ТРУБАРЕВО

Screenshot-2025-09-13-at-23.43.52

(Видео) Новинарите го бараа министерот за животна средина

Министерот за здравство, Азир Алиу, прашан каде е минситерот за животна средина, Изет Меџити, кој наместо во Труберво каде гореше токсичен отпад беше на партиски настан, изјави дека материјалот од местото на пожарот е земен од акредитирана институција и најави дека официјалните резултати ќе бидат објавени во понеделник.„Од акредитирана институција е земен материјалот. До понеделник ќе имаме официјални резултати. Ќе ве известиме на прес-конференција“, рече Алиу.Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потврди дека повеќепати разговарал со претставници од Министерството за животна средина, меѓу кои и со самиот министер и неговиот заменик.„Да, госпоѓо, кажав, неколку пати разговарав со министерот за животна средина, со заменик министерот за животна средина. Со луѓе за животна средина“, истакна Тошковски.Новинарите инсистираа да добијат одговор зошто ресорниот министер Изет Меџити не е присутен и зошто не се обраќа по повод еколошката катастрофа, на што Тошковски одговори: „Обратете му се, прашајте го, ви кажав дека неколку пати разговарав“.https://skopje1.mk/archives/348215

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-23.38.20

Се очекуваат нови пожари, оваа Влада има поголема проактивност со пожарите, рече Ангелов

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека сегашната Влада презела поинаков пристап во справувањето со пожарите и депониите во однос на претходната власт.„Морам да укажам дека претходната Влада во овој дел мене не ми давала задолженија, така што депониите ги немам работено како ЦУК. Депониите ги работеше локалната самоуправа. Оваа Влада направи чекор понатаму, именувајќи ме за командант. Оваа Влада покажува поголема проактивност од претходната Влада во однос на пожарите. И во претходната Влада сум имал одврзани раце, сум кажувал. Но сега има повеќе“, рече Ангелов.Тој нагласи дека последните пожари претставуваат хибриден настан: „Избувнаа денеска два пожари. Едниот во семенара каде имало пластичен отпад и во Трубарево, а сето ова додека гори Дрисла“, рече Ангелов, најавувајќи дека се можни и нови напади.„Очекуваме и нови напади (пожари), ќе се смири ситуацијата. Освен Јасен, немавме друга катастрофална состојба. Дојдете еднаш, посетете еден пожар“, додаде Ангелов.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-23.22.01

(Видео) Вонреден прес на Тошковски: Пожарот во Трубарево е локализиран, нема страв од ширење – жителите во близина да ги напуштат домовите

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека пожарот кој избувна е ставен под контрола и дека на терен се ставени сите расположливи ресурси. Според него, гаснењето се одвива со ситна песок, а пожарот е локализиран и нема опасност од негово понатамошно ширење. Тошковски рече „вакви катастрофи се живото-загрозувачки“.„Радиационо зрачење нема. Во непосредна близина на пожарот има висока загаденост со штетни супстанци. На 400 метри од пожарот, не е евидентирано загадување. Препорачуваме на жителите кои се во непосредна близина да ги напуштат своите домови. Затоа се ставени на располагање капацитетите на Центарот за обука кој е во непосредна близина“, изјави Тошковски.Тој додаде дека во моментов се вршат разговори со три лица во полициска станица со цел да се утврдат причините и околностите за избивањето на пожарот.„Ваков тип на пожари не се изолиран случај кај нас. Ги имало во Литванија, Белгија, Велика Британија. Тоа укажува дека пожарот е глобален проблем и бара стандардизиран пристап со управување на ваков тип на отпад“, рече министерот.Тој и самиот призна дека гаснењето на овој пожар ќе трае.„Има 500 степени на 50 метри, воздушно од самиот пожар. Овде горат батерии... и за справување со истите бара посебен начин на делување. Од странски експерти беше препорачано затрупување со ситна песок“, додава министерот.

Македонија | пред 4 месеци

gjorgievski-orce

Ѓорѓиевски од терен: Во овој момент сведочиме на ужас кој не смее да се повтори

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека заедно со своите колеги е на терен од почетокот на големиот пожар што ја зафати околината на главниот град.„Во овој момент сведочиме на ужас кој не смее да се повтори, огромен пожар ја уништува животната средина и директно го загрозува здравјето на скопјани. Од самиот почеток, заедно со моите колеги Бобан и Дејан сме на терен и даваме сѐ од себе за да го ставиме под контрола овој разбеснет оган“, напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.Тој информира дека ангажирале општествено одговорни компании кои со машинерија и песок помагаат во затрупувањето, а во акцијата учествуваат и екипи на Противпожарната служба од Скопје и на Министерството за внатрешни работи. „Се користат сите расположливи сили за ставање под контрола на оваа катастрофа“, додаде тој.Ѓорѓиевски порача дека пожарот е „злосторство против народот и здравјето на луѓето“ и апелираше до институциите да постапат итно и безмилосно. „Скопје и неговите граѓани не смеат да се гушат во чад и отров. Ние остануваме на терен со луѓето сѐ додека пожарот целосно не биде изгаснат“, истакна тој.

Скопје | пред 4 месеци

pozar-trubarevo

(Видео) Снимки од моменталната борба со огнот во Трубарево - пожарот и натмау беснее

Со градежна механизација се потрупува локацијата каде половина ден беснее пожар. Ова е најбрз начин за да се гасне дел по дел локацијата. Вака се постапуваше и кога гореа други депонии во Скопје.Таму се присутни повеќе противпожарни бригади, со опрема и возила за гаснење. На терен не делуваат хеликоптерите и ер-тракторите бидејќи е ноќ. Истовремено се носи и ситна песок за гаснење.Главната цел, покрај гаснењето, е пожарот да не се рашири.Таму се присутни полициски службеници, но и неколку скопски градоначалници како Бобан Стефковски, Орце Ѓорѓиевски, Дејан Миткоски.. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-17.05.27

Се дистрибуираат заштитни маски на жителите на Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското село Трубарево.Маските се ставени на располагање од ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, а дистрибуцијата ќе се реализира со поддршка на тимови од јавните претпријатија и Општина Гази Баба.Со оваа мерка се обезбедува навремена поддршка за локалното население, со цел намалување на непосредната изложеност на загадениот воздух предизвикан од пожарот.На лице место се присутни и две возила на итната медицинска помош, подготвени да интервенираат и да укажат соодветна здравствена помош како на пожарникарите, така и на граѓаните доколку имаат потреба.„Наш приоритет е заштитата на здравјето на граѓаните, особено во вакви кризини ситуации. Министерството и Институтот за јавно здравје ќе продолжат со координирани активности за да се обезбеди соодветна помош и поддршка на сите засегнати“, рече министерот за здравство, Азир Алиу.Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје ќе ја следат понатамошната состојба, со цел навремено преземање на сите потребни мерки за заштита на граѓаните.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-13.56.09

Доктор Чибишев алармира: Екстремно токсични гасови од пожарот со електронски отпад можат да го загрозат здравјето

Доктор Андон Чибишев изрази сериозна загриженост поради пожарот во фабриката за рециклирање електронски отпад, посочувајќи на високите здравствени ризици кои произлегуваат од согорувањето на ваков вид материјал.„Сериозно ме вознемири веста дека е запалена фабрика за рециклирање на електронски отпад. При горење на електронски отпад се ослободуваат голема количина на екстремно токсични гасови кои содржат јаглерод моноксид, јаглерод диоксид, флуороводород и пареи од тешки метали како олово, жива, кадмиум и арсен“, предупреди доктор Чибишев.Тој истакна дека овие гасови можат сериозно да го загрозат здравјето на децата, бремените жени и хроничните болни лица, особено оние со срцеви, белодробни и малигни заболувања.„Апелирам граѓаните да ги затворат прозорците, да не излегуваат надвор без посебна потреба и сите кои имаат во домовите прочистувачи на воздух да ги пуштат да работат со најголем капацитет“, додаде Чибишев.Апелот доаѓа во момент кога јавноста е вознемирена од серијата пожари во Скопје и околината, кои предизвикуваат ширење на токсичен чад и сериозни здравствени закани.

Македонија | пред 4 месеци

DJI_20250913161621_0169_D

Министерството за здравство со препораки за граѓаните поради загадениот воздух

Институтот за јавно здравје, преку Министерството за здравство, издаде низа препораки за заштита на здравјето на населението во услови на евентуално загадување на воздухот и можна изложеност на штетни материи, особено поради активните пожари и чадот што се шири над делови од Скопје.Граѓаните кои живеат во подрачја каде постои ризик од загаден воздух се советуваат да останат во затворени простории со затворени прозорци и врати, како и да ги исклучат системите за вентилација и климатизација кои вовлекуваат надворешен воздух.Особено ранливи категории се лицата со респираторни заболувања, децата, старите лица и бремените жени, кои треба да избегнуваат активности на отворено. При неопходно движење во близина на опожарени подрачја, се препорачува користење соодветни заштитни маски.Установите за згрижување стари лица се повикани да преземат дополнителни мерки за минимизирање на изложеноста на нивните корисници, а сите граѓани да бидат внимателни на симптоми како кашлица, отежнато дишење, главоболка или иритација на очи, нос и грло. При појава на вакви симптоми, се препорачува веднаш да се побара медицинска помош.Граѓаните исто така треба да се воздржат од контакт или приближување до отпад во погодените подрачја сѐ додека надлежните институции не дозволат пристап, како и редовно да ги следат официјалните информации и ажурирања за квалитетот на воздухот.Од Министерството потенцираат дека целта на овие мерки е намалување на непосредните здравствени ризици и заштита на целата заедница, додавајќи дека граѓаните мора строго да ги почитуваат инструкциите на јавноздравствените институции и службите за итна помош, вклучително и евентуални насоки за евакуација.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-18.45.10

(Видео) Министерот за животна средина си тера кампања, додека во Скопје се случува еколошка катастрофа

Додека густ токсичен чад од пожарот во магацин за отпад во скопската населба Трубарево се шири над градот, министерот за животна средина и просторно планирање и вицепремиер, Изет Меџити, си ја тера својата предизборна кампања во Чаир.Средбите, Меџити ги прави во исто време додека и натаму гори складиштето, а истите ги споделува и во живо на социјалните мрежи. Токму Министерството за животна средина со кое тој раководи, ги издава дозволите за работа на вакви објекти, како што е запалениот, а врши и контроли. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Во исто време, жителите на Трубарево и околните населби алармираа за здравствени проблеми поради чадот – печење на очите, тешкотии при дишењето и страв од долгорочни последици.Контрастот меѓу еколошката катастрофа на терен и политичкиот митинг на првиот човек задолжен за животната средина предизвика остри реакции во јавноста. Граѓани и активисти јавно прашуваат како е можно министерот да избере партиска активност пред итна посета на локацијата погодена од пожарот.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-17.12.43

(Видео) Станува збор за намерно подметнат пожар, чадот е токсичен, се прави смена на пожарникари

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека пожарот кој денеска избувна во Трубарево најверојатно е намерно подметнат и го нарече „хибриден напад врз државата“. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)„Според мене се работи за намерно подметнат пожар, повеќе од сигурно намерно подметнат пожар, бидејќи не е едноставно да се запали ваков објект. Да се случат волку тешки пожари, кои предизвикуваат големо загадување... се работи за намерно подметнат пожар,“ изјави Ангелов.Тој посочи дека во објектот имало голема количина пластика која предизвикала густ црн, а веројатно и токсичен чад. „Веднаш до нивните објекти има уште два објекти во кои има поголема количина на пластичен отпад, а се делумно зафатени од пожарот. Нашата прва цел е да не се дозволи ширење на пожарот, затоа сите ресурси кои ги имаме во Скопје се насочени тука,“ додаде тој.На терен се распоредени три БТР и еден „Хермелин“, скоро сите возила на скопската Противпожарна служба, како и полициски и армиски хеликоптер, заедно со авион „Ер Трактор“ на ДЗС.„Во овој момент нема повредени лица. Повикани се дополнителни противпожарни камиони, за смена на пожарникарите кои се дел и внатре во чадот со заштитни маски или специјални боци со кислород,“ информираше Ангелов.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-17.05.27

Министерството за здравство без препораки, велат дека ја следат состојбата со пожарот во Трубарево

Министерството за здравство ја информира јавноста дека внимателно ја следи состојбата со пожарот кој избувна во скопската населба Трубарево. Од институцијата уверуваат дека се во постојана координација со сите надлежни органи и служби.„Службите на Министерството се подготвени за навремено постапување во рамки на своите надлежности, а во зависност од натамошниот тек на настаните,“ соопштија од Министерството.Властите апелираат граѓаните да останат информирани и да ги следат официјалните препораки за заштита на здравјето.

Македонија | пред 4 месеци

skopje-cad-pozar

Треба да се знае кога горат литиум-јонски батерии најтоксична супстанца која се ослободува е хидроген флуорид, алармира Шанса за Центар

Во рециклаторен центар, соработник на организацијата „Нулта отпад“, избувна пожар во кој, според информациите, се зафатени и литиум-јонски батерии од апарати и возила, како и друг електронски отпад, велат од Шанса за Центар.„Гори рециклаторен центар, соработник на НУЛТА ОТПАД, инаку оваа компанија е овластена за преземање на литиум јонски батерии од апарати и возила, како секаков електронски отпад. Треба да се знае кога горат литиум- јонски батерии најтоксична супстанца која се ослободува е хидроген флуорид (HF), која може да предизвика тешки нарушување на здравјето доколку е во затворен или полузатворен простор. Спореде европската агенција за хемикалии (ECHA) HF е класифициран како многу токсичен, корозивен и опасен за здравјето дури и при ниски концентрации. Покрај HF, при горење на батериите гори и електролитот кој е внатре како и пластиката и амбалажата во која се спакувани. Од нив дополнително се ослободува јаглерод диоксид (CO₂), јаглерод моноксид (CO), соединенија што содржат хлор, азот, сулфур и ред други соединенија кои не се нетоксични.☠️Кога гори електронски отпад во кој многу често има печатени плочки, пропратна пластика и други материјалот како олово (Pb), кадмиум (Cd), хром (Cr), никел (Ni), бакар (Cu) и цинк (Zn) со горењето се создаваат соединенија кои ги содржат овие елементи. Дополнително литиум-јонските батерии при горење развиваат многу високи температури (од 800- па до 1600 степени зависно од јачината) дури прават и мини експлозии. Се надеваме дека пожарникарите се соодветно заштитени“, велат оттаму.

Коментари | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-15.46.16

(Видео) Пожар во Трубарево: ангажирани пожарникари, хеликоптери и Ер Трактор

Голем пожар денеска избувна во населбата Трубарево, општина Гази Баба, при што густ црн чад за кратко време се прошири и зафати неколку околни објекти.„Во 13:38 часот, преку бројот за итни повици 112 беше пријавен пожар во штала наменета за складирање на отпадни електрични материјали. Веднаш воспоставив координација со Центарот за управување со кризи и ги информирав надлежните служби за состојбата на терен,“ изјави директорот на ЦУК, Мухамед Али. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Од ЕВН било побарано итно исклучување на електричната енергија за да се овозможи безбедно гаснење на пожарот, вклучително и со употреба на воздухопловни средства.На терен се ангажирани шест возила од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје со повеќе од десет пожарникари, како и специјализирани возила на Дирекцијата за заштита и спасување. Во интервенцијата учествуваат еден хеликоптер на МВР, еден хеликоптер на Армијата на Република Северна Македонија и еден Ер Трактор на Дирекцијата за заштита и спасување. Дополнително, испратени се и екипи на итната медицинска помош.Али нагласи дека состојбата внимателно се следи и дека координацијата на сите служби продолжува додека пожарот целосно не биде ставен под контрола.

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања