ТОП

uciliste-skolo-3

ВИДЕО: Скандалозна снимка, наставничка се дере по ученици со „Вие сте стока“

Со навреди, викање и забрани наставничка од скопско основно училиште се обидува да ги научи учениците да не излегуваат од училница, објави „А1он“.„Одма да пренесете дома, значи вие сте стока. Да не ве видам во таа училница уште еднаш. Заборавете да ве видам во ходник. Срамота. Секоја чест на тие што си седите одговорно внатре ама оваа стокава ќе ви донесе нешто“, вели наставничката во снимката

Македонија | пред 4 години

krevet-bolnica

Двајца пацинети кои го преживеаа пожарот се уште се во болница

Само двајца од преживеаните пациенти во модуларната болница во Тетово сѐ уште се лекуваат во болница, додека другите десет се пуштени дома, пишува локалниот портал Глас.мк.Се работи за пациенти сместени во ковид-центарот во Клиничката болница во Тетово, со пост-ковид симптоми, информираат лекарите.Во пожарот на 8 септември загинаа 14 луѓе, а 12 пациенти беа повредени.Инаку, состојбата со вирусот во тетовско од ден на ден се стабилизира. Голем дел од хоспитализираните се невакцинирани, има и такви со примени две дози вакцини, но со полесни симптоми, затоа од болницата со уште еден апел процесот на имунизација во тетовско да продолкжи со уште позасилено темпо.

Македонија | пред 4 години

29052021_PVRSM_Zaev_pres-konferencija-1

Заев: Ќе се менуваат учебниците каде пишува бугарски фашистички окупатор

На новинарско прашање дали според договорот со Бугарија ќе се менуваат учебниците по историја, премиерот Зоран Заев кажа дека нема да се менуваат учебниците по историја но ќе се менуваат термини бугарски фашистички окупатор.- Се зборува за термини каде што називот на пријателската нација Бугарија е поврзана со фашистички окупатор. Никаде во Европа не се споменува името на нацијата, се спомнува фашистички окупатор, и во тој дух во духот на пријателството, соработка и добрососедство очекуваме тоа да се направи. Имаме препознаено и одредени слабости кај бугарските учебници, спреми се и тие од таа страна тоа да го направат, бидејќи така се гради добрососедство, затоа што ниту во тоа време не можете да квалификувате една цела нација за опредена определба, кажа Заев.

Македонија | пред 4 години

kuka

Ќе се конфискува имот кој чини над 30 илјади евра ако не се докаже како е заработен, детали за новиот закон

Сите кои нема да можат да го докажат потеклото на имот во вредност над 30 илјади евра стекнат претходната година, тој ќе биде конфискуван, предвидува драфт верзијата на Законот за потекло на имот, кој првпат се носи во земјава.Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата Љупчо Николовски денеска во обраќањето на конференцијата за детектирање и намалување на сивата економија обелодени дека драфт верзијата е готова и дека ќе биде испратена во Венецијанската комисија.Законот нема да се однесува само на функционерите, туку на сите граѓани затоа што искуството покажува дека функционерите го препишуваат незаконски стекнатиот имот на други лица, а по завршувањето на функцијата си го враќаат.– Овој закон преку граѓанска постапка за конфискација, која ја воведуваме, ќе важи за сите лица кои нема да можат во одреден законски период да го докажат потеклото на имотот. Значи ќе важи за сите лица, не само за функционерите. Постапката ќе биде граѓанска, брза, а не кривична и ќе има соодветен праг кој моментално во драфт верзијата е 30 илјади евра, рече Николовски во обраќањето на конференцијата што ја организираше УНДП и Министерството за финансии.

Македонија | пред 4 години

lorenco

САД го зголемуваат притисокот врз Бугарија, откриени детали што се случува зад „ѕидовите“

САД го зголемуваат притисокот врз Бугарија, барајќи од неа да се откаже од ветото за интеграција на Северна Македонија во ЕУ и брзо да ја одобри преговарачката рамка за членство на Скопје во Унијата, пишува магазинот „Еурактив“.Во написот се пренесува изјавата на американскиот заменик помошник секретар за европски и евроазиски работи и специјален пратеник за Западе Балкан, Габриел Ескобар за Радио Слободна Европа дека што побрзо треба да се најде компромис на билатералното прашање меѓу Софија и Скопје, и да се деблокира евроинтеграцијата на Северна Македонија.– Погрешно е Бугарија да користи билатерален спор за да ги запре аспирациите на Северна Македонија за членство во ЕУ. Тие го претвораат ова во мултилатерално прашање што не засега сите нас, вели Ескобар.Според него, дадени се некои „добри решенија“ за решавање на прашањето и Вашингтон ќе продолжи да ја притиска Софија да се најде компромис. Ескобар, исто така, вели дека дека би сакал пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија да почнат оваа година, додавајќи дека двете земји го заслужија тоа.Во контекст на изјавата на Ескобар, се посочува дека Вашингтон ја поддржува интеграцијата во ЕУ на Западен Балкан како начин за спречување на зголеменото влијание на Кина и Русија во регионот.„Еурактив“ наведува и дека еврокомесарот за проширување Оливер Верхеjи вчера беше во Софија и се сретне со претседателот Румен Радев и министерот за надворешни работи Светлан Стоев. Главна тема на средбите е бугарското вето за интеграција на Северна Македонија во ЕУ.

Македонија | пред 4 години

sofijanova-1

Децата заразени од корона мора постојано да се следат, меѓу нив има и тешки случаи, а се појавува и синдром на токсичен шок

Вирусот SARS-CoV-2 кај децата најчесто дава полесна клиничка слика која се третира само со симптоматска терапија. Но неопходно е секој случај внимателно и претпазливо да се следи и доколку се забележи влошување на здравствената состојба, да се направат дополнителни испитувања кои би укажале на посериозни синдроми и состојби, како што е мултисистемски инфламаторен синдром, истакна проф. д-р Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести и претседател на Здружението на педијатри, која беше дел од неделните онлајн дискусии кои Лекарската комора ги организираат со цел да се олесни комуникацијата и размената на искуства и знаења за превенција и третман на Ковид 19 меѓу лекарите од сите нивоа на здравствениот систем.Проф. Софијанова на почетокот на настанот истакна благодарност до Лекарска комора за европски и напреден начин на делување и можности за зближување на основ на стручност и професионалност и истакна дека во предавањето кои го презентираа се споделуваат искуствата и сознанијата на престижни педијатриски центри за лекување на Ковид 19, искуства од Клиниката за детски болести, како и податоци објавени во релевантни научни студии.„Кај децата Ковид 19 обично е благ и се лекува со симптоматска терапија. Но ако состојбата се влошува и фебрилноста трае повеќе од три дена, треба да се размислува и за дополнителни испитувања бидејќи во ретки случаи, децата можат да бидат сериозно погодени, а клиничките манифестации може да се разликуваат од возрасните. Во април 2020 година, извештаите од Обединетото Кралство документираа презентација кај деца слична на нецелосна Кавасаки болест или синдром на токсичен шок. Оттогаш, има извештаи за слично погодени деца во други делови на светот. Состојбата е наречена мултисистемски инфламаторен синдром кај деца“, истакна проф. д-р Софијанова.Мултисистемски инфламаторен синдром се јавува кај деца кои биле асимптоматски случаеви, или имале блага клиничка слика, а по период од две до четири недели развиваат болест, односно нова состојба која се манифестира пред сè со многу висока температура, над 39 степени па и 40 степени која трае повеќе денови и која не се спушта со антипиретици.„Се јавуваат промени по кожата од типот на осип кој се јавува на лицето, на рацете, на телото, може да имаат и осип во устата, очите стануваат црвени, конјуктивите се хиперемични, настанува и воспаление на белите дробови, срцева слабост, тахикардија, бледило на кожата. Мултисистемски инфламаторен синдром предизвикува кај децата и стомачни тегоби, болки, гадење, повраќање, ентероколит, како и бубрежна инсуфициенција, пореметување на коагулација на крвта, пореметување на свеста, главоболки и грчеви“, истакна проф. д-р Софијанова.Кога се во прашање на пост-ковид состојби проф. д-р Софијанова и дека праксата покажува и зголемен број на деца со воспаление на слепо црево, зголемен број на случаи со јувенилен дијабетес, како и пораст на малигни заболувања. Но сепак ќе треба дополнителни истражувања за да може да се потврди дали постои нивна поврзаност со Ковид 19. Во однос на вакцинацијата таа истакна мислење на целосна поддршка за вакцинација на децата над 12-годишна возраст како и оние кои имаат хронично заболување.Претседателот на Лекарска комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова истакна дека пост-ковид заболувањата се сериозен предизвик со кој допрва ќе треба справуваат пациентите, здравствените професионални и здравствениот систем. Лекарска комора досега организираше 15 онлајн дискусии на различни теми поврзани со превенција и третман на Ковид 19.

пред 4 години

znaminja-777x437

ФОТО: Во Западен Балкан, Македонија е најбезбедна земја

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан, според истражувањето на Институтот за економија и мир (ИЕП).Индексот на Македонија е зголемен за 11 индексни поени, и државава е на 40-то место во светот, додека на прво место во светот е Исланд, а на последното 163-то се наоѓа Авганистан.Зад Македонија се Србија (44. место), Албанија (48. место), Црна Гора (51. место), Босна и Херцеговина (72. место) и на 80. место од земјите од Западен Балкан се наоѓа Косово.Според Институтот, поголем дел од земјите од Западен Балкан бележат напредок во состојбата за мир, безбедност и внатрешна стабилност.ИЕП рангира 163 независни земји и териории во светот, оценувајќи ја состојбата на мир во тие земји во публикацијата „Индекс на мирот“ (Peace index) за 2021 година.

Македонија | пред 4 години

20180510_214945

ФОТО: Скопје е... чекање на Рекорд, сендвич кај „Чичко Стоилко“, боза од „Апче“...

Чекањето на „Рекорд“, сендвичот од „Чичко Стоилко“, благото и бозата од „Апче“... Навидум „ситници“ го прават Скопје уникатен, прекрасен, различен од други места. Моментите на среќа се насекаде во него, на секој од нас. Но, има места кои сите ги знаеме и сме биле барем еднаш...Скопје е...

Скопје | пред 4 години

242532298_268569308464560_282711910043486978_n

Утре закажан протест во Аеродром

Од граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ утре ги повикуваат сите жители на Аеродром, и воопшто скопјани, на протест под мотото „Во одбрана на дрвјата во Аеродром“.– Кај обележаните дрвја за сечење кај ул. „Васко Карангелески“ стигнала механизација. Од утре ќе почнеле со проширување на улицата. Нема да дозволиме сакатење на белите дробови на еден од најзагадените градови во светот. Локалната власт во заминување ветуваше зелени површини, а наместо тоа донесе уште поголема бетонизација и сечење на дрвја. За да биде лицемерието поголемо, новиот кандидат за градоначалник на Аеродром од СДСМ кажува дека ќе се грижел за зеленилото, за зеленило што ќе го исече неговата партија ли ќе се грижи – прашуваат од ЗХГ кои повикаа на масовен одзив на протестот.-Ги повикуваме сите граѓани кои не сакаат да живеат во бетонски град да дојдат утре во 10 часот спроти ОУ „Љубен Лапе“ до Воениот базен заеднички да го сопреме ова лудило, се вели во нивниот повик.

Скопје | пред 4 години

pendarovski-i-radev

Бугарија лута на Македонија: Очекуваме јасни решенија, нема повеќе да веруваме на ветувања!

Изјавите и ветувањата во дијалогот со Република Северна Македонија повеќе не функционираат и Бугарија очекува јасни правно обврзувачки решенија што ќе доведат до одржливи и неповратни резултати. Само реални резултати во дијалогот со Бугарија ќе го забрзаат процесот на европска интеграција за Република Северна Македонија, изјавил бугарскиот претседател Румен Радев за време на состанокот со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељи.Според тамошните медиуми, Радев во изјавата кажал дека Бугарија очекува ефективни активности од институциите на Европската Унија за воспоставување на вредностите на демократијата и почитување на човековите права во Република Северна Македонија.„Бугарија е најзаинтересирана да ги види своите соседи во Европската Унија, но за тоа е потребно целосно исполнување на копенхашките критериуми за членство на Република Северна Македонија, особено почитување на човековите права и принципите на добрососедство со Европската Унија“, потенцирал бугарскиот претседател.Бугарските агенции пренесуваат и дека Радев во обраќањето пред Вархељи потсетил дека договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Северна Македонија, потпишан во 2017 година, не се спроведува.„Нашиот сосед сѐ уште не ги решил проблемите со говорот на омраза како и во однос на правата на граѓаните на земјата, кои отворено ја изразуваат својата бугарска самосвест“, изјавил Радев.На средбата, според соопштеното, бил донесен заеднички став дека во процесот на европска интеграција на земјите од Западен Балкан и решавање на спорните прашања најважен е директниот и отворен дијалог.

Македонија | пред 4 години

41B7CBDE-6C71-465F-93EA-947FC75D294E

(ВИДЕО) “Повеќе посетители на гробишта него на ‘Боемска’”, Дебар маало не личи на себе!

“Боемска” во Дебар маало го изгуби својот лик. Празни маси и столици, тивка музика, празна улица. Ги нема гужвите кои се вообичаени, а секој угостител се обидува да привлече барем еден гостин. Ако порано на “Боемска” беше “тепачка” за маса, сега е “тепачка” за клиент плус. Сето ова е последица на новите мерки за заштита од коронавирусот, со кои се забрани влез во кафеани и угостителски обејкти на гостите кои немаат примено две вакцкни. Угосителите се разочарани, велат дека месец и половина работата не одат, а сметките се нижат, прометот драстично е намален. Вработен во угостителски обејкт вели дека изминативе десет години, ова не се случило. Дури и за време на одмори, гости имало. Сега, најмногу маси, има за викенд. Но тоа не е ни одблиску доволно за да се покријат трошоците за давачки кон државата и ангажираните лица. Немањето клиенти повлекува и намалување на бројот на вработени. Во повеќе локали, ова е и епилогот од немањето на промет.“Повеќе посетители има на гробишта него овде”, искоментира пар кој прошета на улицата.Ситуацијата е слична насекаде во Скопје. Засега нема најави за мерки со кои угостителите ќе добијат поддршка од држават за да го надоместат загубениот промет.

Скопје | пред 4 години

DSC_0699

17 лица починаа, 554 нови пациенти заболени од корона

Во последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаина КОВИД-19:Скопје – 309, Куманово – 44, Прилеп и Велес – по 20, Тетово, Битола и Кавадарци – по 17, Кочани – 16, Кичево – 11, Охрид – 10, Крива Паланка – 9, Гевгелија и Ресен – по 6, Струмица и Штип – по 5, Неготино, Свети Николе, Радовиш и Кратово – по 4, Гостивар, Струга, Виница, Валандово и Демир Хисар – по 3, Дебар, Берово, Делчево и Пробиштип – по 2, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.Регистрирани сe 891 оздравени пациенти од: Скопје – 360, Охрид – 132, Струга – 105, Куманово и Струмица – по 42, Тетово – 26, Велес – 20, Гостивар – 19, Прилеп и Штип – по 18, Битола и Кичево – по 16, Кавадарци – 9, Кочани, Радовиш, Дебар и Берово – по 8, Гевгелија и Ресен – по 6, Свети Николе и Кратово – по 5, Виница и Пробиштип – по 3, Крива Паланка, Валандово и Дојран – по 2, Делчево и Македонска Каменица – по 1.Пријавени се 17 починати лица: 10 починати лица од Скопје (93г, 82г, 73г, 71г, 62г, 44г, 40г, 36г, 34г и 33г), 2 починати лица од Прилеп (75г и 64г) и по едно починато лице од Куманово (85г), Струмица (74г), Кичево (76г), Кочани (63г) и Демир Хисар (59г).Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Направени се 4.072 тестови преку: ИЈЗ-310, ЦЈЗ Скопје-65, ЦЈЗ Битола-52, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово–72, ЦЈЗ Куманово-80, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-6, УК Пулмологија со алергологија – 6, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–2, Жан Митрев (Филип Втори)-104, Авицена-255, Биотек-288, Систина-137, лабораторија Лаор-169, Синлаб-37, Ремедика-33, Плодност–40, Генеа-15, Никоб лаб-485, ВФВ Медикал-66, Ели Медика-81, Ројал Медика –9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.713.Досега во земјата се направени вкупно 1.258.133 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 187.622 бројката на оздравени пациенти е 168.700, на починати е 6.489, а бројот на активни случаи изнесува 12.433.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 81431, Активни 5701Куманово 11075, Активни 905Тетово 10764, Активни 985Прилеп 8929, Активни 275Гостивар 7925, Активни 509Битола 6958, Активни 246Велес 6057, Активни 284Охрид 5827, Активни 545Кавадарци 5761, Активни 203Струмица 5618, Активни 462Штип 5567, Активни 225Кичево 3888, Активни 427Струга 3758, Активни 536Кочани 3150, Активни 135Гевгелија 2361, Активни 73Неготино 2299, Активни 43Свети Николе 1828, Активни 104Ресен 1514, Активни 102Радовиш 1481, Активни 106Дебар 1444, Активни 127Крива Паланка 1359, Активни 58Берово 1195, Активни 33Делчево 1110, Активни 66Виница 1009, Активни 45Пробиштип 897, Активни 42Валандово 788, Активни 29Богданци 544, Активни 20Кратово 531, Активни 49Крушево 518, Активни 15Македонски Брод 462, Активни 32Демир Хисар 426, Активни 16Демир Капија 406, Активни 4Пехчево 310, Активни 8Македонска Каменица 293, Активни 21Дојран 139, Активни 2

пред 4 години

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.18

Директорот на тетовската болница е одговорен за противпожарната заштита на модуларнат која изгоре

За противпожарна заштита во модуларната ковид болница во Тетово која изгоре на 8 септември бил задолжен в.д. директорот Флорин Бесими, според документот за изработка на проектот на Министерството за труд и социјална политика (МТСП), Светска банка и Министерство за здравство, објави СДК.мкМодуларната болница во Тетово е дел од проектот „Итен одговор за ковид-19 на Северна Македонија“, со кој беа монтирани 17 модуларни болници низ целата земја. Според листата за проверка, директорите на болниците се надлежни за подготовка на план за заштита од пожар и имплементација на мерки за заштита во мобилната ковид болница, и тоа треба да биде направено на почетокот на работата на модуларната болница. Заедно со директорот на болницата, задолжени за противпожарната заштита се и одговорни лица вработени во болницата. Според проектот, планот за заштита од пожар и имплементацијата на мерките за заштита се на товар на буџетот на болницата.Директорите на болниците се задолжени и за редовно одржување на инсталациите (водовод, канализација, струја, греење) во болницата, но тука надлежноста ја делат со претставници на Општина Тетово, комунален инспектор и одговорни лица вработени во болницата. И оваа надлежност е товар на болничкиот буџет. Листата со проверки е дел од документацијата за изградба на модуларните болници, која е објавена од МТСП, преку кое се менаџира заемот од Светска банка за справување со ковид-кризата.Повеќе на СДК.

Македонија | пред 4 години

krmov

Левица со Резолуција во Собрание: Не смее да им се врши притисок на граѓаните ако не се вакцинираат

Пратениците на Левица во Собранието на Република Македонија – Димитар Апасиев и Борислав Крмов, до претседателот на парламентот, поднесоа Предлог-резолуција за правните и моралните аспекти на Ковид-вакцинацијата, заснована на неколку правни акти донесени во Советот на Европа.Резолуцијата, која е поделена на вкупно шест точки, констатира дека постојат низа проблеми на терен во врска со вакциналната имунизација на населението, предизвикана од несоодветната стратегија за комуникација со јавноста на надлежното Министерство за здравство, како и од противречните и контрапродуктивни мерки кои, од ден на ден, стануваат сè порестриктивни, порепресивни, непропорционални и дискриминирачки за македонските граѓани.Во Резолуцијата, меѓудругото, се укажува дека:- вакцинацијата против новиот коронавирус SARS-CoV-2 не е и не смее да биде задолжителна за било кој сегмент од населението;- граѓаните мора да бидат информирани дека никој не смее да им врши политички, правен, социјален, економски или друг вид притисок да се вакцинираат, доколку некој не сака да го стори тоа на доброволна основа и по слободна волја;- користењето т.н. зелени (ковид) пасоши, односно „сертификати за вакцинација“ ќе се користат само за нивната првично назначена цел од страна на Светската здравствена оргнизација, т.е. за обезбедување надзор над долгорочните ефекти на вакцините и нивната безбедност по здравјето на луѓето, за следење на ефикасноста на вакцината врз имунолошкиот систем на пациентите, како и за мониторирање на потенцијалните нус-појави и несакани ефекти од вакцината.Очекуваме законодавниот дом да ја донесе оваа Резолуција упатена до извршната власт пред почетокот на изборната кампања за претстојните Локални избори, а интегралниот текст можете да го прочитате на следниов линк.

Македонија | пред 4 години

vakcinacija-skopje

Вчера аплицирани над 12 илјади вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 774.422 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.955 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.062 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.465.229 дози вакцини, а ревакцинирани се 690.806 граѓани.Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.

пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања