ТРУБАРЕВО

kaja-shukova

Шукова: Жителите на Трубарево се оставени сами да се справуваат со последиците од пожарот

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, на денешната прес-конференција оцени дека жителите на Трубарево се оставени сами да се справуваат со последиците од опасниот пожар што избувна во саботата. Таа посочи дека граѓаните сè уште немаат информација какви токсини вдишувале и дали е безбедно да се движат надвор.Шукова додаде дека одлуката децата од Трубарево да следат онлајн-настава создава уште поголема збунетост, бидејќи не нуди одговор колку е загаден воздухот и каква е реалната опасност по нивното здравје и еколошка безбедност. Наместо брзи и ефикасни мерки за заштита на населението, според неа, институциите на локално ниво покажале целосна неодговорност и потфрлање.Таа нагласи дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ немаат утврден протокол за справување со еколошки хаварии. Според неа, и локалната и централната власт реагирале дури по силен притисок од јавноста и медиумите. „Не беше јасно кој носи одлуки – општината, градот или централната власт, но откако жителите на Трубарево се изнадишаа токсичен чад, вечерта сите се појавија за да се сликаат“, рече Шукова.Во врска со присуството на градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, таа праша во кое својство бил во Трубарево. „Јавноста не виде како помогнал во справувањето со еколошката катастрофа, но сите видоа дека дошол на сликање“, истакна таа.Шукова потсети дека Град Скопје и Општина Гази Баба биле првите што имале обврска да реагираат, но нивната пасивност и незаинтересираност, како што рече, најдобро ја отсликува неспособноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ да се справи со кризни ситуации.„Опасните пожари од депониите веќе не се проблем само на една општина, туку проблем на целиот град. Повеќе не смее да се чека, населението мора да биде заштитено. Јас кажав дека имам план – и краткорочни и долгорочни мерки за решавање на депониите и отпадот. Ова не е политика, туку конкретни чекори што мора веднаш да се спроведат за Скопје да стане поздрава и побезбедна средина за сите жители“, изјави Шукова.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-15.46.16

Влен: Нуредини ја издал дозволата за складиштето со електронски отпад во Трубарево

Влен тврди дека поранешниот министер за животна средина Насер Нуредини е тој што ја потпишал дозволата за работа на ризичното складиште за електронски отпад во Трубарево, кое се наоѓа во густо населено подрачје веднаш до Скопје. Од партијата додаваат дека министерот бил личен избор на Али Ахмети и близок пријател на Бујар Османи.„ДУИ 20 години ја контролираше екологијата во земјава. Во тој период создадоа депонии во центарот на Тетово, Кичево, веднаш до Струга и десетици низ Скопје. Наместо решенија, ни оставија загадена и токсична животна средина“, велат од Влен.Тие обвинуваат дека и јавното претпријатие задолжено за отпадот во Скопје е под капата на ДУИ, со директор избран од нивните редови. „Фактот што денес Скопје се гуши во чад и отрови е директна последица на нивното партиско владеење и нефункционалноста на институциите под нивна контрола“, стои во реакцијата.Во партијата нагласуваат дека додека граѓаните живеат во загаден воздух и труена почва, функционерите на ДУИ вложувале во трговски центри, фотоволтаици и нафтени бизниси. „ДУИ нема кредибилитет да зборува за екологија – тие се симбол за партизација, корупција и урбан хаос“, додаваат од Влен.Тие потсетуваат дека на 19 октомври граѓаните ќе имаат можност да ја прекинат оваа политика и да изберат власт која ќе ја врати чистата животна средина, ќе ги затвори дивите депонии и ќе внесе ред во управувањето со отпадот.„ДУИ треба да си вгради детектор за лаги, бидејќи количината на невистини што ја пласира веќе е медицински проблем. Како е можно да го обвинуваат Изет Меџити за дозвола издадена во време кога министер беше Насер Нуредини? Како е можно партијата што 20 години управуваше со загадената животна средина, да го обвинува Меџити, кој бил министер само една и пол година?“, прашуваат од Влен преку писмено соопштение.

Македонија | пред 4 месеци

DJI_20250913161621_0169_D

Се проверува одговорноста на тие кои издале дозвола да има склад за отпад во Трубарево, среде населено место

Основното јавно обвинителство потврди дека се истражува потенцијалната одговорност и на други лица во врска со големиот пожар во складиштето за отпад во Трубарево. Дозволата ја издава Министерството за животна средина, па оттука, документацијата за работата на компанијата се наоѓа во нивните простории.„Се испитува потенцијална одговорност и на други лица. Во врска со документацијата и дозволите, издадени се повеќе наредби по кои МВР сè уште постапува“, велат од Обвинителството, одговарајќи на прашањето дали лицето кое ја издало и потпишало дозволата за работа на складиштето ќе биде предмет на истрага.Веќе е познато дека тие имале 10 годишна дозвола, издадена во 2021 година, кога министеруваше Насер Нуредини од ДУИ. Складиштето работело и во време на министерувањето на Каја Шукова и Изет Меџити. Засега не е познато дали се правени контроли, во делот на исполнувањето на условите за работа.На прашањето дали се проверува колкава количина отпад била складирана во магацинот на фирмата „Ф-групација“, од Обвинителството додаваат: „Се преземаат дејствија за проверки“.Со тоа останува отворено прашањето дали фирмата поседувала отпад во рамките на дозволените параметри и дали институциите вршеле навремени контроли на работењето.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-14-at-16.52.13

Краткотраен притвор за пожарот во Трубарево

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО – Скопје за определување краткотраен притвор за 4 лица, кои доцна синоќа беа спроведени во судот а поврзани со пожарот кој на 13.09.2025 година се случи во Трубарево – Скопје, донесе решенија со кои го прифати предлогот и на:В.М., З.С., М.Д. и Л.Д. им определи мерка притвор во траење од 48 часа.Четворицата се осомничени за кривичното дело до чл. 230 ст.3 вв со ст. 1 од КЗ, односно Загрозување на животната средина и природата со отпад.Со почит Основен кривичен суд Скопје.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-13.56.09-1

Токсични гасови, канцерогени соединенија и тешки метали – воздухот над Скопје по горењето на електронскиот отпад во Трубарево

Скопје од саботата се соочува со една од најголемите еколошки хаварии во последните децении – пожарот во складиште за електронски и пластичен отпад во Трубарево. Иако Институтот за јавно здравје потврди дека не е регистрирано зголемено радиоактивно зрачење, светски експерти врз основа на нивните научни трудови говорат дека при вакви хаварии вистинската закана доаѓа од хемиската контаминација.Скопје1 се осврнува на дел експертските докази за влијанието на пожарите врз здравјето на луѓето и животната средина, а во кои согорува електронски отпад.Литиумските батерии, акумулаторите и каблите што изгореа, според тоа што тие го пишуваат во нивните трудови, испуштаат облак од токсични гасови и честички кои можат да остават долгорочни последици врз луѓето, животните и животната средина.Истражувања објавени во списанието Batteries – на пример студијата на Лукас Клаасн, Јан Финг, Јоханес Фридрих и Андреас Пфранг од 2024 година – покажуваат дека при горење на литиум-јонски батерии се ослободуваат екстремно опасни кисели гасови како водороден флуорид и флуорирани фосфорни соединенија. Тие се надополнуваат со запаливи и токсични гасови – јаглерод моноксид, јаглерод диоксид и водород – што дополнително ја зголемуваат опасноста.Чадот, според истата група автори. е преполн со фини прашини (PM₂.₅ и помали) кои лесно навлегуваат длабоко во белите дробови. Овие честички содржат органски и елементарен јаглерод, фосфати, флуориди и метали – никел, кобалт, манган, литиум, алуминиум и бакар. Научниците предупредуваат дека повеќе од 80 отсто од сите честички се ултрафини, што значи дека можат да предизвикаат сериозни и долгорочни здравствени проблеми.Во друга студија објавена исто така ланската година, научниците Ерик Нилсон и Анита Алберг Тидблад потврдуваат дека токму овие гасови и честички се најопасни при термален бег на батериите.Што е „термален бег“?„Термален бег“ е состојба кај литиум-јонските батерии кога внатрешната температура неконтролирано расте. Наместо да се олади, батеријата сама произведува сè повеќе топлина, со што се ослободуваат запаливи и токсични гасови.Овој процес е „самоодржлив“ – една мала искра, оштетување или прегревање е доволно за реакцијата да стане лавина. Последиците се чад, силно зголемен притисок, експлозија или целосно согорување на батеријата.Зошто пожарите на батерии не се гасат со вода?Кога батеријата ќе влезе во термален бег, внатрешната температура е толку висока што самата хемија ја одржува реакцијата. Дури и ако однадвор се полева со вода, внатрешноста продолжува да „вријат“ и често доаѓа до повторно палење.Дополнителен проблем е што водата што истекува од местото на пожар станува контаминирана со метали и хемикалии и може да ја загадува почвата и подземните води.Затоа пожарникарите наместо со вода често користат песок или вермикулит – материјали што го задушуваат пламенот, го изолираат кислородот и спречуваат повторно палење.Опасноста не доаѓа само од батериите. При согорување на електронски отпад – пластики, кабли и плочки со метали – во воздухот дополнително се создаваат диоксини, фурани, полициклични ароматични јаглеводороди и пареа од тешки метали како олово, жива, кадмиум и арсен. Според Светската здравствена организација (WHO, 2024), овие материи се меѓу најтоксичните познати загадувачи, кои можат да остават последици по здравјето со години и да контаминираат цели екосистеми.Сите ги чекаат резултатите од ИЈЗИЈЗ информираше дека вонредни екипи биле на терен за да земат примероци од почвата и водата во непосредна близина на хаваријата за физичко-хемиска анализа, како и мостри од чешми и бунари за испитување на евентуално јонизирачко зрачење.„Во моментот нема никакви вредности кои би укажале на зголемена радиоактивност или ризик за здравјето на граѓаните,“ рекоа вчера од Институтот, додавајќи дека резултатите од земените мостри ќе бидат дополнително објавени по нивната обработка.Институтот најави дека внимателно ќе ја следи состојбата во координација со Министерството за здравство и останатите надлежни институции, а на граѓаните им препорачува и понатаму да ги следат официјалните препораки.

Скопје | пред 4 месеци

trubarevo-mehanizacija-kamioni-bulduzer-1546

ИЈЗ: Нема зголемена радијација во воздухот, сите мерења се во рамки на нормалниот фон

Институтот за јавно здравје на Република Македонија соопшти дека во периодот од 7 до 14 септември 2025 година автоматскиот систем за мерење на радијација во воздухот работел непрекинато и ги следел податоците од сите 14 мерни станици во земјата.Според резултатите, во Скопје (станица MKMP-1) просечната вредност изнесувала 51 нано сиверт на час, со најниски и највисоки регистрирани вредности од 51 до 69 нано сиверти на час.Денес, на 14 септември во 11:30 часот, регистрирани биле 50 нано сиверти на час – што, како што нагласуваат од ИЈЗ, е во рамки на природниот радијациски фон и не претставува никаква опасност за здравјето на граѓаните.„Нема никакви вредности кои би укажале на зголемена радиоактивност или на ризик за здравјето на населението. Во моментот нема одстапувања од нормалните референтни вредности“, велат од Институтот.Екипи на ИЈЗ по насока на Министерството за здравство и инспекторатот за животна средина земаат примероци од почва и вода во непосредна близина на засегнатите подрачја за физичко-хемиска анализа и за дополнителна проверка на евентуално присуство на јонизирачко зрачење.Институтот најавува дека по обработката на податоците резултатите ќе бидат објавени за јавноста и додава дека состојбата внимателно се следи во координација со сите надлежни институции. Препораката до граѓаните е и понатаму да ги следат официјалните насоки и информации од ИЈЗ.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-22.19.00

Побаран краткотраен притвор за 4 лица во врска со пожарот во Трубарево

„Поради основано сомнение дека со заеднички дејствија учествувале во извршување на кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 4 лица за кои од судија на претходна постапка вечерва ќе побара определување мерка краткотраен 48-часовен притвор за обезбедување докази.Нивните конкретни дејствија се испитуваат, но станува збор за 56-годишен управител и сопственик на 2 правни лица, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишник во својство раководител на подружница и еден 59-годишник вработен во правно лице. Се испитува потенцијална одговорност и на други лица.Во текот на денот, јавниот обвинител издаде повеќе наредби за обезбедување докази по кои се уште постапуваат надлежните органи, а се очекуваат и резултатите од извршените мерења на загадувањето од Министерството за животна средина“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 4 месеци

pozar-trubarevo

Слабее чадењето во Трубарево, и натаму се затрупува просторот со специјална пена и песок

Од опожарениот простор во Трубарево останува слабо чадење на само неколку точки, кои веќе се затрупани, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.„Се фрла специјална пена врз песочната покривка за целосно сопирање на чадењето“, изјави Ангелов, додавајќи дека со ваквата интервенција се очекува проблемот во целост да се надмине.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-14-at-16.52.13-1

Директорот на ЦУК заврши на токсикологија поради изложеност на чад во Трубарево

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, повеќе од 12 часа престојувал на терен во Трубарево, каде се спроведуваа интервенциите за гаснење на големиот пожар во фабриката за пластика. Поради долготрајната изложеност на токсичен чад и интензивната работа во координацијата на тимовите и институциите, тој синоќа побарал медицинска помош во Државната токсиколошка болница.По извршените лекарски контроли е утврдено дека неговата здравствена состојба е стабилна и не претставува ризик.Центарот за управување со кризи изрази благодарност за пожртвуваноста на пожарникарските екипи, државните институции и волонтерите кои работеле во исклучително тешки услови за локализирање на пожарот и заштита на граѓаните.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2024-04-18-at-15.40.23

Четири лица побарале здравствена помош поради пожарот во Трубарево, сите надвор од животна опасност

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со директорката на Институтот за јавно здравје, д-р Марија Андоновска на заедничката прес конференција при посетатата на Клиниката за токсикологија потенцираа дека од прв момент се следи состојбата со пожарот во скопското село Трубарево и се во постојана координација со сите надлежни институции.- Како што знаете од вчера, Министерството за здравство креираше кризен штаб за состојбата во Трубарево и ја следевме и следиме во реално време целата ситуација што се случува од здравствена гледна точка. Денес сме тука пред токсикологија, имаше 4 хоспитализирани од кои тројца беа амбулантски прегледани и пуштени на домашно лекување, четвртиот пациент е хоспитализиран. Надвор од животна опасност се сите 4 пациенти. Со Институтот за јавно здравје и со директорот на Клиниката за токсикологија направени се протоколи во овој период, доколку има потреба да се интервенира во некој дел. Како што знаете, ИЈЗ вчера излезе со препораки за граѓаните, истите препораки важат и денес, кажа министерот Алиу.Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска посочи дека ова е една ситуација со која граѓаните и државата за првпат се соочуваат и многу е важно да не се политизира и да не се прави паника.- Најважно е што сите институции според моите информации се веќе вклучени во целиот процес и заедно се координираме.Институтот издаде одредени препораки, тие препораки се општи, но се во согласност со највисоките светски стандарди. Иако овие препораки изгледаат едноставни, сепак доколу се почитуваат од граѓаните од ранливите групи - овие препораки можат да придонесат да немаме онакви здравствени проблеми какви што би можеле да имаме. Институтот располага со најсовремена опрема и со професионалци кои во реално време ни покажуваат дали има отстапување од параметрите на радиоактивност во воздухот. Во моментов нема никакво, ниту минимално отстапување од нормалните параметри кои се однесуваат за радиоактивност во воздухот. Наши екипи ќе пристапат на терен токму во погодените места и ќе ги проверат почвата и водата во овие делови и граѓаните навремено ќе бидат информирани, заклучи Андоновска.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-14-at-14.08.36

(Видео) Kако се гаснел пожарот во Трубаревo: „мирисот е намален, се работи на затрупување“

Командирот на скопската противпожарна бригада, Ѕвонко Томески, изјави дека пожарот кој избувна вчера попладне е ставен под контрола и оти интервенцијата била успешна, и покрај тоа што станувало збор за обемен и тежок случај.„Во 13:30 часот добивме повик за пожарот. Беше интервенирано со цел капацитет, иако еден час претходно имавме интервенција во Лисиче каде имаше поголемо опожарување. За брзо време имаше контрола на пожарот за тој да не се прошири. Се продолжи кон гаснење на самиот отпад. Поради обемот на пожарот беше побарана дополнителна помош. АД Окта ни излегоа во пресрет и АД Макпетрол кои ни дадоа пена за да спречиме ширење на пожарот. Беа активирани сите капацитети кои ги имаше Комунална хигиена за дотур на вода“, изјави Томески. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Тој нагласи дека пожарот зафатил голем простор, но со ангажман на дополнителна механизација и песок, бил локализиран уште во доцните вечерни часови. „Со новиот ден имавме нова акција со механизација, која ни помогна да го ставиме пожарот под контрола. Осумдесет отсто од периметарот околу опожарениот објект е покриен со песок. Ниту еден колега не е повреден, сите се вратени дома. Нема повреден граѓанин. Оваа интервенција ја оценувам како успешна. Вакви пожари се тешки и тешко се гаснат, но успеавме брзо да ги ставиме под контрола“, додаде тој.Според Томески, состојбата на терен е значително подобрена. „Мирисот е интензивно намален, го нема оној што беше на почеток на пожарот. Се надевам до крајот на денот целосно ќе е затрупана и нема да има исчадувања од неа“, порача командирот на скопската противпожарна бригада.

Скопје | пред 4 месеци

mickoski-medziti

Мицкоски не одговори дали ќе побара одговорност од Меџити кој си тераше партиски настан додека имаше голем пожар

Премиерот Христијан Мицкоски, не одговори дали ќе побара одговорност од неговиот вицепремиер и минситер за животна средина, Изет Меџити, кој вчера наместо во Трубарево каде имаше голем пожар во складиште со опасен отпад, тој беше на партиски настан. Според Мицкоски, министерот бил цело време достапен за управувачкиот комитет, а сите мерења течеле без проблем.„Со Меџити бев цело време на линија јас вчера, и тој беше на линија со управувачкиот комитет. Сите мерки беа преземени, како во вчерашниот ден така и денеска. Така што да се намали тензијата, нема потреба од паника. Работата е под контрола.По партискиот настан, Меџити ноќеска, пред изгрејсонце, се појави во Трубарево. Тој тогаш откри дека фирмата имала лиценца која важи до 2031 година, но не откри дали биле извршени контроли и дали исполнувала услови за да ја има лиценцата.https://skopje1.mk/archives/348268

Македонија | пред 4 месеци

medziti-trubarevo

(Видео) Се појави Меџити во Трубарево: Фирмата има 10 годишна дозвола добиена пред четири години, загаденоста се мери

На десетина минути пред четири часот утрово, министерот за животна средина, Изет Меџити, до медиумите прати изјава снимена во Трубарево. Ова доаѓа откако попладнето, додека Скопје се труеше од пожарот во складот каде гореше опасен отпад, тој беше на партиски настан во Чаир. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)„Пожарот разбирливо предизвика загриженост. Фирмата има 10 годишна дозвола добиена во 2021 година. Повикувам за доверба во институциите. Министерството за животна средина со сите институции веднаш реагиравме и се е под контрола. Сите податоци од мерењето на квалитетот на воздухот ќе бидат јавни“, вели Изет Меџити, министер за животна средина.https://skopje1.mk/archives/348215https://skopje1.mk/archives/348256

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-14-at-09.20.24

(Видео) Снимки од утринава: пожарот во Трубарево е под контрола, спасени околни објекти

Пожарот што вчера избувна во магацин за отпад во скопската населба Трубарево е ставен под целосна контрола, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Според него, активно горење повеќе нема, но сѐ уште има силно чадење кое се пробива низ земјата и песокот на затрупаните делови, а останува да се дозатрупа уште еден дел од опожарената површина.Ангелов објави дека деталите ги пренесува преку видео-изјава снимена на самото место, додавајќи дека благодарение на брзата и пожртвувана реакција на скопските пожарникари и добро организираната акција, успеале да спасат неколку објекти чии дворови, но и самите објекти, биле полни со пластичен отпад. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)

Скопје | пред 4 месеци

pozar-trubarevo-52345

(Видео) Снимки од моменталната состојбата во Трубарево каде гори складиштето

Претставници на институциите и вечерва се присутни во кругот на складиштето „Ф-Групација“, каде продолжува гаснењето на големиот пожар што избувна доцна вчера и во кој гори канцероген отпад. Потрупувањето со ситна песок, според надлежните, дава резултати – ширењето на огнот е спречено, а пожарот се држи под контрола. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)На терен се работи со засилено темпо. Покрај министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на местото присуствуваа и скопските градоначалници, меѓу кои претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Обезбедена е дополнителна механизација и ситна песок за поефикасна работа на екипите. Во гаснењето учествуваат и противпожарни единици од повеќе градови.Во полициска станица во моментот се наоѓаат три лица поврзани со фирмата, кои даваат искази за околностите на пожарот. Постои сомнеж дека огнот е подметнат, а директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, случајот го оцени како „хибридна војна“.На сите лица кои активно учествуваат во гаснењето им беа поделени заштитни маски поради високото загадување на воздухот предизвикано од согорувањето на отпадот.

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања