Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТУФЕГЏИЌ

media-libraryf8sgtf5044l93uv5tUY

Адвокатот Туфегџиќ по куќниот притвор на Груби повика на еднаков третман за „големиот политичар“ и „обичниот човек“

Адвокатот Владимир Туфегџиќ реагираше по вчерашниот развој на настаните поврзани со Артан Груби, оценувајќи дека случајот повторно го отвора прашањето за сензационализмот и „билдањето“ на јавниот амбиент за исход што, според него, бил извесен.„Денешниот настан со Артан Груби прво го отвора прашањето дали како луѓе конечно ќе научиме нешто за сензационализмот, непотребното билдање и загревање на амбиентот за нешто што е извесно како бел ден дека ќе се случи и како меур спласнува на крајот на денот“, наведува Туфегџиќ.Тој посочува дека ќе поддржи државен јавен обвинител кој ќе создаде праведен амбиент и ред што ќе важи подеднакво и за „големиот политичар во бегство“ и за „обичниот смртник кој, и да сака, нема каде да бега“.Според адвокатот, праведен ред подразбира јавен обвинител кој нема да прави разлика меѓу политички моќници и граѓани без влијание.„Праведен ред кој значи дека јавен обвинител не ја собира опашката брзајќи политичарот кој бил во бегство да не биде притворен, а истовремено истиот на малиот човек му покажува сила и мускули“, наведува Туфегџиќ, додавајќи дека додека не се воспостави таков принцип, надежта за суштински промени останува неизвесна.Изјавата следува откако Кривичниот суд одреди куќен притвор за Груби, со 24-часовен надзор и одземање на патната исправа, по предлог на обвинителството и одбраната.

Македонија | пред 13 часа

Screenshot-2024-12-09-at-22.33.10

„Опасна реторика“ во трката за државен јавен обвинител

Екссудијата и адвокат Владимир Туфегџиќ оцени дека јавната реторика во процесот на избор на државен јавен обвинител станува опасна и ја продлабочува поделбата во рамки на обвинителството.Тој посочи дека наместо суштинска дебата и натпревар меѓу кандидатите, јавноста секојдневно слуша обвинувања и квалификации за „компетентни“ и „подобни“ кандидати. На сите кандидати им посака успех, вклучително и на обвинителката Ленче Ристоска, нагласувајќи дека со неа има коректен професионален однос.Туфегџиќ појасни дека неговата реакција следувала по јавниот повик на Ристоска да се истражи кариерата и напредувањето на Татјана Димитровска во врска со конечниот извештај за бонусите на поранешното Специјално јавно обвинителство. Како бранител на Димитровска, наведе дека нема да дозволи таа да биде изложена на јавен линч и дека постапувала во рамки на службените овластувања, по наредба на јавен обвинител и во двостепена постапка.Тој укажа дека повеќе од една година траат внатрешни превирања во обвинителството, кои кулминирале со јавен конфликт меѓу државниот јавен обвинител и шефот на Вишото јавно обвинителство во Скопје, проследени со кривични пријави, обвиненија, разрешувања и дисциплински мерки.Според него, овие случувања сериозно ја нарушуваат довербата во институцијата и ја загрозуваат хиерархијата и системот на субординација во Јавното обвинителство. Посебно го посочи прашањето за бонусите на СЈО како извор на долготраен внатрешен конфликт, оценувајќи дека институцијата мора да најде начин да стави крај на ова прашање.Туфегџиќ додаде дека емоциите не се добар сојузник во јавниот настап и дека е потребна воздржаност, особено во период кога се одлучува за избор на прв човек на обвинителството.

Коментари | пред 4 дена

TUFEGDZIK-KAMBOVSKI.03_32_57_26.Still004

Туфегџиќ за случајот „Онкологија 1“: Очекувам целосна дискредитација на обвинението

Продолжува судењето за случајот „Онкологија 1“ во Кривичниот суд во Скопје. Пред рочиштето, адвокатот на докторката Симонида Црвенкова, Владимир Туфегџиќ, изјави дека словенечкото вештачење според него е направено врз основа на селективна и нецелосна документација, каде не биле земени предвид претходните болести на пациентите, лекувањето во други клиники како ни македонските протоколи за лекување рак.„На денешната расправа јас очекувам целосна дискредитација на обвинението бидејќи се докажа дека стручниот наод и мислење е направен врз основа на селективна и нецелосна документација, не се земени предвид претходните истории на болеста на пациентите, лекувањето во други клиники како ни операции и препораки во таа смисла. Понатаму, не се земени предвид националните протоколи на Македонија и она што е најбитно, вештакот се согласи дека во конкретниот случај се работи за лекување на метастатски рак кој е неизлечива болест и се потврди дека искусните онколози знаат еден месец пред настапувањето на смртта дека ќе настапи смрт на пациентот. Во постапката се докажува дека доктор Симонида правилно постапувала и го продолжила периодот за преживување повеќе од двојно кај секој пациент според стандардите потврдени со научни студии. Ова што го слушаме во судница е тема за некој национален или светски конгрес на онколози, но не за судска постапка – изјави Туфегџиќ.Туфегџиќ додаде дека самото стручно лице од Словенија потврдило дека се работи за метастатски рак кој е неизлечлив и смртниот исход е сигурен, односно предвидлив.„Самото лекување, применетиот медицински третман треба да биде во рамките на националните препораки кои ги применувале нашите лекари. Надвор од тоа не може да се бара никаква одговорност. Сите знаеме во каква кондиција е нашето здравство и во судница бевте присутни кога кажав дека ја бранам доктор Црвенкова, нејзините чест и углед, но ги бранам честа и угледот на здравствениот систем на Македонија“, рече Туфегџиќ.

Македонија | пред 1 седмица

TUFEGDZIK-KAMBOVSKI.03_32_57_26.Still004

Туфегџиќ: Стручното мислење на експерт од Словенија не може да биде доказ во постапкатаза случајот Онкологија

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на д-р Симонида Црвенкова, оцени дека стручното мислење од словенечки експерт не може да биде валиден доказ во постапката за случајот Онкологија, бидејќи е изготвено врз основа на нецелосна медицинска документација и европски онколошки препораки што не се дел од македонскиот правен систем. Тој тврди дека македонските лекари постапуваат според домашни протоколи одобрени од Министерството за здравство и дека извештајот на обвинителството е пристрасен.„Како бранител на д-р Симонида Црвенкова сметам дека стручното мислење на експерт од Словенија не може да биде доказ во постапката од причина што е изготвен врз основа на нецелосна медицинска документација и врз основа на европски онколошки процедури и препораки кои не се дел од правниот поредок, неодобрени од здравствените власти на Република Македонија.Македонски лекар не може да одговара за примена на водич за онколошки процедури и препораки кои не се одобрени од македонските здравствени авторитети.Доказ за тоа е известувањето од ФЗО до министерот за здравство од 21.01.2026 година во кое се посочува дека протоколите не се менувани 10-15 години, а странските препораки не се одобрени од здравствените авторитети и истите се дескриптивни и без јасни и конкретни критериуми за соодветна примена.Сето ова претставува правен дефект и треба да се праша поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски, кој одобрил да се упати барање за изготвување стручна експертиза за примена на европски онколошки процедури во која е применета литература од 2024 година за анализиран период на лекување од 2018-2022 година како доказ во кривична постапка, за ЕУ онколошки процедури и препораки кои не се дел од правниот поредок и не се одобрени од македонските здравствените власти.Македонските лекари постапуваат по здравствените протоколи и препораки одобрени од министерството за здравство во 2015 година и други здравствени протоколи нема.Во овој предмет Универзитетски клинички центар Љубљана не постапи по ваквото барање токму поради некомплетноста на медицинските истории и документација и тоа е одговорен и етички однос на совесен лекар.Конечно, извештајот на техничкиот советник на обвинителството е пристрасен и необјективен од причина што во неколку клучни делови од извештајот техничкиот советник дава мислење со споредба и паралела помеѓу државната клиника и протоколите и процедурите во клиниката Жан Митрев каде што работи како лекар“, вели Владимир Туфегџиќ

Македонија | пред 2 седмици

Screenshot-2024-12-09-at-22.33.10

Туфегџиќ: Документите за Епштајн ја оголуваат хипокризијата на оние што ни држат лекции за „европски вредности“

Адвокатот Владимир Туфегџиќ оцени дека објавувањето на документите и комуникациите поврзани со Џефри Епштајн е исклучително значајно за јавноста, бидејќи, како што истакна, овозможува јасно да се види „кои пореметени умови се на слобода и го управуваат светот“.Според Туфегџиќ, особено загрижува фактот што дел од луѓето поврзани со т.н. клиентела на Епштајн, со децении имаат влијание и присуство во Македонија и пошироко на Балканот. Тие, како што нагласи, токму во изминатите 30 години настапуваат како авторитети кои ѝ држат лекции на државата и на граѓаните за тоа како треба „европски“ да се однесуваат.„Истите тие луѓе ни објаснуваат што сè треба да смениме – име, презиме, историја, знаме – и ни делат памет за европски вредности, како да сме малоумни“, порача Туфегџиќ, додавајќи дека објавените документи отвораат сериозни прашања за моралниот кредибилитет на оние кои со години се претставуваат како носители на демократски и цивилизациски стандарди.Тој потенцира дека ваквите објави не се важни само поради скандалот околу Епштајн, туку и затоа што ја разоткриваат длабоката противречност меѓу јавно пропагираните вредности и приватните постапки на дел од глобалните и регионалните елити, кои, како што рече, сè уште имаат реална моќ и влијание.

Коментари | пред 3 седмици

vanja-tatko-tufegdzik

Со кои аргументи Туфегџиќ го брани таткото на Вања пред Апелација: Тој е жртва во целиот трагичен настан

Адвокатот Владимир Туфегџиќ го поднел одговорот на жалбата до Апелациониот суд за случајот против Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања, кој беше ослободен од Кривичниот суд за обвинението дека помагал во грабнувањето на својата 14-годишна ќерка. За „Скопје1“, Туфегџиќ потврди дека барал одржување јавна седница и ги образложи клучните аргументи поради кои очекува ослободителната пресуда да биде потврдена во целост.„Кривичниот суд донесе правична и законита одлука. Обвинителството не успеа да докаже ниту мотив, ниту умисла, ниту било каква комуникација меѓу Александар и групата што го изврши злосторството. Сè што понудија беа претпоставки, лични перцепции и погрешни толкувања на паниката и однесувањето на татко што го бара своето исчезнато дете“, вели Туфегџиќ, повикувајќи се на наводите од поднесениот одговор на жалбата.Според него, суштината на проблемот е што обвинението „нема корен“. Тврди дека не постои докажан мотив за кој било облик на соучесништво, ниту пак имало материјален доказ што би укажувал дека Александар знаел, учествувал или на кој било начин им помогнал на обвинетите кои ја грабнаа и убија Вања.„Дури и сведоците од МВР изјавија дека немале ниту еден доказ што го поврзува Александар со делото. Признаа дека нивните заклучоци биле субјективни, а не базирани на факти“, посочува адвокатот.Тој дополнително објаснува дека постојат јасни докази дека групата предводена од Љупчо Палевски планирала грабнувања многу пред исчезнувањето на Вања, уште во 2022 година, и тоа целосно независно од семејството Ѓорчевски.„Фактите покажуваат дека оваа група имала своја логистика, свои планови и претходни обиди. Александар никогаш не бил дел од тоа. Нема телефонски контакти, нема средби, нема пораки. Има само еден татко кој со часови трчал низ Скопје обидувајќи се да најде каде исчезнала неговата ќерка, вели Туфегџиќ.Во одговорот на жалбата, адвокатот детално ги оспорува и тезите на обвинителството во врска со наводната „Вибер порака за откуп“, за која тврди дека никогаш не била докажана.„Ниту еден родител, ниту една снимка, ниту еден технички доказ не потврди дека воопшто постоела таква порака. Тоа беше конструкција што се распадна сама по себе“, нагласува Туфегџиќ.Адвокатот истакнува дека доказите во постапката, наместо вина, ја потврдуваат улогата на Александар како оштетен и избезумен родител.„Тој е жртва во целиот трагичен настан. И тој, и мајката, и нивното семејство. Обвинението неправедно го претвори неговиот очај во сомнеж“, вели тој.Туфегџиќ додава дека правниот стандард е јасен: вината мора да биде докажана надвор од разумно сомневање.„Во случајов не само што нема докази, туку постојните докази директно ја исклучуваат можноста Александар да им помогнал на убијците. Оттука, Апелациониот суд има обврска да ја потврди ослободителната пресуда. Сè друго би било спротивно на законот, логиката и правдата.“Адвокатот завршува со став дека јавната седница е неопходна, за јавноста да ја чуе вистината без шпекулации и погрешни интерпретации. „Граѓаните заслужуваат да видат дека правдата не смее да биде жртва на сензационализам. Александар е невин човек. Очекувам Апелација да го потврди тоа.“Вчера се навршија две години од монструозното убиство на малата Вања.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarypvinp9t45oisaMkkXGW

„Центар на Скопје во 10:00 – за вакво загрозување на јавното здравје во нормални држави се одговара кривично“

Адвокатот Владимир Туфегџиќ преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на, како што вели, недозволивите услови во центарот на Скопје и незаинтересираноста на институциите.„Центар на Скопје 10:00, за загрозување на јавно здравје и ширење епидемија и зараза у нормални држави кривично се одговара! Ги пребројавте ли историските резултати од изборите?... Ова е доказ дека овој град никого од избраните не го интересира, освен за граѓевинска пљачка на политичкиве трговци,“ напиша Туфегџиќ.Тој додаде дека е згрозен од однесувањето на јавните функционери, кои, според него, без чувство на одговорност или срам продолжуваат да се појавуваат во јавноста.„Најстрашно е што сите одговорни без елементарно чувство на срам сеуште се појавуваат во јавност без око да им трепне, ете затоа не излегов на гласање – нема спас,“ завршува адвокатот.

Скопје | пред 4 месеци

TUFEGDZIK-KAMBOVSKI.03_32_57_26.Still004

Туфегџиќ за обвинителката Наташа Поп Трајков: „Недозволив однос и директно заплашување на обвинетата Татјана Димитровска“

Одбраната на обвинетата Татјана Димитровска, адвокатот Владимир Туфегџиќ, реагира по повод денешната изјава на јавната обвинителка на ОЈО за ГОКК, Наташа Поп Трајкова, по завршувањето на денешното судење, а во кое се известува јавноста дека обвинителството постапува поради постоење индиции и се спроведува постапка во која се сослушуваат сведоци од други институции против обвинетата.-Ваквиот однос е недозволен и претставува директно заплашување на обвинетата и повреда на принципот на презумција на невиност кое начело е гаранција против произволност и злоупотреба на државната власт, односно спротивно на ЕУ директивата која забранува јавни изјави од државни органи што можат да сугерираат вина и воедно претставува обид однапред да се наметне осуда на обвинетата во јавноста.После се што ни се случува повеќе од очигледно е дека се потребни темелни реформи во јавното обвинителство, вели тој во неговата реакција.

Македонија | пред 4 месеци

272109577_623859878706880_6634828297889568570_n

Службите следеле политичари и новинари, а не криминални групи што планирале ликвидации, коментира Туфегџиќ

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ со критички коментар реагира на најновите информации за незаконското следење. Тој посочува дека наместо службите да се занимаваат со сериозни криминални групи, вниманието било насочено кон политичари, новинари и обвинители.„Незаконито биле следени политичар, новинар, јавен обвинител и уште којзнае кој, у основа ништо ново. Но еве, и јас би сакал да знам што работеле службите и зошто директорот и тогашниот министер за внатрешни работи не се заинтересирале за следење на група која во судска постапка призна дека уште од 2022 година договарале и планирале ликвидации и грабнувања, и си копале дупки за жртвите низ државава,“ напиша Туфегџиќ.Тој потсети дека токму таквите пропусти резултирале со трагични последици. „Со глава платија едно дете и еден средовечен човек, ни криви ни должни. Ете тоа мене ме интересира,“ додаде адвокатот.Со овој став, Туфегџиќ уште еднаш ја отвора темата за одговорноста на институциите и прашањето каде навистина бил насочен безбедносниот апарат во години кога, според него, најголемите закани биле оставени без надзор.

Коментари | пред 5 месеци

Screenshot-2024-12-09-at-22.33.10

„Ако скопјани немаат капацитет за два дена да соберат 10.000 потписи, тогаш сме на пат кон изумирање“, напиша Туфегџиќ

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ, собирањето на 0,95% потписи од вкупно запишаните избирачи, со цел независни кандидати за градоначалници, го нарече „тест за свесноста и достоинството на скопјани“.„Ако во Скопје нема 10% нормално, свесно и независно граѓанство кое сака градот да биде пристојно место за живеење со скопски шмек, тогаш не заслужуваме ништо подобро од сегашната состојба. Ако скопјани немаат капацитет за два дена да соберат 10.000 потписи, тогаш сме на пат кон изумирање – од отворен град на солидарноста, Скопје стана партиско-политички градежен полигон“, напиша Туфегџиќ.Тој ги повика граѓаните да не бидат пасивни: „Нека не ве мрзи да ставите потпис, бидејќи после тоа џабе е везење и продавање памет по Фејсбук – ќе ќутиш и ќе трпиш, а имаше шанса да учествуваш“.

Коментари | пред 6 месеци

IMG_6191

„Туристички мандат и немо заминување“: Туфегџиќ го „разнесе“ Коцевски

Адвокатот и поранешен кривичен судија Владимир Туфегџиќ остро го коментираше заминувањето на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, нарекувајќи го „анемично, бледо и без енергија – токму како и неговото доаѓање на функцијата“.„Избран преку ноќ, на најнетранспарентен начин, без јавна расправа, без јасна биографија, без капитални предмети зад себе. Предложен како врвен професионалец од политичарите, а без да слушнеме еден збор од него за мешањето на политиката во неговиот избор“, напиша Туфегџиќ.Тој потсети дека јавноста дознала многу малку за кариерата на Коцевски – освен дека на 32 години го завршил правниот факултет и го положил правосудниот испит. „Тоа не е доволно за да се гради врвна кариера“, вели тој.Мандатот, според Туфегџиќ, бил „туристички, рутински, едвај за тројка“. Обвинува дека Коцевски не се одважил, дури ни на крајот, да прозбори јавно – „нити кој му правел сопки, нити кој му мешал во работа, нити кој го спречувал да гони криминалци“.„Наместо тоа, повторно истата матрица – неосновано било, политички притисок, успешни резултати... уште фали само уставна тужба и жалба пред Управен суд за да биде клише до крај.“Во својата објава, Туфегџиќ заклучува: „Време е државата конечно да добие јавен обвинител кој кога ќе се појави на ТВ – слика на телевизорот да ти замрзне.“

Македонија | пред 6 месеци

TUFEGDZIK-KAMBOVSKI.03_32_57_26.Still004

Туфегџиќ: Обвинението против доктор Црвенкова е неосновано, ќе го дискредитираме со нови вештачења, има и пропусти од апсолутен карактер

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на поранешната директорка на Клиниката за онкологија, д-р Симонида Црвенкова, изјави дека одбраната ќе го оспорува обвинението преку темелна анализа и контра-вештачења.„Одбраната за овој обвинет ја градиме врз основа на принципите на медицинското казнено право, кое предвидува одговорност само во случаи на грубо прекршување на медицинските правила и утврдените протоколи. Кај мојата клиентка не постои такво однесување, ниту може да се донесе заклучок дека сторила дело кое е казниво,“ изјави Туфегџиќ.Според него, постојните вештачења се проблематични по својата содржина и карактер, а конкретно за обвинетата не е утврдено дека начинот на лекување довел до влошување на здравствената состојба или смртен исход кај било кој пациент.„Во текот на постапката ќе го дискредитираме обвинението со сопствени, нови вештачења. Работиме темелно, но сѐ уште ни недостасуваат четири медицински истории. Моја клиентка се товари за 16 пациенти,“ нагласи тој.Туфегџиќ особено го оспори едно од клучните вештачења, изработено од стручно лице од Марибор, за кое вели дека не е регистрирано како судски вештак во Словенија.„Сега бараме податоци и од Србија, дали лицето кое ги работело вештачењата е вешто лице таму. Јавниот обвинител мораше да се придржува до македонските закони и да инсистира вештачењето да го изработи лице кое е на официјалната листа на судски вештаци. Обвинението содржи пропусти кои се од апсолутен карактер,“ додаде тој.

Македонија | пред 7 месеци

ubistvo-vanja-

(Видео) „Имало планови за ликвидации уште од 2022, не можеле без поддршка – кој ја штитеше групата?“ прашува Туфегџиќ

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на Александар Ѓорчески, во случајот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, упати сериозни критики до институциите и постави низа прашања поврзани со текот на истрагата, но и со безбедносниот систем во земјата.„Не добивме одговор на клучното прашање – зошто истрагата не тргна во насока на сознанијата кои постоеја уште првиот ден?“, рече Туфегџиќ во „Претрес со Ландов“, посочувајќи на сознанието од сведочењето на Велибор Манев дека групата осудени подолго време правела планови за киднапирања и убиства, а составувале и списоци со потенцијални жртви уште од септември 2022 година.Според него, постои сомнеж дека дел од фокусот на истражните органи бил намерно пренасочен.„Зошто истрагата толку упорно се обидуваше да го инволвира таткото на жртвата? Дали тоа беше направено за да се дефокусира јавноста од вистинската причина – постоење на организирана група за ликвидации?“, праша адвокатот.Туфегџиќ оцени дека Обвинителството мора да ја продолжи истрагата и да даде одговор на клучните прашања: што правеле безбедносните служби кога група со таков капацитет се движела низ државата, и дали некој од институциите обезбедувал логистичка поддршка?„Да не се лажеме, ова не може да го организира поединец, без поддршка или логистика од внатре. Оваа истрага не смее да заврши – туку треба да се прошири“, порача Туфегџиќ.?t=6884

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-25-232922

(Видео) Туфегџиќ: Ѓорчевски е убеден дека Палевски ја убил Вања, тој живее живот по инерција, под терапија

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, посочува дека Александар Ѓорчески е убеден дека Љупчо Палевски-Палчо го сторил убиството на Вања Ѓорчевска. Туфегџиќ во „Претрес“ посочи дека токму затоа и му се обратил на Палчо, да му каже, зошто тоа го сторил.„Он лично е убеден, од сето тоа што го слушна. И во своето обраќање во завршниот збор тој му се обрати на Палевски и го повика со зборовите ‘Палевски, стани, поклони се пред сите и кажи зошто ми ја уби Вањичка’. И тоа му посочи ‘не низ форма на реферети туку во две реченици’. Не можев да видам како изреагира Палевски“, рече Туфегџиќ во „Претрес“.Според него, таткото на Вања издржал низ судењата дека со примање терапија.„Ѓорчевски е под посебна терапија, така издржа. Во средина на судењата, третманот не даваше резултати за тој да биде сконцентриран, сменета му е терапијата. И точно дека има промена. Тој и самиот кажа: мижам зошто не можам да ги гледам, но секој збор внимателно го слушам. Тој беше изложен од понижувања и навреди од јавниот обвинител и сето тоа го издржа“, додаде тој.Туфегџиќ рече „тој со бесот заврши, за него, животот после убиството на Вања... нема никаков бес, освен болката која ја носи со себе. Тоа живот по инерција. Тој живее за денот, да добие одговор на прашањето ‘зошто?’“.

Македонија | пред 7 месеци

tufegdzik-kocani

Гневот на семејствата од Кочани може да ескалира, а судска постапка со 68 обвинети може да има 68.000 проблеми, алармира Туфегџиќ

Адвокатот и екссудија, Владимир Туфегџиќ, алармира дека очајот и гневот на семејствата на настраданите, лесно може да ескалира и работите да излезат од контрола. Тој посочува дека треба да им се објасни сѐ во однос на постапката, да ја знаат реалноста и да знаат што да очекуваат. Според него, постапката со 68 осомничени е проблематична сама по себе.„Протестите на семејствата на настраданите во Кочани говорат за очајот и гневот на овие луѓе кој може многу лесно да ескалира и работите да излезат од контрола. На овие луѓе им е потребна институционална помош и потребно е веднаш да се мобилизираат организации кои се стручни за работа со жртвите од вакви и слични трагедии, доколку воопшто имаме вакви организации. Јавното обвинителство и полицијата мораат да им ја кажат реалноста и очекувањата на оштетените за да не се создава нереална слика по однос на законските можности за постапување, оштетените се странка во постапката и имаш обврска кон нив. Од секогаш сум бил поборник веднаш да ја кажеш вистината колку и да е неприфатлива и болна, подобро е на луѓето сега да им се каже дека вака унифицирано поставена равенка на одговорност по хоризонтала и вертикала како кривично дело Тешки дела против општата сигурност со 68 осомничен е проблематично самото по себе, подобро е на луѓето сега да им кажеш дека пожарот, причините и последиците од пожарот се една работа, а институционалните пропусти од 2012 година до денес и легалноста на објектот, се сосема друга правна работа, подобро е сега да им кажеш дека во судска постапка со 68 обвинети очекуваш 68 илјади проблеми и дека обвинетите имаат право на одбрана и ќе се бранат со сите законски дозволени сретства“, вели Туфегџиќ.Тој додава: „Подобро е на оштетените сега се да им се каже за да не се дојде во ситуација догодина во ова време кога со протести ќе се бара брза правда, а ти не можеш да ја испорачаш, да се префрла топката полиција - обвинителство - суд и обратно, тогаш ќе биде касно било што да се каже“.

Коментари | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања