Промени тема
Контакт

Треба да се знае кога горат литиум-јонски батерии најтоксична супстанца која се ослободува е хидроген флуорид, алармира Шанса за Центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Коментари
skopje-cad-pozar

Во рециклаторен центар, соработник на организацијата „Нулта отпад“, избувна пожар во кој, според информациите, се зафатени и литиум-јонски батерии од апарати и возила, како и друг електронски отпад, велат од Шанса за Центар.

— реклама —
— реклама —

„Гори рециклаторен центар, соработник на НУЛТА ОТПАД, инаку оваа компанија е овластена за преземање на литиум јонски батерии од апарати и возила, како секаков електронски отпад. Треба да се знае кога горат литиум- јонски батерии најтоксична супстанца која се ослободува е хидроген флуорид (HF), која може да предизвика тешки нарушување на здравјето доколку е во затворен или полузатворен простор. Спореде европската агенција за хемикалии (ECHA) HF е класифициран како многу токсичен, корозивен и опасен за здравјето дури и при ниски концентрации. Покрај HF, при горење на батериите гори и електролитот кој е внатре како и пластиката и амбалажата во која се спакувани. Од нив дополнително се ослободува јаглерод диоксид (CO₂), јаглерод моноксид (CO), соединенија што содржат хлор, азот, сулфур и ред други соединенија кои не се нетоксични.

— реклама —
— реклама —

☠️Кога гори електронски отпад во кој многу често има печатени плочки, пропратна пластика и други материјалот како олово (Pb), кадмиум (Cd), хром (Cr), никел (Ni), бакар (Cu) и цинк (Zn) со горењето се создаваат соединенија кои ги содржат овие елементи. Дополнително литиум-јонските батерии при горење развиваат многу високи температури (од 800- па до 1600 степени зависно од јачината) дури прават и мини експлозии. Се надеваме дека пожарникарите се соодветно заштитени“, велат оттаму.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

pozarna-

Гореше стан кај Клинички, пожарникар се наголтал чад и заврши во болница

Скопје | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Пожар под Раштак, гори сува трева и нискостеблеста шума

Македонија | пред 2 дена

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Два активни пожари на отворен простор во Гази Баба и Прилеп

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryisjjiuquqadp1LZJaat

Гори плац со хаварисани возила во Тетово, густ чад се шири во околината

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања