УКРАИНА

media-library54ga6e29pir3diXi9yC

Украина и САД постигнаа договор за условите за мировен договор со Русија

БТА повикувајќи се на американските телевизиски мрежи „ABC“, „CBS“ и „CNN“ кои имаат и формации од претставници на американската влада, извести дека Украинска делегација постигнала договор со САД за условите за можен мировен договор со Русија.Ден Дрискол, министерот за одбрана на САД, вчера според медиумски информации одржал тајни разговори со руската делегација во Абу Даби, како продолжение на разговорите со Украина во Женева.Според него, Украина се согласила со мировниот договор.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2025-08-22-at-10.43.09

Политико: Европската унија во паника по руското одбивање на ревидираниот договор за Украина

Европските функционери вчера накратко воздивнаа, убедени дека преговорите во Женева донеле напредок и дека Доналд Трамп ќе ја сослуша нивната порака: Украина не смее да биде притисната да прифати лош мировен договор. Но оптимизмот траеше само неколку часа. Русија уште истата вечер ја отфрли ревидираната верзија на документот, јавува „Политико“.Европската радост првично беше поттикната од изјавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која го поздрави „добриот напредок“ постигнат благодарение на „силното европско присуство“ во преговорите. За првпат во процесот, европските и британските советници беа поканети на разговорите – нешто што изостана во оригиналниот американско-руски предлог од 28 точки, кој во Брисел предизвика вознемиреност поради прекумерната наклонетост кон Москва.Откако Русија ја отфрли ревидираната верзија, Украина се соочува со ризик Владимир Путин да ги врати преговорите на почеток – на спорниот договор за прекин на огнот што од Киев бара да отстапи дел од територијата, да се откаже од членството во НАТО и да ја намали армијата од речиси еден милион војници на околу 600.000.Во таква поставеност, претседателот Володимир Зеленски би се нашол пред драматичен избор: да го прифати договорот скроен од Трамп и Путин или да ризикува долгорочна иднина на Украина надевајќи се дека Европа конечно ќе одлучи да преземе поголем товар. Истата Европа која по четири години војна сè уште не испраќа свои сили, не го обезбедува оружјето што го бара Киев и не ги активира замрзнатите руски средства во европските банки.Американски републиканци, како Грег Свенсон од Republicans Overseas, сметаат дека Европејците се занесуваат: „Која е алтернативата? Можете да зборувате убаво, да присуствувате на дипломатски средби, но единствениот начин да се порази Путин е борба – а тие не се подготвени за тоа“, изјави Свенсон.Европските држави, пак, потсетуваат на огромната финансиска и воена помош што ја испратија во Украина, како и на економските последици од прекинот на соработката со Русија, особено во енергетиката. Но останува фактот: првиот предлог на Трамп предизвика паника во Брисел затоа што Зеленски не може да се потпира само на Европа.Тоа стана видливо на последниот самит во Брисел, кога лидерите на ЕУ беа уверени дека ќе го одобрат планот за користење на 140 милијарди евра замрзнат руски имот како „репарациски заем“ за Украина. Тој договор се распадна по неочекуваниот отпор на Белгија. Разговорите се интензивираат, но решение сè уште нема – а дел од дипломатите стравуваат дека идејата за заем ќе пропадне ако мировниот договор ја вклучи таа ставка. Првичниот американски предлог предвидуваше половина од приходите од инвестициите во Украина да одат во САД, што Европа го оцени како „скандалозно“.Дополнителен ризик е што финансискиот депозитар Euroclear – лоциран во Белгија – би можел да биде обврзан да ги врати средствата во Москва по укинувањето на санкциите, што би ги изложило европските даночни обврзници на огромни финансиски трошоци.Освен финансиските дилеми, отворено е и прашањето за безбедноста. Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Киер Стармер на почетокот на годинава зборуваа за меѓународни мировни сили составени од доброволни држави, па дури и за праќање војници во Украина. Но тонот се смени – и во Париз и во Лондон. Сериозноста на темата ја покажа и бурната реакција во Франција по изјавите на новиот началник на Генералштабот, Фабиен Мандон, кој ги повика локалните власти да се подготват за можен судир со Русија.Во Германија, министерот за надворешни работи Јохан Вадепфул истакна дека Берлин веќе испраќа силна поддршка со стационирање бригада во Литванија. Но за Украина тоа не е доволно: Киев бара конкретна, силна поддршка на своја територија, што европските влади сè уште не се подготвени да ја дадат.„Барем Трамп е искрен“, вели Свенсон. „Можеме да ја победиме Русија – и брзо, доколку не се употреби нуклеарно оружје. Но тоа би значело многу мртви.“Меѓу таа искреност, европската воздржаност и руската агресија – Украина повторно стои сама на средина.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2025-08-22-at-10.41.43

Од план наклонет кон Москва до ‘ревидиран документ’: како мировниот предлог се смени преку ноќ

Доналд Трамп силно притиска за брз мировен договор во Украина, но Киев предупредува дека мирот не може да биде постигнат по цена на капитулација. Според анализата на Би-Би-Си, токму затоа Украина го одбила иницијалниот предлог што американската администрација се обидела да го протурка пред Денот на благодарноста, бидејќи содржел услови што речиси целосно одговарале на руските барања.Во Женева беше одржан итен круг преговори, на кои Украина испрати делегација на највисоко ниво. Цела недела, делегациите на Украина и САД се движеле меѓу две локации под строги мерки на безбедност, додека европските советници за национална безбедност од Германија, Франција и Обединетото Кралство се приклучиле со свои амандмани.Аналитичарката на Би-Би-Си успеала да го види украинскиот главен преговарач Андриј Јермак само накратко – без израз на лицето, што, како што наведува, е разбирливо: почетниот американски предлог бил толку наклонет кон Москва што државниот секретар Марко Рубио морал јавно да демантира дека текстот доаѓа од Кремљ. Но Трамп бил недвосмислен – Украина треба брзо да потпише или да се соочи со „неодредени последици“.Рубио објави дека постигнал „огромен напредок“, но одби да ги открие клучните детали. Заедничката изјава на Киев и Вашингтон сега зборува за „нов договор“ – ревидиран документ кој сè уште не е објавен. Според „Фајненшл Тајмс“, новата рамка од 19 точки задржува многу малку од иницијалниот текст.Европските предлози очигледно го промениле документот во корист на Украина. Од него исчезнале барањата за трајно ограничување на украинската армија и за автоматски вето-механизми што би го блокирале членството во НАТО. Предлогот не предвидува предавање дополнителни делови од Донбас и не содржи општа амнестија за воени злосторства. Територијалните прашања треба да се решаваат дипломатски – позиција што претседателот Володимир Зеленски и претходно ја истакнувал.Во документот се појавуваат и безбедносни гаранции, што Украина ги смета за клучни. Низа западни лидери, меѓу нив и британскиот премиер Киер Стармер, зборуваат за гаранции слични на член 5 од НАТО – обврска за директна помош во случај на нов напад. Германскиот канцелар Фридрих Мерц го опиша најновиот предлог како „значително изменет во позитивна насока“.Како текстот се претворил од верзија блиска до Кремљ во нешто што Киев барем може да разгледува, останува нејасно. Би-Би-Си потсетува дека првичниот документ бил обликуван под влијание на средбата меѓу бизнисменот Стив Виткоф и рускиот претседател Владимир Путин, по која Виткоф повторувал руски наративи речиси буквално. Новиот предлог, според проценките, е многу поприфатлив, но уште далеку од конечен договор.И самиот Трамп го промени тонот. Од жестоки критики кон Киев поради „недостаток на благодарност“, тој премина кон изјави дека „нешто добро“ може да произлезе од новиот циклус разговори. Но западните аналитичари предупредуваат дека сè додека Москва не чувствува воена слабост, нема индикации дека Путин е подготвен да се повлече.Според Карнеги центарот за Русија и Евроазија, корупциските скандали во Киев, политичките турбуленции, проблемите со мобилизацијата и руските придобивки на терен само ја зголемуваат самоувереноста на Путин. Најоптимистичките оценки велат дека притисокот на Трамп можеби го забрзал барањето за решение, но суштината не се променила.Би-Би-Си заклучува дека кругот повторно се затвора: Москва останува на позицијата „ова се нашите услови – прифатете ги или чекајте“. Украина, пак, и покрај желбата за мир, не е подготвена да плати со сопствената територија, војска или безбедност.

Свет | пред 2 месеци

media-librarycfbh1mm2afi6cz5lx5o

Русија со жестоки напади врз Киев и повеќе украински градови – загинати и тешко оштетена енергетската инфраструктура

Русија синоќа изведе масовен комбиниран напад врз Киев и повеќе украински градови, користејќи дронови „Шахед“ и балистички ракети „Кинжал“. Според првичните информации објавени од „Kyiv Independent“, во главниот град загинала најмалку една личност, а седум се повредени.Нападите започнале околу 1 часот по полноќ, при што низ Киев одекнувале серија експлозии, а противвоздушната одбрана била активирана на повеќе локации. Градските власти потврдија дека биле погодени станбени згради и делови од критичната енергетска инфраструктура.Пожари и урнатини во повеќе населби во КиевГрадоначалникот Виталиј Кличко информираше дека пожар избувнал во неколку висококатници во централниот Печерски реон. Една од нив е зграда од 22 ката, оштетена на повеќе нивоа. Во Дњипровскиот дел од градот целосно изгорела деветкатница каде што една личност загинала, а спасувачките екипи продолжуваат да ги пребаруваат урнатините. Изгорела и гаража во истиот реон.Напади и во Киевската област – повредено 14-годишно детеВо регионот на Била Церква четири куќи се целосно уништени, а повредено е и 14-годишно момче. Активност на ракети и дронови е забележана и во Запорожје и Харковската област.Украинското Министерство за енергетика нападот го опиша како „масовен комбиниран удар врз енергетската инфраструктура“. Москва во последните месеци значително ги засили нападите врз енергетскиот систем со цел да ја воведе Украина во уште една тешка зимска криза.Нападите доаѓаат во момент на засилен притисок врз КиевЕскалацијата се случува додека САД го притискаат Киев да прифати нов мировен план што сериозно ги фаворизира руските интереси. Американскиот претседател Доналд Трамп пред само неколку дена изјави: „Зимата е студена и многу големи електрани беа нападнати, благо кажано.“Украинскиот претседател Володимир Зеленски само неколку часа пред нападите предупреди дека Русија нема намера да го намали воениот притисок, и покрај мировните разговори.„Мораме да бидеме свесни дека Русија нема да попушти. Во овие денови мора да бидеме внимателни и да реагираме на сите воздушни тревоги. Ако навистина зборуваме за крај на војната, тогаш не треба да постојат масовни ракетни напади врз Украина,“ порача Зеленски.Спасувачките служби и натаму работат на теренот, додека се очекува официјален биланс на штетите и евентуално нови информации за жртвите.

Свет | пред 2 месеци

media-librarysos6qkdg30go81Va8uj

САД започнаа директни преговори со Русија и Украина во обид да се обезбеди мировен договор

САД интензивно преговараат со Русија и Украина во обид да го финализираат новиот мировен план за ставање крај на војната, јавуваат американски и меѓународни медиуми. Американскиот министер за копнена војска, Дан Дрискол, синоќа пристигнал во Абу Даби, каде започнал средби со украинскиот разузнавачки врв и руска делегација.Според американски функционер и извори упатени во процесот, Дрискол веќе синоќа имал првични разговори со руските претставници, а преговорите продолжуваат и денес. Тој треба да оствари средба и со Кирило Буданов, шеф на украинската воена разузнавачка служба (ГУР), познат по водењето на најсложените украински операции од почетокот на војната.Напредок во Женева, нов предлог со 19 точкиСредбата во Обединетите Арапски Емирати следи по викенд-преговорите во Женева, каде што американската и украинската делегација постигнаа напредок и од почетниот контроверзен план од 28 точки произлезе нов предлог – скратен на 19 точки и, како што се наведува, „значително поповолен за Киев“.Првиот предлог на администрацијата на Доналд Трамп предвидуваше признание на руската контрола врз Крим, Донецк и Луганск, формирање демилитаризирани зони и низа геополитички отстапки кои предизвикаа остра реакција во Европа и делови од американскиот Конгрес. Најчувствителните точки сега се оставени како прашања што треба да ги договорат двајцата претседатели – Трамп и Зеленски.Буданов – клучна личност меѓу двете страниБуданов е еден од ретките украински претставници кои во текот на војната одржуваа отворени канали со Русија, што овозможи размена на илјадници заробеници и решавање дел од хуманитарните прашања. Тој е назначен како дел од официјалната украинска делегација за директни преговори со САД и Русија.Зеленски: „Некои чекори за крај на војната стануваат остварливи“Во обраќање до украинската јавност, претседателот Владимир Зеленски синоќа рече дека очекува „неопходните чекори за ставање крај на војната да станат реални“, но предупреди дека најкритичните точки од договорот допрва ќе се разгледуваат.„По Женевските разговори има помалку точки, повеќе не се 28. Многу важни елементи се земени предвид. Но ни претстои сериозна работа и директни разговори со претседателот Трамп,“ изјави Зеленски.Вашингтон: „Мора да бидеме сигурни дека Русија ќе прифати“Белата куќа останува воздржана, но внимателно оптимистична. Портпаролката Каролин Левит потврди дека за сега не е планирана средба меѓу Трамп и Зеленски, но истакна дека САД се „многу охрабрени“ од напредокот во Женева.„Мора да бидеме сигурни дека сите точки се целосно договорени – и со Украина, и со Русија. САД се ангажираат подеднакво со двете страни“, рече таа.Предизвиците допрва следуваатИако процесот е интензивиран и воден 24 часа дневно, според американските функционери, остануваат големи отворени прашања – од безбедносните гаранции за Украина, до територијалните прашања и идната улога на НАТО.За првпат од почетокот на војната, преговорите вклучуваат високо ниво претставници на трите страни, а исходот ќе зависи од тоа дали ќе се произведе рамка што истовремено е прифатлива за Киев, Москва и Вашингтон.

Свет | пред 2 месеци

media-library2hlmrmsjmurd7y2X6lE

Руски камиказа-дронови повторно го погодија Харков: убиени четири лица, меѓу тешко повредените има и две деца

Четири лица загинаа во руски напад со камиказа-дронови врз Харков, соопшти градоначалникот Игор Терехов. Телото на едно од загинатите лица било извлечено од под урнатините.Според регионалниот гувернер Олег Синегубов, уште дванаесет лица се повредени, меѓу кои две деца на 11 и 12 години.Од локалните власти беше соопштено дека градот и неговата околина биле погодени со петнаесет напади во текот на денот. Харков се наоѓа само триесет километри од руската граница и од почетокот на инвазијата постојано е цел на удари насочени кон инфраструктурата и станбените објекти.Во одделен напад во Марханец, град во областа Дњепропетровск на југот на земјата, две лица загинале во руски артилериски оган, потврди гувернерот на регионот.

Свет | пред 2 месеци

1680095499_zelenski

Зеленски: Украина е благодарна на Трамп, САД и на секое американско срце за напорите за постигнување мир

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја им се заблагодарува на САД и на нивниот претседател Доналд Трамп за напорите да го поддржат Киев.„Украина е благодарна на Соединетите Американски Држави, на секое американско срце, а особено на претседателот Трамп за помошта што, почнувајќи со ракетите „Џавелин“, спасува украински животи“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Телеграм.Претходно Трамп рече дека украинското раководство изразило „нулта благодарност“ за американската помош.Зеленски, исто така, изрази благодарност и до Европа, Г-7 и Г-20 за нивната помош, велејќи дека нивните напори за поддршка на оваа помош се важни.„Затоа работиме толку внимателно на секоја точка, на секој чекор кон мирот. Сè мора да биде правилно осмислено за да можеме навистина да ја завршиме оваа војна и да спречиме таа да се случи повторно”, напиша Зеленски.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-14.36.37

Европа излегува со контра-предлог до Трамп: Украина да биде заштитена од САД како да е дел од НАТО

Украина и нејзините европски сојузници ќе инсистираат дека разговорите со Русија за какви било териториски размени можат да се случат само откако ќе престане војната по сегашната линија на контакт, според луѓе запознаени со контра-предлогот што ќе им биде презентиран на САД во Швајцарија.Се чини дека и Трамп го намалува притисокот врз Киев бидејќи предлогот за мировен договор не е конеченТој на прес концеренција изгледаше помалку самоуверен во барањето Украина да се согласи со контроверзниот предлог што би вклучувал отстапување од територија на Русија, значително намалување на вооружените сили на Украина и давање на САД голем удел во идната реконструкција на земјата.,,Не, тоа не е мојата последна понуда.Сакам да склучиме мир; требаше да се направи одамна, мора да го завршиме на еден или друг начин”, одговори Трамп.Според условите предложени од САД, Украина ќе мора да ги повлече трупите од делови од источниот регион Донбас што Русија не успеа целосно да ги окупира. Областа ќе стане демилитаризирана тампон зона, меѓународно призната како руска.Москва, ќе добие признание за Крим, Луганск и Донецк.Предлогот на САД, кби ја ограничил големината на вооружените сили на Украина на 600.000 лица.Европските лидери, заедно со членовите на Групата седум, Канада и Јапонија, се спротивставија на идејата дека границите на Украина би можеле да се намалат или дека вооружените сили би можеле да бидат ограничени.

Свет | пред 2 месеци

media-library4l9kvcu14iqcfvdTtqj

(Видео) Украинците напаѓаат со дронови: Гори термоцентрала близу Москва

По напад од украински дрон, избувна пожар во електраната Шатура, која се наоѓа на 130 км од центарот на Москва, објави агенцијата Интерфакс.„Утрово беше извршен напад со беспилотни летала врз електраната Шатура во државниот округ. Некои од беспилотните летала беа уништени од силите за противвоздушна одбрана, а неколку делови паднаа на територијата на електраната. Во зградата избувна пожар, кој е локализиран, а службите за итни случаи продолжуваат со својата работа“, објави гувернерот на Московскиот регион, Андреј Воробјов.Тој уверува дека снабдувањето со електрична енергија на Москва не е прекинато, бидејќи е префрлено на резервни линии, но по нападот, локалните канали почнаа да известуваат за прекини на електричната енергија во делови од Шатура, потврдувајќи ја сериозноста на ситуацијата.Електраната Шатура, со капацитет од околу 1.500 MW, е клучна за снабдување со електрична енергија на делови од Московскиот регион.Руската агенција за воздухопловство, исто така објави дека аеродромот Жуковски е привремено суспендиран поради присуството на беспилотни летала во регионот.Руските системи за воздушна одбрана собориле 75 украински беспилотни летала над девет руски региони во текот на ноќта, објави руското Министерство за одбрана.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryud6tdojutgsp4NmuVMx

AFP: Мировниот план на САД би ѝ дал на Русија територија колку еден Луксембург без борба

Спроведувањето на американскиот мировен план за Украина, во формата во која моментално се разгледува, би резултирало со тоа Русија да добие речиси 2.300 квадратни километри нова територија – површина речиси еднаква на Луксембург, пресмета француската агенција AFP, користејќи податоци од Институтот за проучување на војната (ISW).Според документот, Украина би се повлекла од речиси 5.000 км² во Донецка област и 45 км² во Луганска, додека Русија би вратила делови од Харквивската, Днипропетровската, Сумската и Чернихивската област, во вкупна површина од околу 2.770 км².AFP оценува дека планот фактички „би ѝ предал на Русија околу 20% од украинската територија, во замена за враќање на помалку од 0,5%“.Што предвидува планот?Во членот 21 од мировниот предлог стои:Крим, Луганск и Донецк се признаваат како де факто руски, вклучително и од САД.Во Херсон и Запорожје се замрзнува моменталната линија на фронтот.Русија би се повлекла од некои дополнително договорени области.Украинските сили би се повлекле од дел од Донецка област што сè уште го контролираат.Тој појас би станал демилитаризирана тампон-зона, меѓународно призната како дел од Руската Федерација, во која руските сили не смеат да навлегуваат.И двете држави би се обврзале дека нема да ги менуваат новите територијални граници со сила. САД би давале безбедносни гаранции за Украина—но тие престануваат да важат доколку Украина ја нападне Русија.Economist: Со сегашното темпо Русија би ја освојувала Украина повеќе од еден векСпоред пресметка на The Economist, ако руската офанзива продолжи со моменталното темпо, на Москва би ѝ требало до јуни 2030 година за да ги заземе Луганск, Донецк, Херсон и Запорожје — а уште 103 години за целосна окупација на Украина.Весникот наведува дека од мај годинава Русија освоила само 0,4% нова територија и притоа трпи „огромни човечки загуби“. Според нивната мета-проценка, руските жртви до октомври достигнале 984.000 – 1.438.000 луѓе, од кои меѓу 190.000 и 480.000 загинати.Зелeнски: Украина е пред „еден од најтешките избори во својата историја“Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека земјата се соочува со исклучително сложен момент.„Ова е еден од најтешките моменти во нашата историја. Украина може да се најде пред избор: или загуба на достоинството, или ризик од губење клучен партнер“, рече тој, алудирајќи на САД и нивниот мировен предлог.Зеленски посочи дека Киев ќе делува брзо, но и дека „националните интереси мораат да бидат зачувани“.„Ќе соработуваме мирно и конструктивно со Америка и партнерите. Ќе дадеме аргументи, ќе понудиме алтернативи, но нема да му дадеме на непријателот причина да каже дека Украина не сака мир“, додаде тој.

Свет | пред 2 месеци

1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Орбан: Европа е на раскрсница – еден пат води кон мир, другиот директно во војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека војната меѓу Русија и Украина ја довела Европа до „историска раскрсница“, предупредувајќи дека континентот се соочува со две можни насоки – една која нуди шансa за мир и друга која, како што рече, води „директно во војна“.Орбан повтори дека американскиот претседател Доналд Трамп „не се откажал“ од намерата да донесе мир во Украина и повика европските лидери да застанат зад неговата иницијатива.„Можеме да се вратиме од оваа слепа улица и конечно да се обединиме зад мировната иницијатива на претседателот Трамп, вклучувајќи ги и бриселските бирократи. Тоа би значело лидерите кои го поддржуваат продолжувањето на војната да признаат дека во последните три и пол години ги трошеле тешко заработените пари на Европјаните на конфликт кој не може да се добие на бојното поле“, рече Орбан.Според него, алтернативата е опасна.„Ако европските лидери што ја поддржуваат војната продолжат да испраќаат пари и оружје во Украина без поддршка од САД, тогаш го отвораат патот за европско-руски судир. Европа добро знае каде води тој пат – последиците отсекогаш биле трагични“, предупреди тој.Орбан нагласи дека Унгарија јасно избрала страна:„Не постои дилема за нас – го избираме патот на мирот. Така нѐ задолжи унгарскиот народ, а тоа го диктираат и моралот и здравиот разум“, изјави премиерот, додавајќи дека во таа насока испратил писмо до претседателката на Европската комисија.

Свет | пред 2 месеци

media-library54ga6e29pir3diXi9yC

Зеленски назначи преговарачка делегација за разговорите со Вашингтон и Москва

Украинскиот претседател Володимир Зеленски назначи деветчлена преговарачка делегација која ќе учествува во разговорите со САД, Русија и другите меѓународни партнери, се наведува во указ објавен во саботата во Киев.Шефот на кабинетот на претседателот, Андриј Јермак, е именуван за главен преговарач, додека меѓу членовите на делегацијата е и Кирило Буданов, раководителот на украинската воена разузнавачка служба.Одлуката доаѓа еден ден откако Зеленски предупреди дека американскиот мировен план ја става Украина пред „многу тежок избор — или загуба на достоинството, или ризикување да се изгуби клучниот партнер“, алудирајќи на САД.Американската поддршка — важна за испораките на оружје и за обезбедување разузнавачки информации — останува од суштинско значење за способноста на Киев да продолжи да се спротивставува на руските сили.Високи украински претставници во наредните денови треба да се сретнат со американски претставници во Швајцарија за да разговараат за предложениот мировен план на претседателот Доналд Трамп. Точниот термин и локација на средбата сè уште не се соопштени.

Свет | пред 2 месеци

tramp

Трамп: Четврток е клучниот рок за Украина да го прифати мировниот предлог поддржан од САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти 27 ноември, четврток, е вистинскиот рок до кој Украина треба да го прифати мировниот предлог поддржан од САД, со кој би се ставил крај на војната со Русија.„Имав многу рокови, но ако работите се одвиваат добро, роковите обично се продолжуваат. Но, ние мислиме дека четврток е вистинското време“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“.Ројтерс, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, претходно објави дека САД се подготвени да го прекинат споделувањето разузнавачки информации и испораките на оружје доколку Киев не се согласи на рамковниот мировен договор што Вашингтон го предлага. Според изворите, Украина е под поголем притисок од било кои претходни мировни иницијативи и се очекува договорот да биде потпишан до следниот четврток.Во обраќање до украинската нација, претседателот Володимир Зеленски предупреди дека земјата се соочува со еден од најтешките моменти во својата современа историја.„Сега Украина може да се најде пред многу тежок избор. Или губење на достоинството или ризик од губење на клучен партнер. Или тешки 28 поени или исклучително тешка зима – најтешката – и дополнителни ризици“, изјави Зеленски, нагласувајќи дека земјата е под огромен притисок.

Свет | пред 2 месеци

ukraina-tenk-pukanje

Брисел се налути на САД: Планот на Трамп за Украина се толкува како целосна отстапка кон Москва

Европските институции со силно негодување реагираа на најновиот обид на американскиот претседател Доналд Трамп да понуди рамка за запирање на војната во Украина. Во европските дипломатски кругови доминира оцената дека предложените мерки му одат во прилог на Кремљ и дека секое намалување на поддршката за Киев би му дало дополнителен ветер во грб на Владимир Путин.Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, јасно стави до знаење дека документот што циркулира меѓу сојузниците – наведуван како нацрт со 28 точки – не може да опстане без одобрение од украинската страна и без усогласен став на европските партнери. Таа потсети дека мирот не може да се постигне ако наметнатите решенија ја казнуваат државата што е нападната, наместо агресорот.Според информациите објавени во западните медиуми, американскиот предлог вклучува територијални отстапки од страна на Украина, намалување на украинските вооружени капацитети и ограничување на дел од воената опрема. Овие точки предизвикаа остри реакции во Брисел, каде доминира ставот дека Украина не смее да биде принудена да се откаже од сопствениот суверенитет како услов за мир.Калас повтори дека секоја иницијатива за запирање на конфликтот мора да ја зајакне, а не да ја ослаби Киевската влада, нагласувајќи дека притисокот треба да се насочи кон страната што ја започна агресијата, а не кон државата што се брани.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryud6tdojutgsp4NmuVMx

(Видео) Путин информиран за освојување на Купјанск, Украина ги демантира руските тврдења

Шефот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов, му соопштил на претседателот Владимир Путин дека руските сили воспоставиле контрола врз украинскиот град Купјанск.Кремљ наведе дека Путин ја посетил командната точка на борбената група „Запад“, каде разговарал со Герасимов и други високи воени лица за актуелните фронтовски состојби.Според официјалното соопштение, Путин бил запознаен со развојот на ситуацијата во Костјантинивка и Краматорск во Донецкиот регион, како и во Купјанск во Харковската област.Герасимов тврдел дека единиците на групата „Запад“ го „ослободиле“ Купјанск и дека продолжуваат да ја разоруваат украинската војска, која, како што навел, е опколена на левиот брег од реката Оскол.Украинските власти веднаш реагираа, категорично отфрлајќи ги руските изјави дека градот е преземен, како и тврдењата дека Москва контролира 70 проценти од Покровск.Купјанск, град со околу 55.000 жители пред почетокот на инвазијата, кратко беше под руска окупација во 2022 година, но украинските сили го вратија во септември истата година.Путин изјавил дека жестоки борби се водат и во Костјантинивка, која ја нарекол клучна позиција на украинската армија во Донецкиот регион. Тој повтори дека целта на руските сили останува „целосно исполнување на задачите на Специјалната воена операција“.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања