Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ТОП

onkologija-direktori-medziti-3

Советниците на Меџити си вработуваат цели семејни лози на клиники, алармира ВМРО-ДПМНЕ

„Владата на СДС, ДУИ и Алијанса за Албанците со своето неработење, негрижа и игнорантски однос го стави еден од најчувствителните ресори - здравството „на апарати“. Без долгогодишна кадрова стратегија за континуирано надополнување на потребниот медицински кадар, без системска грижа за едукации и пренос на знаење и со нерешавање на статусот на голема група здравствени работници кои се со договор на дело и посветено работат и се грижат за граѓаните, Владата направи штета на долг рок, а здравството

Македонија | пред 2 години

struja

Мистериозна фирма со ЕДС во трката за да снабдуваат домаќинства со струја - исполнуваат ли Грците услови за да го добијат тендерот

Грчки ЕДС заедно со фирмата „Пан интер трејд“, која има еден вработен, се пријавиле во трката да снабдуваат околу 800.000 домаќинства во Македонија со струја. Фирмата која е дел од конзорциумот на ЕДС, има основачки влог од 10.200 евра, а обрт од 500.000 евра – па се отвора прашањето дали се исполнува еден од клучните услови, а тоа е финансиската стабилност. Според условите, фирмите кои целат да бидат универзален снабдувач треба да имаат работен капитал од 40 милиони евра.Според информациите од

Македонија | пред 2 години

huti

Блискиот исток и конфликтите: Америка и Британија ги напаѓаат јеменските бунтовници Хути и велат дека тоа е „чин на самоодбрана“

Американски и британски воени бродови во петокот вечерта нападнаа воени објекти на бунтовничката група Хути во Јемен, која започна лов на трговски бродови во Црвеното Море и ја наруши глобалната трговија во изминатиот месец и половина.Според изјавите и на Хутите и на американски и британски извори, целите првенствено биле аеродроми, за кои западните сили веруваат дека се локации од каде што Хутите лансираат проектили и беспилотни летала, како и складишта за оружје и радари.Соговорници на Ројтерс

Свет | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-40-9280PM

Кој е таткото од Кичево кој си ја уби ќерката: Над 50 кривични, едвај 1 година затвор и ниту една пријава за семејно насилство

За дванаесет години, таткото кој си ја уби ќерката во Кичево, имал 50 кривични пријави и едвај една година затвор. Ова го покажува неговата кривична историја во МВР. Во ниту една пријава нема семејно насилство, но Центарот за социјални работи алармирал дека минатата година, мајката на убиеното девојче заминала од домот по расправија со таткото. Семејството има седум деца, убиеното е најмалото.„Во периодот од 2011 до 2023 година, ОВР Кичево има поднесено околу 50 кривични пријави за сторени кри

Македонија | пред 2 години

416876087_10229161808062868_5647222288120258027_n

Пак различни толкувања: Незири од ДУИ ќе си остане дома, оти обвинителот смета дека не може да се жали во Апелација

Препукувањата и различните толкувања на Обвинителството и Кривичниот суд за случајот М-НАВ продолжија. Останаа различните ставови во однос на одредувањето притвор, а сега, нови разединувања има за тоа дали обвинителот може да се жали до Апелација што Беким Незири од ДУИ заедно со тепачите, не доби ефективен, туку домашен притвор. Обвинителството јасно укажува дека таква можност не постои.„Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека и покрај тоа што Основниот кривичен суд Скоп

Македонија | пред 2 години

nebiu-mijalkov

Директорот на Агенцијата која го продаваше: Парадокс е синот Мијалков да го зема имотот од таткото Мијалков

Дритон Небиу, директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, вели дека парадокс е тоа кога од таткото имотот го зема синот, во случајот со купувањето на трите стана и гаража на Водно, конфискувани од екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, за случајот „Империја“ од неговиот син Јордан Мијалков.,,Ова што се случува е парадокс кога синот го зема имотот од таткото.На Агенцијата ѝ е најважно дека тие пари што се стекнати на криминален начин, ги вративме кај граѓаните, заради тоа што законот и

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-01-11-at-19.28.46

Уапсени четири лица за пукањето во Тетово, едно во бегство - МВР со детали

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (11 јануари) во 23 часот и 10 минути во Тетово ги лишиле од слобода Р.Т.(35) и М.Т.(44) од Тетово, а пред тоа и 55-годишната тетовка Ш.Е. и Н.М.(39) од Тетово поради сомнение за нивна инволвираност во вчерашното (11 јануари) пукање со огнено оружје пред Ургентен центар на тетовската Клиничка болница кое се случило околу 18 часот и 5 минути, а во кое со тешки телесни повреди (прострелни рани) се здобиле А.М.(41) и З.М.(36) од тетовското село Гајре.„За

Македонија | пред 2 години

oki-ubisvo

(Фото) Најден убиецот на Оки во Грција, но и пиштолот со кој е извршена ликвидацијата

Грчката полиција го расчисти убиството на ликвидираниот македонски државјанин во Грција, Орхан Бајрами – Оки и неговиот пријател, кои беа ликвидирани во Халкидки. Тамошните медиуми посочуваат дека лицето кое е во притвор поради двојното убиство во чаршискиот „Шиша бар“ во Скопје е осомничен и за убиството на водичот на нарко клан, Бајрами-Оки.Полицијата го нашла и оружјето со кое е убиен Оки, а негов пријател беше ранет. Оружјето било со пробушувач, а фрлено во област која е тешко пристапна, под

Свет | пред 2 години

Screenshot-2024-01-06-at-10.41.37

Обвинение за избеганиот Исмет Гури од ДУИ - ќе му се суди за даночна измама, злосторничко здружување, перење пари

Обвинителката Ивана Трајчева поднесе обвинение против Исмет Гури од ДУИ, за сторено злосторничко здружување, перење пари и даночна измама, дознава „Скопје1“. Според Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Гури бил вплеткан во шема за правење даночни измами, додека бил вработен во Управата за јавни приходи. Освен тој, се гонат и други 13 физички и три правни лица.„Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по спроведените

Македонија | пред 2 години

ladno_toplomer_termometar_sneg_3454-678x381-1

Утрово студено, преку ден сончево и температура до 9 степени

Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност, ова според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи нè очекува денеска.Најниска темпратура, -8 степени, утрово е измерена во Маврови Анови, Берово, Крива Паланка, Демир Капија, во Крушево -7, во Куманово, Штип и Скопје-Петровец – 6, во Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Виница, Прилеп – 5, во Кавадарци, Битола, Охрид и Претор -4, во Велес -3, во Дојран 0 и во Гевгелија еден степен.Најмногу снег има на Попова Шапка шест

Македонија | пред 2 години

zemjotres-2-2

Земјотрес од 3,8 степени со епицентар во Преспа ги стресе и Ресен, Охрид, Струга, Битола и Кавадарци

Земјотрес ноќеска стресе неколку градови во државата. Земјотресот бил со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала, а бил почувствуван во Охрид, Струга, Ресен, Битола и КавадарциНа триесетина минути по полноќ бил почувствуван земјотрес на повеќе места во Охридско-преспанскиот регион. Земјотресот бил со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил во подрачјето на Преспа.Потресот бил почувствуван во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од IV степени според Европската макр

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-01-11-at-19.28.46

Еден од пуканите се бори за живот, не се знае дали пукачите се приведени - медицинари од Клиниката во Тетово не се повредени

Двете лица во кои беше пукано пред Клиничкиот центар во Тетово се префрлени на лекување во скопските клиники. Станува збор за двајца браќа од селото Гајре. Едниот од нив е во покритична состојба. Дали лицата кои пукале се најдени и приведени – не е познато. Докторот Бобан Вучевски од Клиниката во Тетово кажа дека други повредени лица нема.„Беше интервенирано од наша страна и со екипа од анестезија и реанимација префрлен е на скопските клиники. Кај вториот кој беше повреден, но во постабилна сост

Македонија | пред 2 години

sved

Сведоштво за таткото-монструм од Кичево: За убиеното 2-годишно девојче крив е системот

Кичевчанецот Семир Вејсел сведочи дека таткото кој ја уби својата двеипол годишна ќерка, во два наврати имал обид да го ограби, а успеал да украде мотор вреден околу 2500 евра. Тој за „Скопје1“ посочува дека Обвинителството покренало постапка, но таа, до април минатата година, не добила ниту првостепена пресуда. На социјалните мрежи пак посочува дека системот е крив за убиеното девојче.„Ако некој праша зошто еве ви одговор: бидејќи го знам убиецот и како таков одамна требаше да биде процесуиран

Коментари | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-33-1180PM

Таткото и ги скршил черепот и ребрата на ќерката, девојчето имало и крварење на мозокот

Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спрoведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.„Осомничениот 29-годишник, на 18 декември, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената ќерка родена 2022 година. Тој и нанел повеќе удари со раце и нозе, предизвикувајќи и тешки телесни повреди – скршена коска на черепот, крварење во мозокот и скршеници на две ребра. Од здоб

Македонија | пред 2 години

mijalkov

Од лев во десен џеб: Како Мијалкови го изиграа законот и си ги купија становите за џ’блк

Мијалкови успеаа да го изиграат законот, па становите кои државата ги заплени од нив, да си ги вратат во своја сопственост за година и половина, по причилно ниски цени. Законот за управување со одземен имот изрично забранува осудени лица во постапката во која се прави заплената, да учествуваат во постапката за продажба. Тоа, семејството на Сашо Мијалков вешто го изиграло. Становите кои пред заплената беа сопственост на „Ексико“ фирма сопственост на сопругата Александра Мијалкова, а сега од држав

Македонија | пред 2 години

416876087_10229161808062868_5647222288120258027_n

Беким Незири од ДУИ добива ќукен притвор, заедно со лицата кои упаднаа во М-НАВ

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, денеска, одржа седница во присуство на странките кои побараа јавна седница, а во однос на жалбите изјавени од Јавниот обвинител против решенија на судии од претходна постапка од 04.01.2024 година со кои на 4 лица им се определија мерки за претпазливост поврзани со случувањата во М-НАВ. Меѓу нив е и Беким Незири од ДУИ, вработен во М-НАВ кој според истрагата ги отворал вратите за лицата да влезат.„Советот ценејќи ги приложените факти и докази во

Македонија | пред 2 години

mickoski-412

Мицкоски: Амбасадорот на Холандија даде потврда за се она што ВМРО-ДПМНЕ со години наназад го зборува

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“ при посета на Општина Кисела Вода одговорајќи на новинарско прашање за негов коментар за изјавата на холандскиот амбасадор тој посочи дека како ВМРО-ДПМНЕ тоа го зборува подолго време наназад, откако овие две партии се власт.„Амбасадорот на Холандија го потврди тоа што ние го зборуваме со години наназад, дека не владее правото, дека е партизирано и октроирано судството, се вршат притисоци врз

Македонија | пред 2 години

Osmani-pregovaracka-ramka-1-720x404-1

Холандскиот амбасадор барал поддршка од ДУИ против корупција, олигархијата има влијание во системот, кажа Османи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, смета дека средбата на холандскиот амбасадор во Македонија Дирк Јан Коп со лидерот на ДУИ, Али Ахмети била со цел да се побара поддршка од партијата за борбата против корупцијата. Одговарајќи на новинарски прашања, Османи кажа дека има разлики помеѓу неговите и размислувањата на амбасадорот.„ДУИ најмногу зборува за борбата против корупцијата, затоа се бара поддршка од ДУИ. Во моите разговори со холандскиот амбасадор имаме две концептуални разлики. Т

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-50-9970PM

Двегодишно дете почина на Клиника, таткото од Кичево осомничен дека ја претепал до смрт

Двегодишно девојче претепано од таткото, почина при лекување во Клиничкиот центар во Скопје. Мажот е уапсен во Кичево, станува збор за лице Ф.Д. на возраст од 30 години. Тој е осомничен дека во нивниот дом смртно го претепал детето.Според полицијата, настанот се случил на 18. декември. Девојчето прво било лекувано во Кичево, а потоа донесена во Скопје поради сериозноста на состојбата. Лекувањето траело над 20 дена.Полицијата со обвинителството ќе покренат постапка против таткото.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-09-14-at-20.53.41

Помилувањето повторно пред пратениците - Лога сака претседателот да не може да помилува без правосилна пресуда

Предлог законот за помилување денеска на седница на Собрание. Според него, помилување може да има само доколку е донесена правосилна судска пресуда.„Со новиот Закон за помилување кој е предложен од Министерството за правда претседателот на државата може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на определени лица.При изготвувањето на законот беа разгледани повеќе компаративни искуства како што се решенијата содржани во правните системи во државите членки на Европската унија и

Македонија | пред 2 години

naum-naumovski-boce-

(Фото) Родителите револтирани: Хаос пред градинката Н.Н.Борче во Центар, децата ни се во опасност

Цели четири месеци трае нервозата, хаосот и нерешениот проблем со изградбата на огромен објект пред градинката Наум Наумовски Борче во скопски Центар. Родителите ниту можат да ги однесат децата во градинка, ниту пак да ги земат од машинеријата која ја блокира улицата.Иако пред градинката стои натпис дека неколкуте места за паркирање се резервирани за родителите да можат непречено да си ги донесат и земат децата, без осет вработените на градилиштето ги окупираат овие места. Родителите мораат да в

Скопје | пред 2 години

275188151_680049909703117_5060941709380810353_n

Нов дожд и снег во понеделник, до тогаш студ - какво ќе е времето до идната недела

До самиот крај на оваа недела во Македонија ќе имаме сув студ, најавува во метео-прогнозата, Славчо Поповски. Според него, времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност. Во петок и во сабота ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.„Наутро ќе биде многу студено, па така температурите на повеќе места ќе се спуштаат близу -10 степени, а особено за време на викендот тие понекаде ќе се спуштат и под -10 степени. Студен

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2021-10-26-at-16.59.12

Изгоре стан во Аеродром, загина маж кој бил внатре

Неподвижно лице загина во пожар, кој пеплоса став во скопски Аеродром. Утрово во 06.33 часот на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за пожар во стан во зграда на 6-ти кат на ул. „Пандил Шишков“ во Општина Аеродром.Од МВР посочуваат дека загина 76-годишно лице со иницијали Г.Б.Во гаснењето на пожарот интервенирале 15 пожарникари со 6 ПП возила.„Екипи на Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје веднаш излегле на терен и го изгаснале пожарот без да се прошири

Македонија | пред 2 години

Tetovo-6

По „Пајакот“ и „Кабелот“, сега виновен е „Синдикалецот“, Ковачевски го брани ДУИ со добро позната тактика, алармира ВМРО-ДПМНЕ

„По „Пајакот“ и „Кабелот“, сега виновен е „Синдикалецот“, Ковачевски го брани ДУИ со добро позната тактика“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:„Ковачевски застана во одбрана на ДУИ, за него не е важен упадот виновен е синдикатот.Требаше да помине недела дена за власта да смисли напад, како црното да го претстави за бело. Па така за Ковачевски не е проблем што бандитите од ДУИ кои го загрозија македонското небо се несанкционирани, виновен е синдикалниот лидер или некои вработени.Очигледно требаше си

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

(Видео) Дерење, турканици, влечење - хаосот за подигнување документи кулминира

Хаосот во зградата на МТВ каде се шалтерите за подигнување на готови документи од МВР не престанува. Дерење, турканици, кубење, влечење. Вака изгледа чекањето во редиците на првиот кат. Граѓаните се удираат меѓусебно за да стигнат побрзо до шалтерите, а караниците се од утро до мрак. Ваква е состојбата секојдневно. Возрасни, млади, пензионери - сите во трката со времето да добија пасоши, лични карти, возачки дозволи што побрзо. Некои од нив се решаваат и да се откажат, други чекаат до затворање.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања