ВЛАДА

05042022_PVRSM_sredba_EUamb-1

Ковачевски: Сите ја носиме одговорноста брзо да носиме одлуки и да го нормализираме процесот на интеграција во ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска го одржа редовниот брифинг со амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на кој присуствуваше и заменик-шефот на Мисијата на ЕУ во нашата земја, Јулијан Васало.На состанокот, премиерот Ковачевски се осврна на најважните прашања од евроинтеграцискиот процес на Република Северна Македонија, во контекст на актуелната безбедносна криза со војната во Украина.„Поминуваме низ драматични времиња поради трагичната ситуација во Украина и бруталната агресија на Русија против друга европска држава која предизвика огромен број мртви, беда и болка кај нејзините граѓани. Нашите мисли денес се со нашите украински пријатели кои го заслужуваат нашето најголемо внимание, поддршка и ангажман“, рече Ковачевски.Она што Унијата демонстрира, беше заеднички заклучено e единство во вредностите, единство во целта и единство во акција.Северна Македонија е на иста линија на надворешна политика со ЕУ посебно во делот на санкции но и учество во хуманитарната помош. Северна Македонија, како кредибилна земја-кандидат, се приклучи и ја сподели и својата одговорност со тоа што 100% се усогласи со политиките на ЕУ како одговор на руската воена агресија.За Северна Македонија, задоцнетиот процес на интеграција во ЕУ е извор на системска ранливост, чиишто ефекти се прелеваат на целиот регион, а злонамерните актери лесно и вешто го искористуваат. Во време кога меѓународниот поредок заснован на правила е разнишан, двоумењето на ЕУ кон оние кои вложуваат огромна општествена енергија за да се придружат до европските правила, стандарди и вредности е нешто што ние заедно не можеме да си го дозволиме. Затоа е императив да се одржат првите меѓувладини конференции и да се отпочнат пристапните преговори и со Северна Македонија и со Албанија сега, за време на француското претседателство со ЕУ.„Ако ништо не се случи до јуни ќе страда самиот политички моментум. Многупати во меѓусебните разговори со европските колеги го слушам аргументот за влијанието на изборните циклуси. Политичката поддршка, како и насекаде, се важни за вас, како и за нас. Тогаш зошто да се ризикува да се изгуби посветен партнер подготвен да ја направи вистинската работа? Каква порака би испратило тоа до останатите земји и народите од Западен Балкан? Она што ќе следи ќе биде посветеноста на една мала мултиетничка земја, на средината на Балканот да се натпреварува рамноправно во полето за игра и да докаже дека вреди да се приклучи на семејството на Европската унија врз основа на сопствените дела.Малку е потребно за да се шутне топката во вистинската насока и да се постигне заедничка победа и за Северна Македонија и за Западен Балкан и за Бугарија и ЕУ во целина. Ова се многу непредвидливи времиња и сите ние ја носиме одговорноста брзо да го завршиме договорот и да дозволиме нормалност во процесот на интеграција во ЕУ“, додаде премиерот Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-03-20-at-11.44.03

Лукаревска: Мерките на Владата се за намалување на ценовниот шок и да не се прави профитерство во кризно време

Целта на сите мерки коишто беа донесени е да се намали ценовниот шок и да не се прави профитерство во едно вакво кризно време, истакна заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, во емисијата „Економски магазин“ на телевизија Алсат.Таа рече дека со намалувањето на стапката на ДДВ од 5 на 0 проценти за основната храна прибирањето на средства од име на ДДВ ќе се намали за околу 430 милиони денари и за околу 400 милиони денари во делот на намалувањето на стапката за нафтените деривати.Меѓутоа, ако во делот на наплатата на даноците продолжиме со ова темпо на собирање на приходите, мислам дека нема ни да се почувствува било какво пореметување во динамиката на собирањето на даноците, рече Лукаревска.Таа соопшти дека од почетокот на годинава досега е собрано ДДВ за 30,6% повеќе во однос на истиот период од 2021 година, а дури 41,5 % во споредба со 2020 година, а кај данокот на добивка приходите се повисоки за 24% во однос на 2021 година и за 26,46% во однос на 2020, раст се бележи и кај другите даноци.Во целиот период редовно се врши исплата повратот на ДДВ за компаниите, нагласи Лукаревска.Во врска со проектот МојДДВ, Лукаревска рече дека ќе продолжи да се реализира и го истакна неговото значење во борбата против сивата економија и неиздавањето на фискални сметки.Со намалувањето на стапката на ДДВ од 5 на 0 проценти, граѓаните веднаш заштедуваат на ДДВ, без да чекаат на поврат од Мој ДДВ, рече заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, во емисијата „Економски магазин“ на телевизија Алсат.

Македонија | пред 3 години

19092020_ZPVRSM_Bitikji_DFITR_Despotovski_pres-konferencija-2

Битиќи: Следува усогласување на платите во сите сектори

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во емисијата „Анализа 24“ на Телевизија 24 порача дека по зголемувањето на минималната плата, ќе следува усогласување на сите останати плати согласно законските рокови.„Ние кажавме да, ќе има 18.000 денари минимална плата затоа што тоа е праведно, правично и солидарно и како солидарно општество мора да го направиме и се согласивме сите дека кога заврши минималната плата дека ќе го почитуваме членот 8 дека ќе има усогласување затоа што тоа е доблесно и ние мораме да бидеме конзистентни во спроведување на законите кон сите. Тоа значи ќе ги нивелираме минималните плати, дека во јавниот сектор нема да има плати кои што се под минималната плата и усогласувањето ќе оди според членот 8 од Законот за минимална плата, истиот тој член вели дека има период на усогласување“ посочи Битиќи.Битиќи потсети дека во изминатите години, со растот на минималната плата, соодветно растеле платите во сите сектори.„ Ако одиме по сектори, податоците за раст на платите се следни: Шумска полиција зголемување од 30 отсто во 2021 според колективен договор, АНБ и Агенција за разознавање согласно соодветните закони имаме зголемување од 20 до 25 отсто од 2019 до 2021 година, во Катастарот зголемување од 5 до 30 отсто во 2019 година за геодети информатичари, во казнено поправните домови од 25 до 30 зголемување согласно Законот, во образование по 5 отсто зголемувања во 2018, 2019, 2020 и по 10 отсто. Со законот кој што е заглавен во собрание за дополнителни 5% од септември“ истакна Битиќи потсетувајќи дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Собранието со месеци го блокира Законот за наставници и стручни соработници и го повика Синдикатот за образование и наука, таму да изврши притисок.Потпретседателот Битиќи истакна дека Владата предводена од СДСМ презема навремени и ефикасни мерки за справување со кризата преку пакетот антикризни мерки вреден 400 милиони евра, од кои 90 милиони евра се помош за граѓаните, а 310 милиони поддршка за домашната економија.

Македонија | пред 3 години

28032022_PVRSM-Kovacevski_Sostanok-vo-Sofija-2

Ковачевски: Договоривме координирано регионално справување со последиците од војната во Украина

Премиерите на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, на Црна Гора Здравко Кривокапиќ, на Република Романија Николае Чука и на Република Бугарија Кирил Петков како домаќин на Состанокот на шефовите на влади на земјите членки на НАТО од Југоисточна Европа, одржаа прес-конференција после работниот дел на нивната средба во Софија.Бугарскиот премиер Петков информираше за заклучоците од состанокот меѓу кои ги издвои согласноста на премиерите за важноста на овие координации и на регионално ниво имајќи ги во фокусот ризиците од војната во Украина, при што вниманието на средбата била посветена на соработката за справување со бегалската криза, на кризата во снабдување со енергенси и со основните стратешки прехранбени производи, кои се посебно значајни и како логистика на мобилноста на воените капацитети.Во продолжение на ова соопштение, ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата во целост:"Најпрво благодарам за организирањето на овој важен состанок кој доаѓа само неколку дена по вонредниот Самит на НАТО во Брисел.Денес како сојузници пративме уште една силна порака на поддршка и солидарност со Украина, но и за идна координација и зголемена комуникација помеѓу овие четири држави во регионот.Состанокот на шефовите на Влади на земјите членки на НАТО од Југоисточна Европа е наш регионален придонес за посилна отпорност и координација во врска со потенцијалните ризици и закани од последиците на војната како и безбедносната и хуманитарна криза во Украина.Оваа војна во Украина создаде нова реалност во сите сфери на нашиот живот, а особено во поглед на координирањето на сите напори во производство на храна и синџирите на набавка, како и нивната стабилизација, испораката и производството на енергија, како и во полето на одбрана и воена координација.Уште еднаш ја осудивме воената агресија на Русија против Украина.Како премиер на Северна Македонија сакам да истакнам дека го почитуваме територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Сега одговорноста е да се соочиме со новата стратешка реалност во европската и трансатлантската безбедност.Сојузниците решително одговорија на овој воен конфликт и исто така сите земји дадоа своја поддршка, не само на украинскиот народ којшто е во Украина, туку и на украинскиот народ кој побегна од својата земја и којшто наеднаш стана бегалци.Северна Македонија соодветно се усогласи со надворешната и безбедносна политика на ЕУ затоа што ние ги споделуваме истите вредности со ЕУ и земјите на НАТО.Потенцирав дека проширувањето на ЕУ во суштина е безбедносна политика и дека застојот во овој процес остава дополнителна нестабилност за регионот затоа што има неколку негативни тенденции и создава простор за злонамерно влијание на трети земји.Одложување на пристапниот процес кон ЕУ за земјите од регионот создава дилеми што може да резултираат со намалување на довербата кај граѓаните во ЕУ. Сепак дури и со вакви предизвици Северна Македонија останува силно посветена на одржувањето добрососедски односи и промовирање соработка меѓу земјите од нашиот регион.Наша обврска е да останеме фокусирани на промовирање на тие вредности и принципи.Во текот на нашето претседателство со ОБСЕ во 2023 година ќе настојувам да го искористиме потенцијалот и на другите регионални иницијативи за подобро поврзување, разбирање и меѓусебна координација.“

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-03-28-at-12.01.49

Ковачевски: Војната во Украина ги создаде најголемите проблеми, со Петков се слушам и во викенди

Немаме недостиг на пченица во Македонија, им рече на регионалните новинари, премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски. Тој им посочи дека со Кирил Петков, премиер на Бугарија, се слушаат дури и во викенди, за да се осигура дека во најголемата криза поради војната во Украина, ќе има доволно храна, бидејќи тоа е нивната одговорност.„Војната во Украина ги создаде најголемите проблеми по Втората светска војна. Најниски се резервите во цела Европа. Недостатокот на гас става притисок врз производството на ѓубриво, па имаме и таков недостаток. Ѓубривото може да се купи по четиристотини пати повисока цена. Пораснаа и цените на храната со најголем процент по втората светска војна. Тоа се случува бидејќи Украина и Русија, најголемите производители на пченица, се во војна. Некои земји во регионот имаат вишок пченица, а други немаат, па купуваат од други земји. Добра работа е солидарноста“, рече Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

28032022_PVRSM_Kovacevski_sostanok-vo-Sofija_2

Ковачевски: Едногласни сме за заеднички регионален одговор на кризата и во поддршката за Украина

Во обраќањето на Состанокот на шефовите на влади на земјите од Југоисточна Европа членки на НАТО, што денеска се одржува во Софија, во Република Бугарија, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, истакна дека оваа средба испраќа уште една силна порака за единство и солидарност со Украина.Премиерот Ковачевски нагласи дека тој и премиерот на Бугарија Кирил Петков, на Романија Николае Чука и на Црна Гора Здравко Кривокапиќ на денешната средба си поставија за цел да ги нагласат потенцијалните ризици и согледаните закани, како и да ги нагласат премисите што треба да водат кон подобра отпорност и координација меѓу земјите од Југоисточна Европа.„Оваа средба го отвора патот да спречиме какво било можно влијание врз нашата безбедност и стабилност во контекст на потенцијалните последици што би можеле да се појават од актуелната безбедносна и хуманитарна криза во Украина“, нагласи Ковачевски и додаде дека земјите учеснички на состанокот остануваат цврсто на позиција на осуда на војната во Украина како нелегалната и нелегитимна инвазија на Русија.Ковачевски ја потенцираше како посебно важна будноста во спротивставувањето на дезинформациите и лагите од Русија кои се вистинска закана за демократските процеси во Европа и на Западен Балкан.Премиерот Ковачевски во своето обраќање, во контекст на значењето на северно-атлантската алијанса во ова кризно време, истакна дека да се биде земја членка на НАТО е огромна привилегија и одговорност.„Северна Македонија ја одбележа двегодишнината од своето полноправно членство во НАТО, како гаранција за нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, како и инвестирање во безбедноста и стабилноста во регионот. Пристапувањето на нашата земја во НАТО е силен показател за вредноста на политика на „отворени врати“ како фундаментален принцип дека сите земји имаат право да го изберат својот пат, своите надворешнополитички приоритети и безбедносните аранжмани“, нагласи Ковачевски.Претседателот на Владата на Северна Македонија Ковачевски укажа на фактот дека во соочувањето со новата стратешка реалност за европската и трансатлантската безбедност, сојузниците одлучно одговорија на војната во Украина, со воведување санкции без преседан на Русија, силно ја поддржаа Украина и направија големо засилување на позициите на НАТО за одвраќање и одбрана, особено на источното крило на Алијансата.„Северна Македонија соодветно се приклучи на овие напори и е целосно усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и со значителниот пакет санкции против Русија. Така ќе продолжиме и во иднина“, потенцираше Ковачевски.Тој нагласи дека НАТО и ЕУ покажаа дека можат да работат и да дејствуваат заедно во поддршката за Украина, но и за земјите партнери, како што се Грузија, Молдавија и Босна и Херцеговина.„Сега е време максимално да го искористиме потенцијалот на кооперативните безбедносни и партнерски алатки и механизми на партнерите од Југоисточна Европа, бидејќи сме сведоци на влошување на политичката стабилност и пораст на националистичките и популистичките наративи, кои дополнително се мултиплицираат со влошената безбедносна и геополитичка ситуација на европскиот континент предизвикана од руската воена агресија во Украина“, рече Ковачевски во своето обраќање на состанокот на лидерите на земјите членки на НАТО од ЈИЕ.Ковачевски ја акцентираше и економската несигурност и растечката енергетска криза, а како посебно ризичен го оцени застојот во процесот на проширување на ЕУ.„Неприфаќањето дека проширувањето во суштина е безбедносна политика создава дополнителен простор за нестабилност во регионот, а отсуството на кредибилна европска и евроатлантска перспектива за Западен Балкан има повеќекратни негативни тенденции за злонамерно влијание на трети страни со што се зголемуваат неизвесностите во регионот и се создаваат сомнежи што резултираат со намалување на довербата на граѓаните во ЕУ“, истакна Ковачевски.Во завршницата тој посочи дека Република Северна Македонија останува силно посветена на одржување добрососедски односи и унапредување на соработката меѓу земјите од нашиот регион.„Нашата заложба е да останеме фокусирани на промовирање на овие вредности и принципи за време на нашето претстојно претседавање со ОБСЕ во 2023 година, како и да го искористиме потенцијалот на другите регионални иницијативи со цел подобро поврзување, разбирање и координација на земјите од регионот и Југоисточна Европа“, нагласи премиерот Ковачевски во своето обраќање на состанокот на лидерите на земјите членки на НАТО од ЈИЕ што се одржа во Софија.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-03-28-at-12.01.57

Не се решени прашањата кои Бугарија и ги спори на Македонија

Историските прашања кои за Бугарија се спорни, остануваат нерешени. Премиерот Димитар Ковачевски кажа дека има подобрена комуникација меѓу двете држави. Смета дека има групи кои не сакаат дијалогот со Софија да не оди во добра соработка.„Во врска со политичките прашања, министерствата за надворешни работи работат. Се на ниво на размена на документи. Уште нема конечен документ за кој сме договорени. Штом се случи тоа, ќе го споделиме со релевантните институции во двете земји. Имаме подобрена комуникација. Нашите министри работат на инфраструктурни проекти важни за двете држави“, кажа Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

28032022_PVRSM_Kovacevski_sostanok-vo-Sofija_6

Ковачевски и премиерите на земјите од ЈИЕ членки на НАТО на состанок во Софија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски го започна учеството на Состанокот на шефови на влади на земјите од Југоисточна Европа членки на НАТО.Во фокусот на состанокот, чиј организатор и домаќин е претседателот на Владата на Република Бугарија Кирил Петков, се предизвиците за регионалната безбедност во контекст на руската воена инвазија на Украина.Премиерите на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, на Република Бугарија Кирил Петков, на Република Романија Николае Чука и на Република Црна Гора Здравко Кривокапиќ ќе разговараат за координација на заедничките безбедносни стратегии наспроти ризиците и заканите од војната во Украина и за зајакнување на регионалната соработка во земјите од Југоисточна Европа.

Македонија | пред 3 години

24032022_PVRSM_Kovacevski_na-Vonredniot-samit_2

Ковачевски: Сите НАТО сојузници делуваме обединето, делиме исти вредности и политики

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, на вонредниот НАТО Самит кој се одржа во Брисел, ги потврди ставовите на земјата за поддршка на воената криза во Украина, како и целосната усогласеност на надворешната политика со политиката на Сојузот и неговите земји членки кои делат исти вредности.„Од особена важност е што во време на воена криза од вакви размери сите држави сојузници делуваат обединето и ја даваат својата поддршка на земја која го брани своето право на територијален интегритет и суверенитет. Северна Македонија како земја членка на НАТО веќе ја усогласи својата надворешна политика со Европската Унија. Ги донесовме сите одлуки усогласени со земјите членки на НАТО и на ЕУ, со цел да се обидеме да ја одвратиме Русија од воената агресија врз Украина, а како држава покажавме подготвеност и донесовме одлуки и за идентификување на капацитетите и обезбедување на сите материјални средства согласно нашите можности, коишто се потребни за прифаќање на евентуалните бегалци од Украина“, изјави премиерот Ковачевски, во интервју за МИА.Во однос на безбедносната состојба на Република Северна Македонија, премиерот Ковачевски истакна дека земјата е во стабилна ситуација, благодарение на правилно донесените стратешки одлуки.„Процесот за интеграција на Република Северна Македонија во НАТО Алијансата беше долг и макотрпен, но сега, во време на воена криза од вакви размери, гледаме колку е значајно да се биде земја чијашто безбедност се гарантира од страна на најголемиот безбедносен и одбранбен сојуз во светот. Северна Македонија е дел од мисиите на Сојузот, како и од вежбите кои тој редовно ги спроведува“, потенцираше Ковачевски, потврдувајќи ја стабилната безбедносна состојба на земјата.Во однос на барањата за затворање на небото над Украина, тој изјави дека ставот на Сојузот е дека тоа би значело отпочнување на воен конфликт помеѓу НАТО и Русија, кој би прераснал во војна од невидени размери, поради што одлуката и на НАТО и на другите земји, коишто се веќе дел, но и оние коишто се на пат кон влез во Европската Унија, останува со економски санкции и други невоени средства за санкции да се одврати Русија од понатамошни воени дејствија.На вонредниот Самит беа разменети мислења и за следните чекори и одлуки кои ќе се донесуваат во следниот период, во насока на оформување на иднината на Алијансата и нејзиното зајакнување, како и во насока на процесот во врска со Самитот во Мадрид кој е планирано да се одржи во јуни.

Македонија | пред 3 години

pari-za-izjava

Мартовските пензии со дополнителните 1.000 денари ќе почнат да се исплаќаат од 29 март

За повеќе од 330 илјади пензионери мартовската пензија ќе биде повисока за 1.000 денари со што се реализира договорената директна интервентна финансиска помош која со истата сума ќе биде вклучена и во април и мај.Тоа се дополнителни 3.000 денари само за овие три месеци кои се надоврзуваат на најголемите зголемувања на пензиите досега според усогласувањето од 2,9% во јануари годинава кога пензионерите имаа зголемување од најмалку 460 денари.Со ова усогласување, со интервентната финансиска помош, како и со новиот модел за континуиран раст на пензиите, кој ќе започне да се применува со септемвриската пензија, пензионерите оваа година ќе имаат вкупно годишно зголемување во 2022 година од над 10.000 денари, што е рекордно зголемување на пензиите во историјата на Северна Македонија.Мартовски пензии преку мрежата на банкомати ќе бидат достапни од 29.03.2022 година, а готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ќе ги исплаќаат во четири групи според висината на пензијата, и тоа:- За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2022 година (вторник);- За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2022 година (среда);- За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2022 година (четврток) и- За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.04.2022 година (петок).Финансиската поддршка, како и зголемувањето на пензиите според новата методологија, ќе бидат исплатени од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со што се потврдува неговата стабилност како резултат на добрите економски политики на Владата и на успешното менаџирање на Фондот и креираните резерви.Сето ова Владата го оствари без да ги зголеми стапките за пензиски придонеси, односно без дополнително оптоварување на бизнисот и низ отворен дијалог со сите засегнати страни со што се постигна одржливо решение за континуиран раст на пензиите, а со тоа и на животниот стандард и квалитетот на живот на пензионерите.

Македонија | пред 3 години

nikolovski

Николовски од Белград: Република Србија за Северна Македонија ќе ја тргне забраната за извоз на пченица, пченка, брашно, масло за јадење

Денеска во Белград, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, имаше работен состанок со потрeтседателот на Владата на Република Србија и министер за земјоделство, Бранислав Недимовиќ. На состанокот е договорено во следните седум до десет дена Република Србија за Северна Македонија да ја тргне забраната за извоз на пченица, пченка, брашно, масло за јадење.„Во рамки на инструментите што ги овозможува иницијативата „Отворен Балкан“, со потпретседателот на Владата на Република Србија, Недимовиќ, договоривме во следните 7 до 10 дена Србија за Северна Македонија да ја тргне забраната за извоз на пченица, пченка, брашно, масло за јадење и да почне испораката за количините коишто се договорени помеѓу економските партнери помеѓу двете земји. Сите договори на нашите економски партнери од сите стопански комори ќе бидат реализирани. За договорените количини ќе биде испратено и писмо од претседателот на Владата на РСМ до премиерката на Р.Србија“, изјави министерот НиколовскиВо изјавата министерот Николовски порача граѓаните да бидат смирени, Северна Македонија ќе има доволно количини од овие стратешки култури.Николовски додаде дека максимално се работи и на изнаоѓање на алтернативни пазари за македонските производи.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања