ТОП

maksim-dimitrievski-43

Максим Димитриевски доби закани, имало обид да го натепаат

Вчеравечер при средба со граѓани, актуелниот градоначалник и независен кандидат, Максим Димитриевски добил закани, а потоа имало и обид за физички напад.„М.Д., кандидат за градоначалник на Куманово пријавил дека, додека имал средба со граѓани во Долно Којнаре, кај спортското игралиште, Д.„Н“ и З.П. го навредувале и му се заканувале, по што се обиделе и физички да го нападнат.Се работи на расчистување на случајот“, стои во билтенот од МВР.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Заврши шестата трансплантација на срце од починат донор

Министерот за здравство Венко Филипче попладнево на својот фејсбук профил објави дека заврши трансплантацијата на срце кај 53-годишниот пациент, кој имаше тешка срцева аномалија.– Неколку часа траеше трансплантацијата на срце кај 53-годишниот пациент, кој имаше тешка срцева аномалија. Сега следи критичен период на опоравување. Пациентот останува под надзор на стручниот лекарски тим на Клиниката за кардиохирургија. На клиниката за Урологија хирурзите полека ја завршуваат и трансплантацијата на бубрег кај дваесетгодишната пациентка која подолг период беше на дијализа – напиша Филипче.Тој им посака на пациентите брзо закрепнување и многу здравје.– На колегите кои беа дел од овие експлантации и трансплантации на срце и бубрег, им честитам за уште еден успех. Вие пишувате историја! Изразувам незимерна благодарност за храброста, добродушноста и хуманоста на семејството на донорот – напиша Филипче.

Македонија | пред 4 години

doktor

Смена на директорите во тетовската болница по избори

Директорот Флорим Бесими и Артан Етеми, економскиот директор на тетовската болница после изборите ќе бидат сменети.„Оставката на двајцата директори е неотповиклива и после изборите ќе се постават други директори. Сега е забрането по Избрниот законик“ – велат од владата за тв 24.Бесими и Етеми поднесоа оставки во ист ден кога оставката поднесе и заменикот министер за здравство, а министерот за здравство понуди оставка. Премиерот Заев откако вчера излезе еден од извештаите за несреќата во Тетово, порача дека не ги прифаќа оставките на Филипче и Хасани.

Македонија | пред 4 години

2-1

Мицкоски: Taквите како Заев на факултет ги викавме повторувачи

Доста е од Зоран Заев во политиката и се што овој човек донесе на политичката сцена. Доста е од политика која ја сведува во броење на кеш и квадрати, порача Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг пред граѓаните во општина Петровец.Мицкоски му одговори на Заев дека таквите како него на факултет ги нарекувале повторувачи, односно како што рече затоа што толку им е знаењето, додавајќи дека е Заев е нервозен и му гори под нозе затоа што никој веќе не верува во неговите глупости.Вчера го слушам ми дава на митинг некакви оценки, се расфрла со напишани фрази, прави потези со лактови, до душа го заборави да го каже она „мало сутра“, ама изгледа не му го напишале, па го пропушти, ги омаловажува противниците, бидејќи нема што друго да каже. Но еве само накусо да одговорам, како професор таквите како Заев на факултет ги викавме повторувачи, кои нјачесто ги повторуваа или како што ние популарно тоа го нарекувавме ги квадрираа годините. Зошто толку им беше знаењето, а како политичар морам да признаам нема поголем комплимент од тоа Заев да ти каже дека си за единица, бидејќи доаѓа од човекот кој е во тесна битка со самиот себе во кажување на гафови. Кој досега ни соопшти дека рибата смрди од опашката, кој им се обраќа на сончевите колектори како да му се публика, кој работи за џинџер баланс, и мисли дека е сидро кое што влече напред. Е за таков човек станува збор. Но го разбирам, но не можам да го оправдам Нервозен е и му гори под нозете. Зошто веќе никој не му верува во глупостите кои ги кажува и прави, потенцираше Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

w_56089446

12 починати лица и 406 нови случаи од корона

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 3.149 тестирања, а регистрирани се 406 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 184, Куманово – 31, Штип – 23, Велес – 19, Битола – 17, Кавадарци – 13, Свети Николе и Крива Паланка – по 12, Прилеп и Гевгелија – по 11, Кочани – 10, Струмица – 9, Кратово – 7, Тетово, Охрид и Струга – по 6, Виница – 5, Демир Хисар – 4, Гостивар, Неготино, Радовиш и Македонска Каменица – по 3, Делчево и Пробиштип – по 2, Кичево, Ресен, Дебар и Валандово – по 1.Регистрирани сe 387 оздравени пациенти од: Скопје – 223, Охрид – 48, Куманово – 23, Струга – 13, Кавадарци и Струмица – по 11, Битола – 10, Радовиш – 6, Крива Паланка и Тетово – по 5, Велес, Гевгелија и Кичево – по 4, Штип и Гостивар – по 3, Прилеп, Кочани, Неготино и Македонска Каменица – по 2, Свети Николе, Виница, Делчево, Пробиштип, Ресен и Македонски Брод – по 1.Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 6 починати лица од Скопје (63г, 71г, 72г, 75г, 81г и 85г), 2 починати лица од Битола (63г и 80г) и по едно починато лице од Штип (69г), Кратово (71г), Струмица (57г) и Охрид (55г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 6 починати лица, со датум на смрт од 08.09.2021 до 03.10.2021 година. Починатите лица се 4 лица од Скопје и по едно лице од Тетово и Струмица, на возраст од 59 до 89 години. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови, а две лица се починати во домашни услови.Направени се 3.149 тестови преку: ИЈЗ-299, ЦЈЗ Скопје-64, ЦЈЗ Битола-61, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово–59, ЦЈЗ Куманово-48, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–174, Жан Митрев (Филип Втори)-76, Авицена-141, Биотек-230, Систина-51, лабораторија Лаор-133, Синлаб-18, Ремедика-19, Плодност–29, Генеа-4, Никоб лаб-355, ВФВ Медикал-61, Ели Медика-36, Ројал Медика –12, Спектра-ММ-1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.234Досега во земјата се направени вкупно 1.308.188 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 193.458 бројката на оздравени пациенти е 175.881, на починати е 6.758, а бројот на активни случаи изнесува 10.819Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 84283, Активни 5217Куманово 11586, Активни 961Тетово 10849, Активни 836Прилеп 9100, Активни 285Гостивар 7965, Активни 410Битола 7143, Активни 245Велес 6309, Активни 330Охрид 5992, Активни 300Кавадарци 5984, Активни 209Штип 5793, Активни 234Струмица 5766, Активни 227Кичево 3991, Активни 353Струга 3802, Активни 110Кочани 3316, Активни 170Гевгелија 2440, Активни 88Неготино 2324, Активни 36Свети Николе 1925, Активни 108Ресен 1543, Активни 71Радовиш 1534, Активни 75Крива Паланка 1463, Активни 105Дебар 1451, Активни 66Берово 1210, Активни 16Делчево 1126, Активни 63Виница 1044, Активни 48Пробиштип 925, Активни 35Валандово 825, Активни 21Кратово 590, Активни 64Богданци 555, Активни 21Крушево 529, Активни 21Македонски Брод 473, Активни 28Демир Хисар 450, Активни 33Демир Капија 411, Активни 4Пехчево 314, Активни 4Македонска Каменица 307, Активни 24Дојран 140, Активни 1

пред 4 години

Нема фотографија

Заев: Чекорите и блокадите што ги презема бугарскиот преседател Румен Радев во името на Бугарија се навреда за македонските граѓани

Чекорите и блокадите што ги презема бугарскиот преседател Румен Радев во името на Бугарија се навреда за македонските граѓани, изјави денеска премиерот Зоран Заев во Брдо кај Крањ, каде присуствува на Самитот ЕУ – Западен Балкан.Заев нагласи дека не е нова вест оти за нас е прифатливо во духот на европските добрососедски односи да ги интензивираме разговорите со Бугарија.– Ние велиме да, можеме и мораме. Двете страни, веднаш по изборите во Бугарија и во … Македонија, како што ни прилега со искрена политичка волја да преземеме одлучни чекори за решавање на отворените прашања. Но, исто така не е нова вест дека нашиот гласен став за идентитетските прашања е дека македонскиот идентитет не може да биде тема за преговори, истакна Заев.Тој нагласи дека на Самитот е добиена уште една силна потврда дека само една земја членка на ЕУ се противи на нашата интеграција и на почетокот на преговорите за членство во Унијата.– За жал и на огромно разочарување, мое лично и верувам на сите наши граѓани ,блокадата доаѓа од нашиот сосед Бугарија, посочи Заев.Тој додаде дека македонскиот народ со целата своја мирољубивост не може да ги оправда блокадите.– Мојот народ мене ми даде мандат да создадам решение, не ми дал мандат да оправдам политики од минатиот век. До сега не постои земја членка на ЕУ која има каква било забелешка за нашите реформи. Нашиот напредок во интеграциите во ЕУ првенствено треба да зависат од домашните реформи поврзани со постигнувањето на европските стандарди, а не од билатералните прашања. Затоа посветени сме на решавање на билатералните спорови кои се влечат од минатото, а доказ за тоа се и Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија од 2017 година, нагласи претседателот на Владата.Тој додаде дека земјава ги презела сите неопходни чекори во наша надлежност за деблокирање на процесот на проширување на ЕУ, не само за нас, туку и за целиот регион.– Нашиот успех во европеизацијата на земјата беше признаен и потврден со одлуката на Европскиот совет во март минатата година за почеток на преговорите за нашата земја. Ние остануваме посветени на нашата стратешка цел – членството во ЕУ преку целосна имплементација на европските вредности и стандарди во … Македонија. Тоа го бараат нашите граѓаните, тоа мора да го одработиме. … Македонија е Европа, Западен Балкан е Европа, потенцираше премиерот Заев.

Македонија | пред 4 години

mickoski-5

Мицкоски: Нема да поверувам дека крив бил кабелот за тетовската несреќа

Шокиран и згрозен сум од тоа што го слушнав вчера од Заев. Не би сакал овој настан да се политизира затоа што има загубени човечки животи кои настрадаа таму каде што требаше да добијат помош, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на вестите на телевизија Канал 5Според него јасна е одговорноста, односно каде треба да се бара одговорноста.„Јасна е одговорноста тука, и одговорноста е содржана во измените на Законот за градење во ноември минатата година. Одговорноста да изработи протокол за пуштање во употреба на ваков тип на објекти е кај министерот за здравство. Дали до ден денес некој го видел тој протокол и кои се документи и услови се содржани во тој протокол за ваков објект да биде пуштен во употреба. Доколку се испочитува Законот за градење онаков каков што е нема да има оптоварување на кабелот за што јас зборував дека тоа ќе биде најверојатно изговорот и немало да дојде до ова“, рече Мицкоски.Така што згрозен сум, додава Мицкоски, и навистина немам зборови со кои можам да ја опишам мојата лутина и гнев на ова отсуство на одговорност не зборувам само за политичка и морална, туку и човечка за ова што се има случено.„Јас како човек не можам никогаш да се помирам за ова што го кажа Зоран Заев и нема да престанам да се борам се додека вистината не ја дознаат прво семејствата кои загубија блиски, а потоа и граѓаните. Ова не смее да ни се повтори, а како тргнале ќе ни се повторува, бидејќи овие луѓе не чувствуваат одговорност, за онолку уште малку колку што ќе се на функциите“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

vakcinacija-skopje

Пад на вакцинацијата: Од 12 илјади дози на ден, сега во Македонија се даваат по 3.845 дози

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.845 дози вакцини, од кои 958 се аплицирани како прва доза, 2.813 се ревакцинирани, а 74 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 5 октомври вкупно се вакцинирани 792.174 граѓани, ревакцинирани се 740.822, а трета доза примиле 499 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47% , а со две дози опфатени се 44% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

пред 4 години

Screenshot-2021-10-06-at-07.51.18

ВИДЕО: Нападнат Бислимоски, претседател на РКЕ, од синот на Муса Џафери

Аријанит Џафери, син на поранешниот функционер на ДУИ Муса Џафери и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“, во понеделникот физички го нападнал претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, јави Дојче Веле.„Откако неколку пати го удрил и го влечел Бислимоски, три лица од придружбата на Џафери успеале да го отргнат и сите заедно избегале во непознат правец. Очевидец на настанот снимил и видео на кое можат да се видат моменти од инцидентот кога Џафери го влече Бислимоски, а потоа бега од местото на настанот“, пишува Дојче Веле.Повеќе..

Македонија | пред 4 години

zaev-filipce

„Кабелот бил, електричарот, а Филипче нека тера кампања“, негодувања откако Заев не ја прифати оставката на Филипче

Премиерот Зоран Заев не ја прифати оставката од министерот за здравство, Венко Филипче, но и на неговиот заменик Илир Хасани. Двајцата остануваат да го раководат здравството. Заев одлуката ја образложи како логична и нормална бидејќи тие немаат морална одговорност, а тоа го покажал и извештајот од Обвинителството. Доколку има друг вид одговорност, според Заев, треба да одговараат пред други државни органи. За потсетување, причина за пожарот бил слаб продолжен кабел кој се запалил, а пожарот бргу се проширил. Но, остануваат низа неодговорени прашања за овој случај.https://twitter.com/baljumbaljum/status/1445413375459176455https://twitter.com/mordorea/status/1445412443207913478https://twitter.com/Mrchatina/status/1445410308865077261https://twitter.com/Hasta_la_manana/status/1445409841372139526https://twitter.com/d_dedalus/status/1445402926546100240https://twitter.com/poliedar/status/1445399249236209680https://twitter.com/DiSkopje/status/1445381908897095680https://twitter.com/ibogovitelicno/status/1445348512510717954https://twitter.com/_Mitkov_/status/1445513378164731913https://twitter.com/profBezovski/status/1445513013893632000https://twitter.com/Trim4e_1/status/1445492557383798788https://twitter.com/gjur0ml/status/1445491029596155904https://twitter.com/SmetaloLevo/status/1445487081573294080https://twitter.com/LjManijakot/status/1445484744532127745https://twitter.com/T_m____n/status/1445482075654541318https://twitter.com/MoPkoB4E/status/1445472663355359234https://twitter.com/zstoikowski/status/1445461710391824391https://twitter.com/Gas_maska/status/1445457682467409922https://twitter.com/saltwatered/status/1445447380019544065https://twitter.com/LawBoy30/status/1445443133655891968https://twitter.com/petnaesetdotri/status/1445440707402027011За потсетување, што контатираше истрагата, кои прашања се одговорени, а кои не: 

Македонија | пред 4 години

gorcev

(ВИДЕО) Ѓорчев за одбиените оставки: Заев и Филипче одбраа да паднат заедно

Денеска повторно видовме дека власта нема чувство и нема жал за 14 луѓе живи изгорени во ковид-болницата во Тетово, обвини на прес-конференција, Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, откако попладнево премиерот Зоран Заев одби да ги прифати понудените оставки на министерот и заменик-министерот за здравство.„Наместо пристојност и етика, СДСМ и ДУИ решија да ја спасуваат коалицијата. Четиринаесет луѓе живи изгореа во пластичниот киоск на Зоран Заев и Венко Филипче. Четиринаесет семејства се во црнина поради нивната неодговорност, поради нивниот срам и брука, поради тоа ужасно, смртоносно профитерство“, нагласи претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.Тој воено додаде дека ваквата разврска на настаните значи дека Зоран Заев и Венко Филипче одбрале да паднат заедно.„Народот е револтиран, овој срам и брука во Македонија ќе заврши. А оние кои што се виновни ќе одговараат“, порача Ѓорчев.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-05-at-16.39.24

Заев не ја прифати оставката од Филипче

Премиерот Зоран Заев не ги прифати оставките од министрите Венко Филипче и Илир Хасани. Тој рече дека тие спасиле илјадници животи со нивниот ангажман, по што посочи, дека затоа им ја дава довербата.„Нема причини да се лоцира за политичка или моралност одговорност кај министрите. За евентуалните грешки, ќе се произнесат надлежните органи. Нема да дозволам политизирање на трагедијата во тетовската болница. Ние политичарите не смееме да го толкуваме извештајот на вештите лица. Откриена е причината за пожарот и таа јавно објавена. Дадов насоки до МЗ да се направат контроли во сите болници“, рече Заев.„Доколку има човечка одговорност тоа е на кривичните органи“, рече Заев, посочувајќи дека оставките биле од морална одговорност.Одлуката Заев ја донесе откако Обвинителството кажа како настанал пожарот во тетовската модуларна болница.

Македонија | пред 4 години

koronavirus-korona-kovid-test

17 лица починати и 399 нови заразени од корона

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 3.337 тестирања, а регистрирани се 399 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 197, Куманово – 49, Тетово – 15, Кочани – 14, Битола – 13, Кавадарци – 11, Велес и Крива Паланка – по 10, Струмица – 8, Штип, Кичево, Гевгелија и Кратово – по 6, Ресен, Радовиш, Пробиштип и Валандово – по 5, Прилеп – 4, Гостивар, Охрид, Богданци и Македонска Каменица – по 3, Неготино, Свети Николе и Виница – по 2, Струга, Дебар, Берово, Македонски Брод, Демир Хисар и Пехчево – по 1.Регистрирани сe 1.348 оздравени пациенти од: Скопје – 419, Струга – 196, Охрид – 144, Куманово – 87, Тетово – 71, Кичево – 45, Струмица – 43, Гостивар и Дебар – по 42, Велес – 41, Прилеп – 37, Кавадарци – 34, Битола – 26, Штип и Свети Николе – по 16, Ресен – 14, Радовиш – 13, Кочани и Гевгелија – по 11, Виница – 8, Кратово и Делчево – по 6, Валандово – 5, Пробиштип и Неготино – по 3, Берово и Демир Хисар – по 2, Крива Паланка, Македонска Каменица, Македонски Брод, Крушево и Демир Капија – по 1.Во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица: 8 починати лица од Скопје (59г, 65г, 68г, 70г, 72г, 80г, 83г и 86г), 4 починати лица од Куманово (64г, 69г, 71г и 79г) и по едно починато лице од Охрид (93г), Радовиш (72г), Струмица (87г), Битола (90г) и Гостивар (63г).Од пријавените починати лица 16 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 24.09.2021 до30.09.2021 година. Починатите лица се по едно лице од Скопје, Тетово, Велес и Охрид, на возраст од 63 до 81 години. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови а едно лице е починато во домашни услови.Направени се 3.337 тестови преку: ИЈЗ-300, ЦЈЗ Скопје-61, ЦЈЗ Битола-47, ЦЈЗ Прилеп-29, ЦЈЗ Тетово–42, ЦЈЗ Куманово-56, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-21, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–1, Жан Митрев (Филип Втори)-77, Авицена-159, Биотек-230, Систина-70, лабораторија Лаор-137, Синлаб-53, Ремедика-28, Плодност–31, Генеа-8, Никоб лаб-378, ВФВ Медикал-37, Ели Медика-57, Ројал Медика –17, Спектра-ММ-2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.495.Досега во земјата се направени вкупно 1.305.039 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 193.052 бројката на оздравени пациенти е 175.496, на починати е 6.740, а бројот на активни случаи изнесува 10.816.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 84099, Активни 5265Куманово 11555, Активни 953Тетово 10843, Активни 835Прилеп 9089, Активни 276Гостивар 7962, Активни 410Битола 7126, Активни 240Велес 6290, Активни 315Охрид 5986, Активни 343Кавадарци 5971, Активни 207Штип 5770, Активни 215Струмица 5757, Активни 231Кичево 3990, Активни 356Струга 3796, Активни 117Кочани 3306, Активни 162Гевгелија 2429, Активни 81Неготино 2321, Активни 35Свети Николе 1913, Активни 97Ресен 1542, Активни 71Радовиш 1531, Активни 78Крива Паланка 1451, Активни 98Дебар 1450, Активни 65Берово 1210, Активни 16Делчево 1124, Активни 62Виница 1039, Активни 44Пробиштип 923, Активни 34Валандово 824, Активни 20Кратово 583, Активни 58Богданци 555, Активни 21Крушево 529, Активни 21Македонски Брод 473, Активни 29Демир Хисар 446, Активни 29Демир Капија 411, Активни 4Пехчево 314, Активни 4Македонска Каменица 304, Активни 23Дојран 140, Активни 1

пред 4 години

bolnica-tetovo2

Позната причината за пожарот во тетовската болница, објавени се детали од истрагата

Во Основното јавно обвинителство Тетово доставен е Извештајот од извршено вештачење на траги од пожарот во Модуларната ковид болница во Тетово, изработен од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи. Согласно издадената Наредба од Основното јавно обвинителство Тетово, вештачењето утврдува постоење траги од електрична куса врска на доставениот материјал подигнат при вршење на увидот на самото место на пожарот, како и траги што се значајни за утврдување на причината поради која настанал пожарот во Модуларната болница, во кој животот го загубија 14 лица.Од извршената анализа на трагите од пожарните оштетувања, динамиката на ширење на пожарот и врз основа на оштетувањата на инвентарот и просторот, земајќи ги предвид и добиените сознанија за дејствијата пред и во текот на настанувањето на пожарот, вештите лица ја утврдија локацијата, како и можната причина за настанување на пожарот.Имено, со вештачењето се утврдува дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат.По воочена појава на пламен, присутниот медицински персонал презел обид за гаснење, но настанало бурно ширење на пожарот по целиот објект, простирајќи се по кровните панели кон ниските предели на панелните ѕидови и болничкиот инвентар. Со оглед на тоа што сите хоспитализирани пациенти биле приклучени на централниот довод за кислородна поддршка, а со тоа и процентуалното присуство на кислород во целиот болнички простор било зголемено, како и поради настанато оштетување на кислородната инсталација во текот на пожарот, огнот се проширил по целиот објект за многу краток временски период.Кон ова придонел и фактот што во поткровниот простор на објектот не постојат прегради помеѓу модулите / просториите и кон ходникот кои би го успориле пренесувањето на огнот.Ова вештачење е само еден од досега обезбедените докази. Се очекува во Основното јавно обвинителство Тетово да пристигнат извештаите и податоците за кои обвинителството има издадено наредби и насоки и до други надлежни институции, како и вештачењето кое треба да пристигне согласно побараната меѓународна правна помош од експертски тим од Република Германија. Едновремено, обвинителството и натаму интензивно постапува по предметот и се преземаат и други дејствија за целосно расчистување на настанот.По прибирање на сите вербални и материјални докази, по нивно разгледување и анализа, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошниот тек на постапката.​

Македонија | пред 4 години

Sequence-05.02_15_17_02.Still013

ВИДЕО: Среде дебата, кандидат за Ѓорче се фати за колбасицата на Заев и Мицкоски

Најмногу е вложено во Ѓорче Петров, споредено со последните 20 години. Ова го смета актуелниот градоначалник на општината и кандидат за нов мандат од СДСМ, Александар Наумоски. Тој во дебатата со противкандидатите на „А1он“ и „Макфакс“ кажа дека останала за реализација уште 20 проценти од програмата, за да Ѓорче нема повеќе кал.Александар Стојкоски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ тврди по неговото доаѓање во општина Ѓорче Петров, доколку победи на изборите, ќе ги реши проблемите на жителите.„Вака со ‘ќе направиме, ќе направиме’, граѓаните веќе немаат простор за тоа ‘ќе’, да чекаат постојано. Треба на граѓаните да им е јасно дека нема проект за Клиничкиот центар, ниту има идеен проект за него. Никој не знае како ќе изгледа. Ниту еден проект не е нов, сите се наследени проекти и на некој начин поробуваат да ги доработат. Во никој случај јас не би се спротивставил ако се донесе одлука Клинички да се гради во Ѓорче Петров, ниту на тоа што значи развој на општината.  Според моите информации, се работи на изнаоѓање на нова локација за Клинички. Околу делот на инвестициите сакам да напоменам, дека без развој на постоечките и дефинирање на нови инфраструктурни зони. Со изградена инфраструктура. На голи полиња многу тешко е да се најдат инвеститори“, рече Стојкоски.Прва зелена општина да биде Ѓорче Петров е планот на Љупчо Јаневски.„Ако сакаме велосипед од Влае натаму, ако сакаме маратон до Влае па се враќаат назад, ако сакаме кафе, од Влае натаму. Ајде да работиме за Ѓорче. За се има решение. Мое твое, лево-десно, наше-ваше, доста е. За еден мандат може да се заврши проблемот со депонијата во Ново село“, рече Јаневски.Сашо Панговски смета дека иста невладина организација ги тренира ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за да победат на избори и затоа во Ѓорче Петров ништо не се решава.„Не се проблем парите. Проблем е коалицијата на Мицкоски и Заев, што ја јадат кобасицата на маса, најверојатно печена на тие контејнерите, пред црквата во Ѓорче. Како што гледате ова се среќни луѓе“, рече Панговски од ТМРО.Според Александар Димитријевиќ од Левица, Ѓорче е најдобрата општина која може некој градоначалник да ја добие за работа.„Ние не сме против градење, туку да има планско. Да видиме кој дел од Ѓорче како може да се развива. Многу поважно е точка еден од програмата да се замени со точка два. А точка еден да биде освестување на граѓаните во Ѓорче, кои ќе имаат верба во општината, кои ќе имаат надеж дека во Ѓорче може да владее правото. Како ќе носиме инвеститори кога администрацијата е на најниското ниво од сите општини“, рече Димитријевиќ од „Левица“.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања