ТОП

243460457_10161455970178975_5273052473131714084_n

Тефик Махмут до Маричиќ: И Ромите од Шутка знаат убаво да зборуваат, ама не сте навикнати да се образуваат

Тефик Махмут, кандидат за градоначалник на Шуто Оризари од Левица, на социјалните мрежи упати критика до Бојан Маричиќ.„Bojan Maricik ми доаѓаш на улица, им кажуваш на луѓето дека ме познаваш и дека на Шутка не и требаат “градоначалници што убаво зборуваат”.Како тоа, вие вака елитен, обрзован и убав ја имате компетентноста да зборите што и треба на Шутка?Знам дека не сте навикнати на Роми од Шуто Оризари што “убаво зборуваат”, знам дека не сте навикнати на Роми што се образуваат, и знам дека не сте навикнати на некој од тука да биде различен од генералната лоша слика за ромите во Македонија.Тоа време помина, Бојане!Имаме образовани Роми!Имаме елоквентни Роми!Ти имаш магистрирано во UCL што е на 8/10то место, јас имам магистрирано на University of Oxford што е на прво место.Еее Бојане! Дури подобар од некој што ви е најдобар“, стои во објавата.

Скопје | пред 4 години

Atentat-2005

26 години по атентатот, уште не се знае кој сакаше да го убие претседателот Глигоров

На 3 октомври 1995 година, во 9 часот и 50 минути беше извршен атентат врз претседателот на Македонија, Киро Глигоров. Тогашниот претседател го преживеа атентатот и со тешки повреди во пределот на главата беше пренесен во Ургентниот центар.На лице место загина неговиот возач Александар Спировски, а тешко беше повреден и неговиот телохранител, Илчо Теовски. Од здобиените повреди, во Ургентниот центар им подлегна и Ристо Хаџиманов, пензионер, кој случајно се нашол на местото. Врз претседателот бeше извршена хируршка интервенција од страна на неврохирургот Јовица Угриновски.Според истрагата, нападот бил извршен со автомобил-бомба на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“, кога Глигоров со службено возило се движел од неговата резиденција на работното место во Собранието. Бомбата, поставена во автомобил АМИ 8, била активирана со далечински управувач кога автомобилот на претседателот минувал покрај паркираното возило. Од силината на експлозијата, цитроенот бил целосно распарчен, а делови од возилото се разлетале наоколу.По атентатот беше отворена обемна истрага од страна на МВР, под името „Автомобил“, во која беа вклучени и безбедносните служби на САД, Германија и Англија, но ниту нарачателите ниту извршителите до денес не се познати.Првиот претседател на незавизна Македонија, Киро Глигоров, почина на 1 јануари 2012 година на 94 години.26 години од атентатот и покрај ветувања дека нарачателите и извршителите ќе бидат пронајдени, досега нема никакви конкретни резултати.

Македонија | пред 4 години

bekaton-plocki-gjorce3

Наумоски тврди дека го ставил, на терен го нема: Каде е бекатонот кој e пишан во отчетот

Актуелниот градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумоски кој бара нов мандат, деновиве е на терен за ги убедува жителите дека треба повторно да дадат глас за него. Па така, промовира што направил во изминативе четири години, каде асфалтирал, каде градел, реновирал. Меѓу останатото, во неговиот т.н. отчет, пишува дека поставувал и бекатон плочки. Наведени се и осум мали улици, каде, како што тврди Наумоски, го „наредил“ бекатнот. Но, жителите тврдат дека на терен го нема.Ако се цени мислењето, но и состојбата на терен според фотографиите кои жители ги доставија до „Скопје1“, тогаш излегува дека 365 бекатон. Плочките фалат на улицата 73 и улицата 75, кои според Наумовски, веќе имаат бекатон. Наместо плочки, на овие две улици има вегетација односно трева и камења, кои при најмал дожд стануваат кал.Бидејќи не ни изгледаше сигурна информацијата дека градоначалникот Наумоски бара втор мандат со лага во отчетот, се обидовме да провериме дали има можеби две улици со исти броеви во Ѓорче Петров, но до таква информација не дојдовме. Овој отчет, каде стојат сработените проекти на Наумоски, се дистрибуира по жителите од неговите тимови кои агитираат за глас плус на изборите.Вечерва, Александар Наумоски ќе ја има и официјалната промоција како градоначалник, заедно со програмата која нуди да ја реализира до 2025 година. На промоцијата ќе биде присутен и министерот за здравство Венко Филипче.

Скопје | пред 4 години

apasiev-8123

Апасиев се гордее со Камиказа, а за нападите порача: Перо има јаки стомачни и мислам дека стоечки ќе ги издржи

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев тврди дека на овие избори нивните кандидати ќе им ги поматат сметките на останатите партии. Најави дека ќе го срони нивниот свет и ќе направи нов, братски. Порача да живее црвено Скопје и Македонија. Апасиев рече и дека СДСМ не е само политички туку и класен непријател, по што додаде: „Шилегов со неговите викендици, кој помина од Лига за демократија, преку ЛДП, преку СДС, за да заврши со милионски суми на сметка со викендици по Маврово, со деловни објекти по трговски. Ќе ги срушиме нивните династии сантим по сантим за да створиме подобар свет. Ќе ги ликвидираме сите нивни привилегии кои ги влечат од времето на Југославија, за да создадеме терен за фер плеј за децата на транзицијата“.„Кога ќе дојдеме на власт ќе ги забраниме митинзите да знаете. Ќе забраниме политички маркетинг и само дебатата ќе ни остане, со аргументи да се бориме, знаењето, а не манипулацијата. На народот му е преку глава од зборување, на народот му треба акција. Јас му честитам на Перо Камиказа што се нафати да ја бие оваа битка бидејќи како професор по Римско право, Римјаните велеле: ‘Оној кој го мразат боговите, му даваат да се кандидира за градски претор’, сакајќи да кажат колку е тоа тешка работа. Римјаните имале избори секоја година, оти како што гледате само пред избори се работи“, рече Апасиев.Според него, Левица е на пат да воведе ред помеѓу безредието и закони во беззаконието. За моќта на опонентите рече: „Тоа жива рана полна со корупција, немојте да верувате дека се толку јаки“.„Перо Камиказа, човек кој со песната ‘Црвено вино, црвени знамиња’ ни ја прогласи независноста на истата сцена со Киро Глигоров. Значи токму тој човек го имаме за наш кандидат, човекот кој е инспирација на многу генерации и човекот кој никогаш досега не се шитнал за оваа или онаа власт. Затоа со гордост и чисто срце го предложивме. Затоа што сметаме дека тоа е вин-вин ситуација. Младите кои се со Левица, возраста и искуството на Камиказа со свои 62 години да се нафати на една ваква прилично нечесна, прилично валкана кампања. Меѓутоа видов на една слика, Перо има јаки стомачни и мислам дека стоечки ќе ги издржи, како за негова возраст, многу добро се држи“, рече Апасиев.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-03-at-09.43.37

(ВИДЕО) Кој кого мести: Костовски обвинет дека пеел против Албанците, но тој тврди дека му монтираат видеа зошто ќе губат

Изборната трка донесе и црна кампања. Иако таа не ја прават сите политичари и политички партии, некогаш, таквата улога ја преземаат и портали, но и страници на социјалните мрежи. Монтирани фотографии, измислени информации, но и лажни видеа се вртат секојдневно, со цел да оцрнат некој кандидат, без разлика на општините. Последен таков пример е објавата со наслов: „Скандал / Коалицискиот партнер Таравар и Села започна кампања со песни против Албанците“, во која кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник за Бутел, Дарко Костовски, е обвинет дека пеел песни против Албанците.На ова реагираше кандидатот Костовски, кој преку социјалните мрежи го објави видеото за кое тврди дека е оригиналното, но не се слушаат песните со погрдни зборови за Албанците туку македонската патриотска песна „Едно име имаме..“. За Костовски ова е само доказ за дебакалот кој ќе го има Велимир Смилевски, неговиот противкандидат од СДСМ, па затоа се креираат лажни видеа.„Читам дека бандитите на Велимир Смилевски се поприлично возбудени затоа што масовно бутелчани им затвораат врати, одбиваат било каков контакт, и не даваат поддршка на оние кои веќе еднаш ги разочараа. Дополнително се разочарани од првиот целосен дебакл кој го доживеа Велимир на ТВ дуелот, затоа единствено им преостанаа лажните вести и измислените видеа. Пред некој ден Велимир со своите бандидти објави дека огранокот на Алтернатива во Бутел се приклонил кон него како кандидат, па за многу скоро време Алтернатива Бутел официјално демантираше. Секој ден Велимир се повеќе ја губи довербата кај Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците, Србите и сега во немоќ и голема паника многу евтино намонтирале звук на видео кој најверојатно го лоцирале од видео на некоја навивачка група. Колку што јас се сеќавам оваа снимка е од 2016 година, ако е автентична нивната звучно монтирана снимка, зошто тогаш не била објавена на парламентарните избори при крајот на 2016та или на локалните избори во 2017та, или пак на претседателските и парламентарните избори во 2019та и 2020та година ? Зарем има здраворазумен човек во државата што ќе поверува дека една врвно сериозно организирана политичка партија како ВМРО-ДПМНЕ ќе скандира нешто слично на тоа што го намонтираа немоќните криминални банди на Смилевски ? Што уште можам да очекувам, до каде ќе ви оди лудилото ? Знам дека нема да застанете тука, но тоа само дополнителни ме мотивира. Кој свесно сака да ги раструри меѓуетничките односи во Бутел ? Јас затоа ќе ги почестам со вистинското видео, необременето со лажната снимка која ја шират бандидите на Смилевски: чујте, има и што да научите. И сосема на крај, ќе ги победиме сите заедно. Народот, чесниот народ против бандидите од власта!“, напиша Костовски.

Скопје | пред 4 години

francija-korona

СЗО објави зошто во Македонија има голема смртност од коронавирус

Зошто смртноста од Ковид 19 е толку голема во Македонија?Од Светската здравствена организација во Женева во ексклузивно интервју за ТВ24 порачуваат дека клучен фактор е квалитетот на лекувањето.Од СЗО велат дека нивен тим би дошол со конкретни препораки ако државата тоа го побара од нив. Со експертот од СЗО разговара Ивана Стојкова. 

Македонија | пред 4 години

Popis_2021

Ексдиректорката на статистика: Пописот е неуспешен според многу критериуми

Универзитетската професорка Благица Новковска, поранешна директорка на Државниот завод за статистика изрази сомнеж околу успешноста на пописот кој деновиве заврши во земјава.„Директорот на ДЗС изјави: ‘...со сигурност знаеме дека целосно и успешно го опфативме населението кое во овој момент живее во државата...’ Што значи ова? Знае ли што кажува? Не знае колку одбиле да се попишат, ама сите се целосно опфатени?!  Да го потсетам единица на попис им беа државјаните! Не знам дали знае, но најсигурно е дека денес затворија нешто што ќе треба наскоро да го отворат и да видат со што го наполниле. Единствено е сигурно - сега за сега - дека собрале 1.832.696  ЕМБГ. Така  барем денес ја информираа јавноста“, напиша Новковска.Таа смета дека имало и двојно попишување, и овде и во странство, преку самопопишување.„Т.н. попис, 2021, е неуспешен според многу критериуми и заради многу причини, но најважното е што МНОГУ го потценија народот, и овој што се уште е тука и оној што си заминал. Им ги разбраа и препознаа сите некадарности, игри и договорени планови“, пишува таа.

Македонија | пред 4 години

w_56102301

412 нови случаи на КОВИД-19, 12 починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 3.379 тестирања, а регистрирани се 412 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 205, Куманово – 39, Кочани – 23, Кавадарци – 17, Битола и Велес – по 15, Штип – 14, Прилеп – 13, Охрид – 12, Струмица – 7, Тетово и Свети Николе – по 6, Кичево ,Гевгелија и Радовиш – по 5,Крива Паланка – 3, Гостивар, Струга, Делчево, Пробиштип, Кратово, Богданци, Крушево и Демир Хисар – по 2,Неготино, Виница, Македонски Брод , Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1 .Регистрирани сe 395 оздравени пациенти од: Скопје – 198, Куманово – 27, Штип – 22, Прилеп -21, Струмица – 19, Велес – 16, Кавадарци – 14, Гостивар – 11, Битола и Тетово – по 9, Кочани и Кичево – по 7, Радовиш и Ресен – по 6, Берово и Валандово – по 4, Гевгелија и Кратово – по 3, Свети Николе, Пробиштип и Неготино – по 2, Охрид,Крива Паланка и Виница – по 1.Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 5 починати лица од Скопје (76г, 74г, 73г, 60г и 56г) и по едно починато лице од Куманово (81г), Велес (85г), Дебар(73г), Делчево (59г), Кавадарци ( 85г),Крива Паланка ( 67г) и Тетово (64г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 25.08.2021 до 28.09.2021 година. Починатите лица се 3 лица од Скопје, на возраст од 64 до 88 години. Од пријавените лица сите се починати во домашни услови.Направени се 3.379 тестови преку: ИЈЗ-264, ЦЈЗ Скопје-60, ЦЈЗ Битола-82, ЦЈЗ Прилеп-41, ЦЈЗ Тетово–50, ЦЈЗ Куманово-55, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-15, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–171, Жан Митрев (Филип Втори)-84, Авицена-152, Биотек-272, Систина-86, лабораторија Лаор-106, Синлаб-20, Ремедика-17, Плодност–26, Генеа-5, Никоб лаб-435, ВФВ Медикал-47, Ели Медика-61, Ројал Медика –11, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.316.Досега во земјата се направени вкупно 1.292.895 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 191.820 бројката на оздравени пациенти е 173.048, на починати е 6.683, а бројот на активни случаи изнесува 12.089.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 83490, Активни 5535Куманово 11434, Активни 1003Тетово 10820, Активни 901Прилеп 9059, Активни 305Гостивар 7957, Активни 463Битола 7092, Активни 273Велес 6240, Активни 346Охрид 5956, Активни 560Кавадарци 5927, Активни 239Струмица 5730, Активни 268Штип 5726, Активни 234Кичево 3980, Активни 421Струга 3786, Активни 376Кочани 3266, Активни 170Гевгелија 2412, Активни 86Неготино 2316, Активни 38Свети Николе 1892, Активни 116Ресен 1534, Активни 85Радовиш 1517, Активни 85Дебар 1449, Активни 107Крива Паланка 1426, Активни 94Берово 1209, Активни 25Делчево 1124, Активни 71Виница 1030, Активни 50Пробиштип 911, Активни 31Валандово 816, Активни 27Кратово 568, Активни 57Богданци 549, Активни 15Крушево 529, Активни 22Македонски Брод 471, Активни 29Демир Хисар 440, Активни 26Демир Капија 411, Активни 6Пехчево 313, Активни 3Македонска Каменица 300, Активни 21Дојран 140, Активни 1

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Ограбен штаб во Арачиново, украле храна

На 01.10.2021 во 21.19 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Арачиново, скопско неколку лица со тврд предмет оштетиле врата на штаб на политичката партија при што влегле и одземале прехранбени производи.Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

treska-skopje1

(ВИДЕО) Скопје си има свој Чернобил: Кој го убива местото кое скопјани го изградија со свои пари

Беда. Вака со еден збор може да се опише состојбата на езерото Треска. Комплексот изграден од самопридонес од граѓаните, денес е запуштено и руинирано место, со висока вегетација. Кога ќе прошетате низ него, прво што ќе ви текне е дека наликува на Чернобил по нуклеарната катастрофа. Но се чини, дека катастрофата за ова скопско место чија површина изнесува 186.000м² под зеленило и 130.000м² под водена површина, допрва доаѓа. Ветувањето дека местото ќе се врати на скопјани пропадна во вода, откако беше донесена одлука таму да се градат хотелски комплекс, викенд населба и спортско-рекреативен центар. Од езерото, има само празна дупка.Изминативе месеци, од Треска е однесено се што можело да се однесе. Ги нема канделабрите за светло, откорнати се жиците, уништени се клупите. Шут, стар расфрлан мебел, купишта отпад, тоалет школки, санитарии. Ваква е сликата која можете да ја затекнете ако се решите да го посетите комплексот. Од вода, нема ниту „в“, освен ако не падне дожд.На местото, екипата на „Скопје1“ затекна неколку скопјани кои одвреме-навреме го поминуваат времето тука за да се потсетат на добрите стари денови. Тие потсетуваат дека плажите биле преполни, имало полно капачи, изобилувало со камп приколки и меѓусебна почит меѓу сите кои доаѓале. Носталгијата постои. Нема трага од добрите стари времиња, велат неколкуте посетители.Од ветувањата дека Треска ќе е на скопјани, останаа само празни зборови.Во 2017 година, актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов вети пречистителна станица за водата на Треска да биде чиста, но и безбедна за капење. По ова, во јуни 2019, стигнаа најавите за комплекси, што би значело приватизација на езерото кое никогаш повеќе нема да биде на скопјани. Па така, на 2 октомври 2017 година, одекна вест: „Шилегов вети враќање на стариот сјај на езерото Треска“.„Денеска сме на СРЦ „Езерце Треска“, дојдовме овде за граѓаните преку камерите со свои очи да ја видат состојбата на овој капитален објект. Запуштен, фрлен на забот на времето, заборавен, градот Скопје никогаш не најде ниту сила, ниту средства, ниту волја ова богатство што го имаме на неколку километри од центарот на Скопје да биде ставено во полна функција. Новата администрација на Градот Скопје и јас како градоначалник ќе го ставиме во функција, во полн капацитет, овој капитален објект. Тоа е нашиот приод, поинакво планирање, градба на инфраструктура и одржување на инфраструктурата. Веројатно, некому му беше полесно и поедноставно да гради отколку да одржува нешто што скопјани многу одамна го имаат платено со своите средства. На ова место ќе го вратиме животот во Скопје, живот во Скопје за сите“, најави Петре Шилегов во 2017 година, како кандидат за градоначалник на град Скопје.Езерото ќе живее, ама комплексот нема да е на скопјани туку на инвеститориРушењето на Треска покажа дека никој не планира ревитализација на местото, туку приватизација. Тоа би значело дека скопјани нема да можат слободно да се шетаат, сончаат, да прават пикник, туку да одат да јадат во ресторани, спијат во хотели, плаќаат за влез во спортско-туристичкиот центар. Како што објавија медиумите, ДУП ќе биде поделен во четири блока, во нив ќе има простор за спорт и рекреација, а ќе се изградат и објекти за сместување. Камп приколките кои беа околу 500, тоалетите, заедно со останатиот имот на скопјани, веќе го нема. Веќе е извесно дека нема место за камперите во новиот план. Каква ќе е иднината на ова место полно со спомени на скопјани, никој не кажува јасно и гласно. Туку, се слушаат само гласини.Езерото Треска со одлука на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во 2013 година е предадено на Општина Сарај.

Скопје | пред 4 години

Screenshot_4-1

Се соблекуваше по реалити шоуа, па пееше, за сега да учествува на локалните избори и да биде политичар

Дарко -Спејко некогашниот победник од „Големиот брат“, медиумска ѕвезда, машки топ модел, моден блогер, инфлуенсер и рапер, сега влегува во политиката.Тој е кандидат за член на Совет на Општина Куманово на независната листа чиј носител е Ивана Ѓорѓиевска.-Во Куманово ме знаат како голем поборник за напредок во спортот, и токму тоа беше главниот мотив да се кандидирам, со поддршка од актуелниот и независен кандидат за градоначалник, Максим Димитриевски. Ниту на една, ниту на друга страна, туку на независна листа, бидејќи сум подготвен да се борам на свој начин за да донесам промени и напредок на полето на спортот – вели Дарко, кој работи како професор по физичко воспитување во основно училиште во Куманово, вели Спејко во интервју за „Фокус“Тој во Куманово имаше своја кошаркарска школа „Ball for life“, а исто така Спејко е спортски директор на Кошаркарскиот клуб Куманово.„Завршувам со шоу бизнисот, не сакам да им го земам лебот на музичарите, а стекнатата популарност сакам да ја искористам на еден поинаков начин. Имам премногу идеи и конкретни проекти со кои спортот би одел напред, и Куманово ќе испише убава приказна. Влегувам сериозно во политика, подразбирлива беше и промената на имиџот. Мојот пат кон популарноста беше доста тежок, но како што се изборив за свое место во шоу бизнисот, верувам дека истото ќе го сторам и во политиката, – раскажува Дарко.Целото интервју можете да го прочитате тука

Македонија | пред 4 години

502E3D46-2A2D-4AF0-8D5F-2CE3ACD81532

Сведоштво за велешанката која го уби сопругот, роднините бараат да ја ослободат

Пред неколку дена велешанка беше уапсена под сомнение дека го убила нејзиниот невенчан сопруг. Веднаш по овој немил настан, на веб страницата петицијаонлајн беше објавена петиција со наслов „Слобода за Пале Иловска. 23 годишна девојка од Велес која борејќи се за здив во самоодбрана извршува убиство“.На веб страницата стои и фотографија од младата девојка, како и текст за нејзиниот живот.„Млада девојка без грижа од родителите на 16-17 години пронаоѓа утеха во погрешна личност. Родители разведени, мајката болна, брат на мојот татко, нејзин татко сега веќе починат... сестра, со која не живее поради дотичниот, бидејќи после смртта на мојот чичко, сака целата куќа да биде префрлена на неговата девојка. Се влечат по судови, дотичниот ја напаѓа нејзината сестра со закани дека по секоја цена мора да ја препише куќата на сестрата, верувам за после тоа по секоја цена да и ја зема и да ја остави на патот. Поранешните жени имале каде да се вратат кај своите родители, а мојата братучетка останува сама заробена во сопствената куќа. Никогаш до сега се нема пожалено на никој дека е малтретирана, а притоа секогаш беше насмеана. Замислете со што се сама се справувала.. Не го поддржувам тоа што го направи, ама верувам дека секој човек би се борел за сопстевниот живот. Верувајте ми душата ме боли. Еве ви ја вистината и се надевам ќе се најдат добри луѓе кои би и помогнале, би се бореле за неа, до неа, да добие условна казна. Јас сум со неа, господ нека и е напомош, стои во објавата.Најдолу стои дека оваа петиција е организирана од страна на личност со назив Мими Беба, а според текстот станува збор за братучетка која е блиска до семејството.За потсетување, во судското досие на полицаецот кој со години живеел во вонбрачна врска со Пале Иловска нема затворски казни, ниту дела како семејно насилство или насилство. Но велешкиот полицаец може да се најде во судски списи на повеќе предмети. Во два кривични предмети е осуден, во неколку граѓански парници е гонет од осигурителна компанија поради неисплаќање на отштета, а има добиено и две парници против МВР после што наплатил пари од полицијата како бонус плата и за неисплатени прекувремени часови.

Македонија | пред 4 години

uploads_thumbs_resize_800x420_348903

Град Скопје: Финансираме многу манифестации и проекти, но ние не ги организираме

Град Скопје обезбедува финансиска поддршка на многу манифестации и проекти од областа на образованието, социјалата, културата, спортот, но на никој начин не е вклучен во организацијата на тие проекти. По вчерашната објава и информации итно го прекинавме финансирањето на споменатиот извиднички одред, реагираат од Град Скопје на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.„Бараме од институциите на правдата да направат истрага бидејќи тоа е во нивна надлежност. Ваквите прес конференции на ВМРО-ДПМНЕ и поигрувањето со чувствата на загрозените ученици и родители, покажува само отсуство на почит и разбирање кон жртвите и во тешките моменти во коишто се наоѓаат, па уште и дополнително ги злоупотребуваат за дневен политички профит.Очигледно, ВМРО-ДПМНЕ нема никаква почит кон загрозените деца и родители и продолжува овој немил настан да го користи за дневни политички поени, затоа Град Скопје уште еднаш апелира да не се политизира овој случај да се покаже разбирање и почит кон загрозените ученици и родители, во овие тешки моменти во коишто се наоѓаат“, стои во реакцијата.

Скопје | пред 4 години

nenad-lazarov4

Лазаров: Сите невакцинирани се коцкате скапо, ќе се покаете за грешката, но доцна

Доктор Ненад Лазаров н социјалите мрежи објави статус во кој вели дека сите оние кои не се вакцинирале и се разболеле, се покајале за грешката.„Сите што не се вакцинираа и разболеа особено во последниов бран, сите се покајаа за грешката, но доцна.Се манипулира со моментот дека и покрај вакцината можеш да се разболиш, можеш-неспорно е и гледаме,НО, со цело свое достоинство и интегритет ве уверувам дека неспоредливо полесно поминуваат вакцинирани пациенти,тоа го гледаме на дневна база!Вакцинирајте се веднаш, сите непрележани и невакцинирани, се коцкате скапо!Апсурдно е стравот од вакцини да го надвладее стравот од ковид, не дозволувајте лошиот менаџмент на целата криза и катастрофален PR да ве стави во неповолна позиција каде животот ви е директно загрозен, во светот се моли за вакцини на многу места“, стои во објавата на Фејсбук.

Коментари | пред 4 години

26032021_porparol_Hodga_DZS_Simovski_pres-konferencija-3

Базата на државјани е 2.400.000, од таму се влече избирачкиот список, вели Симовски

Директорот на заводот за статистика, Апостол Симовски во вечерашното интервју за „360 степени“ објасни дека бројката на попишани лица и бројката на лица со македонско државјанство се две сосема различни работи. Поради тоа, и бројот на попишани и бројот на лица во избирачкиот список не треба да се поистоветуваат.-Пописот и избирачкиот список се сосема независни работи. Едната е за државјаните и оние кои се полнолетни и имаат право на глас. Лицата за пописот се поинаку дефинирани и овие две работи не треба секогаш да се доведуваат во корелација. Базата на државјани е 2.400.000 државјани и од таму се влече избирачкиот список, објасни Симовски.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања