ТОП

Screenshot-2021-09-29-at-10.28.39

ВИДЕО: Сите се смејат на спотот на Рамиз Мерко и пишуваат: Барајте оштета од типот кој ве зае*ал со дебилнава реклама

Изборниот спот на Рамиз Мерко е вистински хит на интернет. Најголем дел од коментарите се шеги, а видеото наиде на голем потсмев. На спотот, Мерко трча маратон со своите поддржувачи, а во позадина, на албански јазик, се коментира „натпреварот“. Во моментот, кога Мерко ќе ја достигне целта, која веројатно значи победа на избори, тој застанува и ги чека другите негови соработници/поддржувачи.„Браво бе Рамиз ги искина на 24метри без пречки“, „Барајте оштета од типот кој ве зае*ал со дебилнава реклама“, се дел од коментарите кај Мерко.Актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, е кандидат на ДУИ и на претстојните локални избори. Артан Груби очекува ДУИ уште еднаш да победи во Струга, а Мерко да го добие и четвртиот мандат во градот.

Македонија | пред 4 години

korona-3

Девет лица починале во Бразил по тестирање на лек за Ковид-19

Ланец на бразилски болници тестираше непроверен лек на постари пациенти со Ковид-19, без нивно знаење, како дел од обидот на претседателот Жаир Болсонаро да претстави „чудотворен лек“, изјавил адвокат на лекарите пред сенаторите, пренесуваат медиумите во светот.„Најмалку девет лица починаа за време на тестирањето во синџирот болници „Превент сениор“ од март до април 2020 година, но извештаите беа сменети за да се прикрие причината за смртта“, рече адвокатката Бруна Морато за време на распитот пред Сенатот, пренесе Ројтерс.Според медиумите, сопственикот и извршен директор на болничкиот ланец, Педро Батиста, минатата недела за време на неговото сведочење пред Сенатот признал дека извештаите на пациентите се сменети со цел да се отстрани секаква врска со Ковид-19.Тој негирал дека имало тестирање со непроверени лекови на пациенти без нивно знаење, велејќи дека самите пациенти побарале да учествуваат во клиничките испитувања, а лекарите им ги препишале лековите за кои сметаат дека се точни.„Лекарот е тој што го препишува лекот и во тоа време сите се сеќаваат на коментарите на претседателот Болсонаро и други влијателни луѓе, така што имаше многу пациенти кои бараа рецепти“, рече Батиста.Морато, која застапува 12 лекари вработени во „Превент сениор“, рече дека компанијата им се заканувала и ги отпуштала лекарите кои не се согласувале со однапред одредената „опрема за ковид“, која содржи хидроксихлорокин, еритромицин и ивермектин.„Нема научни докази дека овие лекови помагаат во лекувањето на Ковид“, изјави таа.Таа рече дека на лекарите им било сугерирано да не им го објаснуваат начинот на лекување на пациентите или нивните роднини.„Целта беше да се покаже дека постои ефикасен третман против Ковид-19“, додаде таа.Министерството за здравство не ги коментирало ваквите информации и нејасно е како што пишуваат медиумите, колку владата знае за наводните тестови.

Актуелно | пред 4 години

mila-maksim

Максим Димитриевски „удри“ по Царовска: Нејзиниот сопруг снима спотови за градинка 8 пати поскапи од тие кои ги плаќаме ние

Актуелниот градоначалник на Куманово Максим Димитриевски во „Клик Плус“ на ТВ21 синоќа во една прилика рече дека сопругот на министерката за образование Мила Царовска преку неговата фирма давал услуги за градинка од градот за неколкупратно поголема цена.Тој не спомена за која кумановска градинка станува збор, но наведе дека е ангажиран за 7-8 пати поскапи цени и дека морало тој да го добие договорот.„Кога ја споменавте Царовска. Не сакав да именувам по петти пат исти директор кој пет пати повеќе троши леб од касарната во Куманово. Сопругот на Царовска снима промотивни спотови во градинка за 7-8 поскапи цени од оние што ние ги плаќаме како општина. И тој мора да биде одбран“, наведе Димитриевски.Кумановскиот градоначалник е исклучен од СДСМ затоа што се кандидраше на новите локални избори со собрани потписи, а СДСМ го предложи Оливер Илиевски, со кого заедно дебатираа синоќа во студиото.

Македонија | пред 4 години

vakcinacija-skopje

Се помалку вакцинирани: 4953 дози вакцини се дадени вчера

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4953 дози вакцини, од кои 1282 се аплицирани како прва доза, 3064 се ревакцинирани, а 67 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 28 септември вкупно се вакцинирани 785.693 граѓани, ревакцинирани се 724.835, а трета доза примиле 137 граѓани. 52% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирании, а 32% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација, е 47%, а со две дози опфатени се 43,5% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.Ако бројката на дневно дадени вакцини се спореди со претходната недела, каде имаше и по 12 илјади дози на дневно ниво, сега таа е преполовена.

пред 4 години

milososki

Милошоски дециден: Ќе вложам максимални напори Фрчковски да не биде амбасадор

Како претседател на Комисијата за надворешна политика, ќе вложам максимални напори во Њујорк да не дозволиме да нè претставува амбасадор кој бил оценет за непожелен од страна на САД, како земја домаќин на ООН, напиша на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.„Колку ни е лошо организирана дипломатијата говори самиот факт што три години Македонија е без амбасадор во Вашингтон. Американската дипломатска кота е празна заради личните пазарења на премиерот со амбасадорските позиции, во случајов компензација од Заев кон Фрчкоски, како оддолжување за неговиот придонес кон „ликот и делото“ на премиерот. Таквото тргување со амбасадорската позиција во САД нè доведе до понижувачка ситуација во март оваа година, кога висок претставник на Стејт Департментот лично му се јавил на Заев со став дека Вашингтон нема да даде согласност за владината одлука за номинација на Фрчкоски за амбасадор во Америка. Во присуство на уште еден државен функционер, Заев, за лошиот амбасадорски избор морал да се правда на уште полош англиски.Но, во дипломатијата, кандидат за амбасадор кој не добил агреман од Вашингтон, по автоматизам се подразбира дека е неупотреблив како дипломат на територијата на САД. Итроштините на Заев малку да го задоволи егото на клиентот, а малку да го ублажи срамот пред Американците, па Фрчкоски да го седне во амбасадорското столче на Ист Ривер се проѕирни бидејќи седиштето на ОН сепак е во Њујорк, на територијата на Америка. Дополнително, САД се една од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН и амбасадор кој бил непожелен во Вашингтон ќе има и сериозен хендикеп во дипломатската активност во Њујорк. Во ООН постои и дипломатски НАТО-клуб каде амбасадорите на земјите членки имаат редовна координација, а со персона како Фрчкоски и овој битен дипломатски кружок би останал неискористен.Од она што во МНР го има како архивска меморија преку дописите од мисијата на Македонија при ООН, од 1993 година до денес не е забележан случај амбасадор на било која држава, кој бил одбиен за агреман во Вашингтон потоа да биде испратен за амбасадор во Обединетите Нации. Ниту држави како Танзанија која е хибриден режим, не си дозволуваат вакви дипломатски екскурзии во односите со САД.Очигледно, министерот Османи одбрал да не биде коректив на лошата одлука на Заев, после одбивањето од Вашингтон, Фрчкоски да биде номиниран за амбасадор во Обединетите Нации. Но, кога владата и МНР носат лоши решенија за угледот на македонската дипломатија, тогаш должност на Собранието е да биде коректив на извршната власт. Затоа, согласно Деловникот, како претседател на Комисијата за надворешна политика, ќе вложам максимални напори во Њујорк да не дозволиме да нè претставува амбасадор кој бил оценет за непожелен од страна на САД, како земја домаќин на ООН“, напиша Милошоски.

Македонија | пред 4 години

zaev-gruevski

Заев е Груевски од Али Експрес, вели Мицкоски

Вечерва од митингот во Струга, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нагласи дека Заев се повеќе наликува на Груевски од Али Експрес, Заев е политичар кој што сето она лошо од политичарите во изминативе 30 години тој го има собрано во него.„И да не биде така се е потонато во лаги, очекував кампањата да ја почнат занимавајќи се со мене и го слушам вчера Зоран Заев во Битола го започнува митингот, поминуваат неколку минути не ме спомнал се уште, јас сум во исчекување, кога ете ти го после 10-тата минута прво ме споменува мене, па потоа го споменува мојот претходник Груевски. И така четири години, четири години една те иста приказна, те Груевски, те Христијан. Четири години лаги, четири години конструкции, измами. Човеков имам впечаток како да е опседнат со Груевски, повеќе наликува на Груевски од Али Експрес, така ми наликува. Триесет години, триесет години, најлошото на политичката сцена е собрано во овој политичар. Триесет години најлошото што се појавило на македонската политичка сцена е собрано кај Зоран Заев. И за тоа бидејќи е комплетно неспособен да го подобри животот на граѓаните во Македонија прави некои глупави споредби, некои глупави вицови, шали на кои што тој самиот си се смее“, нагласи Мицкоски.Мицкоски додаде дека него не го болат навредите од Зоран Заев бидејќи него не може да го навреди ситен мал човек како Зоран Заев.„Но, јас ќе му порачам од овде од Струга, стравот е голем, ти се гледа во очите, исплашен си за тоа што знаеш дека силно ќе бидеш поразен на овие избори. А, потоа јас ти ветувам дека заедно со тие твои пајташи околу тебе од прв до последен ќе одговарате. Од прв до последен ќе одговарате и за националното предавство и ќе одговарате за криминалот, и пљачката што ја направивте овие четири години“, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

31038605_1244779412319246_5542685794050768896_n

„ЈСП е секогаш во загуба, а Шилегов и Арсовска ветуваат бесплатен јавен превоз“, вели Јоци

Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци тврди дека 80 отсто од патниците во ЈСП имаат бесплатен превоз, а претпријатието приходите ги добива од градскиот буџет.„И Шилегов и Арсовска ветуваат бесплатен јавен превоз, со мали исклучоци во ветувањата.Со години, 80 отсто е бесплатен превоз за ученици, пензионери, студенти...За оние кои не знаат, а читам многумина немаат поим, ЈСП, не живее од карти, кои им носат само 800.000 евра приходи.Живее од субвенции од градски буџет.Само лани, добија 9,7 милиони евра субвенции за покривање на бесплатен превоз и трошоци.Јас напамет ги знам бројкиве, пошто читам буџети.Математиката е таа, претпријатието е секогаш во загуба, и тоа во последни 20 години и се одржува благодарение на вбризгување на субвенции.Како и имено во многу метрополи“, стои во објавата на Јоци.

Скопје | пред 4 години

koronavirus-kovid-skopje

467 заразени со ковид, починаа 14 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 3.512 тестирања, а регистрирани се 467 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 245, Куманово – 47, Велес – 27, Прилеп – 21, Кавадарци – 17, Кичево – 13, Кочани – 12, Битола – 11, Крива Паланка – 9, Охрид - 8, Тетово и Струмица – по 6, Штип, Радовиш и Валандово – по 5, Кратово и Крушево – по 4, Гостивар, Гевгелија и Демир Хисар – по 3, Неготино, Делчево, Пробиштип и Македонски Брод – по 2, Струга, Свети Николе, Берово, Богданци и Македонска Каменица – по 1.Регистрирани сe 496 оздравени пациенти од: Скопје – 269, Куманово – 51, Струмица – 23, Велес – 21, Прилеп – 20, Битола и Тетово - по 15, Штип – 14, Кавадарци и Кичево – по 11, Радовиш, Гостивар и Свети Николе – по 6, Крива Паланка, Гевгелија и Виница – по 4, Пробиштип и Ресен – по 3, Кочани и Делчево – по 2, Охрид , Валандово, Неготино, Македонски Брод, Македонска Каменица и Дојран – по 1.Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица: 5 починати лица од Скопје (73г, 72г, 70г, 61г и 57г), по 2 починати лица од Тетово (88г и 72г) и Кратово (73г и 66г), по едно починато лице од Демир Капија (69г), Прилеп (90г), Радовиш (55г) и Штип (74г).Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 9 починати лица, со датум на смрт од 08.09.2021 до 28.09.2021 година. Починатите лица се од по 2 починати лица од Гостивар ,Струмица и Тетово, и по едно починато лице од Скопје, Струга и Кавадарци, на возраст од 64 до 86 години, од пријавените лица 5 се починати во домашни услови, а 4 лица се починати во болнички услови.Направени се 3.512 тестови преку: ИЈЗ-294, ЦЈЗ Скопје-55, ЦЈЗ Битола-72, ЦЈЗ Прилеп-57, ЦЈЗ Тетово–42, ЦЈЗ Куманово-60, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-16, УК Пулмологија со алергологија – 5, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–2, Жан Митрев (Филип Втори)-78, Авицена-187, Биотек-265, Систина-114, лабораторија Лаор-144, Синлаб-24, Ремедика-29, Плодност–46, Генеа-10, Никоб лаб-426, ВФВ Медикал-48, Ели Медика-60, Ројал Медика –11, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.465.Досега во земјата се направени вкупно 1.282.666 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 190.463 бројката на оздравени пациенти е 171.871, на починати е 6.630, а бројот на активни случаи изнесува 11.962Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 82847, Активни 5596Куманово 11303, Активни 937Тетово 10803, Активни 918Прилеп 9014, Активни 294Гостивар 7952, Активни 478Битола 7057, Активни 273Велес 6179, Активни 324Охрид 5915, Активни 522Кавадарци 5870, Активни 216Струмица 5700, Активни 284Штип 5665, Активни 217Кичево 3948, Активни 410Струга 3775, Активни 365Кочани 3218, Активни 148Гевгелија 2395, Активни 78Неготино 2309, Активни 38Свети Николе 1874, Активни 107Ресен 1528, Активни 90Радовиш 1506, Активни 92Дебар 1447, Активни 113Крива Паланка 1409, Активни 88Берово 1206, Активни 29Делчево 1118, Активни 68Виница 1022, Активни 47Пробиштип 909, Активни 35Валандово 811, Активни 31Кратово 555, Активни 54Богданци 545, Активни 12Крушево 526, Активни 19Македонски Брод 466, Активни 28Демир Хисар 435, Активни 23Демир Капија 409, Активни 6Пехчево 312, Активни 4Македонска Каменица 296, Активни 18Дојран 139, Активни 0

Македонија | пред 4 години

Sequence-05.00_09_33_18.Still003

(ВИДЕО) Стојкоски открива: Кој е приватно, што ќе менува во Ѓорче, што мисли за противкандидатите и каде ќе слави победа

Во детството обожавал да седи пред зграда во маало или поточно во Геге (Даме Груев), а сега, смета дека може да ги направи најкрупните промени во неговата општина поради што ја бара поддршката од жителите на Ѓорче Петров. Александар Стојкоски, кандидат од ВМРО-ДПМНЕ за оваа општина на претстојните избори за „Скопје1“ откри дел од својот живот, кој е тој приватно, што би направил ако победи на изборите, какво мислење има за противкандидатите и по што се двои од нив.Ветува дека ќе биде градоначалник на сите жители, без разлика дали го гласале или не. Посочи дека веќе тоа го докажал и преку неговата докторска професија. Има и работи кои му пречат, има план што би направил ако му се дадат доволно средства и одврзани раце за работа во Ѓорче Петров.„Сакам да водам активен живот, по тоа ме препознаваат најмногу“, вели Стојкоски за „Скопје1“.Кандидатот ги откри клучните приоритети, кажа какви нови концепти ќе понуди, што ќе биде различно од се што е направено претходно во која било општина. За изборите, уверен е дека ќе победи во прв круг.„За кошарка сигурно, во фудбал сум малку сум по така-така. Тука не можам да кажам со сигурност“, рече Стојкоски прашан дали би ги повикал против кандидатите на кошарка или фудбал, како и дали ќе ги победи.Тој говореше и за семејството, неговите деца и помошта која ја добива од нив како млади жители на Ѓорче Петров.

Скопје | пред 4 години

zaev-crvenkovski

Заев го искоментира Цренковски и изјавата дека не чинат договорите со Грција и Бугарија

Премиерот Зоран Заев беше прашан за став што мисли околу тврдењето на експретседателот Бранко Црвенковски дека договорите со Бугарија и Грција носат само лошо за Македонија. Заев на ова не одговори конкретно, но порача, дека според него, договр куќа гради.„Јас не сакам да давам став за него. Јас моите ставови ги пренесувам преку новинарите. Договор куќа гради, секој договор може да донесе добро. Секој договор е нешто што е европско, нешто што Европа не учеше 75 години, како низ дијалог поминува процесот за оздравување на трауми од Втората светска војна, градење на секаков вид на соработка и подобар живот на своите народи. Дијалогот, пријателството, подадената рака, разбирањето се начин на решавање на работите. На овој начин ќе и покажеме на ЕУ дека треба да бидеме членка“, рече Заев прашан за став околу тврдењата на Црвенковски дека договорите со Грција и Бугарија носат само лошо.Вчера, експретседателот Бранко Црвенковски цени дека станавме членка на НАТО, но поради позициите на Бугарија, како што рече, не можеме да ги почнеме преговорите со ЕУ.„Јас не би ставил знак еднаквост помеѓу преспанскиот договор со Грција и договорот за пријателство и соработка со Бугарија од најмалку една причина. Преспанскиот договор со Грција, кој јас не го сметам за добар, уште помалку за идеален, туку за избор на помалото зло, сепак затвори едно тешко отворено прашање. Договорот со Бугарија не само што не затвори ниту едно прашање туку, напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа за цела серија барања од страна на Бугарија, кои до таа мера задираат во нашиот национален идентитет и историја, што компромис, едноставно, не е можен. Мантрата што постојано ја слушаме од страна на актуелните политичари во нашата земја е: „Полноправното членство во ЕУ е нашата единствена опција за која не постои алтернатива. Не постои и воопшто не размислуваме за план Б“. Го поставувам прашањето – а што ако не поради нас, не затоа што ние не сакаме или не сме спремни да ги спроведуваме неопходните реформи и да ги исполнуваме неопходните критериуми, туку затоа што самата ЕУ реши да нема понатамошно проширување, на пример, затоа што ваква каква што е со постојните членки е недоволно функционална и ефикасна, дека евентуално нови членки дополнително ќе го усложнат и онака премногу комплицираниот начин на одлучување и креирање заеднички политики? А такви размислувања во рамките на Унијата веќе има. Што во тој случај ќе правиме ние за кои не постои друга алтернатива? Ќе се самоукинеме, ќе се самораспуштиме како држава? Или мора да најдеме алтернатива!“, нагласи Црвенковски.

Македонија | пред 4 години

7478438452_99cbe66773_b

Фрчковски треба да ги спакува куферите за во Њујорк, со цел да биде амбасадор

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска во одговор на новинарско прашање соопшти дек во парламентот стигнало известување од Министерството за надворешни работи дека Љубомир Фрчковски ќе биде амбасадор на Северна Македонија во седиштето на ООН во Њујорк.Џафери изјави дека во петокот конечно завршила седницата на Комисијата за надворешни работи, која беше закажана уште во април. На седницата своите палтформи ги презентирале четворицата нови амбасадори во Индија, Русија, Италија и во Австрија.Спикерот истакна дека именувањето амбасадори е исклучиво во надлежност на извршната власт, на Владата и на шефот на државата, така што не гледа логика во тоа што во собраниската комисија се кочи давањето отчетност, затоа што амбасадорите таму само ги презентираат своите тези, а нема гласање.

пред 4 години

Screenshot-2021-09-28-at-16.23.49

Урсула фон дер Лејен: Европската Унија треба да испорача, ве сакаме покрај нас

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен смета дека Европската Унија е таа која следно треба да испорача кон Македонија, бидејќи тоа државата го заслужила. На прес-конференцијата со премиерот Зоран Заев се осврна на тоа што досега е вложено од ЕУ во државата, како што се пакетот за закрепнување на еконимијата и поддршката на здравството. Посочи дека ЕК сака трајно закрепнување на економијата во земјава.„Ве сакаме покрај нас. ЕК и самата јас стоиме на тоа, вие постигнавте извонреден напредок и донесовте храбра одлука. Сакам да бидам јасна дека ЕУ сега треба да испорача. ЕУ и С. Македонија веќе ги спојуваат силите. Треба да ја зацврстиме нашата економија која беше погодена. Тим Европа останува покрај вас. Ние дониравме 325 илјади дози вакцини и знам дека на почетокот тоа беше бавен процес, но испорачавме. Ќе дојдат и уште, бидете сигурни. Треба да знаеме дека не се само вакцините важни, туку и вакцинацијата. Сакам да ги повикам сите, преку вакцинацијата се заштитувате самите, но и тие кои ви се драги. Не сакаме пандемија на невакцинираните. Навистина сакам да и честитам на С. Македонија бидејќи беше прва земја која се приклучи на системот за ковид сертификатот на ЕУ“, рече Урсула фон дер Лејен.Според неа, младите заслужуваат позелена и подигитална иднина. Таа ги поздрави черкоите за како што рече, „зелениот договор“.

Македонија | пред 4 години

Popis_2021

Попишани 1.619.857 граѓани, остануваат уште два дена од пописот

Во земјава до вчера се попишани 1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 станови.Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 198.589 граѓани од дијаспората.Денеска е 24-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште два дена пописни активности.Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини, што ги отвори Државниот завод за статистика. Локациите за попишување се достапни на линкот на ДЗС: https://popis2021.stat.gov.mk/Upatstva/SpisokNaKPRzaPopisuvanje.pdfПописот на населението, домаќинствата и становите, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-28-at-08.23.33

(ВИДЕО) Камиказа ќе оживува Скопје, чистејќи го од градската администрација и отпадот по улиците

Петар Георгиевски Камиказа, кандидат за градоначалник на Град Скопје од Левица ја започна изборната кампања за локалните избори. Преку видео спот се обрати и на сите скопјани, на кои им порача дека градот мора повторно да биде метропола. Смета дека треба да се исчисти ѓубрето од улиците и од градската админситрација. Тој тврди дека има план за развој на градот.„Нашиов град има преживеано се и сешто. Горештини, студови, окупации, огнови и земјотреси. Но денес се соочува со најопасната болест, корупцијата која ги загрозува нашите и животите на идните генерации. Корупцијата на т.н. лидери не има доведено до распаѓање, каде младите се безнадежни и масовно се иселуваат. Се сеќавам на не така одамна кога граѓаните на Скопје ги шетаа улиците на македонската метропола со гордост. Кога Скопје беше идиличен град. Време е да ги потсетиме штетниците чиј е овој дом, чиј е овој град. Време е да го исчистиме ѓубрето од улиците, како и од градската администрација. Време е да ги потсетиме постарите на спомените и да им овозможиме на младите да создаваат нови вредности. Можеме а и мораме да го направиме Скопје метропола. Овојпат уште поубава и посветла. Во раните '90 ја оживеав македонската музичка продукција. Пред некоја година со огромна желба за живот се вратив од т.н. физичка смрт. Со ваша помош повторно ќе го оживеам нашиот роден град“, вели Петар Георгиевски Камиказа, кандидат за градоначалник на Град Скопје.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Земјотрес во близина на Кичево

Земјотрес од 2,7 степени според Рихтер вечерва е регистриран во Македонија.Тој се случи во 21.17 часот и бил со епицентар на 17 километри југоисточно од Кичево, на длабочина од 2 километри.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања