ТРАМП

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.14

Трамп: Путин само сака да продолжи да убива – Украина мора да се брани со „Патриот“

Американскиот претсеател Доналд Трамп изјави дека рускиот лидер Владимир Путин не покажал никаков интерес за прекин на огнот, туку напротив – сака „да оди до крај и да продолжи да убива луѓе“. Изјавата доаѓа по телефонскиот разговор кој Трамп го имал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, во кој разговарале за засилување на воздушната одбрана на Украина, вклучително и испорака на американски ракети „Патриот“.„Ќе им требаат за одбрана… силно се погодени. Тоа се навистина импресивни ракети,“ рече Трамп, опишувајќи ги системите „Патриот“ како клучни во борбата против руските напади.Иако администрацијата на САД претходно привремено стопираше некои испораки на оружје кон Киев, Трамп посочи дека е оптимист за обновување на поддршката, по „многу добриот разговор“ со Зеленски. Зеленски, пак, преку Телеграм порача дека работат на „зајакнување на капацитетот за одбрана на небото“, како и на заедничко производство и набавка на одбранбени системи.Трамп откри дека разговарал и со германскиот канцелар Фридрих Мерц за можно вклучување на Германија во испорака на „Патриот“, но одлука сè уште не е донесена.Официјален Киев предупредува дека секоја пауза во воената поддршка од Западот значи слабеење на нивната способност да се спротивстават на ескалирачките руски воздушни напади и офанзиви на фронтот.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-02-23-at-09.40.30

Маск го пофали Трамп

Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, упати јавно признание до поранешниот американски претседател Доналд Трамп за неговите напори за решавање на глобалните конфликти.„Заслуги на оној кому му припаѓаат. Доналд Трамп успешно реши неколку сериозни конфликти ширум светот“, напиша Маск на платформата X, споделувајќи објава на Трамп од Truth Social.Во објавата, Трамп тврди дека неговите претставници одржале „долг и продуктивен состанок“ со израелските претставници за ситуацијата во Газа. Според него, Израел прифатил услови за 60-дневно примирје, додека се финализира договорот со посредство на Катар и Египет. Трамп апелираше до Хамас да го прифати договорот, со порака: „Инаку, нема да биде подобро – ќе биде само полошо.“Но, пофалбата од Маск доаѓа само еден ден по нивниот нов судир — овојпат околу т.н. „Голем, прекрасен закон“ на Трамп, кој се однесува на даноците и државната потрошувачка. Маск остро го нападна законот, нарекувајќи го штетен за американската економија и обвинувајќи го дека фаворизира „застарени индустрии“.Тој дури најави можност за формирање на нова политичка партија и вети дека ќе финансира противкандидати на сите конгресмени кои ќе гласаат за законот:„Ќе ја загубат трката – дури и ако тоа биде последната работа што ќе ја направам во животот.“Трамп не остана должен. Јавно му се закани дека ќе ги укине државните субвенции за неговите компании, алудирајќи дека без нив, Маск би морал „да ги затвори фирмите и да се врати во Јужна Африка“.И покрај тензиите, најновата објава на Маск покажува дека односот меѓу двајцата е комплексен — помеѓу отворена критика и стратешко признавање.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-02-10-at-08.55.43

Маск му се заканува на Трамп, но нема моќ да го сруши?

Кога станува збор за политика, Илон Маск не се снаоѓа толку добро како во бизнисот. Иако вчера му се закани на Доналд Трамп и на републиканците како никој досега, шансите да ја реализира таа закана се мали.За време на расправата за новиот закон за буџетот, Маск објави серија пораки на платформата X. Во една од нив директно се закани со политичка одмазда: „Секој член на Конгресот што кампањата ја базираше на намалување на потрошувачката, а потоа гласаше за најголемото зголемување на долгот во историјата – треба да се срами! Ќе ја изгуби изборната трка следната година, макар тоа било последното нешто што ќе го направам во животот.“Изјавата е најостриот напад на Маск досега кон Трамп и Републиканската партија – и тоа од некој што до неодамна важеше за негов близок сојузник.Но, според анализа на CNN, Трамп нема сериозна причина за загриженост. И покрај тоа што Маск успеа да ја трансформира автомобилската и вселенската индустрија, ништо не укажува дека може истото да го направи со Републиканската партија.Маск, кој кратко време беше именуван од Трамп на чело на Одделот за ефикасност на владата, сега најавува политички отпор: сака да финансира предизвикувачи на сите републиканци кои го поддржале контроверзниот закон и размислува за основање своја партија – America Party.Иако има ресурси за тоа – Маск вложил околу 300 милиони долари во политички кампањи, вклучително и во кампањата на Трамп – неговото влијание во партијата е ограничено. Како сопственик на X, може да води онлајн кампањи против републиканци, но досега се воздржувал од директна конфронтација со Трамп.Во исто време, Маск го губи теренот и меѓу гласачите. Неговиот најгласен политички обид – поддршката за конзервативен кандидат на изборите за Врховниот суд во Висконсин – заврши со пораз. Според CNN, резултатот можеби би бил подобар да не се вмешал.Главната пречка за Маск, според политички аналитичари, е што нема сопствена политичка база. Трамп веќе десет години ја доминира Републиканската партија и има силна, лојална поддршка. Дури и кога Маск беше негов најгласен сојузник, никогаш не беше централна фигура во движењето MAGA.Сега, Маск се приближува до либертаријанското крило на партијата, како сенаторот Ранд Пол, кој исто така гласаше против законот. Но, како што потсетува CNN, ваквиот курс досега не донел победа на национално ниво.Иако Маск не може да биде кандидат за претседател поради тоа што е роден надвор од САД, најави дека ќе основа своја партија доколку законот се усвои: „Ако овој луд закон помине, веќе утре ќе ја основам America Party. Оваа земја заслужува алтернатива на двопартискиот монопол.“Сепак, како што пишува CNN, трета партија во американската политика е тежок предизвик – потребно е да се скрши емоционалната и историска врска што гласачите ја имаат со двете големи партии. Единствен кој бил блиску до тоа е Рос Перо во 1992 година, кој освои 19% од гласовите, но не победи во ниту една сојузна држава.Во меѓувреме, Доналд Трамп остро возврати. Во неодамнешна изјава го нарече Маск „DOGE чудовиште што можеби ќе мора да го изеде“, алудирајќи на можноста да ја употреби извршната власт против него.Маск веќе плаќа цена за политичкиот раскол: дел од пазарот му се сврте, а акциите на неговите компании паднаа. И додека неговото влијание во технологијата останува големо – Starlink е клучен за Украина, а SpaceX за американската вселенска програма – неговата политичка моќ останува скромна.„Никој веќе не се грижи што ќе каже Илон“, изјавил неименуван висок функционер од Белата куќа за CNN.

Свет | пред 6 месеци

izrael-vojska

Израел го прифати 60-дневниот прекин на огнот; Трамп: „Прифатете ја понудата, следната ќе биде многу полоша“

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека Израел се согласил на условите за постигнување конечен договор за 60-дневен прекин на огнот во Газа, во рамки на обидите за ставање крај на војната во палестинската енклава.„Израел се согласи на потребните услови за конечен, 60-дневен прекин на огнот, за време на кој ќе работиме со сите страни за да го прекинеме воениот конфликт“, објави Трамп на социјалните мрежи.Тој додаде дека Катар и Египет, кои „работеа многу напорно на воспоставување на мир“, ќе го достават конечниот предлог.„Се надевам, за доброто на Блискиот Исток, дека Хамас ќе ја прифати понудата – бидејќи подобра нема да добијат, само полоша“, заклучи американскиот претседател.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-03-02-at-09.58.29

Трамп слави, Маск бесен: Американскиот Сенат со тесно мнозинство го изгласа законот за даноци и потрошувачка

Американскиот Сенат со тесно мнозинство го изгласа законот за даноци и потрошувачка на ТрампПо повеќе од 24 часа преговори, американскиот Сенат со резултат 50-50 го изгласа новиот закон за даноци и државна потрошувачка предложен од претседателот Доналд Трамп. Одлучувачкиот глас го даде потпретседателот Џеј Ди Венс, кој лично присуствуваше на гласањето.Иако сите демократи гласаа против законот, му се приклучија и тројца републиканци – Том Тилис, Ренд Пол и Сузан Колинс – што го доведе исходот во рамнотежа.Предлог-законот, кој ја зголемува државната задолженост за 3,3 билиони долари, ги вклучува многу од клучните политички приоритети на Трамп, меѓу кои и:кратење на финансирање за спроведување на федерални судски наредбиограничувања поврзани со имиграцијатапошироки овластувања за извршната властСега законот се враќа во Претставничкиот дом за финално одобрување.Бизнисменот Илон Маск објави анкета на платформата X во која прашува:„Треба ли да се дозволи укинување на финансирање за спроведување на судски одлуки – како дел од законот за буџет?“Иако формално насочено кон справување со нелегалната имиграција, Маск предупредува дека ваквата мерка „овозможува и други злоупотреби на претседателската власт“.Во исто време, Маск ја сподели проценката дека шансите тој да основа нова „Американска партија (America Party)“ до 2025 година скокнале на 41%.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-01-13-at-17.34.00

Маск му се закани на Трамп: ‘Ќе ве урнам, ако треба и по цена на сè!’

Се распламтува политичкиот конфликт на врвот на американската моќ: поранешниот сојузник и донатор на Доналд Трамп – милијардерот Илон Маск – му објави отворена војна на американскиот претседател. Повод е новиот закон за сечење трошоци и субвенции, кој Трамп го промовира како „голем и прекрасен закон“, а Маск го нарекува „луд и деструктивен“.Конфликтот кулминираше со заканата на Маск дека ќе ги „урне“ конгресмените кои ќе гласаат за законот – дури и ако, како што рече, тоа му биде „последното нешто што ќе го направи на Земјата“. Маск најави и формирање на нова политичка партија – „Американската партија“ – доколку законот биде усвоен.Во одговор, Трамп нападна преку Truth Social, обвинувајќи го Маск дека добил „најмногу државни субвенции од било кој човек во историјата“ и предложи неговиот Оддел за ефикасност (DOGE) да ги провери сите бенефиции што компаниите на Маск ги користеле од федералниот буџет.„Можеби без тие пари Маск ќе требаше да ја затвори својата продавница и да се врати во Јужна Африка“, напиша Трамп и додаде: „Можеби ќе треба да ги стопи своите ракети, да запре со автомобилите и да заштедиме МНОГУ пари!“Соработката меѓу двајцата – која резултираше со скоро 300 милиони долари поддршка за кампањата на Трамп – сега изгледа мртва. Расправијата ги вознемири и редовите на Републиканската партија, кои стравуваат дека овој судир може да ги чини мнозинство на изборите во 2026.Во меѓувреме, акциите на Tesla доживеаја големи флуктуации, со загуба од речиси 150 милијарди долари пазарна вредност, пред да се стабилизираат.Иако сè уште не е јасно дали Маск навистина ќе формира трета партија, конфликтот веќе ја менува политичката динамика во САД – и може да го редефинира изборниот пејзаж пред новите избори.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-14.34.06

Трамп: Србија се подготвуваше за нова војна со Косово – ја спречивме со закана за стопирање на трговијата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД успеале да спречат вооружен конфликт меѓу Србија и Косово, кој бил во подготовка на почетокот од оваа година. На прес-конференција во Белата куќа, Трамп рече дека неговата администрација реагирала навреме и му се заканила на Белград со прекин на трговските односи.„Имам пријател во Србија кој ми рече: ‘Повторно ќе одиме во војна’. Не сакам да кажам дека станува збор за Косово, но станува. Требаше да започне голема војна, но ја спречивме поради трговијата. Им реков – ние не тргуваме со оние што водат војна“, изјави Трамп од Овалната канцеларија.Изјавата беше дадена за време на заедничката прес-конференција со министрите за надворешни работи на Конго и Руанда, по потпишувањето на мировен договор меѓу двете земји со посредство на САД. Трамп ја искористи можноста да се пофали со, како што рече, „неколку светски мировни успеси“ за кратко време.„Постигнавме мир меѓу Индија и Пакистан, Израел и Иран, Конго и Руанда... и уште неколку други. Србија се подготвуваше за војна со една група – нема да кажам која – но го спречивме тоа“, додаде Трамп.Изјавата доаѓа во контекст на сè понапрегнатите односи меѓу Белград и Приштина, особено по серијата инциденти и тензии во северниот дел на Косово. Белград сè уште не се огласил официјално по повод изјавите на Трамп.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.14

Трамп со жесток одговор до Хамнеј: „Го спасив од срамна смрт, а тој лаже за победа над Израел“

Aамериканскиот претседател Доналд Трамп остро му одговори на иранскиот врховен лидер ајатолах Али Хамнеј, кој претходно ја прогласи „победата над Израел“ и го критикуваше Трамп во своето обраќање.Во објава на својата социјална мрежа Truth Social, Трамп го нарече Хамнеј „таканаречен врховен лидер“ и оцени дека изјавата за победа е „очигледна и глупава лага“.„Како човек на голема вера, не треба да лаже. Неговата земја е десеткувана, три нуклеарни постројки се уништени, и јас точно знаев каде се криеше. Не му дозволив на Израел или на нашите вооружени сили – најмоќни во светот – да му го одземат животот. Го спасив од многу гадна и срамна смрт“, напиша Трамп.Тој откри и дека, во последната фаза од војната, наложил на Израел да повлече „многу голема група авиони“ кои биле на пат кон Техеран, подготвени за масовен напад. Според него, тој напад би предизвикал огромни жртви и разурнувања.Трамп тврди дека, и покрај тоа што работел на можно олеснување на санкциите кон Иран, по негативните изјави од Техеран, веднаш ги стопирал сите такви напори.„Иран мора да се врати на патот на светскиот поредок, во спротивно ќе им биде само полошо. Секогаш се гневни, непријателски и несреќни – и погледнете каде ги доведе тоа: изгорена, разнесена земја, без иднина, десеткована војска, катастрофална економија и смрт околу нив“, порача Трамп.На крајот, ја заврши пораката со повик за мир:„Сакам иранското раководство да сфати – со мед често ќе добиеш повеќе отколку со оцет. Мир.“

Свет | пред 7 месеци

tramp-telefon

„Trump T1“ не е „Made in USA“ – и покрај ветувањата, телефонот не се произведува во Америка

Иако американскиот претседател Доналд Трамп уште пред неколку години го повика директорот на Apple, Тим Кук, да ги произведува iPhone телефоните во САД, телефонот што го носи неговото име – „Trump T1“ – не е произведен во Америка, и покрај сличните најави.Уредот чини 499 долари, но според повеќето аналитичари, таа цена е невозможна доколку телефонот навистина се изработува во САД. За споредба, „Liberty Phone“ од компанијата Purism, кој е единствениот познат мобилен телефон што навистина се склопува на американско тло, чини дури 2.000 долари – со послаби карактеристики од iPhone и ограничен број достапни апликации.Првично, на веб-страницата на Trump Mobile стоеше дека уредот е „Made in America“, но таа формулација е тивко променета. Сега се користат изрази како „донесен на свет токму овде, во САД“ и „гордо американски“, без да се наведува конкретна земја на производство.Иако од тимот на Трамп велат дека има силна желба телефонот да се прави во домашни фабрики, реалноста покажува дека тоа нема да се случи толку брзо. Само за пример – на Purism ѝ беа потребни шест години за да го доведе Liberty Phone од идеја до производ.За сега, „Trump T1“ е уште еден симболичен, но не и домашен технолошки производ.

Магазин | пред 7 месеци

Screenshot-2025-02-28-at-19.24.38

Трамп по состанокот со Зеленски: „Можно е Путин да има амбиции надвор од Украина“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно Владимир Путин да има територијални амбиции и надвор од Украина, но додаде дека рускиот лидер сака крај на војната.„Тоа е хаос за него. Мислам дека сака да излезе од сето тоа“, рече Трамп на самитот на НАТО во Хаг, одговарајќи на новинарско прашање.Трамп додаде дека е изненаден од однесувањето на Путин и верува дека „бил заведен“, очекувајќи конфликтот да се реши многу порано. Тој спомена неколку конфликти кои, според него, САД успешно ги решиле, вклучувајќи го и неодамнешниот судир меѓу Индија и Пакистан.На маргините на самитот, Трамп се сретна и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. По состанокот, Зеленски објави дека разговорот бил „содржаен“ и посветен на можностите за прекин на огнот и постигнување праведен мир. Двајцата разговарале и за начините на заштита на украинскиот народ.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.25

Трамп ја предупреди Шпанија: „Ќе платат двојно ако не зголемат трошење за одбрана“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја принуди Шпанија да го зголеми буџетот за одбрана, откако Мадрид соопшти дека нема намера да ги следи новите цели на НАТО за трошоци од 5% од БДП до 2035 година. Наместо тоа, Шпанија сака да остане на сегашното ниво од околу 2,1%.„Го сакаат американскиот пазар, а немаат намера да инвестираат во сопствената безбедност. Ќе платат двојно преку трговски договор. Сериозен сум“, изјави Трамп во пресрет на самитот на НАТО во Хаг.На самитот, лидерите на 32 земји-членки усвоија декларација со која се обврзуваат на нова цел: 5% од БДП за одбрана, од кои 3,5% за воени капацитети и 1,5% за критична инфраструктура, иновации и поддршка на Украина.Шпанскиот премиер Педро Санчес порача дека Шпанија останува посветена на НАТО, но ќе ги исполнува обврските „на свој начин“, бранејќи ја одлуката да не го прифати новото зголемување на трошоците. Трамп тоа го оцени како „проблем“ и „неправедност кон останатите членки“.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.14

Трамп одбил помош од Путин за Иран: „Ми треба помош со тебе, не со Иран“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неодамна, во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, одбил понуда за соработка околу ескалацијата меѓу Израел и Иран – враќајќи го фокусот на, според него, поважниот конфликт: војната во Украина.„Путин ми се јави и рече: ‘Можам ли да ти помогнам со Иран?’. Му одговорив: ‘Не, не ми треба помош со Иран. Ми треба помош со тебе’“, изјави Трамп пред поаѓање на самитот на НАТО во Холандија, пренесе Fox News, а потоа и Newsweek.Трамп, кој повторно се врати во Белата куќа со ветување за брзо постигнување мир во Украина, повторно ја истакна својата фрустрација од двете страни, поради, како што рече, бавните и неуспешни мировни преговори. Според него, „огромниот човечки и финансиски товар за американските даночни обврзници е неподнослив“.„Шест илјади војници загинаа минатата недела. Тоа е трагедија“, додаде Трамп.За Киев и европските сојузници, неговата изјава е сигнал на загриженост. Тие очекуваат Трамп да го засили притисокот врз Путин преку поголема воена поддршка и нови санкции. Но, Трамп смета дека очекувањата од Украина се „нереални“, а барањата – несоодветни на реалната состојба на боиштето, каде што Русија во моментов напредува.Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој исто така присуствува на самитот во Хаг, се надева на обезбедување нова воена помош и договор меѓу членките на НАТО за одвојување најмалку 5% од БДП за одбрана.Според аналитичарите, дел од воената поддршка што ја одобри администрацијата на Џо Бајден наскоро ќе истече, а останува неизвесно дали Трамп ќе биде подготвен да ја продолжи или засили. Во меѓувреме, неговиот имиџ на „глобален мировник“, како што самиот се нарекува, останува на тест.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.25

Трамп: Не верувам дека некогаш повторно ќе пукаат едни во други

Кога го прашаа колку долго ќе трае прекинот на огнот, американскиот претседател му рече на новинар на NBC: „Мислам дека е неопределено примирје. Ќе трае засекогаш“.Тој го поздрави прекинот на огнот како „одличен ден за Америка“ и „одличен ден за Блискиот Исток“. „Многу сум среќен што ја завршив работата“, додаде тој.„Многу луѓе умираа, а тоа само ќе се влоши. Ќе го сруши целиот Блиски Исток“, рече тој.Кога го прашаа дали војната е целосно завршена, тој одговори: „Да. Не верувам дека некогаш повторно ќе пукаат едни во други“.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-17.55.24

Иранската државна телевизија: Трамп „молел“ за прекин на огнот

Иранските државни медиуми објавија дека американскиот претседател Доналд Трамп побарал прекин на огнот по, како што го нарекоа, „успешниот воен одговор“ на Техеран на американската агресија. Според иранската државна телевизија, прекинот на огнот бил „наметнат“ на Израел поради жестоката реакција на Иран.Информацијата доаѓа еден ден по нападот на Иран врз американска воена база во Катар, кој беше одговор на претходните американски напади врз ирански нуклеарни објекти. Иранската телевизија тврди дека барањето на Трамп за примирје „личело на молење“, пренесува Sky News.Од друга страна, Трамп понуди сосема различна верзија на настаните. На својата платформа Truth Social, тој напиша дека речиси истовремено му се обратиле и од Израел и од Иран со пораката: „мир“. „Во тој момент знаев дека е време за прекин“, додаде Трамп.Официјалната потврда за деталите на договорот сè уште се очекува.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-17.56.02

Трамп објави прекин на огнот меѓу Израел и Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот вечерта објави дека Израел и Иран постигнале договор за целосен прекин на огнот, со надеж дека тој ќе стане траен.„Целосен и вкупен ПРЕКИН НА ОГНОТ е целосно договорен меѓу Израел и Иран (во рок од приближно 6 часа, кога ќе ги завршат и последните мисии што се во тек!), и ќе трае 12 часа, по што ВОЈНАТА ќе се смета за ЗАВРШЕНА,“ напиша Трамп на социјалните мрежи.Овој потег доаѓа по денови интензивни напади и сериозни тензии на Блискиот Исток, со ризик од проширување на конфликтот. Трамп не даде дополнителни детали за тоа како е постигнат договорот или дали е посредуван од САД.

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања