ВЛАДА

vlada-2024-mickoski

Влада: Усвоена информација за изградба на нови објекти и за реконструкција на постојните објекти во културата, и набавка на 120 еколошки автобуси

На денешната 65 владина седница беше разгледана и усвоена Информацијата за содржината на Програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат јавните установи во областа на културата за 2025 година која содржи 11 проектни активности кои ќе се реализираат од страна на Министерството за култура и туризам и Националните установи од областа на културата кои се носители на активностите.„Со оваа програма се предвидуваат активности за продолжување со изведување на градежни работи за изградба на нов објект наменет за театар и библиотека во Тетово, изградба на објектот на НУ Турски театар – Скопје и изградбата на Стар Театар во Струмица, се продолжува и со реконструкција на објектот на театарот во Куманово, како и почеток со реконструкција на објектот Ну Музеј на Македонија и почеток со реконструкција – санација и адаптација на објект на поранешно кино Партизан во Битола при НУ Народен театар – Битола. Финансиските средства потребни за реализација на активностите од Програмата се предвидени во Буџетот на Министерство за култура и туризам за 2025 година во износ од 123.775.000 денари.Исто така, Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерство за транспорт во врска со доставените писма за интерес од единиците на локалната самоуправа за потребата од набавка на еколошки автобуси за јавен превоз. Имајќи ги предвид финансиските средства обезбедени во рамки на буџетот на Министерството за транспорт за оваа намена, предвидена е набавка на 120 еколошки автобуси, од кои 80 се ургентно потребни за обнова на возниот парк на ЈСП- Скопје и подобрување на јавниот превоз, а останатите 40 ќе бидат распределени согласно економската оправданост и реалните потреби на секоја од единиците на локалната самоуправа.Набавката на еколошките автобуси за јавен превоз ќе придонесе за подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните, како и намалување на загадувањето на воздухот во општините, одржлив развој и заштита на животната средина“, велат од Владата.

Македонија | пред 10 месеци

dokument-administracija

Мицкоски за реформа на јавната администрација: Време е за промени, потребна ни е ефикасна и посветена администрација, која ќе биде сервис на граѓаните

Добар ден и ви благодарам за присуството на втората по ред седница на Советот за реформа на јавната администрација. Оваа седница е втора по ред од донесувањето на новата Стратегија за реформа на јавна администрација, а прва во овој состав“, нагласи денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во неговото обраќање на втората седница на Советот за реформа на јавната администрација.„Пред да започнам со дневниот ред сакам да истакнам неколку работи. Јавната администрација не е само механизам за спроведување на законите и политиките, таа е лицето на државата, одраз на нејзината ефикасност и посветеност кон граѓаните. Колку е подобро организирана, толку побрзо и поквалитетно ќе ги испорачува услугите. За жал, во изминатите години сведочевме на слабости, партизираност, неефикасност, недоволна компетентност на одредени кадри. Сега е време за промени“, рече премиерот Мицкоски.Претседателот на Владата Мицкоски исто така подвлече дека нема веќе седење дома и земање плати, и дека Владата ќе се фокусира на одредени елементи во јавната администрација да ја направи поефикасна.„Можам да соопштам дека нема повеќе луѓе кои седат дома и земаат плата.Се бориме за систем на заслуги наместо партиски влијанија.Професионалната администрација подразбира дека вработувањата и унапредувањата се засноваат на знаење, вештини и резултати, а не на политички или лични врски. Воведување транспарентни критериуми за селекција, тестирање и континуирана евалуација ќе гарантира дека само најдобрите ќе бидат дел од институциите.Континуирана обука и развој, светот се менува брзо, а со него и предизвиците во јавниот сектор. Затоа, нашите службеници мора постојано да се усовршуваат. Ќе обезбедиме програми за обука, размена на искуства со напредни администрации и воведување на најдобрите меѓународни практики.Професионалец не е само оној којшто знае, туку и оној што работи одговорно и транспарентно. Ќе ја зајакнеме етичката свест и механизмите за отчетност на администрацијата кон граѓаните.Дигитализација за поголема ефикасност е многу значајна. Современата јавна администрација мора да биде технолошки напредна. Ќе инвестираме во дигитални алатки кои ќе го намалат времето на обработка на барањата, ќе ги елиминираат непотребните чекори и ќе ја зголемат ефикасноста.Квалитетната администрација бара мотивирани и задоволни службеници. Тоа значи подобри работни услови, фер плати и можности за напредување врз основа на реални заслуги“, рече тој.На крајот премиерот Мицкоски нагласи дека јавната администрација е сервис за граѓаните и дека реформата мора да се спроведе ако сакаме европска држава.„Ова не е промена што се случува преку ноќ, но е реформа што мора да ја спроведеме доколку сакаме модерна, европска држава. Јавната администрација мора да биде сервис за граѓаните, а не институција што ја кочи државата. Време е да создадеме систем во кој професионалците ќе ја движат администрацијата напред“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 10 месеци

mickoski-taravari-1

Коалицијата Вреди не планира да излезе од Владата, без согласност од ВМРО-ДПМНЕ нема да се случат уставни измени и ова нема брзо да се реши, рече Таравари

Вреди не планира да излезе од Владата, иако министерот за здравство, Арбен Таравари, упати критики за неусогласеноста меѓу нив. Според Таравари, треба подобра синхронизација и помеѓу четирите партии внатре во коалицијата Вреди.„Не засега не излагаме и не планираме да излеземе од Влада, продолжуваме“, рече Таравари.Прашан дали има комуникација со ДУИ рече: „Барем пратениците комуницираат едни со други и никој не може да каже дека една партија комуницира само со внатрешните членови. Сите партии комуницираат едни со други“Според него има и анкети кои јасно покажуваат дека граѓаните не се задоволни од дејствувањето на ВЛЕН во Владата.„Кажав вчера во една емисија дека има незадоволство од функционирањето на ВЛЕН, тоа е повеќе поради десинхронизацијата внатре со партиите дел од ВЛЕН. Тешко е со една партија, а не пак со четири партии. Ни треба подобра синхронизација. Впечатокот кај народот е лош, дека ВЛЕН не делува како што треба. Владата има доверба од 70 отсто, а 30 отсто се задоволни од ВЛЕН во Владата. Недостасува подобра синхронизацја за партиите внатре во ВЛЕН“, рече Таравари.Тој кажа дека не гледа брзо решавањето на прашањето за почеток на преговорите со ЕУ.„Без согласност со ВМРО-ДПМНЕ нема да се случат уставните измени“, додаде Таравари.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-30-at-12.46.07

Паузирањето на разрешувањето на Коцевски не е трајно, за градоначалник на Кочани е рано да се зборува, за лидерска средба треба сериозен пристап, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека е рано да се разговара за заеднички кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Кочани, па посочи дека тие се подготвени за Анкетна комисија во Собранието за трагедијата во дискотеката „Пулс“, но да се разгледаат и други високопрофилни случаи за кои имаше низа реакции од јавноста. За паузирањето на разрешувањето на државниот обвинител Љупчо Коцевски рече дека не е трајна одлука.„Не би влегувал во таков тип на политиканство, се уште раните од ужасната трагедија не се залечени, а ние да размислуваме за избори во Кочани и кандидати за градоначалници. Прерано е за тоа да се дискутира и комбинира. Таков тип на пораки ќе биде дополнителна болка за луѓето кои ги загубија своите најблиски. Се уште 40 дена не се поминуати од овој настан, а некој размислува за избори, градоначалници“, рече Мицкоски.За лидерската средба рече: „Лидерската средба е пресериозна тема за да преку медиуми се разговара. Разбрав од јавнсота дека има план, може да го соопшти преку прес, но доколку смета дека и мене треба да ме запознае, јас сум секогаш тука на располагање. Сериозните теми бараат сериозен пристап“.Предлозите да се формира Анкетна комисија„Ги слушнав овие предлози и ова барање. И едната и другата опозициска партија, не биле задоволни од начинот како Обвинителството ја води истрагата. Тука би констатирал - прво обвинителот е истиот кој овие две политички партии го гласаа. Утрото во Кочани пред 8 часот, во просториите на МВР во Кочани пристигна со двајцата свои соработници, Ислам Абази и Гаврил Бубевски. Јасно ви е од кај доаѓаат, од кои тефтерчиња беа избрани. Тоа што не продолживме во процесот на процесот за промена на обвинителите, не значи дека сме заборавиле од каде доаѓаат и потекнуваат. Се повлековме за да оставиме простор да се даде јасен одговор и одговорност за секој кој има и најмало учество во оваа голема трагедија. Не е ова трајно. Будно ја следиме работата. Истите овие беа миленици на СДСМ и ДУИ кои сега велат дека не се заодовлни од истрагата која ја прават. Јас би ги прашал: Дали беа задоволни од истрагата за Ласкарци, Беса Транс, трговскиот центар Соравија, Модуларната болница? Јас апсолутно не бегам од никаква Анкетна комисија, ниту пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да бега, но би сакал да ја прошириме со овие судски случаи“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 10 месеци

vlada-2024-mickoski

Владата набавува софтвер за да следи дали негативно или позитивно се пишува за неа: Системот нема да оценува релевантност на вестите

Софтвер ќе треба да следи какви вести се објавуваат по медиумите, а ќе бидат класифицирани како позитивни, негативни, неутрални. Ова го открива новиот распишан тендер на Владата, преку кој се бара компанија која што ќе може ова да го изработи. Се работи за популарно наречен „прес-клипинг“ софтвер, кој веќе постои ширум светот, а Владата сака да го има во свој посед. Од него, преку извештаи, Владата, министерствата и други државни институции ќе се информираат што новинарите пишуваат за нив, но и кој новинар со каков наратив се обраќа кон јавноста додека известува за нив.„Веб пристапот до објавите 24 часа на ден треба да обезбедува можност за пребарување, обележување на клучни зборови во објавата, прикажување на оригиналниот извор со линк, можност за изработка на извештаи, можност за оценување на медиумските објави во однос на позитивна, негативна и неутрална конотација, онлајн квантитативна аналитика на објавите по одредени параметри“, стои во техничката документација на тендерот.До софверот, ќе треба да се има постојан пристап, па дури ќе треба да е достапна апликација за „ИОС“ и „Андроид“ уреди.Според Владата, овој софтвер ќе им биде за да ги следат реакциите на јавноста при пласирање на соопштенија, но и да се корегираат во работењето. Тие се децидни дека нема да утврдуваат релевантност ја вестите, туку пораките кои ќе ги добиваат.„Системот пропишан во документацијата не се однесува на оценка на релевантноста на самите вести, туку пораките кои доаѓаат од медиумите во насока на коригирање на можните грешки во спроведувањето на политиките од работењето на Владата. И во таа насока на медиумите единствено гледаме како силен коректив и партнер во спроведувањето на политики од заеднички и општествен интерес“, меѓудругото, велат од Владата.Вакви софтвери долги години користат големите компании, како и ПР агенциите. Најчесто досега, дури и претпријатијата имаа распишувано огласи за изработка на т.н. прес-клипинг, каде ова што сега треба да го работи софтверот, го работеле приватни компании.

Македонија | пред 10 месеци

IMG_3131

Мицкоски се сретна со Јован, кој спаси 21 лице од “Пулс”: Тој е светла точка во темнинава

Денес се сретнав со Јован Костадинов, млад човек од Виница, кој во најтешкиот миг покажа што значи храброст, одговорност и човечност.Јован, со само 19 години, влезе во запалениот објект во Кочани и спаси 21 живот. Без размислување, со голема присебност и посветеност, тој направи нешто што малкумина би се осмелиле да го сторат.Јован не е само херој на оваа трагедија, тој е симбол на една нова генерација која знае да направи разлика. Од неговиот чин се учи како да се биде човек, како да се биде достоинствен и несебичен во моментот кога тоа најмногу значи.Бев информиран дека ќе биде доделена стипендија за Јован Костадинов, како знак на признание за неговата храброст и човечност. Алкалоид, како општествено одговорна компанија, ја презеде оваа иницијатива и на тој начин покажа дека ги препознава и вреднува ваквите светли примери. Благодарност до сите што помагаат во овие тешки моменти за државата и народот.Јован е светла точка во деновите на темнина. Неговото име ќе остане запаметено, а неговиот пример треба биде уште поголема инспирација за да бидеме подобри, посилни и похрабри граѓани на нашата Македонија.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-26-at-13.44.06

Митева: Контролите продолжуваат, пет инспекциски екипи се активно на терен и вршат проверки на објекти наменети за прослави и големи собири

Продолжуваме со тематските прес-конференции на кои детално и транспарентно ќе ве информираме за сите преземени активности, а уште поважно за тоа како течат процедурите и до која фаза се сите постапки. За разлика од минатото, кога институциите беа бавни, неефикасни или селективно го спроведуваа законот, денес ние демонстрираме поинаков пристап - кој се заснова на брза акција, јасни правила и нулта толеранција за неправилности.На оваа прес-конференција ќе зборуваат и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и, се разбира, заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.Јас најпрво сакам да ве информирам дека ако до сега зборувавме за направени и завршени контроли и детално ги презентиравме бројките, денеска сакам да потенцирам дека и формално правно и административно, целата потребна документација којашто е поврзана со сите неодамнешни инспекции е целосно обработена. Целокупната постапка е завршена во форма на службен записник и е доставен до надлежните институции. Со ова, Државниот пазарен инспекторат и формално и законски го заокружи првиот дел од процесот во рекордно време, обезбедувајќи ефикасност и усогласеност со прописите.Како второ, сакам да информирам дека од денеска пет инспекциски екипи се активно на терен и вршат проверки на објектите коишто се наменети за прослави и големи собири, како што веќе и најавивме. Овие инспекции се фокусирани на проверка дали објектите ги исполнуваат минимално-техничките услови коишто ги бара законот. Во наредните денови очекуваме нов извештај од оваа контрола, кој ќе даде појасна слика за нивоата на усогласеност и сите неопходни корективни мерки коишто ќе треба да се преземат.Нашата влада не е тука да врши аналитички пристап без конкретни чекори. Тука сме да дејствуваме. Нема да дозволиме беззаконие или двојни стандарди и ќе продолжиме да ја зајакнуваме институционалната ефикасност сѐ со цел да обезбедиме правилата да важат за сите подеднакво. Јавноста заслужува безбедност, правичност и институции кои ѝ служат, а не обратно.Остануваме посветени на оваа мисија, а за резултатите од нашите напори, за наодите и активностите коишто се преземени како дел од овој процес редовно продолжуваме да ве информираме.

Македонија | пред 10 месеци

vlada-2024-mickoski

Ова се новите одлики на Владата: Минималната плата ќе се покачи за 1,812 денари во нето износ

Влада: Усвоени се низа на мерки насочени кон зајакнување на економската стабилност, подобрување на јавните услуги и зголемување на транспарентноста во владеењетоВладата денес ја одржа редовната 63-та седница, на која велат дека биле усвоени низа важни мерки насочени кон зајакнување на економската стабилност, подобрување на јавните услуги и зголемување на транспарентноста во владеењето.„Овие одлуки ја одразуваат заложбата на Владата за постигнување конкретни резултати.Во однос на истото, сакаме да ја информираме јавноста дека на денешната седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за утврдување на минималната плата за 2025 применувајќи ги законски утврдените критериуми, каде минималната плата за 2025 година ќе бележи пораст од 2,685 денари во бруто износ, односно 1,812 денари во нето износ. Владата континуирано продолжува да го подобрува животниот стандард на граѓаните преку стабилен раст на економијата.Воедно, ја информираме јавноста дека на денешната седница на Владата, се усвоија предлозите за измени и дополнувања на седум закони кои се во надлежност на Министерството за транспорт. Имајќи ги предвид последните трагични случувања, сѐ има за цел вршење на почести контроли на сите иматели на лиценци, дозволи и одобренија односно овластувања. Имајќи предвид дека се издаваат многу лиценци, одобренија, дозволи или овластувања од страна на Министерството за транспорт овие законски измени имаат за цел да предвидат законска обврска двапати годишно да се врши таа проверка на сите иматели на лиценци издадени согласно Закон. Тоа секако не ја исклучува можноста да се вршат повеќе контроли односно почести од предвидените со закон, се со цел обезбедување на квалитетни услуги и сигурност на граѓаните кои се корисници на тие услуги од лицата иматели на лиценци.Дополнително, законските измени предвидуваат за следните контроли жалбата да не го одлага извршувањето односно суспензијата ќе оди веднаш.Овие активности ја потврдуваат посветеноста на Владата за вистински, конкретен напредок кој има за цел да го подобрува секојдневниот живот на граѓаните. Ставајќи приоритет на ефикасноста и долгорочниот развој, Владата останува посветена и ќе продолжи да ја информира јавноста за секој преземен чекор“, велат од Владата.

Македонија | пред 10 месеци

15022025_MICKOSKI-3

Мицкоски: Ќе се зголемат средствата за капитални проекти, а ќе се донесат и странски инвестиции и ќе се отворат нови работни места во Кочани

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа кои се плановите на Владата за поддршка на Кочани, освен помошта на семејствата на повредените и загинатите во големата трагедија, изјави:„Апсолутно да. Апсолутно да, Кочани ќе биде наш главен приоритет во периодот којшто следи, како што беше и во минатото исто така. Ќе бидат средствата зголемени во периодот што следи, во делот на инвестиции во Кочани, но ќе биде и приоритет во делот на обезбедување инвеститори и креирање на нови добро платени работни места во иднина. Веќе со две такви компании разговараме, преговараме, иако беа веќе утврдени местата на инвестиции, сега тие ќе се пренасочат во Кочани, во зоната таму. Но, исто така и ние како Влада преку овој проект за којшто денес зборуваме ќе одвоиме два до три пати повеќе средства за Кочани, во делот на инвестиција на инфраструктурните проекти.Истовремено продолжуваме да се грижиме за сите оние повредени лица. Можам да кажам дека поминаа оние два критични, можеби најкритични меѓника, тоа е 72 часа и 7 дена. Од тие речиси две стотини повредени коишто најголемиот дел имаат изгореници и повеќе од 50% до 80% и покрај тешката состојба, сите се во моментот стабилни, иако имаме 5 или 6 случаи коишто се критични, но се бориме и ќе продолжиме да се бориме.Ова беше прецизна, точна реакција, благодарност до медицинските тимови коишто ја дадоа онаа потребна прва помош и во Кочани и во Штип и во Скопје. Благодарност и до сите институции коишто помогнаа. Тој ден навистина сè функционираше, но и деновите потоа, беспрекорно. И ние сите должиме една огромна благодарност.Сите оние лица, а тоа се повеќе од стотина, се веќе надвор, згрижени, со двајца членови на нивните семејства. Како Влада, ние го обезбедивме и превозот и сместувањето таму и ќе продолжиме да се грижиме. Од информациите со кои располагам, од Министерството за здравство, дел од пациентите ќе почнат да се враќаат, дел коишто се хоспитализирани кај нас се отпишуваат, односно откако е пружена негата, одат во домашно лекување. Така што, со Господ напред, очекувам сè да биде добро, колку може да биде добро во оваа ситуација. Продолжуваме да се грижиме и за сите оние коишто, за жал, невини жртви, кои трагично го загубија животот, за нивните семејства и сè она за кои може Владата да помогне, во периодот којшто следи, ќе помага.“

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2021-08-13-at-13.58.36

(Видео) Угостителите со неправилности ќе добијат мораториум за работа - има огромен број на неправилности

Мораториум за работа ќе добијат угостителските објекти кои имаат неправилности и тој ќе важи се додека не ги отстранат. Ова го посочи премиерот Христијан Мицкоски. Тој кажа дека од досегашните контроли регистрирани се неправилности во работата кај голем број објекти и затоа Владата подготвува акционен план.„Ќе продолжат контролите и во наредниот период. Јас можам да кажам дека воочени се огромни неправилности. Кога зборувам за огромни неправилности зборувам за 70-80 отсто од објектите, не зборувам за исклучоци туку за пракса која функционирала, но повеќе нема да функционира. Разработуваме акционен план, за одреден период да се прогласи мораториум и да се остранат сите тие неправилност за оние кои сакаат да продолжат да функционираат со дејноста што ја вршат“, рече Мицкоски.Владината активност следи по пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март, во кој загинаа 59 лица, меѓу кои и 6 деца, речиси 200 беа повредени, од кои 25 деца.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-24-at-11.49.05

(Видео) Мицкоски ги разбира протестите и гневот: Но не ги разбирам политичките глодари-лешинари

Премиерот Христијан Мицкоски, рече дека ги разбира сите кои гневот и протестите, но не ги оправдува, како што вели, политичките глодари, кои ги нарече и лешинари.„Протестите се демократска алатка за изразување на незадоволство. Сите сме незадоволни од тоа што се случува. Работите ги решаваме и ќе продолжиме да ги решаваме. Се решија многу работи со изборот на оваа Влада, за многу работи оваа Влада беше браник, да не дозволиме да продолжи разграбувањето, националното уништување, разграбувањето на Македонија и токму тоа за политичките глодари е проблем, преку овие протести сакаат да добијат политички поен. Јас се придржувам на изразувањето револт и гнев, има многу работи пред нас да се решат, но ќе се бориме до последен атом енергија да исправиме нешто за идните генерации. Преку ноќ не може ништо да се направи, поразивме неколку мафијашки здруженија кои функционираа во државата“, рече Мицкоски.Вечерва, во 18:59 минути има собир и марш од скопскиот плоштад.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-23-at-13.11.09

Митева: Не би сакале повици за дестабилизација да наштетат на овој процес за правда

Сакам да ја информирам јавноста за тежината од оваа трагедија која паѓа врз сите нас. Голем потсетник за одговорностите што ги носиме како Влада и како општество. Предолго, занемарувањето и системските неуспеси ги ставија животите во ризик.Морам да истакнам дека како Влада будно ја следиме состојбата. Ја споделуваме загриженоста и разочараноста кај граѓаните на нефункционирањето на системот, но во исто време ги вложуваме сите напори тоа да го промениме. Затоа во овој момент апелираме да не се шпекулира со невистини, манипулативни наративи и во ниеден случај не сакаме да се злоупотребува трагичната несреќа во Кочани.Затоа што нашата заложба се потврди со дела и акции. Има опсежна истрага во која се фатени и приведени 34 лица и таа сè уште не е завршена. Мора да дозволиме органите на прогонот да си ја завршат истрагата, темелно и правично. Не би сакале да се дозволи попречување од различни мрежи, преку повици за дестабилизација и различни сценарија и било како да наштетат на овој процес. Од ова мора сите да излеземе посилни со испорачана правда.Оваа Влада беше избрана за да го прекине кругот на рамнодушност, да ја обнови довербата онаму каде што беше изгубена и да се погрижи ниту една иднина да не се обликува од грешките од минатото. Нема да прифатиме изговори кои премногу често ги оставаа граѓаните незаштитени. Онаму каде што другите молчеле, ние ќе дејствуваме.Во овој момент на тага, стоиме заедно со погодените семејства и ветуваме итни мерки.Нашата заложба е јасна, правда за погодените, транспарентност во секој чекор и итни реформи кои ќе обезбедат тоа никогаш да не се повтори.“

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-21-at-13.50.02

Митева: ДПИ до сега има записник од 82 контроли, голем број на издадени решенија за забрана за вршење на дејноста

“Пред да започнам со информирање на јавноста за состојбата со контролите на ДПИ сакам да нагласам дека како Влада будно ја следиме и состојбата на социјалните мрежи каде најпрво морам да кажам дека сочувството, емпатијата, силната и искрена желба да се помогне е разбирлива, дека е повеќе од оправдана и дека се разбира за огромна почит, но во определени моменти мораме како Влада да апелираме и замолиме да не се шпекулира со информации дека на семејствата и пациентите им е потребна финансиска поддршка за лекување затоа што тоа не е вистина, на сите пациенти лекувањето им е и ќе им биде обезбедено од страна на државата. Во овие моменти грижа од таков аспект не им е потребна и ќе направиме сѐ што е во наша моќ да помогнеме во делот на здравствената нега која им е потребна. Се разбира, сакам и лично, но и од името на Владата на секој граѓанин, на секој поединец, особено на волонтерите од Црвен крст и сите останати да се заблагодарам за несебичната помош и поддршка која ја даваат во овие најтешки денови. Исто така, во делот на транспортот и сместувањето сакам да информирам дека и тоа е обврска и грижа која како Влада ја реализираме“, рече портпаролоката на Владата, Марија Митева и додава:Денешниот пресек е следен: згрижени се 180 лица од семејствата на повредените кои се хоспитализирани во странство.Воедно, во овој момент бевме информирани од страна на Црвениот крст дека се прави формално правно усогласување и проценка преку која на сите семејствата кои се погодени од ужасната трагедија за почеток ќе им биде дадена финансиска поддршка во висина од 150.000 денари на секое семејство и истите средства ќе им бидат на располагање за покривање на тековни, дневни, најитни трошоци. Се разбира, ова не е само еднократна помош, екипите на Црвениот крст, СОЗР и Владата контактираат со семејствата на секои 3 часа со цел да се осигураме дека нема нови несакани состојби кои настануваат и се разбира и во идни фази континуирано во зависност од сите поединечните потреби сите средства ќе бидат насочени кон нив. Правиме се што можеме за да помогнеме и олесниме во овие тешки времиња. Уште еднаш апелирам и замолувам да бидеме солидарни без шпекулации коишто ќе наштетат на семејствата.Ќе продолжам во оваа прес-конференција да ги дадам информациите кои се однесуваат на работата на ДПИ и кои се преземените активности заклучно со вчерашниот ден.- Вкупно 82 контроли со записник, инаку се многу повеќе за кои сѐ уште трае анализа и контролата, по Законот за угостителска дејност, тука се вклучени сите од кабаре, дискотека, надзори по угостителска дејност на цела територија.- Од 23 со лиценца, констатирано е до сега 13 не исполнуваат минимум технички услови, при што се изготвуваат решенија до Министерство за економија за одземање на лиценцата и ќе бидат издадени решенија за забрана на вршење на дејност.- Кај 5 правни субјекти коишто се регистрирани како кабаре/дискотека и коишто се со истечена лиценца, а е утврдено дека работеле изминатиов период сакам да информирам дека се издадени решенија за забрана на дејност.- Кај останатите 41 кафич-клуб, кај 30 од нив се констатирани неправилности по Законот за угостителска дејност и изречени се 28 прекршочни налози и 2 затварања за пречекорување на работно време, што подразбира и платен налог.“

Македонија | пред 10 месеци

nesss

Влада: Ги осудуваме неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми во однос на известување за трагичниот настан во Кочани

Владата ја изразува својата најостра и недвосмислена осуда за неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми кои и покрај нашите континуирани апели за почитување на етичкото новинарство, денес ја преминаа секоја граница на хуманост и достоинство во известувањето за трагичниот погреб во Кочани.„Во време кога интегритетот, точноста и одговорноста треба да бидат основата на известувањето, сведоци сме на непочитување на овие принципи. Сензационализмот и стремежот кон фотографии и наслови кои вознемируваат, привлекуваат внимание и кои имаат предност пред вистината, ја деградираат самата суштина на новинарството. Ова не само што е неприфатливо, туку е и длабоко штетно за целокупната јавност, но уште поважно за поединците и семејствата на погодените во оваа огромна трагедија. Искористувањето на моментот на жалост и тага заради спектакл е за осуда.Ги повикуваме уште еднаш сите медиуми да се придржуваат до највисоките стандарди на професионално известување и да ги почитуваат личната болка и достоинство.Правото на информации никогаш не смее да биде по цена на основната човечка пристојност. Ќе продолжиме да очекуваме одговорно известување кое му служи на јавниот интерес. Владата останува посветена на транспарентноста и слободата на медиумите, но нема да премолчиме на неетички практики кои ги нарушуваат принципите на чесност и почит. Ги повикуваме релевантните меѓународни медиумски тела да го забележат ова и да го запрат овој опасен тренд пред дополнително да ја нарушат довербата на јавноста“, велат од Владата.

Македонија | пред 10 месеци

vlada-2024-mickoski

Влада: Aпел до медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите спротивно на препораките да ги отстранат содржините и да не ги шират

„Во овие тешки моменти, уште еднаш го повторуваме упатениот апел до медиумските екипи кои присуствуваат на денешниот погреб на жртвите од трагичниот пожар кој настана во кочанската дискотека да се придржуваат до етичките принципи“, велат од Владата и додаваат:Најголем дел од медиумите не емитуваат и шират фотографии и видеоматеријали од семејствата на настраданите, а оние кои објавиле такви содржини уште еднаш апелираме да се придржуваат до етичкото информирање.Чувствителноста на трагедијата и личната болка на семејствата во овој момент не треба да биде мета на сензационализам, емотивни наративи, фотографии и видеа. Ги повикуваме медиумите да ги почитуваат приватноста и достоинството на семејствата и во никој случај со медиумското известување не треба да се предизвика лично вознемирување и вознемирување на јавноста. Уште еднаш упатуваме апел до медиумите да пренесуваат проверени факти, да избегнуваат шпекулации и дезинформации, да ја запазуваат приватноста на семејствата на жртвите.Во исто време им се заблагодаруваме на медиумите кои известуваа професионално и ги почитуваа препораките за известување од погребот на жртвите од трагичниот настан.

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања