ВЛАДА

Screenshot-2024-06-16-at-20.28.07

(Видео) Мицкоски ги кажа сите идни министри од ВМРО-ДПМНЕ: Мисајлоски, Николоски, Муцунски, Тошковски...

Мандатарот Христијан Мицкоски кажа дека собраниското мнозинство ќе има и двотретинска поддршка за дел од законите. Централниот и Извршниот комитет ги потврдија министрите кои ќе бидат предложени до Собранието. Мицкоски кажа дека луѓето кои ги предлага се чесни кадри, во кои има надеж.„Заменик-претседател на Владата и министер за транспорт ќе биде Александар Николоски, верувам во неговата способност. Министер за одбрана ќе биде предложен Владо Мисајлоски. Министер за финансии ќе биде Гордана Димитроска-Кочоска, човек со искуство во финансиите. Предлог за министер за надворешни работи ќе биде Тимчо Муцунски. Министер за локална самоуправа ќе биде Златко Перински, тој го водеше и мојот кабинет, беше директор на скопски Водовод“, рече Мицкоски.Тој додаде: „Министер за администрација ќе биде Стефан Андоновски. Министер за спорт ќе биде Борко Ристоски. Предлог за министер за енергетика, рударство и минерални суровини ќе биде Сања Божиновски, која е член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Предлог за министер за земјоделие ќе биде Цветан Трипуноски. Министер за култура и туризам ќе биде Зоран Љутков, кој има блескава актерска кариера и се надевам на сериозен ангажман. Министер за внатрешни работи ќе биде Панче Тошковски. Весна Јанеска ќе биде предлог за министер за образование“.Мицкоски кажа дека очекува многу работа.

Македонија | пред 1 година

ljupco-dimovski

Познати и замениците-претседатели на Владата

До 23 јуни, Македонија треба да ја добие новата Влада. Ова го кажа Христијан Мицкоски, кој рече дека веќе утре ќе ги достават сите имиња на министри ќе бидат достравени до Собранието, каде пратениците ќе требаат да гласаат. Освен министрите за кои веќе објавивме, свое место најдоа и претседателите на Социјалистичката партија и Демократската партија на Србите.„Претседателот на Социјалистичката партија, Љупчо Димовски ќе биде предлог за заменик-претседател на Влада одговорен за политичкиот систем. Иван Стоиљковиќ, ќе биде исто така предлог за заменик-претседател на Влада и минситер на ресорот за односи меѓу заедниците. И Шабан Салиу кој ќе биде министер без ресор, задолжен за имплементација на декадата на Ромите“, рече Мицкоски.Тој ги соопшти и останатите решенија: 

Македонија | пред 1 година

Vlada

Сите министри, од сите партии кои ќе бидат дел од новата Влада

Партијата Беса ги претстави кандидатите за идни министри во новата ВладаБеса која е дел од коалицијата Вреди соопшти дека иден министер за социјална политика демографија и млади ќе биде Фатмир Лимани. Министер за економија и труд ќе биде Бесар Дурмиши. А пак, заменик министер за култура и туризам ќе биде Седат Сулејмани. Овие кандидати ќе се најдат на листата која треба да поомине на седница на Собранието која е закажана за во вторник.И Максим Димитриевски ги кажа своите министриДвижењето ЗНАМ на Максим Димитриевски веќе ги потврди двајцата министри кои ги добија со коалицискиот договор. Игор Филков, е предлог да раководи со правда, а Горан Минчев е кандидат за министер за администрација.И Алтернатива знае со кого ќе настапува На Централното претседателство на Алтернатива Орхан Муртезани, едногласно е избран за кандидат на партијата за министер во Министерството за европски прашања – соопштија од партијата. Муртезани е поранешен генерален директор во МЕПСО и во Македонски Железници – Транспорт, како и актуелен секретар за односи со јавноста и портпарол на Алтернатива.На оваа средба се разговарало и за кандидатот за заменик министер за образование и наука, при што исто така едногласно било одлучено да биде проф. д-р. Лулзим Алиу, универзитетски професор и продекан на Педагошкиот факултет, поранешен заменик министер за образование, а моментално секретар на Секретаријатот за стратегиски политики во Алтернатива.ВЛЕНЛидерот на Демократското движење Изет Меџити ќе биде прв вицепремиер и воедно министер за екологија, додека лидерот на Алијанса за Албанците и се уште актуелен градоначалник на Гостивар Арбен Таравари ќе биде министер за здравство.Бесар Дурмиши, ќе биде министер за економија и труд. Седат Сулејмани ќе биде заменик министер за култура и туризам.ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе пресечеЈасно е дека премиер ќе биде Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Листите за министри не се потврдени и тоа ќе биде направено денеска. Но истовремено, во јавноста протекоа одредени имиња и функции.Панче Тошковски се враќа во МВР, Гордана Димитриеска-Кочоска ќе биде министерка за финансии, Тимчо Муцунски оди во Министерството за надворешни работи, Владо Мисјаловски оди во Министерството за одбрана, Весна Јаневска оди во Министерството за образование, Цветан Трипуновски се враќа во Министерството за земјоделство, Алексаднар Николоски оди во Министерството за транспорт, Борко Ристески во новото Министерство за спорт, Зоран Љутков во Министерството за култура.

Македонија | пред 1 година

IMG_3590

Познати имињата кои ќе бидат дел од новата Влада

Министер за внатрешни работи треба да биде Александар Јанев, кадар на ВМРО-ДПМНЕ од техничката влада во 2020, кога беше началник на Одделот за сузбивање на сериозен и организиран криминал. Ова се неофицијални партиски информации до кои дојде „Скопје1“.Меѓу останатите се:Министер за одбрана – Игор Јанушев,Министер за внатрешни работи – Александар Јанев,Министер за правда – „ЗНАМ“,Министер за заедници – Љупчо Димовски,Министер за надворешни работи и трговија – Тимчо МуцунскиМинистер за економски прашања – АлтернативаМинистер за финансии – Гордана ДимитриевскаМинистер за економија и труд – Бесар ДурмишиМинистер за енергетика – Сања БожиновскаМинистер за земјоделство – Цветан ТрипуновскиМинистер за здравство – Арбен ТаравариМинистер за образование и наука – Весна ЈаневскаМинистер за социјална политика – Фатмир ЛиманиМинистер за транспорт – Александар НиколовскиМинистер за екологија – Изет МеџитиМинистер за спорт – Борко Ристевски.Сите овие имиња дополнително треба да бидат потврдени од Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

plostad-vremenska-toplo-vreme-fontana-skopje

Препораки до граѓаните и работодавачите поради најави за топлотен бран од утре

Владата на Република Северна Македонија, на барање на Министерството за здравство, одржа вонредна седница, поради најавите за топлотен бран во државава и донесе соодветни препораки.Од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи се добиени информации дека на 11.06.2024 (вторник) и 12.06.2024 година (среда), територијата на градовите Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза.Владата ги усвои препораките од Министерството за здравство за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението за територијата на градовите Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран, за деновите 11.06.2024 (вторник) и 12.06.2024 година (среда), согласно коишто е предвидено:1. Ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно: бремените жени и лицата на возраст над 60 години;2. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;3. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица, бездомни лица;4. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавачите на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.Во овој период, 11.06.2024 година (вторник) и 12.06.2024 година (среда) најавено е и дека териториите на Скопскиот и Вардарскиот регион ќе бидат зафатени од високи температури, но од жолта фаза (алерт - подготвеност). Во овие региони ќе важат општите препораки, коишто ќе ги соопшти Министерството за здравство.

Македонија | пред 1 година

taravari-vredi-koalicija

Со кои институции, агенции, затвори ќе раководи ВЛЕН: Финансиско разузнавање, Фонд за здравство, затвори..

Договорени се над 60 здравствени и кулутурни институции, државни агенции и затвори, во кои на раководните функции директор или заменик-директор ќе бидат поставени кадри на ВЛЕН, коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ. Начелно, ВЛЕН влегува на местата каде досега имаше кадри на ДУИ. Па така, директори ќе имаат на Клинички центар, заменици во Фонд за здравство и Пензиски фонд.Свои луѓе ќе постават и во Управа за финансиско разознавање, заменик-директори во Управа за финансиско разузнавање УЈП, Централен регистар, Агенција за администрација и Царина, директор во Управа за матични книги. Од покрупните договорени институции, договорени се и заменичкото директорско место во МРТВ и МИА, директорското на ЈП Пасишта, Агенција за класифицирани информации, Метрологија, заменичкото во Државни шуми и ЕЛЕМ.ВЛЕН ќе раководи и со повеќе театри, со Филхаронија, а заменик директор ќе добие и во Универзитетската библиотека во Скопје.Од затворски институции, добива двајца директори и тројца заменици директори. Па така, кадри на оваа партија ќе раководат со струшкиот и тетовскиот затвор, а заменици ќе има во охридскиот, во Шутка и Куманово.Распределбата на ресори не е готова и се прават завршни преговори. Дел од институциите ќе добијат и ЗНАМ на Максим Димитриевски.

Македонија | пред 1 година

gordana-siljanovska-mickoskiKonvencija-10-02032024

Во напредна фаза преговорите за новата Влада: нема конечен договор, се разговара за ресори

„Она што можам засега да го кажам е дека преговарачкиот процес се базира на принципи, пред се нели на евроинтегративниот процес, борбата против криминалот и корупцијата, како и од потребата од одредени реформи за забрзан економски развој“, одговори портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на поставеното прашање од медиуми за тоа до каде се преговорите со коалиционите партнери.Стоилковски додаде дека во тој контекст ВМРО-ДПМНЕ внимава и на персоналните решенија кои што се нудат во коалициските преговори. При што истите не треба да бидат ниту компромитирани на било кој начин и да се посветени кон работата и реформите кои што ќе следат.„Засега она што може да се каже е дека преговорите се во напредна фаза, но се уште нема конечен договор и се до официјално моментот кога ќе може да се соопшти нема да соопштуваме никакви детали. Се разговара и за ресори кои што се од економска и политичка природа, но најважно е тие да ги прифатат принципите на Владата и генералните програмски определби“, појасни портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.Тој посочи дека во преговорите се внимава на квалитетот на самата поделба и на бројката која што ВМРО-ДПМНЕ ја има во освоени пратеници за овој парламентарен состав.„Преговорите можам да кажам дека ќе продожат и во следните денови“, заклучи Стоилковски.

Македонија | пред 1 година

mickoski26012024

Мицкоски најави дека ќе ја каже земјата: Земаме заем од Влада со Влада, за да ги финансираме лошите проекти од оваа Влада

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, не откри која е државата од која Македонија ќе повлече заем, но кажа дека ќе се земат до една милијарда евра, за да се крпат дупки, кои според него, ги правеле СДСМ и ДУИ. Спроед Миццкоски, условите се поволни. За тоа која е државата - рече ќе открие наскоро.„Влада со Влада да повлечеме заем, до една милијарда евра, средства кои ќе ни бидат потребни за да ги финансираме лошите проекти на оваа Влада. Можам да кажам само дека државите кои ги споменуваа не се тие, дека станува збор за европска држава, наскоро ќе ја дознаат и медиумите и државата. Станува збор за поволни услови, многу поповолни од задолжувањето на Валдата и на неродените поколенија“, рече Мицкоски.Кажа дека ќе бидат посветени на економските политики.„Јас кажав дека станува збор за инвестиција во енергетиката, од приватен капитал, од исклучително голем играч, каде има големи финансиски институции во акционерската структура. Од оправдани причини не можам да кажам за што станува збор, договорот е завршен, станува збор за проект кој е од обновлива енергија. Проект во кој нема потреба од стратешки договори како што на шверцерски се носеа во Собранието“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

goce-delcev-634262346

Пак ќе биде со пунктови за поминување: Се одбележува 121 годишнина од смртта на Гоце Делчев

Владата на Република Македонија, на 04.05.2024 година (сабота), ќе ја одбележи 121 годишнината од смртта на Гоце Делчев со положување свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште, во црквата „Св.Спас“,Скопје.„По тој повод, во 10:30 часот, свежо цвеќе ќе положи претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, владина делегација предводена од Славјанка Петровска, министерка за одбрана во Владата на Република Северна Македонија, Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање во Владата на Република Северна Македонија.Поради безбедносни протоколи, потребно е медиумските екипи да се пристигнати на еден од двата пункта за контрола од страна на МВР најдоцна до 09:30 часот (едниот на крстосницата кај „Меморијалниот центар на холокаустот“ или другиот кај Мустафа-пашината џамија) и од таму пешки треба да се упатат кон црквата „Св. Спас““, велат од Влада.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-26-at-14.07.40

„Бел ден не видов“ - Ангелов се пакува од ЦУК, Џафери му јавил дека ќе покрене разрешување

Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување на кризи, ќе биде тема на денешната владина седница, каде ќе се дискутира за негово разрешување. Ова доаѓа откако „Достоинство“ се реши да ја напушти коалицијата со СДСМ и да влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.„Како премиер неспорно е дека тој има право да предлага именување и разрешување на функционери. Конечната одлука ја носи Владата. За да биде прифатен предлогот на премиерот за мое разрешување, поддршката треба да дадат министрите сосе вицепремиерите на СДСМ. Во спротивно нема да има мое разрешување“, кажа Ангелов.Генералниот секретар Миле Зеќевиќ прв знаел дека Ангелов излегува од коалицијата со СДСМ, а дури потоа претседателот Димитар Ковачевски.„Тие сметаа дека без разлика на политичка одлука на Достоинство, треба да останам на позицијата (во ЦУК)“, додаде Ангелов.Тој кажа дека вчера попладнето, Талат Џафери му се јавил на телефон и му кажал дека ќе следува негово разрешување.„Тоа го прифаќам како нормално“, кажа Ангелов.Прашан како поминал при директурувањето во ЦУК тој рече: „Бел ден не видов“, оти баш кога требало да одмара, се случувале најголемите несреќи.„Тогаш баш се случуваа најголемите несреќи“, потенцираше тој.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-24-at-16.58.02

Дрска, скандалозна, со незаконско постапување - Тошковски ја опиша Владата на Џафери

Дрски, кои донесоа незаконска и скандалозна одлука. Ова се зборовите со кои техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски ја опиша техничката Влада предводена од Талат Џафери. Според него, незаконски е чекорот со кој, Владата му ги укинува издадените наредби во рамки на МВР.„Целовкупното поведение на техничката Влада во најмала мера е чудно за сите, а јас можам да кажам крајно незаконито и скандалозно. Ги знаете одлуките за актите кои беа потпишувани, за одлуката за СВР Тетово, а сега Влада се дрзна да поништи наредба за колешка, која на доброволна основа е упатена во пунктот во Ново село. Влада ја поништува одлуката. За наредба зборувам! Во минатите мандати не се случило да поништат наредба. Ај што се тотално неинформирани, па уште од згора и дрски - да зборуваат за потписи, формални грешки“, вели Тошковски.Нему му беа поништени пет наредби.„Имено, една од петте поништени наредби се однесува на работник во Министерството за внатрешни работи кој се упатува да извршува работни задачи во управните служби во Ново Село каде се соочуваме со кадровски дефицит во делот на издавањето на лични документи, а со ваквата одлука на Владата практично се доведува во прашање функционирањето на оваа организациска единица, односно издавањето на лични документи на граѓаните на оваа Општина.Останатите четири наредби се однесуваат на советници од мојот кабинет со кои им се даваат конкретни насоки за постапување, а со нивното поништување исто така се влијае на работата на Министерството на највисоко ниво кое во претстојниот период треба да биде гарант за спроведување на мирен и демократски изборен процес“, соопшти претходно Тошковски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Толку е: Неславен крај на фабриката за автомобили каде Ковачевски и Џафери со министрите од ДУИ фрлаа лопати

Пред една година најавија голема инвестиција за вработување на 900 лица и доделија пари на граѓаните, се сликаа со лопати. По една година, увидоа дека ништо од фабриката за автомобили и ги повлекоа парите. Лопати со цемент фрлаа тогашниот премиер Димитар Ковачевски, министерот за финансии, Фатмир Бесими и министерот за економија Крешник Бектеши. На настанот се собраа куп државници. Сега од ТИРЗ велат – запираме со доделувањето на државните средства.„Дирекцијата на ТИРЗ како застапник на Владата во договорот за доделување државна помош со компанијата ‘е.Го‘ информира дека се запира извршувањето на договорот и на секоја постапка предвидена за доделување јавни средства. Запирањето на доделувањето државна помош следи по добиени јавно достапни информации за поднесено барање за несолвентност на компанијата ‘мајка‘ во Германија. Барањето е поднесено пред надлежните судови во оваа земја. Со ова, Дирекцијата за ТИРЗ ги активира заштитните механизми од потпишаниот договор кои ги предвидуваат и овие околности (стечај, ликвидација), како предуслов за запирање на доделување државна помош. Имајќи го предвид интересот на граѓаните, информираме дека и покрај доставените барања од страна на инвеститорот, досега не се доделени никакви средства на компанијата“, велат од ТИРЗ-Тетово“.Почетокот на изградбата на фабриката беше одбележан со голема церемнија. Во први редови беа лидерот на ДУИ, Али Ахмети, тогашниот собраниски претседател Талат Џафери, министерката за одбрана Славјанка Петровска, минситерот за транспорт, Благој Бочварски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-07-at-10.54.58

Политичарите лажат, бројките - не, ако нема законски измени до 18 мај - 100.000 граѓани нема да можат да гласаат, кажа Тошковски

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, порача дека освен измена на Изборниот законик, нема друг начин како 100.000 граѓани да го остварат правото на глас. Според него, ако до 18 март нема законски измени, тоа ќе значи дека тие граѓани не можат да го остварат нивното право да бираат, загарантирано со Устав.„Несериозна е изјавата имајќи во предвид дека станува збор за потреба од утврдување на можност со патните исправи со старото име, а важечки датум, да македонските граѓани го остварат правото на глас. Немаме 50 дена, бидејќи на 18 март се затвора Избирачкиот список. Ако до тој ден нема измена на законските измени, ќе биде прекршено второ човеково право - правото на глас. Се надевам дека премиер и останатите фактори во оваа држава, ќе најдат заеднички јазик и ќе ја поддржат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за барем да не го кршиме ова право, а тоа е над 100.000 граѓани да можат да гласаат“, вели Тошковски.Според него, согласно сегашните количини, обрасци има до прва половина од мај - ако продолжи истата динамика на печатење.„Ако месечно произведуваме 75 до 80 илјади патни исправи, бројка драстично зголемена со претходните месеци кога имало 50 илјади, ако продолжиме така, до средината на мај ќе се исцрпат обрасците“, додаде Тошковски.Тој кажа дека работат во насока да се обезбедат обрасци до мај, за да не се прекине процесот на производство на пасоши.„Политичарите лажат, бројките не лажат. Бројките рапидно растат во споредба со претходниот месец, граѓаните можат да ги видат. Тоа значи дека со реорганизација можело да се зголемат бројките и да има ред. Сега не е хаотично со јамболии пред полициска станица во 12 часот на полноќ“, додаде Тошковски кој тврди дека драстично се зголемува бројот на издавање на документи.

Македонија | пред 1 година

06032024_PVRSM_XHAFERI-2

Џафери испрати порака до студентитe, ама оние од Приштина

Денес претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, беше во посета на Колеџот ААБ во Приштина, Република Косово.Според агендата, премиерот првично имаше средба со Управниот одбор и ректорот на Колеџот ААБ, Блерим Олури. Колеџот ААБ е првата приватна високообразовна институција во Косово, основана веднаш по војната на Косово, по создавањето на новите економски, социјални и културни односи за нормален живот на косовските граѓани, нарушувајќи ги на овој начин монополските услови кои владееја долго време во образованието.На средбата со УО и ректорот Олури, претседателот се информираше за сите поединости за Колеџот од административен, инфраструктурен и професионален карактер а одговорите ги доби од ректорот Олури, кој посочи дека институцијата, која на почетокот нудела само студии од областа на уметноста и масовната комуникација, со тек на време, се претворила во релевантен домашен академски центар, кој претставува пример за една високообразовна институција, не само во регионот, туку и пошироко, промовирајќи при тоа институционална автономија, и академска слобода и научни истражувања во самата институција.Во рамките на посетата, имаше и обиколка на просториите на колеџот, а претседателот Џафери, одржа предавање пред студентите, на тема „Пријателските односи помеѓу Република Косово и Република Северна Македонија”.Во своето излагање пред студентите, премиерот Џафери посочи дека „билатералните политички односи меѓу двете земји се одликуваат со отворен и конструктивен дијалог, како и продуктивна и плодна соработка во сите области од взаемен интерес и тука спаѓа политичката, економската, бизнис соработката, инфраструктурната, образовната, здравствената и се разбира, размената на искуства и соработката во интегративните процеси во НАТО и ЕУ, како суштински за целиот регион на Западен Балкан.Во однос на поддршката на евроинтеграцискиот пат на Косово, како и членството во рамките на меѓународните организации и иницијативи, претседателот Џафери изрази уверување дека таа поддршка нема никогаш да недостасува, и дека како државни претставници и сонародници, не ја испуштаат ниту една можност за поддршка на членството, партиципацијата или во најмала рака обезбедување на статусот на набљудувач за Република Косово, затоа што, како што посочи „како регион сме онолку силни колку што е силен и нашиот најслаб сосед, што значи, само обединети можеме да бидеме сила која може да говори и да делува во свое име и да го направи најдоброто за себе во овие несигурни времиња.“Во продолжение на предавањето, претседателот на Владата, Џафери, истакна дека соработката во меѓународните платформи е исклучително корисна можност за земјите поединечно, но и за целиот регион, посочувајќи го Планот за раст на Западен Балкан на Европската Комисија или Виенскиот економски форум и други, што е потврда на нашата заедничка цел за интегрирање во европското семејство.Во контекст на НАТО, премиерот Џафери посочи дека целосно ја подржуваме Република Косово и нејзината стратешка цел за интегрирање во овој сојуз, особено имајќи го предвид актуелниот геополитички контекст и актуелни воени дејствија во Украина и на Блискиот Исток.Своето предавање премиерот Џафери го заокружи со мотивот за создавање на европски вредности дома, во регионот, а тоа е за да станат нашите земји атрактивни за живот, образование, работа, создавање, развој и стручно усовршување на младите поколенија. Меѓу другото, потенцираше дека „само ако се претставуваме заедно, во соседски и регионален аспект, нема да постои предизвик кој нема да го надминеме.“На крајот на своето излагање, претседателот на Владата, Џафери, им порача на студентите „Создавајте вредности, откривајте нови врвови, и немојте никогаш да го сопрете чекорот. Со вас напред, сите заедно, како регион, ќе бидеме пример кон кој ќе го вперуваат показалецот сите!“Во знак на благодарност кон премиерот Џафери, студентите имаа подготвено пригоден подарок, уметничка слика која му ја подарија на крајот на предавањето.Во текот на денот, премиерот Џафери беше и во посета на Меморијалниот центар во Преказ, каде оддаде лична почит кон жртвите на семејството на командантот Адем Јашари, а го посети и неговото семејството кое се уште живее таму.

Македонија | пред 1 година

talat-bujar

Џафери и Османи нека ги сликаат граѓаните бидејќи се амбицициозни дека замената на документи ќе заврши навреме, им рече Тошковски

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, ги повика техничкиот премиер Талат Џафери и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, да одат во МВР и да фотографираат граѓани, ако веќе се оптимисти дека за еден месец можат сите 100.000 граѓани кои имаат неважечки пасош, да добијат лична карта. Тошковски одново ги повика партиите да се изгласаат измените на Изборниот законик, бијдеќи само така со пасошите кои имаат рок а немаат „северна“, ќе може да асе гласа.„Ако е толку оптимист Талат Џафери дека со амбициозност процесот на замена на документите може да се заврши навреме, а исто и министерот за надворешни работи, кој многупати изразува само загриженост за целиот овој проблем, двајцата заедно нека дојдат во МВР. Јас ќе им обезбедам посебни кабини за да можат заедно со полициските службеници да помогнат во процесот на фотографирање. Ќе им дадеме посебни картички, тие државна тајна, па нека помогнат во фотографирањето“, рече министерот за внатрешни работи во техничката влада Панче Тошковски.Претходно, Џафери кажа дека граѓаните ќе можат да извадат документи до изборите, како и дека тоа зависи од тоа дали ќе поднесат барања, а МВР сигурно ќе ги изработи.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања