ТОП

koronavirus-kovid-skopje

12 починати и 494 нови од корона, пријавени дополнително уште 10 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 494 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 231, Куманово – 49, Велес – 31, Штип – 24, Кавадарци – 23, Охрид – 19, Кичево – 17, Прилеп и Кочани – по 16, Струмица – 12, Битола – 8, Струга – 7, Тетово – 6, Гевгелија – 5, Делчево – 4, Неготино, Радовиш и Виница – по 3, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Богданци и Македонски Брод – по 2, Гостивар, Ресен, Валандово, Кратово, Демир Хисар, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.Регистрирани сe 474 оздравени пациенти од: Скопје – 272, Куманово – 30, Битола – 18, Штип – 16, Велес и Тетово – по 14, Кавадарци – 13, Кочани – 12, Кичево и Радовиш – 10, Струмица – 8, Прилеп – 6, Крива Паланка, Ресен и Кратово – по 5, Гевгелија, Свети Николе и Гостивар – по 4, Неготино, Виница, Берово, Македонски Брод, Валандово и Дебар – по 3, Демир Хисар и Пехчево – по 2, Охрид и Пробиштип – по 1.Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 6 починати лица од Скопје (94г, 78г, 70г, 68г, 61г и 49г), 2 починати лица од Кавадарци (77г и 63г) и по едно починато лице од Куманово (66г), Охрид (72г), Крива Паланка (59г) и Македонски Брод (74г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 10 починати лица, со датум на смрт од 07.09.2021 до 29.09.2021 година. Починатите лица се по 6 починати лица од Скопје, 2 починати лица од Куманово и по едно починато лице од Валандово и Гостивар, на возраст од 52 до 88 години. Од пријавените лица 1 е починат во домашни услови, а 9 лица се починати во болнички услови.Направени се 3.425 тестови преку: ИЈЗ-493, ЦЈЗ Скопје-66, ЦЈЗ Битола-69, ЦЈЗ Прилеп-35, ЦЈЗ Тетово–56, ЦЈЗ Куманово-53, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-20, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–175, Жан Митрев (Филип Втори)-78, Авицена-144, Биотек-190, Систина-98, лабораторија Лаор-116, Синлаб-21, Ремедика-11, Плодност–29, Генеа-2, Никоб лаб-349, ВФВ Медикал-44, Ели Медика-45, Ројал Медика –7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.322.Досега во земјата се направени вкупно 1.289.516 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 191.408 бројката на оздравени пациенти е 172.653, на починати е 6.668, а бројот на активни случаи изнесува 12.087.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 83285, Активни 5536Куманово 11395, Активни 992Тетово 10814, Активни 905Прилеп 9046, Активни 313Гостивар 7955, Активни 472Битола 7077, Активни 267Велес 6225, Активни 348Охрид 5944, Активни 549Кавадарци 5910, Активни 237Струмица 5723, Активни 280Штип 5712, Активни 242Кичево 3975, Активни 423Струга 3784, Активни 374Кочани 3243, Активни 154Гевгелија 2407, Активни 84Неготино 2315, Активни 39Свети Николе 1886, Активни 112Ресен 1534, Активни 91Радовиш 1512, Активни 86Дебар 1449, Активни 108Крива Паланка 1423, Активни 93Берово 1209, Активни 29Делчево 1122, Активни 70Виница 1029, Активни 50Пробиштип 909, Активни 31Валандово 816, Активни 31Кратово 566, Активни 58Богданци 547, Активни 13Крушево 527, Активни 20Македонски Брод 470, Активни 28Демир Хисар 438, Активни 24Демир Капија 410, Активни 5Пехчево 312, Активни 2Македонска Каменица 300, Активни 21Дојран 139, Активни 0

пред 4 години

zaev-pukanje-dui

Заев не им простува на ДУИ за пукањето, упати барање до полицијата

Премиерот Заев вели дека е недозволиво да се пука на митинзи, како што на стартот на политичката кампања се случи на митингот на ДУИ во Чаир. Заев вели дека политичарите се лажат доколку мислат дека така се привлекуваат гласови. Според него, така само се губат гласови.Тој денеска одговарајќи на новинарски прашања го повика Министерството за внатрешни работи да постапува по случајот.Инцидентот се случи на стартот на кампањата кога на митингот на ДУИ во Чаир при претставувањето на кандидатите се слушаа истрели од огнено оружје.

Скопје | пред 4 години

Popis-2021-14-750x430-1

Попишувачи не сакале да вратат опрема, откако им кажале дека нема исплата без да пополнат контролен лист со податоците од електронската база

Револт, нервоза и размислување за бојкот кај дел од попишувачите на последниот ден од пописот при предавање на задолжената опрема во Државниот завод за статистика, откако ќе завршат со активностите. Ваква била атмосферата и вчера во повеќе градови во Македонија, кога на попишувачите кои завршиле со операцијата, им побарале да пополнуваат документ наречен „контролна тетратка“. Таму се внесуваат и адреси на граѓани кои не биле дома или не отвориле врата, кога попишувачот дошол на нивната адреса. Доколку не го сторат тоа, им посочиле дека нема да бидат ниту исплатени. Поради ова, дел од попишувачите размислувале и да не ја вратат задолжената опрема.„Ни рекоа сите кои сме ги попишале да ги внесеме во контролните тетратки, сите луѓе, и по редослед од фамилијата според тоа кој е прв, а кој последен попишан. Во спротивно, кажаа дека нема да не исплатат. Ова ни го кажаа кога ги враќавме лаптопите, а не на почетокот кога се даваа насоки. Ова беше причина за голема нервоза, вриеше атмосферата“, вели анонимен попишувач за „Скопје1“ кој бил да се раздолжи со опрема бидејќи ги посетил сите адреси кои ги имал како задача во месноста каде попишвал.Претходно, за овој документ, според нашиот извор, од ДЗС им рекле дека е за нивна евиденција.За ова нема информација од ДЗС, од каде во текот на пописот до сега, не сакаат да зборуваат за проблемите со кои се соочуваат во јавност. Денеска е последниот ден од пописот. Иако многумина од граѓаните се жалеа дека останале непопишани, од ДЗС уверуваат дека денеска ќе го довршат пописот на населението и дека нема потреба од продолжување на истиот. Но, пописот заврши.ФОТО: Илустрација

Македонија | пред 4 години

zaev-micotakis-1

Грција не ја поддржува Бугарија и навива за Македонија

Јасна порака дека Грција не ја поддржува Бугарија во блокадата на европската перспектива на Македонија, испрати грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество на „Атинскиот демократски форум“, истакнувајќи дека тоа е „непотребна компликација“, јави дописничката на МИА од Атина.За време на дискусијата со Стивен Ерлангер, уредникот на дописништвото од Европа на „Њујорк Тајмс“, грчкиот премиер говореше за низа актуелни теми во Грција, меѓу кои и за интеграцијата на Македонија во Унијата.Не. Не ја поддржуваме Бугарија. Сметаме дека е непотребна компликација, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на прашањето дали Грција е на страната на Бугарија во блокирањето на ЕУ-перспективата на Македонија.

Македонија | пред 4 години

mickoski-intervju30092021

Мицкоски откри зошто се реши за коалиција со Села и Гаши

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Ал Џезира вели дека обединувањето со коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива со ВМРО-ДПМНЕ е се со цел да се изгради заедничка држава во која сите граѓани ќе бидат задоволни, бидејќи како што рече тој доста им е на луѓето од создавање на поделби и вештачки конфликти.Овие предизвици кои се случија со Ковид пандемијата сите не натераа да размислуваме малку од тоа што било во минатото за разлика од партиската и политичката елита која во овој момент ја води Македонија која се уште е заглавена во криминалот и никако да излезе од тој криминал. Но, генерално човештвото па и тука во Македонија работите се менуваат и начинот на живот и начинот на размислување и ценам дека на луѓето им е преку глава од создавање на артифицијални вештачки конфликт, едноставно сакаат да видат иднина и да видат надеж, потенцираше Мицкоски.Токму тоа беше мотивот и причината да ние како најголема политичка сила во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ седнеме заедно со Коалицијата Алијанса на Албанците предводена од Зијадин Села и Алтернатива предводена од Африм Гаши да разговараме за иднината, да разговараме за тоа како да изградиме заеднички држава која што сите ние ќе ја сакаме и почитуваме без разлика на нашиот етникум или нашата конфесија, бидејќи на крајот од денот ние сите сме се родиле во нашата Македонија, тука сме тагувале, тука сме се радувале. Така што тоа беше единствениот мотив и цел да се обединиме во една ваква коалиција за иднината, коалиција против корупција, рече претседателот Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

ubistvo

Велешанката која го уби невенчаниот сопруг кој беше полицаец оди во притвор

Основното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна девојка од Велес за кривично дело – Убиство.На 29 септември, во раните утрински часови, во куќата во која живеела, осомничената при вршење семејно насилство лишила од живот 40–годишен маж со кого живеела во вонбрачна заедница.По вербална и физичка расправија меѓу нив, тој ја фатил за врат со намера да ја дави, па осомничената со нож му нанела убодна рана во пределот на левата страна на градниот кош која резултирала со смртна последица.Имајќи ги предвид видот, тежината на кривичното дело и запретената казна, наоѓајќи дека осомничената може да се даде во бегство или да ги уништи и сокрие трагите од предметното кривично дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Велес достави предлог за определување мерка притвор за обезбедување на нејзиното присуство во текот на постапката. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителот и на осомничената и определи притвор во траење од 30 дена.​​

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-29-220146

(ВИДЕО) Драма сред изборна дебата: Охриѓанец фрлаше со вегета

Кндидатот за градоначалник на Општина Охрид од ТМРО, Гоце Цветкоски направи драма за веме на телевизиското гостување во ТВ24 каде што имаше свое изборно претставување.За време на целото гостување не одговори на ниту едно прашање туку се обидуваше да ги дискредитира останатите противкандидати.Во еден момент покрај знамето од Вергина извади и зачин вегета. Со итата започна да ги нуди сите во студиото за да „замезат“, но никој не беше заинтересиран па тој почна да фрла со неа.„Оваа вегета ми ја дадоа во Охрид, да им дадам малку на колегиве да замезат. Да замезите со парите што ги лапате од населба Црногорци, Охрид, вегета“, изјави тој.Моментот можете да го погледнете на 18:10

Македонија | пред 4 години

Popis-2021-14-750x430-1

Нема да се пролонгира на рокот за спроведување на пописот

Нема потреба од пролонгирање на рокот за спроведување на пописот, бидејќи целиот процес ќе биде комплетиран навреме, изјави директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски за ТВ21 .Дел од граѓаните се жалат дека попишувачите воопшто не дошле во нивните домовиСимовски вели дека е разбирливо некој да остане последен попишан и додава дека е среќен што граѓаните реагирале што попишувачите сѐ уште не ги посетиле.Oд Владата соопштија дека не е разговарано за пролонгирање на пописот, и дека ДЗС ќе го има последниот збор.

Македонија | пред 4 години

g2G0r-screenshot-16

ВИДЕО: ДУИ со пиштоли и пукање пред седиштето тера избори во Чаир

На отворањето на седиштето на ДУИ во Чаир, при застанувањето на Изет Меџити на говорницата, може да се види како учесник на митингот неколку пати пука од огнено оружје, на тој начин загрозувајќи го животот на присутните.Според видеото кое го објави "Плусинфо", може да се заклучи дека истрелите се во знак на поддршка на Меџити кој во тој момент држи говор.Засега нема официјална реакција од Министерството за Внатрешни работи во врска со овој случај. 

Скопје | пред 4 години

FAdgtr2XEAQSs32

Без камери дојде, а така и си отиде, преку „Твитер“ Вархеј и Заев кажаа што имаа

Посетата на еврокомесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји на Скопје мина во молк, далеку од очите на јавноста и медиумите и без официјални најави за активностите.„Западен Балкан е главен приоритет за Европската Комисија. Иднината на регионот е во Европската унија. Разговаравме како да го унапредиме проширувањето со отварање пристапни преговори за Македонија и Албанија, напиша на Твитер еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји по средбата со премиерот Зоран Заев во Скопје.Освен ова, нема никакво соопштение по разговорите.Со твит по средбата се огласи и премиерот Зоран Заев, кој напиша дека една од темите на разговор со Вархеји, беа и подготовките за претстојниот самит за Западен Балкан во Словенија, следната недела.„Европскиот пат е важен за двете страни. За Македонија и за Европската унија. Посветени сме на тој процес“, напиша Заев на Твитер.Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, вчера престојуваше во Скопје и рече дека целта е С. Македонија и Албанија да започнат преговори за членство пред крајот на годинава.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Антикорупциска ќе гони двајца од ДУИ? Со државни возила се возат за да промовираат партиска агенда

Антикорупциска најави дека ќе побара одговорност за двајцата министри кои во работно време и со службено возило отидоа до партиското седиште да одржат прес конференција. Министерот за животна средина Насер Нуредини а претходно и министерот за надворешни работи Бујар Османи наместо да ја вршат својата работа како министри тие ја промовираа изборната агенда на ДУИ. ТВ 21 го праша министерот Нуредини дали злоупотребува државни ресурси за партиски цели.„Најнапред ќе се обидеме да ги добиеме нивните изјави дека да, навистина возилото е користено за партиски активности во време на изборниот процес и доколку е така како што имавме и во претходните изборни циклуси примери ќе испратиме до Владата иницијатива за поведување одговорност на функционери кои што го злоупотребиле односно го користеле службеното возило за партиски цели“, истакна Билјана Ивановска.До Антикорупциска има стигнато и пријава на злоупотреба на службена положба односно користење на службено гориво во приватни автомобили, а членовите на комисијата упатуваат и на тоа што постојано има скриен начин на водење предизборна кампања. Сепак се жалат дека за тоа нема санкции.

Македонија | пред 4 години

koronavirus-korona-kovid-test

9 починати лица, 454 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 454 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 209, Куманово – 45, Штип – 22, Кавадарци – 17, Прилеп – 16, Велес – 15, Битола – 13, Крива Паланка – 12, Охрид и Струмица – по 11, Кичево – 10, Кочани, Свети Николе и Кратово – по 9, Тетово и Гевгелија – по 7, Ресен – 5, Виница и Валандово – по 4, Неготино, Радовиш и Македонска Каменица – по 3, Гостивар, Струга, Дебар и Демир Хисар – по 2, Берово и Крушево – по 1.Регистрирани сe 308 оздравени пациенти од: Скопје – 208, Струмица – 17, Тетово – 10, Велес и Битола – по 8, Прилеп и Кочани – по 7, Штип – 6, Дебар – 4, Крива Паланка, Кичево, Свети Николе, Гостивар и Пробиштип – по 3, Кавадарци, Кратово, Гевгелија, Неготино, Радовиш, Делчево и Демир Капија – по 2, Виница, Валандово, Македонска Каменица и Богданци – по 1.Во текот на изминатите 24 часа починале 9 лица: 5 починати лица од Скопје (84г, 79г, 66г, 62г и 57г), 2 починати лица од Куманово (63г и 30г) и по едно починато лице од Гостивар (64г) и Кавадарци (80г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 7 починати лица, со датум на смрт од 03.09.2021 до 27.09.2021 година. Починатите лица се по 2 починати лица од Скопје и Струмица и по едно починато лице од Куманово, Кичево и Кавадарци, на возраст од 56 до 81 години. Од пријавените лица 2 се починати во домашни услови, а 5 лица се починати во болнички услови.Направени се 3.512 тестови преку: ИЈЗ-321, ЦЈЗ Скопје-69, ЦЈЗ Битола-87, ЦЈЗ Прилеп-42, ЦЈЗ Тетово–60, ЦЈЗ Куманово-70, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–161, Жан Митрев (Филип Втори)-117, Авицена-130, Биотек-216, Систина-80, лабораторија Лаор-155, Синлаб-6, Ремедика-17, Плодност–39, Генеа-8, Никоб лаб-381, ВФВ Медикал-88, Ели Медика-39, Ројал Медика –23, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.319.Досега во земјата се направени вкупно 1.286.091 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 190.915 бројката на оздравени пациенти е 172.179, на починати е 6.646, а бројот на активни случаи изнесува 12.090.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 83054, Активни 5588Куманово 11348, Активни 979Тетово 10810, Активни 915Прилеп 9030, Активни 303Гостивар 7954, Активни 476Битола 7070, Активни 278Велес 6194, Активни 331Охрид 5926, Активни 533Кавадарци 5887, Активни 229Струмица 5711, Активни 276Штип 5687, Активни 233Кичево 3958, Активни 416Струга 3777, Активни 367Кочани 3227, Активни 150Гевгелија 2402, Активни 83Неготино 2312, Активни 39Свети Николе 1883, Активни 113Ресен 1533, Активни 95Радовиш 1509, Активни 93Дебар 1449, Активни 111Крива Паланка 1421, Активни 97Берово 1207, Активни 30Делчево 1118, Активни 66Виница 1026, Активни 50Пробиштип 909, Активни 32Валандово 815, Активни 34Кратово 564, Активни 61Богданци 545, Активни 11Крушево 527, Активни 20Македонски Брод 466, Активни 28Демир Хисар 437, Активни 25Демир Капија 409, Активни 4Пехчево 312, Активни 4Македонска Каменица 299, Активни 20Дојран 139, Активни 0

пред 4 години

apasiev-danela-arsovska-1

Апасиев смета дека Данела незаконски користи повеќе пари од ДИК за рекламирање, споредено со тоа што и следува

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев смета дека на Данела арсовска која е независен кандидат за градоначалник на Скопје и следуваат 3% од буџетот кој го дава Државната изборна комисија за рекламирање во медиуми и нејзино промовирање. Тој смета дека има кривична одоговрност во овој случај.„Данела Арсовска, официјално, е независен кандидат за градоначалник на Скопје, со различен број на гласачкото ливче од ДПМНЕ. Правно гледано, немаат ни склучено договор за коалиција. Тоа значи дека, по закон, и следува само 3% од буџетот за платено политичко рекламирање (околу 15.000 ЕУР) и само 30 секунди на секој час емитувана програма - како и за сите останати "независни кандидати". Арно ама, она лагано си ги користи 45% од првиот привилегиран пакет на парите кои им следуваат на ДПМНЕ и ААА (цирка, околу милион ЕУР за реклами)!? ДИК, АВМУ и Антикорупциска, ко по обичај, мува не ги лази за овие нерегуларности. Btw, овде има и кривична одговорност за нелегално трошење буџетски пари за друг правен субјект, со друг даночен број - а не за оној кој му следува. Ама, договорот Заев и Мицко не признава закони! #ПрофитериИзмамничк #ШирокаКоалиција“, смета Апасиев.Тој и претходно реагираше. Апасиев смета дека Државната изборна комисија има за цел да ја оштети Левица одземајќи и од средствата за платено политичко рекламирање за изборите. Тој пишува дека претседателот на ДИК, Александар Даштевски наместо само на Левица и ДПА, сака пари за рекламирање да даде и на други шест субјекти. Апасиев тврди дека тие не исполнуваат услови.

Скопје | пред 4 години

nenad-lazarov4

„Откажете ги завршните митинзи, донирајте ги парите за маски и ќе покажете дека ви е гајле за народот“ апелира Лазаров

Матичниот доктор, Ненад Лазаров, смета дека да се откажат барем завршните митинзи на партиите, кога традиционално пред локалните избори, ги има најголемите гужви. Според Лазаров, тие пари, партиите треба да ги донираат, а тоа би бил најдобар маркетинг за нив.„Откажете ги барем завршните митинзи, има време за тоа, со парите купете и донирајте заштитни маски и опрема за медицинари, хигиенски средства и филтри за воздух за училиштата, хигиена и заштита во јавен превоз, народни кујни и тн... Нема подобар маркетинг од ова а воедно ќе покажете дека ви е стало до народ и дека разбирате дека митинзи не се безбедни. Ова игнорирање на ковид кризата е психопатологија, ќе ни се врати ко бумеранг“, напиша Лазаров.

Коментари | пред 4 години

kamikaza-beni-shilegov

(ВИДЕО) Бени Шаќири со тешки зборови за Шилегов кажа дека нема да поддржи, Камиказа би го гласал

Пејачот Бени Шеќири е кандидат за градоначалник на Град Скопје на партиите ДОМ и ЛДП. Двете партии кои заеднички ќе настапат на локалните избори ќе имаат и советничка листа за Советот на Град Скопје, која ќе ја предводи докторот Никола Пановски.Во досегашната кампања, Шаќири кажа дека бил разочаран како главниот град е раководен изминативе 4 години и затоа решил да биде противкандидат на актуелниот градоначалник Петре Шилегов.– Знам за кого нема да го дадам мојот глас, нема да го дадам за Петре Шилегов затоа што како градоначалник и управител на овој град тотално потфрли и ме разочара, рече Шаќири.https://twitter.com/konzervativen/status/1443140850205302784?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1443140850205302784%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Flider.mk%2Fvideo-beni-shakjiri-znam-za-kogo-nema-da-glasam-petre-shilegov%2FВо дебатата на кандидатите за градоначалник на Град Скопје, организирана од „Телевизија 24“, кандидатите, покрај многубројните прашања, одговараа и на прашањате „за кого би гласале, ако Вие не сте канидат?“. На ова прашање, Перо Георгиевски – Камиказа, независен кандидат за градоначалник на Скопје, поддржан од Левица, одговори „За Шилегов“.Во продолжение целата емисија, прашањето е на 01.11 минута.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања