ВЛАДА

media-libraryhvacng72okancOgBmnI

Премиерот против зголемување на платите на судиите: „И сегашните би им ги намалил“

Владата работи на усогласување на законите со Реформската агенда и Планот за раст на ЕУ, но нема да ги прифати сите препораки од Брисел. Премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите порача дека нема да се дозволи либерализација на цената на струјата, бидејќи тоа би значело драстично поскапување за граѓаните во следните години.Како особено спорно тој го наведе и барањето за зголемување на платите на судиите и обвинителите, за што според пресметките би биле потребни околу 100 милиони долари годишно – двојно повеќе од сегашните трошоци. „Тие и сега имаат превисоки плати, а довербата кај граѓаните е само 2%. Лично и сегашните плати би им ги намалил,“ изјави Мицкоски.Владата најави компаративна анализа на платите во пет земји членки на ЕУ (меѓу кои Германија и Хрватска), по што ќе се утврди конечниот став. Слична постапка ќе се применува и за други закони – сите предлози најпрво ќе се праќаат во Европската комисија, а дури потоа во Собранието, за да се избегне нивно повторно менување.ЕУ во своите документи бара Македонија да го зголеми буџетот за судството и обвинителството на најмалку 0,8% од БДП, бидејќи сегашното издвојување (околу 0,3%) е далеку под законскиот минимум. Според Брисел, зголеменото финансирање е предуслов за независност и функционалност на правосудството.Освен правосудството, Мицкоски најави и други „црвени линии“ кон Брисел – нема да се менува даночната политика, а измените на Кривичниот законик во делот за злоупотреба на службена положба ќе се разгледуваат преку компаративни анализи.И покрај резервите, вицепремиерот за европски прашања Орхан Муртезани остана оптимист дека до крајот на годината Македонија може да биде лидер во регионот по исполнување на Реформската агенда, иако моменталната реализација е околу 40%.

Македонија | пред 4 месеци

mickoski-9-vlada

Владата со демант: СДС повторнo шири лаги, исплатата за 400 пожарникари е во тек

„СДС продолжува да го злоупотребува своето медиумско време за да манипулира со фактите и да шири лаги, мерката за 400 пожарникари е уште една во низата бескрупулозни политички напади. Наместо да се посветат на вистината, тие повторно се обидуваат да создадат хаос и да ја манипулираат јавноста со неточни информации“, велат од Владата и додаваат: Фактите се едноставни и непобитни, ова е првпат во историјата на нашата држава да се имплементира мерка за вработување која целосно ги искористува расположливите ресурси, со цел да се заштитат граѓаните од природни катастрофи и да се подобри животната средина. Што се однесува до исплатата на учесниците за оваа мерка која е наведена како 6.2 во оперативниот план и е наменета за заштита од пожари, апсолутно нема никаква поврзаност помеѓу распишувањето на локалните избори и исплатата на средствата, од причина што средствата се обезбедени и не станува збор за никакво вонредно плаќање! За лицата кои се вклучени во оваа мерка ве информираме дека беа ангажирани на 08.08.2025 година, документацијата (извештајот за редовност) за исплата од страна на организаторот е веќе во тек и ќе биде испратена до центрите за вработување по што ќе следи и исплатата. За разлика од СДС, ние работиме отчетно и транспарентно. Нашата работа продолжува да биде фокусирана на интересот на граѓаните, додека тие се заглавени во манипулации и измислици. Ние сме тука да носиме конкретни решенија, додека опозицијата ќе продолжи да лаже и да се обидува да го наруши јавниот мир со невистинити приказни. Не им дозволуваме да ја кријат вистината, а сите обиди за политички саботажи нема да ја засенат посветеноста на оваа Влада да работи за подобар живот за сите граѓани затоа што факти не се рушат со лага.

Македонија | пред 4 месеци

Mickoski-Carina

Шпекулации, конструкции, подметнувања, невистини - ова се очекувањата на премиерот пред локалните избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, изјави дека во претстојната кампања за локалните избори очекува опозицијата да настапи со шпекулации и невистини, но нагласи дека владејачката партија има конкретни резултати да им ги претстави на граѓаните.„Очекувам кампања во која ќе изобилуваат шпекулации, конструкции, подметнувања, невистини од страна на опозицијата и малкумината поддржувачи. Ние имаме со што да излеземе пред граѓаните – што сме направиле во изминативе четири години во општините и во изминативе 15 месеци во Владата. Ете тоа би било на кратко“, рече Мицкоски од партиската говорница.

Македонија | пред 4 месеци

aleksandar-nikoloski

Министерот Николоски: Раст на БДП од 3,4% – градежништвото и транспортот главни двигатели на економијата

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, објави дека македонската економија во вториот квартал од годинава бележи раст на бруто домашниот производ од 3,4 проценти.„Особено ми е драго што секторите градежништво, транспорт и складирање силно растат! Тие се двигатели на македонската економија,“ напиша Николоски.Податоците покажуваат дека секторот градежништво пораснал за 7,3 проценти, што е посилен раст од првиот квартал кога изнесувал 7,1 проценти. Секторот транспорт и складирање, пак, бележи раст од 6,0 проценти.Министерот најави уште поголема динамика во третиот квартал, поради засилената активност во изградба на патишта, инвестиции во железничка инфраструктура и локални проекти. „Растот ќе биде уште посилен благодарение на вредните работници кои работат во секакви временски услови и јасните политики и стратегија на Владата и Министерството за транспорт. Ја градиме Македонија“, порача Николоски.

Свет | пред 4 месеци

mickoski-za-dui

Мицкоски: За 20 проценти се зголемени платите на социјалните работници

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање посочи дека колективниот договор потпишан од Министерството за социјална политика, демографија и млади, значи зголемување на платите за вработените во јавните установи за социјална заштита за 20 проценти, како и подобрување на условите за работа.„Станува збор за потпишување на колективен договор во историска смисла на зборот за вработените во социјалните установи и центрите за социјални работи ширум државата. Со тоа ќе имаме значително зголемување на платата, започнувајќи од платата за месец август. Во периодот којшто следи Министерството за социјална политика, демографија и млади прави би рекол историски чекор во таа насока, но не е само зголемувањето на платите коешто треба да биде 20тина%, туку станува збор и за услови коишто ќе го подобрат амбиентот на работа на вработените во тие установи и ќе значат дополнителна енергија во рамките на социјалната политика во Македонија како држава.“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

vlada

Мицкоски најави реконструкција на Владата, ќе се менуваат министри

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека веднаш по локалните избори ќе следи реконструкција на Владата и отворање на партијата за нови кадри, со цел да се обезбеди „повеќе динамика и поголем капацитет“ за реформите.„И затоа веднаш после овие избори ќе ги отвориме вратите на партијата за нови смени и за нови луѓе, и во Владата ќе има реконструкција и подобрување и поголема динамика на капацитетите. Веќе добро знаеме како може уште посилно и похрабро со зголемени потенцијали. Тоа не значи дека луѓето кои ќе бидат заменети биле лоши или немарни, но на Владата секогаш ѝ треба подинамичен капацитет, уште посилно темпо за промените кои ги правиме“, рече Мицкоски.Тој додаде дека Македонија е на „патот на промените и заедничките успеси“ и дека резултатите веќе се гледаат во макроекономските показатели. „Имаме зголемен извоз, зголемен БДП, раздвижена економија, раст на стопанството, а времето на реално чувствување на овие резултати кај реалниот човек доаѓа“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.„Не сум човек кој ги гледа работите од дистанца, и затоа промените во Владата ќе значат уште посилно темпо и уште поголеми заеднички успеси кои ќе оделотворат дека сме на правиот пат и граѓаните го направиле вистинскиот избор“, додаде тој.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-23-at-12.09.26

(Видео) Мицкоски за неговите градоначалници: Четири години работа без афери, со чесен образ пред граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ изјави дека локалните власти предводени од градоначалници на партијата успеале да се справат со сериозни предизвици, иако најголемиот дел од мандатот го поминале без поддршка од централната власт.„Поминавме низ еден тежок период, ги вадевме општините од бездна. Од овие четири години, три години градоначалниците имаа Влада која немаше слух, а имаше приоритети кои не беа локалните проблеми. Градоначалниците решаваа проблеми, минувавме низ сè без помош од Влада“, рече Мицкоски.Тој додаде дека најголемата вредност на овие четири години е фактот што, според него, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ немаат ниту една афера зад себе.„Четири години подоцна можам да кажам дека одговоривте на дадената доверба, го задржавте вашиот образ. Највредната работа е што немате ниту една афера зад себе, ниту еден криминален случај, ништо што би донело срам кон партијата и граѓаните“, истакна Мицкоски.Тој рече дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ останале луѓе врз кои граѓаните можеле да се потпрат.

пред 5 месеци

kazandol

Арбитражниот суд ја ослободи Македонија од обврска од 115 милиони евра за Казандол

Арбитражниот трибунал на 21 јули 2025 година ги отфрли сите тужбени барања во случајот „Казандол“, со што државата избегна да плати 115 милиони евра од буџетот.-На денешната седница на Владата, на предлог на Координативното тело за следење на арбитражни постапки беше усвоена информацијата со која се утврдува дека во целост се одбиени тужбените барања против државата во случајот познат како КАЗАНДОЛ и со тоа е направена заштеда на буџетските средства на граѓаните во вкупен износ од 115.000.000 евра. Арбитражниот трибунал донесе пресуда на 21 јули 2025 година со која утврди дека неосновани се сите тужбени барања и истите ги одби во целост.

Македонија | пред 5 месеци

uciliste-skolo-3

Ранци, тетратки, фломастери, моливи....сѐ за училиште по намалени цени!

Од денес почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти.Имајќи предвид дека дел од трговците пред почетокот на новата учебна година енормно ги зголемуваат цените на училишниот прибор, со што директно влијаат за зголемување на трошоците на семејниот буџет на илјадници граѓани, Владата на последната седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените за најмалку 10 и 15 проценти, која ќе важи од денес 15 август до 15 септември.Трговците на големо ќе го намалат училишниот материјал за најмалку 10 проценти, додека во трговија на мало за најмалку 15 проценти.Со оваа одлука се намалуваат цените на ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала (економични, пластични), дрвени и мрсни боици, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери и текст маркери, темперни, акрилни, водени бои и четки, линијари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли и етуи, лепило, шестар, дигитрони, украсна хартија, папки и картонски ташни и материјали за изработка, како и други производи потребни за учениците, што ќе значи пониски цени и пристапност за сите наши граѓани.Исто така трговците се должни покрај новата намалена цена на производите да ја објават и старата цена која важела на 01.06.2025 година, која цена се зема како базична цена на која се утврдува намалувањето, потоа пред влезот во продажниот објект или на друго истакнато место во продавницата, треба да биде јасно и видливо истакнат плакат со формат од најмалку А3, кој ќе содржи натпис „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, кој е објавен на веб страницата на Министерството за економија и труд, како и натпис: ПОПУСТ НА УЧИЛИШЕН ПРИБОР, од најмалку 15%.Апелираме да не се прават обиди за изигрување на одлуката, бидејќи Државната пазарна инспекција ќе следи на терен дали истата се почитува. Во спротивно ќе следуваат санкции, бидејќи секоја одлука донесена во интерес на граѓаните мора да се применува.Со ова не само што цените на училишниот прибор драстично ќе се намалат, туку и според одредени анализи, трошоците на илјадници семејства што имаат ученици би се преполовил на половина.Владата е насочена кон носење на конкретни мерки кои значат подобрување на животниот стандард и економската состојба.

Македонија | пред 5 месеци

Mickoski-Carina

Мицкоски: Илинден е жив идентитет и обврска за иднината

„Илинден е темелот врз кој се изгради современата македонска државност, жива вистина за Македонија која живее“, порача премиерот Христијан Мицкоски по повод 2 Август – Илинден. Тој подвлече дека овој ден не е само историски спомен, туку постојан потсетник на стремежот за слобода, правда и државна самостојност.„На овој ден се сеќаваме на храброста и жртвата на оние кои ја започнаа нашата борба за достоинство. Тој стремеж денес е остварен, но не и завршен“, рече Мицкоски, нагласувајќи дека Илинден е и обврска – особено за институциите, кои мора да работат чесно и одговорно.Тој посочи дека Владата е свесна за довербата што граѓаните ѝ ја дале и за обврската таа да се оправда со резултати.„Ќе ја направиме Македонија држава на можности – праведна, безбедна и просперитетна, со силни институции на страната на граѓаните“, рече Мицкоски, додавајќи дека оваа генерација политичари има должност да покаже дека може подобро – и ќе покаже.Во пораката премиерот подвлече дека Илинден обединува и повикува на надминување на поделбите: „Да извлечеме сила од историјата и да ја претвориме во иднина. Да ја продолжиме борбата, но со знаење, визија и одговорност.“

Македонија | пред 6 месеци

Foto-1-1

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на Советот на амбасадори

Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Советот на амбасадори, предводени од претседателката, амбасадорката Александра Наќева Ружин. На средбата присуствуваа и амбасадорите: Мухамед Халили, Љупчо Арсовски, Иљаз Сабриу, Тихомир Илиевски и Ивица Боцевски.Тие изразија подготвеност за соработка и поддршка на институцијата Претседател, преку утврдувањето на надворешно-политичките приоритети, независни и стручни анализи, јавни дебати, совети и консултации за меѓународните прашања.Беа детектирани потенцијалните области за меѓусебна соработка и понудени идеи, предлози и иницијативи, коишто би придонеле за зајакнување на надворешно-политичките капацитети на државата.Со цел унапредување на македонската дипломатија, соговорниците ја потенцираа важноста од именување на кариерни амбасадори како прв избор, истакнувајќи го значењето на нивното искуство за соодветно и достоинствено претставување на земјава во светот.Претседателката ги поздрави амбициите на Амбасадорите за поттикнување на професионален дијалог за прашања од национален интерес и изрази подготвеност за натамошна комуникација. Укажувајќи дека првата слика за државата е најбитна, Сиљановска-Давкова посочи дека искуството и потенцијалот што го имаат членовите на Советот може да претставува драгоцена помош во носењето на одредени одлуки.На средбата таа ги реафирмираше заложбите за правична застапеност на жените во дипломатијата и придобивките од формирање на Регионален центар за извонредност за жени, мир и безбедност.Соговорниците разменија мислења за македонската надворешна политика, односите со соседите, за Преспанскиот договор и членството на државата во меѓународните организации.

Македонија | пред 6 месеци

Нема фотографија

Владата донесе одлука за промена на таблиците на службените возила и одлука за отворање на конзулат во Корча

„Владата на денешната 97 седница донесе одлука сите државни институции да ги променат регистарските таблици на службените возила со новите таблици со боја најдоцна до 15 септември 2025 година. Оваа одлука е во насока на уште едно реализирано ветување пред граѓаните со цел поголема отчетност, транспарентност и ставање крај на злоупотребите кои со биле пракса во минатото.Дополнително, Владата на предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија донесе одлука за отворање на генерален конзулат во Корча со јурисдикција во целиот регион. Граѓаните мора да имаат брз и ефикасен сервис и услуги, поддршка за културни, образовни и економски врски.Владата продолжува со конкретни мерки и политики кои имаат за цел да ја потврдат вистинската грижа за подобрување на стандардот и враќање на довербата на граѓаните во институциите“, велат од Владата.

Македонија | пред 6 месеци

IMG_5515

Владата ги отфрла обвинувањата од родителите на жртвите од Кочани: „Злоупотребата на болката не носи правда“

По јавното обраќање на родителите на трагично загинатите млади во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, од Владата реагираа со соопштение во кое ги отфрлаат како неточни наводите дека средбата со премиерот била понижувачка и нечовечна.„Во моментот се прави злонамерно дефокусирање и злоупотреба на трагичната судбина. Владата е тука за семејствата, за сè што им е потребно и секогаш ќе биде со нив, дури и кога ќе има различни мислења“, велат од таму.Во соопштението се нагласува дека средбата од 7 јули не била прва, ниту последна, и дека премиерот Христијан Мицкоски лично им изразил сочувство на сите присутни, со серија приватни гестови и разговори кои, според Владата, не сакаат да бидат предмет на јавна дискусија од етички причини.„Сведување на дискусијата на „здраво како сте“ и „колку чини“ не ја одразува вистинската дискусија и е навредливо. Намерите и постапките на Владата не се нечовечки – тоа е неточно“, се додава во реакцијата.Од Владата нагласуваат дека болката од трагедијата не е само на семејствата, туку и на целата држава, и уверуваат дека остануваат посветени на поддршката и грижата за родителите.„Ќе се бориме за правда и ќе останеме потпора на семејствата, со конкретни дела. Апелираме трагедијата да не се користи за сензационализам или за донесување осуди врз основа на гнев“, порачуваат од Влада.

Македонија | пред 6 месеци

putin-5190

Путин подаде рака на Талибанците, Русија е првата земја што ја признава Владата на Авганистан

Русија постепено гради односи со Талибанците, за кои претседателот Владимир Путин минатата година рече дека сега се сојузник во борбата против тероризмот.Официјална Москва, вчера објави дека ги прифатила акредитивите на новиот амбасадор на Авганистан, со што стана првата земја што ја признала талибанската влада во земјата.Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Москва гледа добри перспективи за развој на врските и ќе продолжи да го поддржува Кабул во безбедноста, борбата против тероризмот и криминалот поврзан со дрога. Тој, исто така, гледа значајни трговски и економски можности, особено во енергетиката, транспортот, земјоделството и инфраструктурата.„Веруваме дека чинот на официјално признавање на владата на Исламскиот емират на Авганистан ќе даде поттик за развој на продуктивна билатерална соработка меѓу нашите земји во различни области“, соопшти министерството.Авганистанскиот министер за надворешни работи, Амир Кан Мутаки, во соопштението изјави: „Го цениме овој смел чекор на Русија и, ако даде Бог, тој ќе им служи како пример на другите“.Ниту една друга земја формално не ја признала владата на Талибанците, која ја презеде власта во август 2021 година по хаотичното повлекување на САД од Авганистан по 20 години војна. Сепак, Кина, Обединетите Арапски Емирати, Узбекистан и Пакистан назначија амбасадори во Кабул, што е чекор кон признавање.Рускиот потег претставува важна пресвртница за администрацијата на Талибанците, која се стреми да ја ублажи својата меѓународна изолација.Вашингтон веројатно внимателно ќе го следи потегот. САД замрзнаа милијарди средства на авганистанската централна банка и воведоа санкции врз некои високи лидери на талибанците, што придонесе во голема мера за исклучување на авганистанскиот банкарски сектор од меѓународниот финансиски систем.Од друга страна пак, Русија гледа потреба од соработка со Кабул бидејќи се соочува со голема безбедносна закана од исламистички милитантни групи со седиште во низа земји од Авганистан до Блискиот Исток, а Талибанците тврдат дека работат на искоренување на присуството на Исламска држава во Авганистан.Западните дипломати велат дека патот на Талибанците кон пошироко меѓународно признавање е блокиран сè додека не ги променат своите политики за правата на жените. Талибанците ги затворија средните училишта и универзитетите за девојчиња и жени и воведоа ограничувања за нивното движење без машки старател. Тие тврдат дека ги почитуваат правата на жените во согласност со нивното строго толкување на исламскиот закон.

Свет | пред 6 месеци

unnamed-6

Средба на премиерот Мицкоски со еврокомесарката за проширување, Марта Кос

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денес во Скопје оствари средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во дводневна посета на земјава по повод лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан.На средбата се разговараше за европската перспектива на регионот, со фокус на спроведувањето на реформите, реализацијата на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан и унапредувањето на соработката со европските институции.Премиерот Мицкоски ја истакна цврстата определба на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи во областите на владеењето на правото, економскиот развој и дигиталната трансформација.Еврокомесарката Кос ја поздрави реформската агенда на Владата и ја потврди поддршката на Европската комисија за напредокот на Регионот на европскиот пат.Премиерот нагласи дека средбата претставува потврда за зголемената улога на државата во регионалните и европските процеси, како и признание за новата енергија со која Владата ги води реформите и создава предвидлива и стабилна иднина за сите граѓани.

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања