ТОП

zaev-mickoski

„Место вози Мишко, кочи Мицко“, и Заев удри на хумор

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на првиот митинг од изборната кампања го спореди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со сцена од филмот „Кој тоа таму пее (Ко то тамо пева)“.-Политичкиот татко од Будимпешта му вели на својот послушен син од овде, кочи Мицко, а овој кочи ли кочи, па поради врзаните очи, не може да види какви штети им нанесува на граѓаните. Поради тоа, кочничарите ќе доживеат пораз на 17-ти октомври. Нема ништо што ќе не сопре. Одиме напред. Кутриот Мицкоски нема став, ниту по едно прашање, рече Заев.

Македонија | пред 4 години

mickoski-5

(ВИДЕО) Мицкоски кажа виц за Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во Охрид, кажа виц за премиерот Зоран Заев.„Заев во едно населно место и вели кажете ми два проблеми кои сакате да ви ги решам. Тие рекле, овој градоначалников не лажеше дека ќе направи водовод. Заев почнал да врти телефони и така половина час, тие го гледаат замислено, и после спушта слушалка и вели првиот проблем е решен. Кој е вториот проблем? Граѓаните велат вториот проблем е што нашава општина нема мрежа за мобилни телефони, па ако може тоа да го решите. Ете така почитувани мои, ќе изгледаат овие избори. Овој пат, нема да може да излажат зашто сите знаат дека не може да им се верува“, вели тој. 

Македонија | пред 4 години

243300521_10226226999481350_3714728790093149929_n

Јоци до СДСМ: Во Аеродром не треба избори, предадете ја на вмровци уште утре

Новинарката и критичар на власта, Јорданка Ивановска-Јоци, по дебатата помеѓу кандидатите за градоначалници за Општина Аеродром, смета дека не треба да има избори.„Шо знам...не живеам таму, но од она што го слушам на Телма, во #Аеродром не треба избори. Предадете ја на вмровци уште утре, не губете време на избори.#Тимчо ќе ги прегази СДСМ, скроз е фул пакет - ,,бејби фејс", лепушкаст, професор, јасен, фокусиран, харизма....брише под со Цандево на СДСМ кое се смее ко зелено на тв и повторува - ,,ама јас зеленило ќе садам....роден сум во Аеродром...лаги се дека не живеам во Аеродром".И најсмешниот момент....#Цанде вели ќе ја сузбивал урбаната мафија во Аеродром. Не му кажале дека Златко Марин од неговата партија беше 4 години градоначалник и уште е актуелен“, напиша Јоци.

Коментари | пред 4 години

policija-1

Ексградоначалникот на Петровец си го избодел синот

Педесет и три годишниот З.Ц вчера во нивниот дом со остар предмет му нанел повреди на 22-годишниот син Ј.Ц.Полицијата соопшти дека вчера околу 14.50 часот во СВР Скопје - Полициско одделение Петровец било пријавено дека околу 13.30 часот во селото Ржаничино, скопско, по претходна расправија во домот, З.Ц. со остар предмет му нанел повреди на неговиот син Ј.Ц.Се додава и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.Неофицијално станува збор за Звонко Цветковски поранешен градоначалник на Петровец, вработен во Бирото за јавна безбедност.

Скопје | пред 4 години

crvenkovski11-696x462

СДСМ се огласи за Црвенковски и Иванов

Не е чесно ниту кон граѓаните ниту кон државата кога поранешни претседатели од времето на транзицијата и режимот зборуваат за криминал и корупција, а не покажале никакви чекори против корупцијата во времето кога требало да му служат на народот.Ваква е реакцијата на СДСМ, откако претходно денеска силни критики за политичката состојба во државата упатија поренашените претседатели Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов.„Денеска јавноста сведочеше едно пропагандно однесување на поранешни претседатели на државата. Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство со Бугарија и Рамковниот договор се најважните договори кои ја вратија во живот македонската интеграција, ги потврдија и зацврстија македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Македонската држава живее и ќе живее и нема да умира на рати, а ако тоа некој го посакува му порачуваме да мисли пред да дејствува, пред се заради нашот народ и заради иднината на сите наши деца. Граѓаните со својот глас и порано, и денес и во иднина прецизно го покажуваат патот кој се развива Северна Македонија“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Македонија | пред 4 години

243082541_388837616047161_6282079194679168540_n

Mицкоски: Овие избори се ќе биде идентично со претходните

Тука сме традиционално на почетокот на нашата изборната кампања, во македонскиот Ерусалим, во нашиот бисер, град со чија вредност и минато сите се гордееме, и за чија подобра, нова иднина сите заедно ќе се бориме, изјави Христијан Мицкоски на денешниот собир во Охрид“Сакам на самиот почеток на овој преубав собир, на кој се чувствува енергијата за промени и потребата од нова иднина за градот Охрид, но и за цела Македонија, да ви кажам и споделам со вас една сатира која ми ја кажа еден пријател, бидејќи знаете ова се тешки времиња и пред да почнеме со реалноста од која на мнозинството граѓани им е преку глава сакав со вас да ја споделам бидејќи неодминливо многу ме потсеќа на партијата на власт и на премиерот Зоран Заев. Вели вака сатирата, ќе се обидам да импровизирам, но суштината е таа која што ќе ја доловам:Отишол вели Заев во едно населено место, ги собира граѓаните, жителите на тоа населено место и им вели кажете ми два проблеми кои што сакате да ви ги решам. И првиот проблем кои што тие го рекле господине Заев овој градоначалникот овдека изминативе четири години не лажеше дека ќе направи водовод, дека ќе направи канализација, но од ветеното ниту трага, ниту глас. Се завртел Заев го земал мобилниот телефон во рака почнал да врти на директори, министри, соработници, да се расправа со проектанти така половина час, овие го гледаат замислено, го гледаат како се препелка те лево, те десно и после половина час спушта слушалицата и вели готово првиот проблем е решен, кој е сега вториот проблем кој што сакате да го решам. Па вика вториот проблем е бидејќи е 21 век сите веќе имаат мобилна комуникација само нашата општина остана отсечена нема мрежа за мобилни телефони, па ако може да обезбедите да има мобилна мрежа за нашите телефони.Ете така почитувани мои, ќе изгледаат овие избори, и ќе биде сето тоа идентично со претходните, булвално исто идентично, но овој пат нема да може да излажат затоа што сите ги дознаа, сите ги запознаа какви се и знаат дека на ниеден збор кој што ќе го кажат не може да им се верува.Јасно е дека тоа што го кажуваат нема никаква буквална вредност.А тие нека си мислат дека се најдобри и дека тоа што го работат е најдоброто. Некој мора да ги разбуди, а најдобро будење за нив ќе се овие избори, кога народот ќе им каже достоинствено и мудро дека не дозволува да биде излажан и потценет повторно, и дека не само што не е најдобро, туку дека полошо и не може да биде. Ја знаеме сите реалноста колку е тешка, ја живееме секојдневно. Ја гледам секојдневно низ очите на луѓето со кои што разговарам.Почитувани пријатели,Ова се навидум локални избори. Но ако се погледне подлабоко, се нешто повеќе од тоа. Од нив зависат многу работи, сите поврзани со иднината на нашата Македонија. На овие избори или ќе продолжи државата да функционира на ваков начин како изминатите години и ќе бидеме сведоци на уште продлабочена корупција, хаос, не функционирање на системот, отсуство на одговорност, немање правда, социјални и економски проблеми и стагнација на државата, експериментирање во образованието, пропаѓање и нехуман однос кон земјоделците, или ќе создадеме сите заедно една нова поинаква, различна, подобра иднина. Иднината ако продолжи оваа власт јасно е каква ќе биде.Прашањето на кое сите ние треба да си одговориме на овие избори е дали сме подготвени да им подариме уште нови 4 години на истите луѓе кои веќе два пати, брутално два пати ги изневерија очекувањата, не го држеа зборот, даваа лажни ветувања, и потонаа опиени во својата моќ и ароганција, во корупција, играјќи си со вашите животи. Дали во следните години Зоран Заев треба да има повторно апсолутна моќ? Дали сметате дека Заев и неговите луѓе се најдоброто што оваа земја го заслужува, или сите вие сте најдоброто. Сите вие сте најдоброто и вие сте тие кои знаат да оценат што е најдобро, а што не е.Ако до сега работеа на ваков начин со сите проблеми кои ги создадоа, неправди, измами, неспособност и неодговорност која ја демонстрираа, дали ќе може да очекуваме од нив нешто поразлично, подобра иднина?Се е јасно, како што е јасна разликата во понудите помеѓу нас и нив, иако власта очајно сака да верувате во нивната теза што самите ја произведуваат, дека сите се исти, односно теза, за да ја продлабочат апатијата и разочараноста која сметаат дека им одговара и дека народот сепак нема да сака да ги промени.Исто така тие сакаат да ве убедат дека тие се најдоброто нешто што може да ви се случи, и дека реалноста во која живеете е розова и е најдобра. Дали е тоа така, вие најдобро знаете. Дали живеете најдобро како што тие ве убедуваат? Дали сметате дека со нив ви е најдобро или дека заслужувате подобро од ова што се случува?Затоа почитувани браќа и сестри во оваа прилика сакам да се обратам и кон нашите сограѓани Албанци во Македонија.Зоран Заев кон вас се однесува исто како и кон нас Македонците и мисли дека може да ве поседува кога тој заедно со Ахмети ќе одлучат за тоа. И сакам тука да бидам брутално искрен. И не е само Заев виновен, тука во тој однос на политиката кон заедниците се згреши уште од самиот почеток. Сите ние со годините си градиме свој патриотизам, и еве не триесет години стоиме во место. Тапкаме без напредок, иако и Македонците, и Албанците и Турците и останатите си ги пакуваат куферите да заминат. И во исти соништа и веруваме. И не поради тоа што не се разбираме едни со други. Обичниот човек одлично се разбира, туку конфликтите доаѓаат кога политичарите за свои лични интереси го раскаруваат народот и му наметнуваат поделби. Сведено на денешната политика тоа е кога Заев во зборови е одличен разбирач на проблемите на Албанците, а во пракса не прави ништо за рушење на ѕидови. Кога ќе му загинат 14 луѓе во Тетово како мува без глава ќе избега низ ходникот на болницата, партнерски со ДУИ затоа што не можат да го погледаат народот во очи. А, болката е подеднаква за сите.Затоа ова се избори кога граѓаните можат да им кажат на сите од власта што мислат за сите афери, за сите скандали, за сите измами кои власта ги направи до сега, и да им порачаат дека овој пат нема да им помине, дека Зоран Заев не заслужува повторно да има апсолутна власт, туку власт мора да биде таа која што ќе ја води ВМРО-ДПМНЕ односно ќе мора да се опомене оваа ненародна власт и да се создаде баланс, да се направат промени во однесувањето. Мора да се направат промени во однесувањето на сите, буквално на сите во државата и да се создаде една нова поинаква, подобра иднина за сите, иднина на развој, просперитет, ред, напредок, подобар живот, иднина на промени, проекти и победи!Ве повикуваме и замолуваме да се потсетите на работите кои власта очајно сака да ги заборавите, и да донесете вистинска одлука за себе и своето семејство, за иднината која што ја сакате и која што заслужувате. Вие да кажете што е најдоброто за вас затоа што вие го знаете тоа, а не тие да ви кажуваат самите дека биле најдобри, затоа што сите знаеме, буквално секој еден граѓанин во нашата Македонија знае дека тие се всушност најлошото.Замислете до каде им оди ароганцијата што самите за себе викаат дека се најдобри, а се осудуваат да ви кажат дека живеете најдобро???Јас мислам дека тие се најдобри во тоа едно да кажуваат друго да прават, најдобри се во корупција, тука им нема рамен, најдобри се во неспособност, нема понеспособни во светот од нив, најдобри се во покажување неодговорност, навистина и за ова најдобри.Тие сакаат да се заборави дека ветуваа многу и излажаа, ништо не направија:1. Ветуваа раст на економијата од 5 до 7 %, а едвај половина процент е просекот изминативе четири години.2. Ветуваа просечни плати не знам до колку евра, странски инвестиции до колку милијарди, а од инвестиции само марихуаната на Заеви ја видовме.3. Ветуваа враќање на средната класа, а направија осиромашување на средната класа.4. Ветуваа 600 км автопатишта низ Македонија, 550 км магистрални патишта, а не може да ги завршат ни тие што последната влада на ВМРО-ДПМНЕ што започна да ги гради.Од нив не можеш ништо поразлично да очекуваш во иднина, волкот ја менува кожата, но навиките и карактерот не.На овие избори, одлуката како понатаму зависи од самите вас.Дали ќе дозволите да продолжат на ист начин како досега, или ќе им покажете дека мора поинаку и дека не сте задоволни од ова што се случува, и ќе ја почувствувате шансата која е пред сите вас, да покажеме сите заедно дека заслужуваме една нова иднина, во која нашата татковина Македонија ќе биде нормално, убаво место за живеење.Ова не се само локални избори, туку и одговор дали ќе им дозволите да продолжат на ваков начин и понатаму.Драги пријатели, браќа и сестри,Ова не се само локални избори, туку и одговор дали ќе им дозволите да продолжат на ваков начин и понатаму.Уморна е оваа земја од политичари кои зборуваат за се и сешто, а не кажуваат ништо. Уморна е Македонија од криминал, деканденција и корупција. Од судбини на семејства кои пропаѓаат, од тоа брат од брата си да се дели и да заминува во странство. Уморна е нашата Македонија од политичари кои не влечат надоле и се грижат само за своите паричници. Уморни сме од статистики како сме дното, а ги имаме најдобрите умови кои успеваат штом ќе ја помминат границата. Уморен е нашиот народ од читање на вести, пратење на црна хроника, од приказни од кои срцето кине. Уморна е оваа земја од живеење во минатото. Уморна е Македонија од крпен живот, од животот на вересија и рати и затоа велиме доста е. Доста е, и на овие локални избори ќе покажеме дека навистина е доста.Затоа драги пријатели, да зборуваме за иднината. Јас ќе зборувам за иднината. Иднината е нашата верба, иднината сме сите ние. Не е тоа некаков апстрактен поим, туку тоа е нашето ново верују. Јас зборувам за иднината која ќе донесе сигурност, која ќе обезбеди подеднакви можности. Време е за нова страница, за нова борба, за нов патриотизам кој што ќе не обедини. Леви и десни, од сите националнитсти и вери. Ви зборувам за држава која нема да се задоволува со ситни победи, туку со крупни успеси и големи чекори напред. Да ги надраснеме поделбите, да ги срушиме ѕидовите. Една е Македонија, еден е овој живот, кажете им, на овие избори победува надежта. И животот за кој што вреди да се бориме, нашиот македонски живот. Болката и страдањата ни се исти, за тоа и оваа борба е заедничка. За тоа победите ќе ни бидат заеднички. Ви зборувам за новиот патриотизам каде сите од сите краеви, буквално од сите краеви се обединуваме во нова чиста заедничка цел, а тоа е напредокот, тоа е иднината и тоа е успехот. Зборувам за победи кои земјава ќе ја однесат меѓу најдобрите во Европа. Не заборавајте оваа земја е вековна, поминала бури и искушенија, и победувала, и ќе победиме и овој пат. Македонија е Европа и нема алтернатива на тој пат. Македонија е победник, Македонија е успешна приказна затоа што ние друга опција и татковина немаме. Ова е тоа единственото за кое што се бориме и живееме.Почитувани присутни,Државата ќе ни даде нам, кога и ние ќе направиме нешто за нашата Македонија. За ВМРО-ДПМНЕ ова е битка за чест, и достоинство, така било секогаш било во историјата. Најодлучните ги обединувало, најпаметните го сонувале она што денес го имаме, и треба да го развиеме. Овој пат тоа е бајракот на успехот, надежта и иднината. Тоа е твој бајрак. И сите оние кои сега ме слушаат и се двоумат или имаат било каква задршка сакам да ви го порачам следното - знај го носам и твојот бајрак, а под него има место за сите. И за тебе, и за твоите блиски зошто ова е и твојата битка. Зошто Македонија е наша и единствена.Еден пријател ме прашува што за тебе Христијане е победа. За мене победа е кога ќе се избориме за повисоки плати. Кога Македонија ќе ги сруши границите и ќе биде дел од Европа. За мене победа е кога нема да има разлика во Австрија со стандардот. За мене победа е кога ќе се бориме за среќата на нашите деца. За мене победа е кога ќе има одговорност за оние 14 загубени животи во Тетово, и кога заеднички ќе славиме за 14 спасени животи. За мене е победа кога криминалците ќе одговараат, а чесните ќе победуваат. За мене е победа силна и заедничка просперитетна Македонија.Тоа го нудам. Нудам визија, работа и иднина. Македонија само така ќе успее, друга опција немаме. Станете народе, доаѓа времето на сериозни одлуки. Доаѓа времето за, проекти и победи.Велеа дека знаат, видовме дека не знаат.Ве уверуваа дека можат, дознавте дека не можат.Сега велат дека се најдоброто, а знаете дека се најлошото.Затоа да создадеме нова иднина. Нова иднина за секој еден човек во нашата земја.А, тоа е можна само со јасен концепт, а тоа е концептот како што математички го нарековме 3П, промени, што подразбира промена на системот на вредности, кој сега владее, а кој е извор на лошото однесување на политичките елити, промена на свесноста и чувството за одговорност, промена на системот на функционирање на државата и начинот како тој функционира, да прерасне во систем насочен да помага на луѓето, а не да управува со луѓето, да биде сервис на луѓето, а не дувло на корупција и извор на проблеми. Конечно промена на грешките кои политичарите ги правеле до сега, и промовирање на еден поинаков начин на работа, одговорен, принципиелен, чесен. Знам дека е полесно да се каже отколку да се оствари, но мојата желба за ова да се направи е толку силна што ништо, буквално ништо не постои и што може нема да ме поколеба да се тргнам од овој пат.Второто П стои е за Проекти, тоа се проекти на развој, солидарност, проекти за грижа за луѓето и за подобрување на инфраструктурата, проекти за поквалитетна животна средина, проекти кои ќе не доближат брзо до европските градови и држави, за тие проекти ние имаме рокови и во оваа кампања ќе ви презентираме еден поинаков пристап, кој до сега не е презентиран, за тоа ќе имаме посебен настан и ве уверувам само тој пристап ќе донесе резутлати веднаш, и подобра, нова иднина.И конечно третото П стои за Победи. Победа над духот на малодушноста, верба во квалитетот на нашиот народ, на сите етнички заедници, верба дека оваа држава е нивна и дека работи за нив, и дека заедно е возможно со мобилизирање на сите капацитети да се постигнат победи и оваа наша Македонија да е успешна приказна.Победа стои за победи во сите области, со поддршка на најдобрите, со поддршка на најуспешните, победа значи да се гордееме во тоа кои сме и во каква држава живееме.Програмите со кои на овие избори настапуваме се наречени Гарантираме, затоа што го имате нашиот збор во сите општини дека ќе реализираме дела кои ќе создадат нова иднина.Вкупно програмите содржат 14.835 проекти од различни сфери и области и се решенија за реалните проблеми на народот. Поточно гарантираме изградба за реалните буквално потреби на граѓаните. Ветуваме изградба и реконструкција на 2.000 улици низ цела држава. Градба или реконструкција на 100 градинки, 150 училишта. Инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови. Инвестиции во 60 објекти на културата, 90 спортски сали за младите. Гасификација за понапредни општини и многу, многу други конкретни дела.Драги пријатели,Тука во Охрид, со моето семејство и со моите пријатели, сме поминувале многу денови, дружби, и ме врзуваат доста спомени за овој град.Јас не можам да се пофалам дека мојата прва љубов била овде во Охрид, тоа сигурно мојот политички противник кога ќе дојде овдека ќе го каже.Но, ќе кажам дека Охрид ми е во срцето и знам дека кога ќе се случат промените, Охрид и неговиот развој ќе ни бидат едни од највисоките приоритети. Охрид заслужува подобро од ова. Охрид заслужува промени, проекти и победи, Охрид заслужува една нова, поинаква иднина, полна со позитивна енергија, успеси, резултати, развој, напредок, Охрид и Охриѓани заслужуваат сите ние да засукаме ракави и да докажеме дека знаеме да го цениме тоа што е Охрид за нашата Македонија. Досега мора да признаам, и тоа важи за долги години наназад, јас лично како да не сум убеден дека Охрид е ценет доволно. Имало разни обиди но работата со Охрид мора да се сфати сериозно. Охрид има свои проблеми, не само како одраз на неспособната политика на централната власт туку и заради калкулациите и недоволното работење на градоначалникот и продолжување на една традиција на лошо и корумпирано работење кое носи само осиромашување на народот, нервози, раселување на младите од Охрид, и немање перспектива.Затоа ние на Охрид му нудиме една нова иднина! Иднина базирана на 3-те столбови кои ќе го променат Охрид и тоа ќе значи имплементирање на нашиот план за развој за кој гарантираме дека ќе се реализира и дека ќе донесе сосема нова чиста и честита енергија во Охрид.Идниот градоначалник, мојот близок пријател, другар, сопартиец Кирил Пецаков кажа за кои проекти ќе бидат дел од приоритетите, јас нема да ги повторувам, но затоа за него сакам да кажам дека е навистина одличен и тука најголемиот дел го познавате. Знае понекогаш да е тврд и да се бори за својот град, но знае и да сослуша и да прифати кога некој различно но исправно размислува и затоа Кирил Пецаков ќе биде одличен градоначалник, со јасна визија, за развој на градот, и заедно со вас, ќе биде моторот на развојот на Охрид. Охрид кој ќе биде навистина општина за сите.Драги пријатели,Покажете дека мора поинаку, и дека не сте задоволни од ова што се случува. Почувствувајте ја шансата која е пред сите вас, шанса за промени, проекти и победи. Шанса да покажеме дека ќе успееме, дека знаеме, умееме и сакаме да ја направиме Македонија, нормално, убаво место за живеење.На овие избори треба да и одговорите на власта дали целосно ќе им ја препуштите државата, или ќе преземете контрола над сопствената судбина и држава и ќе создадете нова иднина?Покажете дека во вас постои надеж и пркос, дека сакате да создавате, и дека не се плашите да верувате во себе и во иднината на вашите деца. Таа иднина зависи исклучиво од вас и од промените кои неминовно доаѓаат, а кои ќе ги донесете вие. Промени кои ќе значат нова енергија, кои ќе го поддржуваат позитивното наспроти негативното, креативното и продуктивното наспроти деструктивното, ќе подржуваат квалитет наспроти партизација, работа наспроти неработа, почитување и исполнување на ветеното наспроти измамите и лагите на власта.Поделбите да запрат. Народот да се обедини. Десни, леви, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци, стари и млади, жени и мажи. Дојде време за промени и народот да почне да создава нова иднина. Да излеземе од кругот на апатијата. Затоа што колку повеќе овие се на власт, толку помалку од Македонија останува.Но морам да признаа, и таму меѓу нив има луѓе кои го гледаат тоа, има незадоволство и ние сакаме сите да се обединиме и да порачаме дека нашата генерација ја сфати важноста на овој историски момент, ја гледа шансата за промени, проекти и победи, шансата да создава, шансата за нова иднина. Да покажеме дека Македонија е држава, и дека тука живее и ќе живее среќен народ кој си ја сака сопствената земја, својата татковина Република Македонија.Ние имаме знаење и програма со многу проекти, ние гарантираме дека ќе ја исполниме и вие знаете дека може да верувате на нашиот даден збор. Поучени сме од грешките на минатото и со поправени и искоренети слабости, ние сме луѓе, квалификувани, чесни и свесни за околностите и одговорноста која ја преземаме. Создадовме нова иднина кај нас, сакаме обединети со вас да создадеме нова иднина за сите нас. На овие избори влегуваме со чисто срце и ја бараме вашата доверба, ви ветуваме многу работа и конкретни резултати. Новата иднина започнува со промените, после кои следат проектите, новата иднина ќе донесе победи, и нова влада и парламентарно мнозинство во Македонија.А тие сакаат да мислите дека сите сме исти и тоа е дел на нивната пропаганда, за да останете разочарани и така да го бараат својот спас. Со малата излезеност, со вашето негласање или нивните тројански експерименти, многу сум прецизен тројански експерименти во опозицијата, немојте да верувате на слугите на власта кои се тројански елементи во опозицијата - тие добиваат најмногу.Ако не ги опоменете на овие избори, тие ќе мислат дека ги подржувате. Ако им ја оставите апсолутната власт, нивната аздисаност ќе се зголеми - и ќе биде уште полошо. Иднината со нив не е иднина каква што заслужувате. Иднината со нив е хаотична, несреќна и апатична.Излезете и изборете се! Создадете нова иднина!Тие се плашат од неа. Од нова иднина во која е подобро, посветло и посреќно, во која нивните грешки е можно сложно да ги исправиме, и од идејата дека за таа нова иднина вреди да се бориме. Таа е доброто, таа е се што тие не се. Иднина за тебе, за Македонија, нова иднина во која оптимизмот ја победува малодушноста, иднина на триумф на вашите вредности.Новата иднина е нивниот најголем кошмар. Таа создава! Таа носи промени и проекти! Новата иднина победува“, вели Мицкоски

Македонија | пред 4 години

w_56097563

13 починати лица, 112 ново заболени од корона

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 1.726 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 82, Кавадарци – 8, Куманово – 6, Прилеп, Битола, Неготино и Крива Паланка – по 2, Тетово, Велес, Струмица, Кичево, Свети Николе, Ресен, Делчево и Македонска Каменица – по 1.Регистрирани сe 419 оздравени пациенти од: Скопје – 175, Куманово – 46, Струмица – 27, Кавадарци – 23, Штип – 20, Тетово – 18, Битола – 12, Дебар – 10, Валандово – 9, Свети Николе – 8, Гостивар и Пробиштип – по 7, Велес и Кочани – по 6, Прилеп, Крива Паланка, Кичево, Ресен, Гевгелија и Берово – по 4, Неготино, Радовиш, Кратово, Крушево и Пехчево – по 3, Македонска Каменица и Македонски Брод – по 2, Охрид и Виница – по 1.Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 7 починати лица од Скопје (78г, 78г, 76г, 76г, 72г, 67г и 66г) и по едно починато лице од Куманово (66г), Струмица (72г), Штип (62г), Дебар (37г) и Велес (84г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е уште едно лице, со датум на смрт 25.09.2021 година. Починатото лице е од Крива Паланка, на возраст од 77 години, починат во домашни услови.Направени се 1.726 тестови преку: ИЈЗ-27, ЦЈЗ Скопје-34, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-8, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-81, Авицена-78, Биотек-71, Систина-53, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа-0, Никоб лаб-320, ВФВ Медикал-22, Ели Медика-36, Ројал Медика –0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 996.Досега во земјата се направени вкупно 1.279.154 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.999 бројката на оздравени пациенти е 171.375, на починати е 6.607, а бројот на активни случаи изнесува 12.017Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 82605, Активни 5629Куманово 11256, Активни 941Тетово 10798, Активни 932Прилеп 8993, Активни 294Гостивар 7948, Активни 482Битола 7046, Активни 277Велес 6152, Активни 318Охрид 5907, Активни 515Кавадарци 5853, Активни 211Струмица 5694, Активни 304Штип 5660, Активни 227Кичево 3935, Активни 408Струга 3774, Активни 365Кочани 3206, Активни 138Гевгелија 2392, Активни 79Неготино 2307, Активни 37Свети Николе 1873, Активни 112Ресен 1528, Активни 93Радовиш 1501, Активни 94Дебар 1447, Активни 113Крива Паланка 1400, Активни 83Берово 1205, Активни 28Делчево 1116, Активни 68Виница 1022, Активни 51Пробиштип 907, Активни 36Валандово 806, Активни 27Кратово 551, Активни 52Богданци 544 11Крушево 522, Активни 15Македонски Брод 464, Активни 27Демир Хисар 432, Активни 20Демир Капија 409, Активни 7Пехчево 312, Активни 4Македонска Каменица 295, Активни 18Дојран 139, Активни 1

пред 4 години

restoran_mokum

Најавено олабавување на мерките за угостителите, но Бектеши посочи кој е условот

Министерот за економија Крешник Бектеши најави можно олабавување на мерките, кога станува збор за угостителите. Дел од кафеаните, кафитериите, рестораните се скоро празни откако Владата донесе одлука да се влегува само со примени две вакцини против корона.„Ако сите ги почитуваме мерките, бројките ќе паднат и ќе има можност за олабавување. Убеден сум дека ќе има олеснувања во зимскиот период ако вака се почитуваат мрките како сега, и од страна на угостителските објекти и од страна на граѓаните, но не можам да кажам дали ќе се укинат. Ние секогаш ќе ги почитуваме препораките на Комиисјата за заразни болести“, рече Бектеши

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-27-at-11.30.40

(ВИДЕО) „Си играме болници, тоа е проблемот“, потресна приказна за смртта на Симона за која раскажа татко ѝ

Си играме болници, си играме доктори, тука е проблемот. Не сакам, ви реков, политика не ме интересира, меѓутоа сакам ова да го надополнам со следново. Ако бевме ние ниекоја држава, нема да не пишуваат први на светот по број на починати… и ние уште ќе бидеме министри, уште ќе бидеме премиери и уште ќе глумиме нешто, вели таткото на младата Симона Ангелеска во изјава за телевизија Телма. Смртта на Симона Ангелеска за родителите е системски пропуст, за докторите корона последица.– Претходниот ден Симона ми рече „Тато донеси ми пижами, да ги сменам“. И не знам зошто стално одев со автомобил, тој ден одлучив да одам со автобус. На клиника горе е хаос, нема кај да се паркираш. Ајде, викам, ќе одам со автобус, и така не се брзам, ќе го видам девојчево. Ми ѕвони бројот да ми каже дека починала Симона. Замислете како го соопштуваат тоа. Значи, какви родители се тие, размислуваат ли дека мене ми се јавуваат и викаат ти почина Симона. Има ли тој човек мене што ми се јави дете. И родител ли е, има ли нешто човечко во него да размисли како мене ми ја соопштува таа вест, вели таткото.Шокот бил огромен за целото семејство. Мајката и сестрата на Симона лошата вест ја слушнале од Сашо. На документите кои ги добиле по смртта пишува дека на 23 март во утринските часови нагло се случиле неролошка симптоматологија, со болки во десна рака и нога и пад на сатурацијата поради што е ставена на неинванзивна вентилација. И покрај терапијата во 9 и 40 се влошува состојбата и има обиди за реанимација, но нема реакција и одговор, и во 10 и 15 е настапена смрт.– Лекувана е по сите оние препораки за лекување на еден вака тежок пациент. Влошувањето се случува наутро со симптоматологија која никогаш претходно ја нема пројавено. Кога е интензивно реанимирана она на жалост без да ја прифати реанимацијата, вели докторката за Телма.Таткото Сашо вели дека „проблемот е што си играме болници, си играме доктори.– Не сакам ви реков, политика не ме интересира, меѓутоа сакам ова да го надополнам со следново. Ако бевме ние ниекоја држава, нема да не пишуваат први на светот по број на починати… и ние уште ќе бидеме министри, уште ќе бидеме премиери и уште ќе глумиме нешто, вели тој.Од Министерството за здравство велат дека вонредниот инспекциски надзор не утврдил ништо по увидот во евиденциите и белешките за третманот на Симона.– Жалосно е што ние не можеме да ги предвидиме… И покрај нејзините лоши парамери она е покриена со терапија. Ние не можеме да предвидиме, ни ние ни било каде во светот време кога би можел да се создаде еден таков тромб или еден веќе создаден тромб да „одлепи“ и да заврши некаде во циркулацијата, а најопасни се оние места во мозокот каде што се центрите за живот, вели докторката за Телма.Родителите на Симона пак веќе покренале сопствена истрага. Гневни се на матичната, на докторката од 8-ми Септември што ја испратила на Клиника. Трагаат и по докторката од Кожна клиника која инсиситирала за трансфер на Симона, но сакаат да дознаат и кој бил дежурен вечерта на Инфективната пред таа да почине.

пред 4 години

krazba

Фатен млад скопјанец кој вршел разбојништва, има 21 година а поседувал и оружје

На 26.09.2021 во 21.10 часот на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Н.Ј.(21) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ на 17.09.2021 во спортска обложувалница на ул.„Финска“ во Скопје.Подоцна, врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајден пиштол „Екол &Волтран Туна“ со два куршуми во рамка и уште пет куршуми непознат калибар и марка, за кои постоои сомнение дека ги употребил при извршување на делото.Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање и на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 4 години

dik

ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, СДСМ во Битола, ДУИ во Гостивар, Левица, ЛДП и БЕСА во Скопје

Изборната кампања за Локалните избори 2021 закажани за 17 октомври почнува денеска и ќе трае 20 дена односно до 15 октомври на полноќ.Политичките партии и независните кандидати веќе ги најавија своите активности во кампањата иако најголем дел од кандидатите за градоначалници и советници во изминатите месеци веќе имаа неформални средби со граѓаните и претставување на своите програми на социјални мрежи.Најголемите партии и коалиции кампањата ја почнуваат речиси традиционално од истите градови.Централниот настан на караванот „Најдоброто за твојата општина“ предводен од СДСМ е закажан во Битола, а претходно караванот ќе биде со граѓаните на Демир Хисар. Во вторник караванот е во скопските општини Чаир и Кисела Вода по што ќе следува предизборна конвенција на кандидатот за градоначалник и листата за советници за Град Скопје. Караванот своите активности ги завршува на 15 октомври со голем граѓански настан во Куманово.ВМРО-ДПМНЕ кампањата за локалните избори ќе ја води под слоганот „Создади нова иднина“, а ја почнува со собир во Античкиот театар во Охрид, а во текот на денот претставување на програмата во Скопје ќе има кандидатката за градоначалник на Скопје Данела Арсовска, која е поддржана од опозициската партија.ДУИ најави дека кампањата ќе ја почне и ќе ја заврши во Гостивар.Беса изборната кампања ќе ја започне вечер во Скопје со собир на отворено пред салата „Борис Трајковски“.ЛДП првиот настан ќе го отвори пред МОБ во 19 часот, додека Левица денеска отвора канцеларија во Карпош, во близина на пазарчето Тафталиџе.

Македонија | пред 4 години

DSC_0683

336 нови случаи и 17 починати од коронавирус

Направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 169, Велес и Струмица – по 21, Куманово – 17, Охрид и Кавадарци – по 15, Битола – 14, Штип – 13, Кочани – 11, Свети Николе – 10, Прилеп – 6, Тетово – 4, Кичево, Гевгелија и Крива Паланка – по 3, Виница, Кратово и Македонски Брод – по 2, Струга, Радовиш, Дебар, Берово и Демир Хисар – по 1.Регистрирани сe 222 оздравени пациенти од: Скопје – 118, Штип – 14, Кавадарци – 12, Битола – 11, Прилеп – 10, Кичево – 9, Велес – 8, Кочани – 6, Гевгелија и Ресен – по 5, Кратово и Радовиш – по 4, Неготино и Пробиштип – по 3, Свети Николе, Крива Паланка, Виница и Гостивар – по 2, Тетово и Делчево – по 1.Во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица: по 5 починати лица од Скопје (85г, 81г, 67г, 59г и 56г) и Куманово (82г, 72г, 70г, 67г и 57г), 2 починати лица од Охрид (89г и 38г) и по едно починато лице од Штип (68г), Велес (88г), Ресен (74г), Радовиш (79г) и Валандово (81г).Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.Направени се 3.425 тестови преку: ИЈЗ-191, ЦЈЗ Скопје-29, ЦЈЗ Битола-91, ЦЈЗ Прилеп-51, ЦЈЗ Тетово–51, ЦЈЗ Куманово-33, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–311, Жан Митрев (Филип Втори)-87, Авицена-176, Биотек-175, Систина-63, лабораторија Лаор-199, Синлаб-12, Ремедика-0, Плодност–46, Генеа-5, Никоб лаб-384, ВФВ Медикал-34, Ели Медика-49, Ројал Медика –25, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.413.Досега во земјата се направени вкупно 1.277.428 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.887 бројката на оздравени пациенти е 170.956, на починати е 6.594, а бројот на активни случаи изнесува 12.337Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 82529, Активни 5735Куманово 11247, Активни 979Тетово 10796, Активни 948Прилеп 8995, Активни 300Гостивар 7947, Активни 488Битола 7044, Активни 287Велес 6151, Активни 324Охрид 5906, Активни 515Кавадарци 5844, Активни 225Струмица 5693, Активни 331Штип 5660, Активни 248Кичево 3934, Активни 411Струга 3774, Активни 365Кочани 3206, Активни 144Гевгелија 2392, Активни 83Неготино 2305, Активни 38Свети Николе 1872, Активни 119Ресен 1527, Активни 96Радовиш 1501, Активни 97Дебар 1447, Активни 124Крива Паланка 1398, Активни 86Берово 1207, Активни 34Делчево 1115, Активни 67Виница 1022, Активни 52Пробиштип 907, Активни 43Валандово 806, Активни 36Богданци 544, Активни 11Кратово 551, Активни 55Крушево 518, Активни 14Македонски Брод 465, Активни 30Демир Хисар 432, Активни 20Демир Капија 409, Активни 7Пехчево 310, Активни 5Македонска Каменица 294, Активни 19Дојран 139, Активни 1

пред 4 години

dimitar-apasiev-5

Апасиев: Пописот 2021 го прогласум за умрено

Лидерот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев го прогласи пописот за неуспешен. Тој сподели информации за тоа како тече попишувањето, а вели дека се од прва рака, од попишувачи на терен. Според истите, неуспешно тече, како што вели, фалсификувањето на пописот.„1. На пет дена пред крајот на Пописот, скопските општини се само половично попишани (во бојкотот дефинитивно води општина Аеродром), каде цели згради одбиваат да се попишат - види видео во коментар. 2. Луѓе кои биле во странство и оттаму се попишале (во април), сега се вратени во МК и пак се попишуваат втор пат - системот не ги дава како попишани!? 3. Човек се попишал во Австрија, сега од дома - жена му го повторно го попишува како да е тука (системот не го дава дека е двојно попишан)!? 4. Фамилија иселена во Швајцарија пред неколку години - маж, жена и две деца - дедото ги попишува дека се тука (системот не ги дава дека се веќе попишани)!? 5. Планот за фалсификување на пописот дефинитивно им е пропаднат! Немаат време ни да се закануваат со казни, ни да ги пишуваат (оти така ќе признаат дека стотици илјади Македонци одбиле да се попишат). Во недоумица се што е најпаметно да направат за да не се избламираат - па гледаат само провизорно да го „покријат“ теренот со попишувачи кои ги шетаат и по други градови. Затоа и ги отворија овие т.н. локални пунктови за поишување надвор од дома, кои немаат никаков ефект. 6. Планираат подоцна, од вака скрпените податоци, истите да ги пополнуваат вештачки - преку разни регистри и застарени „бази на податоци“! Но, тука им се јавува еден огромен проблем - им фалат личните изјаснувања (за јазик, припадност, религија и сл.), па добиле инструкции од раководните луѓе на ДЗС буквално да ги фалсификуваат на своја рака - за што, накнадно, ќе си одговараат кривично. НАРАВОУЧЕНИЕ: Пописот 2021 го прогласум за умрено! ❤ #НеОтворамВрата“, напиша Апасиев.

Коментари | пред 4 години

243138901_178463897727301_1143783131453727763_n

(ФОТО) Бунарите од карпошани пијат вода се загадуваат со фекалии, а кај еден од нив има и депонија, обвинуваат „Независни за Карпош“

Граѓанската иницијатива „Независни за Карпош-За заштита на Карпош“ објави фотографии од кои се гледа како фекалии истекуваат во бунарите од кои со вода се снабдува целата општина. Тие велат дека испустите на фекалии ги има четири години и не се отстранети, а коритото на Лепенец не е исчистено, со што е невозможно да е види дали постојат и други испусти на отпадни води.Нивната објава во целост:💧 Бунарите од системот Нерези - Лепенец во Карпош од кои летно време пиеме вода и кои во последниве години се користат во целост, се загадуваат во сите 3 зони на заштита. Фекалните и атмосферски испусти директно во реките Вардар и Лепенец, а кои се во непосредна околина на бунарскиот систем, не се отстранети и после 4 години. Коритото на Лепенец не е исчистено во ширина од 3-5 метри и е оставено непристапно и не може да се види дали постојат и други испусти на фекални и други непрочистени отпадни води. Има диви депонии во непосредна близина на заштитната ограда на првата заштитна зона на еден од бунарите.👉 Инаку, со бунарите стопанисува ЈП „Водовод и канализација“, каде директор е сегашниот кандидат за градоначалник на Карпош од редовите на СДСМ, Душко Весковски.🆘 Како ова да е малку, лани летото во делот на втората заштитна зона се одвиваа недозволени активности на ископување на песок и чакал и полнење на дупките со отпад. Имше по телевизии и социјални мрежи фотографии и видеа.Градоначалниците Петре Шилегов и Стефан Богоев тогаш тврдеа дека сè е во ред, но за два дена дупките каде не смееше да се ископува песок и чакал и каде не смееше да се полнат со отпад, се затрупаа и порамнеа, глумејќи активност за изградба на парк...и толку.❌ Како градоначалник на општина Карпош на чија територија е ова заштитено подрачје, Стефан Богоев беше должен да го заштити, но не го стори тоа.❌ Душко Весковски, во улога на директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје исто така е должен да го заштити ова подрачје, но не го стори тоа.♨️ Докази постојат, но тие тврдат дека сè е во ред.За 4 години, за кои можеа да ги санираат проблемите наведени во експертизата како жаришта, а кои бараат итно делување, не го сторија тоа. Од наведените депонии само една помала е санирана, а состојбата на терен е очајна.Во прилог се видеа и слики од состојбата на терен, сликани вчера 24.09.2021, како и лажните ветувања од предизборната програма на Шилгов и Богоев за подобар живот и заштита на водата.

Скопје | пред 4 години

243007208_402092754875995_5704963454704270770_n

Арсовска вклучена на „турбо“, го шета Скопје и разговара со скопјани: Бетон наместо зеленило, ископани улици наместо сообраќаен ред

Независната кандидатка Данела Арсовска која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива, изминативе неколку денови е постојано на терен и остварува средби со жители на повеќе скопски општини. Меѓу нив се и Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров. Таа постојано ги споделува импресиите од средбите на социјалните мрежи, а секогаш има забелешки за кои вели дека се впечаток добиен од поплаките на граѓаните.„Денеска се сретнав со жители од повеќе населени места во општина Кисела Вода. Она што го заклучив е дека жителите на сите скопски општини мора да бидат активно вклучени во креирањето концепти за подобрување на функционирањето на сите нивоа на главниот град. Токму тие се оние кои што најдобро знаат што точно ѝ е потребно на општината за да стане подобро место за живеење за нив. Бетон наместо зеленило, ископани улици наместо сообраќаен ред, уништени паркови наместо детски игралишта, канализациони и водоводни системи без капацитет се само дел од негодувањата што ги слушнав од населението од Кисела Вода“, напиша Арсовска вчера.Таа беше и во Гази Баба. Тврди дека барањата на граѓаните не се невозможни за реализација.„Вчера вечер бев во повеќе населени места низ општина Гази Баба. Се сретнав со многу луѓе од различни места.Луѓето не се вклучени, не се прашани за тоа како треба да функционира главниот град, а токму тие се оние кои најдобро знаат. Барањата на граѓаните не се ниту премногу, ниту невозможни за реализирање. Напротив, со системски решенија, добра организација и правилна стратегија, можеме да го подобриме животот и секојдневието на граѓаните од Гази Баба“, напиша по средбата.Таа беше и во две населени места дел од општината Ѓорче Петров.„Вечерва остварив средба со граѓани од Дексион и Ново Село. Отворено разговаравме за сите наталожени проблеми кои никако да се решат од локалните власти. Дивата депонија во Ново Село постои подолг период и директно влијае на загадување на воздухот, почвата и подзнемните води, а со тоа и по здравјето на граѓаните и истото мора да се спречи. Сакам Скопје да биде град кој ќе понуди убав живот за сите граѓани, а тоа значи и еколошки чист град“, објави Арсовска.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања