ТОП

Нема фотографија

(ВИДЕО) Што се случи со Фејсбук: Намерно исклучување на сервери поради кражба на податоци или „погрешна конфигурација“

Фејсбук ја обвини „погрешната промена на конфигурацијата“ за речиси шестчасовна блокада што спречи 3,5 милијарди од нивните корисници да пристапат до социјалните медиуми и услугите за пораки, како што се Вотсап (WhatsApp), Инстаграм и Месинџер. Компанијата не наведе на блогот кој ја направил промената на конфигурацијата и дали била планирана.Неколкумина вработени во Фејсбук, кои побарале да останат неименувани, за западни медиуми рекоа дека веруваат дека прекинот се должи на внатрешна грешка во начинот на насочување на сообраќајот преку интернет.Неисправностите на алатките за комуникација преку интернет и другите ресурси што зависат од истата мрежа го влошија проблемот, велат вработените. Безбедносните експерти не ја отфрлија можноста за ненамерна грешка, ниту за саботажа.Фејсбук и Инстаграм почнаа да се поврзуваат на интернет во понеделникот точно пред полноќ, речиси шест часа по глобалниот пад.Фејсбук и неговите апликации „Ватсап“ и „Инстаграм“ се урнаа вчера доцна попладнето, а некои корисници на „Фејсбук“ почнаа да добиваат делумен пристап до социјалната мрежа околу 23.45 часот. Губењето на врската беше втор удар за тој гигант на социјалните медиуми во неколку дена, откако „свиркач“ во неделата ја обвини компанијата дека честопати дава предност на профитот, наместо да ги потиснува говорот на омраза и дезинформациите.Познавачи на функционирањето на платформите, но и  светски медиуми, пренесоа дека можеби станува збор и за намерно исклучување на серверите, поради кражба на податоци. За протекувањето на билиони кориснички сметки, се известуваше и пред недела и половина.https://twitter.com/i/status/1445132771798798342 

Магазин | пред 4 години

policija-3-640x382

Градоначалник нападнат, интервенирала полиција за да го одбрани

Градоначалникот на Лозово Ацо Велковски во полиција пријавил загрозување на сигурноста во село Каратманово.Од МВР денеска соопштија дека во саботата околу 17.20 часот во ОВР Свети Николе А.В., градоначалникот на општина Лозово пријавил кривично дело „загрозување на сигурноста“ во с.Каратманово, светниколско, од страна на С.С.(47) од ова село, кој во С. Каратманово тргнал кон него со метален предмет.Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се посочува во информацијата од МВР.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Паднаа Фејсбук, Инстаграм и Ватсап

Mилиони корисници на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Ватсап во моментов имаат проблеми со овие популарни апликации.Трите апликации кои се во сопственост на Фејсбук целосно престанаа да работат нешто пред 17 часот. Други апликации што се дел од Facebook Workplace, исто така престанаа да работат.Прекините на Фејсбук се случуваат ретко, но имаат големо влијание, бидејќи се три од најкористените апликации во светот.

Магазин | пред 4 години

maksim-dimitrievski-43

Не може Бугарите да го ослободат Куманово, баба ми на 94 години е жив сведок за тоа, вели Димитриевски

Актуелниот градоначалник и независен кандидат за Куманово, Максим Димитриевски во гостување за „Утрински брифинг“, потсети на причините за кои во изминатите години се спротивставил со свој став за одредена проблематика.-Ако се сеќавате првпат кога беа поделени парите од Фондот за иновации на свои блиски компании, јас тогаш првпат реагирав. Потоа, кога се случи фамозната набавка на реагенси во Министерство за здравство за околу 40 милиони евра и тогаш реагирав, па се поништи таа тендерска постапка. Подоцна имавме состојба за којашто изнесов свое мислење во делот на она што значи менување на половите. Јас немам против ништо, ЛГБТ заедницата, секој има право да живее на свој начин, но да плаќате од Фондот за такви работи, а притоа во Куманово да немате мамограф е апсолутно неприфатливо. На крајот, короната си го кажа своето. Некои правила важеа за други градови, на пример за Дебар, а за Куманово немаше изолација. Се зборуваше дека ќе имаме 2.000 позитивни случаи, ја гледате бројката. Одамна смртни случаи ја помина таа бројка. И тогаш, меставија во самоизолација, поднесуваа кривични пријави. Имам континуиран став. Чашата ја прелеа прашањето околу тоа кој тоа го ослободил Куманово. Не може Бугарите да го ослободат Куманово, бидејќи овие споменици кои се околу нас, всушност се направени во чест на тие кои загинале од бугарскиот фашистички окупатор. Имам сопствени ставови и го застапувам својот град. Не можеме да избегаме од нашата етно генеза. Таа е нашата жива историја. Баба ми има 94 години, живи сведоштва имаме во Куманово и треба да го промениме ставот? – праша Димитриевски.

Македонија | пред 4 години

ristovski-750x430-1

Бројот на пост-ковид компликации е зголемен, тврди д-р Ристовски

Доктор Владимир Ристовски кој работи во ковид-центарот во градската општа болница „8 Септември“ во интервју за ТВ24 вели дека бројот на пост-ковид компликации е зголемен.– Пост-ковид компликациите ќе ги поделам на два типа, на минорни и мајорни компликации. Во минорните компликации влегуваат оние коишто секојдневно ги гледаме во нашите кардиолошки амбуланти, а тоа е срцебиење, варијации на крвниот притисок, недостиг на воздух. Тоа се компликации коишто секој втор којшто прележал ковид-19 се жали на тие симптоми. А во мајорните компликации, коишто се животозагрозувачки, спаѓа срцевиот инфаркт, чиј број е намален во однос на претходните бранови, но сепак се присутни – вели д-р Ристовски.Во однос на зголемената смртност кај младите пациенти, тој објаснува дека скоро сите млади хоспитализирани пациенти во ГОБ „8 Септември“ биле невакцинирани.– Скоро 95 отсто беа невакцинирани пациенти, а најчесто тие млади пациенти имаа некој коморбидитет или зголемена телесна тежина. Меѓутоа, има и пациенти коишто се на помлада возраст, но без коморбидитет и со потешка клиничка слика – објаснил тој.

Македонија | пред 4 години

bolnica-tetovo2

Причината за пожарот ќе ја даде МВР, додека Обвинителството истражува кој е виновен

Премиерот Зоран Заев очекува во следните денови МВР први да излезат со детали за пожарот во тетовската модуларна болница во која изгореа 14 пациенти. Заев смета дека тоа нема да пречи на истрагата во Обвинителството. Засега нема информации од МВР дали и кога ќе ги објават деталите за причините за пожарот.„Јас не можам да дадам наредба, налог, напатствија на орган кој не е под наша надлежност, тоа обвинителство. Можам да апелирам да се објави извештајот. Можам да побарам од МВР да го објават соопштат извештајот. Поминуваат недели, треба да се дадат одговори, прво за граѓаните, потоа и за нас, за да носиме одлука. Очекувам од следните денови да се објават од МВР детали од форензиката, а ОЈО, да продолжи со истрагата. Но, одговорот за како настанал пожарот и што се случило, сите детали поврзани со моментот, очекувам да бидат јавно објавени“, рече Заев.Според Заев, по заминувањето на германските експерти, треба за две недели да стигне и нивниот извештај.

Македонија | пред 4 години

zaev-micko

Има ли договор меѓу партиите да се мочи за кршењето на протоколите, Заев смета дека се внимава

Премиерот Зоран Заев тврди дека нема договор меѓу партиите да се премолчува кршењето на протоколите за време на митинзите. Никој досега не бара сертификати за присуство на митинзите, иако тоа е предвидено. Заев не сакаше да коментира. Тој побара новинарите да бараат одговори од институциите, а тие молчат.„Јас ќе апелирам за да се обратите до соодветните институции за да ви дадат соодветен одговор. Јас сум овде претседател на Влада, не сакам да одговарам за партиски работи, освен што ќе кажам, се гледа распоредот на столчињата како се изместени согласно протоколите, а секако проблемот е тоа што дополнително луѓе од страна кои доаѓаат, не ја пазат неопходната оддалеченост. Нема договори, сите ветивме дека ќе направиме се за да се почитуваат протоколите кои се донесени, имајќи во предвид дека граѓаните доаѓаат на митинзите.“, рече Заев на прашањето што прави полицијата за кршење на протоколите.

Македонија | пред 4 години

joci-naumoski

Јоци до Наумоски: Изгради си кафана, пошто ќе бидеш забетониран од вмровци кои више слават во Ѓорче

Актуелниот градоначалник на Ѓорче Петров и кандидат за нов мандат, Александар Наумоски, вчера со министерот Венко Филипче вети изградба на нов Клинички центар. На ова се огласи новинарката и критичар, Јорданка Ивановска-Јоци. Таа му порача на Наумоски дека на 17 октомври ќе биде поразен, а ќе слави ВМРО-ДПМНЕ.„Саше, кметот на Ѓорче, ќе градел со Венко нов Клинички центар⁉️ Така рекол вечерва. Не заебаај, Саше! А, баш се прашувавме шо следно ќе градите откако Македонија слета на Уран со спејс шатлот на СДСМ викан ,,#живот" Негооо....прво една кафана изградете со Венка Ражњатович Веци, за да натопите солзи на 17-ти, пошто ќе бидеш забетониран од вмровци кои више слават во Ѓорче. И за оние кои не се во тек. Саше го знам од средно, одевме во глумачки групи, му местев женски...а, во 2010 ме навреди и оттогаш не сакам да го видам. Сеа на 17-ти ќе го торпедирам кај жена му...да јаде посни сармички и поише да седи дома“, пишува Јоци.

Коментари | пред 4 години

Нема фотографија

Вирусот мутиран и влијае со стомачни проблеми, болниците во Србија се полни

Изминатите денови, голем број пациенти се најдоа во инфективните клиники каде се лекува ковид во Србија. Се повеќе од нив имаат симптоми на стомачен вирус, а подоцна, излегуваат и како нифицирани од вирусот. Д-р Александар Стојановиќ, директор на здравствениот дом и д-р Милутин Ивковиќ, во емисијата „Јутр“о на Првата телевизија објасни како пациентите со болки во стомакот излегуваат како позитивни на тестовите.- Вирусот повторно мутира. Луѓето кои доаѓаа од летни одмори во текот на јули, август и септември, претежно од Црна Гора, имаа проблеми со стомачни проблеми - рече тој, додавајќи дека во последните 10 дена многу од нив го контактирале својот лекар за да се пожалат на проблеми со стомакот и дехидрација, и потоа да испаднат позитивни, па тие се движат од зелената зона во црвената.- Вирусот сега влијае и на стомачните проблеми. Мојот апел беше два дена сите пациенти кои чувствуваат какви било тешкотии да не чекаат два или три дена за да помине дома, туку да дојдат во здравствениот дом кој е прва линија на ковид -фронтот - рече тој, велејќи дека 90 проценти оние луѓе кои доаѓаат заразени со вирусот, се всушност невакцинирани граѓани.- Што се однесува до смртноста, 95% умираат невакцинирани. Ковид повторно ја покажува својата страна, ние се вртиме со бројка од околу 7.000 заразени луѓе, со просек од 50 мртви луѓе дневно и полни болници. Здравствениот систем е преоптоварен, а редиците се формираат веќе во седум часот наутро - рече тој, посочувајќи на проблемот со вакцинирање на лица помлади од 32 години, што е само 18 проценти.

пред 4 години

502E3D46-2A2D-4AF0-8D5F-2CE3ACD81532-1

„Кај државата не ги штити жртвите на семејно насилство, уште после и ги суди за самоодбрана“, се бара слобода за велешанката

Пред неколку дена велешанка беше уапсена под сомнение дека го убила нејзиниот невенчан сопруг. Подоцна, се откри дека 23-годишната девојка била малтретирана и тепана, а тоа го пријавувала и во полиција. За потсетување, во судското досие на полицаецот кој со години живеел во вонбрачна врска со Пале Иловска нема затворски казни, ниту дека извршил семејно насилство или насилство. Но велешкиот полицаец може да се најде во судски списи на повеќе предмети. Во два кривични предмети е осуден, во неколку граѓански парници е гонет од осигурителна компанија поради неисплаќање на отштета, а има добиено и две парници против МВР после што наплатил пари од полицијата како бонус плата и за неисплатени прекувремени часови.Веднаш по овој немил настан, на веб страницата петицијаонлајн беше објавена петиција со наслов „Слобода за Пале Иловска. 23 годишна девојка од Велес која борејќи се за здив во самоодбрана извршува убиство“.Дел од реакциите на јавноста:https://twitter.com/deadwronger/status/1444272769332649991https://twitter.com/tiktaknaradio/status/1443543050891010049https://twitter.com/TheFitzzz/status/1443673678571614209https://twitter.com/izrodoT/status/1443843871146979368https://twitter.com/ibogovitelicno/status/1443859810253000713https://twitter.com/Mermaiid_ariel/status/1443867137840500746https://twitter.com/kvkriss/status/1443879700930220053https://twitter.com/IceBucks7/status/1444332754502656006https://twitter.com/jabandzija/status/1443488656384217095https://twitter.com/maxdestructionn/status/1443527011536982017https://twitter.com/katiestrummer/status/1443542480134328321https://twitter.com/Hedera_Genus/status/1443549787480068098https://twitter.com/bocesharba5/status/1443571964463837186https://twitter.com/izrodoT/status/1443843871146979368https://twitter.com/jabandzija/status/1443496276067241984 

Коментари | пред 4 години

103C3218-2A5E-45F2-99A4-139B5DCA5ECB

Мицкоски: Петта година се власт, потрошија 16 милијарди евра и секое семејство го задолжија за 4.500 евра

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот предизборен митинг од Куманово истакна дека кога СДСМ и Заев зборуваат дека се најдоброто, тоа всушност значи дека се најлошото за Македонија затоа што петта година се на власт и потрошија 16 милијарди евра, и ништо не направија, но затоа секое семејство го задолжија за 4.500 евра.- Ништо не направија за народот, а направија многу за себе. Испокрадоа тоа што можеше да се испокраде, распродадоа тоа што остана за распродавање. Владата на СДСМ, од 1 јуни 2017 година заклучно со 30 септември 2021 година, точно 52 месеци потроши народни пари 16 милијарди евра, тоа се пари на народот, тоа се пари на граѓаните тешко спечалени пари. Но што направија со тие 16 милијарди. Дали некој се сеќава дека ветија нови 500 километри автопат, а не можат после 52 месеци да го завршат ни тој кој претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ го започна, рече Мицкоски.Тој истакна дека никаде ги нема ни ветените 600 километри нови регионални патишта и тоа може да го видат граѓаните насекаде низ Македонија.- Поминете од тука кон Крива Паланка, од Росоман кон Прилеп, поминете од Штип кон Кочани или Радовиш да видите после 52 месеци во каква состојба се патиштата, 600 метри не успеаја да направат, а камо ли километри, изјави Мицкоски.Мицкоски нагласи дека никаде ги нема ни ветените инвестиции од Гугл, Фејсбук ИКЕА, а го нема ни растот од 5 до 7% на економијата, а после 52 месеци накалемија долгови на грбот на народот од повеќе од 2 милијарди евра или секое семејство во Македонија го задолжија за 4.500 евра.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Заев: Бракот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса е осуден на развод, не одат заедно „Чиста Македонија“ и „Македонци варвари“

Кај ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски нема ништо ново освен лажни вести, лицемерие, деструкции и обиди да се врати режимот, пак да глумат локални шерифи, пак да ги крадат парите од народот, за пусти пари и власт влегоа дури во брак со Алијанса на Албанците, кој е осуден на развод, порача вечерва од Тетово претстедателот на СДСМ Зоран Заев.Тој нагласи дека ќе се разведат уште во ноември, бидејќи „Чиста Македонија“ и „Македонци варвари“ не одат заедно, затоа што и членовите на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за Алијанса и Алијанса нема да гласа за ВМРО-ДПМНЕ, зашто се како два остри камења што се тријат и затоа ќе си останат и во опозиција и таму некаде во минатото.Одовде, од Тетово им порачувам дека есапот од белата палата на пазарот нема да им излезе, помина тоа време на деструктивните сили во државата, а помина и времето кога на име на меѓуетничките односи го билдаа својот рејтинг, шушкајќи ги луѓето да се мразат меѓу себе, да го повампируваат национализмот кај граѓаните, да го будат нечовекот во човека, порача Заев.Тој ги повика и Мицкоски и Села да си признаат дека меѓунационалните односи никогаш не биле подобри од денес.Ете затоа никој веќе не зборува за тоа, оти заедништвото во Северна Македонија се подразбира, рече Заев.Тој додаде дека сега, за овие локални избори порачуваат ,,создади нова иднина", оние кои кои 11 години ги заковаа граѓаните и земјата во оковите на минатото, истите тие сега зборуваат за иднината, и не велат дека создаваат нова иднина, туку му се обраќаат на гласачот тој да создаде нова иднина.Знаат и самите дека таа иднина започна да се создава со нивното паѓање од власт и дека истата продолжува понатаму, затоа што и овојпат граѓаните ќе го изберат најдоброто за нив, најдоброто за нивните општини и најдоброто за татковината, порача од Тетово, претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Македонија | пред 4 години

w_56097563

Мал број тестирани донесе мал број новозаразени, 10 починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 2.636 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 93, Куманово – 25, Прилеп – 13, Битола – 12, Кратово – 7, Кавадарци и Демир Хисар – по 5, Тетово и Крива Паланка – по 4, Велес, Охрид, Струга и Свети Николе – по 3, Струмица, Кичево и Гевгелија – по 2, Штип, Кочани, Ресен и Радовиш – по 1 .Регистрирани сe 293 оздравени пациенти од: Скопје – 138 , Куманово – 23, Штип – 19, Битола – 15, Кавадарци – 14, Крива Паланка – 12, Свети Николе – 11, Кочани – 9, Прилеп – 8, Велес и Кичево – по 7, Ресен – 6, Гевгелија и Берово – по 4, Радовиш и Гостивар - по 3, Кратово, Неготино и Пробиштип – по 2, Демир Хисар, Струмица, Валандово и Демир Капија – по 1.Во текот на изминатите 24 часа починале 10 лица: 2 починати лица од Скопје ( 78г, и 83г), по едно починато лице од Штип (56г), Кавадарци (81г), Кичево (76г), Прилеп (52г), Крива Паланка (76г), Кочани (83г), Охрид (63г) и Струга (78г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема пријавени починати лица.Направени се 2.636 тестови преку: ИЈЗ-38, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-76, ЦЈЗ Прилеп-40, ЦЈЗ Тетово–33, ЦЈЗ Куманово-46, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 3, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-71, Авицена-131, Биотек-152, Систина-46, лабораторија Лаор-156, Синлаб-27, Ремедика-0, Плодност–47, Генеа-12, Никоб лаб-291, ВФВ Медикал-48, Ели Медика-28, Ројал Медика –18, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.341.Досега во земјата се направени вкупно 1.299.826 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 192.478 бројката на оздравени пациенти е 173.625, на починати е 6.704, а бројот на активни случаи изнесува 12.149.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 83810, Активни 5563Куманово 11500, Активни 1018Тетово 10829, Активни 910Прилеп 9083, Активни 313Гостивар 7958, Активни 454Битола 7112, Активни 265Велес 6266, Активни 352Охрид 5982, Активни 585Кавадарци 5948, Активни 231Струмица 5745, Активни 274Штип 5753, Активни 232Кичево 3984, Активни 409Струга 3793, Активни 382Кочани 3278, Активни 165Гевгелија 2421, Активни 88Неготино 2319, Активни 37Свети Николе 1902, Активни 110Ресен 1538, Активни 82Радовиш 1525, Активни 89Дебар 1449, Активни 107Крива Паланка 1441, Активни 95Берово 1209, Активни 21Делчево 1124, Активни 69Виница 1035, Активни 51Пробиштип 916, Активни 34Валандово 819, Активни 24Кратово 577, Активни 61Богданци 551, Активни 17Крушево 529, Активни 22Македонски Брод 472, Активни 29Демир Хисар 445, Активни 30Демир Капија 411, Активни 5Пехчево 313, Активни 3Македонска Каменица 301, Активни 21Дојран 140, Активни 1

пред 4 години

Sequence-05.00_18_26_20.Still004

ВИДЕО: Матка е магнет за туристи, но и скопјани кои ги избегнуваа гужвите од маратонот

Матка и во есен е преполна со туристи. Воглавно странци, кои кога ќе дојдат во Скопје, прво одат да го посетат кањонот. Сончевото време дополнително ги стимулираше скопјани да го искористат денот за шетање. Единствен проблем е паркингот, особено што скоро сите посетители сакаат со возилата да пристигнат до последната точка каде што е можно, за да не одат пеш.Денеска тие што сакаа да ги избегнат гужвите низ градот поради посебниот режим на сообраќај поради маратонот, отидоа на десетина километри настрана, каде беше многу помирно, далеку од градските гужви.Кањон Матка e кањон на реката Треска, десна притока на Вардар, зафаќа површина од околу 5.000 хектари и се наоѓа на 17 километри југозападно од Скопје. Според морфогенетските карактеристики претставува клисура-пробојница. На овој простор посебно внимание заслужуваат карстните форми. Тоа се десетте пештери со должина од 20 до 176 метри и двата пропасти со длабочина до 35 метри.Нѐ случајно кањонот Матка се најде во репортажата на британски „Гардијан“ меѓу десетте најубави европски кањони.

Скопје | пред 4 години

gabriel-bajram

Фрлена бомба во куќата на Бајрам

Габриел Бајрам и неговото семејство, кој е претседател на „Сојуз на ромите во Македонија“ добивал заканувачки пораки доколку неговата партија не се повлече од кампањата за локалните изброри, дознава „Фокус“.-Доколку во наредните 48 часа не се повлечете од сите активности ќе ви испратиме порака од која ќе сфатите дека сме сериозни!!, гласела пораката.Но, Бајрам не презел чекори за повлекување од кампањата, а вчера, втори октомври непознато лице фрлило бомба во дворот на семејната куќа на Бајрам.Според информациите на „Фокус“ направена е само материјална штета.Целиот текст можете да го прочитате тука

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања