на глас имаат вкупно 1.409 затвореници и притвореници, кои гласаат во 14 Казнено – поправни установи. Сите гласачки места во затворите се отворени во 7 часот и таму гласањето ќе трае до 19 часот.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-30-at-16.10.55

Детали за поткупот во Геге од МВР

Денеска (30.10.2021) околу 14 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.З. (59) и А.С. (63) од Скопје кои во скопската населба Даме Груев давале пари во замена за глас на локалните избори односно вршеле кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“.На лицата на кои им давале пари за глас им земале копии од лични карти, а при приведувањето кај нив се најдени пари и други предмети.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања