ВЛАДА

28042022_PVRSM_Kovacevski_pratenicki-prasanja

Ковачевски: По минималната плата, следува раст и на другите плати, но и барање за ефикасност

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, на седницата за пратенички прашања во Парламентот соопшти дека по минималната плата, следува раст и на другите плати, но најави и зголемување на продуктивноста и ефикасноста во јавниот сектор, што исто како и за минималната плата, ќе се уреди со закон.„Имаме 18.000 денари минимална плата. Сега се потребни две минимални плати за да се покрие една синдикална кошничка. Двајца ако работат со минимална плата можат да ја покријат синдикалната кошничка, за разлика од тогаш кога можеле да покријат половина кошничка. Во 2016 година, учеството на минималната плата во просечната плата било 38 проценти. Просечната плата во тоа време била 22.000 денари. Сега просечната плата е скоро 30.000 денари. Тоа значи дека пораснале сите плати во државата. Во 2021 година, минималната плата учествува со 52 процента со просечната плата, а во 2022 година, денес, минималната плата учествува со 62 процента во просечната плата“, посочи премиерот Ковачевски.Тој рече дека е тоа постигнато низ социјален дијалог, каде што биле присутни сите синдикати, а не само репрезентативните, иако некои од синдикалните лидери на нерепрезентативни синдикати, како што откри, сѐ правеле да се растури тој состанок.„Паралелно со тоа, државата обезбеди поддршка за покривање до крајот на годината, на придонесите за зголемување на минималната плата. Важечка е програмата за субвенционирање на порастот на платите во приватниот сектор. Доколку компанија реши да ја качи платата на вработените, тогаш државата учествува со субвенционирање на придонесите. Компаниите се решаваат на тоа, бидејќи можат да ја зголемат продуктивноста и да добијат и поддршка на инвестициите, коишто порано беа само за странските инвестициите“, додаде премиерот Ковачевски.Тој соопшти дека „продуктивноста, производството и извозот порасна и имаме економија којашто две години е во криза и којашто во третата година има перформанси - според наплатата на ДДВ-то, придонесите и сите други даноци, поголеми од минатата година – бидејќи е во добра кондиција“.Претседателот на Владата рече дека со репрезентативниот синдикат веќе е почнат социјален дијалог за усогласување на платите во јавниот сектор, но повика на поголема ефикасност.„Ние не можеме константно само да ги зголемуваме платите во јавниот сектор, без никакво барање од јавниот сектор, да не се зголемува продуктивноста на јавниот сектор. Приватниот сектор кој ги финансира платите во јавниот сектор бара зголемување на продуктивноста и на ефикасноста на работењето. Ќе се договори сума за зголемување, ќе се договори методологија за зголемување, веќе нема потреби од политички влијанија за зголемување на минималната плата утврдена со закон. Ќе се гледа и сложеноста на работни места, но паралелно мора да тече процесот на ефикасноста, ефективноста и рационализација со цел да се зголеми продуктивноста, што ќе биде пропратено со нов Закон за плати“, дополни премиерот.Тој посочи и на постоечка неконзистентност на плати, при што членови на управни одбори имаат поголеми плати од претседател на држава, од претседател на врховен суд, а немаат придонес и објасни дека се работи за јавни претпријатија коишто се загубари.„Во наредните 6 месеци ќе се работи на ваков закон и ја повикувам опозицијата да учествува во работната група, заедно со МТСП“, побара премиерот Ковачевски.Тој констатираше дека мора да се направи и реорганизација на претпријатијата коишто креираат загуби и дека со сето ова ќе се овозможи функционалност од што ќе бидат сите задоволни.„Да направиме ефикасна држава во којашто приватниот сектор ќе ги добива најдобрите услуги од јавниот сектор и ќе биде секогаш способен и попродуктивен и подобар да може тоа да го финансира во иднина“, порача премиерот Ковачевски на денешната седница за пратенички прашања во Собранието на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-03-28-at-12.01.49

Однесувањето на СДСМ и Ковачевски, детско и недораснато за улогата која ја имаат, исто како што е целото нивно владеење, вели

„Шарлатанското однесување се гледа и по тоа што на блок се одбива секаква помош во сериозни времиња и сериозна криза за државата. Кога седнаа и кога го анализираа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за да излезе непознато лице на говорница и го одбие предлогот на најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ“, вели реакција на прес конференцијата на Мартин Костовски.Тие:„Жалиме што не ја препознаваат можноста да се разговара за најважните прашања за кои ВМРО-ДПМНЕ понуди и стручна помош и четири тима за 4 најзначајни области и договор за предвремени избори како природно решение за излез од националната катастрофа по која Македонија ја има се помалку.СДСМ не ја интересира Македонија, СДСМ се заинтересирани само за задржување на владата па макар и целата земја да се распадне. Ковачевски покажува нула демократски капацитет, ниту способност да се справи со тешките состојби.СДСМ со ваквото одбивање на дијалог ја турка државата кон уште поголема криза, за чии последици ќе биде одговорен само СДСМ и Ковачевски.Ја повикуваме СДСМ, да ги тргнеме на страна тесните политички интереси и да се обидеме заедно, во овие тешки времиња да ѝ го испорачаме на Македонија и на граѓаните најдоброто. Потребен е излез од кризата. Нека не брзаат со брзи одговори. Ќе го почекаме Ковачевски да размисли убаво до 10-ти мај и сам да каже, ако не е подготвен да дебатира тогаш нека кажат адреса кој е одговорен во СДСМ да му се обратиме, Заев или Шекеринска сеедно, да донесеме паметна одлука за Македонија“.

Македонија | пред 3 години

20042022_ZPVRSM_Grkovska_sednica_2

Грковска се пофали со транспаретно владеење на Владата

Дигитална трансформација на општеството, ефикасни антикорупциски политики, како и професионално, одговорно и отчетно работење на институциите се клучни приоритети на кои интензивно работи заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.Во првите 100 дена од новата Влада во соработка со граѓанскиот сектор, Владата ги задолжи сите буџетски корисници на своите веб-страници да објавуваат податоци за спроведените јавни набавки, сите податоци околу јавните набавки, како и нивните планови за јавни набавки. На овој начин јавноста ќе има брз, лесен, едноставен и разбирлив пристап до информациите за начинот на којшто институциите ги трошат буџетските средства преку јавните набавки, со што се овозможува поголема контрола и отчетност при трошењето на јавните средства.Истовремено, изграден е партнерски однос и континуирана соработка со Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија, Бирото за јавни набавки, како и со граѓанскиот сектор со кои заеднички ги детектираме слабостите на системот и изнаоѓаме решенија.Овозможена е одржливост, како и можност за унапредување на алатката е-инспектор. Кодот за софтверот на оваа алатка е предаден во сопственост на Инспекцискиот совет. Со тоа се отвора можноста за имплементирање на оваа алатка во останатите 13 инспекторати. Преку проширениот опфат на инспекциски служби кои ја користат алатката е-инспектор значително го елиминираме човечкиот фактор и субјективниот пристап при инспекциските надзори и контроли, на тој начин што процесот на распределба на надзорите и контролите ќе биде електронски, со што човечкиот фактор е целосно изземен. Софтверот, врз основа на базата на податоци, автоматски ги определува субјектите на високо, средно и ниско ризични и автоматски ќе планира надзори кај високо ризичните субјекти.Со цел да се ослободи стопанскиот сектор од дополнителни обврски Владата го укина Националниот совет за информациски и комуникациски технологии, со што приватните компании слободно одлучуваат за набавка на информатичка технологија.За да се обезбедат лесно достапни, брзи и ефикасни електронски услуги Владата во согласност со Законот за електронско управување и електронски услуги ги задолжи органите на државната управа на разбирлив и јасен начин за обичниот граѓанин, да ги ажурираат податоците за постојните, но и за новите услуги што ги даваат на граѓаните во Каталогот на услуги на Националниот Портал за електронски услуги.Владата интензивно работи на дигитализација на општеството, за што е во тесна соработка со експерти од Естонија, кои со поддршка на САД се директно вклучени во овој процес.

Македонија | пред 3 години

bekim-sali-3118

Што е направено во здравството за 100 дена

„Во континуитет обезбедуваме нова најсовремена медицинска опрема за јавните здравствени установи, со цел унапредување на условите за третман на пациентите и подигнување на квалитетот на здравствените услуги. На Институтот за радиологија, деновиве се инсталирани четири нови апарати за компјутерска томографија и за магнетна резонанца, обезбедени во соработка со Светска банка. Со оваа инвестиција овозможуваме побрз пристап на пациентите до потребните дијагностички услуги, а со тоа и побрза детекција и третман на заболувањата, особено ако станува збор за малигни заболувања каде раната детекција е клучна. Со грант од Јапонија е обезбедена современа медицинска опрема за повеќе клиники наменета за третман на пост-ковид пациенти (дефибрилатори, електрокардиограми, анализатори за крв, централни монитори, рендген апарат и мобилни ЕХО апарати). На Клиниката за пулмологија е промовиран нов Компјутерски центар за дијагностика, а преку проектот „Снабдување со опрема за одговор на здравствени закани“ се обезбедуваат три апарати за МР за Специјална болница „Св. Еразмо“ во Охрид, ОБ Струмица и ОБ Прилеп и пет апарати за КТ за Клиника за пулмологија и општите болници во Куманово, Кичево, Гевгелија и Кавадарци“, вели Министерството за здравство.Тие додаваат:„Од аспект на зајакнување на дијагностиката, во соработка со Управата за електронско здравство, изработивме веб платформа skrining.mk, преку која жените првпат имаат можност по електронски да закажат преглед во рамки на бесплатниот организиран скрининг за рана детекција на рак на грло на матка. Со организиран скрининг оваа година се опфатени жените на возраст од 36 до 45 години, кои во последните три години немаат направено ПАП тест.Покрај набавката на нова опрема, фокусирани сме и на обнова на инфраструктурата. Целосно е реконструиран одделот за онкологија на Клиниката за детски болести. Станува збор за оддел кој е единствен од овој карактер во регионот, ќе ги згрижува сите деца со малигни болести, а ќе се лекуватт и пациенти од Косово и Јужна Србија.Извршена е целосна гасификација на ОБ Куманово, што овозможува значително позитивен ефект врз животната средина, квалитетот на воздух, а се овозможува и финансиско олеснување за установата која ќе може финансиските средства да ги пренасочи за други инвестиции и проекти. Станува збор за инвестиција во вредност над 20 милиони денари.Во насока на стручно доусовршување и надградба на кадарот - првпат на Државниот универзитет во Тетово воведуваме нова Програма за специјализација по семејна медицина. Ова е долгорочна инвестиција, од која ќе произлезат стручни кадри во оваа специјалност. Исто така, инициравме проширување на дејноста на Клиничката болница – Тетово за вршење специјалистичко – консултативна и болничка здравствена заштита на секундарно ниво од областа на градната хирургија. Уште една новина за докторите кои аплицираат за специјализација или супспецијализација е дека сите универзитети, вклучувајќи го и ДУТ ќе добијат еднакви оцени при формирање на оценката за стекнување со право за специјализација или супспецијализација, за разлика од претходно кога една од компонентите на оцената било рангирањето на универзитетот каде кандидатот се стекнал со диплома согласно рангирањето според Шангајската листа.Паралелно работиме и на нов концепт и реформа на примарната здравствена заштита во соработка со Светска банка и СЗО. Подготвена е нова листа на услуги во електронскиот систем, а во тек е надградба на протоколите за ХОББ, хипертензија, дијабетес и хипотироидеоза. Лекарите од примарното ниво ќе имаат поголема палета на услуги коишто ќе ги пружаат, место пациентите веднаш да се упатуваат на терциерно ниво.Согласно методологијата за цени на лековите и оваа година, по спроведени успешни преговори со фармацевтските компании, постигнавме намалување на цените на одредени лекови, целосно почитувајќи ги меѓународните тенденции за движење на цените на лековите во регионот. Новите намалени цени за тие лекови почнаа да се применуваат од 1 април. Станува збор за 102 оригинаторни лекови и 123 генерички лекови кои наоѓаат примена како на примарно ниво, така и во болнички услови. За мнозинството на генерики на лекови пациентите имаат на располагање избор на лек без доплата од позитивната листа и останати лекови со делумна доплата, по избор на пациентот. Наша тенденција е да се обезбедуваат се повеќе лекови без доплата за пациентите.Во пресрет на Европската недела за имунизација стартувавме со заедничка кампања со УНИЦЕФ и СЗО за потенцирање на важноста на редовната имунизација, како најдобра превентивна мерка за заштита од заболувањата. Тековно се спроведува и вакцинацијата против Ковид-19, со која досега се опфатени 46.5% од населението“

Македонија | пред 3 години

27042022_PVRSM_jubilej_NBRM-1

Ковачевски: Денарот останува еден од клучните столбови на стабилноста на македонската економија

Премиерот Димитар Ковачевски се обрати по повод јубилејот 30 години од монетарното осамостојување. Пред 30 години, на 26 април, беа поставени основите на монетарната самостојност, беше воведен денарот како наша парична единица, којашто го замени тогашниот југословенски динар, а Народната банка почна да функционира како самостојна централна банка. Со ова беше целосно заокружена независноста на нашата држава. На свечениот јубилеј се обратија и гувернерката на Народна Банка, Анита Ангеловска-Бежоска, министерот за финансии, Фатмир Бесими, како и претседателот на државата Стево Пендаровски.Во продолжение го пренесуваме обраќањето на премиерот Ковачевски во целина:„Почитувани,На 8 септември 1991 година, граѓаните на тогашна Социјалистичка Република Македонија донесоа историска одлука. На референдум глaсаа за независност и за суверенитет. Тоа беше одлучно соочување со историските околности во тој период. Беше израз на силна верба во перспективата која значеше крај на неизвесноста и нов почеток за подобар живот и подобра иднина во независна држава.Референдумот за независност недвосмислено ја одреди нашата иднина.Потоа следуваа создавањето на нашата армија, меѓународното признавање на државата, монетарната самостојност и воведување државна валута, и започна реализацијата на стратешките определби за членство во НАТО и ЕУ.Сето тоа беа тестови на зрелоста. Дел од нив ги положија генерациите пред нас. Дел од нив остваруваме денес ние.Ми претставува посебна чест, што како претседател на Владата сум дел од оваа свечена академија во чест на Јубилејот 30 години од монетарното осамостојување на Република Северна Македонија.На 26 април 1992 година, само неколку месеци по изгласувањето на самостојноста, нашата независност се заокружи со уште еден значаен дел од мозаикот на суверенитетот на државата – Беше воведена националната валута денарот и се утврди монетарната самостојност.Монетарниот суверенитет е една од основните компоненти на вкупниот суверенитет на секоја држава. Со донесување на пакетот закони во Собранието на Република Македонија, се постави институционалната рамка на монетарниот систем.Во таа рамка Народната банка започна да функционира како самостојна централна банка, исправена пред предизвиците во период на осамостојување на државата. За воспоставување стабилен макроекономски амбиент беа неопходни голема храброст, посветеност и професионализам на тогашниот тим на Народната банка.Народната банка на Република Северна Македонија е институција чијшто кредибилитет и интегритет постојано се потврдуваа во текот на изминатите 30 години.Денарот е и останува еден од клучните столбови на стабилноста на македонската економија.Ова е од исклучителна важност во актуелниот период на глобалната економска криза, а последниот извештај на Меѓународниот монетарен фонд од февруари оваа година, јасно посочи дека воопшто не се доведува во прашање стабилноста на курсот на денарот.Тоа го потврдува институционалниот капацитет на банката којашто со соодветен монетарен инструментариум ја одржува стабилноста на денарот.Претпазливата монетарна политика, како и добрата координација со другите макроекономски политики, имаат доведено до непрекинат раст на девизните резерви. Девизните резерви денес се на историски највисокото ниво и директно ја зацврстуваат стабилноста на девизниот курс.Народната банка на Северна Македонија беше значаен фактор за справување со тогашната глобална финансиска криза и постојаната комуникација со Владата за координирано усогласување на владините политики за соочување со ризиците од актуелната криза, даваат резултати.Од огромно значење е улогата на Народната банка за позитивната перцепција за домашниот банкарски систем од страна на финансиските институции и инвеститори. Интеграцијата на нашиот во европскиот финансиски систем ги подобри можностите за финансирање на нашите институции на странските и домашните пазари на капитал.Европската комисија оцени дека банкарската регулатива и супервизијата којашто ја спроведува Народната банка, се во согласност со стандардите на ЕУ.Оваа оценка на Европската Комисија ја вклучува Северна Македонија на листата од само 26 земји во светот, меѓу кои САД, Канада, Јапонија и Нов Зеланд, чија банкарска регулатива и начинот на вршење на супервизија на банките е еквивалентна на онаа којашто се спроведува во ЕУ.Со тоа се создаваат можности за поголема интеграција на нашиот банкарски систем во европскиот финансиски систем, како и можности за финансирање на нашите институции на домашниот пазар и на меѓународните пазари под поповолни услови.Народната банка преку своите политики испорача соодветни одговори на тековните економски предизвици, предизвикани од продолжената пандемија и воениот конфликт во Украина.На ризиците од овие фактори на глобалната економска криза, Народната банка реагираше со умерено зголемување на каматната стапка, со цел стабилизирање на инфлациските очекувања во домашната економија. На ваков начин, централната банка придонесува за одржување на макроекономската стабилност, во услови на последователни надворешни шокови.Потврда за добрите економски политики, стигна и преку последната препорака на Меѓународниот монетарен фонд нашата земја да добие пристап до финансиски средства во рамки на Кредитната линија за ликвидност и претпазливост.Ова е дотолку позначајно заради фактот што овој финансиски инструмент се става на располагање само на земји со здрави економски фундаменти и кои практикуваат и се очекува да практикуваат, здрави економски политики.Уште еднаш го нагласувам придонесот на Народната банка на Република Северна Македонија кон одржување стабилен, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем, којшто функционира во најдобар интерес за граѓаните и целокупната економија.Тоа во целост ја потврдува визијата на централната банка да биде препознаена како независна, одговорна, професионална, иновативна и транспарентна институција којашто ужива висока доверба и кредибилитет во јавноста.Во такви услови со гордост можеме да си го честитаме јубилејот 30 години од монетарното осамостојување.Честитки до сите поранешни и сегашните вработени во Народна банка на Република Северна Македонија, како и до сите останати коишто на свој начин придонесоа монетарното осамостојување на нашата држава да биде реалност за држава која оди напред.

Македонија | пред 3 години

26042022_PVRSM_Kovacevski_tematska-sednica_1

Ковачевски: Во ек на најголема светска економска криза буџетот е финансиски стабилен

Премиерот Димитар Ковачевски на тематската седница посветена на првите 100 дена од работењето на Владата истакна дека економските и финансиските показатели се импресивни со оглед на брзорастечката глобална економска криза и дека координираноста на сите чинители овозможи стабилност на финансискиот систем.„Денарот и покрај сите турбуленции е стабилен. Имаме поставени заштитни механизми во финансискиот систем, што овозможува негово непречено функционирање, а соодветното ниво на девизните резерви овозможува доволна девизна ликвидност на домашната економија“, нагласи Ковачевски.Претседателот на Владата дополни дека пакетот антикризни мерки и операционализацијата на бескаматните кредити од Развојна банка во вредност од 5 милиони евра за три поволни кредитни линии за поддршка и развој на приватниот сектор, ќе обезбедат поддршка за стопанството и ликвидност на компаниите.„Со донесената програма за економски реформи за следниот тригодишен период се поттикнува зелената транзиција со цел зголемување на уделот на енергија добиена од обновливи извори, зајакнување на човечкиот капитал, како и подобрување на конкурентноста на домашните претпријатија и нивна интеграција во глобалните вредносни синџири, како и формализација на економијата“, посочи Ковачевски.Премиерот на тематската седница по повод 100 дена Влада, дополни дека со измени и дополнувања на Законот за царинска тарифа со кој се намалени или укинати царинските стапки на 258 суровини и репроматеријали се овозможи намалување на трошоците за производство на компаниите, нивна поголема конкретност, проширување на производството и зголемување на бројот на вработени.Ковачевски се осврна и на политиките на доброто владеење, транспарентноста и отчетноста за кои рече дека остануваат патоказ во сите сфери на работењето.„Обезбедивме зголемена транспарентност и отчетност во трошењето на буџетските средства при јавните набавки. Институциите сега имаат рок од 30 дена, не само преку Електронскиот систем за јавни набавки, туку и на своите официјални веб страни да објавуваат информации за спроведените јавни набавки, со цел граѓаните да имаат брз, лесен, едноставен и разбирлив пристап до информациите за тоа како институциите ги трошат јавните пари. Заложбата за оваа мерка доаѓа од граѓанскиот сектор и заеднички утврдената потреба за контрола на начинот на кој се трошат јавните пари“, потенцираше премиерот Ковачевски.Ковачевски уште се задржа и на прашањата за визијата за иднината на земјата и ја нагласи важноста на Националната развојна стратегија 2022-2042 чие креирање има за цел да обезбеди долгорочна визија и патоказ за економскиот, социјалниот, културниот и еколошкиот развој на Република Северна Македонија.„Примарен фокус на Националната развојна стратегија е отворање можности, но и создавање капацитети и отпорност на општеството за справување со зголемената несигурност и ризици во светски рамки, како и за справување со глобалните трендови како што се климатските промени и дигиталната трансформација“, рече премиерот Ковачевски на тематската седница на Владата посветена на првите 100 дена од работењето.

Македонија | пред 3 години

278873020_10221878718138642_7081064419741762252_n

ФОТО: Се распадна фасадата на Владата

Стефан Богоев на социјалните мрежи објави фотографии од фасадата на Владата на Република Македонија.На фотографиите може да се забележи распаднатата фасада на владата, која беше направена во периодот кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.„Криминалот на режимот на ДПМНЕ ден денес го плаќаме...“, напиша Богоев во описот на фотографиите.

Скопје | пред 3 години

28032022_PVRSM-Kovacevski_Sostanok-vo-Sofija-2

Ковачевски: Ние сме определени за членство во ЕУ, но преку достоинствено решение со Бугарија базирано на европски вредности

„Јас можам да кажам за она што ние како држава го имаме како цел а тоа е што побрзо отпочнување на преговорите со ЕУ и дека решението за ова прашање треба да се базира на европски вредности, со почит кон достоинството на сите граѓани на двете држави и со взаемна почит меѓу политичарите и институциите во Северна Македонија и Бугарија“, истакна претседателот на Владата Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.„Разговорите треба да ги водиме на тие принципи и јас се надевам дека постои простор да седнеме и на база на такви принципи да ги водиме во иднина. Така разговарам со премиерот на Бугарија. Со тон и дух на комуникација којшто соодветствува на двајца премиери и јас таква комуникација на неделно ниво имам со премиерите и претседателите на Србија, Грција, Албанија и со другите во регионот“, нагласи премиерот Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

skolo-4

Владата ги задолжи МOН и МТСП да обезбедат исплата на платите согласно законските одредби во услови на штрајк

Владата на Република Северна Македонија на денешната 40-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за состојбите во основните и средните училишта предизвикана од штрајкот на вработените, а согласно одлуката на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).Со заклучоците по оваа точка Владата го задолжи Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финансии со ребалансот на Буџетот да предвидат средства за покачување на платите во основното, средното образование и детската заштита во висина од 10%.Владата формираше работна група во која се вклучени заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за образование и наука Јетон Шакири, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, да отпочнат процес за преговори за колективен договор со репрезентативниот синдикат и за методологија за континуиран раст на платите во јавниот сектор.Во заклучоците по оваа точка е вклучено и задолжувањето за Министерството за информатичко општество и администрација да започне процес за подготовка на закон за платите во јавниот сектор.Владата воедно ги задолжи Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика да ги преземат сите чекори за одржување настава во основното и средното образование, и згрижувањето на децата во градинките согласно уставно загарантираното право за образование и за предучилишна грижа на децата и согласно законски утврдените одредби за одвивање на настава во услови на штрајк.Владата ги задолжи Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика да обезбедат исплата на платите согласно законските одредби во услови на штрајк.Владата ги задолжи Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика да достават информација до Владата за одговорот на СОНК во врска со овие заклучоци, како и да побара писмено известување врз основа на кој правен акт е прекината наставата во основните и средните училишта и врз основа на кој законски акт персоналот на предучилишните установи одбиваат да ги примат децата.Владата ги повикува раководителите на образовните институции, наставниците и воспитувачите во предшколските установи да продолжат со наставата, учениците да се вратат во училиштата, а родителите да продолжат да ги носат децата во градинките.

Македонија | пред 3 години

uchilishte-deca-uchilnica

Влада: Со продолжувањето на штрајкот и одбивањето на понудата ризикот за продолжување на училишната година е извесен

Одбиената понуда за 2500 денари покачување на платата значи дека СОНК ги става личните интереси пред оние на децатаВладата на Република Северна Македонија во преговорите со СОНК понуди зголемување за 10% на платите кои ќе се обезбедат со ребалансот на Буџетот. Тоа значи дека наставниците и воспитувачите би добиле просечно зголемување за 2.500 денари на нивните месечни примања. Воедно и методологијата со која Владата ќе обезбеди континуиран раст на платите, ќе обезбеди трајно решавање на социјалниот статус на вработените во образование.Синдикатот треба да има верба во институциите, бидејќи и претходно низ партнерски дијалог беше постигнато зголемување на платите на наставниците и на вработените во градинките од 21 %. Со ова зголемување платата на наставник/чка во основно образование е порасната за над 3.200 денари плус минат труд и сега е најмалку 24.786 денари. На наставник/чка во средно образование зголемувањето е над 4.300 денари плус минат труд и просечно платата е 25.874 денари. На воспитувачите пак во градинките платата им е зголемена за околу 6.400 денари плус минат труд, додека на негователите за околу 5.000 денари.Дополнително што сметаме дека е исклучително важно кога зборуваме за подобрување на статусот на вработените во образованието, според воспоставената пракса од оваа Влада, во периодот од 2018 година до 13 април годинава на неопределено време се вработени вкупно 2.375 лица, што е половина од вкупната бројка на вработени во градинките која се движи околу 4.600. Меѓу нив има работни места кои се трансформирани од определено на неопределено, но и отворени се нови вработувања. Дополнително во истиот период се обезбедени 416 согласности за унапредување на кадарот.Владата смета дека е неодговорно и покрај понуденото решение за раст на платите во образованието и детската заштита и воспитание да се продолжи со штрајкот и да се руши веќе воспоставениот образовен процес во услови кога се соочуваме со економска и здравствена криза. Најдобриот интерес на децата треба да ни е на прво место, бидејќи правото на образование на секое дете е уставно загрантирано право. Учениците треба да се вратат во училиштата, таму каде што припаѓаат.Со продолжувањето на штрајкот и одбивањето на понудата на Владата со која се отвора простор за трајно решавање и подобрување на стандардот на вработените во образованите, ризикот за продолжување на училишната година е особено извесен. Во овој контекст, несериозно е да се ставаат во ризик и да им се прави штета во личниот развој на децата кои треба да го продолжат образованието, да се запишат во средните училишта, да полагаат матура и да се запишат на факултетите во земјава и странство.Дополнително, согласно Законот за работни односи и Колективниот договор за основно и средно образование, и за вработените во јавните установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, на вработените кои штрајкуваат ќе им се исплатат само придонесите на платите. Ова произлегува од одлуката на СОНК да организира и одржува генерален штрајк за унапредување на правата на работниците, а во периодот од шест месеци од донесувањето односно зголемувањето на минималната плата. Законската обврска за усогласувањето е шест месеци од донесувањето, односно зголемувањето на минималната плата и Владата, а министерствата и СОНК сѐ уште преговараат во овој законски предвиден рок.Децата и учениците треба да ни се на прво место, затоа нарушувањето на образовниот процес е спротивно на правата загарантирани со Уставот и Законите. Местото на учениците е во училиштата и настава мора да има.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-03-28-at-12.01.49

Веднаш да започнат пристапните преговори со ЕУ, вели Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за грчки „То вима“ истакнува дека долгорочното одложување на европската интеграција влијае на евроскептицизмот и недовербата во целина, проширувањето на ЕУ ќе ја зголеми безбедноста и ќе ја стабилизира демократијата. Премиерот Ковачевски вели дека многу е важно Северна Македонија и Албанија да ги започнат пристапните преговори со ЕУ без одлагање, особено во контекст на војната во Украина.Во интервјуто за „То вима“ по учеството на Делфи форумот во Грција, премиерот Ковачевски говори за повеќе теми меѓу кои ЕУ перспективата, војната во Украина, но и последиците за нашата земја.Премиерот порачува дека „НАТО и ЕУ треба да го задржат својот кредибилитет за да го зајакнат регионот“, а политиката на отворени врати е историски успех кој обезбедува мир и безбедност на целиот европскиот континент.„Оваа политика мора да продолжи за да се обезбеди интеграција на регионот, безбедност и стабилност на Западен Балкан. Долгорочното одложување на европската интеграција влијае на евроскептицизмот и недовербата во целина. Треба да ги надминеме регионалните спорови. Ова денеска е прашање на безбедност, а не на економија. Проширувањето на ЕУ ќе ја зголеми безбедноста. Ќе ја стабилизира демократијата. Многу е важно Северна Македонија и Албанија да ги започнат пристапните преговори со ЕУ без одлагање“, вели премиерот Ковачевски.Ковачевски нагласува дека руските активности и во земјата и во регионот се идентификувани и следени, објаснува дека и во и вон Собранието кај нас постојат партии „кои отворено ја изразија својата поддршка за Русија, а во исто време, во сајбер-просторот има значително присуство на организирани групи кои го поддржуваат рускиот напад и релативизирање на конфликтот што не треба да се потцени“.„Овие напори имаат за цел да создадат дилема во однос на стратешката улога на НАТО и ЕУ во регионот, да ја нарушат довербата на граѓаните во овие стратешки одлуки на нашата земја. Доколку ЕУ покаже отсуство и слабост на Западен Балкан, трети страни ќе имаат повеќе можности да ја пополнат празнината, која е од особено геостратешко значење“, вели Ковачевски и појаснува дека Северна Македонија веќе 17 години е земја кандидат и се уште немаме започнато преговори, што се должи на предизвици што ја спречија нашата европска интеграција.Премиерот Ковачевски додаде дека за Северна Македонија, нема алтернатива за членството во ЕУ.„За нас тоа е прифаќање на највисоките западни демократски вредности и заложби за исполнување на европските стандарди во општеството и институциите. Пречката за почеток на преговорите на Албанија и Северна Македонија се чувствува во целиот регион како удар за Унијата. Недостигот на одобрување на преговарачка рамка губи драгоцено време. Важно е, особено во контекст на војната во Украина, процесот да започне без ден одлагање. Потребно е Северна Македонија да има кристална европска перспектива, да има предвидлив, сигурен, силен и забрзан интегративен процес“, истакнува премиерот Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

17012022_VRSM_1vaSednica-1

Влада: Со антикризните мерки поевтини цени на горивата

Резултатите од антикризните мерки на Владата се видливи во континуитет. Поради владините одлуки со кои се намали акцизата и ДДВ за нафтени деривати, се амортизираа ценовните разлики и од денес цените на горивата се намалени. Дизелот поевтинува за два, а бензините за денар по литар.Соодветно на намалената акциза и ДДВ за нафтените деривати, се намали и цената на другите горива. Во услови на светска енергетска криза, Северна Македонија има најевтини цени на горивата во регионот.Ова се само дел од резултатите од мерките за намалување на ДДВ и акцизата за горивата за заштита на животниот стандард на граѓаните и задржување на ликвидноста на компаниите. Со владините мерки го ублаживме големото поскапување на храната и енергенсите и граѓаните месечно заштедуваат по 300 денари за нафта, по 1.500 денари за храна и по 2.150 денари за сметката за струја.Покрај сите овие мерки, Владата ја покачи и минималната плата на 18.000 денари и оствари рекордно покачување на пензиите, вклучувајќи и дополнителна финансиска поддршка за пензионерите. Владата издвои речиси 615 милиони евра до сега, за справување со предизвиците од најголемата глобална криза по Втората светска војна.

Македонија | пред 3 години

img_1357

Побарано приведување на Мухамед Зеќири

Кривичен суд издаде наредба за приведување на Мухамед Зеќири.„По добивање на предлогот, во Законски предвидениот рок судија на претходна постапка, согласно одредбите од ЗКП издаде наредба до надлежната ПС за спровод на осомничениот и тоа на единствената адреса посочена во предлогот. Откако, осомничениот ќе биде изведен пред судијата и ќе се произнесе во однос на предлогот на Јавниот обвинител ќе биде изготвено решение за кое странките и јавноста ќе бидат благовремено известени.Кривичниот суд Скопје постапува согласно Законските одредби и транспарентно и отчетно ги информира медиумите за сите решенија и одлуки кои се од јавен интерс, но должен е истовремено да ја почитва пресумцијата на невиност и Уставно загрантираните права и слободи на граѓаните“, велат од Кривичен суд.

Актуелно | пред 3 години

zekiri

Зекири поднесе оставка од Владата: Вистината ќе излезе на виделина

Мухамед Зекири поднесе оставка од функцијата генерален секретар на Владата. Тој преку социјалните мрежи му се обрати на премиерот Димитар Ковачевски.„Почитуван претседател на Владата на Република Северна Македонија, г-дин Димитар Ковачевски. Низ мојот работен век секогаш сум го одбирал вистинскиот пат, патот на чесноста, праведноста и вистината. На овие мои животни вредности сакам да останам доследен. Затоа, како човек со личен интегритет, ја поднесувам мојата неотповиклива оставка од функцијата Генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија.  Верувам во институциите на системот, верувам во правичноста и праведноста и верувам дека вистината ќе излезе на виделина. На сите институции им стојам на располагање во секое време, за да ја докажам мојата невиност.  Почитуван претседателе, Ви благодарам на укажаната можност да бидам дел од Вашиот владин состав и Ви благодарам што верувате во мојата заложба и посветеност во работата“, напиша Зекири.  

Македонија | пред 3 години

05042022_VRSM_36_sednica-4

Одлуки од 36-та седница на Владата

=На денешната 36 седница, на предлог на Министерството за одбрана, Владата на Република Северна Македонија ја усвои Информацијата и го донесе Годишниот план на Владата на Република Северна Македонија за склучување на договори за набавка на стоки, услуги и работи во областа на одбраната и безбедноста со влади на странски држави за 2022 година.Планот содржи 8 проекти кои ќе се реализираат преку склучување на договори за набавка на стоки, услуги и работи во областа на одбраната и безбедноста со влади на земји членки на Алијансата, со кои согласно Планот за модернизација на Армијата се предвидени набавки на лесни оклопни возила на тркала (проект во континуитет), специјални возила за посебни намени, артилериски системи 105 мм и муниција 105 мм, ПВО систем на многу мали височини, ремонт на транспортни хеликоптери, опрема за извидување и разузнавање, комплет за контрола на здружен оган Joint Terminal Attack Controler (JTAC) и лесни оклопни борбени возила за специјални сили.Со наведената опрема ќе се зголеми опременоста на Армијата на Северна Македонија и нејзината интероперабилност со армиите на сојузничките земји.На оваа своја седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за клучни достигнувања, заложби и координација во спроведувањето на Стратегија за Роми 2022-2030 година.Станува збор за точка која ги сублимира социјалните и економски политики кои се насочени во поддршка на ранливите заедници во нашето општество, во овој случај ромската заедница, вклучени во Стратегијата за инклузија на Ромите за периодот од 2022 до 2030 година.Согласно заклучокот за статусот на спроведувањето на клучните мерки и програми од Стратегија за Роми 2022-2030 година, Владата ги задолжи надлежните министерства вклучени во реализацијата на стратегијата да ги утврдат приоритетите од стратегијата за 2022 година и во форма на акциски план да ги презентираат на тематска седница којашто ќе биде посветена на унапредување на интеграцијата на Ромите во Северна Македонија.Владата денеска ги утврди измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата со коишто се врши усогласување со Законот за минимална плата за да се постигне еднаквост на сите вработени во приватниот и јавниот сектор со најниски примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата, за да се опфатат со корекции во однос на минималната плата и категоријата негувател/помошно-стручен работник-приправник во секторот детска заштита.Владата ги утврди и изменувањата и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување за пресметка на платите на вработените во стручната служба на Фондот со цел усогласување со Законот за минимална плата и со Законот за административни службеници.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања