ТОП

vanhaute1

Питер Ванхојте јавно го искара Заев поради оставката: Локалните избори не смеат да влијаат на Владата

Белгискиот експерт Питер Ванхојте јавно го искритикува чинот на Зоран Заев кој најави оставка поради лошите резултати на локалните избори.„Се разбира, целосно го разбирам разочарувањето на господинот Заев - разочарувањето од функционирањето на сопствената партија, разочарувањето од немањето напредок во однос на влезот во ЕУ, разочарувањето од функционирањето на некои од неговите коалициски партнери... Така, да, сето тоа се валидни причини зошто премиерот може да одлучи да поднесе оставка. Но, ве молам, во таков случај, доколку сакате да поднесете оставка, информирајте ја јавноста дека одлучивте да поднесете оставка од лични причини. Замислете градоначалниците да поднесат оставки ако се разочарани од резултатот на националните избори“, потенцирајќи дека ја разбира разочараноста на Заев“вели Ванхојте„Како премиер, никогаш не треба да одлучите да поднесете оставка освен ако вашите коалициски партнери не се согласат со тоа, како и со следните чекори, односно кој ќе ве замени како премиер. Се разбира, целосно го разбирам разочарувањето на господинот Заев - разочарувањето од функционирањето на сопствената партија, разочарувањето од немањето напредок во однос на влезот во ЕУ, разочарувањето од функционирањето на некои од неговите коалициски партнери... Така, да, сето тоа се валидни причини зошто премиерот може да одлучи да поднесе оставка. Но, ве молам, во таков случај, доколку сакате да поднесете оставка, информирајте ја јавноста дека одлучивте да поднесете оставка од лични причини. Да, свесен сум дека повеќето политичари ги користат приватните клиники, наместо јавниот здравствен систем и како резултат на тоа, многу од нив дури и не знаат колку навистина е проблематична состојбата таму, поради недостиг на инвестиции и ниски плати за здравствените работници - подобрување на образовниот систем на сите нивоа , и поддршка за развојот на перспективен земјоделски систем, дозволувајќи им на земјоделците да останат во нивните села и промовирање на производството и извозот на висококвалитетни производи во Европа, покрај тоа што му служи на локалниот пазар“, додава тој.Во однос на спорот со Бугарија, смета дека не треба да се користат класични начини за медијација, бидејќи тоа нема да даде резултати.„Креативно овде значи различно, со фокус на реалните потреби на граѓаните на Северна Македонија и земајќи ги предвид заедничките интереси на Бугарија и Северна Македонија, како и учење да се разбере минатото и како да се остави зад себе“ кажа Ванхојте.

Македонија | пред 4 години

12102021_PVRSM_Zaev_pres-konferencija_2

Кабинетот на Заев одговори на прозивките дека оставката ќе ја даде во декември или јануари

Од кабинетот на претседателот на Владата велат дека не е точно дека планот на премиерот е да ја одолжува оставката до декември.„Оставката е јасен чин на преземање одговорност“, велат од кабинетот на Заев.Како што посочуваат, во тек се консултации преку кои органите на партијата, како и коалициските партнери, со целосна поддршка од премиерот Заев, работат на решенија и одлуки со кои парламентарното мнозинство се одржува стабилно, а со цел обезбедување Влада што го одржува реформскиот и прогресивен курс на земјата.

Македонија | пред 4 години

kovid-ambulanta-klinika-infektivna

Почина 16-годишна девојка од корона, за која беше кажано дека нема коморбидитети и е во тешка состојба

Младата девојка од тетовско чија здравствена состојба пред три дена беше тешка како последица на коронавирусот, денеска починала. Таа имаше тешка клиничка слика, за што информираше и директорката на Инфективната болница во Скопје, Милена Стевновиќ. За неа, во тој момент, немаше информации дека има коморбидитети.Министерството за здравство информираше, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.391 тестирања, а регистрирани се 593 нови случаи на КОВИД-19. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени четири починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 30.10.2021.

пред 4 години

klinika-brza-pomos

14 починати и 593 нови од корона

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:· Направени се 3.391 тестирања, а регистрирани се 593 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 272, Куманово и Прилеп – по 39, Битола – 38, Велес – 27, Кавадарци – 25, Кочани – 22, Крива Паланка – 21, Тетово – 20, Штип – 15, Кичево – 10, Неготино и Пробиштип – по 8, Кратово – 7, Радовиш и Делчево – по 6, Демир Хисар – 5, Берово и Валандово – по 4, Гостивар и Гевгелија – по 3, Струмица и Крушево – по 2, Охрид, Струга, Свети Николе, Ресен, Македонски Брод, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.· Регистрирани сe 415 оздравени пациент од: Скопје – 253, Прилеп – 23, Куманово – 21, Велес – 19, Тетово – 12, Кочани – 11, Крива Паланка, Штип и Пробиштип – по 9, Кавадарци и Струмица – по 8, Свети Николе – 6, Богданци – 5, Битола и Радовиш – по 4, Неготино – 3, Гевгелија и Виница – по 2, Кратово, Делчево, Демир Хисар, Валандово, Гостивар , Ресен и Македонска Каменица – по 1.· Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 4 починати лица од Скопје (70г, 71г, 84г и 85г), по едно починато лице од Гостивар (77г), Кавадарци (81г), Прилеп (83г), Охрид (81г), Кочани (72г) и Штип (78г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени четири починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 30.10.2021.Регистрирани се по едно починато лице од Свети Николе, Крива Паланка, Прилеп и Штип на возраст од 46 до 87 години,од кои две се починати во болнички услови ,а две се починати во домашни услови.· Направени се 3.391 тестови преку: ИЈЗ-294, ЦЈЗ Скопје-71, ЦЈЗ Битола-62, ЦЈЗ Прилеп-59,ЦЈЗ Тетово–63, ЦЈЗ Куманово-62, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-14, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–5, Жан Митрев (Филип Втори)-79, Авицена-147, Биотек-207, Систина-69, лабораторија Лаор-105, Синлаб-16, Ремедика-15, Плодност–45, Генеа-10, Никоб лаб-302, ВФВ Медикал-51, Ели Медика-25, Ројал Медика –7, Спектра-ММ-12, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.671.Досега во земјата се направени вкупно 1.390.369 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 203.298, бројот на оздравени пациенти е 189.264, на починати е 7.159, а бројот на активни случаи изнесува 6.875.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 89039, активни 3414Куманово 12334, активни 431Тетово 11045, активни 152Прилеп 9544, активни 305Гостивар 8008, активни 24Битола 7503, активни 279Велес 6850, активни 329Кавадарци 6347, активни 258Штип 6198, активни 209Охрид 6177, активни 187Струмица 5915, активни 113Кичево 4115, активни 80Струга 3844, активни 44Кочани 3608, активни 182Гевгелија 2567, активни 89Неготино 2404, активни 56Свети Николе 2024, активни 77Крива Паланка 1675, активни 151Радовиш 1607, активни 51Ресен 1596, активни 50Дебар 1453, активни 3Берово 1261, активни 41Делчево 1176, активни 50Виница 1094, активни 36Пробиштип 1035, активни 67Валандово 862, активни 28Кратово 657, активни 37Богданци 586, активни 19Крушево 551, активни 15Демир Хисар 499, активни 44Македонски Брод 478, активни 3Демир Капија 410, активни 1Македонска Каменица 362, активни 38Пехчево 324, активни 5Дојран 150, активни 7

пред 4 години

zaev-z-9

Објавено кога ќе стигне оставката на Заев

Премиерот останува на ставот да си поднесе оставка на функцијата, но најверојатно ќе ја пролонгира за два месеци. Помалите коалициони партнери на синоќешниот состанок не успеале да го разубедат Заев во намерата што ја најави на изборниот ден. Но, му предложиле и тој начелно прифатил, официјално оставката да ја поднесе кон крајот на годината или на почетокот на јануари, објави Телма.Еден од помалите коалициони партнери, кој синоќа присуствуваше на состанокот, за Телма брифираше дека, би било несериозно од Заев сега да се предомисли, но исто така сите се согласиле дека мора да се заштитат виталните државни интереси.Причина за тоа, вели нашиот извор, се и надежите кои им ги соопштил премиерот, за решавање на спорот со Бугарија и можна меѓувладина конференција со ЕУ на средината на декември.Иако синоќа ДУИ и БЕСА биле категорично против оставката на Заев, на состанокот бил оставен простор за негов можен наследник, а за мислењето на коалиционите партнери околу ова прашање ќе се разговара оваа недела, најверојатно во петок.

Македонија | пред 4 години

krmov

Не ја чекајте оставката на Заев, неа ДУИ планираат да ја влечкаат до нова година, порача Крмов од Левица

„Какво е чуството да си најомилениот премиер на политичката партија која произлезе од УЧК? Не ја чекајте оставката на Заев, неа ДУИ (подржани од структури на СДС) планираат да ја влечкаат до нова година, ако не и подолго. Носењето на буџетот веќе се користи како изговор, иако двете работи немаат врска една со друга“, пишува пратеникот на Левица, Борислав Крмов.„Посебно ДУИ не сакаат да го изгубат Заев по никоја цена, бидејќи таков политичар „трговец поединец“, кој е спремен да тргува со СЕ и да продаде СЕ, кој им ги даде најбитните ресори во државата и со врзаните потписи практично ги направи власт ,тешко дека пак ќе најдат. Оставката и денес не е доставена до Собранието, а народот чека.. #ОставкатаДаЈаВидиме #СоЉубовОдУЧК“, додава тој.

Коментари | пред 4 години

240704659_536418067474676_7317527048721981219_n

Заев нема доставено оставка ниту денеска

Собранието се уште ја нема добиено одтавката поднесена од премиерот Зоран Заев, најавена откако завршија изборите. Собраниските служби велат дека од Влада немаат добиено никаков допис.Со оставката на Зоран Заев од премиерската функција, во оставка е и целата влада. Тоа го предвидува членот 93 од Уставот. Прв услов за тоа е најавената оставка на прес-конференцијата во неделата, Заев да ја достави и на писмено до претседателот на Собранието Талат Џафери. Додека тоа не се случи, формално-правно, премиерот и актуелната влада можат да продолжат со работа.„(...) Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата“, се наведува меѓудругото во членот 93 од Уставот.Процедурата потоа е слична како и при изборот на нов состав на Собранието. Имено, шефот на државата е должен во рок од десет дена мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.Потоа, мандаторот има рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесе програма и да го предложи составот на Владата.

Македонија | пред 4 години

ambasada

Се огласи САД по изборите и оставката на Заев

САД очекуваат да ја продолжат соработката со Северна Македонија во областите од заеднички интерес, соопшти Стејт департментот за Гласот на Америка, одговарајќи на барањето да ја искоментираат оставката на премиерот Зоран Заев по локалните избори.„Американската амбасада ги следи настаните по вториот круг локални избори, вклучувајќи ја и најавата за оставка од премиерот Зоран Заев“, се вели во изјавата од портпаролот на Стејт департментот.Во изјавата се нагласува дека „САД ја сметаат Северна Македонија како доверлив и ценет партнер во регионот, и со нетрпение очекуваат да продолжи соработката со Владата на Северна Македонија во областите од заеднички интерес додека го продолжува напредокот што го постигна кон евроатлантската интеграција“.

Македонија | пред 4 години

51527416724_29ef17fba6_c

Груби изнесе инфо за средбата со Заев, ќе ја повлече ли премиерската оставка

Сите партнери кои учествуваат во Владата беа апсолутно против оставката на Зоран Заев зошто сметаат дека беше избрзана и дека граѓаните очекуваат да продолжи со политиките, порача вицепремиерот од редовите на ДУИ, Артан Груби, по средбата што ја имаа партнерите во владината коалиција. На неа не присуствувал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на Груби беше придружуван од министрите Бујар Османи и Фатмир Бесими.Тој беше дециден дека Заев треба да ја повлече оставката.-Не смееме да си дозволиме авантури во овие кршливи моменти за државата. На државата не и треба нестабилност и несигурност, рече Груби. Тој дообјасни дека ова се локални, а не парламентарни избори, дека добиле мандат да ја водат земјата на евроатлантскиот курс и дека сите сметаат дека само оваа влада може да ги реши проблемите со Бугарија, да го гарантира Преспанскиот договор, да ги гарантира меѓуетничките односи и да обезбеди напредок во евроинтеграцијата.

Македонија | пред 4 години

modularna-bolnica

13 лица го загубија животот поради короната, 309 оздравеа, 153 заболеа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.549 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 108, Куманово – 12, Прилеп – 9, Кавадарци – 6, Битола – 5, Крива Паланка – 4, Виница – 2, Струмица, Кичево, Неготино, Свети Николе, Берово, Делчево и Пробиштип – по 1.Регистрирани сe 309 оздравени пациент од: Скопје – 120, Куманово и Велес – по 26, Кочани – 20, Штип – 18, Кавадарци – 16, Прилеп – 13, Битола – 11, Тетово – 9, Македонска Каменица – 7, Крива Паланка и Свети Николе – по 6, Гостивар – 4,Струмица, Кичево и Берово – по 3,Виница, Неготино, Делчево, Пробиштип, Гевгелија, Валандово и Кратово – по 2, Ресен, Крушево, Демир Хисар и Пехчево – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: по 2 починати лица од Прилеп (54 г и 63 г), Кавадарци (49 г и 70 г), и Демир Хисар (74 г и 77 г), по едно починато лице од Скопје (69 г), Кичево (58 г), Битола (61 г), Гевгелија (69 г) и Велес (79 г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени две починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 30.10.2021. Регистрирани се по едно починато лице од Скопје и Крива Паланка на возраст од 61 до 80 години,од кои еден е починат во болнички услови ,а еден е починат во домашни услови.Направени се 1.549 тестови преку: ИЈЗ – 31, ЦЈЗ Скопје – 10, ЦЈЗ Битола – 0, ЦЈЗ Прилеп – 0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово – 0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина – 0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8 Септември – 0, Институт за микробиологија – 0, Жан Митрев (Филип Втори) – 58, Авицена – 52, Биотек – 77, Систина-57, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност– 0, Генеа – 0, Никоб лаб – 226, ВФВ Медикал – 25, Ели Медика – 28, Ројал Медика –0, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 983.Досега во земјата се направени вкупно 1.386.978 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 202.705, бројот на оздравени пациенти е 188.849, на починати е 7.145, а бројот на активни случаи изнесува 6.711.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 88767, Активни 3399Куманово 12295, Активни 413Тетово 11025, Активни 144Прилеп 9505, Активни 291Гостивар 8005, Активни 23Битола 7465, Активни 245Велес 6823, Активни 321Кавадарци 6322, Активни 242Охрид 6176, Активни 187Штип 6183, Активни 205Струмица 5913, Активни 119Кичево 4105, Активни 70Струга 3843, Активни 43Кочани 3586, Активни 172Гевгелија 2564, Активни 88Неготино 2396, Активни 51Свети Николе 2023, Активни 83Крива Паланка 1654, Активни 140Радовиш 1601, Активни 49Ресен 1595, Активни 50Дебар 1453, Активни 3Берово 1257, Активни 37Делчево 1170, Активни 45Виница 1094, Активни 38Пробиштип 1027, Активни 68Валандово 858, Активни 25Кратово 650, Активни 31Богданци 586 24Крушево 549, Активни 13Демир Хисар 494, Активни 40Македонски Брод 477, Активни 2Демир Капија 410, Активни 1Македонска Каменица 361, Активни 38Пехчево 323, Активни 4Дојран 150, Активни 7

пред 4 години

zaev-zoran-sednica-vlada

Оваа влада нема легитимитет пред народот и тоа го покажаа изборите, смета професор по уставно право

По најавената оставка на премиерот Зоран Заев, во игра се три сценарија за решавање на политичката ситуација, вели за „Слободен печат“ професорот по уставно право, Осман Кадриу.– Кога премиерот ќе даде оставка, во оставка е и цела влада по сила на Устав. Има три варијанти за решавање на ситуацијата. Најбезбедна варијанта е да се формира ново парламентарно мнозинство, да се оди со нова влада, но во рамките на овој парламентарен состав, односно да не се распишуваат нови избори. На овој начин, целата постапка за избор на влада би одела отпочеток како вчера да се одржале парламентарни избори. Откако Собранието ќе ја констатира оставката на мандатарот, спикерот Талат Џафери треба да го извести Претседателот на државата и Претседаелот по Устав има надлежност да го даде мандатот на оној што има парламентарно мнозинство. Потоа, во рок од 20 дена новиот мандатар треба да формира влада.Второто сценарио е да има предвремени парламентарни избори со техничка влада 100 дена пред избори и после изборите ќе се знае кој ќе има мнозинство. Тоа е потешкиот пат, бидејќи ниедна партија кај нас не добива апсолутно мнозинство, односно повторно ќе има преговори за состав на влада, а државата има други поприоритетни прашања за решавање отколку да имаме избори.Трета варијанта е актуелното мнозинство во парламентот да си направи влада по примерот кога Бранко Црвенковски замина од премиерската функција и на негово место дојде Хари Костов и кога и Костов поднесе оставка па беше избран Владо Бучковски за премиер. Ова по Устав е можно, ама е политичко некоректно. Оваа влада нема легитимитет пред народот и тоа го покажаа изборите. Оваа влада изгуби политичка доверба кај народот – вели професорот Кадриу.По најавената оставка на премиерот Зоран Заев, во игра се три сценарија за решавање на политичката ситуација, вели за „Слободен печат“ професорот по уставно право, Осман Кадриу.– Кога премиерот ќе даде оставка, во оставка е и цела влада по сила на Устав. Има три варијанти за решавање на ситуацијата. Најбезбедна варијанта е да се формира ново парламентарно мнозинство, да се оди со нова влада, но во рамките на овој парламентарен состав, односно да не се распишуваат нови избори. На овој начин, целата постапка за избор на влада би одела отпочеток како вчера да се одржале парламентарни избори. Откако Собранието ќе ја констатира оставката на мандатарот, спикерот Талат Џафери треба да го извести Претседателот на државата и Претседаелот по Устав има надлежност да го даде мандатот на оној што има парламентарно мнозинство. Потоа, во рок од 20 дена новиот мандатар треба да формира влада.Второто сценарио е да има предвремени парламентарни избори со техничка влада 100 дена пред избори и после изборите ќе се знае кој ќе има мнозинство. Тоа е потешкиот пат, бидејќи ниедна партија кај нас не добива апсолутно мнозинство, односно повторно ќе има преговори за состав на влада, а државата има други поприоритетни прашања за решавање отколку да имаме избори.Трета варијанта е актуелното мнозинство во парламентот да си направи влада по примерот кога Бранко Црвенковски замина од премиерската функција и на негово место дојде Хари Костов и кога и Костов поднесе оставка па беше избран Владо Бучковски за премиер. Ова по Устав е можно, ама е политичко некоректно. Оваа влада нема легитимитет пред народот и тоа го покажаа изборите. Оваа влада изгуби политичка доверба кај народот – вели професорот Кадриу.

Македонија | пред 4 години

244008664_4350484378321396_586385827109234694_n

Ахмети откри што разговарал со Заев, имало тензија

Претседателот на Демократска унија за интеграција, Али Ахмети, за ТВ21 истакна дека синоќа имал тензичен разговор со премиерот Зоран Заев.Тој вели дека не се согласува со неговата одлука да си даде оставка од премиерската функција.„Вчера имавме доста тензичен разговор со Заев, дека не се согласувам со таквото движење, со неговата оставка од партијата и претседател на Владата. Му ги нагласив силните позиции на ДУИ. Овие се локални избори, ние пред 1 година победивме на општите избори и добивме мандат за да раководиме со политиките на државата. Така да и денеска повторно разговарав со Заев, му реков дека не можеме да направиме компромис за големи работи, за тој да се повлече. Да се разгледа во неговата партија оваа одлука која според мое мислење е забрзана и неоснована“, вели Ахмети за ТВ21.

Македонија | пред 4 години

DSC_0718

Скопјанец вршел разбојништва, се заканувал со пиштол за да ограби обложувачница и „продавница за пари“

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил две кривични дела – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот 21-годишен скопјанец, на 17 септември, заканувајќи се со огнено оружје – пиштол, одзел 101.000 денари од обложувалница на улица „Финска“ во Скопје. Со пиштолот му се заканил на вработениот, ги одзел парите и избегал.На 27 октомври, пак, осомничениот влегол во продавница М-Кеш на улица „Методија Андонов Ченто“ и повторно со закана со пиштол кон вработената одзел метална каса во која имало 58.350 денари. Потоа веднаш го напуштил местото.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да го повтори делото.​​

Скопје | пред 4 години

zaev-filipce

Четири можни сценарија по оставката на Заев, а со тоа и на целата Влада

Со оставката на Премиерот, според нашиот Устав во оставка е целата Влада, пишува професорката Мирјана Најчевска. Таа предвидува четири можни сценарија, откако премиерот Зоран Заев најави дека ќе ја депонира оставката.„Оставката се поднесува до Собранието кое ја усвојува.И тука се можни повеќе излезни решенија.1. Досегашната владејачка коалиција има мнозинство во Собранието и Претседателот на државата и доделува нов мандат за формирање Влада.Во овој случај СДСМ како најголема партија во коалицијата може да понуди свој кандидат или да се договори со коалиционите партнери за кандидат од нивните редови или независен експерт како кандидат.2. Се формира нова мнозинска коалиција на која Претседателот и доделува мандат за формирање Влада.3. Било која од мнозинските коалиции во Собранието поведува постапка за распуштање на Собранието и распишување предвремени избори.4. Сите партии во Собранието се договараат за формирање на експертска Влада која ќе го доврши мандатот на претходната до наредните редовни избори“, напиша професорката.

Коментари | пред 4 години

vlada-sednica23

Оставката на Заев е оставка и за целата Влада, која е процедурата

Оставката на премиерот Зоран Заев од функцијата повлекува оставка и на целата Влада односно министрите во неа. Ова го предвидува членот 93 од Уставот на Македонија. Таму стои: „Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајна спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата“. Според овие одредби од Уставот, освен избор на нов премиер, треба да се бира и нова Влада, од страна на мнозинството во Собранието.Бидејќи премиерот Заев кажа дека нема да има предвремени парламентарни избори, тоа значи дека новата Влада ќе се крои според гласањето во Собранието. Односно, мнозинството пратеници ќе ја состави новата Влада.Инаку, премиерот Зоран Заев ја поднесе оставката од премиерската и претседателската функција во СДСМ, поради, како што рече, лошите изборни резултати кои ги постигнале кандидатите на локалните избори. Ова од него го бараше и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања