ТОП

danela-arsovska-123

Арсовска со порака до скопјани по победата

Данела Арсовска, новоизбраната градоначалничка на Скопје се заблагодари што скопјани ги поддржале проектите во нејзината кампања. Таа посочи на сите да се радуваат, бидејќи градот ќе се транферира.„Ви благодарам што ги поддржавте проектите што ги истакнав во оваа кампања, што одбравте да верувате на човечноста, што сте против црните кампањи и што ми ја дадовте вашата доверба во следните четири години да го водам Скопје и да бидам ваш човек во градот. Радувај се Скопје, радувај се Македонијо, денес се раѓа ново сонце, заедно да побараме одговорност за она што не е сработено и заедно Скопје да го трансформираме во модерен европски град. Огромна е победата, со речиси 30 илјади гласови разлика, затоа ви благодарам за довербата и уште од првиот ден да почнеме со работа. За прв пат во 30 години независна Македонија, Скопје има жена за градоначалник“, напиша Арсовска.

Скопје | пред 4 години

izbori-makedonija-Copy

Која партија колку општини зема по вториот круг гласање

Вториот круг од локалните избори во земјава заврши а претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски истите ги оцени како успешни. На овие избори за првпат беа употребени апарати за отпечаток од прст.ДИК ги објави првичните резултати според кои во вториот круг ВМРО-ДПМНЕ има освоено градоначалнички места во 20 општини, СДСМ во 7, ДУИ во 7, Алијанса за Албанците-Алтернатива и Беса по две, и по едно градоначалничко место имаат освоено ДПА, ГРОМ и Коалицијата ЛДП-ДОМ.Во вториот круг победија и независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, независниот кандидат Максим Димитриевски во Куманово и независниот кандидат во Дебарца, Зоран Ногачески.„Како што кажав, првиот круг ќе биде малку потешко, затоа што не е извежбано, меѓутоа вториот круг помина речиси 100 проценти успешно и понатаму очекуваме усовршување на овој процес. Беше битно да се почне, секогаш има детски болести, меѓутоа ако не почнеме ќе може да заостанеме во целокупниот развој, а се работи за прилично важна категорија за развој на демократијата“, изјави Даштевски, заблагодарувајќи се на членовите и вработените во ДИК, како и на политичките партии, медиумите, печатницата, компанијата што ја изработи апликацијата.Конечните резултати, како што најави Даштевски, ДИК ќе ги објави во текот на денешниот ден.

Македонија | пред 4 години

Zaev-25

Заев поднесе оставка од СДСМ и Владата

Зоран Заев поднесе оставка од претседателското место во СДСМ и премиерското место во Владата.„Поднесувам оставка од премиер и претседател на СДСМ. Им честитам на сите прогресивни граѓани кои се бореа силно за интегреирана Северна Македонија. Ја преземам одговорноста. Им честитам на сите избрани градоначалници и советници. Воопшто не е тешко заминувањето од политиката. Сум донел слбоода и демократија во нашата земја, тоа значи и преземање на одговорност. Сакам да оставам печат народот да се учи и расте во демократски капацитет. Можеби не сум во право, ќе покаже времето, ред е граѓаните да поддржуваат политичари кои можат да носат тешки и храбри одлучи, без да се водат од политичкиот рејтинг или за својата фотеља. Јас ја преземам одговорноста за лошите резултати“, кажа Заев.Тој остана на ставот дека не треба да има вонредни парламентарни избори.„Горд сум што ја внесовме земјата во НАТО, а кај мене има разочараност, затоа што мнозинството од народот го избраа оние кои сакаа да убиваат во парламентот“, додаде Заев.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-31-at-22.04.35

Мицкоски прогласи апсолутна победа: Скопје е вмровски и слободен град, Македонија е слбодна држава

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прогласи победа по вториот круг од локалните избори. Тој кажа дека не треба да се заборави поткупот, насилното однесување, заканите и уцените, кои според него, ги имало. Според Мицкоски победата во Битола на ВМРО-ДПМНЕ е со повеќе од 3.000 гласови разлика, но и во Брвени,а, Василево, Вевчани, Гевгелија со повеќе од 2.00 гласови разлика, Демир Хисар, Зелениково, Конче, Кочани, Кратово. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа и дека партијата има победа во Лозово, Македонска каменица, Македонски брод. За Охрид кажа дека ВМРО-ДПМНЕ победила со повеќе од 4.000 гласови разлика. Победа според него има и во Пехчево, Радовиш, Ресен, Чешиново-Облешево, Ранковце. Мицкоски кажа дека Стевчо Јакимовски како коалиционен партнер, победил во Карпош. На крајот, ја честиташе победата на Данела Арсовска како независен кандидат за Скопје.„Промените започнаа од вечерва. Сите заедно за нова иднина, заеднички и сложно да го оствариме сонот за кој 30 години сонуваме а никако да го постигнеме. Кажете им на сите граѓани од сите краеви. Ова е денот од кога почнуваат промените. Промените за обединување, подобар живот, силен стандард, промени за иднина за која се бориме, ова е убедлива победа, победа на народот на Македонија. Им благодарам на сите што гласаа и сите кои не гласаа, а чија доверба ќе ја бараме. Една е за сите нашата Македонија, сплотена и заедничка. Заедно успеавме да ги победиме. Успехот е можен затоа што е вербата е сигурна. Благодарност до Алијанса на Албанците, Левица на Димитар Апасиев, сите заедно срушивме бариери и докажавме дека широка опозиција е возможна. Покажавме дека и покрај разликите сепак можеме да се обединиме околку заедничка цел, Македонија без корупција која ќе се развива и ќе оди напред, Македонија интегрирана во ЕУ, тоа докажува дека еден опозициски блок е сосема извесен и тој ќе донесе огромна промена на следните парламентарни избори, за кои веројатно е дека ќе бидат предвремени. Благодарност до ЛДП/ДОМ кои оставија на демократски начин, граѓаните да си ја кажат својата волја“, кажа Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

250626053_919380682324880_580918723225285699_n

Горан Герасимовски прогласи победа во Центар

Горан Герасимовски од СДСМ прогласи победа во Центар. Според неговите податоци, тој има 2000 гласа повеќе од неговата противкандидатка Наташа Котлар од ВМРО-ДПМНЕ. Во објавата, пишува дека од утре почнува со работа.„Центар останува во вистински раце, победувме убедливо со речиси 2000 гласа разлика! Сакам да им заблагодарам на сите граѓаните кои денес излегоа и ни ја дадоа поддршката. Центар останува демократска и отоврена општина. Веќе од утре започнуваме со работа да ја оправдаме довербата и да продолжиме да ја развиваме општината и подигаме квалитетот на животот за центарци. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам и на сите кандидати кои беа дел од изборите во Општина Центар и за демократскиот изборен ден“, напиша Горан Герасимовски од СДСМ.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-10-31-at-21.48.01

Данела Арсовска прогласи победа во Скопје: За противник го имав Шилегов, но и премиерот во заминување

Независната кандидатка за Град Скопје, Данела Арсвоска прогласи победа во Скопје. Таа се заблагодари на скопјани, за кои кажа, ја препознале човечноста наспроти црната кампања која се водела против неа. Рече дека веќе од утре ќе почне со работа, за остварување на сите ветени проекти.„Голема благодарност да довербата и поддршката за визијата за поубаво, помодерно Скопје. Не можам да изразам зборови колку ми значи тоа што сите вие скопјани ја поддржавте мојата визија и што пред се одбравте да верувате во човечноста, што истакнавте дека сте против црните кампањи и што ми ја дадовте довербата следните четири години да го водам Скопје и да бидам ваш човек во градот“, рече Арсовска.Арсовска кажа дека вечерва ќе слави, а веќе од утре ќе работи бидејќи има многу проекти кои мора веднаш да се реализираат, во првите 82 дена.„Мој противник не беше само стариот градоначалник туку и премиерот во заминување. Скопје за првпат по 30 години има жена за градоначалник. Морам да ја истакнам благодарноста за семејството, пријателите и сите скопјани кои ме бодреа сите денови, кои кажаа дека и покрај црната кампања треба да продолжиме напред. Сега имаме шанса од првиот ден, посветено да работиме, Скопје да го направиме град на среќни луѓе“, додаде таа.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-10-31-at-21.07.18

(ВИДЕО) Пецаков слави во Охрид: Од првиот ден ќе работам за сите!

Илјадници поддржувачи на Кирил Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ, излегоа на градскиот плоштад во Охрид да ја прослават победата на кандидатот. Со бакли и македонски песни, како и македонски знамиња, се прославува во градот. Таму освен кандидатот, прустен е и Сашо Донев, носител на советничката листа кој ги поздрави присутните и рече: „Победивме со 4.500 гласови разлика. Аирлија. Градоначалник е Кирил Пецаков“.„И покрај сите притисоци, уцени, поткупи, ние денеска победивме. Победија охриѓани, Македонија. Да бидете горди сите, денеска радувајте се и бидете среќни. На никого ништо не му должиме. Имаме една голема тежина, должиме на охриѓани. Вечерва ќе славиме, од утре ќе работиме. Ќе докажеме дека сме различни од сите пред нас“, рече Донев.Присутните на плоштадот го поздравија Пецаков со скандирање: „Пецак, Пецак, ВМРО-ДПМНЕ“.„Често говорев дека нема да ве разочарам, сега ќе кажам благодарам од сѐ срце. Поминавме уште еден непотребен круг. Оваа власт ни покажа зошто е време да замине во историја. И замина. Поразем е режимот. Во овие четири години се соочивме со притисоци и нервози, бевме потценувани и маргинализирани. Ние сите заедно, работевме и знаевме дека ќе дојде денот кога ќе кажеме дека Македонија победи. Од првиот ден ќе работиме за сите“, рече Кирил Пецаков.

Македонија | пред 4 години

252007715_6750633911644104_3183372471905369417_n

Теута Арифи призна пораз на уште недобројани гласови

Кандидатката на ДУИ за Тетово, Теута Арифи, призна пораз по вториот изборен круг.„Според броењето на резултатите, тој резултира дека противкандидатот има повеќе гласови и дека Тетово ќе биде водена од него. Сакам да му честитам на победата и да му посакам успешна работа. Сакам да се заблагодарам на тие граѓани кои ме поддржаа. Останувам на мислењето дека мојот концепт е прогресивен и дека времето ќе го покаже тоа“, рече Теута Арифи.

Македонија | пред 4 години

izbori-02

Неофицијално: ВМРО-ДПМНЕ освоја 12 градочалници, меѓу кои Скопје, Охрид, Битола

ВМРО-ДПМНЕ брифира дека според нивниот аналитички штаб, во вториот изборен круг освоиле власт во 12 градови. Според нив, градоначалнички места добиле во Скопје, Охрид, Битола, Брвеница, Радовиш, Гевгелија, Зелениково, Василево, Ресен, Ново Село, Чешиново и Лозово.Во Охрид, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, веќе прогласи и победа преку објава на социјалните мрежи. Во Скопје, од 24 отсто од пребројаните гласови, предност има Данела Арсовска од ВМРО-ДПМНЕ.Овие се неофицијални информации, а пребројувањето од општинските изборни комисии и натаму е во тек.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-31-at-20.04.54

Агитирање, поткуп, закани - што се е пријавувано во МВР и како е постапено

„Дозволете ми на почетокот да го изразам моето задоволство од тоа како протече денешниот изборен ден, од вториот круг од овие локални избори, но и од тоа како во целост минаа Локалните избори 2021 – во мирна и фер атмосфера, со положен демократски испит на зрелоста на нашата земја. А за тоа искрени честитки заслужуваат граѓаните, кои покажаа дека знаат што е демократија, дека демократијата не е нешто што се случува само за време на избори, но изборите се показател до каде сме стигнале во тој континуиран процес на градење. Граѓаните покажаа дека демократијата станува дел од културата на нашето граѓанско општество, дел од нашите животи“, кажа министерот Оливер Спасовски на МВР.„До 19.00 часот се бележи вкупно намалување на бројот на пријавени настани и тоа за 31,7 %, во споредба со изборите во јули 2020 година. Во вториов круг се регистрирани 114 пријавени настани, од кои најголемо намалување од 67% е забележано кај пријавените поткупи. Најголемиот број пријавени настани се на подрачје на СВР Штип - 50, 32 настани на СВР Куманово, 12 на СВР Битола, шест на СВР Скопје, пет на СВР Струмица, пет на СВР Тетово, три на СВР Охрид и еден настан на подрачје на СВР Велес.Најголемиот број на настани се однесуваат на: агитирање на гласачи - 83 настани, од кои 14 се отфрлени како неосновани, а по другите пријави се постапува. Притоа, во овој сегмент влегуваат и пријави за превезување на гласачи, вршење притисок/влијание на гласачи, носење на лични карти на гласачи, телефонски јавувања и др. изборен поткуп – 10 настани, од кои три се веќе отфрлени како неосновани, а за останатите се преземаат мерки за расчистување, вербални закани –три пријавени настани, злоупотреба на лични податоци - два пријавени настани,загрозување на сигурноста – два настани, од кои еден отфрлен како неоснован, додека за другиот се постапува, групирање на лица во близина на гласачко место- два настани, од кои еден отфрлен, а за другиот преземаме мерки за негово расчистување. Ова се покарактеристичните настани во текот на овој изборен ден, пријавени досега, но би сакал да ги споменам двете пријавени кривични дела, и тоа уништување на изборен материјал на подрачјето на ОВР Кичево, за што против лицето кое е приведено ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „уништување изборен материјал“ и повреда на тајноста на гласањето на подрачјето на ОВР Кочани за што ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „повреда на тајноста на гласањето““, кажа тој.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-08-30-at-11.20.24

Шилегов: Скопјани со масовното излегување покажaa кој сака да го води градот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов на СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ по денешното гласање на избирачкото место во СУГС „Георги Димитров“ во Тафталиџе порача дека гласањето е празник за демократијата.-Гласањето е нешто кога луѓето одлучуваат во кој правец сакаат да се движат, во конкретниот случај градот Скопје. Имајќи предвид дека меѓу двата изборни круга успеавме до граѓаните да допреме со концепт, континуитет и развој на нашиот град. Излезноста е поголема од првиот круг, а јас сум убеден дека скопјани со масовното излегување ќе одберат градот да се движи во континуитет, развој и храбри потези што заедно ги влечеме и ќе ги почекаме резултатите до вечерва, изјави Шилегов.

Скопје | пред 4 години

Finallno-asafltiranje-del-od-partizanski-odredbi-Karpos-4-2

Во Карпош, Центар и Чаир одѕивот поголем отколку во првиот круг

Со исклучок на Шуто Оризари, во останатите скопски општини каде што денеска се гласаше за градоначалник во вториот круг од локалните избори, излезноста е поголема во однос на првиот круг.Според податоците на ДИК од обработени 98,04 проценти избирачки места, до 18:30 часот, најголем е одѕивот во Карпош 53,50 отсто, што е за 3,72 проценти повеќе во однос на првиот круг кога беше 49,78.Во Центар излезноста е 51,16, а пред две недели беше 48,10.Во Чаир на гласање до 18:30 излегоа 44,73, а на 17 октомври 43,05.Само во Шуто Оризари се бележи помал одѕив. До половина час пред затворањето на избирачките места гласаа 32,81 отсто, а во првиот круг излезноста беше 33,31.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-10-31-at-19.15.37

Очекуваме победа во Скопје и сите општини, вели Митева од ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања за поткуп и уцени

Обвинувања за нерегуларности во текот на изборниот ден и за време на молкот упати Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ. Портпаролката верува дека ВМРО-ДПМНЕ победила и во вториот круг на изборите, одбрале поинаква и поубава иднина за сите. Според неа, рано е за резултати, но со сигурност ќе бидат поволни за народот.„Изборниот процес помина со низа нерегуларности, нарушување на изборниот процес и истите беа доказ за начинот на кој СДСМ е спремна да ја зачува власта по секоја цена иако тоа не е вољата на надородот. Вчера се ширеше пропаганда, поткуп на гласачи и други прекршувања. Имаме информации за поткуп во Кочани, Радовиш, Ново село, Ѓорче Петров и други делови од Скопје“, рече Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.Таа посочи дека доаѓа нова иднина и дека народот ја победила власта, која Митева ја нарече ненародна.„Огромна благодарност до сите граѓани кои со учевство на изборите го остварија своето право. Одговорот на црната кампања на власта беше зголемена излезност. Тажен ден за недемократската власт на Заев, силен ден за вољата на народот кој се одлучи за промени и нова иднина. Власта на Заев го покажа своето недемократско лице. Видовме како излгеда власт која паѓа“, рече Митева.

Македонија | пред 4 години

dastevski-9182

48,88 отсто од гласачите излегле до 18:30 часот, најмала излезност во Сарај

48,88 отосто од гласачите излегле на гласање односно над 555 илјади гласачи. Во Кочани, Росоман, Демир Капинија има над 80 отсто излезност. Најмала излезност е во Сарај до 18:30 часот.„Имавме успешен и мирен гласачки ден“, рече Александар Даштевски.Претходно, до 17 часот 42,85 проценти од гласачите излегоа на гласање. Најмногу има во Вевчани, Конче, Ранковце, Пробиштип, Печхево, Дебар и други. Срај и Шуто Оризари имаат најмала излезност.„Сите избирачки места се отворени од избирачките одбори и процесот на гласање е во тек и во најголем дел се одвива непречено. Рано утринава во 7 часот беа отворени гласачките места во 44 општини од вториот круг на локалните избори. Се бираат градоначалници, а право на глас имаат 1.353.990 избирачи.Членовите на избирачките одбори добија инструкции читањето на прстите да се одвива според следниот редослед: Прво се чита показалецот од едната рака, доколку уредот не го препознава, тогаш следи обид со показалецот од другата рака. Доколку и во тој случај уредот не може да го исчита гласачот, се вметнува личната карта. Како последен обид, се оди со рачно вметнување на единствениот матичен број на граѓанинот.

Македонија | пред 4 години

glasanje-makedonija

Кандидат за Куманово: Луѓе од 6-управа при МВР агитираат, уценуваат, даваат логистика на партиски војници

Независен кандидат за градоначалник на Куманово преку социјалните мрежи се пожали дека полицијата учествува во изборнито процес преку агитирање. Тој се жали дека министер за полиција дал налог за тоа.„Луѓе од 6та управа повторно на терен, агитираат, попречуваат, уценуваат, даваат логистика на партиски војници, униформираните се неми набљудувачи на сето тоа. Малтретирате наши активисти, со денови не следите, ни одземате возила, се обидувате да не поткупите и заплашите и што уште не и повторно неможете да не скршите и поколебате- Што сакате можете да правите, кумановци се решени, ќе победат денеска и ќе ја вратат демократијата назад кај граѓаните. Кумановци се со нас! - Има сведоци, снимки, ќе одговарате за се! Куманово секогаш бил град кој се одважувал и од тука тргнувале сите големи општествени промени за подобар живот, така ќе биде и денес!“, пишува кандидатот.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања