ТРАМП

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.14

Трамп: Не сум добил барање за помилување на Гилејн Максвел – ништо не знам за тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не добил никакво барање за помилување на Гилејн Максвел, поранешната соработничка на Џефри Епштајн, која моментално издржува 20-годишна затворска казна поради учество во сексуално злоставување на малолетнички.„Имам овластување да ја помилувам, но никој не ми побарал да го направам тоа“, рече Трамп во интервју за Newsmax. „Не знам ништо за случајот.“Изјавата доаѓа откако Максвел неодамна беше преместена во затвор со минимални безбедносни услови во Тексас, една недела по состанокот со заменик-државниот обвинител Тод Бланш. Тој, според информации, разговарал со неа за други можни лица вмешани во злосторствата на Епштајн.Преместувањето на Максвел ја поттикна јавноста и дел од конзервативната база на Трамп, како и демократите во Конгресот, да бараат поголема транспарентност од Министерството за правда, особено околу потенцијалните нови инволвирани личности и тајните документи од истрагата.Максвел е прогласена за виновна во 2021 година за регрутирање девојки за сексуална злоупотреба од страна на Епштајн. Таа се изјасни за невина и побара од Врховниот суд да ја поништи пресудата. Нејзините адвокати изјавија дека таа би го поздравила евентуалното помилување од Трамп, но не е поднесено официјално барање.Епштајн, кој се изјасни за невин, беше пронајден мртов во својата ќелија во Њујорк во 2019 година, додека чекаше судење за трговија со луѓе и сексуално искористување. Американските власти сега бараат дозвола за објавување на сведочењата пред големата порота, кои би можеле да откријат нови детали за мрежата на злоупотреба и соработниците на Епштајн.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.25

Трамп му се закани на човекот на Путин: „Кажете му на пропаднатиот поранешен претседател на Русија да внимава што зборува!“

Американскиот претседател Доналд Трамп упати остра порака до Дмитриј Медведев, поранешен претседател и еден од блиските соработници на Владимир Путин, обвинувајќи го за „опасна реторика“ во контекст на влошените односи меѓу САД, Русија и Индија.„Кажете му на Медведев, пропаднатиот поранешен претседател на Русија, кој мисли дека сè уште е претседател, да внимава што зборува. Влегува на многу опасна територија!“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, откако Медведев му возврати со жестока порака за неговата надворешна политика.Изјавата на Трамп доаѓа во време кога САД најавија нови царини за Индија поради нејзините блиски односи со Русија, вклучително и набавка на руско оружје и енергенси. Напнатоста дополнително ескалираше со предупредувањата кон Москва за рокови поврзани со војната во Украина.Медведев му возврати преку платформата X (поранешен Twitter), оценувајќи дека ултиматумите на Трамп не се закана само за Русија, туку и за САД: „Не оди по патот на Поспаниот Џо“, му порача, алудирајќи на Џо Бајден.Реториката меѓу поранешните и актуелните светски лидери повторно ги вжештува тензиите во нестабилен геополитички момент.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.14

Трамп пристигна во Европа: „Се случува страшна инвазија, ќе исчезнете“

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Шкотска во рамки на четиридневна посета на Европа, при што повторно ги шокираше европските лидери со остри коментари за миграцијата, политиката за енергија и иднината на континентот.Иако посетата е неофицијално најавена како приватна и во голем дел поврзана со голф, Трамп веднаш по слетувањето на аеродромот Прествик во Аиршир, изјави дека „Европа е под закана од ужасна инвазија на илегални мигранти“.„Соберете се. Ако дозволите ова да се случува, веќе нема да имате Европа. Оваа инвазија ја убива Европа,“ порача Трамп, додавајќи дека „некои европски лидери кои не дозволија вакво нешто, не добија доволно признание“.Трамп истовремено ја пофали британската премиерка Киер Стармер како „добар човек“ и истакна дека неодамнешниот трговски договор меѓу Велика Британија и САД е „добар потег за Обединетото Кралство“. Очекувањата се дека токму оваа тема ќе доминира на нивната средба.Американскиот претседател остро ја критикуваше употребата на ветерни турбини низ Европа, нарекувајќи ги „уништувачи на убавината на континентот“.„Запрете ги ветерниците. Уништувате прекрасни полиња и долини, а птиците ги убивате. Жалосно е да се лета над Европа и да се гледаат тие чуда од грдотија,“ рече Трамп.По слетувањето се упати кон својот голф-терен Трнбери, кој го купи во 2014 година. Дел од неговата турнеја вклучува и отворање на нов терен во Абeрдиншир. Тој откри дека холивудскиот актер Шон Конери му помогнал во добивањето на дозволите.„Без Шон Конери, немаше да ги имаме овие величествени терени,“ рече Трамп.Покрај европските теми, Трамп беше прашан и за новата политичка бура во САД околу документите поврзани со Џефри Епстајн. Тој одговори остро:„Правите врева од ништо. Јас сум фокусиран на договори, не на теории на заговор,“ рече, одбивајќи да одговори дали би ја помилувал Гислејн Максвел, соработничка на Епстајн.Неговата посета предизвика и серија протести низ Шкотска. Групата „Стоп Трамп Шкотска“ најави демонстрации во Единбург, Абердин и Дамфрис, а според анкетите, околу 70% од Шкотите имаат негативно мислење за Трамп.„Доаѓа поради голф, зошто тоа да не си го плати сам?“ праша една демонстрантка во Единбург.Иако посетата е приватна, трошоците за обезбедување се значајни. За посетата во 2018 година беа потрошени над 14 милиони фунти, од кои повеќе од 3 милиони само за дводневниот престој во Трнбери.Полицијата на Шкотска не открива колку сили ќе бидат ангажирани поради „оперативни причини“, но најавуваат масовна операција со поддршка од британските служби.Премиерот на Шкотска, Џон Свини, изјави дека посетата нема да влијае на функционирањето на полицијата, но генералниот секретар на Шкотската полициска федерација, Дејвид Кенеди, не се согласи:„Ова влијае на нашите ресурси. Секако дека сакаме претседателот на САД да може да ја посети Шкотска, но моменталната состојба со бројот на полицајци е сериозен проблем,“ рече Кенеди.

Свет | пред 6 месеци

koka-kola

Трамп го враќа вистинскиот шеќер во Кока-Кола, бил подобар од сирупот од пченка

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Кока-кола се согласила да користи вистински шеќер од трска во своите пијалаци во Америка.Кока-кола става пченкарен сируп во своите американски производи, но министерот за здравство Роберт Кенеди Џуниор бил загрижен за неговото влијание врз здравјето.„Зборував со компанијата за користењето на вистински шеќер во кока-колата во САД и тие се согласија.Ќе видите, сега ќе биде подобра. Би сакал да им се заблагодарам на сите надлежни во компанијата“, порача Трамп.Од друга страна портпаролот на Кока-кола кажа дека го ценат ентузијазмот на Доналд Трамп и наскоро ќе споделат детали за новите иновативни понуди за производи, не прецизирајќи ја конечната одлука.Инаку кока- колата која се продава во САД обично е засладена со сируп од пченка, а во други земји, како што се Мексико, Велика Британија и Австралија се користи шеќер од трска.Во април, извршниот директор на Кока-кола, Џејмс Квинси, им рече на инвеститорите дека продолжуваат со намалувањето на шеќерот во своите пијалаци.Шеќерот од трска престана да се користи во производството на храна пред околу 40 години, кога тогашниот претседател Роналд Реган стави ограничување на увозот на шеќер, зголемувајќи ја цената на домашниот шеќер.Трамп редовно пие диетална кока-кола, за која се користи вештачки засладувач аспартам.

Свет | пред 6 месеци

tramp-modrici

На Трамп му е дијагностицирана хронична венска инсуфициенција – модринки од ракување и аспирин

Американскиот претседател Доналд Трамп страда од хронична венска инсуфициенција, објави Белата куќа откако се појавија фотографии на кои се гледаат модринки во раката и отечени нозе. Веста беше потврдена вчера, по неколкудневни шпекулации за неговата здравствена состојба.Според портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, Трамп неодамна имал оток на нозете и бил подложен на опсежен преглед што вклучувал васкуларни тестови. Лекарите откриле дека вените во неговите нозе не успеваат ефикасно да ја вратат крвта во срцето, предизвикувајќи таа да се собира во долните екстремитети и да предизвика оток.„Модринките на Трамп се од ракување и аспирин“Ливит, исто така, изјави дека модринката на раката на претседателот е резултат на оштетување на ткивото предизвикано од чести ракувања, дополнително засилено од ефектите на аспиринот, кој тој го зема како дел од превенцијата од кардиоваскуларни заболувања.„Нема докази за длабока венска тромбоза или артериска болест, а сите наоди се во нормални граници“, се вели во соопштението на Белата куќа. Лекарот на претседателот, Шон Барбабела, рече дека станува збор за „бенигна и честа состојба“, особено кај луѓе над 70 години.Без срцева слабост, бубрежна слабост или системски заболувањаДополнителното тестирање исклучи знаци на срцева слабост, оштетување на бубрезите или системска болест. „Претседателот е во одлична здравствена состојба во целина“, заклучи д-р Барбабела.На 13 јули, Трамп беше виден со отечени стапала на натпревар во Њу Џерси, а неколку дена подоцна модринка на неговата рака беше забележлива за време на состанокот со премиерот на Бахреин, Салман бин Хамад бин Иса Ал Калифа, во Белата куќа. Слична модринка на неговата рака беше забележана во февруари, кога се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон.Трамп, кој имаше 78 години и седум месеци на почетокот на својот втор мандат, е најстариот претседател во историјата на Соединетите Американски Држави. Во извештајот по годишниот систематски преглед во април, д-р. Барбабела напиша дека Трамп „покажува когнитивно и физичко здравје“.Што е хронична венска инсуфициенција?Тоа е нарушување при кое вените и залистоците во нозете не успеваат правилно да ја туркаат крвта кон срцето. „Кога овие залистоци не работат правилно, крвта тече назад надолу наместо нагоре кон срцето“, објасни д-р Мерил Логан од Универзитетот во Тексас за Би-Би-Си.Д-р Метју Едвардс од Универзитетот Вејк Форест додаде дека состојбата е честа кај постарите лица. „Би рекол дека помеѓу 10 и 35 проценти од луѓето на таа возраст го имаат“, рече Едвардс. Факторите на ризик вклучуваат прекумерна тежина, историја на згрутчување на крвта и занимања што бараат продолжено стоење.Состојбата се контролира со чорапи и подигнување на нозетеЕкспертите препорачуваат носење медицински компресивни чорапи и подигнување на нозете навечер. „Исто така, им советувам на пациентите секојдневно да нанесуваат хидратантна крема на стапалата и да ги контролираат другите ризици, како што е дебелината“, рече д-р Логан.Иако венската инсуфициенција се однесува исклучиво на долниот дел од телото, модринките на рацете предизвикаа дополнителна загриженост. Но, лекарите тврдат дека во овој случај тие се поврзани со земање аспирин и често ракување.„Сите стануваме посклони кон модринки како што старееме, а ова е особено точно за луѓето кои земаат аспирин и други лекови за разредување на крвта“, вели д-р Едвардс. „Ако некој ти ја стисне раката доволно силно, може да добиеш модринка. Мора да биде прилично силно стискање.“фото: Х

Свет | пред 6 месеци

koka-kola

Бел шеќер во популарната кока-кола, рецепт по желба на Трамп: Компанијата ја враќа оваа состојка во пијалокот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека компанијата Кока-Кола се согласила да користи „вистински шеќер од трска“ како засладувач во своите пијалоци што се продаваат во САД, по неговиот разговор со компанијата.„Разговарав со Кока-Кола за употреба на вистински шеќер од трска во Кока-Кола во САД и тие се согласија да го сторат тоа. Би сакал да им се заблагодарам на сите што се на власт во Кока-Кола“, рече Доналд Трамп преку социјалната мрежа Truth Social.Портпаролот на „Кока-Кола“ изјави дека компанијата со седиште во Атланта наскоро ќе сподели детали за новите понуди и дека го цени ентузијазмот на Трамп за нивниот производ.Кока-колата што се продава во САД обично се засладува со сируп од пченка со висока содржина на фруктоза, додека во други земји, вклучувајќи го Мексико и делови од Европа, често се користи шеќер од трска.Иницијативата на администрацијата на Трамп „Да ја направиме Америка повторно здрава“ (MAHA) е усогласена со здравствените политики промовирани од секретарот за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор, кои имаат за цел да ги охрабрат прехранбените компании да ги отстранат состојките како што се вештачките бои од своите производи.Кенеди претходно ја критикуваше и високата консумација на шеќер во американската исхрана и најави дека новите упатства за исхрана, кои треба да бидат објавени ова лето, ќе препорачаат Американците да јадат „цела храна“.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.25

Трамп: Сум разочаран од Путин, но сè уште не сум завршил со него

Доналд Трамп изјави дека е разочаран, но „сè уште не е готов“ со рускиот претседател Владимир Путин, во ексклузивен телефонски разговор за BBC. Интервјуто го даде неколку часа откако објави план за испорака на оружје за Украина и нови царини за Русија ако не се постигне примирје во рок од 50 дена.„Речиси на никого не му верувам“, рече Трамп, одговарајќи на прашањето дали му верува на Путин.Американскиот претседател, во интервју од Овалната соба, исто така изјави дека ја поддржува НАТО, иако претходно ја нарекуваше „застарена организација“. Сега вели дека Алијансата „сама си ги покрива трошоците“ и го поддржува принципот на заедничка одбрана.Разговорот се одржал по иницијатива на BBC, како дел од подготовките за големо интервју по повод една година од обидот за атентат врз Трамп во Батлер, Пенсилванија. Повикот траел 20 минути.Прашан дали тој настан го променил, Трамп одговори: „Не сакам да мислам на тоа. Ако размислувам премногу, тоа може да го промени животот.“Голем дел од интервјуто бил посветен на Русија. „Четири пати мислев дека сме блиску до договор, и секојпат нешто ќе се случи,“ рече тој.На прашањето како ќе го натера Путин да го запре крвопролевањето, Трамп одговори со карактеристична иронија:„Ќе му кажам: ‘Добро, блиску сме до договор,’ а потоа тој ќе сруши некоја зграда во Киев.“За НАТО, изјави дека Алијансата сега „е спротивното од застарена“, бидејќи, според него, „сами си плаќаат“.На прашање за иднината на Обединетото Кралство, Трамп рече дека тоа е „одлично место – знаете, имам недвижности таму“.Потврди дека во септември ќе го посети Обединетото Кралство, што ќе биде негов втор државен престој таму – реткост за американски претседател.„Сакам добро да се поминам и да изразам почит кон кралот Чарлс, затоа што тој е вистински господин“, изјави Трамп.

Свет | пред 6 месеци

IMG_9705

Американскиот Сенат: Пропусти во Тајната служба доведоа до обидот за атентат врз Трамп

Серија сериозни пропусти и неусогласености во работата на американската Тајна служба придонеле за обидот за атентат врз Доналд Трамп што се случи на 13 јули 2024 година, се наведува во извештајот на Сенатскиот Комитет за домашна безбедност и владини работи.Инцидентот се случи за време на предизборен митинг во Батлер, Пенсилванија, кога вооружен напаѓач отвори оган кон поранешниот претседател Трамп. Куршум го погодил неговото уво, а во нападот беше убиен еден присутен, додека двајца други беа тешко ранети.Напаѓачот беше неутрализиран од страна на безбедносните сили.Извештајот, кој беше објавен вчера, укажува на сериозни слабости во комуникацијата и одлучувањето на Тајната служба (USSS), опишани како „вознемирувачки образец на небрежност што довел до трагедија која можела да се избегне“, пренесува агенцијата ДПА.Комитетот посочува дека USSS одбила барања за дополнителен персонал и ресурси неопходни за заштита на Трамп.„Она што се случи во Батлер не беше само трагедија – тоа беше скандал“, изјави претседателот на Комитетот, сенаторот Ренд Пол од Кентаки.Тој остро го критикуваше и отсуството на одговорност по настанот:„Тоа е неприфатливо. Не станува збор само за еден безбедносен пропуст. Ова беше системски колапс – резултат на бирократска рамнодушност, недостаток на јасни протоколи и шокантно игнорирање на директни закани,“ рече Пол.Извештајот предизвика големо внимание во јавноста и постави прашања за безбедносните процедури и способноста на институциите да се справат со слични ризици во иднина.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.15.54

Трамп најави „голема изјава“ за Русија – се подготвува нова стратегија?

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе даде „голема изјава“ поврзана со Русија, најави за NBC News, без да открие детали за што точно ќе стане збор.„Ова е шоуто на Трамп“, коментира дописникот на Sky News, Марк Стоун. „Тој го води темпото, менува насоки кога сака, и може неочекувано да преземе сосема поинаков курс по кој било прашање.“Во последните недели, Трамп сè почесто јавно ја изразува својата фрустрација поради одбивањето на рускиот претседател Владимир Путин да прифати прекин на огнот во Украина.Порталот Axios претходно објави дека Трамп разгледува опција за објавување нов пакет воена помош за Украина – што би претставувало значителен пресврт во неговиот пристап.Денешната „голема изјава“ можеби е поврзана со евентуален договор за испорака на оружје, со оглед на тоа што денеска во Вашингтон престојуваат холандскиот премиер Марк Руте и германскиот министер за одбрана.Во меѓувреме, во американскиот Конгрес се пробива и нов предлог-закон за проширување на санкциите против Русија, кој оваа недела доби дополнителна политичка поддршка.Се очекува дали Трамп ќе застане зад новите санкции или ќе ја користи изјавата за да претстави алтернативна стратегија за Москва и Киев.

Свет | пред 6 месеци

tramp-putin

Путин до Трамп: Русија ќе ја засили офанзивата во источна Украина за 60 дена

Рускиот претседател Владимир Путин му порачал на Доналд Трамп дека Русија планира да ја засили воената офанзива на истокот од Украина во рок од 60 дена, објави „Axios“ на 14 јули, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со содржината на телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери на почетокот од месецов.Разговорот се одржал на 3 јули, а според истите извори, Путин најавил дека руската офанзива ќе продолжи сè додека Москва не воспостави целосна територијална контрола врз окупираните украински региони. „Тој сака сè да преземе“, рекол Трамп на францускиот претседател Емануел Макрон по разговорот со Путин, пренесува „Kyiv Independent“.Овие информации доаѓаат во време кога руските сили го засилуваат притисокот во Доњецката област и се обидуваат да ја пробијат украинската одбрана во правец на Дњепропетровск – регион кој досега беше поштеден од поголеми офанзиви.Во моментов, Москва контролира околу 20 отсто од територијата на Украина, вклучувајќи речиси цела Луганска област, две третини од Доњецка, како и делови од Запорижка и Херсонска област. Руските власти во 2022 година прогласија анексија на овие територии по спроведување лажни референдуми, кои не се признати од меѓународната заедница.Во меѓувреме, на 14 јули, Трамп најави дека ќе испрати дополнителни ракетни системи Patriot за противвоздушна одбрана во Киев – што би бил прв воен пакет за Украина од негова администрација, а не од претходната на Џо Бајден. Со тоа, потенцијално се најавува пресврт во ставот на Трамп, кој досега повикуваше на преговори со Путин, а сега почнува поактивно да ги поддржува украинските одбранбени капацитети.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.25

Трамп до своите: Престанете со напади, имаме совршена администрација

Aмериканскиot претседател Доналд Трамп ги повика своите поддржувачи да престанат да ја напаѓаат неговата администрација поради новите податоци поврзани со случајот Џефри Епстин. Коментарите на Трамп доаѓаат откако Министерството за правда и ФБИ објавија дека нема докази за т.н. „список на клиенти“ или за уцени од страна на озлогласениот финансиски измамник и сексуален престапник.Во документите, исто така, се потврдува дека Епстин извршил самоубиство во затвор во 2019 година, отфрлајќи ги бројните теории на заговор за негово убиство. Оваа информација предизвика силни реакции меѓу дел од крајната десница и MAGA поддржувачите, кои со години инсистираат дека „длабоката држава“ ги крие вистинските виновници од елитата.„Што им е на моите луѓе?! Напаѓаат фантастична личност како Пам Бонди! Ние сме еден MAGA тим! Имаме совршена администрација, за која зборува светот!“, напиша Трамп на својата мрежа Truth Social.Тој додаде дека целата хистерија околу Епстин е „демократска измама“, со цел политички поени и одвлекување внимание од „украдените избори во 2020“.„Веќе со години слушаме за Епстин. Доста е. Никого не му е гајле. Пуштете ја Пам Бонди да си ја врши работата“, повика Трамп, додавајќи дека случајот треба да се затвори, а фокусот да се пренасочи кон повторно истражување на изборите.Неговите изјави доаѓаат по внатрешна критика од влијателни десничарски фигури како Алекс Џонс, Лора Лумер и Ден Бонгино, кои тврдат дека владата ја прикрива вистината. Дел од нив дури и го повикаа Трамп да ја отпушти Бонди, нарекувајќи ја „срамота“.Иако Трамп се има појавено на видео-снимки од забави со Епстин од 90-тите, тврди дека не бил во контакт со него најмалку 18 години пред смртта и дека не биле пријатели.Во меѓувреме, директорот на ФБИ, Кеш Пател, порача дека теориите на заговор „никогаш не биле вистинити“, но тоа не ги смири најгласните гласови во MAGA движењето.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.14

(ВИДЕО) „Ќе ги бомбардирам Москва и Пекинг“: Откриена тајна снимка на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп им рекол на донаторите на приватен настан во 2024 година дека му се заканил на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе ја „бомбардира Москва“ ако ја нападне Украина, според аудио-снимка објавена од Си-Ен-Ен.„Му реков на Путин: „Ако влезеш во Украина, ќе ја бомбардирам Москва. Немам избор“, се слуша Трамп на снимка од настанот.. „И потоа тој рече: „Не ти верувам.“ Но, тој ми веруваше 10 проценти“, додаде Трамп.Американскиот претседател, исто така, тврдеше дека испратил слична порака до кинескиот претседател Си Џинпинг, предупредувајќи го дека САД ќе го бомбардираат Пекинг доколку Кина го нападне Тајван. „Мислеше дека сум луд“, рече Трамп за Си. „Но, никогаш немавме проблем.“Снимки од повеќе настани за собирање средства зад затворени врати во Њујорк и Флорида во 2024 година, добиени од новинарите Џош Дози, Тајлер Пејџер и Исак Арнсдорф, се објавени во нивната нова книга „2024“. Досега тие не се објавени во јавноста. Админситрацијата на Трамп одби да коментира за нивната содржина.

Свет | пред 6 месеци

Tramp

Трамп воопшто не е задоволен од Путин, одлучи повторно да испраќа оружје на Украина: „Мора да се бранат“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да испрати дополнително одбранбено оружје во Украина, откако неговата администрација привремено ги запре одредени испораки минатата недела.„Ќе испратиме повеќе оружје. Мораме, тие мора да бидат способни да се одбранат“, рече Трамп пред вечерата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. „Тие се силно нападнати. Ќе мора да им испратиме повеќе оружје“, додаде Трамп. „Претежно дефанзивно, но нападите се навистина тешки“, рече тој.Најновата изјава на Трамп доаѓа откако висок функционер на Белата куќа минатата недела за Си-Ен-Ен изјави дека администрацијата привремено ги запрела испораките на оружје за Украина, вклучително и ракети за воздушна одбрана. Одлуката е донесена по прегледот на воените трошоци и американската странска помош, кој го одобри министерот за одбрана Пит Хегсет. Заменик-портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, во тоа време изјави дека одлуката е донесена за да се „стават американските интереси на прво место“.Некои американски претставници сугерираа дека прегледот на помошта за Украина е делумно поврзан со напорите на Пентагон да се фокусира на Кина и да се подготви за можен иден конфликт во Пацификот, прашање што го истакна шефот за одбранбена политика Елбриџ Колби.„Министерството за одбрана продолжува да му нуди на претседателот конкретни опции за продолжување на воената помош за Украина, во согласност со неговата цел да се стави крај на оваа трагична војна. Во исто време, Министерството внимателно го разгледува и прилагодува својот пристап кон таа цел, земајќи ја предвид подготвеноста на американските сили за одбранбените приоритети поставени од администрацијата“, рече Колби во соопштението по привремената суспензија.Русија задоволна од прекинот на снабдувањетоРусија го поздрави прекинот на одредени испораки за Украина, тврдејќи, без никакви докази, дека тоа е затоа што САД повеќе немаат доволно оружје.„По наредба на претседателот Трамп, Министерството за одбрана ќе испрати дополнително одбранбено оружје во Украина за да се осигури дека украинскиот народ може да се одбрани додека работиме на постигнување траен мир“, изјави вчера портпаролот на Пентагон, Шон Парнел. „Нашата рамка за проценка на воените пратки низ целиот свет останува на сила и е клучна за нашата одбранбена политика „Америка на прво место“.САД досега се најголемиот поединечен донатор на воена помош за Украина откако Русија ја започна својата инвазија во 2022 година, снабдувајќи ја со противвоздушни системи, дронови, ракетни лансери, радари, тенкови и противтенковско оружје, што предизвикува загриженост за намалувањето на американските залихи.Трамп претходно во март ги суспендираше сите воени испораки за Украина по жестоката расправија во Овалната соба со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Околу една недела подоцна, тој повторно го одобри продолжувањето на помошта.Зголемување на руските нападиОдлуката за испраќање дополнително оружје доаѓа откако Трамп разговараше одделно со рускиот претседател Владимир Путин и Зеленски минатата недела. По разговорот, тој рече дека разговорот со Путин бил разочарувачки и дека „немало напредок“ кон примирје.Во меѓувреме, Зеленски во последните недели постојано бара од западните сојузници да ја зајакнат воздушната одбрана на Украина по сè поинтензивните руски воздушни напади. Русија лансираше рекорден број беспилотни летала врз Украина во петокот вечерта, само неколку часа по средбата на Трамп со Путин.Трамп изјави дека САД го разгледуваат барањето на Украина за дополнителни системи за воздушна одбрана „Патриот“ по, како што рече, „многу добар“ телефонски разговор со Зеленски. Украинскиот претседател во саботата изјави дека тоа бил неговиот најдобар и „најпродуктивен“ разговор со Трамп досега.Трамп вчера повторно го изрази своето незадоволство од рускиот претседател, велејќи: „Воопшто не сум задоволен од претседателот Путин“.

Свет | пред 6 месеци

1681115444_zelenski

Зеленски: Разговорот со Трамп беше најпродуктивен досега – „Патриот“ ракетите клучни за одбраната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговиот последен разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, одржан оваа недела, бил најдобар и најпродуктивен досега.„Што се однесува до разговорот со претседателот на САД, кој се одржа ден претходно, тоа беше веројатно најдобриот разговор што сме го имале досега – најпродуктивен“, рече Зеленски во своето редовно видеообраќање во саботата навечер.Зеленски истакна дека главна тема биле прашањата за воздушна одбрана и се заблагодари за подготвеноста на Трамп да помогне, посочувајќи дека американскиот систем „Патриот“ е од клучно значење за заштита од балистички закани.Двајцата лидери разговарале и за „неколку други важни прашања“ кои, според Зеленски, ќе бидат разгледани на претстојните состаноци на официјалните делегации.Претседателот Трамп, пак, за време на обраќање пред новинари во петокот изјави дека имал „добар разговор“ со Зеленски, но повторно ја изрази неговата разочараност од телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, кој, според него, не покажал подготвеност да работи на прекин на огнот.На прашање дали САД ќе испорачаат дополнителни системи „Патриот“, како што побара Украина, Трамп одговори: „Ќе им требаат за одбрана... ги гаѓаат доста жестоко.“Во меѓувреме, Русија ги засили воздушните напади врз Киев и други украински градови, а само ден по повикот на Трамп до Путин, руските сили извршија најголем напад со дронови врз главниот град од почетокот на војната.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-02-23-at-09.40.30

Елон Маск ја основа „Американската партија“ – отворен судир со Трамп поради фискалната политика

Само ден по анкета на платформата X во која ги праша следбениците дали САД имаат потреба од нова политичка партија, Елон Маск објави дека ја основал „Американската партија“, со цел – како што наведува – „да им ја врати слободата на граѓаните“.„Во сооднос 2:1 рековте дека сакате нова партија – и ќе ја добиете. Денес е основана Американската партија!“, напиша Маск на X. Овој потег доаѓа во момент на отворен конфликт со Доналд Трамп, со кого до неодамна беше во близок сојуз. Причина за разидувањето е новиот закон за намалување на даноци и државна потрошувачка, кој Трамп го потпиша во петокот и кој Маск жестоко го критикуваше, тврдејќи дека ќе ја доведе Америка до банкрот.Маск, кој досега вложи стотици милиони во кампањата за реизбор на Трамп, најави дека ќе ја користи својата моќ и капитал за да се бори против конгресмени кои го поддржале законот. Тој водеше и Оддел за владина ефикасност под администрацијата на Трамп.На прашање зошто од поддржувач станал критичар, Маск на X одговори:„Зголемувањето на буџетскиот дефицит од веќе лудите 2 трилиони долари под Бајден, на 2,5 трилиони. Тоа води кон банкрот.“Конфликтот ескалираше откако Трамп запрети со укинување на федералните субвенции што ги добиваат компаниите на Маск, како Tesla и SpaceX. Спорот се одрази и на берзата – акциите на Tesla, кои во декември достигнаа врв од 488 долари, во април загубија над половина од вредноста, а минатата недела се затворија на 315,35 долари.Во редовите на Републиканската партија расте загриженоста дека судирот меѓу Маск и Трамп би можел да ги загрози шансите за зачувување на мнозинството во Конгресот на изборите во 2026 година.И покрај неговиот финансиски капацитет и влијание, аналитичарите предупредуваат дека разбивањето на двопартискиот политички систем во САД е речиси невозможна мисија, бидејќи демократско-републиканската доминација трае повеќе од 160 години. Сепак, појавата на Маск како политички актер со сопствена партија може да донесе нови пресврти во веќе поларизираната американска политика.

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања