ТОП

mile-milenkoski-2

“Сакам да ми се суди во Македонија” уапсениот дипломат вмешан во ерменската афера прати писмо со барања

Македонскиот дипломат, Миле Миленкоски кој е вмешан во македонско-ерменската афера и кој беше уапсен во Србија кон крајот на август испратил писмо преку своето семејство до редакцијата на „Слободен печат“ во кое бара да биде екстрадиран во Македонија и да му се суди во нашата држава.-Од страна на Судот ми беа доставени доказите од Ерменија. Во нив нема ништо што би укажувало на моја вина, ниту пак може да има. Копија од доказите е доставена до надлежните институции во РСМ. Верувам дека РСМ е правна држава и, оттаму, верувам дека надлежните ќе покренат брза постапка, со оглед на фактот дека во доказите за случајот се опфатени 7 лица, од кои 6 се државјани на РСМ. Притоа, РСМ би побарала од Република Србија да бидам префрлен во РСМ. На овој начин правдата би била задоволена и случајот комплетно разрешен, што е моја најголема желба во моментов, пишува Миленкоски.Според информациите, по барањето за екстрадикција на Миленкоски во Ерменија идната недела треба да одлучува Апелацискиот суд во Ниш, откако овластен адвокат од Врање го обжалил решението на Вишиот суд во Врање од 22 септември, како причина наведувајќи го „погрешното и непотполно утврдување на фактичката состојба“ во пресудата, како и поради битни повреди на кривичната постапка и погрешната примена на материјалното право.Дополнително, во настојување Миленкоски наместо во Ерменија, како македонски државјанин и наш дипломат, да биде испорачан во Македонија, во текот на вчерашниот ден, овластен адвокат од семејството на Миленкоски до Јавниот обвинител на РСМ поднел Предлог за преземање на кривично гонење по службена должност, бидејќи Ерменија го обвинува Миленкоски за „недозволено преминување на државна граница“, што е дело кое е опфатено и со Кривичниот законик на РСМ. Адвокатот бара за Миленкоски, кој е странски државјанин за Ерменија, да се води кривична постапка во РСМ, тој тука да биде испорачан од Србија, па доколку биде осуден, затворската казна да ја издрежува во неговата матична држава.Од семејството информираат дека во изминатите неколку дена тие ги доставиле сите документи што ги поседуваат за случајот до „сите надлежни институции во државава“, бидејќи никој од Македонија официјално не пројавил интерес до судските инстанци во Србија да ја добијат документацијата за случајот со Миленкоски.Тој тврди дека не е виновен и дека тоа ќе го покаже истрагата.-Жалам што поради тоа што покрај мојот углед, со овој настан беше нарушен и угледот на МНР и на Владата на РСМ. За ништо на светот не би наштетил на мојата чест и углед, на семејството, на Министерството кое ми даде се во животот, ниту на Владата на РСМ. Бидете уверени дека ни во овој случај нема никаква вина кај мене, ниту прекршок, ни кривично дело, што е случај во целиот мој живот и кариера. Секако, тоа ќе го покаже и истрагата, се вели во писмото на Миленкоски.Тој беше уапсен во Врање, а македонската јавност тогаш дозна дека тој во 2019 година бил вмешан во извлекување на македонски државјанин од Ерменија кој бил обвинет за кривично дело таму и на кого требало да му се суди. Во меѓувреме тој бил именуван за заменик шеф мисијата на ОБСЕ во Македонија.

Македонија | пред 4 години

w_56736106

Исплатени 25,7 милиони денари кон 17.836 студенти

Владата предводена од СДСМ и Министерството за образование и наука континуирано покажуваат вистинска грижа за унапредување на студентскиот стандард и младинските политики, потврда за тоа се бројните стимулативни мерки и политики кои успешно се реализираат кон студентите, велат од СДСМ.„Во таа насока е и првата исплата на субвенционираниот студентски оброк кон студентите кои аплицираа на првиот рок на повикот за субвенциониран студентски оброк.Вчера на своите трансакциски сметки студентите ги добија првите средства во износ од 1.440 денари. Оваа исплата е за периодот од 15 септември, кога стапи на сила законот со кој е регулирано ова право, до 1 октомври 2021 година.На 17.836 студенти исплатени им се вкупно 25,7 милиони денари.Исплатата ќе продолжи да се реализира согласно одредбите од Законот за субвенциониран студентски оброк, поточно во првата недела од секој тековен месец, а ќе се однесува на изминатиот месец, со цел да се провери статусот на студентот, односно дали тој и понатаму ги исполнува условите за користење на правото на субвенција, препорачана за купување здрави оброци.Паралелно тече и вториот рок од Јавниот повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк кој трае до 31 октомври и се однесува на сите новозапишани студенти, но и на оние кои ги исполнуваат условите, но не успеале да се пријават и да го остварат ова право во првиот рок.Субвенционираниот студентски оброк е системско решение на Владата предводена од СДСМ, кое има за цел да им го олесни животот на младите за време на студирањето, односно добиваат 2.400 денари девет месеци во годината.Вложувањето во унапредување на студентскиот стандард на младите го сметаме за капитално вложување во иднината на државата.Како одговорна, социјалдемократска партија продолжуваме да креираме и реализираме квалитетни мерки и политики кои се во интерес на младите луѓе“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Тасевски: Да се најде и казни оној кој ги оштети бистите на Анте Поповски и Славко Јаневски во Струга

Откако во Струга беа оштетени бистите на двајца македонски поети, Анте Поповски и Славко Јаневски, се јави и Тодорче Тасевски, директор на Струшките Вечери на Поезијата (СВП).„Најостро го осудуваме вандалскиот чин на сквернавење на бистата на еден од најистакнатите македонски поети Анте Поповски, којашто беше откорната и фрлена во крајбрежјето. Настанот е пријавен во полиција, извршен е увид и очекуваме сторителот да биде најден и против него да биде поднесена пријава. Апелираме за елементарна почит кон ликот и делата на македонските поети што се вградија во основањето на еден од најпознатите светски поетски фестивали. Не сакаме да претпоставиме дека аналфабетите вандали што го извршија овој чин воопшто имаат претстава дека денес, на 1 октомври се навршуваат 18 години од смртта на Анте Поповски, напиша Тасевски на Фејсбук.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Заев: Имаме успешен попис, членство во НАТО и пријателство со регионот

„Во овие години успеавме да постигнеме успеси кои цели децении беа само недостижна цел, го поставивме правецот и тој е јасен: Со најдоброто одиме напред, на тој правец сме исправени четири години во кои ја имаме обврската да ја трансформираме државата на подобро и тоа, се случува сега и овде, пред нашите очи“, порача вечерва претседателот Зоран Заев во Велес, на промоцијата на кандидатот за градоначалник и советничка листа.„За првпат по 20 години државата спроведе успешен попис. Еден милион 832.696 граѓани се попишаа, односно над 99 проценти од граѓаните. Ова е голем, огромен успех, веќе не сме единствена држава во светот без спроведен попис, веќе не одиме низ магла, туку добиваме јасни и прецизни податоци на кои ќе ги темелиме идните политики. Во едната рака имаме успешен попис – во другата членство во НАТО. Денес сме држава со најголема сигурност и најголем степен на транспарентност од сите земји во регионот, денес сме земја пријател на регионот и Европа“, посочи Заев.Претседателот Заев истакна дека сето тоа е потврда за капацитетот и државноста што ги поседува СДСМ и потврда дека државата е на вистинскиот пат и враќање назад од тој пат нема!„Тој пат носи напредок на државата, но и развој на општините. Овие четири години се развиваше државата, се решаваат клучни прашања, но истовремено се развиваа регионите и општините. И тоа Велес го знае најдобро“, заклучи Заев.

Македонија | пред 4 години

slika-2

Мицкоски: Многумина се разочарани од политиката зошто 30 години државата се врти во круг

„Цели 30 години оваа земја се врти во круг, во еден затворен круг. Генерации поминаа во исчекување за некакви промени, некакво подобро утре. И секоја надеж без исклучок завршуваше со разочарување. Секоја нова искра завршуваше со еден нов ќорсокак. Триесет години видовме ама баш се, ние бевме генерација која сонуваше за отворена Европа, за Рим, за Париз, за Лондон, а добивме нови ѕидови, нови разочарувања“, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Битола.Мицкоски додаде дека младоста на неговата генерација помина во конфликти, превирања, ограбени фирми, луѓе што остануваат без работа. Ги памети тие денови кога во семејствата и двајцата родители остануваа без работа и тоа преку ноќ. Тоа време деновите беа исполнети со несигурност, неизвесност во иднината.„Мојата генерација немаше младост, а тие по нас немаа детство. Време поминато со надеж за иднина, со разочарувања, без иднина. Крпен живот на рати, бонови, живот на несигурност, и за тоа е тој разбирлив отпор кон се што е политика во земјата. За тоа што многумина разочараа. Но, мора јасно да ја гледате сликата и ќе видите дека не се сите исти“, порача Мицкоски.Мицкоски посочи дека дојде времето кога граѓаните треба да создадат нова иднина, и тоа иднина со нови победи кои што мора да се издвојуваат.„А, што е победа ме прашуваат, и ќе се обидам во неколку реченици да кажам што е победа според мене. Победа е заеднички да рушиме ѕидови кои што ги поставуваат пред нас. Победа е и да веруваме во вредностите, и тие што нудат програма за сметка на тие што нудат криминални коалиции. Победа е кога ќе спасиме 14 човечки животи, кога ќе погрешиме и ќе ја корегираме нашата грешка и ќе се извиниме и ќе продолжиме напред“, посочи Мицкоски.Мицкоски рече дека победа е да се почитуваат граѓаните меѓусебно, да се има вредности и принципи, победа е кога се има заедничка цел. Победа кога се обезбедува сигурност и извесност. Победа е заедничкиот патриотизам.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Бистата од Анте Поповски фрлена во Охридско езеро

На 18-годишнината од смртта на познатиот македонски поет Анте Поповски, непознати сторители во Струга ја вандализирале неговата и бистата на поетот Славко Јаневски, а неговата глава ја откорнале од постаментот и ја фрлиле во Охридското езеро, дознава СДК.Како тоа да не било доволно, главата на еднакво важниот македонски поетски бард Славко Јаневски била свртена наопаку на бетонскиот постамент.– Настанот е пријавен, полициски екипи веднаш излегоа на терен да извршат увид на местото каде е извршено оштетувањето – вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.Директорот на поетската манифестација Струшки вечери на поезијата (СВП), Тодорче Тасевски, го осуди вандализирањето на бистите на македонските поети. Тој кажа дека излегле веднаш на терен за да ги извадат бистите од Охридското езеро и да ги вратат на нивните постаменти.– Жалиме што ова не е единствен инцидент, се случувало и претходно и уште еднаш апелираме да престанат ваквите вандалски чинови – вели Тасевски, кој ја повикува целата македонска јавност да се почитуваат придобивките на нашата поетска традиција.фото: Фејсбук/СДК.мк

Медиасет | пред 4 години

w_56089446

КАТАСТРОФА: Статистиката на заразени и починати во Македонија споредено со минатиот септември е хорор

Во септември минатата година во Македонија имало 3663 новозаразени лица, додека пак, починале 136 лица. Ситуацијата за една година драстично променета. Овој септември, 14.943 лица се заразени, а 699 се починати. Состојбата со коронавирусот, според овие податоци чиј извор е Министерството за здравство.„Пандемијава да не се менаџираше воопшто од стручњациве, боље ќе поминевме. За каков успех во справување говорите, дали сте пролупале комплетно? Тешки месеци се пред нас...“, прашува доктор Ненад Лазаров.

пред 4 години

Screenshot-2021-10-01-at-12.33.54

ДУИ му се правдале на Заев дека не знаеле кој пукал во Чаир за време на нивниот собир

Челниците на ДУИ кои работат во Владата се оградиле од пукањето во Тетово и Желино, но и Чаир, за време на нивните партиски собирања. Премиерот Зоран Заев повика МВР да постапува и да открие кој „славеше“ со пукање во воздух сред маса од луѓе, партиски поддржувачи. „А1он“ испрати и прашања од кои бара одговор дали истрагата утврдила кој пукаше рафали во воздух, како и за кое кривично дело треба да се гони – но не добивме одговор. Оттука, не се знае ниту дали ДУИ како организатор на партискиот собир, има одговорност за случувањето. Заев повика полицијата да постапи во секој ваков случај и да ги открие сторителите, посочувајќи, дека веќе се работи на тоа.„На состаноците со нив, бидејќи секојдневно работиме заедно, тие се оградуваат. Тие повикуваат МВР да си постапи по сите вакви случаи, бидејќи треба да ги одвратиме. Прво не мислам дека тоа носи добро на некој. Тоа одвраќа гласачи, поддршки, позитивен амбиент. Второ тоа е кривично дело. Тоа е нарушување на јавен ред и мир. Веројатно и злоупотреба на законот за оружје. МВР ги има веќе снимките, објавени се и истражува за точно да ги најдат сторителите. Јас апелирам до граѓани, имаат снимка од тоа, да помогнат во истрагата. Буквално анонимно, не мора да се знаат. Дел од истрагата се води не само со анализа на самата снимка и кој тоа го направил, туку треба и дополнително да се помогне за да се утврди идентитетот на група, лице и слично“, рече Заев.Првата снимка од пукање за време на изборен собир на ДУИ се појави пред два дена. На неа се гледа како додека актуелниот пратеник Изет Меџити зборува на митингот, од страна лице крева пиштол во воздух и пука. Ова не е првпат ДУИ да слави со пукање. „А1он“ и досега има објавувано снимки каде се гледа како ДУИ прославува со пукотници од огнено оржује.

Македонија | пред 4 години

korona5

За скоро два месеци, 8.233 вакцинирани се заразиле, а 175 лица починале од коронавирусот,

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 06 август заклучно со 30 септември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.„Во период од 06.08 до 30.09.2021 на територија на државата 35.531 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 23% биле целосно вакцинирани, односно 8.233 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе недели, 27.298, граѓани, односно 77% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 79%, додека само 21% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани“, посочуваат тие.„Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 30.09.2021 на територија на државата починале 1162 лица со Ковид 19, 987 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 15% примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон“, додаваат оттаму.Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

пред 4 години

zlate-mehmedovikj

Тешка есен и зима нѐ очекува поради коронавирусот, доктор Мехмедовиќ смета дека нема спас од новите соеви без колективен имунитет

Намалувањето на дневните температурите и собирите на затвoрено ќе влијаат негативно врз епидемиолошката состојба, вели лекарот Злате Мехмедовиќ во изјава на ТВ21. Како што вели, нѐ очекува тешка есен и зима кога станува збор за коронавирус, бидејќи, како што објаснува, делта сојот е попренослив и повирулентен.Со песимизам, Мехмедовиќ констатира дека без да се постигне колективен имунитет, нема да има спас од новите соеви на вирусот кои би можеле да пристигнат во нашата земја. Тој нема големи надежи дека наскоро би можеле да означиме крај на пандемијата.За влошување на состојбата ќе влијаат и митинзите кои се одржуваат поради предизборната кампања, смета Мехмедовиќ.

пред 4 години

guzva-vakciniranje

Може да се примат вакцини против корона и грип во истовреме, тврдат експертите

Безбедно е да се примаат вакцината против „Ковид-19“ и вакцината против грип во исто време, и тоа не влијае негативно на имунолошкиот одговор што го предизвикуваат, покажа британска студија објавена денеска.Студијата, предводена од Универзитетот во Бристол, покажа дека пријавените несакани ефекти обично биле благи до умерени. Ова испитување било спроведено со три вакцини против грип и вакцините против „Ковид-19“, произведени од „Фајзер/Бионтек“ или од „Астра зенека“, пренесуваат светските агенции.Студијата опфати 679 доброволци на 12 локации низ Англија и Велс, и беше објавена како работна верзија на трудот, која ќе биде објавена во списанието „Лансет“.Велика Британија и другите земји на северната хемисфера се подготвуваат за тешка зима и можност за зголемување на бројот на заболени од грип, имајќи предвид дека се олеснети ограничувањата за „Ковид-19“ поврзани со социјалната дистанца.Третата доза на вакцината против „Ковид-19“ во Велика Британија во моментов се дава на стари и чувствителни луѓе, како и здравствени работници, додека владата на премиерот Борис Џонсон, исто така, ја објави најголемата програма за вакцинација против грип во историјата оваа година

пред 4 години

26032021_porparol_Hodga_DZS_Simovski_pres-konferencija-3

Пописот се бојкотирал, Симовски не знае бројки но најави постапки против бојкотирачите

Пописот сепак бил бојкотиран, призна директорот на ДЗИ, Апостол Симовски. Тој ниту самиот немаше точни бројки колкумина јасно одбиле да се попишат, но тврди дека имаат евиденција. Најави постапки, за кои ни самиот не знае дали би завршиле како казни. Смета дека бројот на лица кои одбиле да учствуваат во операцијата се бројат, во како што рече, промили.„Нашата цел во старт беше да не казнуваме. Оние кои што јасно одбија да бидат дел од пописот, за нив има изјави од попишувачите и ќе бидат покренати постапки. Како ќе завршат, не зависи од нас, не сме ние таа институција“, рече Симовски.

Македонија | пред 4 години

hrvatska-ukida-popis-stanovnistva-uvodi-registar-stanovnistva-popis_5d6e176779a8d

Прогласен успешен попис

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски изјави дека пописот е успешно спроведен.Тој кажа дека се попишани над 1.800.000 граѓани.Апликациите за попишување во земјата и за самопопишување на дијаспората се затворени вечерва во 20 часот, со што завршија пописните активности во рамки на Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021.Најголемата статистичка операција по 20 години во земјава траеше 26 дена, од 5 септември до денеска.Државниот завод за статистика во следните неколку дена треба да ги направи последните проверки и сумирање на податоците, како и технички активности на раздолжување на попишувачите.Официјалните резултати од пописот ДЗС треба да ги објави најдоцна за шест месеци, односно до крајот на март 2022 година.

Македонија | пред 4 години

243442716_4640025432720325_7237747179476673560_n

И ова го има: Диви лавови се чуваат по дома во Македонија, полицијата треба да ги најде

Македонски граѓани на фејсбук постираат слики од себеси со младенчиња од лав. Според здружението „Анима Мунди“ вакви слики имало неколку во последните денови.„ИТНО бараме надлежните институции да спроведат истрага и да ги најдат и најстрого казнат сите оние кои во последните неколку дена се сликаат со младенчиња од лав како да се експонати, титули наместо диви животни заштитени со закон!Кој дозволил влез во државата на младеничиња од лав?Кои институции се вмешани во ова бесрамно кршење на закон?“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 4 години

243858201_10226242289983603_3195679995830872755_n-1

Јоци за Шилегов: Кој малер е човеков, ем за градот ем за себе, а е среде скандал

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци на социјалните мрежи објави постер од настанот кој беше организиран во близина на Зелениково. На фотографијата може да се забележи дека покрај постерот стои бел лист на кој пишува „поддржно од Град Скопје“.„Не знаел #Шилегов ништо за кампов. Ви викам јас малер е човеков. Ем за градов, ем за себе. На три недели до избори, Шилегов е среде скандал преку проект - во чии рамки малолетници биле сексуално вознемирувани, а за кои допрва ќе се утврдува дали биле евентуално и сексуално злоупотребени.Никој ништо не знае сега, сите бегаат од одговорност, откако испливаа психопати во јавност кои малтретирале деца, секташки сексуални ,,гуруа" од типот на Чарлс Менсон.Но, ете, во канцелариите на извидничкиот одред, јасно е обесен постер, на кој со лого си пишува - ,,поддржано од Град Скопје".Не знаеле ништо ни од Х.Е.Р.А.И тие не биле одавде.Тоа е истата Х.Е.Р.А каде програмски координатор беше Мила Царовска, пред да влезе во влада и во политика“, стои во објавата на Фејсбук.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања