ВЛАДА

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

„Нема да дозволиме да се служат со трикови“, рече Мицкоски посочувајќи дека инспекторите ги контролираат цените во маркетите, по истекот на мерките

„Некој може да се обидува да се служи со трикови, ама тоа нема да се случи“, вели премиерот Христијан Мицкоски, а прашан, дали ќе има нови мерки за да не дозволи драстично зголемување на цените во маркетите, по истекот на мерките. Според него, изминатите два месеци имало дисциплинирано спроведување на мерката.„Лично разговарав со министерот и директорот на Пазарниот инспекторат, не само кај трговците туку и кај дистрибутерите и производителите. Да видиме да не има, при влезните фактури, трикови. А не само кај оние што ги продаваат во своите дуќани. Тоа нема да се дозволи“, рече Мицкоски.Тој додаде дека за еден месец наместо инфлација, има дефлација во економијата.„Нема да дозволиме да имаме стихијно однесување на пазарот“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 9 месеци

mickoski-3

Мицкоски оствари телефонски разговор со американскиот државен секретар за економија Лутник

„Во текот на вчерашниот ден остварив телефонски разговор со американскиот државен секретар за економија, Хауард Лутник, пријател на Македонија и докажан поддржувач на нашата земја, кој веќе еднаш го посети Скопје“, објави премиерот Христијан Мицкоски и додаде:„Во духот на блиското македонско-американско партнерство, потврдивме дека нашите односи се цврсти, пријателски и исполнети со заемна доверба, при што истакнав и дека стратешкото партнерство со САД е врвен приоритет за Владата.Ја нагласив важноста на американската поддршка за стабилен и просперитетен Балкан, а посебно за прашањата кои се од витално значење за економската соработка.Се согласивме да продолжиме да го развиваме стратешкото и економско партнерство помеѓу двете земји“.

Македонија | пред 9 месеци

protest

„Кој е следен“ подаде барање до Влада: да се направи софтвер за граѓаните да гледаат кои локали се контролирани, а кои не

Организацијата „Кој е следен?“, која организира нов протест во четврток кој започнува од пред Владата, денеска формално доставија барање за воведување на т.н. е-инспекторат. Според нив, треба да се направи алатка во која ќе се внесуваат сите записници од извршени инспекциски надзори. Ујмер Мухамеди, како претставник на „Кој е следен?“ посочи дека ова не е ново барање, туку е презентирано недели претходно. Но, формално доставуваат барање бидејќи институциите не изреагирале кога истото било јавно презентирано.„Тоа ќе биде страница, каде секој од нас ќе може преку името на локалот, со што, на страницата ќе види што констатирале инспекциските надзори. Во случај да напишете име на субјектот, а да не ви излезе ништо, тоа значи дека врши дејност која не е регистрирана во соодветните регистри“, рече Мухамеди.Според него, целта им е сите да знаат дали некој угистителски објект е безбеден или не.

Македонија | пред 9 месеци

Нема фотографија

Профункционираа расипаните лифтови во МРТВ - ги поправиле!

Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) ги сервисираше и стави во целосна функција сите четири лифтови во зградата на МТВ во која канцелариски простории користат над 20 државни институции.„Лифтовите сега се целосно оперативни и обезбедуваат сигурен, брз и лесен пристап до сите катови, што значително го подобрува функционирањето на институциите и услугите кои ги нудат.Во изминатите години, лифтовите во зградата често беа неисправни, што создаваше големи проблеми за вработените и граѓаните кои имаа потреба од завршување административни работи во некоја од државните институции, што ја отежнуваше работата во институциите и пристапот до важни услуги.Со преземените активности, СОЗР го потврдува својот континуиран ангажман за подобрување на условите за работа и за обезбедување на високи инфраструктурни стандарди. Одговорноста и посветеноста на СОЗР во овие процеси имаат за цел да создадат безбедни, удобни и ефикасни услови за сите вработени и граѓани кои користат услуги од државните институции. СОЗР одговорно ќе продолжи да работи на унапредување и одржување на инфраструктурата во јавните институции за да обезбеди најдобри услови за секого“, велат од СОЗР.

Македонија | пред 9 месеци

272767700_460595969108892_835185472485899042_n

Се зголемува капитациониот бод за матичните доктори од општа медицина и гинекологија од 75 на 100 денари, додека за стоматологија од 61 на 75 денари

„Денес е Светскиот ден на здравјето, и пред да продолжам со главната тема упатувам искрена благодарност до сите лекари, медицински сестри, техничари, болничари, фармацевти, здравствени работници-луѓето кои без двоумење застануваат на првата линија во заштита на човечките животи“, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава:Нивната посветеност, хуманост и стручност се едни од темелите на нашето општество.Здравјето е наша заедничка обврска, а Владата ќе продолжи да го зајакнува здравствениот систем, да вложува во услови, кадар и достоинство на сите здравствени работници.Драги пријатели,Денес на оваа прес-конференција со задоволство сакам да ви соопштам една добра вест за јакнење на столбот на здравствената заштита, за јакнење на примарната здравствена заштита во македонското здравство.Донесена е одлука за историско зголемување на капитациониот бод за матичните доктори од општа медицина, гинекологија и стоматологија, почнувајќи од април 2025 година.Зголемувањето на капитацијата на матичните лекари значи повисоки плати и помотивирани лекари.Согласно оваа одлука, вредноста на капитациониот бод за општа медицина и гинекологија ќе се зголеми од 75 на 100 денари, додека за стоматологија од 61 на 75 денари, што претставува зголемување од 33%, односно 23%. Ова зголемување доаѓа по повеќегодишна стагнација во периодот 2019-2022 година кога бодот изнесува 63 денари и 48 денари.Ако погледнеме наназад, од 2015 година до сега, капитацијата за општа медицина порасна од 50 на 100 денари-удвојување на вредноста за една деценија. За гинекологијата исто така имаме раст од 50 на 100 денари, додека за стоматологија од 35 на 75 денари, што е зголемување за 114%.Потценетоста на примарната здравствена заштита доведе до намалување на бројот на амбуланти во 2024 година во однос на 2023 година за 34 амбуланти по општа медицина и 24 по стоматологија, а над стотина помалку амбуланти по општа медицина има сега во однос на 2015 година. Посебно намалување има во руралните и помалите места, за кои уште во јануари се донесоа посебни мерки.Државата издвојува околу 4.5 милијарди за матичните лекари, гинеколози и стоматолози, а за ова зголемување ќе се издвојат околу 550 милиони денари или над 9 милиони евра.Ова зголемување ја покажува нашата посветеност да го подобриме статусот на матичните лекари и да обезбедиме поквалитетна здравствена заштита за сите граѓани. Со новото зголемување, просечниот износ по матичен лекар дополнително ќе се подобри, што значи и поголема мотивација и поддршка за нивната работа.Правиме максимум и се трудиме. Никогаш не е доволно и свесни сме за тоа, но правиме максимум да ги подобруваме и променуваме работите. Секој изминат ден секој наш чекор состанок е посветен на тоа да направиме нешто подобро.Оваа одлука е дел од нашата стратегија за унапредување на здравствениот систем, препознавајќи ја клучната улога на матичните лекари во превенцијата и лекувањето. Ви благодарам на довербата и поддршката. Заедно продолжуваме да градиме подобра иднина за сите!Се бориме за решавање на се повеќе напластени проблеми. Со секое решение покажуваме дека не отстапуваме од нашето мото и цел, а тоа е Македонија да биде повторно ваша!

Македонија | пред 9 месеци

mickoski-9-vlada

Ниту Таравари заминува, ниту Димитриевски доаѓа: Реконструкција на Владата нема да има пред локалните избори

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека нема да има реконструкција на Владата пред локалните избори. Ова доаѓа откако дел од медиумите објавија дека Максим Димитриевски се подготвува да биде нов министер за одбрана.Ова би значело дека и Арбен Таравари останува министер за здравство, наспроти информациите во јавноста дека тој ќе замине од функцијата.Претходно на ова прашање одговараше Изет Меџити од Вреди, кој рече дека реконструкција на Владата е возможна, но не е планирана.

Македонија | пред 9 месеци

mickoski-filipce

Мицкоски: Без оглед на разликите со Филипче, потребно ни е единство за Македонија и важните прашања

„Се побара средба, јас веднаш одговорив, доколку се има некаков план за волја на вистината немаше таков план, таква реторика еве ова е мојот план, чекор еден, два или три. Туку едноставно побараа вклучување и еден инклузивен процес. Ценам дека како политичар и како човек, како најголеми треба да привлечеме од сите слоеви од општеството и интелектуалци, и невладини, и политички партии кои што можат да помогнат да помогнат во одредени процеси“, вели Христијан Мицкоски претседател на Владата во интервју во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.Премиерот Мицкоски истакна дека без оглед на разликите кои ги има со претседателот на СДСМ Венко Филипче, потребно е единство и обединување за важните прашања за Македонија.„Јас ценев дека со една ваква средба ќе испратиме порака, дека ние политичарите ја научивме лекцијата и дека кон граѓаните треба да рефлектираме порака на обединување, на единство, посебно околу клучните прашања, стожерните прашања и низ поинаква оптика да ги гледаме работите кога станува збор за таков тип на прашања. А воедно во услови на траор, во услови на специфична емотивна состојба на населението да испратиме порака дека политичарите не се оние кои што со ниски страсти на дневна основа комуницираат, со политиканство гледаат да спечалат некаков политички поен. Туку може да се покаже ширина и да се рефлектира таа ширина кон јавноста“, дециден е Мицкоски и додаде јавноста нека суди дали погрешил или направил добар чекор што остварил лидерска средба со претседателот на СДСМ, Филипче.Јавноста нека суди дали сум погрешил или сум направил добар чекор, но во овој момент тоа во Македонија е потребно.

Македонија | пред 10 месеци

mickoski-filipce-2

Мицкоски на маса со Филипче: Сакам да се знае дека одговорност, мудрост и чесност и се повеќе од потребни на Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографии од средбата со лидерот на СДСМ, Венко Филипче.„Средба каде разговараме за актуелните случувања, и од која сакам да се знае дека одговорност, мудрост и чесност и се повеќе од потребни на Македонија!“, напиша Мицкоски.Во овој состанок нема етничка основа, рече лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој отиде на средба со премиерот Христијан Мицкоски. Тој од пред Владата посочи дека очекува конструктивен разговор.„Очекувам конструктивен разговор, навистина ми е драго што премиерот го прифати состанокот уште веднаш. Жалам што одредени политички партии уфрлија етничка димензија. Повикот за меѓупартиска средба е за сите партии. Ќе поразговараме за темите кои сметам дека заеднички треба да се менаџираат. Темите ги нафрлив вчера, денеска ќе се обидам подетално да му ги објаснам, така како што мене ми е размислувањето. Отворен сум да разговараме за сите опции. Внимателен оптимист сум“, рече Филипче.

Македонија | пред 10 месеци

vlada-2024-mickoski

Влада: Одлуката на САД за царинските трошоци, нема да има голем импакт врз нашата економија, но ние имаме подготвен план за надминување на ситуацијата

„Во однос на одлуката на САД за царинските трошоци, за нас станува збор за очекувана одлука на американската администрација, која не ја одмина ниту една земја во светот – дури ни Велика Британија, Канада, Европската Унија и уште стотици други држави.Владините тимови веќе некое време ги анализираат можните последици и заедно имаме подготвен план за надминување на ситуацијата. Оваа одлука нема да има голем импакт врз нашата економија, но ние имаме јасен план како понатаму.Контактите со американската администрација се веќе воспоставени и ќе продолжат на високо ниво, а Владата ќе работи на изнаоѓање решение и на спроведување на планот.Она што е значајно да се спомене е дека нема потреба од никаква паника, ниту од избрзани реакции и заклучоци. Станува збор за нешто долго најавувано од оваа администрација, и не е одмината ниту една земја – дури ни најстарите и најтрадиционални партнери на САД.Ова е обид за репреговарање на трговските односи во светот – нешто што беше неопходно и што, иако сега за некои претставува шок, за други ќе значи можност.Знаеме дека оваа ситуација е шанса за многу луѓе кои не ѝ посакуваат добро на Владата да напаѓаат неосновано и да се обидуваат да нанесуваат штета врз нашиот углед – било поради лични интереси, било поради партиски цели, било поради малодушност. А некои и поради оправдани дилеми – и нив целосно ги разбираме.Нападите што ги слушаме од првата група споменати – не се ништо ново. Очекувани се, и тие не знаат ништо подобро од тоа. Но ние ќе ги преживееме и нивните напади, и ќе бидеме посилни – ќе се уверите во тоа“.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-04-02-at-12.13.19

Со обиди за компарации на плати и популистички изливи на агресија само се докажува партиската позадина на дел од раководството на синдикатот, вели Владата

„Апелираме до синдикатот да не ја злоупотребува ситуацијата во државата и да не се обидува да ја извитопери дебатата со нешто кое е еднакво важно и за нас како влада, а тоа е состојбата на работниците“, велат од Владата и додаваат:Со обиди за компарации на плати и популистички изливи на агресија само се докажува партиската позадина на дел од раководството на синдикатот. Кога прават компарација на плати, да ги потсетиме дека ние како влада бевме против кога платите на функционерите се зголемуваа, а синдикатот тогаш молчеше за своите партиски миленици од СДСМ и ДУИ. Како што молчеа со години додека СДСМ беше на власт, а државата ја уништуваа, ограбуваа и продаваа. Но тоа е зад нас.Ние на овој проблем гледаме како на проблем на тешката и сложена социоекономска состојба во државата, а не на персоналните политички амбиции на дел од раководството на синдикатот. Нивото на дискусија да ги спуштиме сите платите – за нас не е проблем и да ги спуштиме платите, но на работниците тоа нема да им го реши проблемот. Притоа, да потсетиме дека ова е прва влада која донесе одлука за замрзнување на платите на функционерите.Истовремено, за премиер да има иста плата со претседател на синдикат, треба претседателот на синдикатот да победи на избори на првите наредни парламентарни избори, а пред тоа да има договор да се најде на листите на СДСМ.Тогаш, ако го изгласа народот, ќе видиме дали така лесно ќе се откажува од платата. Штом е така подготвен коцкарски да се откаже од својата плата, лошо зборува за него и за блеферската природа на неговата личност. Впрочем, само човек што има многу пари со леснотија може да се откаже од пола плата.Апелираме затоа да внимава, затоа што прави очигледна Фројдова грешка со која покажува дека за него парите не се проблем, зашто преку ноќ, во излив на блеф и партиски мотив, кажува дека е подготвен да се откаже од своите примања.Исто така, сметаме дека проблемот на работниците може да се реши системски и со вистински пристап. Сегашниот пристап на овие луѓе е погубен, и тие играат рулет со нешто кое за нив е обид за политичка кариера и злоупотреба, а за нас е прашање на живот, тоа е животот на работниците.Со сила и со ваква очигледна партиска мотивираност и со малициозен и неразумен пристап, ништо нема да постигнат. Зошто молчеа 7 години? Народот тоа го гледа. И прави разлика.Ние се трудиме и ќе се трудиме да наоѓаме решение за работниците, затоа што тоа е проблем наталожен и на државата и на сите нас. Ние сочувствуваме со тешката состојба и со проблемите на нашиот народ, и од таа наша мисија нема да нè оттргнат партиски мотивирани самонаречени синдикалци кои тераат партиска агенда на партиите СДСМ и ДУИ, против кои збор не зуцнаа цели 7 години и соработуваа со нив, уживајќи во благодетите на синдикалниот живот.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

Мицкоски: Владата започнува постапка за набавка на 120 еколошки автобуси за јавен превоз за Скопје и општините

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање за усвоената информација на вчерашната седница на Владата, која се однесува на потребата од набавка на еколошки автобуси за јавен превоз на ЈСП-Скопје и единиците на локалната самоуправа, појасни дека станува збор за донесена одлука за отпочнување на постапка за набавка на 120 автобуси.„Владата на вчерашната седница донесе одлука за отпочнување на постапка за набавка на 120 автобуси. Од тие, 80 ќе бидат наменети за Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје, а 40 ќе бидат во оваа првична фаза распределени на другите сообраќајни претпријатија во општините, во коишто имаме организиран јавен градски превоз. Врз основа на потребите и проценките, електрични, еколошки автобуси.“, рече Мицкоски.Премиерот Мицкоски напомена Владата прави чекор напред во обезбедувањето на чист воздух и пристојна животна средина за граѓаните.„Тоа што е важно е што нема да има загадување, итн. нешто што им е очајно потребно на граѓаните, посебно за време на грејната сезона. Ние цениме како Влада, правиме чекор напред во таа насока.Рековме дека обезбедувањето на пристојна средина за живот на нашите сограѓани, во која што составен дел е и чистиот воздух, за нас претставува императив.Но, тоа е процес којшто побарува многу време. Но, доколку седиме и гледаме дека времето си минува, ние ништо не правиме, не сме проактивни, туку сме реактивни, тогаш нема да дојдеме до решение.Затоа, ние сакаме да бидеме проактивни, да нудиме политики, да креираме политики и да дојдеме до нашата цел, а тоа е пристојна, убава животна средина за нашите сограѓани.“, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-04-02-at-13.00.28

Мицкоски: Работиме во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните- Вработените во МВР добија за 10% повисока плата

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на зголемувањето на платите на полицајците, изјави:„Веќе вработените во Министерството за внатрешни работи добија за 10% повисока плата, на 1 април. Уште едно од ветувањата е реализирано.Пензионерите веќе добија 2.500 денари линеарно зголемување со оние 2.500 од минатата година, го заокружуваме циклусот на 5.000, линеарно зголемување за пензионерите.Вработените во образованието, покрај она зголемување од минатата година, добиваат и оваа година, откако ќе биде потпишан договорот којшто се усогласува на работно ниво, вработените во здравството исто така.Така што континуирано сето она што го правиме е во насока на подобрување на економските перформанси на нашите граѓани и ќе продолжиме во таа насока“.

Македонија | пред 10 месеци

kocevski-1

Советот на обвинители застана зад Коцевски и се спротистави на Владата - сметаат дека државниот обвинител треба да остане на функцијата

Претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска, рече дека членовите даваат негативно мислење за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски. Таа не ги образложи причините и рече дека за тоа ќе биде запознаена Владата. Притоа јавноста беше исклучена од седницата, па не можеше да ја следи дискусијата која се водеше пред да се донесе ваков заклучок.„Разгледувајќи го предлогот на Владата по однос на разрешувањето на јавниот обвинител, донесе одлука со мнозинство и дава негативно мислење по однос на предлогот на Владата за разрешувањето“ рече Душица Димитриеска.„Јавноста беше исклучена по предлог на Советот, со цел заштита на угледот и интегритетот, како и заштита на податоците кои ги достави јавниот обвинител во предлогот“, рече Димитриевска.Прашана како јавноста да биде уверена дека нивната одлука е исправна кога не ја следела дискусијата, Димитриевска рече дека ќе може јавноста да чита записници.Димитриевска беше прашана и кои се аргументите поради кои Советот не се согласува со разрешувањето на Коцевски и одговори: „Во однос на тоа немам коментар. Советот ќе го изготви мислењето и ќе го достави до Владата“.Процедурата за разрешување на Коцевски ја започна Владата. Тие побараа мислење од Советот на обвинители, а членовите на Советот бараа став од Коцевски. Но и по негативното мислење од Советот – процедурата може да продолжи во Собранието. Конечниот збор можат да го имаат пратениците.Но, по трагедијата во Кочани, Мицкоски рече дека ќе се паузира со разрешувањето на Коцевски, со цел, да се спроведе квалитетна и темелна истрага за пожарот во дискотеката. Владата нема да го праќа мислењето од Советот на обвинители до Собрание.

Македонија | пред 10 месеци

vlada-2024-mickoski

За само 6 месеци ги покачивме пензиите линеарно на над 330.000 пензионери за 5000 денари, велат од Владата

„За само 6 месеци, Владата ги покачи пензиите на над 330.000 пензионери за 5000 денари“, велат од Владата и додаваат:На сметките на пензионерите легна покачувањето на пензиите од 2500 денари. Со ова покачување, вкупното линеарно зголемување на пензиите достигнува 5.000 денари, откако првото зголемување беше со септемвриската пензија и сега со мартовската пензија.Ова е втор раст на пензиите за само 6 месеци.Имено, дека Владата се грижи за пензионерите покажува тоа што уште првата недела од мандатот донесе одлука за линеарно покачување на пензиите на сите пензионери за 5000 денари, со септемвриската и мартовската пензија.Ветивме и исполнивме. Владата ги покачи пензиите за 5000 денари, линеарно за секој пензионер.Владата покажа дека се грижи и работи одговорно и посветено.Пензионерите заслужуваат достоинствен живот и вистинска грижа за нивните потреби.Со ова како Влада го исполнивме едно од ветувањата за најстарата категорија на граѓани и обезбедивме поквалитетен живот за нив.Продолжуваме посветено да работиме за подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Македонија | пред 10 месеци

eko-avtobusi-1

Владата предвидува набавка на 120 еколошки автобуси, од кои 80 ќе ги набавува ургентно за ЈСП

Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерство за транспорт во врска со доставените писма за интерес од единиците на локалната самоуправа за потребата од набавка на еколошки автобуси за јавен превоз.„Имајќи ги предвид финансиските средства обезбедени во рамки на буџетот на Министерството за транспорт за оваа намена, предвидена е набавка на 120 еколошки автобуси, од кои 80 се ургентно потребни за обнова на возниот парк на ЈСП- Скопје и подобрување на јавниот превоз, а останатите 40 ќе бидат распределени согласно економската оправданост и реалните потреби на секоја од единиците на локалната самоуправа.Набавката на еколошките автобуси за јавен превоз ќе придонесе за подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните, како и намалување на загадувањето на воздухот во општините, одржлив развој и заштита на животната средина“, велат од Владата.

Скопје | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања