Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ТОП

Screenshot-2024-01-10-at-20.50.32

Холандскиот амбасадор „удри“ по Ахмети за политичко влијание при разрешување на Беса Адеми, ДУИ возврати за да го одбрани

Амбасадорот на Кралството Холандија во земјава, Дирк Јан Коп, имал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Се зборувало за владеењето на правото, но и за случувањата поврзани со претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, која е на чекор до разрешување по постапката од Судскиот совет.„Амбасадорот Дирк Јан Коп се сретна со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за да ја пренесе пораката дека по две години постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-01-10-at-17.57.21

(Видео) Тројца повредени во една од несреќите во Аеродром

Три лица се повредени во сообраќајката која се случи на раскрсницата помеѓу булеварите „Србија“ и „Јане Сандански“. Карактерот на повреди засега не е познат.Сообраќајката е помеѓу возилата „фолксваген“ и „ауди пасат“. „Скопје1“ веќе објави дека делови од возилата беа распрскани по улицата.Увид правеќе полицијата.Претходно и видео:

Скопје | пред 2 години

WhatsApp-Image-2024-01-05-at-21.23.48

За 48 часа ќе се знае дали Беким Незири и тепачите од М-НАВ ќе оди во притвор

Заради интерес на медиумите кои ја следат работата на судот Кривичен суд ја информриа јавноста:„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство – Скопје против решенија на судии од претходна постапка од 05.01.2024 година, со кои на 4 лица им определи мерки на претпазливост, а поврзани со случувањата во М-НАВ, во текот на денешниот ден оформи предмет по добивање на одговор на жалба од одбраната.Со оглед на барањето на странките во постапк

Македонија | пред 2 години

dfasdfsa

Казината уште еден чекор поблиску до селење на периферија, има и обвинувања: Ќе се игра црно и по подруми, а ќе има и астрономски оштети

Отстранувањето на казината од градовите и нивно носење на периферијата, не е поради заштита на младината туку поради бизнис интереси. Ова го тврдат од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија. Тие обвинуваат дека измените на Законот за игри на среќа, пратениците ќе донесат економски последици.„Преку онлајн игрите на среќа, некој од дома може да се вклучи на платформата и да игра. Многу добро знаат дека аргументите се на наша страна. Усвојувањето на измените во ваква верзија ќе ја вр

Македонија | пред 2 години

IMG_0969

Грција ќе треба да даде „амин“ за да се пролонгира рокот за промена на на документите со „Северна“

Ќе се бара „амин“ од Грција да дозволи рокот за промена на личните документи да се пролонгира за неколку месеци, најави премиерот Димитар Ковачевски. Тој не ги коментираше редиците и чекањата со денови пред пунктовите за фотографирање за нови документи, на ниски температури. Укажа дека за пролонгирање на рокот за промена ќе се консултира со двајца министри, додека пак, претседателот Стево Пендаровски го упати да се јави кај грчката претседателка за да побара разбирање за ова прашање.„Заради тоа

Македонија | пред 2 години

ahmeti-direktor-mnav

Премиерот не знае дали новиот директор на М-НАВ е внук на Али Ахмети

Премиерот Димитар Ковачевски не знае дали новиот директор на М-НАВ, Хекуран Асани, е внук на Али Ахмети. Одговарајќи на новинарско прашање, тој посочи дека ја знае само професионалната биографија на лицето.„Не знам чиј внук е, 25 години е контролор на летање“, велат од Ковачевски.Прашан како успеале да променат две владини одлуки во неколку часа, да предложат едно лице, да утврдат дека не исполнува услови и да донесат нов заклучок со друго лице – премиерот не гледа ништо спорно.„Јас гледав многу

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

„Драма во Скопје, напаѓачи претепаа контролори на летање во контролната кула“, - скандалот со М-НАВ оддекна во соседството

„Драма во Скопје: Напаѓачите влегоа во контролната кула и претепаа контролори на летање, реагираше и НАТО“. Ова е насловот со кои медиумите од соседството известуваат за упадот во М-НАВ и тепањето на контролори на летање. Скандалот излезе надвор од границите на Македонија. Десетици медиуми известуваат за скандалот кој со денови е актуелен во јавноста, а додека Беким Незири од ДУИ осомничен дека ги организирал и пуштил тепачите, е на слобода.За скандалот, целосен извештај има на српските „Н1“, „Н

Македонија | пред 2 години

418952744_761446022464188_4558152198638746456_n

(Фото) Се накитиле со 248 грама злато за да го изнесат од Македонија - патници фатени на Табановце

Двајца патници се обиделе од Македонија да изнесат злато, а цариниците ги фатиле. тие златото го носеле на себе односно на врат како ланче.„Запленети се 248 грама злато, со проценета вредност од околу 12 илјади евра што двајца сопатници во обид да го скријат планирале да го изнесат од државата без да го пријават кај царинските органи. Патниците кои патувале со патничко комбе на излез на Табановце од страна на Мобилен тим на Секторот за контрола и истраги се селектирани за детална контрола при ш

Македонија | пред 2 години

1704805040-profimedia-0835243351a-750x422-1

Еквадор беше оаза на мирот во Латинска Америка, сега западна во хаос и крвопролевање, а се започна со една реченица

Малкумина Еквадорци беа подготвени за тоа колку брзо безбедносната ситуација во нивната земја може да се влоши. Убиствата и насилството поврзани со трговијата со дрога експлодираа, што ја прави земјата една од најопасните во Латинска Америка.Пред само неколку години, Еквадор беше агол на релативен мир, сместен меѓу два од најголемите светски производители на кокаин, Колумбија и Перу, кои неодамна доживеаја сопствени насилни внатрешни конфликти меѓу безбедносните сили и номинално левичарските бун

Свет | пред 2 години

IMG_0969

До септември да се пролонгира рокот за вадење нови документи

Претседателот Стево Пендаровски, во интерес на заштита на граѓаните предлага да запре хаосот со вадење нови лични документи поради промената на уставното име на државата, и рокот за нивно вадење да се пролонгира за септември-октомври.„Прво, тоа е срамно понижување на македонските граѓани. И непотребно. Второ, ова го предложив на најмалку двајца министри во македонската влада - со брза интервенција во два закони – закон за лична карта и закон за патни исправи, и ако е потребно и законот за безбед

Македонија | пред 2 години

ilir

Пишман аџија: Владата го назначи Мехмеди за директор на М-НАВ и се премисли

Владата за само 4 часа се премисли и го смени предлогот, наместо Илир Мехмеди за нов директор на М-НАВ го предложи Хекуран Асани. Владата многу брзо сфати дека Мехмеди, не ги исполнува условите за функцијата, затоа што немал валидна дозвола за надзорен контролор за летање ниту, пак, имал најмалку шестгодишно работно искуство како контролор.Несериозно е како стручните служби во Владата овој податок го преспаа, па промената дојде по жестоките реакции во јавноста. Асани инаку е активен контролор на

Македонија | пред 2 години

palco-traektorija

Екстрадицијата на Љупчо Палевски - Палчо ќе се случи скоро, таа не е спорна од разузнавачко безбедносен аспект, најави Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за „Тема на денот“ на Телевизија Сител, говорејќи за случајот со осомничениот за двојно убиство, Љупчо Палевски – Палчо, изрази очекување дека неговата екстрадиција ќе се случи наскоро.„Доцна попладнево добивме информација дека неговата екстрадиција не е спорна од безбедносно-разузнавачки аспект и практично сега остануваат само техничките детали од она што се нарекува меѓународна правна помош што се случува како процес меѓу двете министерства за правд

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Финансискиот директор Деари не „летна“ од М-НАВ, а молчи дали ќе бара суспензија за Беким Незири од ДУИ

Од тројцата директори во М-НАВ, нечепнат остана најгласниот на социјалните мрежи, финансискиот извршен директор Хасим Деари. Тој себеси се прогласи за успешен менаџер, па порача: „Како што изгледа, успехот некому кочи“.Деари е познат на јавноста, откако заедно со разрешениот Хамиди го пријавија синдикалниот претседател на контролорите на летање, Александар Тасевски, за наводно упатени закани. Владата досега не објави образложение како го остави само него на директорската позиција и по која заслу

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-06-1290PM

Инфекции меѓу децата, хоспитализации во „Козле“: голема кашлица, корона, проблеми со дишење

Деца со голема кашлица и коронавирус се хоспитализирани на Детската клиника „Козле“. Секојдневно, стотина деца бараат здравствена заштита во амбулантскиот дел, додека над педесет се хоспитализирани на лекување.Од сите деца, три случаи се со голема кашлица. Според раководството на „Козле“, педијатрите дијагностицираат инфекции на долните дишни патишта, а најмногу кај доенчиња до едногодишни деца.Во болницата, хоспитализирано е и дете со коронавирус.

Скопје | пред 2 години

414552556_1037879667318659_4286686244651491926_n

Упадот во М-НАВ за професорот Калајџиев е „обично“ насилство, ставот наиде на критики и лавина реакции

Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев смета дека е погрешна квалификацијата „загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“ за која се сомничи Беким Незири и тепачите кои влегоа во М-НАВ. Ваквиот негов став пак, беше непопуларен за јавноста и наиде на низа критики во неговата јавна објава. Неговите следачи изразуваат разочарување поради ставот кој го има.„Намерата на тепачите била насочена кон “обично” насилство, кое се разбира е во познатиот контекст на заробена држава многу серио

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Се бара куќен притвор за таткото на Вања, а обвинителот да го викне да каже како ги добил снимките од видео надзорот и на кого ги предал

Куќен притвор за Александар Ѓорчевски, татко на киднапирана и убиена Вања Ѓорчевска, а осомничен во истрагата, бара неговиот бранител Владимир Туфегџиќ од Кривичниот суд. Адвокатот за „Скопје1“ посочува дека ниту една мерка не е оправдана, но замената на ефективниот притвор ќе му помогне на семејството кое е погодено од трагедијата.„Иако истакнавме посебен предлог за замена на мерката притвор во мерка куќен притвор, свесен сум дека постапката околу укинувањето на притворот ќе трае.Иако спрема ос

Македонија | пред 2 години

371535419_23992504643726688_7325231590523339090_n-1

Од денеска до сабота посебен режим на сообраќај во Скопје

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека во периодот од денеска до сабота, поради официјална посета на делегација предводена од Н.Е. Абдулах Бин Мухамед АлШеикх, претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија – Меџлиси Ал Шура, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајотСо посебниот режим кој ќе го спроведе Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат опфатени сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.Од тие

Скопје | пред 2 години

c8eabe58-a8cb-4461-b61e-7d987b31a655

„Боинг“ е во голема криза, откриени се сериозни проблеми: Се откина врата среде лет, најдени лабави завртки

Американските регулатори привремено го приземјија авионот „737 MAX 9“ на Боинг за безбедносни проверки, откако вратата под притисок се откина на половина од летот и го принуди авионот на „Алјаска ерлајнс“ да се врати во пристаништето во Портланд. Инспекторите објавија дека проблемите со притисокот во авионите биле забележани неколку дена пред инцидентот во петокот. Портпаролката на ФАА на прес-конференција рече дека пилотите пријавиле предупредувачки светла за притисок на три претходни летови на

Свет | пред 2 години

kontrola-na-letanje-3

Во М-НАВ важи посебен протокол за влез, а тие се шетале како низ дома и тепале - тонеме во сѐ подлабока дука, алармира заменикот народен правобранител

Упадот во М-НАВ и неодредувањето на притвор од страна на судиите Пајазит Пајазити и Сандра Крстиќ за осомничените, ја разбранува јавноста. За влез во зградата на контролата на летање, важат строги правила, сведочи и заменикот народен правобранител, Јован Андоновски. Тој посочува дека за тоа треба посебни одобренија, а пак, Беким Незири до ДУИ кој е вработен таму, овозможил со напаѓачите да се шетаат во зградата како низ дома.„Не сакав да пишувам деновиве на големите празници Бадник и Божик, но н

Коментари | пред 2 години

416876087_10229161808062868_5647222288120258027_n

Најчевска: Нема основа за разрешување на директорите на М-НАВ, туку за нивно апсење

По огромниот скандал и упадот во М-НАВ, заканите и физичката пресметка, како и по одбранбениот став за нивни членови меѓу кои и екс министерот Незири, на социјалните мрежи се огласи професорката Мирјана Најчевска.„Се согласувам. Нема основа за разрешување на директорите на М-нав.Има основа за апсење на директорите на М-нав, целокупното раководство на ДУИ,сите министри, директори, судии, јавни обвинители и раководен кадар во полиција поставени од ДУИ. Како за почеток“ напиша Најчевска.Владата нај

Коментари | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-31-5990PM

Снег и во Скопје, забрана за тешки возила на Стража

Снег паѓа и во Скопје, за првпат во Новата година. Метеоролозите најавија мала снежна покривка во градовите, а поголема на повисоките предели. Во Скопје, се води по влажни коловози. На патните правци, веќе се интервенира со возила за чистење.„Од утре ни следува сув студ, а температурите наутро понекаде ќе се спуштат и до -10 степени. Преку ден останува многу студено со температури кој на повеќе места ќе се задржат околу или малку над нулата. Понекаде тие ќе останат и под нулата. Во Скопје исто т

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Со кликови на лажна порака, скопјанка остана без 850 евра - измамниците роварат во Македонија, операторите не стопираат

Лажните пораки за пратки и натаму ги празнат сметките на граѓанитите во Македонија. Илјадници броеви се цел на фишинг напад, а дел од корисниците кои чекаат пратки наседнуваат на лагата и плаќаат, а потоа остануваат со испразнета сметка. „Скопје1“ за овој проблем пишуваше минатата, но и на почетокот од оваа година. Надлежните органи не ги најдоа лицата кои стојат зад кражбите на податоците, а операторите не најдоа начин да ги стопираат криминалците.Скопјанката Марија Баришин Луче сведочи како см

Македонија | пред 2 години

IMG_4868

Хаос при приведување во Кратово: Прво со нож нападнал две лица, па потоа натепал и полицаец

Во 01.40 часот во ОВР Кратово било пријавено дека во центарот на Кратово, пред угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир од страна на А.Ј.(26) од Скопје кој физички го нападнал С.П.(21), а со остар предмет го повредил М.Д.(19), двајцата од Кратово.„Полициски службеници излегле на местото и при обид А.Ј. да биде лишен од слобода, Д.К.(23) од с.Каврак, кратовско, физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејства, а двете лица избегале со патничко возило, управувано од Д.М. од

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-02-2300PM

Со нож нападнат медицинар од „8 септември“, Независниот синдикат бара пациентите дома да си ги оставаат пиштолите кога одат на лекување

Медицинар од болницата „8 септември“ бил расечен со нож од пациент кој имал „Ф“ дијагноза, што значи психичко растројство. Станува збор за помала расекотина, а обидот е осуден од страна на Независниот синдикат на здравствените работници.„Насилните и нервозни граѓани кои имаат потреба од здравствена заштита, да ги остават пиштолите и ножевите во домовите и возилата, а во здравствените институции да бидат ненаоружани и психофизички да се подготвени да им се решаваат здравствените проблеми“, порача

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-01-08-at-10.50.32

Колумнистот Бесими, во слободно време министер за финансии

Министерот за финансии Фатмир Бесими, освен раководењето со тешкиот и одговорен сектор- финансии, има време редовно да објавува колумни во кои го пласира својот став за одредени економски прашања. Ваквата пракса на себепромоција, тој не ја напушти и додека десетици ресори протестираа и бараа покачувања, кои надлежните не можеа да им ги овозможат правдајќи се дека Бесими кочи се. Решение за достојни плати и годинава нема, колумни – има.Иако колумните се изразување на личен став, сепак, овие на Бе

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања